Интелигентните девојки ја слушаат логиката, а не нивните инстинкти. Тие не започнуваат врска само поради привлечност. Ним им е потребна посилна конекција од тоа – духовна и емоционална.rnrnrnrnТие ги штитат своите срца бидејќи повеќето момчиња не ја заслужуваат нивната љубов. Нема да се предадат на некого кој ги зема здраво за готово. Некој што очекува повеќе отколку што им дава. Интелигентните девојки се скептични, цинични. Тие се доволно мудри за да знаат дека повеќето луѓе се љубоморни. Повеќето луѓе ќе ги повредат без многу да размислуваат за тоа.rnrnПоради ова, овие девојки ги држат двете очи отворени. Внимаваат на предупредувањата. Ако фатат некој во лага, нема да сакаат ништо со таа личност. Не им дозволуваат на емоциите да им ги замаглат одлуките. Ако мозокот им кажува дека им е подобро без некого, без двоумење ќе заминат.rnrnИнтелигентните девојки не сакаат драма. Тие нема да се борат за вашето внимание. Исто така не сакаат да дешифрираат измешани сигнали. Нема да бараат дупки во вашите приказни и не сакаат игри. Ако ги игнорирате нивните пораки, а потоа ги „задевате“ на социјалните мрежи, тие ќе си заминат. Ако мислите дека ќе ве бркаат, ќе се разочарате.rnrnОвие девојки не се заинтересирани за врски со една страна. Нема да се помират со помалку од она што го заслужиле. Ја знаат нивната вредност и не дозволуваат никому да им каже поинаку. Интелигентните девојки се свесни дека врските не се сè во животот. Тие се независни и сами можат да си ја пронајдат среќата. Тие се доволно силни да се издржат без момче.rnrnСе разбира, ова не значи дека интелигентните девојки целосно ги затвораат нивните срца. Тие им даваат шанса на врските сè додека сметаат дека другата личност го заслужува тоа.rnrnЗнаевте ли дека интелигентните девојки се под најголем стрес?
Паметните луѓе се позаборавени, се однесуваат бунтовнички во младоста, но и помалку изневеруваат кога се во прашање љубовните врски. Во едно истражување од 2010 година откриено е дека кај мажите со повисок коефициент на интелигенција постојат помали шанси да бидат неверни.rnrnrnrnИстражувањето ги анализирало одговорите од анкетата спроведена на 1.000 возрасни и тинејџери во САД и открило дека интелигентните луѓе повеќе ја ценат моногамијата и сексуалната ексклузивност за разлика од помалку интелигентните поединци.rnrnПа, која е причината за ова? Од еволуциска гледна точка, современите мажи се во можност да се ослободат од инстинктите на „пештерскиот човек“ кои ги наведуваат да имаат што е можно повеќе сексуални партнерки. Оние со понизок коефициент на интелигенција не можат да му се спротивстават на овој инстинкт, па затоа им е важно да спијат со многу жени и неверството воопшто не им е непознато.rnrnМеѓутоа, вреди да се спомене дека истражувањето открило јасна разлика помеѓу преференцијата и однесувањето. Имено, кај интелигентните мажи имало голема веројатност дека истовремено ќе ја вреднуваат сексуалната ексклузивност и ќе учествуваат во вонбрачни активности.rnrnВажно е да се нагласи дека жените и мажите имаат тенденција да изневеруваат од различни причини. Според едно истражување од 2008 година, кај жените кои го донесуваат главниот приход во домот има помали шанси да изневерат, додека дури кај 70% од мажите кои се главниот извор на финансии во врската, како и кај мажите кои се финансиски зависни од жените, постојат поголеми шанси дека ќе ја изневерат својата партнерка.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Кои се главните причини поради кои изневеруваат мажите и жените?rnrnДоколку немате идеја зошто некој би се одлучил на неверство, прочитајте ги следниве 10 психолошки причини поради кои мажите изневеруваат.
Постојано споделуваме нешто на социјалните мрежи, меѓутоа постојат 2 типа луѓе кои споделуваат: Оние кои објавуваат статии без да ги прочитаат и оние кои навистина издвојуваат време за да погледнат што споделуваат со сите нивни Фејсбук пријатели.rnrnrnrnОсвен тоа, додека некои луѓе објавуваат бесмислени, бескорисни и глупави работи, има и такви кои објавуваат информации што се корисни. Кога станува збор за споделување статии на Фејсбук, сигурно ќе се согласите дека постојат многу придобивки од тоа.rnrnКога споделувате статии на Фејсбук, вие му поставувате предизвик на вашиот ум, бидејќи барате мислење од други луѓе на таа тема. Го поканувате светот на разговор со вас. Кога ќе се случи такво нешто, добивате многу поширока перспектива за работите.rnrnЛуѓето најмногу ценат кога ќе видат точни и вистински податоци на Фејсбук, особено ако се работи за успех на некој пријател. Кога си споделуваме такви информации меѓусебно, ние споделуваме знаење. Зар не е тоа одлично?rnrnНа прв поглед тоа делува како обичен клик, но станува збор за нешто многу повеќе. Дури можете и да си го подобрите угледот на вашиот бизнис преку објавувањето вистински статии на вистински места. На пример, ако споделите статија поврзана со вашата професионална област, предизвиканиот интерес би можел да ви отвори многу врати.rnrnТреба да обрнеме повеќе внимание на работите што ги објавуваме на нашите Фејсбук профили. Колку повеќе споделуваме, толку повеќе можеме да научиме. Во некои случаи, навистина успеваме да ги отвориме очите некому и да му ги прошириме хоризонтите. Интернетот е прекрасна алатка од која можеме многу да научиме, доколку знаеме како да ја користиме правилно.rnrnПостојат многу добри извори на информации, само треба да ги пронајдеме вистинските и да ги искористиме сите придобивки што ги нудат. Правилното споделување може да ве направи попаметни, така што не двоумете се дали да споделите статија или текст што мислите дека би заинтересирале некого.rnrnСподелувањето е многу важно, без разлика дали се одвива онлајн или во живо. Сите можеме да понудиме нешто некому и обратно, само треба да споделиме.rnrnПрочитајте ги и овие 10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи имаат многу високи очекувања. Без разлика колку работи ќе завршат во текот на денот, тие никогаш не се задоволни. Знаат дека можеле да постигнат повеќе, дека можеле да најдат начин да бидат попродуктивни. На крајот од денот, тие се секогаш разочарани што не направиле повеќе.rnrnrnrnИнтелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи другите луѓе мислат за нив дека се непобедливи. Бараат совети за нивните проблеми, со надеж дека ќе им помогнат да најдат решение. Луѓето никогаш не забележуваат дека и на овие девојки понекогаш им е тешко и им треба помош. Сите земаат од нив, но забораваат да дадат.rnrnИнтелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи не знаат што прават. Се однесуваат како животот да им е среден и сите околу нив мислат дека се сигурни во себе. Вистината е дека тие се изгубени и збунети. Не се сигурни што треба да прават со сопствениот живот.rnrnТие се под голем стрес, бидејќи немаат доволно часови во текот на денот. Тие се стремат кон тоа да постигнат рамнотежа во сите сфери од животот: Нивната кариера, љубовен живот, здравје, пријатели и семејство. Но, тешко им е да најдат време за да отидат во теретана, на вечера со партнерот и на пијачка со пријателките кога работат 8 часа дневно.rnrnТие се секогаш нервозни, бидејќи си наметнуваат голем притисок. Знаат за што се способни и затоа многу се фрустрираат кога ќе потфрлат. Постојано си го враќаат филмот во глава и размислуваат што би направиле поинаку кога би можеле да го вратат времето назад.rnrnИнтелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи постојано размислуваат за иднината. Уште од мали нозе сите им велеле дека ќе успеат, дека ќе бидат богати и влијателни. Тие не сакаат да ги разочараат луѓето околу нив и сакаат да го искористат целиот нивен потенцијал.rnrnrnrnИнтелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи се многу амбициозни. Имаат толку многу соништа што сакаат да ги остварат, толку многу цели што сакаат да ги достигнат, а не сакаат да испуштат ниту една можност што им се нуди. Тие преземаат толку многу одговорности што тоа почнува да се одразува на нивното здравје.rnrnТие се под голем стрес, бидејќи животот е непредвидлив. Дури и да донесат паметни одлуки, сепак ќе бидат принудени да се соочат со проблеми што не можат да ги контролираат. По секој неуспех, тие страдаат.rnrnИнтелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи обрнуваат внимание на малите нешта. Тие сакаат да им бидат организирани работните обврски и блиските луѓе среќни. Тие сакаат сѐ да им биде под конец. Тие сакаат што е можно повеќе да се доближат до совршенството и затоа нивната листа на амбиции нема крај.rnrnОвие девојки се доволно паметни за да ја согледаат вистината во светот, а тоа предизвикува голем стрес. Тие разбираат дека луѓето не се толку добри колку што изгледаат. Тие се свесни за лагите, неправдите и смртта што ги опкружуваат. Тие се доволно паметни за да знаат дека треба да вложат труд ако сакаат да ја пронајдат среќата и подготвени се да се борат за неа.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте зошто интелигентните луѓе не се среќни.
Најчесто, кога им се обраќаме на нашите кучиња, го користиме оној тон кој го употребуваме и кога зборуваме со бебиња. Тоа речиси секогаш предизвикува радост кај нашите миленичиња, која не ја кријат од нас.rnrnrnrnРезултатите од една студија посветена на кучињата и тонот со којшто им се обраќаме, покажуваат дека нашите миленици разбираат многу повеќе отколку што мислиме.rnrnСпоред истражувањето спроведено на Универзитетот Еотвос во Будимпешта, кучињата можат да ги распознаат речникот и интонацијата на човечкиот говор. Тоа значи дека тие имаат способност да го оценат она што сте им го кажале врз основа на зборовите што ги користите и начинот на кој што ги кажувате. Студијата укажува на тоа дека кучињата, како и луѓето, ги користат двете страни од мозокот за да го разберат речникот и тонот, а потоа ги комбинираат информациите и извлекуваат заклучок за значењето на тоа што сте им го кажале.rnrnПоради тоа не изненадува податокот дека кучињата реагираат најдобро кога им се обраќате со премногу позитивен тон, додека истовремено имаат способност да ги препознаат негативните зборови, прекриени со лажен позитивен тон.rnrnЗатоа следниот пат кога ќе му се обратите на вашето куче потрудете се тоа да биде искрено, затоа што не можете да ги измамите овие интелигентни суштества.
Доколку целото ваше детство постојано ве карале поради хаосот и нередот во вашата соба, сте воделе војна со вашите родители кога се обидувале да ве натераат да си легнете порано и подоцна сте сфатиле дека понекогаш пцовките се најдобриот избор на зборови, имаме добри вести за вас! Според некои експерти тоа значи дека вие сте всушност многу интелигентна личност. Нивното објаснување е следново…rnrnrn
Паметните луѓе понекогаш користат погрдни зборови
rnОпштото мислење е дека необразованите луѓе во секојдневниот говор користат многу погрдни зборови затоа што имаат сиромашен речник. Но, вистината е дека луѓето кои никогаш не кажуваат прости зборови се оние чиј речник е сиромашен. Неколку академици од Америка решиле да направат интересен експеримент: Тие ги замолиле луѓето да се сетат на што е можно повеќе пцовки. Резултатите биле изненадувачки! Испитаниците кои се сетиле на најмногу, имале највисок коефициент на интелигенција од целата група. Ораторските способности на овие луѓе биле исто така на повисоко ниво за разлика од оние кои знаеле помалку прости зборови. Меѓутоа, интелигентните луѓе се способни да ги употребат вистинските зборови во зависност од ситуацијата и знаат кога да замолчат.rnrnrn
Многу талентирани и интелигентни луѓе имаат навика да остануваат будни до доцна во ноќта
rnЕкспертите долго време ги проучувале талентираните луѓе и дошле до генерален заклучок дека ноќните птици имаат повисок коефициент на интелигенција. Доколку сакате да останувате будни до доцна на ноќта вие припаѓате во истото друштво заедно со Чарлс Дарвин, Винстон Черчил и Елвис Присли.rn
Несредениот дом и високата интелигенција одат рака под рака
rnРаботната маса на Алберт АјнштајнrnrnЕдно истражување, спроведено на Универзитетот во Минесота, дошло до интересен заклучок: Хаосот на нечија работна маса е показател дека не се работи само за неуредна личност, туку дека мозокот на таа личност е фокусиран на работите што се навистина важни. Сигурно ќе се согласите дека кога немаме паметна работа, честопати почнуваме да извршуваме некои ситни, безначајни активности само за да бидеме зафатени. Исто така, психолозите се убедени дека хаотичната околина е одлична стимулација за креативноста, бидејќи им помага на луѓето да добијат нови идеи и да избегаат од границите на нивниот вообичаен начин на размислување.
Постојат голем број карактеристики кои мажите и жените сакаат да ги поседува нивниот иден брачен другар. Сите имаат одредена визија околу тоа како би изгледале совршениот сопруг или сопруга. Резултатите од една нова студија спроведена од доктор Лорен Вејли од шкотскиот Универзитетот од Абердин, внесуваат уште поголема возбуда во потрагата по совршениот животен партнер.rnrnrnrnОва истражување упатува на тоа дека мажите кои се женат со интелигентни жени, имаат помалку шанси да развијат Алцхајмерова болест. Тоа има смисла, затоа што д-р Вејли потенцира дека интелигентните разговори и стимулативните активности го штитат мозокот од оваа болест.rnrnДосега сме слушнале дека Алцхајмеровата болест и деменцијата можат да се превенираат со здрав секс во поодминати години. Но, ова најново истражување кое посочува на тоа дека да се има прекрасна и паметна жена крај себе, значи намален ризик од појавата на дегенеративната болест, можеби ќе доведе до револуција кај мажите при изборот на брачна партнерка.rnrnСепак, добро е да се знае дека постојат сè поголем број научни докази кои потврдуваат дека преку интелектуална стимулација можат да се превенира или да се забави развојот на Алцхајмеровата болест. Затоа потрудете се постојано да го ангажирате вашиот мозок и вашите сетила. Изберете културни настани, филмови, театарски претстави, посета на музеи, креативна работа, со кои преку ментална гимнастика ќе си го подобрите вашето здравје.
Вие, како и секој родител, сте горди на вашето дете, но нешто во вас говори дека тоа е понапредно од неговите врсници. Многу пати ви поминала таа мисла низ главата, но веројатно набрзо сте си рекле дека ги преувеличувате работите и дека сте пристрасно настроени кон своето најмило. Според Националната асоцијација за надарени деца, постојат најмалку 11 знаци кои укажуваат на генијалност, а на кои особено внимание треба да се обрне во периодот кога децата се на возраст од 2 до 5 години.rnrnrn
1. Поседува беспрекорно паметење
rnИако се толку мали, имаат меморија која ве остава без зборови. Паметат работи за кои дури и вам ви треба време да се помислите за да се сетите. На пример, многу често знаат да ви забележат дека таа недела дури три пати сте имале пилешко за ручек.rn
2. Почнува да зборува од многу мала возраст и има богат речник
rnПоголем дел од децата, до својот 15-ти месец веќе кажуваат зборови. Но, особено талентираните деца, кои имаат голем потенцијал да прераснат во генијалци, многу порано од своите врсници умеат да сврзат реченици, фрази и метафори.rn
3. Поставува чудни прашања
rnКако на пример „Зошто кравата скокна преку месечината?“rn
4. Може долго време да биде сконцентрирано на една работа
rnИако малите деца многу брзо го губат интересот за нештата околу нив, и по неколку секунди наоѓаат нова работа за која се фаќаат, децата со голем интелектуален потенцијал се поинакви. Доколку вашето дете уште на 2 години може без проблем да изгледа долгометражен филм за деца, тогаш тоа е потенцијален генијалец.rn
5. Има широка палета на интереси
rnОбожуваат музика! Сакаат да си играат со коцки! Уживаат во јога!rn
6. Или сето внимание го посветува на една специфична област
rnНа пример, детално ја проучуваат секоја книга за диносауруси, за планети, за морски животни, за возила…rn
7. Тоа е идеалист, но има особено развиено чувство за правда
rnМожеби е мало, но често знае да ви забележи дека не е фер што неговиот/нејзиниот брат добил шест од омилените бонбони, а тој/таа само пет.rn
8. Чита уште од мали нозе
rnДоколку сè уште не оди на училиште, а веќе сам/а чита цели страници од омилените детски книги, тогаш веројатно дома имате премногу интелигентно мало човече.rn
9. Има премногу жива фантазија
rnДецата со голем интелигентен потенцијал особено се карактеризираат со својата беспрекорна фантазија, во која имаат развиено мрежа од фиктивни пријатели.rn
10. Има супер енергија
rnТоа не е исто што и хиперактивноста. Едноставно, овие екстра талентирани деца уште од многу рана возраст можат да се фокусираат на одреден проблем и со часови да го решаваат, без притоа да се заморат или да им стане здодевно.rn
11. Најдобрата карактеристика: Има одлична смисла за хумор!
rnОвие деца се одликуваат со особена смисла за хумор. Иако се многу мали, често знаат да кажуваат шеги и да прават интересни игри со зборови. Но, мора да признаеме дека секое дете, без оглед колкав интелектуален потенцијал поседува, е забавно и интересно на свој начин. Децата се неверојатни. Многу нешта можеме да научиме од нив.
Премногу и непоправливо тврдоглави, лојални и со морален компас, тие се темел на нивната фамилија и лепило кое ги држи заедно нивните пријатели. Сакаат да ги тешат луѓето кога се тажни и се родени помеѓу 21 април и 21 мај. Ова се главни карактеристики на оние кои се родени во знакот Бик. Тие се најубавиот, најсупериорниот и најсложениот хороскопски знак во зодијакот, а овие нешта ги дефинираат.rnrnrn
1. Уживаат во заведувањето и се возбудуваат од околината
rnЖените во знакот Бик се хиперсензуални. Тие се природно заводливи, но не очекувајте веднаш да ве врзат. Заведуваат полека и внимателно и многу тешко се предаваат. Ќе ве мачат додека не изгорите од желба.rnrnИ не очекувајте дека сексот ќе биде добар ако ги однесете во вашата „ергенска“ соба со еден душек и облека расфрлана наоколу. Тие сакаат добра атмосфера. Бидејќи се толку длабоко поврзани со нивните сетила, ако сакате да ги возбудите, создадете секси околина – музика, свеќи, мириси. Уживаат во сето тоа. За нив сексот не е само секс – тоа е стимулација на многу нешта.rn
2. Сакаат конвенционална романса и класична убавина
rnЈа ценат физичката убавина и имаат ретка моќ да ги видат ситните детали кои се токму она што го дава шармот на нештата и кои голем дел од луѓето не ги гледаат. Тие се тип на жени кои живеат за романтични гестови – големи букети цвеќе, вечера со свеќи и значајни разговори. Трудот навистина и искрено им значи.rn
3. Изгледаат силно однадвор, но внатре се многу емоционални
rnЖената во знакот Бик е неверојатно чувствителна. Можеби не изгледа така поради нејзината срамежлива и заштитничка природа, но кога подобро ќе ја запознаете таа е навистина емоционална. Но не, таа не е од оние ирационални девојки кои имаат недостаток на самодоверба и самоконтрола – туку само го гледа светот онаков каков што е. Не бара скриени агенди и ви верува на збор – затоа внимавајте кога зборувате со жена Бик, затоа што може да ја повредите, а да не знаете.rn
4. Тие се тврдоглави затоа што се паметни
rnПознати по својата тврдоглавост, припадничките на овој знак имаат негативна репутација, но тоа само го поддржува фактот дека тие се навистина паметни. Тие се зависници од информации кои знаат како да ја користат моќта на нивниот мозок, умеат да анализираат податоци и имаат силно изразено критичко мислење.rnrnБиковите никогаш нема да ви попуштат во дебата доколку не се сложуваат со вас. Иако имаат малку бес кој длабоко го кријат во себеси, понекогаш тој испливува на површината. Исто така ако ги налутите до степен да не можат да ве толерираат повеќе, тогаш ќе почувствувате кога тие ќе го истурат целиот нивни бес врз вас.rn
5. Имаат скап вкус бидејќи го ценат квалитетот
rnОвие дами се магнетно привлечени и зависни од дизајнерска облека, парфеми и сите останати скапи, но елегантни работи. Некои велат дека е маана, но за некои тоа е најдобрата карактеристика. За нив важи правилото квантитет<квалитет, па затоа не се плашат да инвестираат во некое парче. Кога инвестирате во нешто (особено во парче облека) сигурно дека тоа долго ќе ви трае, а тоа на Биковите им е најдобро познато.rn
Таинствени се, не зборуваат многу, тешко се доверуваат, често се отсутни, се исклучуваат од разговорот и одлетуваат во својот сопствен свет. Зошто овие мажи се толку привлечни?rnrnrn
Мистериозни се
rnВо нивната глава се крие сè и сешто, но не сакаат тоа да го споделат со луѓето околу себе. Поради тоа се интересни и преставуваат предизвик за секоја жена.rn
Пријатни се
rnПо природа се релаксирани и опуштени, никогаш не се напорни за друштво, не бараат внимание, можат да бидат одлични слушатели. Всушност овие особини ги прават симпатични и пожелни.rn
Специфични погледи кон светот
rnНачинот на кој го гледаат светот е магичен и изненадувачки. Тоа не значи дека се во облаци и нереални, всушност тие сe многу реални и знаат што прават. Имаат добра смисла за хумор.rn
Прекрасни партнери
rnСамопрашувањето им е главна особина и тоа ги прави перфекционисти и личности кои сакат сè да помине во најдобар ред. Жените многу ја ценат оваа особина и таков партнер сакаат покрај себе.rn
Интелигентни се
rnНа жените им се привлечни мажи со кои можат да зборуваат со часови и истовремено да ги слушаат. Љубопитни се, истражуваат, а жените сакаат ваков тип на мажи за врска.rn
Се познаваат самите себе
rnМногу добро знаат што сакаат, а што не. Ги знаат своите вредности, имаат животна цел и знаат на кој начин да ја остварат. Одговорни се, а тоа и го бараат од другите. На овие мажи може да им се верува.