КАФЕ ПАУЗА

Tag: гордост

  • 35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    Пријателите ги одбирате, но сестрата ви е дадена од Бога. Ќе стекнете многу пријателства, постојани и кратки, но сестра ви е вашата најдобра другарка која е тука и во добро и во зло. Се разбира, сте се карале како мали и нема да се согласувате за многу работи, но длабоко во себе знаете дека ви мисли само најдобро и дека што и да правите и каде и да одите нема да стекнете подобра другарка од вашата родена сестра.rnrnЕве само дел од причините зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка. Доволно за уште веднаш да ѝ се јавите и да ѝ кажете колку ја сакате.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn1. Секогаш можете да ѝ се доверите за вашите семејни проблеми. Во иста „каша“ е и секогаш ќе ве разбере.rnrn2. Таа е тука секогаш за вас. Дури и ако вчера сте кубеле коси, денес е спремна да го згазне под нозе оној кој ве повредил.rnrn3. Затоа што ве знае подолго од која било ваша другарка.rnrn4. Едноставно ве разбира и без да се обидете да ѝ објасните.rnrn5. Затоа што вашата поголема сестра минала низ истиот пат и безрезервно ви дава искрени совети кои нема да ги чуете на друго место.rnrn6. Ви позајмува облека.rnrn7. Вашата постара сестра ве штити до лудило и иако некогаш ви оди по нерви, со нејзината мајчинска грижа па дури и надменост, знаете дека ви мисли добро.rnrn8. Вашата помлада сестра се огледува на вас што ви е доволна поддршка во лошите денови и ве мотивира да носите разумни одлуки бидејќи знаете дека вие сте ѝ пример.rnrn9. Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.rnrn10. Таа е тука да ви ги прочита мислите тогаш кога тврдите дека сè е во ред.rnrn11. Никогаш нема да ве лаже за тоа како изгледате… за разлика од продавачката во бутикот која само се труди да продаде едно парче облека плус.rnrn12. Знае да ве сослуша бидејќи искрено се грижи за вас.rnrn13. Нема да ги издаде вашите тајни бидејќи сте семејно поврзани.rnrn14. Само со неа може да се смеете за некои чудни случки и личности во вашата фамилија.rnrn15. Затоа што ве тера да гледате хорор филмови заедно на што вие не можете да речете „не“.rnrn16. За секој нејзин обид да ве преплаши по завршувањето на хоророт.rnrn17. Затоа што ќе бара да спиете заедно бидејќи и таа се плаши.rnrn18. Само таа ја разбира вашата чудна смисла за хумор и обратно.rnrn19. Може да го претепа оној кој ви го скршил срцето па чувствувате дека немате потреба од постар брат.rnrn20. Ве има видено како играте низ соба и не ви се смее, и таа го прави истото.rnrn21. Може во очите да ви прочита доколку сте вознемирени.rnrn22. Бидејќи неверојатно е во колку работи сте слични а колку понекогаш сте различни.rnrn23. Затоа што се гордеете на нејзините успеси а и таа на вашите.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn24. Бидејќи кога се роди вашата помала сестра делумно ја презедовте мајчинската улога.rnrn25. Затоа што е оригинална на свој начин а многумина не знаат за таа нејзина карактеристика.rnrn26. Секогаш може да снимите луди домашни видеа со ваши кореографии и комични ситуации.rnrn27. Како мали најголемите бељи ги правевте со вашата сестра.rnrn28. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи и нема да се обидува да ги ублажи зборовите кога треба под итно да се соочите со суровата реалност.rnrn29. За сите тајни кои ги криела за вас, за секој пат кога излегла со вас само за да ве пуштат родителите, за секој час од кој сте избегале а таа не кажала.rnrn30. Ве видела и во најдобри и во најлоши изданија а сепак ве сака.rnrn31. Знаете дека кога ќе имате деца (или ако веќе имате деца), таа ќе биде ваша бебиситерка на располагање.rnrn32. Без разлика колку сте физички оддалечени, ја чувствувате блиску до вас.rnrn33. Нејзиниот совет е токму она што сакавте да го чуете во моментот.rnrn34. Не се обидува да ве промени бидејќи ве сака такви какви што сте.rnrn35. Бидејќи помисливте на неа во истиот момент кога го прочитавте насловот и знаете дека е ваша единствена.

  • Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Имајќи на ум дека не живееме во средниот век, па љубовта и сексот не се табу теми, луѓето, настрана од оние конзервативните, се отворени во тој поглед. Во денешно време имаме можност да запознаваме различни луѓе со различни карактери, да прекинуваме врски и да започнуваме нови… Со еден збор, слободно да го доживееме сè она што се случува на патот до вистинскиот/та.rnrnПред гордо да носите венчален прстен, мора да претрпите макар неколку љубовни грешки. Додека да застанете пред олтарот држејќи го/ја за рака вистинскиот/та, сигурно сте биле со погрешни. Тоа е непишано правило, секоја љубовна врска или макар да била само минлива романса, нè учи на многу работи.rnrnЉубовни лекции од пропаднатите врскиrnrnКои се најчестите лекции од пропаднатите врски?rn

    Ако не можете да бидете свои, врската нема иднина

    rnАко не можете да излезете пред него/неа во вашето вистинско светло, со сите ваши мани и доблести, која е иднината на врската меѓу вас? До кога би можеле да се преправате дека сте нешто што не сте? Ако чувствувате потреба да се преправате, тогаш дефинитивно не сте еден за друг. Врската би требало да ви даде слобода да бидете она што сте, пред партнерот би требало да бидете свои, но доколку чувствувате притисок да се промените поради партнерот, тоа не води никаде и нема да трае долго.rn

    Ако не може да ги искаже емоциите, тогаш не ни постојат

    rnНормално дека постојат личности на кои им е навистина тешко да ги искажат своите емоции, но оној кој има силни чувства ќе најде начин да ги искаже. Можеби не со зборови, но допирите, погледите, постапките кажуваат многу. Доколку гледате дека нема никаков „фидбек“ на чувства од другата страна веќе подолго време, тоа е така бидејќи најверојатно не ни постојат.rn

    Луѓето не се менуваат

    rnПознато ви звучат ветувањата дека ќе се промени или вашите надежи дека навистина ќе биде така? Љубовните врски нè научиле на многу важна лекција, не само за љубовта туку и општо за животот: Луѓето не се менуваат! Можат да променат одредени ситници и постапки, да сменат некои гледишта за нештата, но основата останува иста. Лажгото би можел да се потруди помалку да лаже, но пак ќе го прави тоа.rn

    Ако не го цените она што го имате, ќе го изгубите

    rnЧесто пати во врската, особено ако е подолга, луѓето се опуштаат мислејќи дека веќе го освоиле својот партнер и нема потреба да се трудат веќе околу тоа. Па така се случува она стандардното, почнуваме да подзабораваме важни датуми и места, забораваме да дадеме комплимент или убав збор, да ù укажеме на личноста дека ни го разубавува животот. Ако не го цените она што го имате додека го имате, ќе го цените повеќе откако ќе го изгубите.rn

    Кога еднаш ќе тргне по удолница, нема враќање назад

    rnВо секоја врска има кавги и несогласувања, во секоја без ни еден исклучок! Но кога еднаш тие кавги ќе станат чести, секојдневни, напорни и измачувачки, нервите се губат и веќе нема враќање назад. Штом почнат големите несогласувања и тоа поради мали ситници, залуден е вашиот труд да ја оправите работата, можеби најдобра опција е да ја прекинете врската.rn

    Ако има големо его нема место за вас

    rnАко тој/таа има големо его, тогаш во неговото/нејзиното срце нема место и за вас! Тој што е преполн со самиот себе, што мисли дека неговите потреби мора да се стават на прво место, премногу ретко ќе обрне внимание на она што вам ви одговара и она што вам ви треба. Оној кој е опседнат со својата убавина никогаш нема да ја забележи вашата, оној кој е опседнат со својата вредност не може да забележи колку вредите вие. Со тек на време учиме дека оној кој не нè вреднува, не би требало ни да не има.rn

    Не стремете се кон нешто сериозно со човек кој има фобии од врзување

    rnФобиите од сериозна врска или брак, можеби ќе исчезнат а можеби не, но не дозволувајте му/ù да го тестира тоа на вас. Вашите обиди да се врзете со личност за која од авион се гледа дека најмногу си ја љуби својата слобода, се навистина залудно потрошено време.rn

    Гордоста мора да ја поседувате во одредена мера

    rnНе смеете да заборавите да се цените себеси, не смеете да дозволите некој да си поигрува со вас или да ве понижува. Во тие моменти мора да се сетите на својата гордост и да имате свое цврсто јас. Но од друга страна, ако имате премногу гордост, вашата врска е во опасност. Некогаш треба да попуштите, да признаете вина или едноставно да замолчите за да не предизвикате поголема кавга. Луѓето кои ја поседуваат гордоста во огромни количини, не се способни за ова.rnrnКои и какви се лекциите кои сте ги научиле вие досега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин

    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин

    Сè уште постојат дилеми, дали ова писмо е навистина напишано од Чарли Чаплин и адресирано до неговата ќерка. Некои велат дека тоа е дело на новинарско перо. Тврдат дека пред 30 години го напишал ирански новинар по име Farajollah Saba и го објавил во весникот во кој пишувал, под наслов „Фантазија“. Но, поголемиот дел се убедени во спротивното.rnrnБез разлика кој од нив е во право, писмото испраќа силна порака, која верувајте, вреди да се прочита…rnrn

    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин
    Чарли Чаплин во филмот „Детето“
    rnrnМоја девојко,rnrnСега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев  заспаните птички.rnrnТолку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.rnrnЈас сум твојот татко, Жералдин!rnrnЈас сум Чарли, Чарли Чаплин!rnrnДали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!rnrnДенеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“  Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.rnrnПодобро да зборуваме за тебе!rnrn
    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин
    Жералдин
    rnrnПосле твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.rnrnЈас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.rnrnТи зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит, бидејќи најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.rnrnТвојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.rnrnЈас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.rnrnВо моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.rnrnЧарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.rnrnТе бакнувам, Жералдин.rnrnТвојот, Чарлиrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

    10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

    Животот е убав, исполнет, волшебен, но дава онолку колку што сме подготвени да земеме и остава трага зависно од интензитетот со кој сме подготвени да даваме. За мнооооогу години од сега, кога ќе го земате последниот здив, гледајте да бидете во состојба да си ги кажете овие 10 нешта искрено во себе. А, на секоја од нив, работете во текот на животот.rnrn10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умретеrn

    1. „Го следев срцето и мојата интуиција.“

    rnОва е твој живот, и тоа краток. Не прифаќај туѓи, погрешни одлуки. Не дозволувај други да те ставаат в кафез. Пробувај сè што сакаш да пробаш. Оди каде што сакаш да одиш. Следи ја својата интуиција.rnrnКако што рече Стив Џобс:rn
    rn

    „Твоето време е ограничено. Затоа, не троши го живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувај шумови од туѓите размислувања да го надвикаат твојот внатрешен глас, срце и интуиција. Тие, на некој начин, знаат што навистина сакаш да постанеш. Сè друго е секундарно.“

    rn

    2. „Го кажав она што имав потреба да го кажам.“

    rnНе воздржувај се под притисок на мислењето на средината за она што е прифатливо или неприфатливо. Секако, не можеш туку-така да пцуеш кога ќе ти текне или да се однесуваш недолично, но секогаш кажувај го она што имаш потреба да го кажеш. Тоа можеби ќе биде единствената таква прилика што ќе ја добиеш.rnrnНе цензурирај се себеси. Зборувај ја вистината! Твојата вистина…rn

    3. „Го направив она што сакав да го направам.“

    rnСекое утро си соочен/а со два избори: да го истуркаш денот, без притоа да знаеш што ќе се случи и едноставно да реагираш на ситуациите во моментот кога ќе се случуваат или пак, да го поминеш денот давајќи му насока на својот живот, донесувајќи сопствени одлуки, градејќи ја својата судбина.rnrnНајголемата дарба што ја имаат некои посебни луѓе во однос на просечните, се состои во нивната способност да преземат акција за да направат физички нешто што ќе ги одведе од точката во која се наоѓаат до точката каде што сакаат да бидат. Ова не е лесно, но на крајот, многу повеќе ќе се исплати маката од самодисциплината која си морал/а да си ја поставиш за да го направиш она што треба, одошто да страдаш поради каење и разочарување од неисполнување на своите соништа.rnrn

    4. „Направив разлика во светот.“

    rnОд  животот го добиваш она што ќе го внесеш во него. Кога влијаеш позитивно врз некој, всушност си влијаеш позитивно и на самиот себеси. Направи нешто големо за некој друг, нешто што ќе им помага на луѓето и ќе ги прави среќни.rnrnВака можеш да го смениш светот, можеби не целиот, но светот на личноста што стои до тебе.rnrn

    5. „Знам што е вистинска љубов.“

    rnДа најдеш животен сопатник или пријател не значи дека треба да се трансформираш во некоја совршена слика од себеси која мислиш дека нив би им се допаднала. Треба да бидеш она што си и потоа да најдеш некој што тоа ќе го цени. Врските треба да се избираат внимателно и мудро.rnrnПодобро е да си сам/а отколку во лошо друштво. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи во вистинското време, со вистинската личност и поради вистинската причина.rnrnТруди се да станеш најдобрата личност што е можно, а кога ќе бидеш спремен/а, универзумот ќе го почувствува тоа и ќе ти овозможи да доживееш вистинска љубов, сосема неочекувано.rnrn

    6. „Јас сум среќен/а и благодарен/а.“

    rnМалку е потребно за среќа. Сè е во тебе, во начинот на кој размислуваш, како се перципираш себеси и сè околу тебе. Тоа го правиш свесно и по навика. Внимателно избери ја леќата низ која ќе гледаш на животот. Мора да избереш да бидеш среќен/а.rnrnГолем удел во среќата има благодарноста. Треба да бидеме благодарни за она што го имаме.rnrnКако што еднаш убаво кажа Мик Џегер:rn
    rn

    „Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш, но ако понекогаш се обидуваш, може да го добиеш она што всушност ти треба.“

    rnПогледни наоколу. Цени ги нештата што ги имаш во моментот. Многумина не се толку среќни.rnrn

    7. „Горд/а сум на самиот/а себе.“

    rnТи си самиот на себеси најдобар пријател, но и најдобар критичар. Без разлика на мислењата на другите, на крајот на денот, единствено твојата рефлексија во огледалото те гледа тебе во очи. Како гледаш на оваа личност е она што го одредува твоето добро чувство на долгорочен план.rnrnГордеењето со самиот себе е поврзано со силната самодоверба. Луѓето кои се горди на себе имаат страст во животот, се чувствуваат задоволни и се добар пример за останатите. За ова треба да погледнеш однапред во личноста која сакаш да станеш и максимално да се потрудиш да пораснеш како индивидуа.rnrnГордеењето со себе не значи фалење. Тоа е како да си тивко свесен/а дека вредиш многу. Не значи ниту дека си совршен/а, бидејќи никој не е, но кога знаеш дека вредиш, знаеш дека заслужуваш да бидеш сакан/а и прифатен/а од средината.rnrnЗабележувај ги сопствените успеси и слави ги. Тоа ќе ти ја зголеми самодовербата. Забележувај ги и сите позитивни особини, сите квалитети кои ги поседуваш, а кога ќе забележиш некоја негативна, не депримирај се, туку само работи на тоа да ја поправиш.rnrn

    8. „Станав најдобрата верзија од самиот/а себе.“

    rnАко се обидуваш да бидеш некој друг, веројатно нема далеку да стигнеш. Правејќи го тоа, ѝ го трошиш времето на личноста којашто си ти. Силата, успехот и задоволството доаѓаат од чувството на удобност во сопствената кожа.rnrnЏуди Гарланд вели:rn
    rn

    „Секогаш биди првокласна верзија од самиот себе, наместо второкласна верзија од некој друг.“

    rnНе постои живот во туѓи чевли. Единствените чевли кои можеш да ги носиш се твоите. Запомни дека во секој момент, единствената личност со која вистински се натпреваруваш си ти самиот/а. Се натпреваруваш да бидеш најдобар/а што можеш.rnrn

    9. „Им простив на сите што ми згрешиле.“

    rnСите сме биле повредени од некого во животот: некој лошо се однесувал со нас, ни ја изневерил довербата, ни го скршил срцето. Оваа болка е нормална, но ако ја оставиме да трае, може да си направиме проблеми. Не само што ќе бидеме несреќни, туку може да си ги уништиме врските, да го изгубиме фокусот на работа, да станеме затворени за нови нешта и нови луѓе. Се заробуваме во круг од гнев и болка и ја пропуштаме приликата да уживаме во убавината на животот додека тој се одвива.rnrnЖалењето е џабе потрошена среќа. Простувањето значи ослободување на затвореникот од ќелијата во која затвореникот всушност си бил/а ти.rnrn

    10. „Не се каам за ништо.“

    rnОва е кулминација на сето претходно. Следи си го срцето! Биди искрен/а кон самиот/а себеси! Кажувај го она што сакаш да го кажеш! Биди добар/а со другите! Понуди ја твојата помош кога си во можност! Сакај ги оние кои заслужуваат! Цени го она што го имаш! Смеј се! Слави ги твоите мали победи! Учи од сопствените грешки. Простувај! И… откажи се од нештата кои не можеш да ги промениш!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.