Со цел да создадат силна физичка и емоционална поврзаност со ликовите кои ги пресликуваат на филмското платно, некои од најпознатите и најталентирани холивудски актерки воопшто не се двоумат целосно да го променат нивниот изглед: Ја скратуваат прекрасната коса, се здебелуваат, „остаруваат“ и прават многу други екстремни промени. На тој начин тие успеваат веродостојно да го претстават нивниот фиктивен лик, кој поради неговата автентичност никогаш не избледува од нашите сеќавања.rnrnМаргот Роби како Харли Квин во „Одредот на отпишаните“ (Suicide Squad)rnrnПогледнете ги најхрабрите актерки кои решиле да направат неверојатни жртви за нивните филмски улоги и со тоа ги докажале нивниот извонреден талент и посветеност на работата…rnrn
Не е лесно да се биде жена во модерното општество, но уште потешко е да се биде жена во Холивуд. Животот под постојаното око на папараците и целиот тој притисок да се изгледа прекрасно се одразуваат негативно на емоционалната состојба на нашите омилени ѕвезди. Дури и најпопуларните од нив понекогаш имаат лоша фризура, темни подочници, стрии и целулит. Одредени јавни личности решиле отворено да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат жените насекаде низ светот, без разлика дали се популарни или не. Погледнете ги овие 8 инспиративни жени кои се доказ за тоа дека не е сѐ до надворешниот изглед, туку најважно е она што се крие под површината…rn
1. Алиша Кис
rnrnrnАлиша Кис, позната по нејзината убавина и неверојатен глас, решила дека време е да се прифати себеси онаква каква што е. Од таа причина, пејачката престана да носи шминка и со гордост почна да ги покажува нејзините природни локни.rn
„Не сакам да се покривам повеќе. Не сакам да го покривам ниту моето лице, ниту мојот ум, ниту мојата душа, ниту моите мисли, ниту моите соништа, ниту моите маки, ниту мојот емоционален развој. Ништо не сакам да покривам“, изјавила Алиша.
rnТаа дури научила да ги сака и нејзините стрии, па им испратила порака на сите жени да се прифатат себеси со сите свои доблести и маани.rn
2. Ешли Греам
rnrnrnКонечно модел кој изгледа како вистинска жена и притоа блеска со самодоверба. Ешли Греам се гордее со нејзините облини и е првиот модел со прекумерна тежина кој се појавил на насловната страница на списанието „Sports Illustrated“.rn
3. Медлин Стјуарт
rnrnrnМедлин Стјуарт е неверојатно 19-годишно девојче кое се надева дека ќе ја промени општествената перцепција за убавината. Таа ги исполни нејзините соништа да стане модел и учествуваше на модната недела во Њујорк минатиот септември. За неа само небото е граница!rn
4. Џенифер Анистон
rnrnrnБракот и мајчинството и понатаму се сметаат за суштински достигнувања на една жена без кои нејзиниот живот не би бил целосен. Но, дали навистина мораме да се омажиме и да имаме деца за да бидеме исполнети? Актерката Џенифер Анистон неодамна напиша моќно писмо каде што отворено зборуваше против медиумската перцепција за личниот развој на жената.rn
„Ние сме целосни без или со партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво кога станува збор за нашите тела. Ние самите го одредуваме значењето на среќниот живот“, напишала Анистон.
rn
5. Ема Вотсон
rnrnrnПаметната волшебничка од филмовите за Хари Потер прави сѐ што може за да го доближи феминизмот до луѓето. Во 2014 година, Ема Вотсон одржа моќен и трогателен говор за половата дискриминација во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Во нејзиниот говор таа ги повика сите мажи и жени да се соединат и со заеднички сили да се борат за полова еднаквост.rn
„Ако престанеме да се дефинираме според она што не сме и почнеме да се дефинираме според она што сме, сите би можеле да бидеме послободни“, рекла актерката.
rn
6. Брин Рајс
rnrnrnМоделот Брин Рајс открива дека кога наполнила 19 години била дијагностицирана со витилиго, ретка болест која предизвикува губење на пигментот во кожата. Таа повеќе од 10 години се криела зад шминката, но конечно решила да ја прифати сопствената кожа и да собере храброст да му го покаже вистинското лице на светот.rn
„Не можев да се погледнам во огледало без да се расплачам, бидејќи се чувствував многу непривлечно. Не им дозволувајте на околностите да ве дефинираат, туку искористете ги како инспирација која ќе ве поттикне да достигнете личен развој и да им помогнете на другите. Сакајте се себеси и сите ваши недостатоци“, напишала Рајс.
rn
7. Амандла Стенберг
rnrnrnМожеби ја паметите Амандла Стенберг по нејзината улога како храбрата Руе во „Игри на гладните“ (The Hunger Games). Но, денес актерката е една од оние холивудски активисти кои се борат против расизам, сексизам и хомофобија. Иако има само 18 години, таа прави сѐ што може за да го научи светот дека од суштинска важност е да постои расно и културно прифаќање меѓу луѓето. Стенберг отворено зборува за тоа како е да се биде жена со темна боја на кожата во модерното општество и со гордост ја претставува нејзината култура и идентитет.rn
8. Деми Ловато
rnrnrnДеми сега е жена која се гордее со нејзините недостатоци, но патот за да стигне до таму воопшто не беше лесен за неа. Во тинејџерските години, оваа пеачка и актерка се бореше со анорексија, зависност од дрога и депресија. Денес, таа е совршен пример за сите млади девојчиња кои се соочуваат со истите проблеми.rn
Нивното богатство денес се проценува во милиони, тие служат како модели за однесување на многу млади девојки низ целиот свет, воспоставуваат модни трендови и новинарите ги следат на секој чекор. Но, за нив животот не бил отсекогаш лесен. Напротив, многу од нив биле дури и бездомници пред да станат славни актерки и пејачки со интернационална слава. Нивниот пример ни зборува дека кога имаме желба, тогаш нема височини што не можеме да ги постигнеме.rn
Хали Бери
rnrnrnДобитничката на Оскар, Хали Бери, поминала некое време во засолниште за бездомници, првиот пат кога си заминала од дома. Неколку месеци откако се преселила во Чикаго, се јавила кај мајка ѝ да позајми пари, но таа не ѝ дала. Убавата актерка подоцна изјавила дека е многу благодарна на мајка ѝ што не ѝ позајмила пари бидејќи така научила да води сметка за себе.rn
Џенифер Лопез
rnrnrnПочетоците на славната актерка и пејачка не биле воопшто лесни. Во едно интервју, таа раскажала дека пред да се прослави, спиела на кауч во едно студио за танц.rn
Селин Дион
rnrnrnБогатата Канаѓанка не израснала во раскош. Родена е како најмало дете во семејството, а како што изјавува самата, живееле во многу мала куќа. Никогаш немале доволно пари, но затоа имале многу љубов и поддршка од родителите.rn
Деми Мур
rnrnrnПознатата актерка живеела во камп – приколка со мајка алкохоличар и очув. Тие двајца имале проблематичен брак, полн со насилство и често се селеле. Кога имала 16 години, Деми Мур ги напуштила и почнала да работи како модел.rn
Сара Џесика Паркер
rnrnrnРодителите на славната актерка се развеле кога таа имала само 2 години. Имале огромни потешкотии околу финансиите и одвај сврзувале крај со крај. Сара ја добила својата прва улога на Бродвеј на само 11 години.rn
Кејт Винслет
rnrnrnИако татко ѝ бил актер, имал потешкотии да го прехрани своето семејство. За да обезбеди повеќе средства, тој постојано работел прекувремено. Кејт изјавила дека во детството никогаш не носела нова облека, туку дека облеката секогаш ја наследувала од своите постари роднини.rn
Лејтон Мистер
rnrnrnЅвездата на ТВ серијата „Gossip Girl“ имала тешко детство. Родена е во затвор, каде што и живеела до три месеци, кога нејзината баба го презела старателството над неа.
Овие дами имаат неверојатни кариери – улоги во многу успешни филмови и ТВ серии, многу хитови и се занимаваат со хуманитарна работа, додека истовремено самите се грижат за своите деца. И покрај тоа што тие се светски познати, сепак на приватен план се посветени мајки кои би дале сè за своите најмали. Погледнете ги најпопуларните ѕвезди кои покажуваат дека и самохраните мајки можат да балансираат помеѓу работата и квалитетното време поминато со своите деца.rnrnrnrnДениз Ричардс прави сè што е во нејзина моќ да ги заштити своите ќерки Лола и Сем од нејзиниот бурен јавен живот. И покрај тоа што е многу популарна и има огромни обврски во својата работа, сепак таа успева да поминува доволно време со своите најмали.rnrnrnrnКејт Винслет вели дека најмногу ужива кога поминува време со своите деца. Таа е една од најголемите филмски ѕвезди, но сепак секогаш успева да подготви појадок за нејзините најсакани.rnrnrnrnХали Бери исто така ужива кога поминува време со својата ќеркичка. Таа е среќна мајка и вели дека ништо не би менувала во својот живот сè додека нејзината ќерка е крај неа.rnrnrnrnМишел Вилијамс, дури и по смртта на својот сопруг, како и славата која постојано ја следи, нашла начин да ѝ овозможи среќно и нормално детство на својата ќерка, Матилда.rnrnrnrnСандра Булок е една од оние познати ѕвезди кои посвоиле дете. Таа се грижи за прекрасниот Луис и тврди дека тој е причината за најголемата среќа во нејзиниот живот.rnrnrnrnИ покрај тоа што Рис Витерспун го дели старателството над синот Дејкон и ќерката Авом со својот поранешен сопруг, сепак таа прави сè што е во нејзина моќ да не дозволи нејзините деца да се почувствуваат запоставено.
Одлична замена за појадок кога сте во брзање, а сакате да добиете утринска доза здравје, убавина и енергија додека истовремено позитивно влијаете на нашата линија
rnrn
Потребни состојки:
rn
rn011
350 милилитри вода
rn011
340 грама зелка, исечкана
rn011
3, 4 стапчиња целер
rn011
125 грама спанаќ
rn011
1 јаболка, излупена, исчистена од семки и исечкана
rn011
1 круша, излупена, исчистена од семки и исечкана
rn011
1 банана, излупена
rn011
Половина лимон, исцеден
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОбидете се да користите органско овошје и зеленчук. Добро измијте ги сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер заедно. За само неколку секунди ќе добиете вкусен и здрав пијалак.
Ретро локните повторно се враќаат на црвениот тепих. Оваа елегантна и софистицирана фризура е совршен избор за вечерните излегувања или романтичните состаноци. Таа е многу лесна за подготовка, како и за одржување и најдобро од сè, можете сами да ја подготвите. Потребно е само да одвоите малку време и брзо ќе ги добиете гламурозните бранови кои ги обожаваат холивудските убавици.rnrnrnrnПрефрлете го поголемиот дел од косата на една страна, во зависност од обликот на вашата глава и онаа што вам лично повеќе ви се допаѓа. Кога ќе го направите тоа, постојат две можности со чија помош ќе можете да ги направите романтичните локни во вашата коса. Еден начин е да користите фигаро, а другиот е со помош на виклери. Доколку одберете виклери, оставете ги доволно долго на вашата коса со цел таа да го добие посакуваниот облик. Ако вашиот избор е фигаро или пегла за коса, тогаш поделете ја во прамени и секој од нив виткајте го посебно, сè додека не го постигнете посакуваниот изглед.rnrnrnrnОткако ќе ги направите локните, прицврстете ги со помош на спреј за коса бидејќи во спротивно фризурата нема да го задржи својот облик долго време. Откако ќе го направите тоа, поминете неколку пати низ неа со четка. Доколку ви изгледа како со тоа да ја уништувате вашата фризура, не грижете се, бидејќи овој чекор е најважниот во целиот процес. Со чешлањето вие ќе се погрижите вашите локни да не се спојат во една целина. Доколку тие надолу се раздвојуваат, можете да ги споите со помош на мали црни шнолички со остатокот од косата.rnrnrnrnЗа крај, повторно нанесете спреј за коса и потоа остатокот стилизирајте го по ваша желба. Ако сакате традиционална фризура, едниот крај од косата поставете го зад увото, а за помодерен изглед можете да направите ситна плетенка на спротивната страна од локните. Со овој изглед без сомнение ќе соберете бројни комплименти.
Секој од нас научил многу од холивудските филмови. Всушност, голем дел од работите кои ги знаеме за светот, сме ги научиле од филмовите. Да го земеме богатството од референци од поп-културата, музиката, цитатите, па дури и поимањето како треба да изгледа една успешна врска, сето ова во нашиот мозок е зачувано благодарение на филмската индустрија.rnrnrnrnИако нешто од ова може да соодветствува со реалноста, генерално вистината во филмовите е извртена. Холивуд нѐ научи дека ако двајца навистина се мразат еден со друг, на крај голема е веројатноста да завршат заедно. Можете и да се обложите дека ова е точно. Како што веќе сигурно заклучивте, сите примери од нашата листа не се вистинити. Значи од филмовите научивме и многу нешта кои немаат допир со реалноста.rnrnЗнаејќи го ова, да видиме што знаеме за животот во Холивуд. Од селани кои живеат во 10 век и имаат совршени заби до вселенски бродови со внатрешен систем за гравитација кој функционира без разлика на турбуленциите.rnrn1.Дури и кога се сами, странците меѓу себе разговараат англиски.rnrn2.Ајфеловата Кула се гледа од секој прозорец во Париз.rnrnrnrn3. И фотографиите со најлош квалитет можат да се зумираат и кристално јасно да ни ги прикажат и најминијатурните детали.rnrn4.Кучињата секогаш лаат на лошите момци.rnrn5. Кучињата секогаш преживуваат.rnrn6. Колите после секој судар се проголтани во пламен.rnrnrnrn7. Внатрешниот систем за гравитација на вселенските бродови функционира без разлика на оштетувањата на бродот.rnrn8. Ако кашлате веројатно сте смртно болни. Најчесто од рак.rnrn9. Во минатото луѓето имале совршено здрави заби.rnrn10. На гробишта секогаш врне дожд.rnrn11. Членовите на семејствата не личат еден со друг.rnrn12. Електричните огради кои можат да осакатат Тираносаурус, не им можат ништо на малите деца.rnrnrnrn13.Шминката не се разлева кога нуркате. Поточно, никогаш не може да ја извадите.rnrn14. Возможно е да се спасите од голема експлозија.rnrn15. Ако двајца се мразат, веројатно ќе се заљубат еден во друг.rnrn16. Секогаш има слободно паркинг место пред зградата во која треба да влезете.rnrn17. Во секој авионски лет има доктор, со спремен куфер со потребни препарати.rnrn18. Вонземјаните течно зборуваат барем еден човечки јазик. Најчесто англиски.rnrnrnrn19.Ако имате кошмар веднаш скокате и почнувате тешко да дишете.rnrn20. Луѓето многу ретко одат во тоалет, а ако одат, најчесто таму некој ги претепува.rnrn21. Никогаш не мора да гледате во паричникот кога плаќате.rnrn22. Ако некогаш сакате да влезете во нацистичко упориште, треба само да го совладате стражарот. Неговата униформа секогаш ви е точна и потоа само треба да зборувате англиски, со германски акцент.rnrnrnrn23. Луѓето ги затвораат очите кога умираат.rnrn24. Терористите секогаш имаат свои канцеларии во ноќни клубови.rnrn25. Ако некогаш се најдете во улична тепачка, вашите непријатели трпеливо ќе ве напаѓаат еден по еден.
Луѓето од креативниот тим на глобалната заедница „DesginCrowd“ ја искористиле својата имагинација до максимум за да ни покажат како познатите филмски ѕвезди од минатото би изгледале денес, доколку би се облекувале според денешната мода.rnrnПогледнете ги Џејмс Дин како хипстер, Одри Хепберн како деловна жена и гламурозната Грејс Кели како симбол за моќните жени.rn
Еден од најпопуларните зелени рецепти доаѓа од холивудската кралица на здравата исхрана, Гвинет Палтроу. Таа им го препорачува овој пијалак од зелен зеленчук со цитрусни овошја за сите оние кои се борат со вишок килограми. Но, тоа што е најинтересно е дека не само што ќе ви помогне да ослабите, туку и ќе ви го зајакне имунитетот за време на ладната зима…rnrnrn
Потребни состојки:
rn
rn011
5 големи листови кељ, исчистени
rn011
1 лимон, олупен
rn011
1 големо јаболко, исчистено и исечкано
rn011
2,5 сантиметри свеж ѓумбир
rn011
Неколку листови свежо нане
rn
rnrn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги сите состојки во блендер и сипете околу 120 милилитри ладна вода. Прво пулсирајте сè додека не се смелат состојките, а потоа вклучете го на неколку минути или сè додека не се соединат состојките во форма на сок. Напивката ќе има вкус како сосема обичен овошен сок.rnrnМожете да го пиете како ужина, но може да го користите и како замена за појадок, особено ако сте од оние луѓе кои не сакаат наутро да јадат, а знаат дека мора да внесат нешто во себе бидејќи тоа е добро за метаболизмот.
Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.rnrnrnrnВо 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.rnrnrnrnФустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.rnrnrnrnЏули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.rnrnrnrnИако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.rnrnrnrnНајпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.rnrnrnrnСино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.rnrnrnrnПреубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслете продаден за 330.000 долари во 2012 година.rnrn