КАФЕ ПАУЗА

Tag: фокус

  • Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

    Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

    Доколку кликнавте на оваа статија, најверојатно и вие, како и најголемиот дел од денешното општество, сте дел од 8-часовниот работен систем. Еден од најконстантните елементи на нашиот живот денес е оптималното работно време. Генерално, скоро секој човек работи приближно 8 часа во денот, но и покрај ова сите ние сме свесни дека без разлика колку часа просечниот човек работи во денот, тоа скоро и да нема врска со тоа колку е ефикасен и продуктивен. Зошто?rnrnКако настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?rnrnКон крајот на 18-тиот век, фабриките сакале да ја максимизираат својата продуктивност, а со тоа и производството, па поради тоа се стремеле да работат 24/7. За поголема ефективност, секако, и луѓето морале да работат повеќе. Поради тоа работеле 10-16 часа дневно. Иако тоа било премногу напорно ситуацијата продолжила сè додека Роберт Овен, производител на текстил и активист, не почнал кампања со слоган:rn

    „Осум часа труд, осум часа рекреација, осум часа одмор.“

    rnПосле долго промовирање на оваа кампања, Форд први го вовеле 8-часовниот систем и направиле промена на дотогашните стандарди. Тие не само што го скратиле работното време речиси на половина, туку и ја дуплирале платата на секој вработен. Светот бил шокиран, но за кратко време Форд изјавиле дека имале зголемена продуктивност, поголемо производство и повеќе профит во рок од 2 години.rnrnПосле изјавата на Форд, до почетокот на 20-тиот век скоро сите компании го усвоиле овој систем.
 Но денес, во 21-ви век, во времето на социјални мрежи, економска криза и зголемен стрес, критериумите се поинакви од оние во минатите векови. Денес, 8-часовниот работен систем на луѓето им создава монотонија и анксиозност поради нивната (не)продуктивност. Доколку во минатото клучната работа била времето, денес, фокусот се става на енергијата.rn

    „Менаџирај ја пред сè твојата енергија, а не времето“, вели познатиот автор Тони Шварц.

    rnКако настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?rnrnДенес, повеќе од кога било, фокусот може лесно да се изгуби, а ресурсите на енергија со кои располагаме често ги трошиме на погрешни места. Според Шварц, луѓето имаат 4 типа енергија со која располагаат секој ден:rn

      rn 011

    • Физичка енергија – Колку здраво се чувствувате?
    • rn 011

    • Емоционална енергија – Колку сте среќни?
    • rn 011

    • Ментална енергија – Колку добро можете да се фокусирате на нешто?
    • rn 011

    • Духовна енергија – Зошто го правите ова? Која е вашата цел?
    • rn

    rnОна што денешните работодавци го забораваат е дека ние луѓето сме сосема различни од машините. Машините се движат линеарно, а луѓето циклично. Токму поради тоа, со цел успешен фокус на работата, треба добро да се разбереме себеси и да сме сигурни во нашата цел за она што го правиме, за да можеме правилно да ја насочиме нашата енергија.rnrnОсновната психологија на човечкиот мозок вели дека нашиот мозок може да се фокусира на една задача во рок од 120 минути. После тоа, концентрацијата се губи и потребни се 20-25 минути пауза и релаксирање со цел да се подготвиме за следната задача. За мозокот е многу полесно да се запраша каква работа може да заврши за 2 часа, отколку за 8. Доколку работните задачи ги поделиме на помали сесии, продуктивноста ќе се зголеми, а со тоа и нашето „лутање“, односно ќе можеме многу појасно да го одвоиме важното и приоритетното.rnrnКако настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?rnrnМногу направени истражувања и анкети покажале кои се најдобрите совети кои може да му се дадат на еден човек поврзани со неговото работно време. Издвојуваме четири:rn

      rn 011

    1. Сами зголемувајте ја важноста на задачата која ја извршувате, без разлика дали ви е даден рок. Зголемувајте ја постепено и дајте си стимулација со некоја награда за возврат. На пример: Ако го завршам овој дел во следните 60 минути ќе си направам кафе и ќе одморам на тераса.
    2. rn 011

    3. Поделете ги вашите обврски во 90-минутни рамки и ќе ги гледате нештата појасно.
    4. rn 011

    5. Испланирајте го заслужениот одмор, за да можете да завршите сè на време и навистина да се одморите. Доколку заборавите да се одморите и да направите пауза, продуктивноста сигурно ќе ви се намали, па ќе бидете и непродуктивни и уморни во исто време.
    6. rn 011

    7. Нула нотификации – Последниот совет може да ви помогне многу – исклучете ги сите нотификации кои ве одвлекуваат од обврските, а се наменети да ги проверувате во слободно време. Подобро напијте се кафе со колегите, наместо да ги отворате нотификациите од Фејсбук и Инстаграм.
    8. rn

    rnДоколку ги примените овие совети, ќе бидете попродуктивни, поодговорни, а со тоа и посреќни. Пробајте!rn

    Автор: Сара Коваческа

  • Како да останете фокусирани кога сте изморени?

    Како да останете фокусирани кога сте изморени?

    Без разлика дали сте гледале филмови и серии до доцна, сте биле излезени подолго од планираното, или имате проблеми со спиењето, сигурно ви се има случено да бидете премногу уморни наредниот ден за да правите што било. Според Националниот совет за безбедност, 43% од вработените луѓе не спијат доволно. Иако сите препорачуваат да спиете 7 до 8 часа секоја вечер, многу често тоа е невозможно. Овие совети ќе ви помогнат да издржите кога ќе се најдете во таква ситуација.rnrnКако да останете фокусирани кога сте изморени?rn

    1. Измијте го лицето со студена вода

    rnМожеби го имате слушнато овој трик кој е навистина ефективен. Ставете студена вода во поголем сад и потопете го лицето во него неколку секунди. Или пак пуштете студена вода и држете ги рацете под неа неколку секунди. Потоа измијте го лицето. Ова ќе направи да се чувствувате освежено, фокусирано и полни со енергија.rn

    2. Користете адаптогени

    rnКога се чувствувате изморено или под стрес, тревките адаптогени како женшен, босилек или сладок корен ќе го зголемат нивото на вашата енергија. Овие растенија ја обновуваат природната способност на телото за справување со стресот со тоа што го регулираат надбубрежниот систем. Адаптогените не целат кон одреден дел од телото, туку му помагаат на целиот организам да се справи со стрес, анксиозност и замор.rn

    3. Раздвижете се

    rnДвижењето ќе ви помогне ако се чувствувате мрзеливо. На овој начин ќе ги „разбудите“ разните делови од вашето тело. Постои и свесно движење, односно кога се чувствувате уморно, забележете го тоа и фокусирајте се на активноста што ја правите. Кратка прошетка може да ви помогне и да испрати кислород до вашиот мозок. Исто така ќе се зголеми и производството на ендорфини. Можеби шетањето е последното нешто што сакате да го направите, но вреди.rn

    4. Завршете ги поедноставните обврски

    rnАко сте премногу изморени обидете се да ги завршите наједноставните обврски како средување на работната маса или одговарање на пораките. Можеби денес не треба да работите на некој поголем проект. Запомнете дека е во ред да си дозволите да имате побавен ден. Немојте да се казнувате бидејќи се чувствувате лошо. Можете да направите и неколку вежби за дишење.rn

    5. Смејте се

    rnНаправете пауза и пронајдете ја најсмешната личност околу вас. Или пак јавете му се на најдобриот пријател и споделете неколку шеги. Смеењето и кратката пауза од работењето ќе ви помогнат да се освежите. Смеењето има позитивно влијание и на вашето тело и на вашиот ум.rn

    6. Излезете надвор

    rnСонцето му дава сигнал на вашето тело дека е време да се разбуди. Не само што сонцето ви дава енергија, туку го регулира и циркадискиот систем. Колку повеќе се изложувате на сончева светлина, толку побудно ќе се чувствувате. Исто така полесно ќе ви биде да го средите распоредот на спиење кој најверојатно сега не ви дозволува да бидете продуктивни.rn

    7. Дишете длабоко

    rnДишењето е секогаш сигурен начин да си го вратите фокусот. Вдишете од носот и издишете од устата. Бројте до 5 или 10 и ќе забележите како ова ќе ве опушти, но истовремено и ќе ве разбуди бидејќи вашата свест кон дишењето ќе се менува.rnrnПрочитајте и за причините за замор и малаксаност во текот на денот.

  • Како да останете фокусирани ако работите од дома?

    Како да останете фокусирани ако работите од дома?

    Работењето од дома добива сè поголема репутација. Компаниите почнуваат да им нудат на своите вработени да работат од канцеларија или од дома, а многу од оние кои ја одбираат втората опција, работат и уште нешто на страна. Овој начин на работа може да биде вистински благослов, но и клетва. Од една страна имате слобода и не сте ограничени со канцеларија. Но од друга страна, оваа нова слобода може да влијае на вашата продуктивност. Па, како да останете фокусирани додека работите од дома?rnrnКако да останете фокусирани ако работите од дома?rn

    1. Покажете благодарност

    rnРаботната околина ве прави расположени за работа. Поради структурата и дизајнот, многу луѓе не треба да се убедуваат да започнат со работа кога се во канцеларија. Кога сте дома може да ви биде навистина тешко да се мотивирате, особено ако сакате да правите нешто друго. Почнете го денот со покажување благодарност за тоа што сте се разбудиле, за вашето здравје, како и за можноста да заработувате. Ако можете вежбајте, направете си појадок, смирете го умот со медитација или молитва. Ова ќе ве мотивира и инспирира.rn

    2. Направете распоред и држете се до него

    rnБидејќи не сте врзани со одредено време или канцеларија, важно е да си го организирате времето. Направете распоред и држете се до него. Без разлика дали ќе работите 8 часа без прекин или ќе ги поделите обврските во текот на денот, важно е времето за работа да го посветите само на работата. Исто така гледајте распоредот најмногу да ви одговара. Ако сте најпродуктивни наутро, работете тогаш. Ако сте попродуктивни навечер, работете навечер.rn

    3. Отстранете ги нештата што ви го одвлекуваат вниманието

    rnЛесно е да го изгубите фокусот поради социјалните мрежи. Па, исклучете го телефонот кога не треба да ви се одвлекува вниманието. Направете распоред и за тоа кога ќе ги проверувате електронските пораки. Ако е можно исклучете го Интернетот.rn

    4. Паметно одберете ја музиката

    rnМногу работи може да влијаат на вашето расположение – телевизорот, времето, појадокот… Музиката исто така може да ви го промени расположението. Ако сакате да слушате нешто додека работите, одберете музика која ќе ве држи позитивни и која ќе ви го подобри расположението.rn

    5. Поставете им граници на пријателите и на семејството

    rnНемојте да го закажувате времето за работа околу обврските со пријателите и семејството. Исто така, поставете им граници за да не ви го одвлекуваат вниманието и да не ви ја намалат продуктивноста. Кажете им го распоредот за работење за да избегнете конфликти или искушенија.rnrnПогледнете ги и работите кои треба да ги правите секојдневно ако работите од дома.

  • Како да го задржите вашиот фокус кога сте бомбардирани со нотификации од социјалните мрежи?

    Како да го задржите вашиот фокус кога сте бомбардирани со нотификации од социјалните мрежи?

    Помеѓу телефонот кој постојано ѕвони, големиот број нотификации од сите апликации и постојаните пораки, сигурно се чувствувате како да не можете да пронајдете мир. Размислете колку пати сте работеле нешто кога ви стигнала некоја нотификација и ви го одвлекла вниманието. Колку пати ви заѕвонува телефонот за време на состанок? Вашето внимание постојано се префрла на направата во вашиот џеб наместо на луѓето со кои сте.rnrn(1)kako-da-go-zadrzhite-fokusot-koga-ste-bombardirani-so-notifikacii-kafepauza.mkrn

    Одвлекувањето ви ја отежнува работата

    rnИстражувањата покажале дека на модерните луѓе им се одвлекува вниманието на секои 3 минути и 5 секунди. Секој ден се губат околу 6 часа продуктивност поради ова. Кога некој е прекинат во нешто, не само што треба да се справи со тоа што му го одвлекло вниманието, туку потребна му е уште повеќе енергија за да се врати на работата. Не само што ве иритира, туку постојаното одвлекување на вниманието не ви дозволува да го дадете најдоброто од себе. За да добиете некоја добра идеја, потребно е добро да размислувате. Ако вашиот фокус не е доволно силен, вашите идеи никогаш нема да го достигнат нивниот потенцијал.rn

    Нашата концентрација природно се менува

    rnНавистина е одлично да можете да го исклучите Интернетот и да ѝ се посветите на работата, но мозокот не работи така. Во текот на денот ќе почувствувате подигнување и спуштање на вашата енергија. Можеби ќе се чувствувате продуктивно после прошетка или шолја кафе, но има периоди кога ќе бидете мрзеливи. Најпродуктивни сте во периодите кога нивото на вашата енергија е високо. Ако ги „заштитите“ тие периоди, можете да го извлечете максимумот од вас. Но, кога се соочувате со одвлекувања како нотификации, пораки и повици, на вашиот мозок му е потребно повеќе време да се фокусира и да се врати на работа. Неспособноста да се концентрирате има лошо влијание на вашиот перформанс, но вие можете да го контролирате тоа.rn

    Како да го задржите фокусот?

    rnОва не значи дека треба целосно да се исклучите од светот, но има некои трикови кои ќе ви помогнат да го отстраните негативното влијание на технологијата. Еден начин е да одредите период во денот само за пораки и нотификации. Направете листа со работите кои најчесто ви го одвлекуваат вниманието. Потоа одредете време кога можете да им се посветите на тие работи. Најдобро е да го правите тоа кога ќе почувствувате дека нивото на вашата енергија се намалува. Штом ќе помине тој период, веднаш вратете се на работа. На овој начин ќе ја заштитите вашата енергија и ќе станете многу попродуктивни.rnrnMan is working on a laptop at the caffee.rn

    Направете систем за да го ограничите одвлекувањето на вниманието

    rnНе можете да контролирате кога некој ќе ви испрати порака. Но, можете да ги промените нагодувањата на вашиот телефон, а за ова постојат и многу апликации. Најпознатата од нив е Forest и ви помага да го тренирате вашиот мозок и да го избегнете одвлекувањето на вниманието. Можете да ја користите и на вашиот компјутер, и на вашиот смартфон. Апликацијата ви овозможува да одредите кој период од денот не сакате да бидете вознемирувани. Тоа може да биде од 10 минути, до неколку часови.rnrn(3)kako-da-go-zadrzhite-fokusot-koga-ste-bombardirani-so-notifikacii-kafepauza.mkrnrnАпликацијата е направена на тој начин што секогаш кога сакате да се држите настрана од „одвлекувачите“ на вниманието, вие „посадувате дрво“. Тогаш почнува да се одбројува времето кое сте го одредиле, а вашето дрво почнува да расте. Ако одлучите да ѝ пристапите на апликација која е блокирана во тој момент, Forest ќе ве потсети дека вашето дрво сè уште расте и дека треба да го „убиете“ за да ѝ пристапите на апликацијата. Исто така апликацијата ви покажува и мотивациски пораки кои ќе ве инспирираат да продолжите со работата. Понекогаш ви е потребен само мал потсетник за да се посветите на она што го работите. Користете ја Forest, или пронајдете некоја друга апликација која ви одговара за да не ги потрошите највредните делови од вашиот ден.rn

    Идентификувајте ги работите кои ви го одвлекуваат вниманието

    rnСигурно се прашувате колку време губите со непотребни работи. Единствениот начин да го дознаете тоа е убаво да ги разгледате вашите навики. Забележете ги периодите кога сте најпродуктивни. Забележете и кои се работите кои најмногу ви го одвлекуваат вниманието. Откако ќе го направите тоа, станува многу полесно. Апликациите како Forest ќе ви помогнат и добро да размислите дали вреди да го трошите вашето време на неважни работи.rnrnКога ќе почувствувате како е да се работи во средина која не ви го одвлекува вниманието, ќе сфатите колку всушност можете да направите. Ќе бидете поефикасни, нема да се чувствувате изморено и нивото на концентрација ќе ви биде повисоко. Наскоро вашата желба да останете фокусирани ќе стане поголема од желбата да ги проверувате нотификациите.rnrnПогледнете и кои други работи влијаат на вашата концентрација.

  • Еве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајно

    Еве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајно

    Не постои начин да предвидиме каде ќе бидеме утре, ниту метафорично ниту географски. Има многу работи кои не можеме да ги испланираме и уште толку работи кои не можеме да си претпоставиме дека ќе се случат. Па, каква лекција се крие тука? Ништо не е трајно. Можете да се обидете да ги испланирате наредните 5 години, но независно колку е добар тој план, треба да го избришете бидејќи може да има сосема спротивен ефект и да ве спречи при постигнувањето на многу неверојатни работи. Верувањето во кој било тип трајност може да биде вашиот неуспех и дури во оној момент кога ќе научите да ги пуштите работите, да земате ризици и да се адаптирате на големите животни промени, ќе ги искусите и најголемите успеси.rnrnЕве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајноrn

    Вашата работа не е трајна, па започнете да работите

    rnНие не сме како постарите генерации кои работеле за една иста компанија цели 40 години и потоа се пензионирале. Ние сакаме да се движиме наоколу, независно дали под тоа се подразбира работење на други места или целосна промена на кариерата. Или тоа, или се откажуваме од работата и нѐ отпуштаат поради скорешната ситуација со економијата. Затоа е секогаш добро да се има план Б и барем уште еден дополнителен извор на паричен доход. Не мора да станете блогери или Интернет вработени и така да заработувате пари, но анализирајте ги своите способности и пронајдете ги вашите посилни страни со цел да го најдете и соодветното решение.rn

    Вашите работи не се трајни, па ослободете се од нив

    rnДоколку им давате важност на материјалните работи и не можете да престанете со таа практика, тогаш запрашајте се каде можете да ги сместите тие нешта и дали навистина ви се неопходни. Ако одговорот е позитивен, тогаш најдете им соодветно место и приберете ги. Но, ако одговорот е негативен, тогаш ослободете се од сите непотребни работи кои само можат да ви ја нарушат организацијата. Минимализмот е добар начин на живот. Колку помалку работи чувате кои ви тежат, толку поголема слобода ќе имате во животот и ќе можете подобро да се фокусирате на вашите цели. Ова може да биде одлична шанса да го преуредите вашиот дом и да ги исфрлите сите работи кои сметате дека немаат никаква друга намена освен да зафаќаат простор и да собираат прашина. Чувството кога велите „збогум“ на минатото и „добредојде“ на иднината е непроценливо.rn

    Вашиот живот не е траен, па искористете го до максимум

    rnЖивотот не треба да се зема здраво за готово. Со самиот факт дека го читате овој текст, покажувате дека имате добар и пристоен живот. Имате компјутер, телефон или каков било друг електронски уред, имате пристап до Интернет и се интересирате за сите начини на кои можете да се подобрите себеси. Треба да бидете горди на себе и на местото на кое што денес се наоѓате, но не дозволувајте тоа да ве запре да се стремите за повеќе. Дали отсекогаш сте сакале да го посетите Париз, но никогаш не сте можеле финансиски да си дозволите да го направите тоа? Одредете еден датум за една година отсега и започнете да заштедувате дел од вашата плата и префрлајте го во вашиот фонд за патување. Никогаш нема да дознаете што ве очекува ако не ја искористите шансата која ви се нуди.

  • Новите истражувања потврдија: Смеењето ни помага во учењето

    Новите истражувања потврдија: Смеењето ни помага во учењето

    Да претпоставиме дека сте се одлучиле да ѝ дозволите на вашата 18-месечна ќерка да игра некои поучни игри на вашиот таблет. Имате неколку апликации и се обидувате да одлучите која од нив ќе биде најсоодветна за вашето дете: Онаа која ги претставува буквите и бројките со музика, но е посериозна или онаа со интересните животинчиња кои постојано се растрчуваат низ екранот и ја тераат вашата ќерка да се смее и радува?rnrnСмеењето ни помага во учењетоrnrnБидејќи не сте сигурни дека втората апликација е добра и доволно поучна, се одлучувате за првата. „Барем ќе научи нешто“, си помислувате. Всушност, онаа апликација која е помалку сериозна и посмешна е правилната одлука.rnrnРана Есеили спровела едно истражување на дечиња кои се на возраст од 18 месеци и нагоре. Голем број слични истражувања ни покажале дека кога децата се смеат се зголемува и нивната концентрација, фокус, внимание, перцепција, мотивација, сеќавање и желбата за учење. Но, ова истражување било првото од овој тип кое е направено на деца кои се на 18-месечна возраст.rnrnДецата во групата кои работеле задачи кои ги смееле и ги правеле весели имале значително подобри резултати од оние деца кои работеле во контролната група што не се смееле додека учеле и ги завршувале своите задачи. Есеили смета дека смеењето може да помогне во учењето бидејќи допаминот кој се ослободува во текот на овој процес ја зголемува желбата, но и способноста за учење. Останатите точки од истражниот процес покажале дека овој начин на учење делува и на когнитивните способности на возрасните.rnrnМожеби е време да внесете малку смеа во вашиот метод за учење.

  • Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    „Вистинскиот начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш служејќи им на другите.“ – Махатма Ганди

    rnВо свет на суета каде сè што се слуша е: јас, јас, јас, го сакам ова, сакам сега, тешко е да ја прифатиме големата вистина дека сонцето не се врти околу нас и тоа е всушност добра работа. Секој е повеќе или помалку фокусиран на себеси, пробувајќи да ги задоволи своите интереси, потреби и апетити, со други зборови, да си угоди на себе.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrnrnСите ние сме тука со причина, имаме цел и намера, и нашето присуство на планетата Земја е многу, многу повеќе од плитката себичност која нè тера постојано да се фокусираме на самите себе и да внимаваме што другите мислат за нас. Секој од нас има нешто специфично, нешто единствено што го прави посебен и оригинален, и само ако успееме да го победиме нашето сопствено его ќе можеме со нашата уникатност да придонесеме за светот. Сите ние имаме способност да донесеме светлина, подобар живот и промена, но само ако успееме да го тргнеме рефлекторот од себе.rnrnОва се 5 реални примери кои покажуваат дека не се врти сè околу вас, но и дека тоа всушност е супер.rn

    1. Анксиозност при јавно говорење

    rnКога подготвуваме каков било вид јавно излагање, чувствуваме страв, несигурност и анксиозност која би можела да ни го уништи говорот. Ставањето акцент на нас самите, како сме облечени, со каков тон зборуваме, всушност прави целата презентација да биде за нас. Но, правилниот пристап кон нештата е да се доживее тоа јавно излагање малку пореално – не е за вас, туку за оние кои ве слушаат. Главната цел ви е да ја пренесете моќната порака на она што го кажувате, да допрете до некого, да ги научите вашите слушатели на нешто, да направите мала промена во нивните животи и начинот на размислување. Не е сè за вас, и ова е доста олеснителна околност.rn

    2. Кога не го добиваме она што го сакаме

    rnКога нема да го добиеме она што го сакаме – работната позиција, наградата, унапредувањето, и сл., чувствуваме фрустрација. Пробајте на тоа да гледате поинаку. Постои многу поголема сила од нас како единки, и сите ние сме само мала точка на оваа планета, дел од некаков план. Ова ќе ви помогне да сфатите дека сè се случува со причина и дека тоа што една врата се затворила за вас, само значи дека наскоро ќе ви се отвори многу поголема.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrn

    3. Кога сме игнорирани

    rnМоже да биде дури и болно кога си игнориран. Секој од нас речиси секојдневно се соочува со тоа. Тука спаѓа неодговарањето на мејловите кои ги праќате, телефонски разговори за кои другите не се достапни или заинтересирани, нерасположени јавни службеници кои може дури и да ви го расипат денот. Не грижете се, не сте вие проблемот. Луѓето едноставно се премногу свртени кон себеси, премногу „зафатени“ со своите интереси и премногу себични. Тоа е оној по малку ироничен круг по кој се движат нештата.rn

    4. Кога некој зборува лошо за нас

    rnВашите најголеми критичари всушност го проектираат сопствениот страв, несигурност и завист на вас. Популарно наречените хејтери „хејтаат“ поради нивните сопствени проблеми и несигурности. Значи, тоа нема врска со вас, вие сте само предмет на нивните фрустрации, затоа држете се настрана. Може да допрат до вас само ако влезете во таква дискусија и им посветите внимание. Значи повторно, не е за вас, туку проблемот се тие самите.rn

    5. Кога ви се чини дека не го живеете вашиот сон

    rnВашиот талент и вашите способности сфатете ги како алатки за служење на заедницата. Што сакате да правите, кој е вашиот сон? Сакате да пишувате, да издавате свои книги, да цртате, да фотографирате, да држите мотивациони говори, и што ли уште не, разбирливо е да имате соништа. Кога ви се чини дека не ви оди во животот, тогаш зборува вашето его кое сака повеќе и повеќе и ве спречува да видите што сте сториле досега. Значи, правете го она што сакате да го правите, дајте го најдоброто од себе, и престанете да се фокусирате на себеси, туку гледајте од спротивната страна – како со мојот талент јас им помагам на другите? Кога ќе го заборавите вашето его, вие ќе почнете да го живеете вашиот сон.rnrnДокажано е дека преголемиот фокус кон себеси е причина поради која среќата нè одбегнува. Затоа престанете да прашувате „Што сакам?“ или „Како можам да го добијам ова?“, туку запрашајте се себеси „Како можам да придонесам?“.rnrnКога сите ние би престанале да бидеме толку себични и фокусирани на себе, светот би бил подобро место за живеење.rnrnСега вдишете, па издишете. Во ред е, не се врти сè околу вас, и тоа е големо олеснување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Автор: Калин БабушкуrnrnЛетниот период и топлите денови се наближуваат. Школскиот распуст е веќе започнат. Сè почесто може да го слушнеме прашањето: каде на одмор? Мислите ни се на најблиските плажи, а со нозете сме веќе во вода.rnrnСето тоа влијае на намалување на продуктивноста и фокусираноста на работните обврски. Но и летниот период е исполнување на работните обврски и сакале или не, мора да се биде фокусиран и во овој период. Еве ви неколку совети како да останете продуктивни и фокусирани на работата и на работните обврски што ги имате во овој период:rnrnkako-da-ostanete-fokusirani-za-vreme-na-letniot-period-kafepauza.mkrnrnОблека – Внимавајте со облеката во овој период. Носете лесна облека во светли бои. Доколку работата ви дозволува, носете кратки ракави. Доколку нема потреба, немојте да носите и вратоврски или марами. Доколку сте менаџер или сопственик на компанија, дозволете си поформално облекување, но без одела или сакоа – таквата облека е претопла за ова време.rnrnПланирајте го и искомуницирајте го летниот одмор – Со тоа мозокот ќе го сетирате дека тој период ќе бидете отсутни, а тоа дополнително ќе ви олесни и вам и на вашите соработници да знаат во кој период нема да бидете достапни. Најважно е планираниот одмор да биде барем еден месец однапред испланиран и искомунициран со сите со коишто соработувате.rnrnПланирајте ги работните денови – Доколку треба да излезете надвор, гледајте тоа да биде во раните претпладневни часови, кога сè уште не е толку топло. Топлиот период (пладневните часови) поминете го во канцеларија.rnrnРазладни уреди – Ако е многу топло, употребувајте разладни уреди, но немојте тие да бидат директно насочени кон вас. Дополнително, ако користите разладни уреди, немојте да имате отворени прозори, непотребно трошите енергија. Немојте да ја правите работната просторија премногу студена, затоа што кога ќе излезете надвор може да доживеете шок.rnrnИскористување максимум од периодот – Во зависност од работата, искористете го овој период за планирањето на следниве активности: планирајте го наредниот период, но не само периодот до крај на годината, туку до наредното лето. Навлезете аналитички во работите и направете убаво планирање.rnrnКомуникациски можности – Во ера на интернет и покриеност со мобилни телефони, доколку овозможува работата, дозволете си работа надвор од канцеларијата. Не знам колку нашата свест е висока за таква работа, но можно е. Ако има можност, работете од дома или од друго место, но сепак сработете си ја зададената работа.rnrnКратки одмори – Во текот на работниот ден, земајте кратки одмори. Искористете ги тие одмори за да се разладите и да си помогнете да бидете пофокусирани. Доколку, пак, имате можност, искористете ги викендите за подолг одмор надвор од местото на живеење (на планина, езеро, река или на друго место). Неколкудневни одмори знаат позитивно да влијаат на психата на луѓето.rnrn„Студена глава“ – топлината си го прави своето и пробајте да останете со „студена глава“ во сите ситуации.rnrnИма голем број работи кои треба да ги имате на ум во овој период за да ја задржите својата фокусираност, но најважно е да разберете дека и овој период е време на исполнување на своите обврски. Со прифаќање на тој став од самиот старт ќе ви биде полесно да го прифатите овој период и да бидете попродуктивни.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистината за мултитаскингот

    Вистината за мултитаскингот

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали ви се случило да пишувате е-пошта и во исто време да зборувате на телефон/со колега, или да отворите 3 различни е-пораки и да започнете да одговарате на сите паралелно?rnrn1-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМултитаскинг или работење на повеќе работи одеднаш е концепт кој ние многу често го користиме/кажуваме во секојдневното работење (а и живеење). Многу често со моите пријатели и колеги разговараме за ефектот на мултитаскингот, т.е дали можеме да работиме повеќе работи одеднаш, а тоа да нема негативно влијание врз крајниот резултат на некоја од нив. Често знаеме да кажеме, и сме многу уверени во тоа, дека ние сме многу добри во работење на неколку работи одеднаш, а дека тоа не смета на резултатот. Дури јас познавам ѝ неколку горди експерти во мултитаскинг.rnrnНо дали е вистински така или тоа е една голема заблуда со која живееме?!rnrn2-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМногу истражувања и анализи се правени во последно време за ефектот на мултитаскингот во работењето. И сите резултати велат дека ние не сме толку добри, како што мислиме, во извршување на повеќе работи одеднаш. Првиот проблем е во делот од реченицата што вели „како што мислиме“. Сите ние мислиме и цврсто веруваме дека може да правиме повеќе работи одеднаш. А знаеме дека мозокот е експерт за само-залажување.rnrnСпоред истражувањата мултитаскингот ја намалува нашата продуктивност за дури 40%, го забавува нашиот прогрес, влијае на нашиот фокус и ја намалува можноста за учење на нови информации. Тоа се случува бидејќи мултитаскингот бара голема когнитивна способност. Нашиот мозок, работејќи повеќе работи одеднаш, поминува низ многу тежок ментален предизвик. Првиот предизвик е т.н „менување на целите“ – решаваме да правиме друга работа наместо тековната. Во оваа ситуација 2 задачи се борат да користат ист дел од мозокот. Вториот предизвик е т.н „менување на улоги“ – менување на правилата од тековната активност, во други правила за новата задача. Ова претставува огромен напор за нашите мозоци и поради тоа, несвесно, нам ни се намалува продуктивноста, концентрацијата и фокусот.rnrnЗборот мултитаскинг оригинално доаѓа од компјутерскиот речник и претставува способност микропроцесорот да процесира повеќе задачи (процеси) симултано. И бидејќи компјутерите може да вршат повеќе работи одеднаш, тоа влијае ние да мислиме дека тоа е и наша вештина. Но, она што треба да го имаме на ум е дека компјутерите постојано се надградуваат и менуваат. Тоа значи дека, ако сакаме и ние да ја развиваме нашата вештина за мултитаскинг, треба и ние да ги надградуваме нашите процесори (мозокот). Според истражувањата, мултитаскингот е вештина која се учи/тренира. Но, за тоа треба да се едуцираме, да ги спознаеме техниките на работа и да вежбаме напорно.rnrnИма една приказна што вели дека Моцарт можел да прави 2 работи одеднаш и тоа без никакви последици на финалниот резултат од тие активности. Често знам да им кажам на колегите и другите што мислат дека не им смета мултитаскингот во работата – ако сте како Моцарт во тој случај јас не ви коментирам ништо. Но, ако не сте, тогаш единствено ќе може да прифатам дека сте добри во мултитаскингот само ако работите на техниките за развој на таа вештина. За мало појаснување на ликот и делот на Моцарт – тој ја напишал својата прва симфонија на 8-годишна возраст.rnrnНАПОМЕНА: кога зборуваме за мултитаскингот и неговото негативно влијание повеќе се мисли за извршување на повеќе важни/сериозни активности. Некои ситни и не толку важни задачи, нашиот мозок има капацитет да ги обработи без некои посебни проблеми. Пр. гледање телевизија и јадење, вежбање, пеглање итн.rnrnЗначи може да заклучиме дека „MythBusted“ (митот е разбиен). И следниот пат кога ќе кажете „можам да правам повеќе работи одеднаш“, размислете убаво!rnrnСо успех во имплементацијата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини како да останете фокусирани на работата

    5 начини како да останете фокусирани на работата

    Автор: Маја ВладимироваrnrnСите имаат моменти кога се расеани и кога не можат да се фокусираат на работата. Но, кога појавата на таквите моменти ќе стане алармантна, треба навреме да се реагира и да се преземат одредени мерки. Иако многумина од нас го почнуваат денот со листа на работи кои треба да се завршат, на крајот не секогаш сите точки на таа листа се пречкртани. Најчеста причина за застој во работата е проблемот да се остане фокусиран. Затоа се одлучивме да ви дадеме 5 совети кои ќе ви помогнат да го задржите вашето внимание на обврските на работа и на она што од вас се очекува да го завршите во текот на денот.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    1. Поделба на работата на помали делови

    rnНаучно е докажано дека мозокот може да биде продуктивен при обработка на ограничен проток на информации, во ограничен временски период. Да се работи на една работа преку целиот ден може да биде напорно, монотоно и неефективно, бидејќи после некое време мозокот се заморува и резултатите кои се добиваат нема да бидат ефективни како на почетокот. Затоа, најдобро решение е да се подели работата на помали делови кои би можеле независно да се сработат. При ваквиот начин би можеле повремено да правите паузи со кои би му овозможиле на мозокот да „дишe“ и да се одмори. Така ќе имате чуство како да сте сработeле многу повеќе со што ќе си ја зголемите самодовербата, а и за секоја следна задача ќе бидете одморени и свежи.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    2. Наградете се после секоја успешно завршена работа

    rnНе е лошо повремено да се посетуваат Фејсбук, Твитер и други слични сајтови додека сте на работа за да ги проверите најновите вести поврзани со пријателите, но важно е да не се троши преголем дел од времето на нив, посебно кога ве чека еден куп работа. Нашиот совет е да изберете неколку задачи кои треба да ги завршите за да ја добиете дружбата со пријателите како награда, без разлика дали на некоја од социјалните мрежи или за време на кафе паузата.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    3. Изберете ја вистинската музика

    rnМногумина не можат да си ја замислат работата без музиката која им обезбедува мотивација и инспирација. Ако сте и вие ваков тип луѓе, кои преферираат да слушаат музика додека работат, тогаш внимавајте на неколку детали при изборот. Најпрво немојте да бирате тивка и релаксирачка музика од која ќе ви се приспие или пак музика која ќе ве натера да размислувате за текстот на песната. Музиката треба да биде динамична за да ви даде енергија за работа, но не премногу јака и тешка за да ве измори и да предизвика спротивен ефект од посакуваниот. Бидејќи за вкусови не се дискутира, останува сами да одлучите кој ќе биде вистинскиот музички избор за вас.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    4. Изолирајте се

    rnСè додека во позадина е вклучен вашиот Фејсбук-профил и додека добивате пораки и нотификации од вашите пријатели, ќе биде вистински предизвик за вас да останете фокусирани на работата. За да можете целосно да се посветите на она што го работите во моментот, понекогаш е најдобро да се „сокриете“ од надворешниот свет. Поставете статус „Invisible“, „Do Not Disturb“ или „Busy“ на социјалните мрежи, а од колегите кои наминуваат до вашето биро, заштитете се со слушалки на ушите кои ќе ги предомислат во намерата да ве зазборат.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    5. Сакајте си ја работата и работете со љубов

    rnОва е најдобриот начин за да го извлечете најдоброто од себе додека работите. Сите знаеме дека кога се работи на нешто интересно, времето поминува неосетно, додека пак фокусот се губи ако работите нешто што сметате дека е досадно. За да бидете продуктивни, обидете се најпрво да си ја направите работата што е можно поинтересна. Замислете си слика во која вашата задача е завршена или поставете си цел да импресионирате некого, без разлика дали се тоа колегите, вашиот шеф или пак некој друг.5 начини како да останете фокусирани на работата
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.