КАФЕ ПАУЗА

Tag: Холивуд

  • 13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.rn

    1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…

    rn1-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnВо вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.rn

    2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…

    rn2-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).rn

    3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…

    rn3-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.rn

    4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…

    rn4-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnОдлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.rn

    5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…

    rn5-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.rn

    6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…

    rn6-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНема што да се објаснува овде.rn

    7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…

    rn7-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЗнаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.rn

    8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…

    rn8-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnКолкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.rn

    9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…

    rn9-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…rn

    10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…

    rn10-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЈавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.rn

    11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку

    rn11-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНи малку не е шармантно, нити вистинито.rn

    12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…

    rn12-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnДраги дами и господа, ова го има само во Холивуд!rn

    13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…

    rn13-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.

  • Архитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи

    Архитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи

    Имајќи ја предвид нејзината локација на падините на Холивуд Хилс, оваа прекрасна куќа и не може да нуди ништо друго освен ваков убав поглед над Лос Анџелес. Освен тоа, таа е вистинско архитектонско совршенство. Се простира на 650 метри квадратни, а во нив се сместени 6 спални соби, 7 бањи, неколку дневни соби и една кујна. На средината има базен кој куќата ја дели на два дела. Страните се од стакло, овозможувајќи многу светлина во куќата, како и одличен панорамски поглед. Куќата чини 15,5 милиони долари, а е во сопственост на шведскиот диџеј и продуцент Авичи.rnrnАрхитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи Архитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи Архитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи Архитектонско совршенство во Холивуд во сопственост на Авичи rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“

    Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“

    Овој знак е култна икона која ја дефинира целата филмска индустрија. Се наоѓа на планината Санта Моника во Лос Анџелес, а секоја буква е со висина од 13,7 метри. Поставен е во 1923 година, но она што малкумина го знаат е причината за неговото поставување.rnrnПриказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“rnrnКога првпат го наместиле знакот, тој содржел уште 4 букви и пишувало „HOLLYWOODLAND“. Поставен бил за промоција на новите куќи на самите ридови, од каде што станарите ќе можеле да уживаат во прекрасен поглед. Планот бил, откако ќе се продадат сите куќи, по неколку месеци да биде тргнат и знакот.rnrnПриказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“ Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“rnrnНо, поради неговата преголема видливост во голем број филмови (оттаму и самата поврзаност со познатите и филмската индустрија), по 26 години од неговото поставување, Стопанската комора и Департманот за паркови на Лос Анџелес, одлучиле да се тргне зборот „LAND“, а да остане „HOLLYWOOD“.rnrnПриказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“ Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“ Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Холивудските фраери со „најжешки“ стомачни

    Холивудските фраери со „најжешки“ стомачни

    Дами, плакнете очи! Од Дејвид Бекам до Рајан Гослинг, ова се дел од момците со „најжешки плочки“ во Холивуд. Неретко ги истакнуваат во филмови и рекламни кампањи, најчесто во улога на брзи, бесни и лоши момци. Уживајте и надополнете ја листата со вашите омилени.rn

    Дејвид Бекам

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Хју Џекмен

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Крис Хемсворд

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Зак Ефрон

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Метју Меконахи

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Марио Лопез

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Ченинг Тејтум

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачниrnrn

    Рајан Гослинг

    rnХоливудските фраери со „најжешки“ стомачни
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат

    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат

    Некои актери уште од раѓање со самите црти на лицето ја добиваат привилегијата еден ден да глумат некој важен историски лик во биографскиот филм што ќе му го направи Холивуд. А кога нема актер што изгледа баш како што треба, одличните шминкери ја завршуваат работата и се добиваат трансформации како овие на сликите.rnrn

    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Даниел Деј Луис како Абрахам Линколн во „Линколн“ (Lincoln)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Ештон Кучер како Стив Џобс во „Џобс“ (Jobs)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор во „Лиз и Дик“ (Liz and Dick)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Хелен Мирен како Кралицата Елизабета во „Кралицата“ (The Queen)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Леонардо Ди Каприо како Џеј Едгар Хувер во „Џеј Едгар“ (J. Edgar)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок во „Хичкок“ (Hitchcock)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Пен Беџли како Џеф Бакли во „Поздрав од Тим Бакли“ (Greetings from Tim Buckley)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Кристен Стјуарт како Џоан Џет во The Runaways
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Арон Тејлор Џонсон како Џон Ленон во „Момчето од никаде“ (Nowhere Boy)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Аманда Сејфрид како Линда Лавлејс во „Лавлејс“ (Lovelace)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Селма Хајек како Фрида Кало во „Фрида“ (Frida)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Рис Витерспун како Џун Картер во „Од по работ“ (Walk the Line)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Бен Кингсли како Махатма Ганди во „Ганди“ (Gandhi)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Дензел Вашингтон како Малколм Екс во „Малком Екс“ (Malcolm X)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Мерил Стрип како Маргарет Тачер во „Челичната дама“ (The Iron Lady)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Марион Котијар како Едит Пјаф во „Живот во розово“ (Le vie en rose)
    rnrn
    Актери кои личат на вистинските ликови кои ги глумат
    Хоакин Феникс како Џони Кеш во „Од по работ“ (Walk the Line)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни цитати од Мерлин Монро

    Инспиративни цитати од Мерлин Монро

    Мерлин Монро е една од најпознатите филмски икони и секс симболи кои светот некогаш ги видел. Со нејзината легендарна фигура како песочен часовник, симболот на убавина на нејзиното лице и заводливата русокоса фризура, Мерлин Монро успешно го одржуваше својот чист платинест холивудски гламур со мала доза на детска ранливост. Токму поради овие квалитети ја обожаваа милиони луѓе ширум светот.rnrnИ покрај тоа што животот на Мерлин беше релативно краток и трагичен, таа и до ден денес продолжува да биде инспирација. Погледнете дел од нејзините најпознати мисли…rnrnИнспиративни цитати од Мерлин Монро
    rn

    „Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде тотално апсурден отколку тотално досаден.“

    rn

    „Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и одвреме-навреме тешко е да се справиш со мене. Но, ако не можеш да се справиш со мене кога сум во најлошо светло, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобро.“

    rn

    „Јас верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научите да ги пуштате да си заминат, работите тргнуваат наопаку за да ги цените кога ќе бидат како што треба, верувате во лаги сè додека не научите да си верувате само себеси и понекогаш добрите нешта се распаѓаат за уште подобри да можат да се состават.“

    rn

    „Јас сум добра, но не сум ангел. Грешам, но не сум ѓавол. Јас сум само мало девојче во голем свет кое се обидува да најде некој што ќе го сака.“

    rnИнспиративни цитати од Мерлин Монро
    rn

    „Сите ние треба да почнеме да живееме пред да станеме престари. Стравот е глупав. Исто како и каењето.“

    rn

    „Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам.“

    rn

    „Не ми пречи да живеам во светот на мажите, сè додека во него можам да бидам жена.“

    rn

    „На жените кои настојуваат да бидат еднакви со мажите им недостасува амбиција.“

    rnИнспиративни цитати од Мерлин Монро
    rn

    „До сите оние девојки кои мислат дека се дебели само затоа што не носат број на облека XXS – вие сте прекрасни, општеството е она што е грдо.“

    rn

    „Сакам да остарам без операции за затегнување на лицето. Сакам да имам храброст да бидам лојална на лицето кое сум го добила. Понекогаш мислам дека би било многу полесно да се избегне староста, да се умре млад, но тогаш никогаш не би го комплетирале својот живот, нели? Никогаш не би сте се запознале во целост.“

    rn

    „Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени многу му должат.“

    rn

    „Секогаш бидете насмеани, затоа што животот е нешто прекрасно и има толку многу работи за кои можете да се смеете.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати од Марлон Брандо – актер над актерите

    Цитати од Марлон Брандо – актер над актерите

    „Ако не знаеш да живееш, тогаш не ни живееш“ – вака гласело животното мото на филмската легенда, Марлон Брандо (3 април 1924 – 1 јули 2004), испишано на еден од ѕидовите во неговата соба. Познат е како холивудската икона која се бореше за правдата и еднаквоста на „обоените“. Човековите права му беа пред парите и славата, а тоа го потврди и со одбивањето да се појави на Оскарите и да го подигне признанието за најдобар актер за улогата во култниот „Кум“.rnrnБрандо бил дрзок и одбивал послушност, особено кога станувало збор за неговото образование. На оваа тема велел: „Ми пречеше дисциплината. Морав да им изразувам почит на оние кои не ги почитував. Го мразев ѕвончето. Сакам живот во кој времето не значи ништо.“rnrnМарлон Брандо - актер над актеритеrnrnСе обидел и да режира, откако Стенли Кјубрик се откажал од таа задача во „Едноокиот Џек“ (One-Eyed Jacks, 1961), заради несогласувања со него и со продуцентот. За да не пропадне филмот, на сцена стапил темпераментниот Брандо. По шест месеци импровизација создал 5-часовно дело, но бидејќи никој не сакал да го прикаже, бил принуден да го скрати на 2 часа и 20 минути. Никогаш повеќе не се обидел да режира, но затоа пак, е прогласен за четврта најголема филмска ѕвезда во историјата, од страна на Американскиот филмски институт.rnrnПокрај во „Кум“ и во „Едноокиот Џек“, познат е и по улогите во: „Трамвајот наречен желба“, „Јулиј Цезар“, „Млади лавови“, „Буната на бродот Баунти“, „Грофицата од Хонг Конг“, „Последно танго во Париз“. Повеќе за ставовите на филмската легенда, дознајте преку следните цитати:rn
    rn

    „Телевизијата е измислена за и неписмените да имаат причина да носат очила.“

    rn

    „Единствената причина што сум во Холивуд е тоа што немам морална храброст да одбијам пари.“

    rn

    „Актер е човек кој ако не зборувате за него, нема да ве слуша.“

    rn

    „Јас само сакам да сум нормално луд.“

    rn

    „Човекот се раѓа, живее и умира сам. Љубовта и пријателите само создаваат илузија дека тоа не е така.“

    rn

    „Постарите веруваат во сè, средовечните се сомневаат во сè, а младите знаат сè.“

    rn

    „Само затоа што велат ‘акција!’ не значи дека треба да правите нешто.“

    rn

    „Каењето му припаѓа на минатото.“

    rn

    „Би ми аплаудирале ли луѓето и ако сум добар водоводџија?“

    rnМарлон Брандо - актер над актеритеrnrn rn

    „Единствената работа која актерот ѝ ја должи на публиката е да не ѝ здодее.“

    rn

    „Актерството е израз на невротичен импулс. Скитнички живот. Неговото напуштање е знак на зрелост.“

    rn

    „Никогаш не мешајте ја големината на вашата плата, со големината на вашиот талент.“

    rn

    „Актерството е празна и бескорисна професија.“

    rn

    „Јас сум од оние луѓе кои веруваат дека ако се доволно добри во овој живот, кога ќе умрат, ќе одат во Франција.“

    rn

    „Да ја разбере суштината на животот е должност на еден актер, да ја протолкува е негов проблем, а да ја изрази мора да е посветен.“

    rn

    „Доаѓам од семејство на ирски пијаници.“

    rn

    „Сите што глумат во еден филм заслужуваат награда, а не само една личност.“

    rn

    „Имам очи како на мртва свиња.“

    rn

    „Не ми пречи што сум дебел. Сè уште ги добивам истите пари.“

    rn

    „Ако веќе не сме чувари на нашите браќа, да не бидеме барем нивни егзекутори.“

    rnПогледнете и дел од најпознатите филмски сцени и реплики на легендарниот актер:rnrnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Епизоди (Episodes)

    Епизоди (Episodes)

    ТВ серија за животот на луѓето кои се дел од холивудскиот шоу-бизнисrnrnЕпизоди (Episodes)Главни улоги: Мет ле Бланк, Тамсин Грејг, Стивен МанганrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Дејвид Крејн и Џефри КларикrnrnПремиера: 9 јануари 2011rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 30 минутиrnrnНаша оценка: 7,5rnrnВаша оценка: [ratings]rnСодржина: Во серијата станува збор за британскиот брачен пар Шон и Беверли Линколн, кои се сценаристи и режисери и работат на популарна британска ТВ серија за млади. Тие се повикани во Холивуд да направат американска верзија на истата, која доживеала многу голем успех и почнала да освојува светски награди, па затоа американската телевизиска мрежа почнува да си замислува повеќе доларчиња, доколку ја преземе серијата во свои раце.rn

    rnКога Шон и Беверли пристигнуваат во Холивуд, тие се тотално шокирани од фактот дека телевизијата бара од нив од корен да го изменат шоуто. Главната улога во американската верзија треба да ја толкува секси тренер по хокеј кој ќе го глуми Мет ле Бланк, наместо стариот директор кој ја толкува главната улога во оригиналната серија. Целиот нов свет кој го доживуваат во Холивуд, Шон и Беверли го сметаат за налудничав и комичен. И покрај тоа што на почетокот беа скептични за тоа дали треба да ја прифатат работата, после потпишувањето на договорот, остануваат таму и тогаш во нивниот претходно спокоен брачен живот, почнуваат да се случуваат разни перипетии кои ги носи со себе шоу-бизнисот.Епизоди (Episodes)Зошто да ја гледате: „Епизоди“ е забавна ТВ серија која е малку поразлична од она на коешто сме навикнале да го гледаме во американските серии. Двајцата шармантни британски актери и забавниот сексапилен Мет ле Бланк кој сите го обожаваме уште од ТВ серијата „Пријатели“, како и интересното разоткривање на она што се случува зад камерите во Холивуд, проследено со еден специфичен саркастичен хумор, ја прават ова серија забавна и симпатична за гледање.Епизоди (Episodes)Кога и како да ја гледате: Една епизода трае 30 минути, така што доколку секоја вечер, ви треба нешто да гледате додека се обидувате да заспиете, тогаш таа е одличен избор за овој период од ноќта, бидејќи нема премногу да ве расони и возбуди, но доволно ќе ве расположи за слатко да си заспиете.Епизоди (Episodes)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зад сцената на холивудските блокбастери

    Зад сцената на холивудските блокбастери

    Холивудските блокбастери често нѐ оставаат со подзинати усти додека ги гледаме нивните сцени. Тоа, всушност, е целта на оние што го создаваат филмот. Во секој кадар тие вложуваат многу труд, внимателно го избираат и разработуваат секој детаљ и на крај го добиваат саканиот ефект.rnrnСепак, зад сцената не е сѐ така лесно. Додека уживаме во спектакуларниот краен производ можеме да заборавиме дека оние што ги гледаме на екранот се сосема обични луѓе, исто како и оние зад камерата. Сите тие вредно си ја вршат својата работа, а следните фотографии ги демистифицираат токму тие случувања.rnrn

    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Титаник (Titanic)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Трансформери (Transformers)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Господар на прстените (Lord of the Rings)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Однесено од виорот (Gone with the Wind)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Војна на ѕвездите (Star Wars)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Зачеток (Inception)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Челуст (Jaws)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Вонземјанин (Alien)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Војна на ѕвездите (Star Wars)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Кога јагнињата ќе стивнат (Silence of the Lambs)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    РобоКап (RoboCop)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Планета на мајмуните (Planet of the Apes)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Некои тоа го сакаат жешко (Some Like It Hot)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Кум (The Godfather)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Леон (Leon)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Враќање во иднината (Back to the Future)
    rnrn
    Зад сцената на холивудските блокбастери
    Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп (Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull)

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куса турнеја низ холивудската историја

    Куса турнеја низ холивудската историја

    „Прошетајте“ низ Холивуд и откријте што се случувало зад филмското платно, како легендарните актери ги снимале познатите сцени, односно што сè се крие зад беспрекорниот филмски свет. Можеби ќе прочитате и по некој факт за вашиот култен филм, на кој досега не сте налетале…Куса турнеја низ холивудската историја1. Прв холивудски филм е „Во старата Калифорнија“ (In Old California, 1910), на режисерот Д. В Грифит. Станува збор за биографска мелодрама за млада шпанска девојка (Мерион Леонард), која има вонбрачен син со идниот гувернер на Калифорнија. Филмот е снимен за само два дена.rnrn2. Кога Хорас и Дајида Вилкокс во 1887 година го основале Холивуд се надевале дека тој ќе прерасне во религиозна заедница. Го искористиле времето на прохибицијата, кога со забраната на алкохолот, властите почнале да нудат бесплатно земјиште за оние што ќе изградат религиозни објекти.rnrn3. За снимање акции со коњи, на почетокот бил користен ефектот „Running W“, односно сопнување со жица. Начинот се покажал како нехуман, бидејќи голем број од животните завршувале со скршеници. Тоа е веќе одамна забрането.rnrn4. Најфилмуван автор е Вилијам Шекспир, со најголем број филмски верзии и адаптации на неговите дела.rnrn5. Најчесто портретиран лик во хорор филмовите е грофот Дракула, создаден од ирскиот писател, Брам Стокер (1847-1912).Куса турнеја низ холивудската историја6. Најстариот познат американски порнографски филм е „Free Ride“, снимен во 1915 година.rnrn7. Првиот Афроамериканец кој добил главна улога во игран филм е Сем Лукас (1850-1916), во „Колибата на чичко Том“ (1914). Првиот Афроамериканец пак, кој направил богата кариера во филмската индустрија е Нобл Џонсон (1881-1978).rnrn8. Холивудска ѕвезда со најмногу главни улоги во играни филмови е Џон Вејн. Се појавил во 153 филмски остварувања. Актер пак, со најмногу појавувања на филм, без разлика на улогата, е Џон Кередин (1907-1979). Добил дури 230 улоги.rnrn9. Во познатата филмска сцена од „Кум“ (1972), врисокот на актерот Џек Волц е спонтан, бидејќи тој не знаел за отсечената коњска глава во неговиот кревет, која пак била вистинска. Главата од животното била позјамена од страна на компанија за производство на кучешка храна. Ваквата пракса за потребите на филмот, во тој период била легална.rnrn10. Анет Келермен (1887-1975) е првата актерка која се појавила гола во филм. Станува збор за филмот „Ќерка на боговите“ (A Daughter of the Gods, 1916).Куса турнеја низ холивудската историја11. Во 1923 година е поставен првиот знак „HOLLYWOODLAND“ (подоцна скратен само во „HOLLYWOOD“). Знакот чинел 21.000 американски долари.rnrn12. Во филмот „Денот на мртвите“ (Day of the Dead), снимен во 1985 година, зомбијата всушност јадат мисиркини нозе на скара, специјално направени да изгледаат како човечко месо.rnrn13. Тројцата главни актери во „Бунтовник без причина“ (Rebel Without a Cause, 1955) починале прерано. Џејмс Дин загинал во сообраќајна несреќа, Натали Вуд се удавила, а Сал Минео бил избоден до смрт.rnrn14. Првите слики во движење ги направил Томас Едисон. Тој првично се противел на нивното прикажување на големото платно, бидејќи сметал дека гледањето „еден на еден“ би било многу попрофитабилно.rnrn15. Првата Афроамериканка – добитник на Oскар е Хејти Мекданиел, наградена во 1939 година, за најдобра споредна женска улога во филмот „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind).Куса турнеја низ холивудската историја16. Првиот филм со заработка од над 100 милиони долари е „Ајкула“ (Jaws, 1975).rnrn17. По тешка битка со цензурата, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966) станал првиот филм со забрана за публика под 18 години.rnrn18. Во „Птици“ (The Birds, 1963) на Хичкок, истренирани птици биле фрлани директно во актерката Типи Хедрен. За секвенца, неколку од птиците биле врзани за неа со најлонски врвки за да не одлетаат. Снимањето било неколку пати прекинувано за да ù насликаат крв на нејзиното тело и да ù ја искинат облеката.rnrn19. Најпознатата сцена во „Егзорцист“ (The Exorcist, 1937), кога Реган (Линда Блер) ја врти главата за 180 степени, е снимена со кукла. Звукот на кршење на вратот бил произведен со виткање на стар кожен паричник околу микрофон.rnrn20. Адолф Хитлер на неговата „листа за истребување“ го ставил и Џек Ворнер (еден од директорите на студиото „Ворнер брадерс“), заради филмот „Исповеди на еден нацистички шпион“ (Confessions of a Nazi Spy, 1939).Куса турнеја низ холивудската историја21. „Планетата на мајмуните“ (Planet of the Apes, 1968) е филм со најголем буџет за филмска шминка. Изнесува дури 1 милион долари и претставува речиси 17% од вкупните трошоци.rnrn22. Филмот „Светлата на градот“ (City Lights, 1931) во режија на Чарли Чаплин, содржи најмногу, односно 324 филмски кадри во една сцена, со што засега го држи рекордот.rnrn23. Најдолгата филмска сцена е во „Blue Movie“ (1996) на Енди Ворхол, која содржи 35-минути непрекинато водење љубов меѓу Вива и Луис Валдон.rnrn24. Во „Рој“ (The Swarm, 1978) е собрана досега најголемата филмска екипа. Станува збор за 22 милиони пчели „вработени“ од страна на Ирвин Ален.rnrn25. Најскапиот црно-бел филм е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (Who’s Afraid of Virginia Woolf, 1966). Вкупните трошоци за него изнесуваат 7.500.000 долари. Причина за тоа биле високите хонорари на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.Куса турнеја низ холивудската историја26. „Викинг“ (Viking, 1931) е филм со најмногу жртви во историјата на Холивуд. При неговото снимање загинале 27 лица, вклучувајќи ги режисерот и кинематографот. Несреќата се случила кога бродот на кој снимале, експлодирал од силен удар во глечер, во близина на Њуфаундленд.rnrn27. Во филмот „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz, 1939) биле ангажирани 124 џуџиња. Едно од нив пропаднало во тоалетот на студиото и таму било заробено сè до моментот кога го забележале неговото отсуство.rnrn28. Планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ (1979) е всушност националниот парк „Јелоустоун“.rnrn29. Сага на самракот: Нова месечина (The Twilight Saga: New Moon, 2009) е филм кој најбрзо стигнал до заработка од 100 милиони долари.rnrn30. Оригиналниот наслов на филмот „Истерувачи на духови“ (Ghost Busters, 1984) бил „Судир со духовите“ (Ghost Smashers).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.