КАФЕ ПАУЗА

Tag: игри

  • Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Ако сакате да го исполните слободното време со игри за мобилни телефони, а ви недостасуваат идеи, погледнете ги овие препораки.rn

    Alto’s Odissey

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа зен-игра ќе им се допадне на сите што се грижат за атмосферата. Сè што треба да направите е да го допирате вашиот мобилен телефон на некои места за да го натерате вашиот херој да скокне, а вие сте опкружени со прекрасна глетка и волшебна музика. Можете да ја започнете играта ако имате 10 слободни минути што сакате да ги „потрошите“, но таа може да стане „заразна“.rn

    Tiny Room Stories: Town Mystery

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа игра е одлична за луѓето кои сакаат мистерии бидејќи барате траги за да откриете зошто исчезнале сите во еден мал град. Вие сте детектив кој љубопитно го истражува малото гратче Редклиф и наоѓа траги, решава мали загатки и ја решава истрагата.rn

    House Flipper

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnДали сакате преуредување и дали сакате да гледате емисии за реновирање? Ќе ја обожавате работата на експертите во разубавување уништени куќи на кои ќе им дадете втор живот и ќе ги продавате за повисока цена.rnrnПогледнете ги и овие апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.

  • 5 хороскопски знаци што не сакаат да играат игри и се искрени кон партнерот

    5 хороскопски знаци што не сакаат да играат игри и се искрени кон партнерот

    Ако треба да играте игри за да привлечете некого или за врската да ви биде интересна, таа врска веројатно нема да трае многу долго. Играњето игри е нечесно и не е во ред да го правите сето тоа само за да привлечете некого. Таквото однесување е детско и го отежнува функционирањето на врската. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци мразат кога партнерот игра игри со нив и го сметаат тоа за залудно потрошено време.rnrn5 хороскопски знаци што не сакаат да играат игри и се искрени кон партнеротrn

    1. Бик

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак се лојални и приземјени личности. Можеби се многу трпеливи, но не и кога станува збор за играњето игри.rnrnДа најдете партнер на кој може да му верувате е доволно тежок процес и без сите тие игри.rnrnБиковите сакаат луѓето да бидат директни, внимателни и чесни. Тие не сакаат личности што намерно си играат со нивните емоции.rnrnОбидот да играте игри со Бикот обично резултира со љубомора и со огорченост.rn

    2. Рак

    rnРаковите се чувствителни и заштитнички настроени личности. Сите игри што ги играте ги тераат Раковите да се сомневаат во вас, а тоа не е добар начин да започнете врска.rnrnРакот добро реагира на емпатијата, на грижата и на сочувството, кои генерално не се дел од кој било вид игра.rn

    3. Риби

    rnРибите се многу чувствителни, милосливи и љубезни, а ако играте игри и манипулирате со нив, можете само да ги повредите.rnrnАко некој игра игри со Рибите, тоа може да предизвика тие да се повлечат во сопствениот свет на фантазиите. Рибите не разбираат зошто некој би сакал да се обиде да манипулира или да игра игри со нив кога тоа не е љубезно.rn

    4. Лав

    rnАко Лавовите сакаа да играат игри, тие ќе беа одлични во тоа затоа што размислуваат различно од другите и можат да ги натераат луѓето да дејствуваат на одреден начин.rnrnТоа е така затоа што Лавовите се родени лидери и луѓето ги следат нив. Овие личности се љубезни, услужливи и лојални. Тие се многу отворени и се обидуваат да бидат колку што е можно поискрени.rnrnИграњето игри ги збунува и претставува залудно потрошено време за нив.rn

    5. Вага

    rnВагите мразат играње игри затоа што за нив тоа е многу бесмислено. Тоа не ги прави да се чувствуваат моќно или попаметно, туку изманипулирано.rnrnВагите ја ценат праведноста и нема ништо добро во обидот да ги контролираат постапките и емоциите на некој друг. Не само што е нечесно, туку играњето игри е погрешно и непотребно.rnrnПрочитајте со кои хороскопски знаци ќе имате добра комуникација во врската.

  • Како да направите игротека во вашиот дом?

    Како да направите игротека во вашиот дом?

    Пристигнаа топлите и сончеви денови, но заради сегашната ситуација не сте во состојба целосно да уживате во нив. За семејствата со деца, ова е голем предизвик. Многу е тешко децата да останат дома и за да не се досадуваат потребно е да им го направете што е можно позабавно времето во затворениот простор. Децата се најважни на свет, па затоа дизајнерите на ентериер дошле до неколку идеи  да им помогнат на родителите времето поминато дома со најмладите да биде поквалитетно.rnrnКако да направите игротека во вашиот дом?rn

    1. Готвење (и играње) со малите готвачи

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДецата сакаат да бидат возрасни, па кујната може да стане место за дружење и креативна забава. За да ви се придружат и бидат еднакви со вас, добро е да имате преносна скала (за децата да достигнат до работната површина), но малите готвачи можат да работат и на мала кујна соодветна за нив и да користат детски прибор кој е безбеден. Додека малите готвачи вешто ја подготвуваат храната, може да ги чекаат и гостите, нивните плишени играчки.rn

    2. Мултифункционален мебел за различните потреби на децата

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnСега, кога поминувате поголем дел од времето дома, важно е мебелот да биде разновиден и прилагодлив за да ги задоволи потребите на децата. Масата во дневната соба може да биде одлично место за интерактивни игри, особено доколку на сè додадете доза креативност и низ масата залепите ленти со ознаки. По играта, реквизитите можете да ги ставите под масата во корпа за складирање.rn

    3. Ослободете го подот во дневната соба, нека стане простор за слобода и креативност!

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnНа слободната игра често и е потребно многу простор за слободно движење. Ослободете го подот во дневната соба за децата да можат да ја користат својата имагинација и креативност. Во овие игри може да помогнат и теписите кои во еден момент може да се претворат во „море“, како и во „терен“ за спорт.rn

    4. Едноставно направете соба во соба

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДецата сакаат да имаат свое место за играње. Со подлога за вежбање лесно можете да го преградите просторот и да направите соба во собата, а во тоа може да ви помогне и мал шатор. Чаршавите и перниците можат да придонесат децата да скокаат и да си играат, но и да создадат свои кралства за игра.rn

    5. Детски театар во домот

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnИако децата моментално не можат да ги посетуваат театрите за деца, тие лесно може да создадат нивни. Со потемни завеси можете да направите театарска атмосфера и сцена за мали детски претстави. Особено ќе им се допадне доколку возрасните ги заземат позициите во првиот ред, па затоа ќе бидат потребни и неколку столчиња. Со плишените играчки може да се направи и куклена претстава.rn

    6. Активности на балконот

    rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДоколку имате балкон или тераса, децата сигурно ќе уживаат во активностите надвор. Пластични шарени столчиња и маса можат да бидат инспирација за нивната креативност, а предноста е во тоа што тие лесно се пренесуваат од просторја во просторија. Вештините за цртање децата можат да ги покажат на подот. Знаете дека децата сакаат да се кријат, па активна игра за децата би била да им направите тунел со соодветна подлога.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 6-те способности што децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.

  • Како да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијата

    Како да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијата

    На родителите и на децата не им е лесно постојано да престојуваат во иста просторија за време на карантонот. Меѓутоа, додека возрасните обично се свесни колку пари, време и напор се потребни за преуредување на ентериерот, децата не забележуваат колку вредат некои предмети, туку прво гледаат дали се погодни за игра. Поради тоа, имагинацијата е многу важна кога е неопходно да ја промените „сценографијата“ на детето затоа што му е здодевно.rnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnДетската соба може претпладне да биде училница, аеродром за „пилотски“ мајстори во попладневните часови, а навечер сцена за „младата ѕвезда“ со помош на импровизиран микрофон на штанд и добро поставени ламби кои се насочени кон сцената.rnrnДетската соба може да биде и истражувачки камп во џунглата или просторија на врвот на волшебниот замок. За сето ова не е потребно да имате многу реквизити.rnrnИзберете ѕид каде што можете да го нацртате нешто. Доволно е да го преместите бирото, да покриете две столчиња со чаршафи, да ја пуштите вистинската музика и да ја смени светлината. Играјте со детето, бидете член на екипажот и подгответе чај или сок и послужете ги останатите членови на семејството. Погледенете ги сликите подолу за повеќе идеи.rnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnКако да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијатаrnrnПогледнете ги овие 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст, а сè што ви треба имате дома.

  • 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст – сè што ви треба имате дома

    10 креативни игри за деца од предучилишна возраст – сè што ви треба имате дома

    Дали на вашето дете веќе му е здодевно дома? Играчките веќе не се интересни, а гледањето телевизија не е толку забавно? Со овие неколку едноставни игри, домот може да стане свет на истрага. Сè што ви треба веќе имате дома, а игрите ќе ги стимулираат развојот на децата, учењето, концентрацијата, координацијата и што е најважно, тие ќе го забавуваат детето и ќе го научат дека за игра е доволно само малку имагинација.rnrn10 креативни игри за деца од предучилишна возраст - сè што ви треба имате домаrn

    1. Детектив

    rnПотребен материјал: пластично шише, ориз, мали предмети и фотографии или цртежи на предметиrnrnПостапка: Соберете мали предмети, како што се некои ситни фигури, монети, копчиња и сл. и фотографирајте ги или нацртајте ги на хартија. Ако вашето дете веќе знае да чита, можете едноставно да направите список со предмети наместо слики. Ставете ги предметите во пластично шише, а потоа пополнете го со ориз и затворете го. Дајте му ги на вашето дете сликите или списокот на предмети, едно пенкало и шишето. Објаснете му дека е тоа е детектив кој треба да ги најде скриените предмети. Детето треба да го врти и да го тресе шишето за да ги најде предметите што се на сликите, со што развива концентрација и упорност.rn

    2. Сообраќај

    rnПотребен материјал: картон, фломастери, играчки автомобилиrnrnПостапка: На картонот нацртајте улица, пешачки премини, сообраќајни знаци, семафори, згради, паркинг итн. Никогаш не е премногу рано да го научите детето да внимава на безбедноста и да ги научи сообраќајните правила. Дајте му ги малите автомобили и започнете со учење.rn

    3. Ѓердани од сламки

    rnПотребен материјал: пластични сламки, конец, торбаrnrnПостапка: Земете разнобојни пластични сламки и исечете ги на парчиња со должина од еден центиметар. Едно парче ставете на крајот на конецот, а останатите ставете ги во торбата. Детето зема сламки и ги ниже на конецот. Можете да побарате од него да следи одредена шема, односно да ги реди боите по одреден редослед или да му дозволите само да ја дизајнира својата креација. Оваа игра е одлична за вежбање концентрација и ја поттикнува работата на мускулите на рацете и на прстите кои се неопходни за правилно држење на пенкалото. Вежбите за координација на очите и на рацете се важни за целокупниот раст и развој на децата.rn

    4. Мистериозна кутија

    rnПотребен материјал: картонска кутија, ножици, разни предметиrnrnПостапка: Исечете тркалезни дупки од двете страни на картонската кутија, доволно широки за детето да може да ги провне рацете низ нив. Соберете различни предмети во кутијата, но не покажувајте му ги на детето. Обидете се да соберете колку што е можно повеќе различни предмети, како маица, чинија, клуч, сунѓер, банана и др. Додека детето миже, ставете ги предметите во кутијата. Без да гледа во кутијата, детето ги става двете раце низ дупките, ги допира предметите и се обидува да открие што е предметот.rn

    5. Сензорна кутија

    rnПотребен материјал: пластична чинија, ориз, боја за храна или боја за јајца, оцет, разни садови, кујнски прибор за деца, пластични фигури и др.rnrnПостапка: Во пластичниот сад ставете ги оризот, бојата и една лажица оцет. Мешајте додека не се обои целиот ориз. Потоа, истурете го во плиток, поширок сад и играта може да започне. На овој начин, детето може да ги испитува количината и тежината, да ја вежба фината моторика така што ќе игра со кујнскиот прибор и ќе ја претура храната, а вие можете да ги скриете предметите во оризот, а детето да ги бара.rn

    6. Ножици

    rnПотребен материјал: колаж, ножици, лепило, хартијаrnrnПостапка: Исечете различни форми (триаголник, круг, шестоаголник) од колажот и залепете ги на врвот на хартијата една до друга. Задачата на детето е да ја продолжи постапката, да ги исече формите и да ги залепи една до друга. Сечењето со ножици е една од вештините што детето треба да го стекне пред да тргне на училиште, а тоа секогаш е интересно за децата. Употребата на ножици е одлична вежба за развој на билатералната координација. Тоа подразбира користење на двете страни на телото истовремено додека секоја рака извршува различни задачи.rn

    7. Математичка игра со чепови

    rnПотребен материјал: хартија, боици, чепови, коцка за играњеrnrnПостапка: Вие или детето нацртајте празна зелена ливада, море, облак или дрво. Секој цртеж треба да биде на посебна хартија. Чеповите можете да ги замените со други ситни предмети како монети, копчиња и сл.rnrnИгра: Детето ја фрла коцката и добива на пример 4. Во зависност од цртежот со кој игра, тоа додава четири чепови на цртежот. Односно, додава „цвеќиња на ливадата“, „бисери во морето“, „капки дожд под облаците“, „јаболка на дрво“ итн. Преку оваа игра, вашето дете ги учи броевите.rn

    8. Букви и знаци

    rnПотребен материјал: хартија и моливrnrnПостапка: На хартија напишете големи букви и разни знаци (линии, точки, запирки итн.) и распоредете ги низ масата. Детето треба да ги пронајде тие знаци што не се букви и да ги отстрани. Можете и да ги напишете буквите и знаците на хартија, така што детето треба да ги заокружи само буквите. Разликувањето што е буква, а што не, е една од вештините што им предходи на читањето и на пишувањето.rn

    9. Солено тесто

    rnПотребен материјал: 2оо грама брашно, 240 грама сол, 200 милилитри вода, зачини по желбаrnrnПостапка: Играњето со солено тесто е добар поттик за развој на микромоториката. Исто така, тоа е одличен начин за стимулирање на сензорниот развој, особено ако го вклучите вашето дете во подготовката на тестото и ако ги почувствува различните текстури на брашното, на солта, на водата, на лепливото тесто и на мазното тесто. Ако додадете малку зачин, тогаш оваа игра ги вклучува сите сетила.rn

    10. Слики со прсти

    rnПотребен материјал: 80 грама пченкарен скроб, 4 лажици шеќер, 500 милилитри вода, малку сол, боја за храна. Измешајте ги сите состојки освен бојата и загрејте ја смесата на тивок оган околу 10 минути. Смесата е готова кога е мазна и густа.rnrnПостапка: Поделете ја смесата во онолку чаши колку што сакате различни бои, додајте ги боите и измешајте. Оваа активност е смирувачка и релаксирачка, а, освен тоа, децата сакаат малку неред.rnrnПогледнете ги и овие 8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата.

  • За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

    За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

    Сите деца од улицата го возеа истиот велосипед. Се разбира, тоа беше „бемикс“ на кој често му се вадеше ланецот, па се обидувавме да го вратиме на место со валканите прсти. Немаше родители во близина да викаат „успори“, а и децата не носеа шлемови додека возеа.rnrnЗа сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?rnrnЗа време на летниот распуст излегувавме наутро и се враќавме доцна во вечерните часови. Речиси никој не може да се сети што направивме сето тоа време, само некои се сеќаваат: „долга магарица“, прескокнување јаже и ластик, стража и криенка, „плочка“, „дај царе војска“, џамлии, „камај“…rnrnКако што паѓаше мракот, нашите мајки нè повикуваа дома, но дури и тогаш не сакавме да се откажеме од бркотниците по улиците.rnrnНемаше мобилни телефони, никој нè бараше. Го јадевме овошјето што ќе го „украдевме“ искачувајќи се на високите гранки од вишните и јаболкниците на соседите.rnrnПаѓавме, добивавме скршеници, но никој не тужеше никого. Гребнатините од кои не течеше „многу“ крв беа игнорирани, сè заради играта. Знаевме дека ако се вратиме дома, нашите родители нема да дозволат да излеземе надвор до крајот на тој ден.rnrnЈадевме колачи, штрудли, сладолед, палачинки, но ниту едно дете не беше дебело затоа што постојано трчавме, скокавме, брзавме, се качувавме… Некои од нас пиеја вода или сок од истото шише, но никој не се разболе од тоа.rnrnНемавме Интернет, мобилни телефони, конзоли, 160 канали на кабловската телевизија, но имавме пријатели!rnrnЗа сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?rnrnСамо ќе излезевме и ќе ги најдевме. Немаше договарање однапред. Седевме на клупите во паркот, на гранките од дрвјата, на трупчиња и разговаравме за сè и сешто.rnrnАко сакавме да повикаме некого, ќе одевме до неговата врата, ќе тропневме или само ќе влезевме дома и ќе ги поканевме другарчињата на леб и мармалад.rnrnСе сеќавате ли? Сами во овој суров свет! Како ли преживеавме?rnrnСите играа фудбал, одбојка, но скоро никој не го практикуваше спортот професионално. Оние што не беа добри во спортот, научија како да се справат со разочарувањето.rnrnРечиси никој од нас ги немаше „сите петки“ на училиште, но имаше многумина кои не ја поминаа годината. Родителите не учеа и не пишуваа домашни задачи со нас.rnrnТатковците мудро велеа: „Ако имаш единица, сигурно си ја заслужил“, или „И тројката е за ученици“, или „Ако научиш ќе одбиеш петка!“…rnrnБевме подготвени на последиците. Немаше зад кој да се скриеме. Родителите секогаш беа на страната на наставниците. Ако направевме грешка, знаевме дека самите сме одговорни за последиците! Никој не нè бранеше, тоа беше познато.rnrnИмавме слобода да избереме, ако сакаме да учиме – да се запишеме на факултет. Родителите не се мешаа во нашите одлуки.rnrnСветот функционираше по поинакви правила и животот беше многу поедноставен. Ах, времиња!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 8-те митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме.

  • 5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    Врските помеѓу луѓето ги инспирираат не само режисерите и писателите, туку и научниците. Научникот Ерик Берне објавил книга, со наслов „Игри што ги играат луѓето“ (Games People Play), која стекнала голем број следбеници. Авторот ги опишал популарните „игри“ коишто ги играат возрасните и дава совети за тоа како да ги препознаете и да ги спречите пред да ѝ наштетат на врската.rnrn5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречитеrn

    1. „Сè е поради тебе“

    rnЗамислете си сопруга која често се жали дека не постигнала многу во нејзиниот живот поради сопругот – тиранин кој не ѝ дозволува да прави ништо, дури ни да посетува часови по танцување. Интересно е што кога сопругот ѝ дозволил да оди на часови по танцување, излегло дека таа се плашела од танцувањето. Оваа игра е начин за оправдување на стравот, мрзеливоста или некоја друга причина што ја спречила сопругата да направи нешто, како посетување часови за танцување. Покрај тоа, вината што му ја префрлила на сопругот го тера да ѝ дава разни подароци и да ја охрабрува.rn

    Што да правите?

    rnОваа игра ќе трае сè додека постои забраната. Во моментот кога сопругот ќе ѝ дозволи на сопругата да прави што сака, како на пример да се дружи со пријателките, сè ќе се врати во нормала. А голема е веројатноста дека нејзините пријателки се зафатени или дека таа не сака да оди никаде.rn

    2. „Во тесно“

    rnЗамислете си дека сопругата го поканува сопругот на кино и тој се согласува. Почнуваат да се подготвуваат и одеднаш сопругата изјавува дека сопругот треба да поправи нешто. Шокиран, сопругот изјавува дека имаат финансиски проблеми, дека работи напорно и дека е само еден човек. Сопругата е навредена и му вели на сопругот самиот да оди на кино бидејќи таа не е расположена. Тој го прифаќа предлогот, но наместо во кино, оди во некој бар со пријателите. Сопругата се наоѓа во тесно – ситуација во која самата се ставила. Но, ја има можноста да го прекори сопругот бидејќи ја оставил сама.rn

    Што да правите?

    rnИ двајцата партнери можат да ја напуштат играта. Ова е полесно за сопругата бидејќи знае дека реакцијата на сопругот е нормална на нејзината критика. И тој работи напорно, па неговото однесување е обид да привлече внимание кон тоа. Најдобро е да се согласи дека е изморен и да го одложи разговор за поправањето за друг пат. Оваа игра може да ја спречи и сопругот. Тој знае дека критиката на сопругата не треба да ја сфати сериозно. Она што таа го сака е прегратка од него. Би требало да не ѝ се противи и во тој случај и двајцата би отишле во кино.rn

    3. „Љубена“

    rnОваа игра обично се одвива во јавност. Сопругот кажува приказна или фраза која ја прикажува сопругата во лошо светло и завршува со: „Во право ли сум, љубена?“ Колку понавредлива е приказната, толку полошо звучи зборот „љубена“. Сопругата е навредена, но последната реченица не ѝ дозволува да каже ништо. Таа е гневна, но нема очигледна причина за гнев бидејќи сопругот се однесува како џентлмен.rn

    Што да правите?

    rnПостојат 3 опции. Првата е да му дозволите на сопругот да ги кажува овие приказни, но да го замолите да не го користи зборот „љубена“ на крајот. Втората е да одговорите со: „Да, миличок“ без никакви емоции. А третата, која е најдобро да ја користите многу ретко, е да раскажете слична приказна за сопругот и да ја завршите како него.rn

    4. „Гледаш што направив поради тебе?“

    rnЗамислете дека сопругот е целосно посветен на варосување на некоја просторија. Во тој момент се појавува неговата сопруга со прашањето: „Дали ме сакаш?“ Прашањето може да биде и друго: „Ќе ручаме ли?“ и слично. Бидејќи вниманието му е одвлечено од сопругата, тој ја истура бојата. Скандалот почнува со неговата реченица: „Гледаш што направив поради тебе?“rn

    Што да правите?

    rnРеакцијата на сопругот најверојатно е поради тоа што не сака да биде вознемируван кога работи нешто. Друга причина е тоа што е премногу уморен и, во овој случај, варосувањето му е здодевно. За да ја прекине играта, најдобро е сопругата да излезе од просторијата.rn

    5. „Гледаш ли колку се трудам?“

    rnСопругот сака развод, но не сака да биде иницијатор. Сопругата сфаќа дека нешто не е во ред со семејството и предлага посета на психотерапевт. Сопругот се согласува, но почнува да се однесува уште полошо за да докаже дека терапијата не функционира. На крај, бидејќи сопругата не може да издржи повеќе, бара развод. Целта на сопругот е постигната, но тој не може да биде виновен бидејќи не го побарал разводот, па дури и се обидел да го спречи. Друг познат пример за оваа игра е ситуацијата кога еден од сопружниците не работи бидејќи е мрзелив. Тој, или таа, нема да ја каже вистинската причина за невработеноста, туку ќе се обиде да изгледа како да бара работа. Ова му/ѝ овозможува да каже дека дава сè од себе за да ја промени ситуацијата. Другиот сопружник ќе се чувствува виновно, па овој разговор долго ќе се избегнува.rn

    Што да правите?

    rnЦелта на оваа игра е иницијаторот да ја префрли важноста од проблемот кон потенцијалното решение. Најдобриот совет за оваа ситуација е да не одите на психотерапевт и да не нудите помош за наоѓање работа. Вашата помош е најлесниот начин да ве манипулираат бидејќи вие ќе бидете виновни за предлогот што не функционирал.rnrnСпоред Ерик Берне, најчестата игра во семејствата е првата – „Сè е поради тебе“.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот брак пропаѓа.

  • 10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдно

    10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдно

    Ако мислите дека генерациите пред компјутерите имале здодевен живот, навистина грешите. И аристократите и сиромашните секогаш се забавувале на свој начин, а нивната забава не била секогаш безбедна. Погледнете ги овие 10 забавни активности во кои уживале минатите генерации.rn

    1. Игри на табла

    rn10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдноrnrnПрвите игри од овој вид биле измислени уште во древно време. На пример, постои игра од древен Египет наречена „Сенет“ и е една од најстарите игри со табла и фигури. Деталите за правилата се непознати, но најверојатно била со двајца играчи, како модерниот шах. Според легендите, играта била измислена од Тот, богот на мудроста, кој го предизвикал Консу, богот на месечината и бидејќи победил добил неколку денови екстра во годината. Тот го направил ова за Нут, божицата на небото, која не можела да има деца во кој било ден од годината поради клетвата на Ра. Поради победата на Тот, годината станала 5 дена подолга, а Египќаните добиле нова игра.rn

    2. Борби со гладијатори

    rn10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдноrnrnНа сите им се познати овие крвави спектакли. Но иако повеќето од нас знаат дека учествувале мажи кои се бореле меѓу себе или со диви животни, во гладијаторските борби учествувале и жени. Сепак, тие најчесто биле „актерки“ кои повеќе ја забавувале публиката отколку што се бореле. Смртоносните борби биле толку популарни што сите обиди да се забранат биле неуспешни. Сè до 404-та година кога еден христијански свештеник од истокот, Телемах, се обидел да спречи борба помеѓу гладијатори. Оваа постапка го чинела живот – бил каменуван од гневната публика. Но, неговата жртва не била залудна. Императорот Хонориј бил воодушевен од неговата постапка, па ги забранил гладијаторските борби.rn

    3. Вртење обрач

    rn10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдноrnrnЕдна верзија на оваа игра бил популарна во древна Грција, а разни нејзини варијации била распространети низ Европа, Кина, Америка и Африка. Најпознатата верзија ги имала следниве правила – двајца играчи фрлале обрач во воздухот со стапче, а потоа го фаќале со истото стапче. Понекогаш имало по двајца играчи кои наизменично го фаќале обрачот.rn

    4. Влечење стапчиња

    rn10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдноrnrnОваа игра била честа во Европа во периодот помеѓу 13-тиот и 14-тиот век. Постојат 2 верзии:rn

      rn011

    • Дрвено стапче било поставено помеѓу двајцата играчи како граница. Победникот бил оној што ќе успее да го натера противникот да ги свитка колената.
    • rn011

    • Играчите се обидувале да го извлечат противникот на хоризонталната табла поставена помеѓу нив. Оној кој ќе успеел прв бил победник.
    • rn

    rn

    5. Сеанси со френологија

    rn10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдноrnrnФренологијата е наука која тврди дека структурата на черепот може да го одреди карактерот на човекот. Таа била третирана како псевдонаука уште од нејзината појава, исто како астрологијата и спиритуализмот. Но, ова движење било доста популарно во периодот од 1850-тите до 1890-тите. Поради ова, се појавиле многу „френолози“ кои патувале и кои секогаш привлекувале многу внимание кај луѓето.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Игри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врската

    Игри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врската

    Бакнежот е многу важен дел од секоја врска. Преку него се поврзувате со партнерот по долг, ужасен ден и тоа е првиот чекор кој води кон секс. Но, колку подолго сте во врска и како што стареете, бакнежот станува сѐ помалку значаен и присутен. Токму затоа ви требаат игри со бакнување! Кога последен пат сте играле такво нешто? Најверојатно во основно или средно училиште. Можеби ќе ви делуваат незрело и детско, но токму овие игри ќе ве натераат да заборавите на вашето напорно секојдневие и ќе ви дадат можност да нурнете во романтичниот свет на бакнежите барем за момент. Погледнете ги следниве игри со бакнување што сигурно ќе ве вратат во детството кога бакнежот беше највозбудливото нешто на светот…rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

    Љубовно шише

    rnОва е несомнено најпознатата игра со бакнување, без разлика дали сте основци, средношколци или возрасни. Можеби не би ја играле со вашиот партнер, но доколку сте сингл, дефинитивно можете да ја предложите на следната забава што ќе ја организирате со пријателите. Ставете празно шише во центарот на кругот и свртете го. Таму каде што шишето ќе застане, тоа е личноста која треба да ја бакнете. Искрите ќе летаат насекаде!rn

    7 минути во рајот

    rnДа продолжиме со тинејџерските игри! Искористете го истото шише и свртете го за да ви одбере партнер. Однесете ја личноста што ќе ви се падне во најблискиот тоалет или ходник и бакнувајте се цели 7 минути. Целата облека мора да остане на вас. Не мора да бидете сингл или да организирате забава за да ја играте оваа игра. Зграпчете го вашиот партнер, од подиумот на забавата одвлечете го во најблискиот тоалет, наместете го алармот на 7 минути и бакнувајте се страсно. Сигурни сме дека вашите сакани ќе уживаат во оваа пријатно изненадување!rn

    „Шмукни“ и дувни

    rnНајверојатно ја помните оваа игра од филмот „Изгубена“ (Clueless). Еве што треба да направите: Направете круг и пренесувајте некаква картичка од уста на уста со тоа што ќе ја шмукате со устата. Ако картичката падне, ќе добиете бакнеж. Оваа игра е безопасна и полна со флерт, но повторно не мора да бидете сингл за да ја играте. Можете вие и вашиот партнер да бидете единствените играчи. Обидете се да си ја пренесувате картичката од уста на уста што е можно подолго. Не е толку лесно колку што изгледа, но на крајот ќе си размените еден куп бакнежи, а токму тоа е и поентата!rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

    Тајни бакнежи

    rnОваа игра дефинитивно ќе ја врати возбудата во вашата врска! Мора да ја играте на јавно место или на забава. Одредете место каде што ќе одите да се бакнувате со партнерот без никој да ве забележи. Дознајте колку тајни средби ќе можете да изведете во една вечер без да бидете фатени! Единствениот предизвик е никој да не ве види. А дури и да ве „начека“ некој, тоа само ќе ги направи нештата уште повозбудливи.rn

    Маратонско бакнување

    rnБакнувајте се колку што можете подолго. Првиот кој ќе се тргне за да земе воздух – губи! Победникот има право да одбере казна, но казната мора да биде нешто секси. Кога ќе го земеме тоа предвид, очигледно е дека нема губитници во оваа игра.rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

    Правило за бакнување

    rnДали сакате да ја вратите возбудата во вашата долга врска? Оваа игра со бакнување е одличен почеток! Со партнерот одберете колку пати во денот треба да се бакнете (мислиме на вистински бакнеж, а не на краток бакнеж во образ). Почнете со најмалку 10 пати и видете колку брзо можете да го исполните предизвикот во еден ден и потоа дуплирајте го бројот на бакнежи. Ова е забавен предизвик што треба да трае најмалку 8 дена.rn

    Бакнување на семафор

    rnКога ќе бидете заедно во автомобил со партнерот, секогаш кога ќе застанете на црвено светло, бакнувајте се страсно додека не се смени светлото на семафорот. За оваа игра потребна е концентрација и многу страст, а има ли нешто повозбудливо од тоа? Предизвикот е многу романтичен, но внимавајте да не се судрите во целиот процес.rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

    Очи ширум отворени

    rnВо оваа игра со бакнување, предизвикот е да се бакнувате со партнерот со отворени очи што е можно подолго. Како што бакнежот ќе станува пострастен така ќе ви се зголемува желбата да му се препуштите на моментот. Но, не се препуштајте така лесно, бидејќи победникот има право да побара што сака од губитникот.rnrnДоколку ви треба дополнителна помош за да ја разгорите страста во врската, прочитајте ги следниве 7 чекори до долг и незаборавен бакнеж.

  • 12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките

    12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките

    Според фолклорот, Ноќта на вештерките е вечер во која сите духови и чудовишта шетаат на Земјата. А има ли подобар начин да ја прославите одошто со играње неколку морничави игри? Можеби веќе сте ја повикувале крвавата Мери, но дали сте пробале да повикате ваш демон? Се разбира, сите овие игри потекнале од некои урбани легенди и митови, но колку и да не верувате, речиси сигурно ќе ве полазат морници. Уживајте!rn

    1. Повикајте ја крвавата Мери

    rn(1)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mkrnrnОваа игра ја знае речиси секој, а најдобро ќе биде ако ја играте навечер. Затворете се во мала просторија и застанете пред огледало. Светлата треба да бидат изгаснати и да запалите една свеќа. Гледајте во огледалото и три пати повторете: „Крвава Мери“. Повторувајте го ова сè додека во огледалото не се појави измачената и крвава Мери. Бидете предупредени, се верува дека луѓето кои ја играле оваа игра полудувале од страв.rn

    2. Повикајте го Полноќниот човек

    rn(2)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mkrnrnЦелта на оваа игра е да го поканите Полноќниот човек во вашиот дом, но без да му дозволите да ве фати. За почеток, запишете ги вашето име и презиме на лист. Боцнете го прстот и капнете една капка крв на листот. На полноќ запалете свеќа, ставете ја хартијата пред врата и затропајте на вратата 22 пати. Потоа, отворете ја вратата и дувнете ја свеќата. Сега штом го повикавте Полноќниот човек, треба да го избегнувате по секоја цена. Повторно запалете ја свеќата. Ако се изгасне, тоа е знак дека тој е во близина. Ако ве фати, ќе ве мачи до 3:33 часот наутро.rn

    3. Табла за комуницирање со духови

    rn(3)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mkrnrnОвие табли се позната играчка, но за нејзиното правилно користење потребно е да бидете во затемнета соба осветлена само од бели свеќи. Еден од вашето друштво нека ги поставува прашањата, а останатите треба да го забележат одговорот. Ако ја користите оваа табла подгответе се да се соочите со зли духови. Сепак, Ноќта на вештерките е ден кога треба да пробате колку морничавост можете да поднесете.rn

    4. Трансформирајте играчка во жива кукла

    rn(4)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mkrnrnЗа оваа игра потребна ви е кукла која личи на човек, две огледала свртени едно кон друго и свеќа. На полноќ, изгаснете ги светлата, запалете ги свеќите и кажете: „Оставам ново тело за тебе. Те молам земи го.“ Откако ќе го направите ова, замолете ја куклата да си игра со вас. Ако забележите нешто чудно, вашата „магија“ успеала и сега имате лош дух во куклата. Се разбира, кога ќе завршите со играта ослободете се од куклата бидејќи сигурно не сакате да ве прогонува.rn

    5. Помогнете му на пријател да лета

    rn(5)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mkrnrnОваа игра најдобро се игра со повеќе луѓе – групната енергија ја храни играта. Еден волонтер треба да седи на столче, или пак да лежи на подот на грб. Другите од групата ставаат по 2 прста под волонтерот и 20 пати кажуваат: „Лесен како пердув, вкочанет како штица.“ Потоа целата група брои до 3, после што треба без проблем да можете да го подигнете волонтерот само со двата прста.rn

    6. Користете кутија за чевли за да разговарате со некој мртов

    rna young woman talking to herself on the tin can phonernrnПред да си легнете, напишете писмо до некоја почината личност. Потоа, помеѓу 2 пластични чаши ставете жица (како телефон). Едната чаша ставете ја во кутија за чевли и во некој гардеробер. Искористете ја другата „слушалка“ за да го прочитате писмото кое сте го напишале. Кога ќе завршите, ставете го писмото во кутијата за чевли, а вашата слушалка ставете ја врз неа. Повикот ќе го добиете во вид на сон. Кога ќе се случи тоа, одете до гардероберот (немојте да ги палите светлата) и земете ја слушалката која стои врз кутијата. Внимателно слушајте што ви кажува повиканиот дух. Ако кутијата е отворена, или пак нешто ѝ се случило на слушалката, тоа е знак дека сте го пуштиле духот во човечкиот свет.rnrnПродолжува на следната страница…rn