Мислите дека некој си игра со вас? Тогаш најверојатно и сте во право. Без разлика дали сте играчот или изиграниот, уште во самиот почеток на оваа игра има прилично очигледни знаци. Понекогаш дури не мора ни да се трудите да ги најдете, тие сами ќе ви паднат во очи. Па, доколку се сомневате дека нешто не е во ред, погледнете ги следниве 7 сигурни знаци дека некој си игра со вас…rnrn
rn
1. Мобилен телефон
rnЕден од најсилните знаци дека не сте единствената личност во животот на вашиот партнер може да биде неговиот/нејзиниот мобилен телефон. Дали мислите дека е случајност тоа што мобилниот на вашиот партнер е постојано без звук и насочен надолу? Грешите. Постои причина зошто вие не можете да го видите, најдете или слушнете.rnrnТочно, не е пријатно ако сте постојано на телефон додека сте во друштво на друга личност, но доколку се оди и во другата крајност, тогаш повторно е малку сомнително. Особено ако тој или таа, кога сте заедно, воопшто не го испушта од своите раце, па го носи со себе дури и во тоалет. Од друга страна пак, ако побарате од него/неа да го разгледате, тие сигурно би смислиле мал милион причини зошто токму во овој момент не би можеле да го направите тоа.rn
2. Недостапност
rnТој или таа не одговара на вашите пораки? Тоа не е ништо чудно сè додека не почне да се случува премногу често. Едно нешто е да сте неколку часа во денот премногу зафатени и да немате време ни да го погледнете вашиот телефон, но нешто сосема друго е доколку овие часови се претворат во денови. Во оваа ситуација, големи се шансите дека тој или таа со сигурност своето време го посветуваат на нешто или некого за кои не би сакале вие да дознаете.rnrnОд друга страна пак, ако личноста едноставно веќе не е заинтересирана за вас, а е тип на човек кој избегнува конфронтации и било какви сериозни разговори, тогаш големи се шансите дека наместо искрено признавање, тој/таа едноставно ќе престане да ви одговара на пораки и повици сакајќи индиректно да ви каже дека помеѓу вас веќе нема ништо.rn
3. Имате нешто што тој/таа сака
rnСте забележале како некогаш луѓето се подготвени да кажат и направат сè само со цел да ве натераат да се почувствувате како да сте единствената личност на оваа планета за нив сè додека не го извлечат од вас она што го сакале? Токму затоа вие ќе го направите тоа што тој/таа ќе го побара од вас и наместо да добиете благодарност, ќе добиете крај на вашиот однос.rnrnКога оваа личност веќе не може ништо да добие од вас, тој или таа ќе ве турне од својот пат и ќе си продолжи понатаму, барајќи ја следната „жртва“. За нив вие сте ја завршиле вашата работа, па токму затоа и веќе не сте им приоритет.rn
4. Социјални медиуми
rnТреба ли да се каже нешто повеќе? Тој или таа повеќе се грижи за квантитетот отколку за квалитетот.rn
5. Премногу добро ве познава и тоа го искористува против вас
rnСе сеќавате како оваа личност порано сакала постојано да ве гледа? Тој/таа секогаш успевал/а да најде време за вас за да се видите, разговарате и да ви ги покаже сите други свои позитивни работи. Вие постојано добивавте пораки, понекогаш дури и за време на целиот ден и таман сте помислиле дека работите стануваат сериозни, одеднаш односот на оваа личност кон вас почнал да се менува.rnrnНа почетокот си мислите дека е малку чудно што не разговарате повеќе толку многу. Вие не чувствувате дека постои причина за тоа, па се убедувате дека станува збор за нормална промена. Но, ова намалување на контактите полека но сигурно се движи кон игнорирање и заборавање, па токму затоа и постојано ги намалувате вашите очекувања и стандарди. Проблемот е што оваа личност толку добро ве познава, што без разлика на тоа што ќе го направи, вие секогаш ќе паѓате на неговите/нејзините зборови и ќе му/ѝ опростувате и прогледувате низ прсти.rn
6. Преодна врска
rnКој сака да биде сам доколку со години бил во врска? Па, размислете, дали вашиот нов партнер неодамна излегол од врска? Ако одговорот е позитивен, тогаш не треба да се чудите зошто тој или таа се малку оддалечени и не се препуштаат лесно. Со самото тоа што некој кој неодамна излегол од долга врска, веднаш влегол во нова, треба да знаете дека станува збор за преодна врска со која се надева да го/ја преболи бившиот/бившата.rnrnДоколку и вие гледате моментална забава со оваа личност, тогаш останете во оваа врска. Но, ако сте заинтересирани за нешто повеќе, тогаш големи се шансите дека набрзо ќе бидете изиграни.rn
7. Интуиција
rnАко чувствувате дека нешто не е во ред, тогаш големи се шансите дека сте во право. Луѓето понекогаш несвесно забележуваат ситници и знаци кои им укажуваат на одреден проблем кој не се подготвени да го прифатат на свесно ниво. Па, ако сте сомнителни без на прв поглед очигледна причина, тогаш би требало да погледнете малку подлабоко во вас.rnrnМожеби ви звучи тешко, но ако сметате дека нешто не е во ред, треба да почнете да се слушате самите себеси. Тоа е единствениот начин на кој можете да почнете да откривате за што станува збор. Вие ги забележувате овие ситни знаци со причина, па ако им обрнете повеќе внимание тогаш со сигурност ќе откриете дали сте во право или не.