Картичките изработени од FINCHandHARE на паметен начин ја измамуваат и изненадуваат личноста која ги добива. На прв поглед, пораката на секоја картичка е премногу навредлива. Но по отворањето, среќниот примател ќе биде и повеќе од пријатно изненаден. Зборовите во секоја од пораките кријат преубави мисли наменети за таа личност кои со сигурност ќе ја расположат и ќе ѝ го разубават денот.rnrnТвојот живот е завршен.rnrnТвојот нов живот тукушто започна. Ова е еден голем настан и една љубов која трае засекогаш. Честитки!rnrnКартичките се со повеќе преклопувања, па мора целосно да се отворат за да се открие вистинската порака која ја носат. FINCHandHARE специјализираат во вакви двосмислени пораки чија единствена цел е да ве насмеат.rnrnОва претставува многу забавен начин некому да кажете како навистина се чувствувате, да го поканите да ви биде кум или деверица, или пак да честитате роденден, брак или нечие доаѓање на свет. Па доколку сте меѓу оние креативци за кои класичниот пристап е незамислив, со овие слатки двосмислени пораки нема сигурно да погрешите.rnrnТи си ужасен/на.rnrnТи си импресивен/на и прекрасен/на.rnrnТи си луда мајка.rnrnТи си толку добра и разумна, што некој би требало да е луд за да не сфати дека си одлична мајка.rnrnМоже да се измочам врз тебе.rnrnМоже да барам да ми го држиш фустанот додека мочам, да ми завршуваш смешно непотребни работи или целосно да ти одам на нерви. Но се надевам дека ќе прифатиш. Ќе ми бидеш ли деверица?rnrnУбиј ме веднаш.rnrnДобрина, расположение… кажи дека сум луд/а, но обожавам што празниците го будат најдоброто кај луѓето.rnrnТато, ти стар човеку.rnrnТато, ти си најдобар, јас сум среќен/на што те имам за родител.
Денес е ден кога шеги фрчат на сите страни. Можеби веќе наседнавте на неколку, можеби сѐ уште планирате вие да насамарите некого. Во секој случај, имајте предвид дека хороскопските знаци различно реагираат на првоаприлските шеги.rnrnrnrnОвенот не обрнува многу внимание на првоаприлските шеги и него тешко е да го измамите.rnrnБикот се труди да не наседне на првоаприлските шеги, но тоа е посилно од него. Тој е од оние кој ќе поверува дури и во најмалата лага.rnrnБлизнаците размислуваат двапати за сѐ што ќе чујат. Затоа нив е малку потешко да ги измамите.rnrnРакотведнаш ќе поверува, бидете сигурни.rnrnЛавот е вообичаено оној кој ги смислува шегите во друштвото, па затоа не се лути кога и тој ќе биде измамен.rnrnДевицатае упорна во напорите да измами некоја блиска личност, но поразот не го прифаќа лесно. Затоа, внимавајте како ќе се пошегувате со некоја неа.rnrnВагататолку многу сака шеги на туѓа, но и на своја сметка, што ќе ви биде многу лесно да ја уверите во некоја лага.rnrnСкорпијата постојано има недоверба, па и на 1 април. Затоа, не сме баш сигурни дека денес ќе успеете да измамите некоја скорпија да падне на вашата шега. Но, не пречи да се обидете.rnrnСтрелецотќе изреагира како шегата да ја знаел од претходно, за да ви даде до знаење дека демек залудно сте се труделе.rnrnЈарецотќе наседне на фората, но подоцна ќе се потруди да ви врати со иста мера.rnrnВодолијата не сака да се служи со туѓи фори, па затоа нема да ѝ биде интересна некоја измама доколку не е оригинална.rnrnРибите се вечно насмеани личности. Обидете се денес да ги воодушевите со нова шега и само следете како ќе реагираат.rnrn rnrn
Оптичките илузии се добра комбинација на забава и тренинг. Во ова кратко видео проверете колку лесно вашите очи и мозок можат да бидат измамени. Одговарајте на прашањата и забележувајте колку точни одговори ќе имате. rnrnrn
Сите луѓе прават измами со цел да го пронајдат своето место на овој свет
rnРежија: Дејвид О. РаселrnrnГлавни улоги: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер, Џенифер ЛоренсrnrnВреметраење: 138 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 декември 2013rnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnНаша оценка:8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСите ние правиме некаков вид измами во нашиот живот. Го правиме тоа за едноставно да можеме да преживееме, без разлика дали станува збор за измама на другите или за измама на себе. Некои од нас ја менуваат бојата на косата, некои го менуваат своето однесување, а некои дури и го менуваат целиот свој идентитет. Правиме сè што можеме за да го постигнеме она што сметаме дека е најдобро за нас.rnrnrnrnТокму тоа е и темата на овој филм. Станува збор за приказната на брилијантиот измамник Ирвин Роусенфелд (Кристијан Бејл) и неговата итра и заводлива партнерка Сидни Просер (Ејми Адамс). Тие одлично ја играат својата улога сè додека агентот од ФБИ, Ричи Димасо (Бредли Купер), не ја открие нивната измама и со тоа ќе успее да го преврти нивниот свет наопаку. Сакајќи да постигне успех на своето поле, тој ќе ги натера да соработуваат со ФБИ така што ќе ги однесе во светот на политичарите и мафијашите. Нивната задача ќе биде да ги измамат овие моќни луѓе да примат мито и со тоа да разоткријат корумпираност.rnrnrnrnКармајн Полито (Џереми Ренер) е најприземниот моќен човек во Њу Џерси. Тој веќе 10 години бил градоначалник кој навистина се грижел за својот народ и кој бил почитуван и сакан од сите. Нажалост тој ќе се најде во средина помеѓу измамниците и агентите. И бидејќи работите никогаш не се како што изгледаат, во текот на целиот филм ќе се запрашувате кој ги води работите, Ирвин и прекрасната Сидни, или Димасо со своите соработници. Но, што ако единствената личност која вистински ја има целосната контрола врз успехот на оваа мисија е непредвидливата жена на Ирвин, Роселин (Џенифер Лоренс)?rnrnrnrn„Американска измама“ е одличен филм кој ќе ве одвлече во еден свет каде што доброто и лошото не се разликуваат, лагите и вистините се целосно испреплетени и каде што во вистинскиот момент ништо не е невозможно. Филм кој ќе ве заведе и ќе ви покаже дека никогаш ништо не е онака како што изгледа и дека првиот впечаток најчесто е целосно погрешен.rnrn
Илузија која ја воодушевува публиката, но во целата претстава има и нешто повеќе од трикrnrnРежија:Луи РетериrnrnУлоги:Џеси Ајзенберг, Марк Рафало, Вуди Харелсон, Ајла Фишер, Дејв Франко, Морган ФрименrnrnВреметраење:115 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера:11 јули 2013rnrnЖанр:мистерија, трилер, криминалистикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка:[ratings]rn
rnЧетири независни илузионисти ненадејно добиваат специјална карта која значи привилегирана покана за нешто многу важно. Така тие се собираат на едно место, најпрво не знаејќи зошто се таму. Една година подоцна, со поддршка од нивниот спонзор Артур Трелсер, магнат во осигурителниот бизнис, тие изведуваат спектакуларна илзуионистичка претставаa во Лас Вегас, но токму завршната точка ги прави ултрапопуларни, како и мета на ФБИ. rnrnНо, ФБИ нема јак случај против нив, бидејќи и покрај наводите дека тие четворица се одговорни за големата кражба која се случила во една француска банка, сепак не постојат цврсти докази со кои би ги сместиле зад решетките. За да биде така, ФБИ треба да признае дека верува во магија, а токму во тоа се состои трикот. Атлас, Меккинли, Ривс и Валјдер се секогаш минимум еден чекор пред ФБИ.Покрај четворицата јавачи, како што се познати групата илузионисти, дејството го води и ФБИ агентот Дилан Родс кој жестоко сака да ги приклешти. Нему на помош му доаѓа агентката од Интерпол, Алма Дреј, а во приказната е вклучен и Бредли (Морган Фримен) кој ги разоткрива триковите на илузионистите во неговото многу популарно телевизиско шоу. Ова за ФБИ детективот остава простор за сомнеж на повеќе страни.Филмот изобилува со сцени на воодушевување, кои често го лажат човечкото око, оставајќи му простор да сфати дали се работи за трик или не. Покрај убавите сцени со блескави бои, филмот воодушевува и со добра динамика, која се потпира на итра приказна. Гледлив е, а особено е забавен за во друштво. Со глумата (и местото во филмот) се истакнуваат Џеси Ајзенберг и Ајла Фишер, но шармира и Вуди Харелсон, како и секогаш беспрекорниот Морган Фримен. Доколку сте љубители на илузијата и го обожавате чувството да бидете измамени од магија, овој филм секако ќе ви се допадне. Но ова е само забавниот дел од приказната. Во суштина се работи за разоткривање на една голема вистина, па оттука сè што гледаме е дел од една „Голема илузија“.Мислењето на публиката е поделено. Па така и вам, можеби ќе ве воодушеви, можеби ќе ве разочара, но секако не би рекле дека залудно сте го потрошиле времето. Приказната која многупати се заплетува и расплетува, кулминира со крај кој можеби не е толку интересен колку целиот филм, но впрочем така е во светот на илузиите – исчекувањето и тензијата се многу повозбудливи од вистината за тоа како е изведен трикот. А ако ви се допадне трикот, веројатно со нетрпение ќе го очекувате второто продолжение.rnrn
Денеска е први април, денот на шегата, па доколку сакате да измамите некој од вашите пријатели, колеги или некој од вашето семејство, ова видео ќе ви покаже неколку лесни и луди трикови кои ќе ви помогнат во тоа.rn
Фото-манипулациите подразбираат некаков процес на обработка на фотографиите со примена на одредени техники кои предизвикуваат чувство на измама или илузија. Следниве фото-манипулации ги поврзува тоа што се забавни и смешни, независно кој е нивниот креатор. rnrnrnrn
Кога станува збор за чувства и емоции, усните можат да бидат од голема важност при откривање на скриени сигнали. Тие можат многу лесно да ви укажат кога некоја личност е под стрес, а понекогаш дури и да ви помогнат да препознаете измама.rnrnrnrnУсните „издаваат“ многу информации кои честопати се игнорирани или незабележани. Богати со нерви и високо васкуларни, тие реагираат во вистинско време на светот околу нас. Поради тоа кога некој ќе слушне лоши вести или кога ќе биде сведок на ужасен настан, нивните усни почнуваат да исчезнуваат, станувајќи толку тенки што едвај се забележуваат. Под екстремен стрес тие можат и целосно да исчезнат или цврсто да се потиснат една на друга.rnrnВо врските, двојките веднаш забележуваат кога нивниот партнер има некаков проблем токму поради ова движење на усните. Дури и бакнежите ќе изгледаат поразлично под стрес додека е ограничен протокот на крвта кој влијае на нивната големина, топлина и еластичност. Нашите усни реагираат на реалноста на моментот и комуницираат соодветно со нашите чувства и размислувања.rnrnБидејќи исчезнувањето или стиснувањето на усните се универзални однесувања, контролирани од лимбичкиот систем, можете слободно да се потпрете на нив и да ги сметате за автентични. Вие никогаш не можете да знаете како вашите усни изгледаат или како другите ги чувствуваат, но оние околу вас веднаш ќе ги забележат и најмалите промени.rnrnГризењето на усните е еден од начините преку кој се издаваме себеси дека сме под стрес. На тој начин ја ослободуваме внатрешната тензија која е мала и пролазна. Но, кога нешто поголемо ни пречи, нашиот лимбички систем, согласно со настаните ќе ги натера усните целосно да го сменат својот облик.rnrnИ покрај тоа што ова однесување само по себе може да значи многу работи, познавањето на говорот на телото може многу да ви помогне при сфаќањето за каков проблем точно станува збор. Но, едно е сигурно – ова однесување е секогаш индикатор на стрес и тензија. Поради тоа, следен пат кога сте на состанок, со колега или со вашиот партнер и разговарате за нешто посериозно, обрнете повеќе внимание на усните. Тие можат да ви кажат многу повеќе од зборовите на вашиот соговорник.rnrn rnrn
Искреноста и довербата се основни делови на цврста врска полна со љубов. Сигурноста која произлегува од знаењето дека вашиот партнер е отворен и доверлив со вас ги елиминира сите стравови и грижи. Паровите кои доживеале неверство или недоверба многу добро знаат колку се тие деструктивни. Но, дали секогаш лагата е лоша за врската? Една нова студија открива дека повеќе од 70% од вкупно 400 испитаници изјавиле дека веруваат дека поголемиот број луѓе редовно лажат. Големиот дел од нив велеле и дека кажувањето лага понекогаш може да биде многу подобро решение отколку да се каже вистината.rnrnrnrnИспитаниците откриле неколку ситуации кога вистината би можела да предизвика поголема штета од лагата. На пример, тие велат дека лагата е соодветна кога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа. Понекогаш кога тој/таа не изгледа добро, употребата на алтернативен одговор, дури и некој што не е целосно искрен би бил поприкладен. Во студијата скоро половина од учесниците изјавиле дека биле неискрени со својот партнер во минатото и 65% велеле дека било сосема прифатливо да се излаже во одредени ситуации. Сексуалната изведба, поранешните љубовни интересирања, конзумирањето алкохол и вистинската цена на облеката се работите за кои тие најчесто лажеле…rnrnСилвија Бенович, клинички психолог кој работи со компулсивни лажливци вели дека е сосема нормално луѓето да лажат. Лажењето им овозможува да создадат „совршена“ слика за себе во очите на оние околу нив. Лагата може да им послужи и како начин за зголемување на ниската самодоверба, а некои пак ја употребуваат само за да ги повредат оние кои ги сакаат. Џастин Оукли, професор по морална психологија на Универзитетот Монаш вели дека лажењето не секогаш е лошо. Но, на крај тој додал:rnrn
„Кога започнувате со кажување лага, вие полека почнувате и да плетете мрежа од измама. И покрај тоа што лагата можеби е кажана со најдобри намери, може многу брзо да излезе од контрола и да создаде лоша ситуација за сите оние кои се вмешани во неа.“
rnВи препорачуваме добро да размислите пред да кажете одредена лага, без разлика колку мало и незначајно ви изгледа во моментот… Можеби тогаш ќе сметате дека е одличен одговор, но не заборавајте дека доколку во иднина се дознае вистината – би можела да повреди некој/а кој/а многу ви значи.rnrn rnrn
ТВ серија за барањето правда и душевен мир по пат на ладнокрвна одмаздаrnrnrnrnГлавни улоги: Емили Ван Кемп, Меделин Стоув, Гејбриел Мен, Џошуа Боуман, Хенри ЧерниrnrnЖанр: драма, трилер, мистеријаrnrnПремиера: 21 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 43 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnПростувањето е можеби исправна верска постапка, но „Одмазда“ нема за цел да ве научи на морал и етика. Ова не е приказна за простувањето, ова е приказна за одмаздата на луѓето кои згаснале еден живот и загорчиле друг. rnrnОва ТВ шоу го наметнува прашањето: Како вие би постапиле, доколку сте живееле хармоничен живот со вашиот татко додека сте биле дете и одеднаш некои моќници, себични луѓе, го сместуваат вашиот единствен родител в затвор за криминал кој не го сторил, со цел да се спасат себеси од извршување на казната? Дали ќе им простите и ќе продолжите да го живеете вашиот живот како ништо да не се случило? Можеби тоа е исправен чекор, но дали е лесно остварлив? rnrnНеправдата боли, осаменоста и тагата го прават човекот ладнокрвен, а ваквите „темни“ чувства одлично ги пресликува главниот лик во серијата.rn———————————————————————————————————————————————————————— rn
rnПриказна: Емили Торн е убава, богата млада девојка со мистериозно минато. Кога била мало девојче, татко ù бил неправедно изманипулиран од моќни луѓе и невин завршил в затвор, каде и згаснал неговиот живот. Емили, која тогаш се викала Аманда завршила во Центар за згрижување на деца, каде што поминала тежок период во своите тинејџерски години, бидејќи таму вработените ја третирале како да се наоѓа во Дом за малолетни престапници, поради „криминалот“ на нејзиниот татко.rnrnВо сета несреќа, светлиот зрак е тоа што татко ù и оставил големо богатство кое ù овозможило да го смени името и да се пресели повторно во нејзиното родно место Хамптонс и еден по еден, да им се одмазди на сите луѓе, кои биле вмешани во уништувањето на неговиот живот. Нејзините чекори се интелигентни, промислени и лукави. Преку ден таа се однесува како ангелче, културна девојка која сите ја почитуваат и сакаат, а навечер го смислува следниот одмазнички чекор, служејќи се со можностите на најновите технологии. За целиот нејзин план знае само едно момче – „компјутерџија“ кој работел со нејзиниот татко, благодарение на кој сега тој има милиони и мотив да ù помогне.Кинематографија: Хамптонс е мало луксузно место во кое живеат најголемите богаташи и моќници. Животот на луѓето од високата класа е прикажан во своето реално светло: неуспешни бракови, нестабилни семејни односи, неискрени пријателства, огромни, луксузни куќи полни со „студенило“ наместо со љубов и наспроти ова, глумење дека го живеат „животот од соништата“.Глума: Емили Ван Кемп со својата глума, навистина успева да го „продаде“ ова ТВ шоу. Ако таа се однесуваше премногу ладно, немаше да успее да допре до срцето на публиката. Ако беше премногу мила и слатка, ќе ни делуваше цинична и лицемерна. Таа е идеалната комбинација од невиност и зло, што ја прави вистинскиот избор за ваков тип серија. Одличен противник пред камерите ù е Меделин Стоув која ја глуми богаташката Викторија Грејсон – најголемиот виновник за нанесеното зло на таткото на Аманда.Кога и како да ја гледате: Ова е серија која поради својата мистичност, непредвидливост и необична приказна е подобро да ја гледате навечер, за да ја доживеете во својот целосен облик. Самото дејствие не е вознемирувачко, ниту страшно, туку само интересно за гледање и анализирање на комплексната карактерна природа на главниот лик, поради што не би ви било лошо доколку изгледате една епизода, кога ќе се стуткате навечер под ќебенце.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.