КАФЕ ПАУЗА

Tag: хормони

  • Слајдшоу од најчудните и најлудите фотографии направени за време на бременост

    Слајдшоу од најчудните и најлудите фотографии направени за време на бременост

    Со овие фотографии дефинитивно нема да се гордеат нивните деца. Неприфатливо е дури и оправдувањето дека „виновни биле хормоните“. Погледнете, почудете се и насмејте се. ;)rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?

    Сексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?

    Сте размислувале ли зошто некогаш сте необјасниво расположени за секс, а некогаш пак не можете да се натерате ни да помислите на тоа? Вашиот месечен циклус и хормоните како естрогенот и тестостеронот всушност целосно влијаат врз вашето либидо. Џенифер Вајдер, експерт за здравјето на жените објаснува зошто ова се случува…rnrnСексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?rn

    Вашиот циклус во текот на месецот

    rnСекој месец, различните хормони синхронизирано „танцуваат“ низ вашето тело и го создаваат вашиот месечен циклус. Многу жени забележале дека нивната желба за секс е под целосно влијание од промената во нивото на хормоните, посебно од промените во естрогенот и тестостеронот за време на целиот циклус, кој најчесто трае околу 28-30 дена и може да биде поделен во 4 клучни недели.rn

    Прва недела: Менструација

    rnПрвата недела од вашиот циклус, вие „сурфате по црвен бран“. Додека некои жени се согласуваат на секс за време на овој период од месецот, нивото на естроген и тестостерон е многу ниско оваа недела, па големи се шансите да се чувствувате уморно и нерасположено. Во секој случај, како што ќе се наближува крајот на неделата, така и вашите хормони постепено ќе растат.rnrnСексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?rn

    Втора недела: Зголемување на енергијата

    rnЕстрогенот и тестостеронот се зголемуваат за време на неделата која води кон овулација и притоа полека ви го зголемуваат и либидото. Многу жени изјавиле дека имале подобар секс за време на оваа недела, најверојатно бидејќи нашите чувства тогаш се најживи, но бидете внимателни, вие исто така сте и најплодни овој период од месецот и доколку немате соодветна заштита можете лесно да останете бремени.rn

    14-от ден: Најдобро време за секс

    rnБидејќи хормоните се на најоптимално ниво на овој специфичен ден (кај оние кои имаат редовен месечен циклус кој трае 28 дена), 14-от ден најчесто е денот кога жените се најмногу расположени за секс. Студиите покажале дека тогаш дури и оргазмите можат да бидат поинтензивни и полесни за постигнување. Па ајде, доколку сте на средината од вашиот месечен циклус, фатете се за работа и искористете го овој ден најдобро што можете!rnrnСексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?rn

    Трета недела: Овулација

    rnОваа недела започнува овулацијата и поради тоа вашите хормони постепено се намалуваат, што значи дека и вашиот сексуален нагон ќе почне исто така да се намалува…rn

    Четврта недела: ПМС

    rnАх, тоа е неделата на наглите промени на расположението, на надуваноста, огромната потреба за храна, проблеми со спиењето… Всушност тоа е неделата на сите работи кои воопшто не се секси. Сè додека овие предменструални симптоми не почнат да се подобруваат со доаѓањето на вашата менструација, ова дефинитивно не е недела наменета за жежок секс, барем не за поголемиот дел од жените.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ви кажуваат акните?

    Што ви кажуваат акните?

    Сите сме пробале да го објасниме појавувањето на акните како резултат на хормонална промена. Но, местото на кое се појавиле акните значи повеќе отколку што претпоставуваме. Всушност, лицето е како мапа која ни покажува што не е во ред со нашиот организам и како резултат на што се појавиле акните. Поврзаноста е зачудувачка, а овој пристап сè повеќе се шири по дерматолошките клиники ширум целиот свет. Еве што ви навестуваат акните.rnrnrn

    Што ви кажуваат акните?
    Критичните области се означени со бројки и објаснети подолу.
    rnrn1 и 2 – Проблеми со дигестивниот систем – Одбегнувајте брза храна и оброци со многу масти. Пијте повеќе вода и консумирајте освежително овошје и зеленчук, како краставица на пример.rnrn3 –  Црн дроб – Намалете со алкохолот, мрсната храна и млечните производи. Оваа зона е исто така критична за алергии, па анализирајте ја добро храната која ја консумирате. Секој ден правете барем по 30 минути лесни вежби и спијте добро се цел вашиот црн дроб да се одмори.rnrn4 и 5 – Дехидрација – Оваа зона се поврзува со дехидрација. Пијте многу течности.rnrn6 – Срце – Проверете си го крвниот притисок, како и нивото на витамин Б. Намалете ја консумацијата на зачинета и лута храна и почесто излегувајте на чист воздух. Заменете ги „лошите“ масти со „добри“, како омега 3 и 6 масните киселини кои ги има во ореви, авокадо, риба и семе од лен. Бидејќи оваа област е критична за појавата на проширени пори, проверете го датумот на траење на вашата шминка.rnrn7 и 8 – Бубрези – Пијте многу течности! Намалете на газирани пијалоци, кафе и алкохол.rnrn9 и 10 – Дишните патишта – Можеби сте пушачи или алергични на нешто? Доколку и двете работи не важат за вас, консумирајте освежителна храна, намалете со шеќерот и редовно излегувајте на чист воздух. Месото и млечните производи намалете ги во исхраната, избегнувајте алкохол, кофеин и шеќер, а наместо тоа јадете многу зеленчук и консумирајте природни сокови и чаеви. Имајте на ум дека многу често главни виновници за појавувањето на акни во оваа област, се валканите телефони или навлаки од перници.rnrn11 и 12 – Хормони – Главна зона која покажува проблеми со стрес и хормонски промени. Пробајте да го редуцирате нивото на стрес и да ја одржувате вашата кожа чиста. Еве еден интересен факт: акните во овие области се појавуваат за време на овулација, дури покажуваат на која страна овулирате.rnrn13 – Стомак – Пијте билни чаеви и консумирајте храна со растителни влакна.rnrn14 – Болест – Најчесто покажува дека вашето тело се бори со некаква бактерија за да избегне болест. Најдете начини да се опуштите, како вежбање јога и издвојување време за попладневни дремки.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?rnrnЕкспертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.rnrnТест: дали размислувате како маж или како жена?rnrnМашкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.rnrnКако овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.rn

    1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

    rnа) Подолг од показалецот (2 поени)rnrnб) Пократок од показалецот (1 поен)rnrnв) Речиси се иста големина (0 поени)rn

    2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Не (0 поени)rn

    3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

    rnа) Исплашени и загрижени (0 поени)rnrnб) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)rn

    5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

    rnа) прават гримаси (2 поени)rnrnб) ви се смеат (1 поен)rnrnв) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)rn

    8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

    rnа) 1-3 (0 поени)rnrnб) 4-6 (1 поен)rnrnв) 7-10 (2 поени)rn

    9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

    rnа) Качување по дрво (2 поени)rnrnб) Возење велосипед и ролери (2 поени)rnrnв) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)rnrnг) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)rnrnд) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)rn

    10. Најчесто одбирате пријатели…

    rnа) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)rnrnб) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)rnrnв) кои се комбинација од двете категории (1 поен)rn

    11. Кога одите во шопинг вие…

    rnа) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)rnrnб) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)rnrnв) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)rn

    12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    13. Вашиот ракопис е…

    rnа) совршено уреден (0 поени)rnrnб) прилично уреден (1 поен)rnrnв) па… речиси нечитлив (2 поени)rn

    14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

    rnа) Точно (2 поени)rnrnб) Понекогаш точно (1 поен)rnrnв) Неточно (0 поени)rn

    15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

    rnа) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)rnrnб) воглавно фикција (0 поени)rnrnв) по нешто од сите жанрови (1 поен)rn

    16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

    rnа) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)rnrnб) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)rnrnв) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)rnrnг) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)rn

    Резултати – вашиот мозок е:

    rn

    До 12 поени: изразено женски

    rnРабота: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.rnrnСоцијален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.rnrnЉубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.rn

    13-21 поени: машко-женски

    rnРабота: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.rnrnСоцијален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.rnrnЉубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.rn

    22 и повеќе поени: многу машки

    rnРабота: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.rnrnСоцијален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.rnrnЉубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога жените најмногу сакаат секс?

    Кога жените најмногу сакаат секс?

    Најновото Британско истражување покажало дека женското либидо е најсилно во сабота околу 23:00 часот. Иако повеќето Британки се задоволни со својот сексуален живот, голем број од нив недостатокот на желба за секс го префрлаат на хаотичното работно време.Кога жените најмногу сакаат секс?Жените од Шкотска и жените од јужен Велс се најзадоволни од животот во спалната соба (82% се задоволни), додека оние од Ирска се најнезадоволни (30% се задоволни). Од друга страна пак, Ирците важат за народ кој обожава секс, бидејќи 42% од населението имаат односи повеќе од 3 пати неделно.rnrnМинатата година истражувањето на „London School of Economics“ откри дека најдобар ден за секс е сабота. Како што тврдат научниците, тогаш нивото на кортизол во телото се изедначува, со што се стимулираат хормоните задолжени за сексуалност. Исто така, според нивното истражување се покажало дека нивото на хормонот тестостерон кај машките и нивото на естрогени хормони кај жените е до пет пати повисок во утринските часови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите причини за нашите главоболки

    Најчестите причини за нашите главоболки

    Доколку сте дел од оние кои никогаш немале главоболка во својот живот, не мора да читате ништо понатаму. Но, останатите многу добро знаат дека главоболките можат многу често да бидат голем проблем во секојдневното нормално функционирање. Секако, постојат лекови кои понекогаш можат да помогнат, но најдобрата стратегија е да се обидете да ја спречите нивната појава.Најчестите причини за нашите главоболкиДехидрација – Ова е најчестата причина за појава на главоболка. Вашето тело содржи повеќе од 60% вода и поради тоа му се потребни големи количини на вода за да може да го одржува тој процент. За избегнување на главоболките од овој вид, возрасните би требало да пијат од 8 до 10 чаши дневно. Имајте на ум дека не сите течности помагаат – кафето и газираните пијалаци имаат дехидрирачки ефект.

    rnЛекови против болка – Иронично, но вистинито. Половина од хроничните мигрени (25% од сите главоболки), настануваат како „повратен удар“ предизвикан од преголема употреба на овие лекови.rnrnКофеин – И покрај тоа што кофеинот често помага при главоболките; преголемата употреба на нешто добро во овој случај може да доведе до спротивен ефект. Исто така постои и опасност од ефектот на откажување. Доколку одеднаш прекинете да пиете кафе, ќе имате главоболки сè додека вашето тело не се навикне на недобивање дневна доза.rnrnСтрес – Главоболките проследени со тензија во главата, настануваат од физички или емотивен стрес. Причина за еден од најчестите видови на физички стрес е долгото непрекинато седење пред компјутер. За избегнување на овој вид главоболка, обидете се на секој пола саат да станувате, да се истегнувате убаво и да гледате малку во далечина. Емотивниот стрес не е толку лесен за елиминирање.rnrnСинуси – Суви или блокирани синуси можат да предизвикуваат чести главоболки. Тие се проследени со длабока и константна болка во делот кај образите, челото и околу носот. Болката се зголемува доколку направите нагло движење со главата. За намалување на овие главоболки зовријте вода во тенџере, застанете над него и неколку минути вдишувајте ја пареата. Покријте се со ќебе или чаршав за да го ограничите движењето на пареата. Доколку секојдневно ја применувате оваа „терапија“, за кратко време ќе забележите позитивни резултати.Најчестите причини за нашите главоболкиНизок шеќер во крвта – Овој дисбаланс може многу брзо и лесно да се поправи со внесување на протеини преку исхраната.rnrnОдредена храна – Кикириките, чоколадото и црвеното вино содржат амино асид тирамин кој често предизвикува главоболки. Исто така избегнувајте ја и храната што содржи нитрати како што се саламата, хот догот или колбасите. Млечните и житните производи во ретки ситуации исто така можат да бидат причина за појава на главоболки.rnrnПромена на време или на надморска височина – Промените во времето како наглото опаѓање на барометарскиот притисок често предизвикуваат главоболка. Дури и посетата на град кој е на поинаква надморска височина од оној во кој дотогаш сте биле може да го има истиот ефект.rnrnХормони – Естрогенот и прогестеронот влијаат на хемикалиите во мозокот кои се поврзани со главоболките. Високото ниво на естроген може да помогне при главоболки, но пониското ниво има сосема спротивен ефект.rnrnИзложеност на пушење „од втора рака“ – Чадот од цигарите предизвикува мигрени. Пробајте да ги избегнувате просториите во кои се пуши. Доколку немате таква можност, секогаш имајте ментол бонбони при рака, тие барем на момент ќе го неутрализираат влијанието од чадот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трите фази на заљубувањето

    Трите фази на заљубувањето

    Заруменети обравчиња, забрзано чукање на срцето и потење на дланките се само неколку симптоми кои ве издаваат дека почнувате да се заљубувате. Сепак, во внатрешноста на телото има јасни хемиски знаци, кои со сигурност кажуваат дека ве погодила една од стрелите на Купидон. Кога станува збор за љубовта, се чини дека сме оставени на милост и немилост на биохемијата. Еден од најдобрите истражувачи во оваа област е Хелен Фишер од универзитетот во Њу Џерси. Според нејзините зборови, секој човек се заљубува во три фази и секоја од нив вклучува различен сет од хемикалии.rnrnТрите фази на заљубувањетоrn

    Прва фаза: страст

    rnСтраста е придвижувана од сексуалните хормони, тестостерон и естроген. Тестостеронот не е важен само кај мажите. Докажано е дека тој игра главна улога и во сексуалниот нагон кај жените.rn

    Втора фаза: привлечност

    rnВо оваа фаза љубовта вистински напаѓа. Кога луѓето се заљубуваат, не можат да мислат на ништо друго, освен на партнерот. Исто така, тие можат да го изгубат апетитот, да им е доволно помалку сон, а денот да го поминуваат мислејќи на саканата личност. Во оваа фаза, главната улога ја играат група од невро-предаватели, а тоа се:rn

      rn011

    • Допамин – се активира и со кокаин и никотин
    • rn011

    • Норепинефрин – познат и под називот адреналин. Телото почнува да се поти, а срцето забрзано да чука.
    • rn011

    • Серотин – една од најважните хемикалии за љубовта, бидејќи може за момент да нè направи луди.
    • rn

    rn

    Трите фази на заљубувањето

    rn

    Трета фаза: приврзаност

    rnОваа фаза постепено ја преклопува втората, доколку врската потрае. Луѓето не можат вечно да останат во фазата на привлечност, бидејќи така никогаш нема ништо да направат во животот. Приврзаноста е состојба на подолготрајна посветеност и  клучна алка која го држи парот заедно, особено кога ќе основаат семејство. Во оваа фаза важни се два хормони кои ги ослободува нервниот систем, за кои се смета дека се важни во социјалната приврзаност.rn

      rn011

    • Окситоцинот – кај жените се ослободува од страна на хипоталамусот за време на раѓањето деца и им помага на дојките да носат млеко. Тоа им помага на мајките да изградат цврста врска со децата. Овој хормон исто така се ослободува кај двата пола за време на оргазам, поврзувајќи ги возрасните кога се интимни. Истражувањата одат дотаму што велат дека, колку повеќе секс имате, толку поцврста ќе биде вашата врска.
    • rn011

    • Вазопресин – Ова е другата важна хемикалија за фазата на подолготрајна посветеност. Исто така таа е важен контролор на бубрезите.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.