Автор: Симона РистоскаrnrnНовата кампања на „RED Valentino“ за претстојната сезона е вистинска бајка која ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ја поттикне имагинацијата. Задржувајќи ја софистицираноста на Валентино, но сепак со чувство на современост и доза екстравагантност, таа ве воведува во една магична земја каде моделите се трансформирани во принцези, а модните писти во таинствени шуми. Кампањата е снимана во „Parco dei Mostri“ (Паркот на чудовиштата), кој е лоциран во Бомарцо, Италија.Првичната идеја на креативните директори Марија Грациа и Пјер Паоло Пиколи била да ја доловат маѓепсаната шума, во која хероините постојано ги откриваат имагинарните и волшебни светови на романтични принцези и лоши кралици. Она што е сигурно е дека нивната идеја одлично изгледа спроведена на дело.Она што новата колекција го нуди е истакнување на романтиката и женственоста. Слатки и симпатични фустанчиња, полни здолништа, деликатни машнички и куси палта, сè тоа во неутрални и пастелни бои. Колекцијата опфаќа од заводливи фустани до секојдневни шик парчиња, а дизајнерите тврдат дека во нив ќе се чувствувате како вистинска принцеза на модата!rnrnПодолу можете да погледнете избор од парчињата облека кои со сигурност ќе бидат и повеќе од актуелни во светот на модата оваа пролет и лето. Се надеваме дека оваа неодолива колекција ќе ве инспирира и ќе ве натера да го разиграте вашиот стил во топлите денови кои полека, но сигурно доаѓаат.rnrn
Вечно интересната тема, љубовта, отсекогаш била извор на инспирација како за познати поети, писатели, музичари, така и за обичните луѓе кои секојдневно прават необични нешта во име на љубовта. Битлси пееја „Сè што ни треба е љубов“ а ние велиме – љубов и малку имагинација. Во секој од нас се крие романтична душа, а сè што ни треба понекогаш е само мал поттик за да ги изненадиме саканите со некој убав гест. Се надеваме дека следниве слики ќе ви го исполнат денот со малку повеќе романтика и љубов. Можете да ги поставите како десктоп позадини или да ги споделите со некого кој знаете дека би уживал во нив.rnrn1600 × 1200rnrn1920 × 1200rnrn1920 × 1200rnrn1600 × 1200rnrn1400 × 1050rnrn1600 × 1200rnrn1920 × 1200rnrn1600 × 1200rnrn1600 × 1200rnrn1920 × 1440rnrn1600 × 1200rnrn1280 × 1024rnrn1600 × 1200rn
Филм за животните трагедии и за игнорирањето на суровата реалност со која мораме да се соочиме за да продолжиме со живототrnrnrnРежија: Џим ШериданrnrnСценарио: Дејвид ЛукаrnrnУлоги:Даниел Крег, Рејчел Вајс, Наоми Ватс, Матрин Кокас, Тејлор Гир, Марк Вилсон, Џонатан ПотсrnrnВреметраење:92 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 30 септември 2011rnrnЖанр:психолошки трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrn
Одбивањето на суровата реалност и затворањето во свој имагинарен свет е психолошко нарушување кое многупати досега било предизвик за филмаџиите. „Куќа од соништата“ е уште еден потресен филм, во кој на едноставен начин е прикажано што се случува кога нашиот мозок одбива да ја прифати трагедијата и да се соочи со последиците од неа. Тогаш замислуваме дека живееме во свет во кој сè е беспрекорно убаво. Но, наеднаш потсвеста испливува на површина, ни ја открива вистината од која упорно бегаме и нè враќа во кошмарот со кој одново треба да се соочиме. Покрај психијатрите и менталните институции, за да ја пребродиме трагедијата и да продолжиме понатаму, потребни ни се голема храброст и безусловна поддршка од пријателите. rnrnВо филмот се испреплетуваат неколку веќе видени холивудски приказни, кои на почетокот може да ве наведат на погрешен заклучок. Можеби ќе помислите дека се работи за излитен хорор, но ако ги издржите првите сцени и не го исклучите телевизорот, ќе ви биде мило што сте му дале шанса и на ова остварување на Шеридан.rnrn
rn
rn
rnПриказна: Филмот започнува кога главниот лик Питер (Даниел Крег) се враќа од ментална институција во неговата стара напуштена куќа, која е речиси распадната и прекриена со графити. Но, во неговата глава сè е поинаку. За него, душевната болница е фирмата во која работи и од која дава отказ, со цел да му се посвети на семејството. Питер замислува како го напушта бурниот градски живот и се враќа во неговата куќа, во мирното предградие во Англија, каде живее удобен живот од соништата, заедно со неговата сопруга (Рејчел Вејс) и со двете ќерки. Питер не е свесен дека тие се мртви и дека тој бил обвинет за нивното убиство, по што бил прогласен за луд и затворен во душевна болница. По пет години рехабилитација, неговиот психијатар констатира дека е излечен и тој ја напушта болницата.Во имагинарниот свет кој Питер го создал за време на сеансите, одбивајќи да се соочи со трагедијата, тој креирал нов идентитет. Од шифрата W1-1L 8-10-10 под која се лекувал, го сменил името во Вил. Смислил нови имиња и за сопругата и за ќерките. Но, кога се враќа во куќата, на Питер полека почнува да му проработува потсвеста и да се присетува на некои работи. Најпрво не ја препознава неговата сосетка Ен Петерсон (Наоми Ватс) и блиска пријателка на неговото семејство. Таа станува свесна дека Питер сè уште не е излекуван и дека ги замислува мртвите ќерки и сопругата. Клопчето започнува да се одмотува кога на Питер му се причинува дека неговите ќерки гледаат како некој човек ги набљудува. Полицијата одбива да му помогне и тој одлучува да поведе сопствена истрага…Глума:Крег, Вајс и Ватс одлично се носат со улогите, но слободно можеме да кажеме дека сме ги виделе во многу подобро светло. Ова се едни од нивните посиромашни филмски ангажмани, во кои најверојатно повеќе би уживале на почетоците на нивната кариера. После овој филм, се роди нова љубов меѓу Крег и Вејс, која подоцна беше крунисана и со брак.Кога и како да го гледате:Веднаш да ви кажеме дека овој филм не беше баш најдобро прифатен од филмските критичари. Некои го оценија како тотално промашување. Но, од публиката доби малку поинаков одговор, па затоа и ви го препорачуваме.rnrn„Куќа од соништата“ е најдобро да го гледате на крајот од неделата, сами или со вашите кино-сојузници, со кои подоцна би можеле да дебатирате дали познавачите на филмот се во право или сè е до вкусовите и на крајот на краиштата, главниот збор го има публиката. Сместете се удобно во омилената фотелја или на каучот, не заборавајте ги грицките, бидејќи некои сцени се неми и траат малку подолго од вообичаеното, па тишината ќе можете да ја разбиете со крцкавите звуци. 🙂rnrn
Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.rnrnПрочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.rnrnrn
„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“
rnЛуѓето не се раѓаат талентирани. Љубопитноста е она што постојано не бутка напорно да работиме во некоја насока во животот. Тоа значи дека следењето на љубопитноста е тајната на човековиот успех.rn
„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“
rnСо упорност желката успеала да го победи зајакот. Дали сте доволно трпеливи и истрајни по патот кој ќе ве одведе до посакуваната дестинација? Се вели дека целата вредност на поштенската марка се состои во нејзината способност да остане залепена на нешто, додека тоа нешто не пристигне на вистинското место. Бидете како поштенската марка, завршете го патувањето кое сте го започнале.rn
„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“
rnСекој кој пробал да седи на две столчиња, завршил на подот. Секој може да постигне многу, но не сè. Научете да бидете присутни онаму каде што сте во моментот. Дадете сè од себе за да го направите како што треба, она што во моментот ве окупира. Фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува вашиот успех или неуспех.rnrnrn
„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“
rnДали секојдневно ја користите вашата имагинација? Ајнштајн рекол дека таа е многу побитна од знаењето. Вашата имагинација е генералната проба на настаните кои ќе ви се случат во иднина. Ајнштајн сакал да каже дека вистинската мерка за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност и треба постојано да работите на нејзино разработување.rn
„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“
rnАко вашето срце ви вели дека треба некако да постапите, тогаш немате причина зошто да стравувате дека тоа ќе биде погрешен чекор. Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот.rn
„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“
rnЕдинствениот начин правилно да ја адресирате вашата иднина, е да бидете што е можно поприсутни во сегашноста. Не можете во моментов да го промените минатото ниту иднината, па затоа е од голема важност целосно да се посветите на она што се случува сега. Сегашноста е единственото време кое е важно и единственото време кое е реално.rnrnrn
„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“
rnНе трошете си го времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако доволно вредите, ќе го привлечете успехот кон вас. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате и искористете ги на начин, кој ќе им биде од голема корист на другите луѓе. Ако сте доволно вредни, успехот сам ќе ве пронајде.rn
„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“
rnНе можете постојано да правите една иста работа и да очекувате таа да роди различен резултат. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, морате и себеси да се промените, односно да го промените начинот на кој размислувате и постапувате.rnrnrn
„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“
rnЗнаењето произлегува од искуството. Можете да умеете да дискутирате на некоја тема, зашто имате познавање за истата, но таа дискусија ќе ви овозможи само филозофски да ја сфатите проблематиката, а за вистински да знаете за што говорите, морате да зборите од искуството. Која е лекцијата која Ајнштајн сакал да ја пренесе? Стекнете искуство! Не трошете го залудно вашето време затскривајќи се зад разни шпекулации. Излезете и направете го тоа што сакате да го направите и ќе се стекнете со бесценето знаење.rn
„Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“
rnПостојат две нешта кои треба да ги направите за да бидете успешни и задоволни од себе. Прво, научете ги правилата на играта која ја играте. Не звучи како многу возбудлива работа, но е витална за вашиот успех. Второ, морате да се посветите на играта подобро од сите други. Ако ги направите овие две работи, успехот е ваш.rnrn rnrn
Автор: АнаrnrnИнтересен е начинот на којшто многумина размислуваат… Уште поинтересен е различниот свет на карактерни особини кој не опкружува. Имагинацијата на секој поединец понекогаш оди до такви нивоа на неверојатност што е невозможно да не се забележи, прочита, па многу често и да ни помогне… Книги. Неколку пати споменати во моите колумни, но ми се чини како никогаш да е доста… Толку различни содржини во толку различни форми… Класични, дигитални…rnrnЗа денес се одлучив да ви говорам за оние кои претставуваат уметност секоја за себе. Нивните содржини, некласично претставени пред вашите очи, создадени да ве забавуваат и да ви дадат друга перспектива на нивното веќе познато постоење. Одбрав неколку омилени за мене…rnrn„Tree of codes“ на Џонатан Сафран Фоер е дефинитивно прва за која ќе ви говорам. Оваа книга не само што ќе ви го збогати умот со уште неколку приказни, туку ќе ви овозможи и да ја преуредувате приказната која ја читате онака како што сакате. Првично напишаната омилена приказна на Фоер: „Улицата на крокодилите“ од полскиот Автор Бруно Шулц , е преуредена на тој начин што се одземени делови од текстот, односно исечени делови и реченици на кои е оставено празно место, кое вам ви овозможува да ја создадете приказната по крој на вашата сопствена имагинација и желба, поставувајќи ги страните онака како што ви одговара… Неверојатно креативно и инспиративно, како што би рекол и самиот Фоер:rn.rn
„Си помислив, што ако би отишле до таква екстрема и би создале, не нешто старомодно и носталгично, но едноставно убаво? Тоа ви помага да се потсетите колку може да ве изненади животот.“ – за интервју за Vanity Fa
rn
„I wonder“ е втората книга која ми остави прекрасен впечаток. Оваа книга можеби нема да им биде интересна на сите, но на оние кои се занимаваат со графички дизајн, би им била омилена „играчка“ . Полна со фасцинатни визуелизации, логика и убавина, оваа книга ви овозможува да направите слика користејќи зборови и знаци.„Alphabets“ е уште една книга која сигурно нема да ве остави рамнодушни. Визуелизацијата на буквите во оваа книга ја зема главната улога, која го задржува вашето внимание без никакво двоумење. Оваа книга ги претставува простите форми на буквите во една сосема друга рамка. Употребувајќи графички дизајн, прекрасна типографија, стари египетски хиероглифи, стари азбуки, разни објекти, буквите не се само букви во оваа книга… Тие се приказни.„The exquisite book“ е книга-парче уметност во буквална смисла на зборот. Создадена е од страна на врвни уметници кои играле игра. Се работи за 100 прекрасни слики поврзани меѓу себе кои 100 сликари ги создале играјќи колаборативна игра. Делата коишто ќе ги видите во оваа книга не само што се неверојатни, секоја со своја приказна за себе, туку претставуваат мост кој ќе ве пренесе преку целосната слика.Секоја книга со себе носи полни куфери со приказни, еден сосема различен свет од оној кој ние го знаеме. Секоја книга подарува многу повеќе од она што ние можеме да го забележиме. Креативноста, фантазијата, играта, се еден мал дел од она што се сретнува во нив. Читајте книги, драги мои, зашто кога би ги споиле сите книги на светот би создале сосема нов универзум.
rnДо следно читање,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна
Погледнете ги прекрасните илустрации на шведскиот илустратор Johan Thörnqvist. Неговиот концепт се базира на цртање имагинарни илустрации врз веќе постоечки реални фотографии.
Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат, филм кој мора да го гледатеrnrnrnГлавни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ, Мајкл Кејн, Мерион Котијард, Џилијан Марфи, Том ХардиrnrnРежисер: Кристофер НоланrnrnЖанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 148 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 2010 (САД)rnrnМузика: Ханс ЗимерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 10/10rn
Исчекувањето во кое не ставија светски познатите филмски критичари по премиерното прикажување на „Почеток“, за многумина беше вистинско измачување. Очекувањето на денот кога „филмот кој е нешто досега невидено“ ќе стигне и во нашите кино сали, беше големо и тешко. Ако сте од оние кои прифаќаат да ги гледаат новите врвни филмски остварувања само со квалитетна слика и звук, тогаш ова е моментот што го чекавте. Почеток е филм кој го заслужи сето внимание кое му го дава публиката, а причините за тоа се многубројни.rn__________________________________________________________________________
rnrn
Приказна: Невозможно е да се раскаже приказната во филмот, без да се откријат деталите кои може да ви го расипат доживувањето. Се чини премногу да се открие и само еден збор кој ќе го опише дејството. Доволно е да очекувате невидена приказна, со толку замрсени елементи вткаени во праволиниска акција, со паралелни дејства, едни во реалноста, други во една друга реалност која ја овозможуваат соништата. Ако ова не ви е доволно, на свој ризик прејдете на следниот пасус.
rn
.
rnrn
„ОК, еве јас ти всадувам идеја во твојата глава и ти велам: „Не мисли на слонови“. На што мислиш?rnrn– На слонови.“
rnДејството е лоцирано во свет во кој постои таква технологија благодарение на која е возможно да се навлезе во умот на човекот за да се украдат важни информации од него. Дом Коб кој го игра Леонардо Дикаприо е лидерот на својот тим од специјалци во разни области (има: хемичар, фалсификатор и архитект), кој треба да заврши една последна задача за да биде повторно во можност да ги види лицата на неговите деца. Тоа е скоро незвомозжна мисија, бидејќи наспроти вообичаеното извлекување информации, овој пат тие треба да успеат да всадат информација во човековиот ум за да спречат конкурентната компанија на нивниот клиент, да стане монопол на пазарот.rnrnrnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn.rn
„Болката е во умот, а судејќи по декорот, ние сме во твојот ум, нели Артур?“
rn
На филмот не му недостасува ниту емотивната компонента, која е всушност стожер на дејството. Приказната во овој момент наликува на онаа во „Островот Шатер“ заради што многумина повлекуваат силна паралела помеѓу ликот на Дом Коб и оној на Теди Дениелс.
rn
rn
Кинематографија и музика: Ништо не недостасува. Совршенството продолжува и во овој сегмент. Без разлика дали имате тенденција да направите анализа на кинематографските елементи или не, не може да не се воодушевите на широките пејзажи и сложени лавиринти, често прикажани од птичја перспектива. Сцените во кои владее состојба на нулта гравитација се просто неверојатни. Тука е споредбата со „Матрикс“, но не ја споредуваме техниката, ниту дали истата напреднала од пред 11 години. Би било неблагодарно.
rn
rn
Иако Матрикс ги воведе овие специјални ефекти во научно-фантастичните филмови, Почеток ги применува сосема сплотени во приказната, толку дозирани за да не преовладуваат, волшебни за да едвај чекаме повторно да се појават. Динамичните сцени магично преминуваат во забрзани снимки, соништата и реалноста се синхронизирани до перфекција, а звукот, на моменти остар и јак, дури ќе ве помрдне од столчето. Убавината на режисерско-музичко-кинематографскиот продукт е несомнена, но и понатаму споредна во однос на перфекционистички развиената приказна, со сите нејзини замрсености.rn.
rnrn
„Доаѓаат овде секој ден за да спијат?rnrn– Не. Доаѓаат за да бидат разбудени. Сонот стана нивната реалност.“
rnКога и како да го гледате: Во моментов имате можност да го гледате филмот во кино и веројатно сега тоа е најдоброто место за тоа. Сепак, со оглед на концентрацијата која ви е потребна во текот на целиот филм, можеби би сакале да ги избегнете поткашлувањата, шушкањата и грицкањето пуканки, звуци кои во стерео мод доаѓаат од присутните во салата.rnrnrnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn.rn
„Кој би сакал да биде заглавен во сон 10 години?rnrn– Зависи од сонот.“
rnАктерска екипа:Веќе навикнавме да го гледаме Леонардо Дикаприо во сериозни филмови со јака приказна. Она што изненадува е улогата на Џозеф Гордон Левит кој сите го паметиме по улогата на детето во „Третиот камен од сонцето“, како и на Елен Пејџ која делува далеку посозреано и посериозно од улогата со која се прослави во „Џуно“. Ефектот на заедничка сплотеност во приказната го надополнува актерската игра на Том Харди и Марион Котијард.rnrnrnrnСлични филмови: „Матрикс“ (Matrix), „Островот Шатер“ (Shutter Island), „Вечен сјај на еден бескраен ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind), Мементо (Memento), „Мрачен град“ (Dark City)