Дозволете овие преубави фотографии на Димитар Караниколов за миг да ве однесат во Мјанмар. Бугарскиот фотограф и архитект кој во моментов престојува во Лондон ги документирал своите патувања во оваа мистична земја преку серија на фотографии направени со дрон. За него патувањето е бегство од рутината на секојдневниот живот. Во продолжение погледнете ги неговите фотографии и запознајте го Мјанмар.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие фотографии, можеби ќе сакате да прочитате и за патувачкиот фотограф кој преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзаж.rnrnИзвор: plainmagazine.com
Фотографот Алберт Дрос е познат по тоа што обичните пејзажи ги претвора во неверојатни уметнички дела. Неговата неодамнешна фотосесија снимана во магловита шума во Луксембург не е исклучок. Неговите фотографии ја доловуваат мистичноста на шарените есенски лисја во комбинација со лесната магла што се тркала низ пејзажот.rnrnrnrnИако многумина ја сметаат маглата за мрачна, според фотографот, таа е совршена временска состојба за фотографирање. Тој ја користи маглата како средство за истакнување на шарените лисја и дрвја. Резултатот е приказ на есенски лисја и богат, темнозелен мов што расте на стеблата од дрвјата. Дрос смета дека сивата боја не секогаш означува депресивност. Сигурни сме дека кога ќе ги погледнете неговите фотографии ќе посакате да облечете топла јакна и да излезете на прошетка во најблиската шума.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите преубави фотографии.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие прекрасни фотографии, ви препорачуваме да ги погледнете и фотографии од Плитвичките Езера во есен.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Симболичните автопортрети на фотографката Фарес Микуе откриваат скриени, внатрешни светови преку нивните имагинативни и концептуални наративи. Во нејзините најнови фотографии, таа користи живописни, сферични балони кои лебдат во воздухот околу неа, при што им дава нова длабочина и значење на своите впечатливи портрети.rnrn„Заразна енергија“rn
„Преку балоните може директно да се искажат чувствата и енергијата, работите околу нас што се дел од нашите животни искуства, без разлика дали ни ја изморуваат душата, или пак ни даваат надеж. Тркалезната форма е постојана и природна шема во универзумот, присутна во најважните елементи како Сонцето, Месечината, планетите или крвните зрнца. Балоните се нежни и кревки, исто како и чувствата. Тие немаат агли што значи дека не можат ништо да скријат, а тоа ги прави идеални за прикажување на искреноста и транспарентноста“, вели Фарес.
rnСекоја од нејзините фотографии има своја приказна, најчесто инспирирана од локацијата каде што е фотографирана. Заборавените урнатини во нејзините слики се претвораат во метафора за времето што се одликува со постојана промена па оттука потребата да ги оставиме работите да течат по својот тек додека ние растеме и се развиваме како личности.rn
„На фотографијата Бркајќи илузии ги истражувам оние чувства што повеќе не одговараат на она што сме или она што сакаме да станеме, и кои, за наше добро, треба да ги оставиме. Наместо тоа, ние продолжуваме да ги бркаме поради страв или несигурност да ги следиме нашите вистински чувства“, изјави фотографката.
rn„Бркајќи илузии“rnrnВо продолжение погледнете дел од нејзините фотографии.rnrn„Бескрајни опции“rnrn„Голема надеж“rnrn„Те избирам тебе“rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Престојот на балконот или во градината најмногу се поврзува со летото, но и есенските денови може да се искористат за уживање на отворено.rnrnrnrnЗа да останете на терасата или во градината во текот на есенските денови, ќе ви бидат потребни потопла облека и ќебиња, а исто така можете да создадете топла атмосфера со помош на свеќи и фенери. Жолтите, црвените и кафените тонови што ги носи есента ќе придонесат за хармонична и смирувачка атмосфера, а за да се чувствувате уште подобро, ќе ви треба добро друштво или добра книга.rnrnПогледнете ги фотографиите во продолжение што ќе ве инспирираат да создадете свое катче и да уживате во есента на отворено.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете ги овие трикови со кои балконот ќе биде омиленото место за уживање во текот на есента.
Природата е врвен уметник кој чека да го покаже своето најново ремек-дело. Погледнете ги овие 15 пејзажи што го одземаат здивот и што докажуваат дека нашата планета е навистина прекрасно уметничко дело.rn
Ги знаете оние кучиња што изгледаат како плишена играчка, но всушност се вистински кучиња? Таква е малата Сунсим, осумгодишна малтешка пудла, која живее во Јужна Кореја и со својот изглед воодушевува 261 000 следбеници на Инстаграм.rn
rnrnrnСлатката Сунсим не е единственото куче во своето семејство, друштво ѝ прават двегодишниот бишон фризе Деоксон, а неодамна им се придружи и една пудличка. Нивните авантури забавуваат многу луѓе, а имаат и свој канал на Јутјуб, каде што можете да гледате разни видеа за веселото и интересно секојдневие на неодоливото трио од Јужна Кореја.rnrnСопствениците на Сунсим сакаат да ја облекуваат во убава облека, а таа ужива и е подготвена да позира, па во продолжение погледнете дел од нејзините фотографии.rn
Да се има деца е едно од најубавите искуства што може да ги понуди животот. Со нетрпение ги очекуваме и правиме сè што можеме за да ги пречекаме на овој свет на најдобриот можен начин. Меѓутоа, кога ќе станеме родители, сфаќаме дека мирот, тишината и интимноста се, исто така, дар на животот. Товарот на родителите, а особено мајките, е непобитна реалност. А, ова искуство е универзално за сите родители, дури и за животните. Во продолжение погледнете ги овие фотографии од родители кои ги исполнуваат своите родителски должности.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
На овој свет постојат многу убави работи, но очите на фотографот може да ни покажат нови агли на светските чуда. Јапонскиот фотограф Рјосуке Косуге преку својот апарат ги покажува едноставноста, симетријата и елеганцијата на Азија, а фотографиите во продолжение ќе ве воодушеват.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Сега е вистинско време да го комплетирате домот со клучни детали што ќе му дадат неодолив разигран изглед. Растенијата се наметнуваат како непогрешлив избор, особено ако додадете некои од најпопуларните, како што се лалињата.rn
rnrnrnДекорирањето простор со растенија е одлична идеја, но и покрај желбата, одгледувањето растенија може да биде неуспешно. Но, ако сепак сакате да го украсите вашиот дом со убави цвеќиња што го прават секој ентериер интересен, може да изберете растенија за кои не е потребно многу грижа и наводнување. Лалињата се меѓу омилените пролетни растенија, но траат само неколку дена. Сепак, сега е одличен период да купите свежи лалиња и да му дадете неодолива пролетна атмосфера на домот.rnrnВо продолжение ќе најдете прекрасни идеи како да го украсите вашиот дом со растенија што ќе ве освојат на прв поглед и ќе ве натераат да направите мали, но многу важни декоративни измени во домот.rn
Специјализирана за надреални фотографии, 21-годишната уметничка од Лисабон, Луиза Азеведо, комбинира неочекувани предмети и места за да создаде композитни фотографии. Од растенија претворени во падобрани до фламинго со цветно тело, делата на Азеведо се доказ за нејзините врвни вештини. Нејзините чудни креации нудат sиркање во креативниот ум и во разиграната фантазија на младиот уметник.rnrnАзеведо е дипломиран уметник за мултимедија на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Лисабон и отсекогаш била љубител на уметноста. Но, уште на 15-годишна возраст, таа ги открила чудата на фотографијата преку Инстаграм. Така, таа започнала да истражува нови техники, кои на крајот ја вовеле до Фотошоп.rn