КАФЕ ПАУЗА

Tag: имагинација

  • Најубавите цитати на Волт Дизни

    Најубавите цитати на Волт Дизни

    Сите го сакаат пионерот на цртаниот филм, Волт Дизни. Неговото наследство денес живее не само преку неговите филмови и ликови, туку и неговите цитати кои сме сигурни дека ќе ви ја разгорат имагинацијата и ќе ве охрабрат да ги остварите своите соништа. Прочитајте ги неговите најубави цитати во продолжение.rnrnНајубавите цитати на Волт Дизниrn

    „Дизниленд е резултат на љубовта. Не го отворивме само за да заработиме пари.“

    rn

    „Блиските човечки односи можат да ни послужат како инспирација, но и да ни дадат сила да ги надминеме тешките моменти кои сигурно кога-тогаш ќе надојдат во животот.“

    rn

    „Го сакам Мики Маус повеќе од која било жена која сум ја запознал.“

    rn

    „Најголемите моменти во животот немаат никаква поврзаност со себичните достигнувања, туку со работите што ги правиме за луѓето кои ги сакаме и цениме.“

    rn

    „Забавно е да се направи невозможното.“

    rn

    „Ако можете да сонувате за нешто, можете и да го остварите тоа.“

    rn

    „Дизниленд никогаш нема да биде целосно завршен. Ќе продолжи да се развива сè дур има имагинација на овој свет.“

    rn

    „Не заборавајте дека целата работа започна благодарение на еден глушец.“

    rn

    „Кога ќе дојдете до добра идеја, не откажувајте се. Обидете се да работите на нејзиното остварување сè додека таа не стане реалност.“

    rn

    „Кога верувате во нешто, верувајте во тоа докрај.“

    rn

    „Смеата е безвременска, имагинацијата нема возраст, а соништата се вечни.“

    rn

    „Еден ден научив дека соништата постојат за да бидат остварени. Од тој ден не спијам за да се одморам. Спијам за да сонувам.“

    rn

    „Соништата, идеите и плановите не се само прибежиште, тие ми ја даваат смислата во животот и храброста да продолжам понатаму.“

    rn

    „Единствениот начин да ги остварите своите соништа е да престанете да зборувате и да се фрлите на работа.“

    rn

    „На денешните млади им порачувам да веруваат во иднината – светот ќе стане подобро место за живеење.“

    rn

    Откако ги прочитавте најубавите цитати на Волт Дизни, ви препорачуваме да прочитате и 20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Уметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинација

    Уметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинација

    Дали се сеќавате на својата детска соба? Сигурни сме дека во неа сте се чувствувале среќни и безбедни. Но, за некои родители императив е да ги претворат собите на нивните деца во магични светови, место кое ќе им послужи како вистинска инспирација на децата. Уметницата позната како Дарина се чини дека е совршениот избор за оваа идеја. Таа ги трансформира детските соби во рачно насликани мурали кои ги доловуваат чудата на природата и детската имагинација.rnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnСекој мурал наликува на сцена од анимиран филм. Од мајмуни кои се нишаат на гранките од дрвјата во џунглата, па сè до величествените китови кои пливаат во океанот, се добива впечаток дека животните оживуваат на ѕидовите. Секој мурал навестува некакво движење за да ги поттикне децата да замислат што е тоа што ќе се случи следно. Еден мурал дури и прикажува ракета што полетува во вселената!rnrnВо продолжение погледнете дел од овие инспиративни мурали.rnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnУметница креира волшебни мурали за детски соби и ја доловува детската имагинацијаrnrnОткако ги погледнавте овие преубави мурали за детски соби, можеби ќе сакате да ги погледнете и неверојатните мурали со слонови кои ја разубавуваат околината.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Еден турски уметник создава сцени од соништата што ќе посакате да ги видите и во реалниот живот

    Еден турски уметник создава сцени од соништата што ќе посакате да ги видите и во реалниот живот

    Имагинацијата е поважна и од знаењето, рекол Ајнштајн. Знаењето е конечно, а имагинацијата е бескрајна. Оваа изрека е особено точна за креативните личности како овој талентиран уметник од Турција, Хусеин Шахин. Тој ги подигна границите на возможното преку неговите волшебни дела, и ние навистина сме восхитени од неговата заслепувачка имагинација.rnrnЕден турскиот уметник создава сцени од соништата што ќе посакате да ги видите и во реалниот животrnrnСе надеваме дека овие уметнички креации ќе го задржат и вашето внимание.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот.

  • 7 неверојатни митови за меморијата кои сигурно не сте ги знаеле

    7 неверојатни митови за меморијата кои сигурно не сте ги знаеле

    Секој човек има сеќавања. Некои од луѓето велат дека имаат подобра меморија, некои пак се жалат дека потешко запаметуваат имиња, ликови, датуми… Меморијата и способноста на мозокот да памети одредени настани и случки е особено интересна област за истражување. Постојат многу студии кои ја опфаќаат оваа тема, но истовремено има и многу митови во кои луѓето веруваат, а се поврзани со меморијата. Можеби и вие не сте знаеле за овие 7 нешта поврзани со нашите сеќавања…rnrn(1) 7 мита за меморијата кои не сте ги знаелеrn

    1. Нашите сеќавања се само наши

    rnВистината е дека сеќавањата се општествени конструкции. Секој пат кога споделуваме некое сеќавање со околината, ние го обновуваме. На пример, многу често нашите мемории ги адаптираме или ги правиме позабавни за луѓето на кои им ги раскажуваме. Затоа, добрите приказни со секое ново прераскажување, стануваат уште подобри. Од друга страна, секој пат кога ќе слушнеме нечија верзија за одредена случка, постои можност да ги „украдеме“ сеќавањата на личноста која ни раскажува. Многу често потоа ги вметнуваме во нашата верзија, па дури почнуваме да веруваме дека тоа навистина нам ни се случило. Всушност сите ние сме „крадци на сеќавања“, а не сме свесни за тоа.rn

    2. Лаже оној кој не ја кажува вистината

    rnЛичноста која раскажува нешто што очигледно не е точно, не значи дека лаже, туку можеби станува збор за нешто што се нарекува „лажно сеќавање“. Лажната меморија е сеќавање што раскажувачот го чувствува како вистински настан, дури и ако на одреден начин, не е точно. Можеме да имаме лажни сеќавања во врска со мали детали, како на пример погрешно запаметени имиња на луѓе, па дури и цели настани кои не ни се случиле ниту нам, ниту на некој друг.rn

    3. Долготрајната меморија вклучува сеќавања од барем неколку месеци

    rnКога научниците говорат за „краткотрајна меморија“ тие мислат на информации кои се складираат во мозокот околу 30 секунди. Сè што останува подолго од 30 секунди се смета за „долготрајна меморија“. Оваа меморија може да трае една минута, или цел живот.rn

    4. Се сеќаваме на настани кога сме биле бебиња

    rnНаучниците вообичаено тврдат дека не е возможно да имаме сеќавања од возраста до две и пол години. Тоа, како што објаснуваат, е затоа што нашиот мозок до таа возраст не е доволно голем и зрел, да си направи организација на светот што нè опкружува и потоа да ги сними настаните. Овој феномен е познат како „детска амнезија“. Научниците понатаму тврдат дека човекот има „делумна детска амнезија“ на возраста меѓу три и седум години, кога нашата меморија сè уште не е толку добро развиена и долготрајна, како по седумгодишна возраст.rn

    5. Има нешто што се нарекува фотографска меморија

    rn„Фотографската меморија“ не постои. Најблискиот термин до овој феномен е еидетско помнење – исклучителна меморија за настани и слики. Околу 5% од децата имаат ваков тип меморија, но тоа наместо да претставува ментална супер моќ, може да укажува и на некаков проблем во развојот.rn

    6. Сите се сеќаваат каде биле за време на важни историски настани

    rnКога сме сведоци на важни историски настани, вообичаено секој човек има точна и многу реална слика за тоа каде бил и што правел во тој момент. Од поновата историја, за пример може да ги земеме бомбашките напади во Париз, уривањето на кулите „Близначки“ на 11-ти септември или смртта на принцезата Дајана. Но, тие сеќавања за тоа каде сме биле и што сме правеле, многу често не соодветствуваат со реалноста и не се најточни. Довербата во нашите сеќавања, поврзани со таквите моменти е често на многу високо ниво, што укажува дека токму таа може да биде лош показател за точноста.rn

    7. Имагинацијата и меморијата се две сосема различни работи

    rnНо, всушност и не се. Нашите сеќавања се неверојатно сложени, флексибилни и креативни. Ние ги користиме истите делови од мозокот за да ги замислиме нештата коишто се случуваат преку употреба на нашата имагинација, исто како кога ги паметиме работите. Бидејќи, истите мозочни ќелии можат да се употребуваат за имагинација и помнење, овие два процеса можат да се измешаат. Па така, многу често може да ги измешаме работите кои сме ги замислувале, со нештата кои вистински сме ги доживеале. На овој начин, научниците кои ја истражуваат меморијата кај човекот, можат да ги убедат луѓето дека доживеале одредени емоционални настани, кои всушност воопшто и не се случиле.

  • Креативен фотограф создава нови светови со помош на играчки и својата голема имагинација

    Креативен фотограф создава нови светови со помош на играчки и својата голема имагинација

    За да бидете креативни мора да го одржувате во живот детето во себе. Мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез Родригез е возрасен човек кој никогаш не престанал со играње. Тој ги создава неговите величествени фотографии со помош на малечки играчки.rnrnКреативен фотограф слика мали играчки со голема имагинацијаrnrnФеликс вели дека неговите фотографии не се тоа што постои во светот, туку тоа што постои длабоко во него. Фотографот креира магични сцени со помош на секојдневни продукти, како брашно за да имитира снег или чад од цигара за да направи атмосфера. Тој ги комбинира реалните и намалените модели со помош на бујната имагинација и Фотошоп, а исто така користи и макро леќи и техника наречена „сложување на фокусот“, при што се спојуваат повеќе фотографии за да се добие поширок фокус.rnrnrnrn

  • 9 животни поуки кои ги научивме во претшколска возраст

    9 животни поуки кои ги научивме во претшколска возраст

    Ах, забавиште. Навраќање на времето кога бевме само палави, весели деца со огромна имагинација и уште поголеми срца, кои трчаат наоколу без никакви грижи. Кога бевме во забавиште нашата најголема грижа беше што требаше да ги делиме играчките за време на часовите предвидени за игра или да одлучиме дали домашната задача ќе му ја дадеме на тато или на мама.rnrn9 животни поуки кои ги научивме во претшколска возрастrnrnИако се чини дека малите дечиња во локалното забавиште се таму само да си играат, всушност тие учат фундаментални вештини кои подоцна ќе им помогнат да преживеат во суровиот свет.rnrnДобро, можеби не учат како да плаќаат данок или како да напишат биографија, но сепак учат важни вештини кои ќе им бидат од голема помош во иднина.rn

    1. Во забавиште тимската работа е задолжителна

    rnОваа вештина се учи уште од најрана возраст, па можеби и не сме свесни дека е важна. Во забавиште секогаш има активности кои побаруваат малите деца да работат заедно со цел да ја завршат задачата брзо и ефикасно. Замислете некое дете да мораше само да ја средува собата со играчки.rn

    2. Секогаш моравме да размислуваме „надвор од кутијата“

    rnАко претставите проблем пред дете од претшколска возраст и просечен бизнисмен, и од нив побарате да го решат, секако детето со својата имагинација ќе изнајде нереално и непрактично решение.rnrnНо токму тоа му треба на светот, креативност. Црно-белото размислување и размислувањето „во рамките на кутијата“ никогаш не резултира со нови идеи. Најлудите и најкреативните луѓе се тие кои можат да направат промена во општеството.rn

    3. Однесувајте се кон другите како што сакате тие да се однесуваат кон вас

    rnКолку пати во животот сте го слушнале ова? Секој сака да биде почитуван и ценет. Но ако вие не се однесувате љубезно и со почит кон луѓето, тоа ќе значи дека вашите колеги, љубени, пријатели и роднини ќе бидат несреќни. Тимската игра е клучна за успешен бизнис, а секако и за успешна љубовна врска. Таа подразбира взаемна почит и разбирање.rn

    4. Комуникацијата е тајната на секоја успешна врска

    rnИма една интересна случка со деца на претшколска возраст. Едно дете било обвинето дека наводно на некое девојче му рекло дека е грдо. Учителката ги седнала во аголот еден до друг за да ја објаснат својата страна од приказната. После петминутно одбивање, децата ја раскажале својата приказна за случката. Ова е важна лекција бидејќи двете деца научиле колку е важно да се споделуваат мислите, идеите и чувствата.rnrnОва важи за сите врски, вклучувајќи ги и љубовните, односите со членовите од семејството, колегите, па дури и со претпоставените на работното место.rn

    5. Вашата мајка знае најдобро

    rnСекако, за да ја научиме оваа лекција треба да помине подолго време, но кога сме во забавиште се чини дека мајките знаат што е најдобро.rnrnТаа знае да ги излечи гребнатинките од вашето колено, знае како да ја третира вашата настинка, како да ги реши тешките математички проблеми, како да реагирате кога вашиот најдобар другар ќе најде друг најдобар другар и сѐ останато.rnrnМожеби мајките не се магионичари кои можат да ги решат сите проблеми, но тие секако имаат доволно знаење кое може да ви помогне во која било ситуација, без разлика дали и самата имала слично искуство или едноставно затоа што мајките нѐ познаваат најдобро.rn

    6. Вашиот татко е вистински суперхерој

    rnКога сме малечки деца, често знаеме да кажеме дека нашите татковци се суперхерои кои секогаш би нѐ спасиле од неволја. И навистина, сетете се како вашите татковци ви раскажувале приказни за добра ноќ, ве чувале од чудовиштето во плакарот, ви помагале со домашните задачи и биле секогаш тука да ги избришат солзите од вашето лице.rnrnТатковците нѐ научија како да се однесуваме со другите, како да си го зачуваме сопственото достоинство и најважно – како сакаме другите да се однесуваат со нас. Тие секогаш ни даваат корисни совети, но ние често сме ги отфрлале тие совети, за на крај пак сѐ да испадне како што кажувале тие.rn

    7. Секогаш има време за забава

    rnИстрчајте, прочитајте книга или едноставно наполнете ја кадата и релаксирајте се. Направете нешто што ќе ве опушти. Седнете и уживајте во сонцето. Секогаш најдете време за вас, и секогаш најдете време за забава.rn

    8. Пакувајте ја вашата ужина

    rnУжината е најважна за вашиот опстанок во забавиште. Добро, можеби ова е малку претерано. Но никогаш нема да знаете колку ќе трае вашиот состанок или кога воопшто ќе се вратите дома. Секогаш имајте нешто за јадење со вас: јаболко, чоколадо или смоки. Бидете подготвени. Ако сте гладни, тогаш сте лошо расположени.rn

    9. Може да дремнете каде сакате и кога сакате

    rnЕдноставно верувајте дека ова е точно. Никогаш не сте престари за пладневна дремка. Имате еден час пред почетокот на вашето омилено шоу? Слободно дремнете. Ако имате 30 минути пред вашиот термин на доктор? Дремнете.

  • Едноминутен тест кој открива интересна тајна за вашиот карактер

    Едноминутен тест кој открива интересна тајна за вашиот карактер

    Дали некогаш сте биле заинтересирани да откриете колку вашата личност е поводлива? Овој брз и едноставен тест може многу лесно да ви помогне доколку сакате да добиете одговор на ова прашање.rnrnЕдноминутен тест кој открива интересна тајна за вашиот карактерrnrnВидеото започнува со научникот Ричард Вајзман, кој стои во портокалова просторија. Тој ќе побара од вас да ги затворите очите и да ги подигнете рацете хоризонтално, исправени пред вас, додека тој ви објаснува една интересна сцена. Она што вашето тело ќе го направи за време на оваа приказна може многу да ви каже за вашата личност.rnrnВие или сте со добра имагинација, или сте приземјени или сте личност која претерано се сомнева во сè. Кој би рекол дека сè ова може да биде откриено во само еден краток тест? Без разлика на тоа колку пати ќе се обидувате да го направите, вие секогаш ќе го добивате истиот резултат. Па, ајде обидете се и споделете ги вашите резултати со нас. Што мислите, дали овој тест точно ја отслика вашата личност?rnrn

  • 10 трикови кои ќе ви помогнат во пишувањето книга која вреди да се прочита

    10 трикови кои ќе ви помогнат во пишувањето книга која вреди да се прочита

    Секој може да напише книга. Доволни ни се идеја која знаеме во која насока сакаме да ја развиеме и молив и лист (или компјутер) со чија помош ќе ја преточиме идејата во зборови. Имагинацијата и желбата за пишување може да нè одведат на места на кои не сме ни сонувале да заминеме, а тоа е и убавината во пишувањето – нè тера да сфатиме каде и кога сакаме да бидеме.rnrn(2)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mkrnrnНо како и за сè друго, така и при пишувањето книга потребни ни се неколку мали трикови кои ќе ни ја олеснат работата. Следниве 10 добро си ја вршат задачата досега.rn

    1. Пишувајте помалку, не повеќе

    rnНедостатокот зборови не е никогаш проблем наспроти неспособноста да препознаеме кога е време да престанеме со опишување. Затоа најпаметно е да ја напишете основата, а потоа додавајте и проширувајте каде што сметате дека има простор за тоа.rn

    2. Одберете област и книги со кои ќе се натпреварувате

    rnАко знаете за што сакате да пишувате, тогаш знаете во која област припаѓа вашата книга и кои книги ќе ви бидат конкуренција. Потребно е да знаете со кои книги и автори ќе се натпреварува вашата книга поради улогата на фокусот кој е неопходен во вашето пишување. Кога знаете во која насока и со која цел пишувате, ќе оди многу полесно.rn

    3. Тестирајте го напишано

    rnСекоја нова напишана глава прочитајте им ја на група луѓе и видете како ќе реагираат на неа. Тоа може да биде и само мал извадок со цел да видите дали на публиката ѝ се допаѓа. Повратната реакција е од витална важност, па на база на неа можете да продолжите со пишување или нешто да промените.rnrn(1)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mkrn

    4. Потребен ви е уредник и тоа што побрзо

    rnПотребно ви е професионално мислење кое што побрзо го добиете, тоа подобро. Ви треба да знаете реално до каде сте, во која насока е пожелно да се движите, што ви фали или што имате и повеќе од доволно. Секој уредник функционира на свој начин, па убаво е да најдете некој со кој можете да работите заедно.rn

    5. Најдете си коавтор

    rnНајдобриот начин да станете одличен писател е да читате. Читањето и тоа што повеќе е единствениот начин на кој можете да ги проширите видиците и да дознаете нешта кои можеби ќе ви притребаат, а моментот кога ќе почнете да пишувате сфаќате колку малку всушност имате прочитано. Коавторот е од голема помош тука бидејќи може да чита и истражува за вас и потоа да ви пренесува и асистира во пишувањето.rn

    6. Не зборувајте предвреме

    rnКога нешто се рекламира и за нешто се зборува многу, тогаш тоа нешто се очекува доста брзо и да биде многу квалитетно. Исто е и со книгата. Народот не сака многу да чека, па кога ја најавувате вашата книга многу долго, ќе се очекува од вас да биде брзо напишана и да биде одлична. Заштедете си себеси време и нерви и оставете си го просторот кој ви е потребен за книгата да биде напишана како што треба.rnrn(3)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mkrn

    7. Бидете книгата

    rnКнигата ќе биде многу повеќе читана и препорачувана ако луѓето веруваат дека преку неа дознаваат нешто повеќе за вас како автор. Бидете книгата, внесете се себеси во неа, пишувајте го она кое го чувствувате.rn

    8. Корицата е многу важна

    rnФакт е дека она што прво ги привлекува читателите е корицата на книгата. Навистина ретко, доколку не знаат што точно бараат, читателите ќе се фатат за книга со досадна корица. Едноставно, но впечатливо и примамливо. И никогаш само тоа што доликува на насловот и напишаното.rn

    9. Не брзајте со бирање на издавач

    rnАко вашата книга е добра, тогаш секоја издавачка куќа ќе ја сака. Но немојте да избрзувате и да го изберете првиот издавач само бидејќи звучи како добра понуда. Разгледајте си ги можностите и одлучете помеѓу оние опции кои се најмногу во ваша полза.rn

    10. Не бидете пресериозни

    rnАко ги земате и сфаќате работите пресериозно, тогаш никогаш нема да завршите со пишувањето. Во сѐ ќе ја барате и најмалата работа која ви пречи и ќе менувате и преправате одново и одново. Опуштете се и уживајте повеќе во целината отколку во секој детаљ. Не се преиспитувајте постојано. Па тоа е само книга на крајот на краиштата.rnrn(4)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mkrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделе

    Колекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделе

    Фотографиите со долга експозиција се добиваат со долга отвореност на блендата. Toa е времето кое на вашиот фотоапарат му е потребно да се отвори додека се снима фотографија. Во тоа време додека е отворена блендата, светлината го удира филмот или сензорот и колку повеќе време поминува отворена, толку подраматично влијание ќе има врз вашите фотографии.rnrnКолекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделеrnrnДа замислиме дека сакате да направите фотографија од водопад. Отвореноста на блендата во времетраење од 1 секунда ќе има многу поразличен ефект од онаа која е 1/800 од секундата. Во првата ситуација ќе добиете фотографија на која водата ќе изгледа како полека да се движи, правејќи ја матна, додека пак, во втората ситуација фотографијата ќе изгледа како да замрзнала еден момент од времето, правејќи ја неверојатно детална. Токму тоа била идејата и на голем број артисти кои експериментирале со различно време на отвореност на блендата, што резултирало со фотографии кои се магични и исклучителни. Погледнете ја оваа разновидна галерија која ќе ви ја разгори имагинацијата и ќе ве инспирира и вие да почнете да правите ваков вид фотографии…rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Г. Совршен vs. Г. Реален

    Г. Совршен vs. Г. Реален

    Сите имаме некаква замисла за тој некој совршен или пак, таа совршената. На листата на девојките најчесто оди: висок, развиен, богат… немам ништо против ако има кралско потекло. Пред некое време слушнав многу јака теорија (претпоставувам дека е „генијален изум“ на некој од писателите на книги за самопомош или солење памет од типот на „The Secret“): пробај на лист хартија да го нацрташ твојот совршен и ќе видиш дека ќе го запознаеш за брзо. Јас па мислев да нацртам некоја златна песочна плажа во Мексико и да ве поздравам, одам да се сончам!rnrnГ. Совршен vs. Г. РеаленrnrnИзраснавме во светот на Снежана и Пепелашка чекајќи го принцот со штиклата што совршено ни прилега и бранејќи се од женската конкуренција, што воедно отвара друга тема, но ви ветувам дека ќе ја зачнам некој нареден пат. Продолживме во светот на тинејџерството и филмовите адаптирани според новели на Николас Спаркс, за на крај како капак на сè да ни дојде „романтичниот“ серијал „Самрак“ со вампирот што светка на сончева светлина. Па во листата на многу девојки, совршениот ги доби токму карактеристиките на Едвард, (на кои патем, би им препорачала да ја прочитаат „Дракула“ на Брам Стокер, па да го запознаат „вистинскиот вампир“, а не американизираната верзија).rnrnИ така растеме и го чекаме совршениот дури не ни пукне филмот и не свикаме „Каде си бре непрокопсан еден, цел живот те чекам тебе!“ Едно интересно истражување покажало дека дури и жените кои се во брак не се откажуваат од идејата за совршениот, не престануваат да се надеваат дека ќе наиде некој подобар. Таа сонувала за лошо и бестрашно момче, за набилдан батка кој руши сè пред себе и откако видела колку е тежок за „скротување“ се одлучила за оној кој ѝ нуди смирен, семеен живот. Оној кој ќе биде добар татко но никогаш нема да ја возбуди толку, ниту пак ќе ја натера да копнее по него толку колку идеализираната илузија во нејзината глава. Мора ли така да биде? Какви се нашите очекувања? Кои ни се идеалите за совршен партнер? Дали некогаш просто бараме премногу?rnrnШто се случува кога сонуваме за некој од типот на Хју Џекмен и го добиваме но сепак не сме задоволни? Зошто? Можеби тој едноставно не бил оној кој вистински ни бил потребен.rnrnВрските се комплицирани и бараат работа, бараат компромиси и прифаќање на многу несовршености. Дали љубовните врски ги гледаме како обврска? Дали сонот и копнежот по совршениот или совршената е само изговор?rnrnМожеби некогаш вреди да се запрашаме дали ние ги исполнуваме сите критериуми кои би се нашле на нечија листа?rnrnНо ако ме прашувате мене, јас сакам луда љубов, слатко несовршена, сакам љубов исткаена во стихови, сокриена меѓу тревите под летната роса, толку жешка што ги топи сите снегови во душата. Сакам некој кој ќе му ја „изџвака“ душата на оној кој би пробал да ме повреди, кој ќе ме засркнува од смеење секој ден и ќе направи да се чувствувам безбедно и да спијам како бебе кога ќе падне ноќ. И нејќам да плачам на плитки романтични филмови, туку на раат да си се исплачам кога ја читам последната песна на Алан По за својата Анабела Ли. И не сакам мојот идеален да биде жаба, ни вампир, ни потомок на Елизабета II.rnrnМожеби вистинската грешка ни е што не знаеме да ја потцртаме таа линија, да ја видиме разликата меѓу совршениот кој го креираме како илузија во нашите глави, и реалниот, оној кој е тука, кој би сторил сè за нас, кој вистински постои и не е производ на нашата имагинација.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.