Ако едноставно не можете да ги контролирате вашите навики во исхраната, можеби за тоа се виновни вашите хормони. Затоа, во продолжение прочитајте на кој начин хормоните влијаат врз вашата исхрана.rnrn
rn
Мелатонин
rnЕден од начините на кои хормоните влијаат на вашите навики во исхраната е начинот на кој спиете. Мелатонин е хормонот што вашето тело го лачи ноќе и наутро. Ви кажува кога да заспиете и кога да се разбудите. Ако имате несоница и јадете доцна навечер при што се зголемува вашата телесна тежина или не можете да останете будни, веројатно имате ниско ниво на мелатонин. Лесно е да се реши овој проблем. Сè што треба да направите е да купите додаток од 3 mg или 5 mg и да го земате секогаш кога сакате да спиете. Тој е сосема безбеден за употреба и нема да имате никакви несакани ефекти наутро.rn
Лептин
rnЛептинот е хормон кој вашето тело го произведува на природен начин и кој всушност му овозможува на вашиот мозок да знае колку масти имате и дали треба да внесувате повеќе. Клучната работа за лептинот е дека различни работи влијаат на тоа како овој хормон комуницира со вашиот мозок. Кога нивото на лептин се зголемува, вашиот апетит се намалува, а кога нивото на лептин се намалува, вашиот апетит се зголемува. На кој начин можете да утврдите дека вашиот организам располага со доволно лептин? Треба да знаете дека лептинот всушност му помага на вашето тело да согорува масти, главно преку термогенеза, што е начин на загревање на телото за согорување калории, главно преку вашите мускули. Многу луѓе развиваат отпорност на лептин поради лошата исхрана или недостаток на вежбање и сон. Значи, за да бидете сигурни дека нивото на лептин е нормално, важно е да вежбате секојдневно, да јадете намирници со низок гликемиски индекс и да бидете сигурни дека спиете 8 часа секоја вечер. Секоја од овие работи гарантира дека лептинот се произведува правилно. Имајте на ум и дека исхраната богата со шеќери и преработени масти или рафинирани житарки предизвикува отпорност на лептин.rn
Грелин
rnОвој хормон му укажува на вашиот мозок кога треба да престане да согорува калории и кога треба да складира енергија како маснотии. Важно е да спиете доволно секоја вечер, бидејќи кога спиете, нивото на грелин се намалува во телото со оглед на тоа дека на телото му треба помалку енергија во овој период. Ако не спиете доволно долго или доволно добро за да влезете во длабок сон, вашето тело ќе произведе премногу грелин. Ова му кажува на вашето тело дека е гладно кога навистина не е, и дека му требаат повеќе калории, иако не е така. Значи, престанува да согорува калории бидејќи смета дека вашето тело има недостиг од калории и дека треба да ги складира наместо да ги согорува. Нормалното ниво на овој хормон во организмот можете да го воспоставите со доволен сон од најмалку 7 часа.rn
Инсулин
rnМногумина од вас досега слушнале за ефектите на инсулинот врз нивото на шеќер во крвта. Улогата на инсулинот врз телото е ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Кога јадете оброк богат со масти или шеќер, нивото на инсулин брзо се зголемува при што овозможува побрзо апсорбирање на гликозата од маснотиите и шеќерот во мускулните ткива која може да се користи како енергија. Кога нивото на инсулин се зголемува, тој паѓа исто толку брзо веднаш потоа или во рок од 30-40 минути. Кога тоа ќе се случи, го оптоварува црниот дроб и ве остава уморни и без мотивација. Очигледно, можете да видите како со текот на времето, ова може да предизвика зголемување на телесната тежина. Тоа значи дека ако продолжите со исхрана богата со масти и шеќер, мастите полесно ќе се складираат во телото со многу побрзо темпо. Ова го менува нивото на шеќер во крвта и автоматски ќе почнете да копнеете за храна богата со масти и шеќер, само за повторно да ги зголемите нивоата на енергија, почнувајќи го целиот циклус од почеток.rnrnОткако прочитавте за влијанието на хормоните врз вашата исхрана, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 намирници лошо влијаат врз женските хормони.rnrnИзвор: allwomenstalk.com









rnrnВо продолжение погледнете ги знаците со кои телото ви кажува дека нивото на „среќни“ хормони во вашето тело е ниско.rn
rnrnСтресот има влијание врз сите наши системи, вклучувајќи го и ендокриниот. Доколку постојано сте напнати, тироидната жлезда почнува да лачи повеќе или помалку хормони. Доколку веќе сте имале проблеми со оваа жлезда, стресот може да води до паничен напад или долготрајно губење на меморијата. Недостатокот од спиење и стресното работно место се исто ризични фактори.rnrnБрзиот животен стил може постојано да ве прави нервозни. Па за да го намалите ризикот, спијте доволно, пешачете и вежбајте. Во некои случаи најдобро е да одите и на психијатар, којшто ќе ви помогне да се справите со стресните ситуации.rn
rnrnКога почнувате да држите диета, треба да знаете кои продукти треба да престанете да ги јадете. Диетата со малку масти ќе ви помогне да ослабите, но многу луѓе престануваат да ги консумираат и лошите и добрите масти. Добрите масти се особено важни за мозокот и тироидната жлезда и можете да ги најдете во маслиновото масло, јајцата, млечните производи, месото и рибата. Подобро е да не се откажувате од овие продукти.rn
rnrnСојата содржи многу микроелементи, витамини и може да ги замени продуктите од животинско потекло. Но не е препорачливо да консумирате премногу продукти од соја, бидејќи го забавуваат работењето на тироидната жлезда. Кога консумирате премногу соја, тироидната жлезда апсорбира помалку јод, кој е важен за нејзината правилна работа.rnrnЗа да го избегнете проблемот, намалете го количеството на продукти од соја и јадете повеќе храна со јод како зеленчук, бобинки, овошје и морски плодови.rn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Орегон откриле дека сировиот зелјест зеленчук има влијание врз работата на тироидната жлезда. Не се препорачува да јадете многу зелка, репа и ротквици, особено ако имате недостаток од јод. Подобро е да одберете зеленчук како цвекло, домати и целер.rn
rnrnРазни истражувања покажале дека пушењето е штетно и за тироидната жлезда. Тутунот полека ја поттикнува жлездата да лачи повеќе и повеќе хормони, предизвикувајќи хипертиоридизам. Покрај тоа, чадот од цигарите содржи токсини за кои се потребни 6 дена за да излезат од телото. Во овие денови, нивото на јод во тироидната жлезда се намалува.rn
rnrnСосема е во ред да го започнете денот со шолја кафе, но не би требало да го пиете пречесто. Кафето и некои видови чај содржат кофеин кој го зголемува нивото на кортизол во телото. Овој стрес хормон има влијание врз тироидната жлезда и го влошува метаболизмот. Научниците сè уште дискутираат за безбедното количество кафе, кое варира од 2 до 6 шолји дневно. Имајте на ум дека и продуктите како чоколадо, Кока-кола и енергетски пијалаци содржат кофеин.rn
rnrnГликемискиот индекс ги претставува јаглехидратите во храната според нивното влијание на шеќерот во крвта. Високиот гликемиски индекс значи дека процесот на разградување е премногу брз. Овде спаѓа храната како слатки, печива, тестенини и бел ориз. Оваа храна има големо количество јаглехидрати кои влијаат на апсорпцијата на јод. Па добро е да намалите со овие продукти.rn
rnrnЛуѓето кои сакаат путер би требало да бидат внимателни, бидејќи оваа храна има многу холестерол. Холестеролот ја нарушува рамнотежата на липидите и работата на тироидната жлезда. Сепак, не се препорачува да престанете да јадете храна со животински масти, бидејќи и путерот содржи корисни материи. Маргаринот, од друга страна, е најдобро да го избегнувате бидејќи е направен од трансмасти кои го оштетуваат ендокриниот и кардиоваскуларниот систем и водат до дебелеење.rn
rnrnАлкохолот може да го зголеми и намали лачењето на панкреасот. И двата случаи имаат влијание врз телото – жените се соочуваат со проблеми со менструацијата, а мажите имаат намалено либидо. Проблемите со тироидната жлезда исто така имаат негативно влијание на вегетативниот нервен систем и можат да предизвикаат тахикардија, проблеми со дигестивниот систем, променливо расположение и други непријатни проблеми. Доколку тироидната жлезда не функционира како што треба и лачи повеќе хормони, влијанието на алкохолот врз телото се зголемува.rnrnПогледнете и кои се