Исхраната во 80-тите изгледала многу поразлично отколку што е денес. Поради недостаток на преработени производи во маркетите, луѓето експериментирале со она што го имаат дома. Така настанале овие 5 јадење кои денес многумина не би се осмелиле да ги пробаат, но порано во нашите страни биле многу популарни.rn
1. Пача или пивтија
rnСигурно имате пробано пача или ако не, тогаш познавате некој кој ја обожава. Ова солено желе од свинско месо и зеленчук било на сите маси во поранешна Југославија. Најчесто се служела во зима како ладно мезе, а во денешно време не е толку популарно како и тогаш.rnrnrn
2. Јајца со шеќер
rnПолиците во маркетите порано не биле полни со многу видови чоколади, бисквити и други слатки производи. Наместо тоа, постоел еден десерт со јајца и шеќер. Јајцата се комбинираат со шеќерот и се мешаат сè додека смесата не се згусне. Поради стравот од салмонела, денес на никој не му текнува да јаде сурови јајца, а и јајцата не се повеќе како што беа порано.rnrnrn
3. Парче леб со маст и малку црвен пипер во прав
rnПорано ништо не можело да го засити гладот како парче леб со маст и црвен пипер. Не само што е оброк полн со калории кој ве подготвува за тешка физичка работа, туку и многу ефтин оброк што секое домаќинство може да си го дозволи. А, што ако копнеете по нешто благо? Наместо црвен пипер, ставете шеќер! Дали би го пробале ова?rnrnrn
4. Помфрит
rnПечен компир со јајца, колбаси и павлака бил помфритот од 80-тите. Иако нема чудни состојки, ова јадење полека тоне во заборав. Ова веројатно се должи на фактот дека станува збор за калорична бомба, а во денешно време луѓето одбираат да јадат помалку калорична храна.rnrnrn
5. Чорба од праз
rnЧорбата од праз била омилената чорба на многу деца во 80-тите. Некои ја сакале поради мирисот, а на други сè уште им претставува траума. Иако чорбата од праз зазема важно место во нашата кулинарска историја, ретко се готви во домовите, а во менијата на локалните ресторани воопшто нема да ја најдете.rnrnrnrnМожеби ќе ве интересира кои11 намирници може да траат со години ако ги чувате правилно.
Повеќето зачини стојат некаде скриени во кујната, додека најчесто користите само 2 до 3 зачини. Позната готвачка открива дека повеќето зачини немаат рок на траење и со нив можете да им дадете сосема нов вкус на вашите омилени јадења. Но, постојат неколку зачини со кои треба да бидете внимателни бидејќи тие можат целосно да го засенат вкусот на оброкот. Во продолжение прочитајте како најдобро да ги искористите зачините што ги имате дома.rnrnrn
Чилито е одлично за пржени јајца, рижото и чорби
rnЧили пиперките помагаат во разградувањето на маснотиите и го намалуваат апетитот. Чилито е универзален зачин кој можете да го додадете речиси во секое јадење, како што се супи, чорби, пржени јајца, сосови, рижото и тестенини. Најдобро се комбинира со ѓумбир, со чоколадо, со грав и со говедско месо.rn
Куркумата е идеална за сосови и за маринади
rnКуркумата е богат извор на различни хранливи материи и има малку калории – две лажички куркума содржат само 16 калории. Овој зачин е одличен за употреба при подготовка на сосови и маринади, како и за зачинување на рижотото. Додајте го во јадењето пред крајот на готвењето. Куркумата се комбинира со лук, лимон, кари, коријандер и ким.rn
Ѓумбирот оди во супи
rnЃумбирот е извор на магнезиум, витамин Б6, калиум, манган и бакар. Најдобро е да се консумира свеж, рендан ѓумбир како гарнир во супа и во разни маринади, како пијалак или како чај. Додајте свеж ѓумбир на крајот на готвењето, а ако користите сув ѓумбир, додајте го на почетокот за да се ослободи вкусот. Најдобро се комбинира со сос од соја, лимон, чили и лук.rn
Рузмаринот го подобрува вкусот на месото
rnТој е извор на фитонутриенти како што се росманолот и рузмаринската киселина, кои помагаат во отстранувањето на слободните радикали. Свежиот рузмарин може да го додадете во омлетот, за зачинување на јагнешкото и пилешкото месо и во разни сосови и супи од домати. Ако користите сув рузмарин, додајте го на почетокот на готвењето, така што ќе се загрее и ќе го ослободи својот вкус.rn
Цимет за слатки јадења
rnДодајте го циметот во слатки јадења – во колачи, во овесна каша или во пијалаци. Ако се готви премногу долго, ги губи вкусот и аромата, па затоа додајте го на крајот. Циметот содржи фитонутриенти кои го спречуваат згрутчувањето на крвта, го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта.rn
Босилекот може да се стави во сè
rnБосилекот содржи моќни антиоксидантни флавоноиди и има антивоспалителни и антибиотички својства. За да зачувате колку што е можно повеќе хранливи материи, најдобро е да го додадете пред крајот на готвењето, но може да се додаде и по готвењето. Ако ви се допаѓа неговиот вкус, можете да го додадете во сите солени јадења.rn
Магдоносот најдобро се комбинира со лук
rnМагдоносот е концентриран извор на оксалат, железо, калциум, магнезиум и диетални влакна. Најдобро се комбинира со лимон, нане, лук, риба и говедско месо.rn
Копарот е одличен за сосови
rnКопарот е богат со фитонутриенти и антиоксиданти. Тој е одличен додаток во подготовката на разни сосови, но можете да го додадете и во салати и во јадења со риби.rn
Коријандер со мешункасти плодови
rnПоради високата содржина на флавоноиди, коријандерот има антивоспалителни својства. Можете да го комбинирате со пилешко месо и мешункасти плодови или како додаток во преливи и сосови.rn
Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц и тој ги штити здравјето и имунолошкиот систем, а тоа е клучно за вас во овој период на владеење на коронавирусот. Но, кората од лимонот најчесто ја фрлате, а таа може да ви биде од голема корист при подготвувањето на некои јадења.rnrnrn
Тестенини
rnКората од лимон и тестенините може да се комбинираат. Кората можете да ја додадете во сè, од сос за шпагети до морска храна.rnrnНајважно е да ја додадете кората од лимонот на крајот за да го направите вкусот попрепознатлив. Дури можете и да ја изрендате врз секој оброк, слично како пармезанот.rn
Колачи
rnМалку кора од лимон може да го дополни вкусот на тортата. Исто како и солта, само малку кора од лимон ќе ви даде уникатен вкус.rnrnДури и ако не пишува во рецептот, можете да додадете лажица или две кора од лимон, од лимета или од портокал во речиси секој сладок леб, во мафините и во бисквитите.rn
Сос
rnОсвен во сос, кората од лимон може да ја додадете и во домашниот или во купечкиот мајонез за подобрување на веќе богатиот вкус. Исто така, кората можете да ја додадете во различни сосови кога готвите јадења како што се пилешко или морска храна.rn
Насоки за рендање на кората од лимон:
rnЛимонот треба да биде добро измиен и избришете го пред да започнете да ја рендате кората. Ако ви требаат и кората и сокот од лимонот, прво изрендајте ја кората, па исцедете го лимонот. За да ја избегнете горчината, не рендајте го белиот, внатрешен дел од кората и задржете се само на жолтиот, површински слој. Откако ќе го направите тоа, можете да го подготвите омиленото јадење.rnrnПогледнете како да подготвите здрава пролетна чорба, одлична за вашиот имунитет.
Кога одиме во ресторан, сакаме да си поминеме убаво и да се почестиме со вкусна, квалитетна и тазе подготвена храна. За жал, честопати не знаеме што се случува во кујните, па така нашата совршена вечера може лесно да се претвори во голема катастрофа. Познатите готвачи откриваат кои јадења не треба да ги нарачувате кога сте во ресторан…rnrnrn
1. Добро зготвен стек
rnПознатиот готвач Ентони Бордејн од Америка открива дека работниците во рестораните имаат две опции кога ќе налетаат на стврднато парче месо кое изгледа како да му поминал рокот: Да го фрлат или да го послужат како добро зготвен стек!rnrnrn
2. Суши од лосос
rnИмаме лоши вести за љубителите на суши од лосос. Готвачот Хенк Скремптон смета дека треба да го одбегнувате сушито ако е направено од свежи парчиња лосос. Тоа е така затоа што ваквите јадења претставуваат одлична средина за развој на паразити. Но, нема потреба од преголема паника: Процесите на замрзнување риба со сигурност ги убиваат штетните микроорганизми. Готвачот открива дека речиси сите видови риба што се користат за правење суши поминуваат низ такви процеси, а тоа е добро. Сепак, ако се двоумите, најдобро е да го прашате келнерот дали лососот во јадењето е свеж или замрзнат.rnrnrn
3. Вегетаријански јадења
rnГотвачите од Америка пополниле анонимен прашалник спроведен од страна на Food Network Magazine и 15% од испитаниците признале дека вегетаријанските јадења во рестораните не ги содржат сите состојки што се наведени во менито. Ако сте пребирливи вегетаријанци и постојано ги потсетувате вработените во ресторанот на вашите принципи, најдобро би било да внимавате. Некои готвачи можеби ќе се обидат да ви се одмаздат со тоа што ќе додадат неколку парчиња туна или сланина во вашата салата. Експертот за готвење Ентони Бордејн признал дека вегетаријанците и веганите се многу напорни за секој готвач.rnrnrnrnПродолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан…rnrn
Со пресметувањето на вашиот биоритам ќе откриете нешто ново во врска со храната што ја сакате, а на тој начин ќе откриете и која исхрана е најдобра за вас со цел да ги изгубите несаканите вишок килограми. Биоритамот го покажува вашето однесување во секојдневниот живот. Станува збор за променлива категорија којашто се менува секои 2 часа. Еве на кој начин можете да го пресметате биоритамот, а со тоа и да најдете едноставен начин да ослабете.rnrnrnrnНеопходно е да го наведете денот и месецот на раѓање, па со нивното собирање на крај да добиете едноцифрен број. На пример, ако вашиот роденден е 13 август, тогаш можете да го пресметате вашиот биоритамски број на следниов начин:rnrn1+3+8=12rn1+2=3rnrnВо овој случај вашиот биоритам би бил 3-от. Епа ајде, пресметајте го вашиот биоритамски број и потоа пронајдете го подолу со цел да можете да ја откриете најдобрата исхрана за слабеење.rn
Биоритам 1
rnОвој број има најголеми барања, па личностите се такви и кога е во прашање храната. Тие го сакаат само најдоброто од животот, затоа што сметаат дека тоа им припаѓа, па затоа премногу прибираат и ја ценат квалитетната храна. Овие личности сакаат ексклузивни јадења на коишто не можат да им одолеат. Хлорофилот е многу важна состојка на храната што треба да ја консумираат припадниците на бројот 1. Исто така за нив е важно да внесуваат големи количини зелен зеленчук.rn
Биоритам 2
rnЧувствителната двојка ги обожава сите видови слатки и колачи, коишто ги ублажуваат љубовните проблеми и животните искушенија. Затоа што луѓето со овој биоритамски број се вистински куќни типови, тие сакаат домашно приготвени јадења. Во поглед на храната не се многу пребирливи, но поради чувствителниот желудник би требало да избегнуваат жестоки пијалаци и премногу зачинета храна. Ним им се препорачува храна со жолта лушпа – пиперки, компир, тиква, банани…rn
Биоритам 3
rnПрипадниците на бројот 3 многу уживаат во храната и затоа често се мачат со вишокот килограми. Нивната исхрана треба да биде збогатена со виолетово овошје и зеленчук. Сакаат шпагети, лазањи и слични јадења коишто најчесто и ги дебелеат.rnrnrn
Биоритам 4
rnПрипадниците на бројот 4 се многу скромни кога е во прашање храната. Тие најчесто го јадат она што е неопходно и не јадат премногу. За нив е идеална храната со бела боја. Ги воодушевува храната направена од тесто.rn
Биоритам 5
rnВечните деца, луѓето со биоритамски број 5, секогаш се во чекор со времето, па први го прифаќаат секој нов нутриционистички тренд. Овие луѓе сакаат готвење, нови јадења и нови рецепти, а исто така се и многу пребирливи. Затоа што не сакаат долго да седат на мир, тие јадат повеќе пати на ден. Исто така ги привлекуваат и егзотичните јадења.rn
Биоритам 6
rnПрипадниците на овој број имаат одличен апетит. Не е лесно да им се угоди затоа што се големи гурмани, а притоа и самите одлично се снаоѓаат во кујната. Најважно им е храната да е убаво аранжирана, но и вкусна и разновидна.rnrnrn
Биоритам 7
rn7-те се љубители на вегетаријански и макробиотички кујни. Би требало да користат овошје и зеленчук во големи количини, а притоа да избегнуваат кисели плодови. Идеален избор за нив би бил разновидниот зеленчук или некој необичен специјалитет на база на билки.rn
Биоритам 8
rnЖестоките 8-ци претеруваат во сè. Сакаат добро зачинета храна и со тоа патем да се напијат чаша виски. Обожаваат месо, но би било добро повеќе да внесуваат овошје и зеленчук. Ним им се препорачува полесна исхрана.rn
Биоритам 9
rnДеветките имаат голем апетит. Сакаат свежо и приготвено овошје и зеленчук. Не се пребирливи кога е во прашање храната. Ним им се препорачува овошје и зеленчук во индиго боја. За нив е важно храната да биде вкусна, средно зачинета и да ја има во големи количини. Со оброкот сакаат и чаша добро вино.
Есента е период во кој започнуваат многу работи: новата школска година, нови модни трендови, како и најважното – поладно време. Веќе пристигнуваат новите производи за новата сезона. Оваа колекција на прекрасни рецепти, не само што ќе ве подготви за студената сезона кога доаѓа, туку и ќе ви донесе слатко уживање во секое залче.rnrnСупи, салати, тестенини, пити, месо, рижото, па дури и десерти и есенски напитоци – во оваа листа ќе најдете рецепти за секакви вкусови и за секој дел од оброкот.rn
1. Крем супа од карфиол
rnrn
Време на подготовка: 1 час и 20 минути
rn
Потребни состојки за 6 порции:
rn
rn011
1 лажица путер
rn011
1 лажиче маслиново масло
rn011
1 струк праз (само светлозелениот дел)
rn011
1 мала главица кромид
rn011
1 мала главица карфиол
rn011
вода
rn011
сол и бибер
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
rn011
Во големо тенџере со двојно дно, ставете ги путерот и маслиново масло да се загреат на средна температура.
rn011
Потоа отстранете ја дршката од карфиолот и тенко исечкајте ја на крукчиња. Останатиот дел од карфиолот исечкајте го во форма на цветчиња и измешајте го со претходно исечканата дршка.
rn011
Тенко исечкајте ги и празот и кромидот и додадете ги во тенџерето. Пржете околу 3-5 минути, односно сѐ додека не омекнат. Додадете ¾ од карфиолот, а остатокот зачувајте го за подоцна. Зачинете со сол и бибер, а потоа пржете околу 5 минути.
rn011
Додадете доволно вода, така што ќе го покрие тенџерето (околу 4 чаши) и ставете капак. Полека мешајте додека се вари, а откако ќе почне да врие, намалете ја температурата. Мешајте уште 45 минути.
rn011
Додадете го преостанатиот дел од карфиолот и варете уште додатни 15 минути, или додека не омекне.
rn011
Направете пире од супата користејќи блендер. Во случај на преголема густина, додадете вода.
Овие трикови ќе го подобрат вкусот на храната која ја конзумирате, а комбинациите ги препорачуваат готвачите од ексклузивните светски ресторани.rnrnrn
Морков и шеќер
rnИако можеби е чудно да додавате шеќер на зеленчук, ова е стандардниот начин на подготовка на морковите во Франција. Вистинскиот израз за ова јадење е Виши моркови во кое се комбинираат моркови, сол, бибер, шеќер и Виши вода (минерална вода од регионот Виши). Морковот се готви додека не добие глазура. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, а крајниот резултат е преубаво јадење од зеленчук со интензивно портокалова боја.rn
Кафе и сол
rnДодајте му на кафето прстофат сол за да го засилите неговиот вкус – оваа употреба на солта е честа и се користи и во скоро сите други јадења. Доволен е само еден прстофат и ќе добиете совршено еспресо.rn
Домати и шеќер
rnКористете шеќер наместо сол. Доматите се кисели и со додавање на сол, само добиваат уште покисел вкус. Шеќерот ги засладува и го засилува вкусот на доматите.rn
Чоколадо и кафе
rnКога правите рецепт кој вклучува чоколадо, додајте и малку кафе. Тоа ќе го засили вкусот и аромата на чоколадата без страв дека ќе се почувствува вкусот на кафето.rn
Месо и анасон
rnКога готвите супа и други јадења со месо додадете анасон за да го засилите и обогатите вкусот на месото.rn
Домати со ливчиња
rnКога правите јадења со домати, додадете ги и гранчињата – тие го имаат специфичниот вкус кој сите го сакаме и на јадењето ќе му дадат поизразена арома.rn
Компир и морско оревче
rnВо јадењата од компир ставајте сосема малку морско оревче – тоа ќе ги направи компирите побогати, а неговата арома нема да се забележува.rn
Јаболка и ванила
rnЈаболката имаат голема количина на киселина и при готвењето потребно е да им се додава шеќер. Повеќето луѓе на јадењата со јаболка им додаваат морско оревче или цимет, но екстрактот од ванила им дава посебна вкусна нота која многумина нема да ја препознаат, но многу ќе им се допадне.rn
Јагоди и пипер
rnСвежите јагоди обично се сервираат со шеќер (обичен или во прав), но нивниот вкус ќе го интензивирате доколку додадете ситно мелен пипер.rnrn rnrn
Можеби мислите дека можете да пикнете сѐ во микробрановата печка. Но, всушност постојат низа јадења, садови и амбалажи кои никако не смеете да ги загревате во микробранова. Некои се штетни по здравјето, додека пак други може да го расипат самиот уред, па дури и да предизвикаат пожар.rnrnrn
Пластични садови за еднократна употреба
rnПластичните амбалажи од јогурт, маргарин или кисело млеко не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој вид пластични садови можат да се деформираат во микробрановата или дури и целосно да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.rn
Варени јајца
rnНемојте да се залажувате – тврдо варени јајца во микробранова се апсолутна грешка. Ако сакате да направите тврдо варени јајца во микробранова, најверојатно ќе добиете само голем неред за чистење. Брзото загревање на микробрановата печка, во јајцата создава голема количина пареа, а насобраната пареа на крај резултира со пукање на јајцата.rn
Амбалажа од стиропор
rnХраната за носење обично ја пакуваат во амбалажа од стиропор, па ако ви останала од ручекот на работа, не помислувајте да ја подгревате во микробранова пред да ја дојадете. Стиропорот е вид пластика, а микробрановата е огромен непријател на пластиката, освен ако на амбалажата не е наведено поинаку.rn
Грозје
rnНекои видови овошје може да издржат високи температури, но не сите. На пример, грозјето ќе експлодира, а сувото грозје ќе зачади.rn
Метален прибор за јадење
rnСекако треба да се избегнува користење на метални виљушки, лажици и сл., без разлика дали златни или сребрени. Имено, металот може да реагира на високата температура и да ја оштети микробрановата печка. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија која може дури да се запали.rn
Пластични садови за складирање храна
rnПластичните садови за чување храна можат да бидат многу различни, па ако на садот не е наведено дека е погоден за користење во микробранова, немојте да ризикувате.rn
Лути пиперчиња
rnЗагревањето на лутите пиперки во микробрановата нема да им направат ништо на самите нив, но во моментот кога ќе ја отворите вратата, тие ќе испуштат хемиско соединение кое силно ќе ви ги надразни очите и грлото.rn
Ништо
rnНе е добро ниту да ја пуштите микробрановата празна. Во таков случај, таа нема да има што да апсорбира па може да се расипе.rnrn rnrn
Секое годишно време си има свои добри и лоши страни, работи кои повеќе или помалку ни одговараат. Можеби во ова по малку ладничко и тмурно време ви се јавува огромна желба да се излежувате на песочна плажа, но да не забораваме дека сепак, есента е еден прекрасен период од годината. Еве во што сè можеме да уживаме во есен:rnrnrnrnЧекорењето по паднатите лисја – Додека сте топло облечени, шетајќи по парковите и улиците, можете да газите по паднатите лисја. Звукот кој произлегува од секој ваш чекор уште повеќе ви наговестува дека е есен. Може да се сликате додека со друштвото лудувате фрлајќи есенски лисја. Нели тоа се најубавите спомени и незаборавни моменти „фатени“ на слика?rnrnЕсенските модни додатоци – Признајте, есента ги носи најубавите модни додатоци. Секакви капчиња, марами и накит. И сите тие имаат едно нешто заедничко – есенски шмек. Есента е вистинско време за купување накит и за правење најразлични модни комбинации, не дозволувајте ништо да ве ограничува.rnrnЕсенските јадења и топли напивки – Топло чајче или кафе додека надвор врне, а вие се опуштате до добра книга… Зимници, вкусни јадења и пити подготвени со сезонско овошје. Мирисот на ајвар или слатко. Есента е вистинското годишно време за гурманите. Плус, не мора толку да сте опседнати со килограмите знаејќи дека доаѓа зима. Мераци!rnrnrnrnВреме за „средување“ на мислите – За разлика од лето, вечерните лудувања се поретки, а и не можете по цели денови да шетате особено кога температурите се ниски. Но тоа не е недостатокот на есента, напротив тоа е нејзината предност. Имате време да си ги средите мислите, плановите и очекувањата. Да им обрнете внимание на вашите најдлабоки чувства, да се пронајдете себеси, да уживате во дождовните капки. И да не сте по природа уметнички души, есента ќе ве натера да станете.rnrnrnrnЕсенското зајдисонце – Изгрејсонцето а и зајдисонцето во есен се најубави, магични глетки. Погледот кон зајдисонцето додека истовремено сте опкружени со лисја, е црвено–жолта глетка која одзема здив. Есента е годишно време кое изобилува со најтопли бои, а топлите бои ја топлат и душата.rnrnЕсенската романтика – Кога ќе ве гушне љубениот/та, веќе ви станува јасно зошто есента е најроматичното годишно време. Заеднички прошетки и романтични ноќи е она во што можете да уживате во есен. Кога врне, стиснете се под еден чадор. Всушност, есента придонесува за заштита и топлина која ја добивате во прегратките на вашите сакани.rnrnrnrnШто е она што вам најмногу ви се допаѓа кај ова годишно време?rnrn rnrn
Патувањето е од суштинско значење за сите оние кои сакаат да вкусат сè што светот може да понуди. За целосно уживање во симфонијата на вкусови, ова е нивниот водич низ највкусните светски кујни. rn
10. Либанска кујна
rnЛибанската кујна претставува комбинација на сите вкусови кои Блискиот Исток може да ги понуди. Храната е обично медитеранска и во најголем дел се состои од зеленчук, додека месото е послабо застапено. Од сите либански специјалитети најпопуларно е предјадењето познато како „мезе“ кое се состои од разни сосови, кисели краставички, салати и арапски леб. Либанската кујна изобилува со овошје и свежа морска храна. Оваа земја е позната и по ориенталните слатки поради кои Триполи е познат како „слаткиот главен град“ на Либан.rnrnЛибанско мезе rn
9. Грчка кујна
rnСо огромно влијание на турската и италијанската кујна, грчката кујна се фокусира на маслиновото масло, зеленчукот и растенијата кои се специфични за Медитеранот. Јадењето во Грција е поразлично од јадењето во грчки ресторани во другите земји. На пример, додека за сите гирото е национално грчко јадење, Грците него го сметаат за еден вид брза храна. Рестораните кои служат грчки специјалитети, познати како таверни, иако постојано се во тек со најновите кулинарски трендови, главно нудат автентични национални јадења.rnrnГироrn
8. Шпанска кујна
rnШпанската кујна овозможува полесен пристап кон храната затоа што содржи голем избор на месо, риба и зеленчук. Морската храна е доста застапена заради нејзината лесна достапност во околните водни пространства. Според одредени истражувања, шпанската кујна троши најмногу масло за јадење од сите кујни во западна и централна Европа. Најпознатиот шпански пијалак, кој совршено се комбинира со секој шпански специјалитет, е сангрија – пијалак кој е мешавина на вино и овошје.rnrnПаељаrn
7. Јапонска кујна
rnПозната по својата сезонска храна и нејзиниот квалитет, јапонската кујна брзо стана кулинарски тренд во светот. Составен дел на секој јапонски специјалитет се сојата и белиот ориз. Токио се смета за „највкусен“ главен град затоа што во него се наоѓаат 150 најдобро рангирани ресторани во светот, за разлика од Париз и Лондон кои имаат 148 вакви ресторани.rnrnЈапонски појадокrn
6. Мексиканска кујна
rnПозната по своите различни вкусови и мириси, мексиканската кујна е резултат на интеракцијата меѓу шпанските конквистадори и Ацтеките. Вкусната мексиканска храна денес е комбинација на древните традиции на Маите, Ацтеките и Шпанците. Французите, исто така имале влијание врз мексиканската кујна, воведувајќи ги слаткиот леб и белите пецива. Мексиканското мени содржи и егзотични специјалитети како игуана, инсекти, ѕвечарка, елен, па дури и месо од мајмунот пајак.rnrnТакоrn
5. Тајландска кујна
rnМногумина велат дека тајландската кујна, која сама по себе е мешавина на топло, кисело, горчливо и слатко, е доволно добра причина да се посети оваа земја. Во тајландските јадења често се застапени свежите билки како лимон и коријандер. Слично на многу азиски кујни, оризот е главна состојка во тајландската храна. Често се сретнуваат и силниот рибен сос „nam pla“, пастата од ракчиња и тестенините. За оние што сакаат да пробаат нешто ново, тука се и суровото говедско месо, пастата од ферментирана риба и пржените ларви.rnrnТајландски оброк со бел ориз и рибен сосrn
4. Индиска кујна
rnИндиската кујна е толку разновидна што само еден дел од оваа кујна е познат во светот, а тоа е кујната на северна Индија, позната како пенџапска кујна. Храната е претежно вегетаријанска, но вклучува и јагнешко, козјо и пилешко месо, па дури и риба. Типичните индиски јадења се многу зачинети и се консумираат на земја, без прибор за јадење.rnrnГарам Масалаrn
3. Кинеска кујна
rnКинеската кујна, за која се смета дека секојдневно ја консумира една третина од светското население, е уште еден кулинарски тренд во светот. Храната е лесна за подготовка, евтина и вкусна. Поголемиот дел од храната се подготвува во вид на посебни залачиња, со цел да се избегне употребата на ножеви и вилушки. Кога се служи храната, секој посебно се послужува со чинија ориз, а остатокот од храната се дели меѓусебно. Некои кинески специјалитети се подготвуваат од загрозени видови на растенија, а има и такви кои јадат и кучешко месо.rnrnТрадиционален кинески оброкrn
2. Италијанска кујна
rnИталијанската кујна е една од најстарите светски кујни. Нејзините почетоци датираат од 4-от век пред нашата ера. Со откривањето на Новиот Свет, во италијанската кујна беа додадени компирите, биберот и пченката. Типичниот италијански оброк се состои од четири дела: предјадење, прво јадење (порција тестенини или ориз), второ јадење (порција месо) и десерт. Италија е исто така позната и по повеќе од 400 видови сирење и над 300 видови колбаси.rnrnИталијанско предјадењеrn
1. Француска кујна
rnФранцуската кујна е исто толку популарна како и француската уметност. Со текот на годините француската кујна се развивала до тој степен што денес може да се нарече „високата кујна на 21-от век“. Карактеристични за француската кујна се виното, сирењето, но и колачите. Оваа кујна е застапена во целиот свет. Само во Париз, на пример, постојат повеќе од 5.000 места за јадење, со цени достапни за сите.rnrnФранцуски појадокrnrn.rnrn