КАФЕ ПАУЗА

Tag: година

  • Што се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?

    Што се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?

    Штом светот ќе се врати во нормала, кога и да е тоа, ова е она што секој хороскопски знак се надева дека ќе го направи:rnrnШто се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?rn

    Овен

    rnСе надевате дека ќе патувате низ целиот свет, наместо да бидете затворени дома.rn

    Бик

    rnСе надевате дека ќе напредувате во вашата кариера и ќе бидете чекор поблиску до вашите соништа.rn

    Близнаци

    rnСе надевате дека ќе одите на романтични состаноци и ќе најдете некој што ќе ви го украде срцето.rn

    Рак

    rnСе надевате дека ќе поминете многу време дружејќи се со вашето семејство и со пријателите во живо.rn

    Лав

    rnСе надевате дека ќе запознаете нови луѓе и ќе одите во нови авантури надвор од вашиот роден град.rn

    Девица

    rnСе надевате дека повторно ќе одите на концерти, на фестивали и на забави.rn

    Вага

    rnСе надевате дека ќе запознаете некоја посебна личност подобро и ќе го направите следниот чекор во вашата врска.rn

    Скорпија

    rnСе надевате дека повторно ќе имате секс и можеби ќе најдете партнер за цел живот.rn

    Стрелец

    rnСе надевате дека ќе имате повеќе енергија да се фокусирате на вашите хобија и да се забавувате.rn

    Јарец

    rnСе надевате дека ќе пиете помалку алкохол и ќе работите помалку часови.rn

    Водолија

    rnСе надевате дека ќе пробате нови рецепти, коктели и десерти.rn

    Риби

    rnСе надевате дека ќе се чувствувате поудобно во вашата кожа.rnrnПрочитајте што му носат ѕвездите на секој хороскопски знак на полето на сексот за време на празниците.

  • Астролозите предвидуваат: 2021 година ќе биде судбоносна за овие 3 хороскопски знаци

    Астролозите предвидуваат: 2021 година ќе биде судбоносна за овие 3 хороскопски знаци

    Уште од првите денови на новата година, ќе можете да се релаксирате и да имате позитивен став кон животот. Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. Тие се убедени дека новата година ќе им донесе среќа на сите, но за овие 3 хороскопски знаци нема веќе депресија, проблеми и осаменост.rnrnАстролозите предвидуваат: 2021 година ќе биде судбоносна за овие 3 хороскопски знациrn

    1. Скорпија

    rnСкорпијата ја чекаат многу изненадувања и нови шанси во текот на 2021 година.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак ќе патуваат многу, ќе откријат прекрасни места за кои не ни знаеле дека постојат и ќе го сменат местото на живеење.rnrnНа личен план, Скорпиите ги очекуваат многу љубовни врски, но повеќето од нив ќе завршат брзо. Сепак, по сите тие врски, ќе успеете да најдете сродна душа и да создадете семејство што ќе ви донесе среќа и задоволство.rn

    2. Бик

    rnБикот треба сам да одлучи што му е важно: голема плата или работа што ја сака со мала плата.rnrnИзборот ќе биде тежок, но кога конечно ќе одлучите, сè ќе оди полесно и побрзо.rnrnКонечно ќе ги завршите сите поправки и реновирањето. Ќе го уредите вашиот дом како што ви одговара.rnrnКога ќе ги решите деловните проблеми и тие со домот, вашиот приватен и љубовен живот ќе доживее хармонија, а тоа е затоа што хармонијата веќе ќе владее во вашата душа.rn

    3. Рак

    rnСледната година ќе им донесе спас на Раковите од сите проблеми и тие ќе ги остават сите неуспеси зад себе.rnrnУште од првите денови од 2021 година ќе сфатите дека животот е убав и тоа чувството ќе потрае. Оваа година, Раковите ќе доживеат голема љубов.rnrnНекои Ракови ќе ги поправат грешките од минатото и конечно ќе најдат личност со која ќе сакаат да основаат семејство.rnrnПрочитајте што ќе го развесели срцето на секој хороскопски знак во 2021 година.

  • Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

    Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

    Без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не, жанрот филмови со суперхерои во моментов го достигна својот врв и ги полни киносалите со секое следно остварување. Не е важно од „кујната“ на кое студио доаѓаат филмовите, колку што е важно кои актери учествуваат во нив и какви специјални ефекти нè очекуваат.rnrnНајочекуваните филмови за суперхерои во 2020 годинаrnrnОваа година можеби не е најбогата во однос на бројот на филмови со суперхерои, но тоа не значи дека не нè очекуваат добри филмови. Тука се и Marvel и DC, како и некои други куќи, а ова е листата од 5 најочекувани:rn

    „Black Widow“

    rnrnrnСкарлет Јохансон за последен пат ќе биде во улогата на Наташа Романоф во долгоочекуваниот самостоен филм посветен на оваа хероина која е дел од тимот на „The Avengers“. Акцијата нè враќа назад во минатото, веднаш по филмот „Captain America: Civil War“ и во ова остварување дознаваме малку повеќе за минатото на Наташа. Другите улоги ги толкуваат Рејчел Вајс, Фјоренс Пју и Дејвид Харбор.rn

    „Wonder Woman 1984“

    rnrnrnНе сме сосема сигурни која е сегашната состојба на суперхеројскиот филмски универзум на DC, но знаеме дека Гал Гадот се враќа во ова продолжение, кое е повторно режирано од Пети Џенкинс, по успехот постигнат со првиот дел. Приказната се случува во 1984 година, а во другите улоги се појавуваат Кристен Виг и Педро Паскал, а нестрпливи сме да го видиме и Крис Пајн кој се враќа во улогата на Стив Тревор.rn

    „Birds of Pray“

    rnrnrnДа се надеваме дека овој филм ќе биде подобар од не толку успешниот „Suicide Squad“, од кој само Марго Роби остана во екипата играјќи на улогата на Харли Квин. Трејлерите ветуваат малку поинаков тон, а многу очекуваме и од негативецот наречен „Black Mask“, кој го толкува Ијан Мекгрегор. Ќе видиме и колку време ќе биде одвоено за другите хероини во филмот, кои според стрипот треба да го имаат приматот во ова продолжение.rn

    „Venom 2“

    rnhttps://youtu.be/padiJcEjNmArnrnКолку критичарите плукнаа по првиот дел од филмот, толку на обожавателите тој им се допадна и ги полнеа киносалите додека не заврши прикажувањето. Продолжението од филмот доаѓа оваа година и во него на Том Харди ќе му се придружи и Вуди Харелсон како Карнаж. Филмот го режира Енди Серкис.rn

    „Bloodshot“

    rnrnrnВо овој филм не станува збор за суперхерои кои треба да се борат против злото, туку се работи за малку поинаква стрип поставка. Главниот лик е жртва во несреќен случај, а потоа е оживеан како машина за убивање која не се сеќава на ништо од претходниот живот. Сепак, меморијата на главниот лик полека се враќа и тој потоа сака да им се одмазди на оние кои му нанеле штета.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.

  • Три хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во следната година

    Три хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во следната година

    Се ближи крајот на годината и полека размислуваме за следната. На преминот, сите се надеваат дека следната година ќе им биде посреќна, а личностите родени во знаците Овен, Лав и Јарец имаат посебна причина за радост. Ова се хороскопските знаци коишто ги чека среќа во 2020 година.rnrnТри хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во следната годинаrnrnСпоред предвидувањата на познатиот руски астролог Павел Глоба, некои хороскопски знаци радикално ќе ги променат своите животи на подобро. Многу хороскопски знаци ќе ги променат сферата на активност, животните услови и местото на живеење. Овие хороскопски знаци значително ќе ги подобрат и своите финансии.rn

    Овен

    rnОвенот е на прагот на пријатни значајни промени. Според Павел Глоба, личностите родени во овој знак ќе добијат силна мотивација за успешен живот. Големата моќ ќе ги поттикне нивните соништа и желби да одат по вистинскиот пат, а упорноста ќе им овозможи успех.rnrnОвните ги чекаат и нови средби и познанства. Тие познанства ќе имаат значајна улога во нивниот живот, работа и кариера. За Овните комуникацијата не е проблем, бидејќи по природа тие се друштвени и сакаат да бидат меѓу луѓе. Интуицијата ќе им каже каде да се обидат да постигнат нешто.rnrnГи чека светла и среќна иднина ако ги слушаат предвидувањата и ако често одат на состаноци со деловни луѓе за да не ги пропуштат можностите. Сите финансиски проблеми на Овните ќе бидат решени и приходите непрекинато ќе растат од месец во месец.rn

    Лав

    rnНовата 2020 година носи само добри промени, судбоносни состаноци, перспективи и можности за Лавовите. Павел Глоба советува тие да одат напред кон среќата. Сè ќе биде онака како што сонувале и како што сакале. Преселувањето во друга земја е исто така можно. Лавовите треба да ги напишат своите планови и да видат колку убаво сето тоа ќе се остварува.rnrnНа хоризонтот ќе се појават вистинските луѓе, привлечени од талентот и од способностите на Лавот. Мора да го искористите овој момент. Како што предвидува Глоба, припадниците на овој знак ќе имаат одлични резултати и развој на кариерата. Лавовите се посебни во зближувањето со успешните луѓе околу нив и тој квалитет во голема мера ќе им биде од корист во 2020 година. Овие луѓе ќе им дадат сè што ќе побараат. Следува и финансиска благосостојба.rnrnТоа им е најважно на Лавовите затоа што тие секогаш на прво место го ставаат материјалното. Сепак, во новата година тие ќе имаат среќа и на приватен план. Осамените Лавови ќе ја пронајдат вистинската љубов, а може да се случи и брак. Совет за Лавовите е да не избегнуваат нови познанства, без разлика дали се деловни или приватни. Во нив ќе биде целата нивна среќа.rn

    Јарец

    rnЗа Јарецот е својствена одлучноста. Тој постојано има личен план за дејствување во иднината, а неговите постапки се секогаш соодветни и функционални. Астрологот тврди дека Јарецот може да очекува голем напредок во развојот на кариерата во 2020 година. Припадниците на овој знак напорно работеле за да изградат кариера и како резултат на тоа догодина ќе добијат задоволство и признание.rnrnГлавниот подарок на судбината во 2020 година за Јарецот е поврзан со недвижниот имот. Јарецот ќе добие сигнал да тргне по вистинскиот пат, па можно е да купи скап недвижен имот за кој отсекогаш сонувал. Јарците секогаш сонуваат за недвижнини затоа што сакаат луксуз. Новата година ќе им донесе и нова љубов што ќе ги направи целосно среќни.rnrnПогледнете и за кои хороскопски знаци ноември ќе биде најдобриот месец.

  • Одберете еден ангел и прочитајте ја вашата новогодишна порака за добросостојба

    Одберете еден ангел и прочитајте ја вашата новогодишна порака за добросостојба

    Што треба да направите до крајот на годината за да ја дочекате новата освежени и полни со енергија? Одберете еден од овие ангели и прочитајте каква порака се крие зад него…rnrnrn

    1. Сакајте се

    rnЉубовта кон себе е темелот на животот. Ако навистина се љубите, си простувате и се прифаќате можете да ја споделите таа особина и со другите. Можете да го дадете само тоа што го имате. Кога чувствувате безусловна љубов кон себе, тоа природно го споделувате и со другите. Омразата, како љубовта, доаѓа од внатре па внимавајте со оваа емоција. Дури и најмалата доза омраза кон себе може да ви ја уништи енергијата и да почнете да привлекувате само негативност во вашиот живот.rn

    2. Правете го она што ви предизвикува радост

    rnРадоста е висока вибрациона енергија, усогласена со љубовта. Кога ги правите работите што ви носат радост, делете ја таа енергија и со другите. Сите наши поединечни цели во животот се начин да си донесеме радост во животот. Кога го минувате својот ден во стрес и несреќа, таа енергија ве исцрпува. За свое добро, но и за доброто на вашите најблиски, правете го само она што ве прави радосни.rn

    3. Престанете да се споредувате

    rnКога се споредуваме со другите, ние без да сакаме ја менуваме нашата вибрација. Споредувањето ни создава лажно чувство дека сме неуспешни, лоши, недоволни, неспособни, несреќни… Со ваков став во животот, не можете да победите во ниту еден случај. Единственото на што треба да се сосредоточите е тоа дека вие сте вие и дека сте совршени токму такви какви што сте. Дозволете им на другите да инспирираат, но не и да ве депримираат, бидејќи не можете ни да претпоставите што се случува зад нечии затворени врати.rn

    4. Барајте мир

    rnСветскиот мир почнува со само една личност. Колку вие сте помирни, толку помирен ќе го направите и светот со својата енергија. Тоа можете да го постигнете со медитација, креативна експресија, јога, телесни вежби, правилна исхрана, енергетско исцелување, есенцијални масла, чистење на чакрите… Сите овие алатки ќе ви помогнат да донесете мир во својот живот, но и надвор од него.rnrnПресметајте го и личниот број според датата на раѓање и дознајте кој е вашиот ангел чувар.

  • 4-те хороскопски знаци што ги очекуваат големи промени во 2019 година

    4-те хороскопски знаци што ги очекуваат големи промени во 2019 година

    Следната година ќе ослабите, ќе одите редовно во теретана, конечно ќе го исчистите шкафот и ќе ги фрлите сите оние облеки што не ги носите, а постојат шанси и да ставите крај на врската што ве мачи подолго време? Ова се горе-долу најчестите надежи што го имаме при крајот на секоја година, но нештата едноставно не се толку едноставни при нивното остварување. Промените не одат секогаш онака како што сме си ги замислиле. Имајќи го ова на ум, постојат 4 хороскопски знаци што следната година конечно ќе искусат големи промени во животот, и тоа сите ќе бидат на подобро. Погледнете кои се тие.rnrnrn

    1. Јарец

    rn2019 година ќе биде феноменална за Јарците. Најголемата промена ќе ја доживеат на професионално ниво, каде што ги чека голем успех. Исто така, оваа година тие ќе имаат храброст да пробуваат нови, луди работи. Јарците ќе бидат мотивирани како никогаш досега за да ги направат сите промени што ги посакуваат.rn

    2. Овен

    rnИ за Овните следува година полна со промени. Личностите родени во овој знак конечно ќе преземат иницијатива. Ќе им се случат многу позитивни нешта во 2019 година, како на приватен план, така и на професионален. Тие исто така ќе доживеат промени и во врските, а оние што се сингл, ќе најдат и нова љубов.rn

    3. Лав

    rnЛавовите се познати по тоа дека имаат околу себе многу пријатели и дека уживаат кога се во центарот на вниманието. Тие исто така и живеат од ден во ден и никогаш не размислуваат за иднината. Но, тоа ќе се промени во 2019 година, кога тие ќе развијат нова, здрава самодоверба и ќе почнат да го менуваат својот живот на подобро.rn

    4. Вага

    rnУрамнотежени, изедначени и секогаш насочени кон помагање на другите, и Вагите ги очекува година полна со промени. На моменти овој живот може да им делува напорно и да им троши многу енергија, особено затоа што тие никогаш не мислат на себе. Но, откако ќе тргнат на нов пат, приватно и професионално, целиот живот ќе им се промени. Исто така ќе бидат и поактивни и конечно ќе се наполнат со енергија.rnrnПрочитајте и што би требало да правите со вашиот живот според хороскопскиот знак.

  • Овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најубав крај на 2018 година!

    Овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најубав крај на 2018 година!

    Преостанаа уште малку денови од оваа година, но има уште време до крајот. До тогаш сè и сешто би можело да ни се случи. Но, ако се пронајдете на оваа листа тоа значи дека ќе имате неверојатен завршеток на 2018 година, особено во полето на љубовта и пријателството!rnrnrn

    1. Риби

    rnРибите отсекогаш копнееле за хармонија, па во текот на оваа зима, конечно ќе ја почувствуваат на полето на љубовта и пријателството. Тие ќе имаат многу пеперутки во стомакот и конечно ќе успеат да се пронајдат во врската со љубовта на нивниот живот. По долго време, ќе почувствуваат емоции за коишто мислеле дека воопшто не се способни. Тие исто така ќе се зближат и со пријатели, бидејќи ќе поминуваат многу време заедно.rn

    2. Стрелец

    rnСтрелците оваа година ќе бидат изненадени од количината на љубов што ја чувствуваат, како од пријателите, така и од партнерот. Додека есента им беше прилично тешка и полна со потешкотии, зимата конечно ќе им го отвори патот он вистинската среќа. А кога станува збор за љубовта во нивниот живот – сè е возможно! Тие толку многу ќе уживаат во крајот на оваа година што ќе им се чини како да летаат во облаци.rn

    3. Бик

    rnБиковите имаа изолирана година, со малку љубовни состаноци и ситен круг пријатели. Но, оваа зима нештата преку ноќ ќе им се променат. Тие конечно ќе го најдат својот круг на луѓе, во кој ќе се крие и нивната нова голема љубов. Биковите за прв пат по долго време се во рамнотежа со своето внатрешно јас, што е совршена предиспозиција за градење добри пријателски односи и неверојатна љубовна врска.rnrnДознајте и кои 3 сингл хороскопски знаци конечно ќе се заљубат оваа зима!

  • 2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

    2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

    Според нумерологијата, 2018 е бројот 11 (2+0+1+8=11). Оваа енергетска фреквенција одговара на уништувањето и заздравувањето што ни дава можност да се ослободиме од минатото и целосно да заздравиме. Во хиндуизмот, бројот 11 е божествен и позитивен број.rnrn2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањетоrn

    Бројот 11 го означува господарот Шива

    rnСите години носат свои уникатни вибрации, а енергијата на 2018-та совршено одговара со енергијата на индискиот врховен бог Шива, господар на универзумот, кој во хиндуистичката традиција се прикажува како 11-те форми на Рудра.rn

    Кој е Шива? Човек, мит или божество?

    rnПа, кој е всушност Шива? Постојат многу приказни и легенди за него. Дали е бог? Или плод на колективната фантазија? Или пак Шива има многу подлабоко значење што им се открива само на оние кои ќе го побараат?rnrnКога велиме „Шива“ мислиме на 2 основни аспекта. Зборот „Шива“ во буквален превод значи „тоа што не е“. Денес, современата наука ни докажува дека сѐ потекнува од ништо и се враќа кон ништо. Основата на постоењето и основниот квалитет на космосот е едно огромно ништо. Галаксиите се само мали дејства – блесоци. Останатото е еден голем празен простор што се нарекува Шива. Тоа е утробата од каде што сѐ се раѓа и тоа е заборавот во којшто потоа сѐ се враќа назад. Сѐ доаѓа од Шива и сѐ се враќа кај Шива.rnrnОд друга страна, пак, кога велиме „Шива“ мислиме на одреден јоги, Адијоги или првиот јоги и на Аги гуру или првиот гуру.rn

    Шива се опишува како непостоење, а не како постоење

    rnШива не се опишува како светлина, туку како темнина. Светлината е ограничено случување, бидејќи секој извор на светлина, без разлика дали е сијалица или сонце, порано или подоцна ќе ја изгуби својата способност да свети. Светлината не е вечна. Станува збор за ограничена можност, бидејќи се случува и завршува. Темнината е многу поголема можност од светлината. Ништо не треба да свети, темнината е секогаш вечна.rnrn2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањетоrn

    Темнината е насекаде – тоа е единственото нешто што може да проникне насекаде

    rnОчигледно е дека постојат многу митови за Шива. Тој е Адијоги, но тој е и „сето тоа што не е “. Јоги се оние кои го живееле животот кој требало да го живеат. Тој е причината за промената во начинот на кој се перципираат смртта и уништувањето. Тој го поставил концептот на победување на егото.rnrnШива се прикажува на повеќе начини. Неговото невидено битие може да се види во лингамот кој го претставува машкиот аспект од енергијата на создавањето. Тоа е неговата најпозната форма која е присутна во повеќето храмови и домови. Оваа година е годината на Шива, што значи дека ќе биде многу деструктивна и треба да бидете подготвени за секакви трансформации.rnrnИако благословите на Шива можеби нема да ви се чинат како благослови кога ќе се појават, наскоро ќе сфатите дека сѐ што ви се случува е од големо значење за вашиот раст и развој. Тој е основната енергија на мажот и сонцето е еден од неговите симболи.rnrnДоколку ја изразувате само вашата машка енергија, тоа ќе ве исцрпи и ќе бидете под голем стрес. Погрижете се да воспоставите баланс помеѓу машката и женската енергија во вас, односно онаа на Шива и на Шакти. Тие мора да соработуваат како еднакви партнери.rnrnАко Шива и Шакти не се согласуваат, ќе настане конфузија и неред во вашиот живот. Можете да ги стабилизирате преку медитација. Одвојувајте по малку време секој ден, вежбајте дишење и чувствувајте како енергијата струи низ вас и ве ослободува од сите грижи.rnrnМожеби сето ова ви е премногу, но тоа е само почеток. Оваа година ќе биде вистински ролеркостер, па затоа бидете подготвени за сѐ што може да се случи. Што и да ви се најде на патот, ќе има причина за неговата појава, прифатете го и анализирајте го што е можно подлабоко.rnrnДоколку сакате да научите нешто повеќе за оваа култура, прочитајте го индискиот хороскоп.

  • 7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

    7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

    „Вие самите заслужувате љубов и грижа исто како и секое друго суштество во целиот универзум.“ – Буда

    rnВо овој свет каде што само најсилните преживуваат, мора да се грижиме за себе, бидејќи ако ние не го правиме тоа, никој друг нема да го направи. Постои разлика помеѓу себичноста и грижата за себе. Грижата за себе е поврзана со преживувањето и не може никому да наштети. Напротив, многу е важно да сфатиме дека неопходно е да се грижиме за себе.rnrn7 причини зошто треба да бидете себични оваа годинаrnrnЗа жал, многумина го игнорираат тоа. Живееме без да се грижиме за себе, а тоа го попречува нашиот развој. Грижата за себе не само што ни помага да напредуваме, туку и да дадеме поголем придонес во светот. Оваа година треба да бидете себични! Заслужувате да се грижите за себе, да се негувате и да бидете среќни. Следниве 7 причини ќе ве убедат да го сторите тоа…rn

    1. Ќе сфатите дека вие сте вашиот најдобар пријател

    rn

    „Секогаш ќе бидете сами со себе, така што најдобро е да уживате во друштвото.“ – Диана Фон Фурстенберг

    rnПовеќето луѓе поминуваат премногу време на социјалните мрежи и паѓаат во депресија поради навидум среќните животи на нивните врсници. Не сме задоволни од себе и сакаме да живееме нечиј друг живот. Нашето општество многу брзо напредува и секогаш се менува она што се смета за „најдобро“. Немојте да се заглавите во овој маѓепсан круг. Сакајте се себеси. Ценете се и бидете си својот најдобар пријател. Само така ќе можете да пронајдете внатрешен мир.rn

    2. Ќе се подобри вашето физичко здравје

    rn

    „Кога се сакав себеси доволно, почнав да се ослободувам од сите нездрави работи. Тоа се однесуваше на луѓето, работните места, сопствените уверувања, навики и сѐ останато што го намалуваше мојот потенцијал. Мојата проценка го нарекуваше тоа нелојалност. Но, сега гледам дека се работело за грижа за себе.“ – Ким МекМилен

    rnГрижата за себе ќе ви овозможи да имате повеќе време за семе. Кога не се сакаме себеси, постојано јадеме нездрава храна и остваруваме погрешни врски кои го намалуваат нашето физичко и ментално здравје. Наместо тоа, одвојте малку време за да се релаксирате. Дајте си време за да ги наполните батериите и подобрете ја вашата исхрана. Јадете домашно зготвено храна. Кога вашето тело ќе почне да се чувствува свежо и енергично, позитивните вибрации ќе се пренесат и на вашата душа.rn

    3. Животот ќе ви стане поедноставен и помалку комплициран

    rn

    „Сакајте се себеси и сѐ друго ќе се среди. Навистина мора да се сакате себеси за да направите нешто на овој свет.“ – Лусил Бол

    rnКога ќе почнете да се сакате себеси, ќе сфатите дека вашиот живот е среден. Нема да има никакви компликации во вашиот живот, бидејќи ќе знаете точно што сакате и што ви треба за да бидете среќни. Или ќе ги прифаќате работите или целосно ќе ги отфрлате, нема да прифаќате ништо помеѓу.rnrn7 причини зошто треба да бидете себични оваа годинаrn

    4. Ќе остварите подобри врски

    rn

    „Кога човек верува во себе, тој не се обидува да ги убеди другите. Кога човек е задоволен од себе, не му треба туѓото одобрување. Кога човек се прифаќа себеси, целиот свет го прифаќа.“ – Лао-Цу

    rnКога ќе почнете да се сакате себеси, ќе разберете како изгледа вистинската љубов. Со оглед на тоа што ќе знаете колку вредите и ќе се сакате себеси, ќе можете да разберете кој ве сака вистински. Вашата самодоверба ќе ги натера другите да ве почитуваат.rn

    5. Ќе ги остварите вашите соништа

    rn

    „Не прашувајте се што му треба на светот, запрашајте се себеси што ве оживува. Потоа, сторете го тоа. На светот му требаат луѓе кои оживуваат.“ – Хауард Вашингтон Турман

    rnМногумина никогаш не ги остваруваат своите соништа, бидејќи целиот свој живот ги ставале другите луѓе на прво место, а не себеси и затоа на крајот умираат каејќи се за многу работи. Не дозволувајте ова да ви се случи вам. Имате само еден живот. Правете го она што отсекогаш сте го сакале. Тоа ќе ве направи среќни и задоволни.rn

    6. Ќе најдете стабилност во животот

    rn

    „Бидете верни на она што постои во вашиот внатрешен свет.“ – Андре Жид

    rnГрижата за себе ќе ви ја даде стабилноста по која копнеете толку многу. Во моментот кога ќе пронајдете внатрешен мир, останатите работи ќе си дојдат на своето место.rn

    7. Ќе го промените начинот на размислување

    rn

    „Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша согласност.“ – Елеонор Рузвелт

    rnВо моментот кога ќе почнете да се грижите за себе, полека ќе се ослободите од психичките проблеми, како што е депресија. Без разлика колку ве повредуваат другите, секогаш треба да се штитите себеси. Знаете како да бидете среќни. Не ви треба туѓото одобрување. Тоа ќе ве направи посилни, попозитивни и посреќни.rnrnВреме е да го искористите целиот ваш потенцијал во 2018 година! Откријте ја вашата внатрешна моќ и живејте со полни гради!rnrnВо продолжение прочитајте што ќе ви се случи кога ќе се заљубите во својот живот.

  • До сите оние кои имаат тежок почеток на 2018 година: Не сте сами!

    До сите оние кои имаат тежок почеток на 2018 година: Не сте сами!

    Пристигна новата година, но постојат многу луѓе кои не ја започнаа со насмевка на лицето. Додека целиот свет се движи напред и многумина зборуваат за она што ги инспирирало да се сменат, вие се чувствувате како прегазени од воз. Не доживеавте „еурека“ и сѐ уште не ви е јасно зошто сте морале да поминете низ сите тие проблеми минатата година кои ве следат и оваа година. На вашето страдање му нема крај.rnrnДо сите оние кои имаат тежок почеток на 2018 година: Не сте сами!rnrnСигурно сте имале моменти кога ви било толку тешко што сте се изненадиле од целата ситуација. Сте се запрашале „Зар е можно да ми биде олку тешко?! Дали моите чувства се реални?“ Потоа на сцена настапува гневот, болката и на крај прашањето за кое нема одговор: Зошто?rn

    Зошто?

    rnСе погледнувате во огледало, размислувате за целата ситуација по којзнае кој пат и се прашувате зошто. Зошто мораше да ви се случи тоа вам? Зошто мора да се чувствувате толку лошо? Каде сте згрешиле? Зошто не сте дел од оние луѓе на кои им е судено да доживеат среќен крај? Не ги слушајте луѓето кои само филозофираат и тврдат дека не треба да си поставувате прашања туку само да продолжите понатаму. Ниту една позитивна афирмација нема да ви помогне кога единственото нешто што го чувствувате е болка.rnrnТоа не значи дека се жалите или дека не сте благодарни. Не сте заборавиле на убавината на малите нешта. Сѐ уште работите напорно, но едноставно не сте дел од оние луѓе кои очајно се обидуваат да функционираат нормално во светот и покрај сите проблеми.rnrnЖивотот понекогаш знае да биде навистина тежок. Може да ве повредува, да ви буди сомнежи и да ја „подгрева“ вашата лутина многу долго време. Но, додека се обидувате да заздравите и да се справите со ситуацијата во која се наоѓате моментално, немојте да мислите дека само вие се соочувате со предизвици.rnrnНемојте да ги разгледувате туѓите Инстаграм профили, да превртувате очи и да мислите дека не е фер тоа што не сте таму каде што треба да бидете. Никој не го негира вашето страдање, бидејќи само вие можете да ја измерите вистинската тежина на вашата болка, но барем обидете се да најдете едно нешто што ќе ве мотивира оваа година.rnrnЧекор по чекор, малку по малку, намалувајте ја болката, бидејќи кога страдаме, сѐ ни се чини 1.000% поголемо одошто навистина е. Не заборавајте да дишете! Колку и да ви е тешко, не заборавајте дека ден по ден болката полека ќе се намалува. Не заборавајте дека не сте сами!rnrnДоколку се пронајдовте во текстот, време е да преземете нешто во врска со тоа! Прочитајте зошто 2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа.