КАФЕ ПАУЗА

Tag: хормони

  • Добри и лоши страни: Како детоксикацијата со сокови делува на организмот?

    Добри и лоши страни: Како детоксикацијата со сокови делува на организмот?

    Без разлика дали детоксикацијата со сокови ја спроведувате неколку дена или пак цела недела, во вашето тело дефинитивно ќе дојде до промени поради драстичното намалување во внесувањето на калории, масти и протеини. Некои од тие промени се добри, бидејќи ја поттикнуваат детоксикацијата, но секако треба да се спознаат и негативните страни на детоксикациските сокови.rnrnПовеќето програми за детоксикација со сокови подразбираат внесување на сокови од различни видови зеленчук и овошје. Тие сокови содржат многу сорбитол или глуцитол. Тоа е вид шеќер кој поттикнува насобирање на вода во цревата, поради што има лаксативно дејство. Својот дигестивен систем дефинитивно ќе го прочистите, но подгответе се за дијареи и не заборавајте да го зголемите внесувањето на вода.rnrn1-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Хормони

    rnКога на телото ќе му го ограничите внесот на калории, тоа влегува во стадиум на гладување, а ова предизвикува хормонска нерамнотежа. Нивото на хормони во вашето тело ќе биде слично на она ниво што сте го имале пред да влезете во пубертет и тоа ќе го забележите веднаш после неколку дена. Тоа може да ја наруши конзистентноста на менструалниот циклус, особено ако ги практикувате детоксикациските сокови во периодот кога вашата менструација треба да започне.rn

    2. Мускули

    rnСоковите не содржат протеини. Но, вашето тело не е свесно дека не внесувате протеини, па тоа ќе продолжи и понатаму да ги разградува, исто како да ги внесувате, но сега оние од мускулите. Ако детоксикацијата со сокови трае една недела, тоа може да предизвика значајно намалување на мускулната маса, дури до 300 грама мускули дневно. Тоа за вас значи побавен метаболизам и помалку трошење калории во стадиум на мирување.rn

    3. Телесна тежина

    rnДефинитивно ќе го намалите бројот на непотребните килограми, но не оние кои сакате. Гликогенот во вашето тело, кој доаѓа од јаглехидратите, му помага на телото во задржување на водата. Кога ќе започнете со детоксикација со сокови, ќе ја исфрлите целата непотребна вода преку мокрење, но изгубените килограми всушност ќе бидат еднакви на изгубената вода. Тие килограми ќе ги вратите веднаш по завршувањето на детоксикацијата.rn

    4. Нивото на енергија

    rnСамо затоа што драстично го намаливте внесот на калории, тоа не значи дека и вашето тело ќе престане да ги троши. Помалото внесување на калории значи помалку гликоген и помала количина на енергија. Ќе започнете да чувствувате слабост и хроничен умор.rnrn2-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    5. Метаболизам

    rnПоради намаленото мускулно ткиво, телото ќе троши помалку калории во состојба на мирување. Ако изгубите околу 1 килограм мускулно ткиво, секој ден ќе трошите околу 15 калории помалку. Ако детоксикацијата со сокови трае кратко, побавниот метаболизам е моментален и брзо ќе се врати во нормала. Но, ако детоксикацијата со сокови ја практикувате подолго време или премногу често, тоа може да остави долгорочни штетни последици врз работата на вашиот метаболизам.rn

    6. Расположение

    rnСоковите не содржат масти и протеини, соединенија кои му се потребни на вашето тело за да произведува невротрансмитери. Тие го регулираат расположението и помагаат во спречување ненадејни промени на расположението. Токму поради тоа, детоксикацијата со сокови може да предизвика нагли промени во расположението и раздразливост.rn

    7. Срце

    rnДетоксикацијата со сокови има позитивно влијание на здравјето на срцето. Неколку дена на детоксикација со сокови може да помогне во регулирање на холестеролот и намалување на нивото на крвниот притисок. Исто така, може да го регулира нивото на шеќер и осетливоста на телото на инсулин.rnrn3-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

  • 3 причини зошто наутро не чувствувате глад, a би требало

    3 причини зошто наутро не чувствувате глад, a би требало

    Дека појадокот е најважниот оброк во денот, досега научија и птиците. Сепак, многу луѓе наутро не чувствуваат глад, дури им е мака кога ќе помислат на храна. Причината е прилично едноставна – а во голем дел сте и самите криви за тоа.rnrnСендвичи, житарки со млеко, овошје, млечни производи, здрави јаглехидрати… изборот за здрав појадок е неограничен. А најдоброто од сѐ е тоа што можете да јадете што било во овој период од денот, ако потоа водите сметка за она што го внесувате. Поради тоа за многумина појадокот е омилениот оброк во денот, но за жал гладот на многумина не се буди заедно со будилникот.rnrn1-4-prichini-zoshto-nautro-ne-chuvstvuvate-glad-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_rnrnПостојат 3 можни причини:rn

    1. Не сте навикнати

    rnМетаболизмот е чудна работа, кој најчесто функционира врз основа на навика. Ако со години не појадувате, сосема е логично дека вашето тело не е навикнато на тоа и дека нема да има потреба за храна веднаш штом ги отворите очите. Решението е едноставно – натерајте се себеси да каснувате што било наутро. И две залчиња се доволни за да го покренете метаболизмот кои лесно ќе ве поведат во магичниот свет на појадувањето.rn

    2. Премногу сте изеле претходната вечер

    rnВо текот на ноќта метаболизмот се сведува на минимум, па така и варењето како воопшто да не функционира. Затоа не треба да ве чуди ако вечерта изедете премногу храна, а наутро кога ќе се разбудите сè уште да се чувствувате сито. Едноставно, телото нема време да ја свари целата храна што сте ја внеле претходната вечер. Решението, повторно е прилично едноставно, но за многумина не е лесно. Обидете се да вечерате порано и да внесувате полесна храна, која побрзо ќе се свари. Вечерата генерално не би требала да биде голем оброк, а ова е и одлична навика за целокупното здравје.rnrn2-4-prichini-zoshto-nautro-ne-chuvstvuvate-glad-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_rn

    3. Хормони

    rnКако и на сите останати процеси во организмот, хормоните влијаат и на гладот. Телото генерално наутро лачи одреден коктел од хормони кој би требало да нè разбуди или пак доколку постои некое хормонално прометување може да предизвика мачнина и гадење од храна. За жал, со хормоните не може да си играте сами на своја рака, па доколку мислите дека имате некој проблем задолжително посетете доктор.rn

    ПОЈАДОКОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕСКОКНУВА!

    rnПравилната и здрава исхрана подразбира добар појадок. Целта на појадокот, покрај онаа основната која е да ве нахрани, е и да го разбуди и забрза метаболизмот. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот и на тој начин „штедат“ калории со цел да ослабат прават голема грешка. Појадокот треба да биде комплетен и да нè држи со часови, но не смее да биде преобилен или премногу јак за да нè заспие. За појадок избирајте здрави јаглехидрати, како што се целите зрна од житарки, кои се разградуваат побавно и подолго го одржуваат чувството на ситост. Исто така тие ве снабдуваат со енергија подолго време.

  • 7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

    7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

    Изгледот е првата причина поради којашто многумина копнеат да го загубат својот стомак. Сепак, има уште причини поради кои треба повеќе да се ангажирате околу тоа.rnrn7 причини да го загубите големиот стомак што побргуrn

    1. Најлошото сало е на стомакот

    rnСалото кое се складира на стомакот е поинакво од она на другите делови од телото. Тоа носи повисок ризик за заболувања поради тоа што испушта воспалителни соединенија коишто ја зголемуваат можноста за појава на голем број болести. Покрај тоа, се зголемува и ризикот од смрт од која било причина.rn

    2. На пат кон проблеми со метаболизмот

    rnАко имате стомак, веќе сте на пат кон сите проблеми со метаболизмот, односно неспособност на телото да ја складира и троши енергијата која се внесува во него. Кога ова ќе се случи, тоа е прогноза дека во иднина ќе дојдат проблеми со кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.rn

    3. Го зголемува ризикот за рак на дојката

    rnСалото на стомакот го зголемува ризикот од рак на дојката, и тоа не само кај жените туку и кај мажите. Тоа е можно поради тоа што високиот процент на масти во телото стимулира создавање на ензим кој тестостеронот го претвора во естроген. Колку повеќе масти имате, толку повеќе ќе имате естроген во телото, а тој ги храни заболените клетки од рак во дојката. Други последици на зголеменото излачување на естроген кај жените се и болен менструален циклус, лошо расположение и проблеми со спиењето. Кај мажите поради недостатокот на тестостерон се забележува зголемување на градите, недостаток на енергија и неможност за сексуално возбудување.rnrn7 причини да го загубите големиот стомак што побргуrn

    4. Драстично се зголемува ризикот од дијабетес

    rnПри едно истражување, научниците од Сингапур откриле дека од 2.000 испитаници дури 643 ги имале развиено факторите кои водат до дијабетес уште пред да наполнат 33 години. Тие ја докажале врската помеѓу масните наслаги и дијабетесот и потврдиле дека оние кои имаат проблем со стомакот додека се млади и имаат помалку од 30 години, имаат и многу поголеми шанси да заболат од оваа болест.rn

    5. Предизвикува еректилни дисфункции

    rnОсвен што ја намалува самодовербата поради изгледот, салото на стомакот се поврзува и со еректилните дисфукнкции. Кај овие мажи тие се појавуваат 10 или повеќе години порано отколку кај мажите кои имаат нормална телесна тежина. Кога тоа ќе се искомбинира со дијабетесот, процентот на мажи со ваков проблем се искачува на 75%.rn

    6. Проблеми со срцето

    rnДобро е познато дека голем стомак значи големи проблеми со срцето. Зголемената телесна тежина е голем стрес за срцето. Замислете здрав човек кој постојано на грбот носи вишок од 15 килограми кои не се негови. Неговото срце сигурно брзо би се уморило. Така е и во оваа ситуација. Срцето работи најдобро на нормална телесна тежина, а доколку не е така тоа има проблеми со примањето на крв и кислород. Последица од тоа е срцев удар.rn

    7. Ризик од деменција и Алцхајмерова болест

    rnЛуѓето со стомаци имаат неверојатни 250% поголеми шанси да заболат од деменција и Алцхајмерова болест во споредба со здравите луѓе. Еден ист ензим е одговорен за црниот дроб да ги обработи мастите и за мозокот добро да учи и да памети. Проблемот е во тоа што големата количина масти го исцрпува овој ензим и не останува многу од него за мозокот.

  • Дали прегратките имаат моќ да го спречат стареењето?

    Дали прегратките имаат моќ да го спречат стареењето?

    Никој не старее на истиот начин. Сите ние сме свесни за овој факт, а науката полека почнува и да објаснува зошто тоа се случува. Нашето тело старее секој ден, но процесите кои го предизвикуваат стареењето изгледа дека не целат кон одредено ткиво на изолиран начин. Различни делови од нашето тело стареат со различна брзина. Индивидуалните ткива покажуваат различен степен на чувствителност или отпорност кон стареењето. Но, дали ние можеме некако да влијаеме врз ова? Можеме ли да манипулираме со начинот на кои нашите ткива стареат?rnrnДали прегратките имаат моќ да го спречат стареењето?rnrnДо неодамна, одговорот на ова прашање ќе беше цврсто „НЕ!“, но една нова серија на студии ни сугерира дека процесот на стареење може да се модификува и дека одредени луѓе, без да знаат, можат да го докажат тоа според начинот на кој живеат.rnrnПрвото нешто што треба да го запомните е дека мозокот е клучот во регулирање на животниот век. Мозокот бара огромна енергија, па доколку некој се обидува да го модификува неговото стареење, тоа ќе се одрази и врз стареењето на телото. Односно, ако го oсвежите вашиот мозок, ќе се освежи и вашето тело. Истото важи и за спротивното.rnrnДосега се докажани 3 начини на кои успешно се намалува стареењето на телото: умерено вежбање, рестрикција на калории и хетерохронична парабиоза. Многу луѓе добро ги познаваат првите 2 пристапа, кои на кратко можат да се објаснат како „Јадете помалку и движете се повеќе.“ Но, за третиот пристап, кој покажува огромен потенцијал при откривањето на тајните на забавеното стареење, потребно е мало објаснување…rnrnХетерохроничната парабиоза е всушност многу едноставна и може да се изведе во 2 брзи чекори. Прво, најдете млад човек. Потоа, прицврстете го вашиот крвоток за нивниот – засекогаш! Оваа несекојдневна и малку сурова техника била изучувана за време на цивилната војна во Америка од страна на д-р Пол Берт. На кратко, тој со помош на крвта на младите успевал да подмлади стар човек притоа подобрувајќи ги неговите функции на мозокот и зголемувајќи ја способноста за регенерација на целото тело. Студиите спроведени на стари глувци кои ја делеле крвта со млади глувци, исто така покажале намалување на знаците на стареење на срцето, коските, црниот дроб и дигестивниот систем. Делењето на крвотокот со помлада личност може дури и да помогне при борбата со дијабетес.rnrnНо, што поточно го предизвикува овој феномен? Досега е откриено дека окситоцинот (хормонот за љубовта), кој се наоѓа во крвта е еден од причинителите за подмладување на личноста. Неговата количина во крвта се зголемува по прегратките и бакнежите со љубената личност, како и по сексуалниот однос. Тој исто така се верува и дека може да ни помогне при емоционалните и психолошките одговори на настаните кои го променуваат животот. Едноставната лекција која можеме да ја извлечеме од овие истражувања е дека наместо да се „закачиме“ за тинејџер и да ја користиме неговата крв за подмладување, многу е полесно едноставно да даваме и примаме повеќе прегратки во текот на денот. Вреди да се проба, се согласувате?

  • 13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

    13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

    Дали имате навика претерано да размислувате за нештата, така што ви се чини дека ќе ви експлодира главата? Не грижете се, не сте единствени и знаеме како ви е. За утеха, ова се 13 проблеми со кои се соочуваат сите оние кои претерано размислуваат за сè и сешто.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    1. Вие сте хипохондрици

    rnИако е само мамурлак, вие сепак ќе ги изгуглате сите симптоми за на крај да ви се пресечат нозете бидејќи испаѓа дека имате некоја страшна болест (или неколку). Сега вашиот мозок интензивно се впушта во процес на размислување и анализирање, така што мислите дека имате само уште неколку месеци живот.rn

    2. Вие сте ноќна мора за келнерите

    rnПроцесот на размислување што да се јаде или пие и колку сте гладни за да порачате нешто тешко или лесно, е долг. Келнерот можеби превртува очи додека размислувате, ама и вам не ви е лесно кога чувствувате дека некој ве става под притисок и ве брза. Сега келнерот замина да ја предаде порачката, а вие како да се двоумите. Од сега дефинитивно ќе одлучувате пред да влезете во ресторан.rn

    3. Пишаната комуникација е вистински стрес за вас

    rnКако треба да му се обратите на вашиот шеф или надреден по порака за да не звучите ни премногу лежерно но ни премногу сериозно? Плус, што значеше тоа што вашата другарка не ви стави смајли во пораката иако секогаш става? Лута ли е, но зошто? Ах, само да можевте да читате мисли.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    4. Месечниот циклус е вашиот најголем непријател

    rnХормоните ви се кренати до плафон но вие сепак ја имате таа непресушна потреба да анализирате сè и претерано да размислувате, па сега буквално сите ви одат на нерви и посакувате да живеете на планина.rn

    5. Текстовите на песните имаат големо значење за вас

    rnЗошто вашиот бивш ја постирал таа песна? Да обратиме внимание на текстот, можеби мисли на вас.rn

    6. Каде да продолжите со образованието ви беше една од најтешките одлуки

    rnМногу е важно каде ќе одите на факултет, па затоа минавте денови запишувајќи предности и недостатоци на секоја гранка. На вашите родители им дојдовте преку глава, па беа на работ едноставно да ви речат дека нема да се запишете нигде.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    7. Вие сте кралеви/кралици на драмата

    rnСамо малку утнавте нешто на работа и веќе минувате часови размислувајќи кои би биле последиците, дали ќе бидете казнети, како да ја поправите работата, и на крај, доколку вие бидете казнети дали е фер со оглед на тоа што минатата недела вашиот колега не беше а направи поголема беља.rn

    8. Ви се случува да имате непроспиени ноќи

    rnЗаради секакви причини. Едноставно се превртувате со часови размислувајќи и потејќи се. Зошто тоа мораше да биде така? Зошто не постапивте поинаку? Зошто некој се однесува така? Знаете дека не вреди и дека ништо добро од тоа не може да излезе, но не можете да си помогнете себеси.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    9. Социјалните мрежи не ви се баш лесни за работа

    rnПред да напишете или постирате што било, мора да размислите макар 10 пати. Дали е граматички и правописно точно, кој би бил директно засегнат од тоа, дали сте навредиле некого па затоа ве тргнал од листата на пријатели?rn

    10. Ви се случило да не заминете на состанок бидејќи немате што да облечете

    rnСаат време стоевте пред плакарот и на крај заклучивте дека немате ни една добра комбинација. Сега, нема да имате ни момче/девојка.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    11. Постојано се грижите

    rnДури и за нешта кои не ве засегаат директно. Ова е веќе премногу.rn

    12. Долг е процесот на пазарење

    rnМислите дека би ја извадиле од такт и најтрпеливата личност. Сè што ќе купите треба да биде добро, квалитетно, да го носите подолго време, да вреди за парите и да пресметате дали може да си го дозволите, секако.rn

    13. Не можете да поднесете тишина

    rnЗа што размислуваат другите? Зошто никој не зборува? Супер, сега не можам да дишам правилно и моето дишење се слуша.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

  • 4 знаци дека хормоните не ви функционираат како што треба

    4 знаци дека хормоните не ви функционираат како што треба

    Доколку во последно време често се чувствувате уморно, подуено или мрзоволно, тоа можеби е знак дека има некакво отстапување од нормалното функционирање на хормоните во вашиот организам. Тие при менструација се менуваат и влијаат на вашето расположение, кожата и на умот, но потоа се стабилизираат, па ваквите симптоми треба да исчезнат. Многу фактори може да влијаат на вашите хормони, меѓу кои и стресот и анксиозноста, но ако препознаете некои од овие четири симптоми, обратете се на лекар.rnrnMujer intentando dormirrn

    1. Замор

    rnИсцрпеноста е секогаш доволно добра причина за да појдете на лекар, бидејќи постојат бројни опасни причини поради кои може да се јави. Ако сте уморни после тешка работна недела, тоа е сосема нормално, но ако константно се чувствувате изморени и ако сте почнале да се дебелеете и имате промена во апетитот, можно е да имате проблем со недоволно активна тироидна жлезда. Заклучокот е дека треба да појдете на лекар доколку чувствувате замор од необјасниви причини.rn

    2. Промени на кожата

    rnМозолчиња може да се појават затоа што не сте ја извадиле шминката пред спиење или како резултат на промена во исхраната, но кога се појавуваат во долниот дел на лицето кај возрасна личност, може да се сигнал на високо ниво на тестостерон. Иако тоа не е опасен проблем, може да влијае на вашата психа. Докторот може да ви препише лекарства за стабилизирање на нивото на хормоните и тоа да резултира со нормализирање и чистење на кожата.rn

    3. Необична менструација

    rnИ необичната менструација може да биде резултат на многу фактори, како стрес, проблеми со тироидната жлезда, ниско ниво на естроген и синдром на полицистични јајници. Полицистичните јајници сигнализираат нередовни менструации кои доцнат, како и потешкоти при слабеење и чуден раст на влакната. Обратете се кај доктор за секој случај.rn

    4. Потење среде ноќ

    rnОсвен ако не е топло во собата, будењето среде ноќ во пот може да биде сигнал дека имате ниско ниво на естроген или ретка овулација – перименопауза. Перименопаузата може да започне и 10 години пред менопаузата. Појдете на лекар и проверете за што точно се работи.

  • За подобро помнење, само насмевнете се

    За подобро помнење, само насмевнете се

    Насмевката се бори против хормоните на стрес кои ја оштетуваат способноста на мозокот да учи и да помни. Истражувачите од Универзитетот Лома Линда, откриле дека постарите луѓе кои страдаат од дијабетес постигнувале повисок резултат на мемориските тестови откако им било покажано смешно видео.rnrnФацијалната експресија која се бори против губењето на меморијатаrnrnПричината изгледа се наоѓа во кортизолот, „хормонот на стрес“, кој ја оштетува способноста на мозокот за учење и помнење, а тоа го постигнува така што влијае врз одредени неврони во мозокот. Но, хуморот и смеата се добро познати ослободувачи од стрес. Еден од авторите на студијата, д-р Ли Берк вели:rn
    rn

    „Многу е едноставно. Колку помалку сте под стрес, толку е подобра вашата меморија. Хуморот ги намалува хормоните на стресот, како кортизолот, го намалува вашиот крвен притисок, го зголемува протокот на крвта и го подобрува вашето расположение. Со помош на смеата се отпуштаат ендорфини и допамини во вашиот мозок, а тие ви овозможуваат чувство на задоволство и награда. Овие позитивни неврохемиски промени од кои имаме голем број придобивки, меѓу другото, влијаат позитивно и врз имунитетот. Но сепак, она што е најинтересно во оваа студија е откритието дека промените во активноста на мозочните бранови го зголемуваат вашето помнење и потсетување. Така што, слободно можеме да заклучиме дека смеењето не само што е добар лек, туку и со подобрувањето на нашата меморија се подобрува и квалитетот на нашиот живот.“

    rnВодечкиот автор на студијата, д-р Гјуриндер Синг Бејнс додал:rn
    rn

    „Резултатите од нашето истражување ни нудат потенцијални клинички и рехабилитациони придобивки кои можат да бидат додадени во програмата за грижата на постарите. Когнитивните компоненти како способноста за учење и подоцнежното потсетување на тие информации стануваат сѐ поголем предизвик како што старееме и се клучни за подобрување на квалитетот на животот: мозокот, телото и духот.“

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер

    Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер

    Автор: Ана ПетровиќrnrnКојзнае зошто Бред Пит ја избра Анџелина Џоли наместо Џенифер Анистон или да речеме, Хелена Бонам-Картер. Клучот е во биолошкиот темперамент и нивото на хормони, смета антропологот Хелен Фишер, која проучувала дури 30.000 испитаници и дошла до заклучок дека токму нивото на одредени хормони влијае на нашиот избор на партнер.rnrn(1) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mkrnrnИако вистинската љубов е комбинација од карактеристики, околности, вистинскиот момент и други мали фактори, антрополозите откриваат зошто некои врски успеваат, а некои – не.rnrnПо 30 години истражување, извршено на 30.000 испитаници, д-р. Хелен Фишер смета дека меѓусебната привлечност е тесно поврзана со односот на одредени хормони во телото кои одредуваат за каков тип личност станува збор. Таа вели дека е битен соодносот на хормоните и хемикалиите кои ги произведува мозокот, а кои нè делат на четири основни категории. Така, со оглед на нивото на допамин, серотонин, естроген и тестостерон, постојат истражувачи, градители, управувачи и преговарачи.rnrnАко во организмот доминира поголемо количество допамин, вие спаѓате во луѓето кои постојано бараат нешто ново и возбудливо. Ваквиот тип личности, според Фишер, спаѓа во истражувачи.rnrnКај лицата чиј мозок произведува повеќе серотонин преовладуваат особини како лојалност и смиреност. Овие лица ги почитуваат правилата и редот, а исто така имаат и развиени социјални вештини, па според тоа Фишер ги нарекува градители.rnrnЛуѓето со зголемено ниво на тестостерон, без разлика на полот, спаѓаат во групата управувачи. Тие се директни, одлучни и добри во стратешките промислувања.rnrnЛичностите со зголемено ниво на естроген имаат преговарачки способности, емпатични се и имаат развиена фантазија, како и добри вербални и социјални вештини. Тие спаѓаат во групата преговарачи.rnrnСпоред нејзините истражувања, сите луѓе се комбинација од два типа на карактеристики, но еден е секогаш доминантен и влијае на нашето однесување, а со тоа и на изборот на партнер.rnrnЕве некои карактеристики на секој тип:rn

    ИСТРАЖУВАЧИ

    rn(2) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mkrnrnСакаат непредвидливи ситуации. Здодевно им е кога се повторуваат одредени активности. Имаат широки интереси. Размислуваат пооптимистично од повеќето луѓе. Креативни се. Секогаш ги интересираат нови нешта. Преземаат ризици.rn

    Добри страни

    rnИстражувачите се флексибилни и дарежливи кога се во прашање парите, времето и идеите. Не се плашат од преземање ризици за да искусат нови авантури.rn

    Лоши особини

    rnНивната желба за нови авантури често не може да ги држи на едно место, знаат да бидат импулсивни и се посклони кон разводи од останатите.rn

    Совет како да се однесувате во врската

    rnЗа да се зближите со преговарач, искористете ја својата креативност. Бидете трпеливи со градителот. Игнорирајте ги натпреварувачките коментари на управителот, а доколку сте во врска со друг истражувач, уживајте во забавата.rn

    УПРАВУВАЧИ

    rn(3) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mkrnrnУживаат во компетитивните разговори. Аналитични се и логични. Проблемите ги решаваат без вклучување на емоциите. Немаат проблеми во донесувањето одлуки.rn

    Добри страни

    rnРешителни се и независни. Кај партнерот бараат ум и интелигенција.rn

    Лоши особини

    rnНе се најдруштвени, а знаат да бидат и емоционално доста затворени. Понекогаш знаат да бидат безобѕирни.rn

    Совет како да се однесувате во врската

    rnУживајте во откривање на новите работи со истражувачот. Дозволете му на преговарачот да го продолжи разговорот. Дозволете му на градителот да поставува прашања, а во врската со друг управувач, немојте да ја занемарите љубовта.rnrn

  • Кои се придобивките од утринскиот секс?

    Кои се придобивките од утринскиот секс?

    Наместо будилникот, многу побрзо ќе ве расони утринскиот секс, бидејќи утрото кое започнува со водење љубов, може да го промени текот на денот и да го обои во ведри бои. Предностите на утринскиот секс се многубројни.rnrnКои се придобивките од утринскиот секс?rn

      rn011

    • Луѓето кои редовно го практикуваат, имаат повисоко ниво на окситоцин, хормон поради кој се чувствуваме заљубено. Тој го олеснува поврзувањето со партнерот, го смалува нивото на стрес, ги ублажува симптомите на депресија и го намалува крвниот притисок.
    • rn011

    • Утринското водење љубов го зголемува лачењето на серотонин и допамин, невротрансмитерите кои се одговорни за чувството на смиреност и задоволство.
    • rn011

    • Полесно и побрзо ќе се разбудите ако денот го започнете со акција во креветот. Можеби нема да ви биде потребна ни утринската доза кафе. Утринскиот секс делува позитивно и на вашите мускули, на имунитетот, кожата, косата и ноктите, па и ќе ве разубави.
    • rn011

    • Луѓето кои водат љубов наутро три пати неделно, имаат многу помал ризик од срцев и мозочен удар.
    • rn

  • Сè што не сте знаеле за бакнувањето

    Сè што не сте знаеле за бакнувањето

    Преку бакнувањето не само што со партнерот си разменувате плунка, туку и носна слуз, вируси, хормони и една милијарда бактерии. Но, и покрај тоа што овие факти звучат грозно, сепак тие носат и многу придобивки, кои вреди да ги знаете. Погледнете во видеото кои се тие.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.