КАФЕ ПАУЗА

Tag: интеракција

  • Луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи

    Луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи

    Првиот впечаток е важен. Пред некого да запознаеме, го проценуваме неговиот карактер уште од првиот поглед, поточно од гласот, топлината на раката или изгледот. Луѓето ги проценуваме за да знаеме како да се однесуваме. Научниците тврдат дека постојат седум работи кои луѓето ги користат за го проценат нашиот карактер.rnrnЛуѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работиrn

    1. Температурата на вашите раце

    rnАко сте од оние кои секогаш имаат студени раце, тогаш за жал другите ве осудуваат кога се ракуваат со вас. Истражување од 2008 година открило дека луѓето ги перципираат другите како повеликодушни и помили кога во рацете држат шолја топло кафе отколку студено. Луѓето претпоставуваат дека поединците со топли раце се топли и љубезни, а оние со студени раце се бесчувствителни и безобразни.rn

    2. Името

    rnИстражување од 2018 открило дека името може да влијае на тоа како другите го оценуваат вашето однесување и карактер. Се смета дека женските имиња се потопли отколку машките.rn

    3. Како реагирате на контактот со очите

    rnЛуѓето кои имаат тенденција да одбегнуваат контакт со очите се многу срамежливи и самосвесни. Обично интровертните луѓе имаат проблеми со одржување на контактот со очите подолг временски период, посебно за време на прва средба или кога се нервозни. Екстровертните луѓе и луѓето со голема самодоверба немаат проблем со тоа и можат да водат разговор без потреба да го тргнат погледот.rn

    4. Што зборувате за другите

    rnМожете многу да откриете за некого набљудувајќи ја неговата интеракција со луѓето околу него, посебно со луѓето кои имаат понизок статус. Како некој ги третира другите или што зборува за некого може многу да каже за големината на неговото его и количината на почитување и милост која ја има. Исто така, начинот на кој опишувате некого, може да каже дали сте среќна и емоционална личност.rn

    5. Вашите црти на лицето

    rnДосегашното искуство и она што веќе сте го научиле може да влијае на тоа како ги оценувате другите луѓе. Луѓето носат силни проценки според изгледот на лицето врз основа на претходни искуства и уверенија за нив. На пример, луѓето со детски црти на лицето делуваат пријатно и безопасно. Меѓутоа, тоа не е секогаш точно.rn

    6. Глас

    rnДругите можат лесно да го оценат вашиот карактер врз основа на вашиот глас, односно да препознаат самодоверба, доминација и способност. Без разлика на јазикот, истражувачите велат дека одредени гласови звучат агресивно или самоуверено.rn

    7. Физички изглед

    rnФизичкиот изглед навистина не треба да биде важен. Но, откриено е дека луѓето може да препознаат отвореност, симпатичност, осаменост и други особини кога ги набљудуваат другите во   природна поза.rnrnСледно, прочитајте што начинот на кој ги држите рацете открива за вашиот карактер.

  • Како антисоцијалните индивидуи се справуваат со (не)довербата?

    Како антисоцијалните индивидуи се справуваат со (не)довербата?

    Не се сите индивидуи подеднакво социјални битија и тоа е во ред. Едни сакаат да се опкружени со луѓе додека други повеќе уживаат да бидат сами и изолирани од бука, гужви и други човечки суштества. Во кој од овие два типа и да припаѓате не се загрижувајте затоа што е нормално. Нормално е дури и кога сте на некоја средина, па некогаш ви одговара да сте како првите, а некогаш како вторите.rnrnrnrnЛуѓето, најверојатно повеќе од сите останати видови се потпираат на нивната способност да заклучуваат за менталната состојба на другите што ги среќаваат во секојдневните социјални интеракции. Социјалните научници ја нарекуваат оваа способност како „теорија на умор“ или „ментализирање“. Оваа способност им дозволува да заклучуваат за мислите, верувањата и чувствата во интеракцијата со нивните партнери, најверојатно преку симулација како би реагирале тие во слични ситуации.rnrnЕдна истакната теорија која се интересирала за еволуцијата на човечката социјална когниција истакнува дека способноста да се читаат мислите на другите или да се предвидат нивните намери и да се заклучува за нивните верувања, се развила поради социјалните притисоци кои доаѓаат од заедничкото живеење во големи групи уште пред неколку милиони години. Живеењето во групи овозможува да бидеме во предност пред нашите предци затоа што понудената заштита од грабливците и потрагата по успехот, но сепак можноста за предавство на другите членови од групата е сеприсутна. Покрај придонесот за општото добро на одредени поединци, другите можеби нема да ги споделат нивните извори и да понудат заштита.rnrnОваа комплексност во справувањето со другите во социјалните контексти ги создала развојните притисоци за да ги селектира умовите кои би биле способни да ги предвидат однесувањата и намерите на другите, па вака изгледа теоријата.rnrnЧовечката „социјално когнитивна“ мрежа идентификувана од социјалните невронаучници изгледа го прави ова: Им дозволува на луѓето да се стават во позиција на нивните интерактивни партнери и да заклучат за нивните верувања и намери.rnrnНеодамнешна студија покажала зошто луѓето се занимаваат со теоријата на умот и заклучуваат за менталната состојба на другите зависно од нивната личност. Користејќи игри на доверба кои учесниците ги исполниле под различни услови, со или без можност да бидат казнети непожелните однесувања, студијата ги идентификувала специфичните профили на однесување на антисоцијалните индивидуи кои сметале дека другите мислат и се однесуваат баш како нив.rnrnКолку поразлично било однесувањето на луѓето со антисоцијална личност од останатите учесници?rnrnНе само што овие индивидуи биле помалку доверливи, тие исто така и на другите им верувале помалку и биле склони да ги казнуваат оние кои ја издавале нивната доверба. Интересно е и сознанието дека кога биле во состојба каде што можеле да бидат казнети за издавањето на довербата на другите, нивната доверливост не се разликувала од просоцијалните индивидуи. Овој силен одговор бил набљудуван исклучиво кај антисоцијалните индивидуи на можноста да се биде казнет.rnrnНабљудувањето покажало дека антисоцијалните индивидуи се однесуваат многу стратегиски во социјалните интеракции. Кога имале дигната рака и не можеле да бидат казнети за „лошо“ однесување тие ја искористувале нивната напредна положба за да ги експлоатираат другите. Но, кога казните биле возможни, тие произлегувале од неправењето разлика на нивните просоцијални копии за да се избегне губењето на ресурсите.rnrnСумирани резултатите покажуваат дека антисоцијалноста влијае врз три различни однесувања важни за социјалната интеракција:rn

    Доверба

    rnАнтисоцијалните индивидуи имаат релативно мала доверба во другите сè додека немаат можност да ги казнат.rn

    Заслужена казна (одмазда)

    rnДоколку постои шанса, тие се склони да го казнат однесувањето што е недоверливо.rn

    Доверливост

    rnОвие индивидуи покажуваат поголема тенденција да ја издадат довербата на другите, сè додека не се плашат дека ќе бидат казнети.rnrnСевкупно, антисоцијалните индивидуи покажуваат специфични комбинации на однесувања и верувања што индицираат дека тие можат да претпостават дека другите ги споделуваат нивните антисоцијални погледи кон светот.rnrnПрочитајте и кои се 5-те знаци на осаменост што откриваат дали сте ја изгубиле врската со себеси.

  • Како и зошто да ја подобрите емоционалната комуникација?

    Како и зошто да ја подобрите емоционалната комуникација?

    Не ретко се случува многу повеќе да научите за некоја личност според нејзините движења, погледот или начинот на кој стои, гримасите на лицето и многу други карактеристики кои не вклучуваат зборување. Некогаш дури, доволно е да поминеш со некого само 5 минути и веднаш да знаеш многу работи за него, а кои воопшто ги нема спомнато. Некогаш може да си со некој со години, а да не знаеш кој е и што е. Способноста да препознаете нечии чувства и на некој начин да предвидите нечие однесување може многу да влијае на вашиот живот и начинот на кој вие ќе реагирате на случувањата околу вас. Ова има големо влијание врз љубовниот и деловниот живот, врз врските со пријателите и семејството и однесувањето кон сите останати луѓе.rnrn(2)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnПрофесорот по маркетинг на Државниот универзитет во Охајо, Блер Кидвел и неговиот колега, професор Џонатан Хасфорд од Универзитетот во Невада имаат спроведено истражување поврзано со оваа тема. Центар на ова истражување биле продавачи и купувачи, а целта била да видат како нивото на емоционална интелигенција влијае на успехот во продажбата. Резултатите покажале дека кога двете страни се со исто ниво на емоционална интелигенција, ќе постои обострана доверба, продажбата ќе се оствари и двете страни ќе заминат задоволни од комуникацијата. Кога нивото на емоционална интелигенција е ниско и кај продавачот и купувачот, тогаш ни продажбата ќе се оствари ниту, пак, тие ќе бидат задоволни од начинот на интеракција. Ако купувачот има повисоко ниво на емоционална интелигенција од продавачот, тој сигурно ќе добие претстава дека продавачот само сака да ја оствари продажбата и ништо повеќе, па ќе одолее на она кое воопшто не му е потребно. Купувачите како овие можат да се воздржат од купување на работи кои воопшто не им се потребни, ќе го купат само она по кое дошле и нема да ги интересира ништо повеќе.rnrnКога станува збор за препознавање на чувствата на партнерот, работите се малку покомплицирани во смисла на тоа дека постои начин и голема веројатност да ги повредите неговите/нејзините чувства. Доколку со партнерот сте добри во читање на меѓусебните желби и размислувања, а најмногу чувства, тогаш вашата врска најверојатно тече во многу синхронизиран тек. Во спротивно, голема е веројатноста дека често доаѓа до расправии бидејќи знаеме слепо да се водиме по онаа изрека Ако навистина ме сакаш, тогаш треба да знаеш што мислам и да препознаеш како се чувствувам .rnrn(1)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnБидејќи согласно со горенаведените примери може да согледаме дека емоционалната интелигенција е доста важна во постојаното секојдневно комуницирање, може да се заклучи дека вреди да се работи на подигнување на нивото на осетливост. Според методите кои професорите Кидвел и Хасфорд ги изложиле во својата статија, постојат четири поконкретни области на кои најмногу влијаат методите за надградување на емоционалната интелигенција.rn

    1. Согледување на емоциите

    rnЧесто тежнееме кон погрешно перципирање на она што е пред нас. Уште почесто знаеме да ги помешаме нашите чувства за туѓи и со тоа да предизвикаме некакви проблеми. Способноста точно да можете да регистрирате како некој се чувствува е нешто што не се случува туку така, а колку повеќе сте свесни за емоциите околу вас и во вас, толку полесно ќе можете да ги раздвоите вашите од туѓите, свесно да избегнувате ситуации поради кои би се чувствувале лошо и би умееле да останете мирни и сталожени дури и кога сè околу вас е сосема спротивното.rn

    2. Прифаќање на емоциите

    rnКолку побрзо ги прифатите чувствата, толку побрзо ќе може да се сконцентрирате на согледување на тоа што предизвикало да се чувствувате така и како да го решите проблемот. Ќе можете побрзо да донесете одлуки кои нема да бидат базирани на моменталните чувства, туку инспирирани од нив и соединети со цел да бидат корисни. Лоцирањето на емоциите, идентификувањето што претставуваат и од каде потекнуваат и тоа со што поголема брзина ќе ве доведе до ситуација каде многу лесно и едноставно ќе може да ги изменаџирате. Оваа стратегија помага во секој аспект од животот и ќе ви заштеди многу инаку изгубено време.rn

    3. Разбирање на емоциите

    rnАко успеете да го разберете она што го чувствувате, во иднина ќе може на некој начин да предвидите како би се чувствувале во дадена ситуација. Согласно ќе може да избегнете незгодни ситуации и да се поштедите себеси од несакани лоши чувства. Уште повеќе, со оглед на фактот дека емоциите се сѐ само не постојани и константни, со сфаќање на истите ќе може да ги насочите и смирите. Луѓето со високо ниво на емоционална интелигенција, предвидувајќи ги своите чувства, успеваат да донесат попаметни одлуки и многу побрзо, така што крајниот резултат да биде во нивна корист. Ова се однесува и на љубовниот живот, доколку станете свесни дека вашата среќа не зависи од и само од вашиот партнер, ќе спречите големо разочарување поради непостоењето на личност која ќе ги исполни вашите очекувања.rn

    4. Управување со емоциите

    rnУправувањето со емоциите е можеби најтешката работа која треба да ја совладате кога станува збор за вашата личност. Ова особено доаѓа до израз кога се соочуваме со силни емоции поврзани со личност која ни е блиска, која сме ја изгубиле или нешто што ни е многу важно. Самoконтролата е основна доколку сакаме да спречиме избувнување или донесување погрешни одлуки само поради тоа што се чувствуваме лошо. Ова овозможува да се справиме полесно со секојдневни ситуации во животот и особено да пребродиме многу полесно работи кои не можеме да ги смениме. Како последен, но најтежок чекор во изградување на личност со високо ниво на емоционална интелигенција, ова ни овозможува со висока веројатност да дојдеме до она што го сакаме и да успееме во она што ќе го замислиме.rnrn(3)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnКолку повеќе ги разбирате емоциите и препознавате како останатите околу вас се чувствуваат, толку полесно ќе можете од секоја ситуација да го извлечете максимумот, што укажува на добра емоционална комуникација. На овој начин, ќе влијаете секоја врска која ја имате оформено или ја оформувате да биде најдобра што може, не губејќи време на непотребни кавги, сплетки, пречки и проблеми. Вие ќе се чувствувате убаво, а и луѓето околу вас ќе се чувствуваат убаво. Сѐ што треба за да го започнете процесот на свестување околу емоциите е волја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни тетоважи кои се во паметна интеракција со телото

    Креативни тетоважи кои се во паметна интеракција со телото

    Со зголемувањето на популарноста на тетоважите, како и на сите табуа околу нив, сѐ повеќе луѓе одлучуваат да се изразат себеси преку креативен боди арт кој ќе има некакво значење за нив. Иако има многу нови стилови кои ги имаат воведено современите тату артисти, еден од нив е особено интересен – тетоважи кои го вклучуваат самото тело во нивниот дизајн на паметен и штосен начин.rnrn1-kreativni-tetovazhi-koi-se-vo-pametna-interakcija-so-samoto-telo-kafepauza.mkrnrnВо оваа галерија ќе видите 30 исклучително креативни тетоважи кај кои „платното“ за цртање односно човечката кожа е искористена на паметен и неочекуван начин. Така, тупаницата на нацртаниот лик е истовремено и тупаница на оној кој ја носи тетоважата, ножиците на прстите можат да се претворат во анимиран цртеж, а понекогаш деловите од телото добиваат и практични функции, каков што е случајот со прстот преобразен во метро.rnrn

  • Најголемата тастатура во светот

    Најголемата тастатура во светот

    Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотСпоменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотИнсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршена интеракција со уметноста

    Совршена интеракција со уметноста

    „Magic Art“ е 3Д изложба во кинескиот град Хангжу, која како никогаш досега комуницира со посетителите. Ова е една од ретките поставки кои овозможуваат интеракција со делата. Посетителите можат да ги допрат, да седнат врз нив, да се фотографираат… Тие се идеја на 15 јужнокорејски уметници, и се изработени ексклузивно за изложбата. Нивната изработка траела 4 месеци.rnrnМагичните уметнички дела во Хангжу ќе останат до 6-ти август. Потоа, заминуваат на турнеја која ќе трае една и пол година. Уживајте во дел од нив.rnrnСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаСовршена интеракција со уметностаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Армија од среќни мачки

    Армија од среќни мачки

    Автор: Александра Чакаровскаrnrn„Армија од среќни мачки“ или „Глобална потрага по среќа“ е инсталација дизајнирана од германскиот уметник Борис Петровски. Составена од 520 „maneki neko“ јапонски мачки, инсталацијата ги предизвикала посетителите на оваа исклучително креативна и несекојдневна изложба. Фигурите „maneki neko“ се познати во земјите од Азија, каде се верува дека им носат среќа и благосостојба на оние што ги поседуваат. Најмногу ги купуваат туристите, како препознатлив сувенир од некоја азиска земја. Секоја мачка во својата десна рака држи паричка или некој друг предмет, а со левата мавта.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиОвие 520 среќни пластични мачки се наредени во 40 редови и 13 колони, формирајќи еден вид матрикс екран, каде секоја мачка претставува еден пиксел на екранот. Со помош на посебна машина, на мачките им се контролира движењето на рацете. Интересно е тоа што самите посетители се охрабрени да земат учество. Тие можат да внесат текст (својата желба) долг до 40 карактери, кој потоа го прикажуваат мачките дигајќи ја едната рака. Буквите се со различна боја, и од тоа зависи кога и која мачка ќе ја подигне својата рака.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

    Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnКанадската инди-рок група Аркејд Фајр, за своите фанови направи интерактивна верзија од музичкиот спот „Sprawl II“ од албумот „The Suburbs“. Се работи за релаксирачко видео, дизајнирано да ги детектира движењата на корисниците. Им овозможува на околу шест минути да ја преземат главната улога во спотот и да ја регулираат брзината на движењата во видеото.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаВо класичната верзија, спотот започнува со статични кадри од куќи. Таму приказната ја води коосновачот на бендот Режин Шасањ, која излегува од една од куќите и со слушалки на ушите шета низ предградие, во кое живеат чудни и безлични луѓе, кои повремено и механички танцуваат во дворовите.rn

    rnПреку интерактивното видео вие имате можност да го смените нивното темпо, да управувате со нив, како со марионети. Сè што треба да направите е да го посетите сајтот за спотот, да ја изберете интерактивната верзија и да „влезете“ во видеото. Имате две опции за тоа. Едната е да играте пред вашата веб-камера и да гледате како кадрите се прилагодуваат на вашите движења. Доколку немате камера, тогаш грабнете го комјутерското глувче и кликајте на видеото.rnrn

    Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата
    Отворете го сајтот во ново прозорче и изберете да ја користите вашата веб-камера или доколку немате, изберете глувче. Играјте со рацете пред камерата за да се движат луѓето во спотот. Застанете и тие ќе ги повторуваат истите движења постојано и спотот нема да тече понатаму. Иако е многу поинтересно контролирањето со помош на веб-камера, истиот ефект можете да го постигнете со кликање на гливчето.
    rnrnИ двете верзии се навистина забавни, а се во режија на Винсет Морисет. Лицата кои „несреќно“ танцуваат во спотот тој ги нарекува дигитални марионети на 21 век.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаЕдноставноста на ова видео е со цел да можат да го користат сите, бидејќи за него не се потребни дополнителни компјутерски програми или вештини. Овој хибриден проект е заснован на линеарен филм и детекција на движења, комбинирани во една визуелна техника.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата„Високиот технолошки аспект не е главната поента и приоритет во спотот на песната Sprawl II“, вели Морисет, кому ова не му е прво интерактивно видео. Тој е познат и по некои од пораните проекти на Аркејд Фајр, како нивниот победнички интерактивен клип „Neon Bible“.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поминувајќи ја границата на проширената реалност

    Поминувајќи ја границата на проширената реалност

    Возењето во сопствениот автомобил претставува парадокс. Од една страна ја имаме слободата самоиницијативно да тргнеме и застанеме каде сакаме, кога сакаме и на кој начин сакаме. Од друга страна, пак, гужвите во сообраќајот ја ограничуваат таа слобода. Зошто тогаш, нервозата, гужвите и нетрпението да не се заменат со едно ново искуство и да го направат патот од една до друга дестинација интерактивен, богат со информации, надвор од границите на реалноста каква што ја познаваме?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностГугл веќе работи на развојот на самоуправувачки автомобили, но ако вниманието на возачот повеќе не треба да е 100% фокусирано на сообраќајот, тогаш што би правеле возачите зад воланот?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностПроектот Аеон претставува мудро исцрпување на спојот на мобилноста и 3Д апликациите. Концепт-проектот е реализација на Микаел Харбоун и Dassault Systems кои ја освоија првата награда за најдобар дизајн и комуникација на годинешната конференција за компјутерска графика Imagina. Поминувајќи ја границата на проширената реалностАеон го инкорпорира системот за навигација и контролирањето преку интерактивен дисплеј, додека истовремено овозможува учење преку интеракција. Апликациите кои се проектираат на шофершајбната, овозможуваат доближување до одредени градбени објекти и информирање за нив замавнувајќи со прстите.Поминувајќи ја границата на проширената реалностПоминувајќи ја границата на проширената реалностАеон може да преминува од проширена во мешана, до виртуелна реалност, овозможувајќи му на корисникот да премине од информации базирани на текст, во интеграција со 3Д просторот до комплетно виртуелно искуство. Корисникот сам избира колку сака да види или доколку не сака, може да „сврти нова празна страница“ и едноставно да се опушти медитирајќи.Поминувајќи ја границата на проширената реалностАпликациите даваат можности за информирање на сè што е околу нас, но не само за околните архитектонски градби, туку и за температурите, активностите на нашите пријатели во близина и сл. Слободата се состои и во тоа што секој може да ги создава апликациите, па можностите стануваат неисцрпни.Поминувајќи ја границата на проширената реалностДодека виртуелноста стане дел од нашето секојдневие со помош на која ќе ги регулираме нашите редовни обврски, еве како Аеон планира да го промени корисничкото искуство на возачите.

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светската улична уметност на интерактивна мапа

    Светската улична уметност на интерактивна мапа

    Ред Бул неодамна го лансираа Street Art View, веб-сајт кој има за цел да ја собере уличната уметност од целиот свет на една интерактивна мапа. Мапата е отворена за сите, па секој може да постави фотографија од омилената креација на која ќе наиде низ улиците, на тој начин креирајќи огромна колекција од уметнички дела.Street Art ViewИдејата е одлична. Па, фатете се за фотоапаратите. Македонските улични ѕидови се полни со инспирација која светот треба да ја види. А еве дел од она што досега е поставено на мапата.Светската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапаСветската улична уметност на интерактивна мапа