Никој не сака фалбаџија, па гордоста може да биде меч со две острици. Кога не сте доволно горди, ви претставува проблем да се чувствувате успешно. Ако сте премногу горди, луѓето ќе мислат дека сте нарцис. Па дали постои момент кога гордоста е нешто позитивно?rnrn
rn
Кога гордоста ќе тргне во погрешна насока
rnСигурно веќе знаете дека ништо претерано не е добро, вклучувајќи ја и гордоста. Гордоста најчесто е негативна бидејќи го нагласува егото на сметка на групата. Претераното восхитување може да го зголеми егото на една личност и да создаде потреба од надворешно признание. Ако ви е потребно надворешно восхитување за мотивација, ќе ви биде навистина тешко самите да се мотивирате. Ако уживате во незаслужено восхитување, може да создадете навика на фалење со цел да ви се восхитуваат уште толку.rnrnЛуѓето кои се премногу горди често се чувствуваат супериорно во однос на другите. Често овие луѓе не бараат помош, а ова им го прави животот мизерен. Поради овие причини, речиси никој не сака да биде во друштво на премногу горда личност.rnrnСепак, гордоста не мора секогаш да биде толку лоша. Сосема во ред е да се восхитувате и да ви се восхитуваат кога тоа е заслужено. Важно е да покажете почит кога некој ќе направи нешто добро и исто важно е да ве почитуваат. Сè додека луѓето го прифаќаат восхитот на другите со рамнотежа од гордост и скромност, нема ништо лошо во тоа да го добиете потребното признание за добро завршената работа.rn
ПРИЧИНИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО ПОЗИТИВНАТА СТРАНА НА ГОРДОСТА
rn
1. Ќе имате високи стандарди
rnЛуѓето кои се горди на својата работа многу често имаат подобри резултати.rn
2. Ќе ја отстраните негативноста
rnКога нешто не оди по вашиот план, ќе ви биде потребна гордост за да продолжите понатаму. На некој начин, гордоста ве прави отпорни.rn
3. Тоа е знак дека се грижите
rnАко не сте горди со она што го работите, голема е веројатноста дека не ви е грижа за тоа.rn
4. Гордоста поттикнува лидерство
rnКога навистина се грижите за нешто, сакате да се борите за тоа. Ако на некој проект, организација или место му се заканува нешто, гордата личност ќе ја преземе улогата на лидер за да го заштити.rn
5. Гордите луѓе се грижат за своите семејства
rnАко сте горди на вашето семејство, ќе направите сè за него. Ќе сакате да им ги дадете најдобрите нешта и нема да дозволите да страдаат во лоши услови.rn
КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ ГОРДОСТА ВО ВАША ПРЕДНОСТ?
rnСè додека ги негувате позитивните аспекти на гордоста и внимавате на вашето его, таа може да ви биде од помош. Запомнете, да бидете горди значи да си поставите високи стандарди, да живеете според нив и да го избегнувате нарцизмот.rn
Дружете се со вистинските луѓе
rnПостојат многу начини да ја негувате гордоста и да ја избегнете себичноста. Опкружувањето со вистинските луѓе може навистина да ви помогне во одбирањето на правиот пат. Постои изрека според која вие сте сумата на 5-те луѓе со кои поминувате најмногу време. Вистинските луѓе се оние кои ќе ве поддржуваат и охрабруваат. Луѓе кои нема да ви се восхитуваат ако не сте заслужиле и луѓе кои нема да го полнат вашето его.rn
Останете скромни
rnМожете да бидете горди, а сепак да покажете скромност. Само затоа што сте направиле нешто добро, не мора да значи дека треба да се фалите и да барате признание. Прифатете го знаењето дека сте го дале најдоброто од себе без да барате признание од надворешни извори.rn
Пробајте нови работи
rnКога пробувате нови нешта, си давате дозвола да не бидете најдобри. Без разлика дали ќе пробате нешто креативно или ќе научите некоја нова вештина, одберете нешто надвор од удобната зона. Ова ќе ве потсети како изгледа да бидете почетник, а кога ќе ја совладате вештината ќе се чувствувате гордо.rn
Правете го она што го сакате
rnНа луѓето им е потребно надворешно признание кога не се задоволни со она што го работат. Ако ја мразите вашата работа, можно е да го зголемите вашето его за да се заштитите од негативните чувства. Работата не мора секогаш да биде забавна, но треба да ви причинува задоволство без постојано да барате награда.rn
Размислете за себе
rnРазмислете кои сте, што цените и како мислите дека треба да ви се одвива животот. Размислете за тоа како се чувствувате. Дали забележувате дека вашата гордост преминува во себичност? Набљудувајќи ги своите чувства ќе се прилагодите пред гордоста да направи штета во вашиот живот. Направете план кога мислите дека вашето его станало нездраво. Ако не можете самите да ги забележите овие работи, разговарајте со пријател или кој било кому му верувате.rn
Направете нешто надвор од себе
rnИскористете ги вашите вештини за да им помогнете на другите. Можете да обучувате некој нов колега, или пак да волонтирате во некоја добротворна организација. Служењето на другите ќе ве држи приземјени и ќе му даде значење на вашиот живот. Дури и ако немате многу време, можете да го направите светот подобро место со мали нешта.rn
Во ред е да чувствувате гордост
rnНема ништо лошо во тоа да верувате во вашите способности и да се чувствувате добро кога успешно ќе завршите некоја работа. Но како што напредувате, не заборавајте да останете приземјени.rnrnЗнаете ли што се случува со личноста чие его преовладува?