КАФЕ ПАУЗА

Tag: Холивуд

  • Ја познавате ли Елизабет Џоли?

    Ја познавате ли Елизабет Џоли?

    Елизабет Џоли е една од новите холивудски ѕвезди, но само во уметничките дела на Швеѓанецот Џорџ Шамоун. Тој дошол до интересна идеја, да ги претопи во еден лик филмската икона Елизабет Тејлор и денес мегапопуларната холивудската актерка, Анџелина Џоли. Историјата и сегашноста ги разграничил со тоа што делот од лицето на Тејлор е во црно-бела техника, а на Џоли во боја. Совршен анатомски спој.rnrn

    Две холивудски ѕвезди во еден лик
    Елизабет Тејлор и Анџелина Џоли
    rn

    Погледнете ги и останатите фотографии од Холивуд некогаш и сега во едно исто лице и откријте кој ги наследил убавината и шармот на Кери Грант, Одри Хепберн, Џејмс Дин и Мерлин Монро.

    rnrnrn

    Две холивудски ѕвезди во еден лик
    Кери Грант и Џорџ Клуни
    rnrn
    Две холивудски ѕвезди во еден лик
    Одри Хепберн и Натали Портман
    rnrn
    Две холивудски ѕвезди во еден лик
    Џејмс Дин и Роберт Патинсон
    rnrn
    Две холивудски ѕвезди во еден лик
    Мерлин Монро и Скарлет Јохансон
    rnrnФотографиите на Шамоун се дел од неговиот личен проект наречен „Iconatomy“. Најтешкото во процесот на реализирање на идејата му било обезбедувањето фотографии од познатите личности сликани под ист агол. Но, сепак успеал, а крајниот производ, ќе се согласите, се идеални постери за нечија тинејџерска соба. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпосакуваните холивудски ергени

    Најпосакуваните холивудски ергени

    Без разлика дали се актери или музичари, во Холивуд се наоѓаат најпосакуваните ергени. Дали и вашиот фаворит се најде на списокот?rnrn

    Најпосакуваните холивудски ергени
    Зак Ефрон, (24 години), актер и пејач
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Рајан Рејнолдс (35 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Бредли Купер (37 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џејк Гиленхал (31 година), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Леонардо ди Каприо (37 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Тејлор Кич (30 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џо Манганиело (35 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Крис Пајн (31 година), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Адријан Гринер (35 години), актер, музичар и режисер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Крис Еванс (30 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Чејс Крафорд (26 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Ештон Качер (34 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Скот Спидмен (36 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Доналд Гловер (28 години), актер, музичар и писател
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Броди Џенер (28 години), телевизиска ѕвезда
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џош Боуман (24 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Лени Кравиц (47 години), музичар
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Рајан Филипе (37 години), актер

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnОд илјадници фустани носени на доделувањето на наградите на американската академија за филмска уметност и наука – светски популарните Оскари, не е лесно да се одвојат неколку кои се „врв на врвот“. Неколку дена пред официјалниот почеток на 84-тото издание на Оскарите, магазинот „Гламур“ излезе со своја листа на величествени оскаровски креации носени низ текот на годините. Некои ќе ги познаете, со некои првпат ќе се сретнете, некои ќе ве воодушеват, некои можеби ќе ве остават рамнодушни. Еве ја листата од 20 најдобри оскаровски фустани на сите времиња:rnrn

    1. Гвинет Палтроу во златна креација на Келвин Клајн, 2011

    rnЗлатен како и самата статуетка, макси фустанот на Гвинет Палтроу од колекцијата „Плашт“ (sheath) на Келвин Клајн е креација со лесен, минималистички, а сепак формален изглед за вечерен фустан кој одлично ја надополнува витката силуета на Гвинет и нејзината златно-руса коса.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    2. Црно-белиот фустан од Валентино на Џулија Робертс, 2000

    rnНе може ни да се изговори зборот Оскар без да се помисли на црно-белиот фустан од Валентино што го носеше Џулија Робертс кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога, толкувајќи ја Ерин Брокович, во 2000-та година. Нејзиниот високогламурозен изглед нè потсетува дека понекогаш едноставноста е најдобар избор.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    3. Грејс Кели во син фустан на Едит Хед, 1955

    rnМожеби не ви е позната Едит Хед, модниот гуру на стариот Холивуд, која со своите осум победи во категоријата Оскар за костимографија, освои повеќе награди на Академијата, од која било жена во историјата на Оскарите, но дефинитивно сте ја виделе нејзината работа. Помислете на „Прозорец во дворот“ (Rear Window), „Сабрина“ (Sabrina) и „Да се фати крадец“, (To Catch a Thief) и на овој ледено син фустан како за принцеза што го носеше Грејс Кели кога го доби нејзиниот Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Девојка од село“ (Country Girl). Овој едноставен фустан, кој  чинел 4.000 долари за да се направи, наводно го прави најскапиот фустан во историјата на Оскарите, до 1955-та.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    4. Хали Бери во црвен фустан на Ели Сааб, 2002

    rnДо времето кога Хали Бери ја напиша историјата на наградите од Академијата во 2002 година, примајќи го Оскарот за главна женска улога како прва жена со Афро-американско потекло, таа веќе ги освои срцата на сите на црвениот тепих неколку часа претходно. Појавувајќи се во креација на Ели Сааб во боја на вино, комплетирана со стратешки поставени цветни апликации, Бери му соопшти на светот што го следеше преносот дека таа е тука да го преземе шоуто.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    5. Марион Котиијар во фустан на Готје во боја на слонова коска, 2008

    rnФустанот со мотиви на школка во боја на слонова коска што Марион го носеше кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога во 2008-та, ги подели модните љубители на два табора: оние кои паднаа во несвест и оние кои ги збрчкаа носевите. Нам ни се допаѓа овој сладок изглед, особено начинот на кој го нагласува женското тело со мало намигнување. А покрај тоа, секоја жена којашто може успешно да го износи изгледот на сирена, сигурно ја заслужува титулата за најдобро облечена.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrnrn

  • Тарзан навистина постои?

    Тарзан навистина постои?

    Деве Ду Туи е бивши јужноафрикански службеник од обезбедување, кој решил да започне да го живее животот на фиктивниот лик Тарзан, со цел да привлече внимание кај режисерите, за да го повикаат за следниот филм.  Тарзан навистина постои?24-годишниот невработен боди билдер станал опседнат со легендата за Тарзан додека живеел во Намибија како дете. Во тој период, татко му бил колекционер на книги и стрипови  со Тарзан. Деве сега се надева дека ќе биде забележан од холивудските ловџии на таленти, кои ќе го одберат да ја глуми главната улога во следниот филм за Тарзан.Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Тој работел една година во Манчестер како обезбедувач на продавница и возач, но решил да се врати во неговата родна Јужна Африка, каде ја заменил униформата со лавовско парченце облека и решил да постане „Тарзан во реалниот живот“.Тарзан навистина постои?
    rn

    Јас сум сличен на Тарзан во многу работи. Мојата најдобра пријателка е слоницата Шака и поминувам повеќе време со мајмуни, зебри и крокодили, отколку со луѓе. Луѓето може да мислат дека сум луд, но јас знам дека сум роден за да го правам ова.

    rnТарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Пред да стане Тарзан, Деве живеел заедно со неговите 53-годишни родители Лидолф и Ида и со братот близнак Рудолф во Џорџ, Јужна Африка, а сега ги поминува ноќите сам во грмушки, без да ужива во нормалните човечки неопходности. Тарзан навистина постои?Тој си направил засолниште на дрво, за да се заштити од заскитаните леопарди и змии.rn
    rn

    Понекогаш се чувствувам осамено. Би сакал да си ја пронајдам мојата Џејн, која ќе ми помогне побрзо да ми поминува времето.“

    rnТарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Ова сингл момче, признава дека добива многу внимание од девојките, поради неговото мускулесто тело. Како и да е, тој сѐ уште го чека моментот кога ќе ја пронајде вистинската за него, која ќе ја запознае со неговите пријатели-животни. Тарзан навистина постои?
    rn

    „Јас не сум тип момче кое сака да се журка. Во суштина, јас никогаш не се ни опивам. Наместо тоа, преферирам да јадам овошки и црвени зрнести плодови кои ќе ги најдам низ грмушките. Исто така, знам кои инсекти да ги јадам. Би сакал со мене да понесам специјална девојка, која ќе ми се придружи во џунглата.“

    rnТарзан навистина постои?Тој започнал да „тренира“ да живее како Тарзан од 2007 година и смета дека многу напреднал оттогаш. Тој дури и снимил краток филм за неговите авантури низ џунглата и се надева дека некој ќе го препознае неговиот талент и ќе му ја понуди улогата на Тарзан за големото платно. Погледнете го видеото и никако немојте да испуштите да ја изгледате последната минута. :)rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој ги прогонува богатите и славните?

    Кој ги прогонува богатите и славните?

    Не им е лесно ниту на познатите. Парите и огромното обезбедување околу нив, понекогаш не се доволни да ги заштитат од опседнатите фанови…Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    1. Марк Дејвид Чепмен

    rnToj е на врвот меѓу прогонувачите на познатите личности. Со убиството на популарниот „битлс“ Џон Ленон, до ден денес никој не може да го симне од неславниот врв. На 8 декември 1980 година, тој испукал четири куршуми во грбот на Ленон, пред влезот од неговиот стан во Њујорк, во кој живеел со сопругата, Јоко Оно. Тогаш 25-годишниот Марк, еден од милионите фанови на славниот „битлс“, одлучил на ваков начин да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Чепмен е осуден на доживотен затвор. Барањето за условна слобода, судот му го одбил шест пати досега.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    2. Роберт Џон Бардо

    rnБардо е прогонувачот и убиецот на младата холивудска ѕвезда Ребека Шефер, која е позната по телевизиската серија „Мојата сестра Сем“. Ја прогонувал со години, а во 1989 година, конечно ја дознал нејзината адреса. Заѕвонил на вратата од апартманот во кој живеела и ја застрелал во моментот кога се појавила пред него. Адресата ја нашол преку нејзиното возачко досие во Одделот за моторни возила. Холивуд бил шокиран од начинот на кој била убиена. Ова било аларм и за властите. Тие во 1994 година, донеле Закон за заштита на возачите, во кој се забранува институциите да ги даваат домашните адреси и останатите информации за граѓаните.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    3. Ентони Гери Силвестри

    rn21-годишната Силвестри била опседната со телевизиската репортерка, Кетрин Детман. По неколку месечно следење, таа успеала да провали во нејзината куќа. Детман во тој момент се туширала, со што на Силвестри ù оставила доволно простор да го исценира нападот. Ја чекала во спалната соба, каде ù нанела 15 смртоносни убоди со нож и мртвото тело го оставила да лежи на подот. Силвестри во моментот издржува 40-годишна казна затвор за убиство.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    4. Џон Хинкли Џуниор

    rnТој станал опседнат со актерката Џоди Фостер, по нејзината улога во филмот „Таксист“. Одлучил да студира на престижниот универзитет „Јеил“ истата година кога и Фостер. Се преселил во нејзина близина и за кусо време почнал да ја прогонува, да ù пишува љубовни пораки и поеми, кои ги оставал под нејзината врата.rnrnНо, откако не успеал на овој начин да го привлече нејзиното внимание, тој одлучил да преземе драстично порадикален чекор. Започнал да крои планови за атентат на претседателот Џими Картер. Ова го споделил со Фостер. Актерката веднаш ја алармирала полицијата и Џон бил уапсен. Но, не се откажал од намерата и во 1981 година, повторно иснпириран од филмот „Таксист“, испукал 6 куршуми кон новоизбраниот претседател, Роналд Реган. За среќа, ниту еден од куршумите не завршил во Реган. Претседателот го преживеал обидот за атентат, исто како и останатите потенцијални жртви во моментот. Џон воопшто не се обидел да избега од местото на настанот и веднаш бил уапсен. За време на судењето во 1982 година, тој бил прогласен за луд. Сè уште се лекува во душевната болница „Сент Елизабет“ во Вашингтон.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    5. Маргарет Мери Реј

    rnТаа долго време го прогонувала Дејвид Летерман, домаќинот на познатото ноќно шоу. Мери Реј страдала од шизофренија. Летерман во неговите емисии знаел често да се пошегува на сметка на неговата обожавателка, но очигледно неговите шеги не ù биле смешни на Реј. Нејзината опседнатот и фантазии отишле дотаму што таа неколку пати провалила во неговата куќа, а најмалку еднаш му го украла и поршето. Таа исто така го прогонувала и пензионираниот астронаут Стори Мајгрејв. Во 1998 година, извршила самоубиство, фрлајќи се под воз.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    6. Џек Џордан

    rnЏордан е долгогодишен прогонувач на холивудската актерка Ума Турман. Тој ù испраќал картички со заканувачки пораки и цртежи. На една од нив нацртал отворен гроб, надгробна плоча и човек со жилет во рацете како стои над неа. По сведочењето на актерката дека ја прогонува и дека е исплашена за безбедноста на нејзиното семејство, тој бил осуден на три години условна казна.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    7. Кристин Келер

    rnУште еден прогонуван „битлс“. Кристин Келер го демнела поранешниот гитарист на „Битлси“, Џорџ Харисон. Таа на јавноста ù стана позната по провалувањето во неговата куќа во Мауи, во 1999 година. Ова не било единствениот пат, Харисон да биде предмет на нејзините мечти и копнежи. По провалувањето во куќата на рок ѕвездата, Келер четири месеци поминала во затвор. Таа во вестите повторно се појавува во 2006 година, но како жртва на убиец од Калифорнија, кој потоа се самоубил.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    8. Донет Најт

    rnТаа била опседната со актерот Мајкл Даглас и се разбира нејзин непријател број еден станала неговата сопруга и колешка, Кетрин Зета Џонс. Во 2003 и 2004 година, испраќала заканувачки пораки до холивудската двојка. Се заканувала дека ќе ја искасапи Зета Џонс и со неа ќе ги нахрани кучињата. За кусо време била уапсена. По тужбата и сведочењето на актерите, Најт признала дека е виновна. Судот ù одредил три години затвор.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    9. Пречесниот Дејвид Аџамјан

    rnТој е срам за католичката црква. Свештеникот од бостонската архиепископија испраќал заканувачки писма и дивидија до водителот на полноќното ток-шоу, Конан О`Брајан. По некое време бил уапсен, а на судското рочиште во 2007 година, се изјаснил како виновен за недолично однесување. Судот му наредил да се држи понастрана од водителот, а подоцна архиепископијата му ги одзела ингеренциите како свештеник.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    10. Вилијам Лепеска

    rn40-годишниот бездомник Лепеска препливал преку „Biscayne Bay“ за да стигне до неговата љубов од соништата, тенисерката Ана Курникова. Сакал да влезе во нејзината куќа на плажа во Мајами, но бил уапсен во дворот на соседот на Курникова, каде упаднал практично гол. После ова, судот му наредил да се држи понастрана од целото соседство.Кој ги прогонува богатите и славните?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елитна зграда во Холивуд

    Елитна зграда во Холивуд

    Оваа луксузна станбена зграда е лоцирана на прекрасната плажа во Холивуд, Флорида, САД. Овој архитектонски проект, е еден од најпрестижните во Јужна Флорида. rnrnЕлитна зграда во ХоливудrnrnЗградата е сочинета од двесте резиденции. Во секоја од нив има прозори кои се протегаат од таванот до подот, големи балкони кои имаат фантастичен поглед кон океанот и сите удобности кои човек може да ги посака. rnrnЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудrnrnЕден од најпопуларните факти поврзани со оваа луксузна зграда е тоа дека со неа во комплет доаѓаат и 73 метри од плажата, заедно со приватни настрешници за нејзините станари. Многу скромно нели!?rnrnЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во ХоливудЕлитна зграда во Холивуд
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пекинезер подготвен за Холивуд

    Пекинезер подготвен за Холивуд

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЖу-Жу е пекинезер, кој исправен на задните нозе, се движи наназад по речиси два километри на ден. Ова умно милениче на кинезот Ху Ксианвеј од Хандан ужива на ваков начин да ги импресионира минувачите, пред кои се поклонува кога ќе го погледнат и пофалат.Пекинезер подготвен за ХоливудДодека се движи наназад, повремено ја врти главата за да провери дали нешто му го попречува патот. Четиригодишното куче Жу-Жу е и одличен актер. Кога неговиот сопственик ќе ја исправи раката кон него како да му вперува пиштол, овој неверојатен пекинезер се вкочанува, а кога ќе слушне „бенг“ паѓа на подот и глуми дека е мртов.rnrnЗа да ги научи триковите, на Жу-Жу не му биле потребни повеќе од два дена. Ги изведува без да очекува некаква награда од сопственикот или минувачите. Едноставно ужива да се фали со своите вештини.rnrnХу е среќен кога зборува за талентот на Жу-Жу, но тврди дека никогаш не би се осмелил да извлече некаква корист од тоа или пак да го продаде.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Замената (The Change-Up)

    Замената (The Change-Up)

    Филм за тоа колку често посакуваме да живееме нечиј друг живот, а притоа не сме ни свесни дека и покрај сите плусови и минуси, најубаво ни е во сопствената кожаrnrnЗамената (The Change-Up)Режија: Дејвид ДобкинrnrnУлоги: Џејсон Бејтман, Рајан Рејнолдс, Лесли Ханд, Оливија ВајлдrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 5 август 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————-rnДојден е крајот на една филмска ера и тоа сигурно многу одамна ама не сме ни забележале. Зборувам за времето кога гледавме „Монти Пајтон“, комедии од Вуди Ален или пак во нашите екс-ЈУ простори, „Топ листа надреалиста“ и мислевме дека тој интелигентен, критички хумор е нешто сосема вообичаено.rnrnИако логично е да се претпостави дека работите со тек на времето треба да одат напред наместо наназад, реалната ситуација зборува нешто поинакво. Сега имаме илјадници комедии кои се базираат на неуспешен секс, голема и мала нужда, срамни влакна и што ли уште не.rnrnrn Искрено не знам зошто токму комедијата „Замената“ го заслужи мојот гнев, но сторијата досега преџвакана многу пати и не многу инвентивните шеги, сигурно си го направија своето. Не сакам да звучам песимистички, уште утре може да нè изненади нешто тотално оригинално и тоа не мора да биде ново уметничко ремек дело. Дадете ни барем некои нови „Ејс Вентура“ или „Глупав и поглупав“. rnrnМинатата недела беше еден од трите викенд-предлози. Овој пат, навлегуваме во деталите…rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Содржина: Мич и Дејв се најдобри пријатели уште од деца, но денес имаат сосема различни животи. Мич не работи и сè уште живее како тинејџер, по цели денови пуши марихуана и ужива. Дејв пак, иако е успешен адвокат, комплетно е растргнат помеѓу работата и обврските дома (има три мали деца и сопруга). Една ноќ тие излегуваат во бар, се опијануваат, мочаат во една фонтана, по што секој од нив се буди во телото на пријателот. Мич е во телото на Дејв, а Дејв е во телото на Мич.

    rn

    rn

    Ако ви звучи познато – да, има огромен број филмови со оваа тематика, но мене последен што ми текнува со речиси идентична содржина е „Откачениот петок“ со Џејми Ли Кертис и Линдзи Лохан. Како што може да се очекува, остатокот од филмот е трка да се разреши ситуацијата што е можно побрзо, доаѓање до чудни сознанија за себе, како и за туѓиот живот и слични, повеќе или помалку, предвидливи моменти.Замената (The Change-Up)Замената (The Change-Up)Главните актери во филмов, Бејтман и Рејнолдс добро си ја тераат нивната работа и доволно нè забавуваат нас гледачите, но не оставаат особен впечаток со нивните улоги. За тоа се можеби виновни сценаристите Џон Лукас и Скот Мур, кои стојат и зад „Мамурлак“, која пак, слободно можеме да кажеме дека е една од (ретките) попристојни комедии во последниве неколку години. Во споредба со овој филм, „Замената“ не е нешто особено смешен и нема некоја креативна замисла, но е доволно забавен за да ви ја разведри оваа петочна вечер.Замената (The Change-Up)Кога и како да го гледате: Во зависност од вашиот карактер и ставот околу елементите кои редовно се употребуваат во современите комедии за да го направат еден филм смешен, оваа може да ви биде прилично интересна и комична или да ве остави тотално разочарани, поради „веќе виденото“ сценарио. Останува на вас да го изгледате вечерва и потоа да го споделите со нас вашето мислење.

    rn

    Исто така, не заборавајте да појдете и на фестивалот на европски филм „Синедејс“ (PDF) и да погледнете некое добро филмчеrnЗамената (The Change-Up)

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

    rnrn