КАФЕ ПАУЗА

Tag: имагинација

  • Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

    Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

    Дечињата имаат бујна фантазија благодарение на која постојано создаваат фантастични универзуми од најобични секојдневни предмети. Така, стапчето станува меч, железните огради стануваат автопати, а фалтите од облеката од нивните родители се користат за да се создадат планини, ридови или бранови на бурно море.rnrnЗабавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинацијаrnrnБританскиот фотограф Џозеф Форд, со помош од уметничката режисерка Стефани Бјусре и стилистите Марио Фаундес и Алмут Вогел, креирале фантастична модна фотосерија инспирирана од детската имагинација, соединувајќи одбрани парчиња облека, со пејзажни фотографии направени од птичја перспектива.rnrnЗабавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинацијаrnrnИ покрај тоа што пејзажните фотографии направени од вешти пилоти биле доста предизвикувачки, сепак фотографиите од облеката направени во студио, му одземале многу повеќе време на Форд, а за некои му биле потребни дури 12 часа работа.rnrnЗабавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинацијаrnrnФотографиите од пејзажите се направени на разни локации во Сицилија, Мароко, Сардинија и Маврициус.rnrnЗабавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинацијаФотосеријата е наградена од страна на британската Асоцијација за награди за фотографи и од страна на Интернационалните награди за фотографија.rnЗабавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шеќерна волна

    Шеќерна волна

    Постои фаза во животот на малите дечиња кога тие негуваат пријателство со некое замислено другарче. Навистина не можам да се сетам дали и јас сум имала пријател од таков калибар. Како дете не бев баш дружељубива, воглавно бев сама во својот свет, па можеби и не ми бил потребен дури ни замислен пријател, а можеби сум го имала, но ме налутил по што не ни заслужил да го паметам. Сеедно. Во возбудливиот свет на пишаниот збор, повторно посегнав по дело потпишано од авторката која се прослави со големиот романтичен хит „П.С. Те сакам“. На мое изненадување, не станува збор за клише романтична приказна, туку за еден прекрасен, имагинарен детски свет.rnrnБаш како што вели замислениот пријател на Лук, возрасните се просто премногу здодевни за да можат да го видат. Тие ги живеат своите досадни животи, преокупирани со плаќање сметки и со работа, и во суштина не се фокусираат на работите кои ги имаат туку на нештата кои им фалат. Напати не разбираат колку нештата можат да бидат едноставни и дека навистина во животот постојат многу причини за среќа. Кога децата имаат потреба од таков другар, тој се појавува во нивните животи, а возрасните одбираат да не веруваат во него. Тие, за разлика од децата, одат во кревет за да се одморат, а не да сонуваат.rnrnКоја ми е целта? Полека, смирено, сега ќе ви раскажам и друга случка, па на крај сами поврзете ги точките…Шеќерна волнаНеодамна стигна писмо адресирано до мене, од среќа потскокнував дури го читав. Последното писмо рачно напишано за мене пристигна во 3-то одделение и беше од непознато другарче. По толку години и безброј електронски пораки го почувствував пак она старо добро чувство на лист хартија кој пристигнува речиси од другата страна на светот специјално за тебе. Ѝ се поклонувам на технологијата и само нека оди напред, ама богами ова „старомодново“ ми ја топли душичката.rnВо писмото, старата женичка која ја запознав пред 2 месеци, ме поздравува и бодри да итам смело кон моите соништа, бидејќи сите сме родени за нешто, а можеби и за повеќе работи. Паметам дека последниот пат кога се видовме, тие стари и треперливи очи целосно ми ја отворија нејзината душа. Ми ја раскажа својата животна приказна како да ѝ влевав сигурност дека секој нејзин збор ќе остане заклучен во моето срце. Ме потсети дека сите ние неретко итаме кон глупави и плитки работи наместо да дозволиме да нè опијат вистинските вредности во животот.rnrnПа од светот на шминката, високите потпетици и желбата за внимание, се преселив во светот на големите шарени балони со хелиум. Омилени ми беа кога бев дете. Сè што сакав беше да ми купат таков балон, а потем бев најсреќна на светот. По некое време моите престанаа да ми ги купуваат бидејќи по нецели 10 минути ги „испраќав“ на небото. Дали уште како мала сакале да ми одржат лекција дека ако дозволиш твојата желба, она што те прави среќен, лесно да ти се излизга од раце, можеби нема да имаш шанса да го добиеш пак?rnrnЕте, порано среќна ме правеле балоните со хелиум. Денес ме хипнотизираат светкавите задоволства од излозите со накит. Веќе ми е страв од самата себе, што ќе посакувам за некое време? Затоа решив да прошетам и да ги набљудувам големите балони, некои со нови детски јунаци, а некои со омилените од моето детство. Гледам девојче кое се шета со балон со ликот на Твити и јаде розова шеќерна волна… Можеби лекот на сите ни е да се потсетиме на нашите детски желби и да научиме да им се радуваме на малите нешта. Повторно да ја разбудиме нашата детска имагинација и нескротливата желба за откривање на светот, и секако, да ги спуштиме носевите кои ни се кренати доста високо. Да наѕирнеме длабоко во секој од нас и преку нашето его желно за супериорност и за што е можно повеќе, да го видиме невиниот детски лик кој најмногу се радува на зашеќерено јаболче, шеќерна волна или лепче со ајварче намачкано од мама.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најатрактивните аматерски кошови што некогаш сте ги виделе

    Најатрактивните аматерски кошови што некогаш сте ги виделе

    Секој од овие кошови е посебен на свој начин. Некои од нив се индивидуално достигнување, додека некои се резултат на тимска работа.rnrn(6) najatraktivnite amaterski koshevi shto nekogash ste gi videle - www.kafepauza.mkrnrnЌе останете со подзината уста на способноста и имагинацијата на овие луѓе. Капата доле, секоја чест.rnrnНајатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни пејзажи од фантазиите

    Неверојатни пејзажи од фантазиите

    Некои работи со сигурност никогаш нема да можете да ги видите со сопствени очи, но токму поради тоа постои имагинацијата. Употребувајќи комбинација од сопствени фотографии и од дела на други фотографи, Нејтан Спотс создал неверојатни пејзажи кои се наоѓаат само во нашите најдлабоки фантазии. Неверојатни пејзажи од фантазиитеНејтан дипломирал на Академијата за уметност во Сан Франциско и досега неговите дела биле објавувани во различни списанија за уметност и дизајн како и во неколку книги. Дел од неговата работа го пронашла своето место и во неколку галерии. Тој вели дека сè околу него му е инспирација и дека го третира фотографирањето како негов најдобар пријател.rn
    rn

    „Отсекогаш сум бил маѓепсан од убавината на нашиот свет и честопати сонувам за нештата кои се наоѓаат малку подалеку од она што можеме да го видиме. Сакав да создадам фотографии од сцени кои не се многу реални, но кои скоро и би можеле да бидат“, вели тој.

    rnМора да признаеме дека навистина постои магија во неговата уметност. Погледнете ги и останатите дела на Нејтан…Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите Неверојатни пејзажи од фантазиите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кога ќе пораснам

    Кога ќе пораснам

    „When I Grow Up“ е одличен анимиран филм направен од страна на Колин Хестерли. Во филмчето тој ги прикажува соништата на едно младо момче за иднината, а преку него пренесува една силна порака. Анимираниот краток филм е направен во соработка со студиото The Academy.rnrnКога ќе пораснамrn
    rn

    „Кога бев дете мојата имагинација ми беше најдобар другар и многу време посветив сонувајќи за мојата иднина. Сакав да ги истражувам џунглите како Индијана Џоунс или океаните заедно со капетанот Немо. Со текот на времето сфатив дека овие карактери се фиктивни, но духот на имагинацијата и авантурата никогаш не ме напушти. По некое време морав да пораснам и да станам возрасен. Па токму затоа решив да започнам кариера основана на идеите за истражување и имагинација. Решив да станам режисер, а ова кратко анимирано филмче е едноставен потсетник на моите соништа. “

    rnrnКога ќе пораснамrnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположат

    Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположат

    Патувачкиот фотограф Томас Барбеј се служи со неговото остро, уметничко око, за да го погледне светот поразлично од сите нас. Во текот на неговите патувања, тој фотографира мртва природа, пејзажи и портрети, а потоа ги комбинира и поврзува, за да создаде лудо креативни композиции. Неговите измонтирани фото-манипулации откриваат еден нов свет, кој ни е истовремено познат, но и необичен.rnrnСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатrnrnВо коренот на неговата работа се крие фантастична смисла за хумор, кој му овозможува да поврзе два тотално спротивни предмети во хармонично единство. Додека повеќето од нас никогаш не би ја пронашле сличноста помеѓу слонот и дрвото, овој фотограф прави да биде невозможно уште еднаш да погледнете во дрво, без да ја забележите неговата слична, збрчкана груба површина како кожата на слоновите. Плус и дрвјата и слоновите имаат стебла (нозе). Никогаш веројатно, не би помислиле дека ски-центрите потсетуваат на огромен бел чаршав, ниту зебрите на клавијатурата на пијано.rnrnСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатrnrnИронично на неговите надреалистични фотографии, тој вели дека концептот за создавање на нетипични креации произлегува од секојдневниот живот, бидејќи визионерската инспирација и имагинација, не е техничка способност којашто се учи во школо.rnrnСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Нашата имагинација може да биде многу моќно оружје при промените во нашиот живот. Најчесто нашите најголеми ограничувања не се во нештата кои сакаме да ги направиме, туку во оние за кои никогаш не сме размислувале. Со употребата на имагинацијата, ние можеме да пронајдеме нови можности и нови начини за живеење. На пример, како би се чувствувале доколку бевте личност со малку поголема самодоверба?rnrnПодобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинацијаrnrnОва е одлично прашање кое секој би требало да си го постави. Тоа ќе ви помогне да дефинирате што точно значи самодовербата за вас. И исто така ќе ја активира и вашата имагинација за да ви помогне во размислувањето и ќе ве натера веднаш да се почувствувате како личност со поголема самодоверба.rnrnЗатворете ги очите и размислете подобро за наредниве неколку прашања. Ако имавте поголема самодоверба:rn

      rn011

    • како поразлично би размислувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би дејствувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би се чувствувале од сега?
    • rn

    rnОткако ќе ги одговорите прашањата, можете да поминете и на наредниот чекор. Пронајдете одредена област од вашиот живот каде што би сакале да бидете со поголема самодоверба – во домот, на работа, во дискотека, или на кое било друго место. Потоа замислете како би се однесувале доколку имате поголема самодоверба. Како би размислувале и како би се чувствувале? Што би направиле ако забележите девојка или момче со кои би сакале да разговарате? Како би ја одржале својата презентација на работа?rnrnЗамислувањето на овие сценарија може да биде одлична ментална вежба. Таа ќе го подготви вашиот мозок и во реална ситуација да размислува и да се однесува на начинот кој сте го замислиле. Можете да ја подобрите оваа ментална вежба така што ќе внесете повеќе ситуации и повеќе имагинација во однос на видот, слухот, допирот, вкусот и миризбата. Не обесхрабрувајте се ако не ви успее од прва, за ова е потребно вежбање. Идејата е што подетално да ја замислите ситуацијата, за потоа да можете така и да се однесувате во секојдневниот живот. Едноставно научете го вашиот мозок како да размислува со поголема самодоверба и потоа и вие самите ќе се однесувате на истиот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бајковита дигитална уметност

    Бајковита дигитална уметност

    Овие слики се дело на Чарли Боватер (24) од Велика Британија, уметничка и илустраторка која првенствено се занимава со дигитална уметност. За себе вели дека е страствен вљубеник во Дизниевите долгометражни цртани, а неговото влијание доста често се забележува во нејзината уметност. Младата артистка има неверојатна способност да ги спои бајката и дигиталната уметност во едно, а нејзините дела навистина изгледаат како да се дел од имагинарен свет. Особено е забележлива нејзината „зависност“, како што и самата вели, кон цртањето женски ликови, а според неа сето тоа започнало поради омилениот цртан кога била малечка – „Малата сирена“.rnrnМногумина сметаат дека нејзините илустрации се толку добри поради нејзината способност да црта ликови со совршена анатомија и силни експресии. Нејзините слики често се наоѓаат на страниците на познатите списанија за дигитална уметност 2DArtist Magazine и Imagine FX. Дел од нејзините илустрации можете да ги погледнете подолу.Бајковита дигитална уметност Бајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметност
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастична песочна уметност

    Фантастична песочна уметност

    Со гребло и малку имагинација, Андрес Амадор од Сан Франциско создава перфектни уметнички дела на песочни плажи. На еден пејзаж работи со часови, а можност да ужива во истиот има само неколку мигови, пред да надојде плимата и да го избрише. Во тие малку минути, единствено што успева е да ја фотографира сопствената уметност.Фантастична песочна уметностАндрес точно знае кога да ја очекува плимата. Тој изборот на локацијата го прави преку „Google Earth“ и трпеливо ја чека полната месечина, според која проценува колку време има на располагање, за да ја наслика својата најсвежа идеја.Фантастична песочна уметностФантастична песочна уметност41-годишниот Андрес по професија е еколог, а цртежите во песок се негова пасија од 2004 година. Тој неколку пати досега дизајнирал и интересни понуди за брак, за заљубените двојки кои уживаат во морето и песочните плажи. Во процесот на изработка на фантастичните уметнички дела, често му се приклучуваат и доброволци.Фантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметност
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летајте без граници

    Летајте без граници

    Автор : Маја ВладимироваrnrnЛевитацијата е вештина која им овозможува на луѓето да лебдат во воздухот. Иако досега сме имале можност да видиме во голем број филмови како луѓето лебдат, засега сè уште никој вистински не успеал во тоа.Летајте без границиЛевитацијата, практично е невозможна, но сепак постои начин како да го напуштите тлото и да се вивнете во воздухот. Сè што ви е потребно е фотоапарат и малку магија користејќи Фотошоп.Летајте без границиЛетајте без границиЗа сите оние кои веќе се заинтересираа да се најдат во таква положба следат неколку фотографии кои ќе ве инспирираат и видеа кои ќе ви помогнат во реализацијата.Летајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиЛетајте без границиrn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.