КАФЕ ПАУЗА

Tag: фокус

  • Кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ја подобрите меморијата?

    Кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ја подобрите меморијата?

    Никогаш не треба да заборавиме дека храната што ја консумираме влијае врз нашето здравје на различни начини, пред сè на срцето, но и на мозокот. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ви се подобрат меморијата и фокусот.rnrnКои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ја подобрите меморијата?rn

    Храна со вештачки засладувачи

    rnКога внесувате вештачки засладувачи кои немаат хранлива вредност, тоа може да го влоши нивото на лоши бактерии во цревата. Ова се однесува на сахарин, сукралоза и стевија, а особено на аспартам, кој е поврзан со анксиозност и може да го зголеми нивото на слободните радикали во мозокот.rn

    Храна направена со индустриско и преработено масло

    rnПреработеното масло се добива од соја, пченка и сончоглед и содржи многу омега-6 масни киселини. Прекумерното консумирање на овие киселини предизвикува телото да произведува хемикалии кои доведуваат до воспаление на мозокот. Затоа, нутриционистите препорачуваат почесто да користите маслиново, кокосово и авокадово масло.rn

    Храна со додаден и рафиниран шеќер

    rnНа нашиот мозок му треба гликоза за да функционира, но премногу шеќер може да доведе до вишок гликоза во мозокот. Ова може да ја влоши меморијата и ова важи и за солената храна која исто така содржи шеќери, како што се кечап и сосови за тестенини.rn

    Преработена храна

    rnИсхраната богата со високо преработена храна може да доведе до влошување на здравјето на клетките и зголемен ризик од дегенеративни болести. Покрај тоа, оние кои го консумираат овој вид на храна имаат поголеми шанси да доживеат блага депресија во споредба со оние со различна исхрана.rn

    Пржена храна

    rnИако пржената храна е вкусна, сепак не заборавајте дека таа има негативно влијание врз мозокот. Едно истражување покажало дека оние кои јадат многу од овие намирници имаат полоша меморија и полоши когнитивни способности.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат лошо да се одразат врз вашата меморија, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те едноставни навики за подобрување на меморијата.rnrnИзвор: cnbc.com

  • Зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?

    Зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?

    Секој може да постигне сè што сака ако е подготвен постојано да вложува напори. Еве зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели наместо цело време да се фокусирате на големата слика. Тоа ќе ви помогне за кратко време да постигнете успех кој колку и да е мал сепак ќе ви биде поттик да продолжите да работите понатаму.rnrnЗошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?rn

    1. Потребно е помалку време и енергија

    rnСекогаш е полесно да се започне со помалите цели. Дали сметате дека е полесно да се напише книга од 300 страници или полесно е да се напишат само 1.000 зборови дневно? Се разбира, одговорот е очигледен. И бидејќи е полесно да се започне со малите секојдневни цели, вашиот отпор кон извршување на работата ќе биде намален и нема да ви биде потребна голема мотивација. Затоа е многу важно да се фокусирате на малите победи.rn

    2. Го спречува ризикот од преоптоварување

    rnДруга клучна причина зошто треба да се фокусирате на малите цели е затоа што на тој начин ќе го спречите преоптоварувањето. Една од главните причини зошто луѓето ги одложуваат работите е поради стресот при извршувањето на работата и нејзиниот обем. Тие едноставно се чувствуваат преоптоварени и затоа, тие избираат да ги одложуваат обврските. Меѓутоа, кога работните обврски се рамномерно распределени секој ден, нема да се чувствувате преоптоварени од нив.rn

    3. Ја зголемува вашата самодоверба и мотивација

    rnЗамислете дека имате цели што треба да ги следите и знаете што треба да направите денес за да напредувате, но не правите ништо. Како ќе се чувствувате до крајот на денот? Потиштено и виновно, нели? Но, ако се држите до вашиот план, ако преземете акција и напредувате, како би се чувствувале? Веројатно би се чувствувале задоволни и мотивирани. Затоа што денес сте направиле нешто, затоа што напредувате и полека се движите кон вашите цели.rnrnОткако прочитавте зошто е подобро да се фокусирате на малите цели, можеби ќе сакате да прочитате и како да инвестирате повеќе во себе за да постигнете личен напредок.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

    Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

    Сите ние, кој помалку кој повеќе, сме „научени“ да се жртвуваме за другите и да ги ставаме нашите потреби на второ место бидејќи на тој начин сметаме дека ќе станеме подобра личност. Сепак, таквото однесување може негативно да се одрази врз нашите животи на начин што нè спречува да ги оствариме нашите цели. Во реалноста, секогаш им се посветуваме повеќе на другите отколку на себеси и нашите желби. Во продолжение прочитајте зошто треба да ни биде приоритет грижата за себе.rnrnСакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!rn

    1. Кога себеси ќе се ставите на прво место ќе ви биде полесно да се фокусирате на целите

    rnЗа да ги постигнете вашите цели потребна е многу енергија и труд што непрестајно ќе ги давате од себе. Потребна ви е јасна слика, енергија и ментална јасност што ќе ви помогнат да работите напорно секој ден. Многумина не успеваат да ги остварат своите цели токму поради тоа што ја трошат енергијата во грижата за другите.rn

    2. Повеќе фокус = поголема продуктивност

    rnНеорганизираноста влијае врз продуктивноста. Кога вашите мисли се раштркани во сите насоки, не можете да се фокусирате и да соберете доволно енергија што ќе ве крепи во целиот тој процес. Свесни сте дека при поставувањето цели ви треба план. Доколку вие се ставите на прво место, пак, ќе ви овозможи да направите план преку кој ќе се фокусирате на конкретните чекори и активности што треба да ги преземете за да ги постигнете вашите цели.rn

    3. Ќе ви биде полесно да поставите одредени граници

    rnДлабоко во себе знаете кога треба да кажете „не“, наместо „да“. Кога ќе се согласите со нешто што може да го попречи вашиот фокус, имате чувство како нешто да ве „јаде внатре“. Доколку се ставите себеси и сопствените цели на прво место, тоа ќе ви помогне и да поставите граници. Поставувањето граници е дел од здравиот начин на живот. Морате да бидете цврсти докрај за тоа што дозволувате, а што нема да толерирате во вашиот живот. На тој начин ќе престанете да им угодувате на другите и ќе почнете да ги задоволувате сопствените потреби.rn

    4. Продуктивност = возбуда

    rnНајверојатно една од причините поради која луѓето не ги постигнуваат своите цели е недостатокот на возбуда. Доколку она на кое работите не ви пружи никаква возбудливост, недостатокот на инспирација може да ја намали вашата продуктивност. Тоа значи дека ќе ви биде потребна многу енергија за да ги надминете неуспесите и да останете фокусирани.rn

    5. Ќе се ослободите од очекувањата

    rnНие сме научени дека за да бидеме добри личности, треба да се грижиме за она низ кое поминуваат другите. Доколку си поставите приоритети ќе сфатите дека вие и само вие сте одговорни за вашиот живот, а тоа ја вклучува и вашата ментална состојба. Ова ќе ви помогне и да се ослободите од туѓите очекувања. Запомнете дека ова е ваш живот и дека треба да го живеете онака како што вам ви одговара. Кога нема да им дозволите на другите да ви влијаат преку нивните очекувања за тоа што треба да правите и како треба да го правите, ќе имате повеќе енергија и ќе бидете попродуктивни.rnrnОткако прочитавте како да ја зголемите вашата продуктивност така што ќе се ставите на прво место, можеби ќе сакате да ги прочитате и будистичките правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

    Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

    Почнувајќи од 22 ноември, Сонцето ќе биде во знакот на Стрелец што значи дека почнуваме да се ослободуваме од притисокот на сите тешкотии со кои моравме да соочиме досега и да се фокусираме на сето она што сме го научиле. Фокусот ќе ни помогне и успешно да ја дочекаме новата 2022 година. Во продолжение прочитајте како ѕвездите и планетите ќе им влијаат на хороскопските знаци оваа недела.rnrnНеделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себеrn

    Овен

    rnОваа недела ќе имате време да им се посветите на вашите идеи и размислувања. Имајте на ум дека ова не е само миг на уживање со ширум отворени очи, туку и многу поучен момент за да дознаете нешто повеќе за себеси и што е тоа што ве движи во животот. Вие самите одлучувате за својата судбина, а тоа ќе го сфатите оваа недела. Искористете ја можноста да бидете среќни кога ќе ви се укаже.rn

    Бик

    rnОваа недела е совршен момент да се фокусирате на вашите здравствени цели. Не треба да го чекате последниот ден од годината за да преземете акција, искористете ја оваа недела и почнете со здрави навики. Дајте си време да размислите што значи благосостојбата за вас и на кои начини можете да ја практикувате без притоа да чувствувате притисок.rn

    Близнаци

    rnОваа недела ќе сфатите дека вашите врски, романтични или платонски, никогаш не траат толку долго колку што мислите дека треба. Имате впечаток дека ништо околу вас не е трајно. Во деновите што доаѓаат ќе имате можност да го разберете природниот тек на нештата и дека тие не траат вечно. Тоа ќе ве натера да ги промените очекувањата кон луѓето околу вас.rn

    Рак

    rnНишто не е како што се чини. Ако се соочувате со моменти на тага и депресија, знајте дека на крајот од тунелот ве чека светло. Оваа недела можеби ќе има моменти кога ќе треба да го прифатите непознатото и да продолжите иако сте полни со прашања и сомнежи. Од друга страна, бидете внимателни ако работите изгледаат премногу добри за да бидат вистинити.rn

    Лав

    rnНишто во вашиот живот нема да се оствари ако само седите и чекате. Оваа недела земете ја вашата судбина во свои раце. Пријавете се за работното место за кое немате доволно искуство, дајте го вашиот телефонски број на личноста со која сте флертувале. Преземете храбра акција и откријте каде ќе ве однесе. Подобро е нештото да го направите отколку постојано да се прашувате што можеше да се случи ако бевте доволно храбри.rn

    Девица

    rnНе мора во овој момент да имате испланирано сè за вашиот живот, но добро би било доколку работите на случајот. Имате уште многу простор за развој и надградба, а најдоброто допрва доаѓа. Престанете да се осудувате себеси затоа што сè уште не сте онаму каде што сакате да сте и фокусирајте се на авантурите што ќе ви ги донесе животот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Не можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техника

    Не можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техника

    Кога станува збор за продуктивноста што води до добро завршена работа, најважни се добрата организација и фокусот.rnrnНе можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техникаrnrnНо, концентрацијата станува нестабилна поради многу причини. Понекогаш е тешко да се навикнете на нов начин на работа (на пример, да работите од дома за време на пандемијата), понекогаш имате премногу работа, а понекогаш недостатокот на концентрација едноставно се должи на стрес или е поврзан со некои ментални проблеми. Но, без оглед на причината што стои зад тоа, треба да знаете дека секогаш постои решение и дека доаѓа во различни форми за различни луѓе.rnrnЕдна од овие форми е техниката Помодоро, осмислена кон крајот на осумдесеттите години од страна на италијанскиот студент Франческо Сирило. Неговата цел била да стекне колку што е можно повеќе концентрација за учење, а за тоа му помогнал кујнски мерач на време во форма на домат (италијански: pomodoro), по што техниката го добила своето име. Откако оваа техника го сменила неговиот начин на учење и ефективност, Сирило решил да напише книга за сè што научил, а неговата техника денес се користи низ целиот свет за да се постигнат подобра организација и подобри резултати.rn

    Како изгледа техниката Помодоро?

    rnПрвиот чекор е да изберете одредена задача. Тоа може да биде преуредување на плакарот, ослободување од предметите што не ви се потребни, готвење или учење за испит. Откако ќе изберете задача, ќе го навиeте тајмерот на 25 минути и во тој период ќе можете непрекинато да го правите тоа што треба. Значи, без телефон, проверка на е-пошта и социјални мрежи, прекини за краток оброк или правење чај. Кога ќе поминат 25 минути, направете пауза од 5 минути, истегнете се, танцувајте на вашата омилена песна, прошетајте или правете нешто друго што ве релаксира.rnrnПотоа, следуваат уште 25 минути, а кога ќе направите 4 повторувања од 25 минути, ќе имате пауза од 20 до 30 минути. Клучот за сето ова е да останете во фокусот, целосно сконцентрирани на задачата што ја извршувате и да исклучите какво било потенцијално одвлекување на вниманието, како што се Интернетот, звукот на мобилниот телефон, известувањата и слично. Сè што ви треба за техниката Помодоро е бројач на време, пенкало и хартија на која ќе запишете колку кругови сте направиле за да знаете колку време ви треба за одредена задача.rnrnПрочитајте кои се вистинските причини за вашите проблеми со концентрацијата.

  • 10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид

    10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид

    Понекогаш, кога сте фокусирани на нешто, можете дури и да ги чувствувате мозочните клетки како работат. Тоа е нешто навистина добро бидејќи нашиот мозок е мускул и како и секој друг мускул во нашето тело, му треба тренинг. Само така може да работи и да биде во добра форма.rnrnОвие 10 сложувалки ќе го предизвикаат и ќе го активираат вашиот мозок, а во исто време ќе се забавувате. Обидете се да го пронајдете парчето што недостасува за да докажете дека имате импресивни вештини за набљудување.rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]10 сложувалки што можат да ги решат само генијалците со остар вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПогледнете ги овие илустрации и обидете се да ги пронајдете сите грешки.

  • Која е главната задача на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година?

    Која е главната задача на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година?

    На Скорпијата ќе ѝ биде најтешко, а Овенот мора да престане да се залажува. Прочитајте на што треба да се фокусирате и исполнете ги наведените работи. Иако не можете да ги видите резултатите веднаш, исполнувањето на овие цели може да ве одведе таму каде што треба да бидете.rnrnКоја е главната задача на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година?rn

    Овен

    rnМора да престанете да се затворате. Престанете да го трошите целото време на работа и создајте вистински врски.rnrnСекако, вашата кариера е важна, но ако сте фокусирани само на тоа, нема да знаете кој сте и што сакате да бидете. Вие сте многу повеќе.rn

    Бик

    rnПреземете ја контролата над вашиот живот во свои раце. Предолго им дозволувавте на другите да ве влечат наоколу и да ве водат таму каде што тие мислат дека треба да бидете.rnrnВашата цел е да ја преземете контролата. Ова е ваш живот и можете да изберете како ќе го живеете.rn

    Близнаци

    rnОвој период ќе ве доведе до местото на раст. За тоа време, ќе се чувствувате прилично збунето и пробивањето на статусот кво ќе биде единственото нешто што ве издвојува од сите останати.rnrnНе држете се до кутијата во којашто ве става овој свет, ослободете се и дозволете му на вашето внатрешно јас да заблеска.rn

    Рак

    rnЌе биде тешко, но треба да ги завршите работите. Време е да ги прекинете врските со луѓето што ве користат.rnrnПрестанете со одложувањето. Постојат многу луѓе во вашиот живот кои не заслужуваат да бидат таму. Престанете да измислувате изговори за нив и направете го она што ви го кажува срцето.rn

    Лав

    rnВремето ќе ви поминува многу бавно, ќе се чувствувате изгубено. Треба да започнете со духовна потрага.rnrnВеројатно ви здосади да го слушате тоа, но пропуштате нешто многу важно. Престанете да пропуштате да ги гледате работите и дозволете си да се помирите со сè од што се криете.rn

    Девица

    rnМногу работи ќе бидат доведени во прашање. Престанете да бидете опседнати со луѓе од вашето минато и ослободете се од минатото. Запознајте нови пријатели и забавувајте се!rnrnЗапочнете да градите живот вреден за живеење. Колку повеќе работи ќе доживеете, толку посреќни ќе бидете, тоа е факт што мора да го прифатите.rn

    Вага

    rnЌе бидете принудени да престанете да живеете во лага. Ќе им го откриете вашето вистинско јас на луѓето околу вас и ќе биде магично.rnrnИако нема да го добиете одговорот што го сакате, начинот на кој завршуваат работите е цел што некое време сте сакале да ја постигнете. Верувајте во себе.rn

    Скорпија

    rnВам ќе ви биде потешко од кој било друг хороскопски знак. Треба да научите да си простувате и да ги исфрлите негативните емоции. Не можете да го промените минатото и не можете да ја контролирате иднината.rnrnЌе се случи сè што треба да се случи и тоа не значи дека сте направиле нешто погрешно. Сè што се случува, се случува со причина, потсетувајте се на тоа секој ден.rn

    Стрелец

    rnОва ќе биде време на заборав за вас. Ќе поминете многу време обидувајќи се да продолжите понатаму и обидувајќи се да го преболите минатото.rnrnИ покрај тоа што мислите дека веќе сте го оставиле минатото зад себе, никого не можете да залажувате. Имате уште малку работа пред да бидете таму каде што треба да бидете.rn

    Јарец

    rnВреме е да се фокусирате. Тоа може да биде добро или лошо, во зависност од тоа на што ќе изберете да се фокусирате.rnrnНаправете сè што е во ваша моќ за да ги поправите финансиите. Во моментов сте во рутина од која треба да излезете.rn

    Водолија

    rnВашето срце може да биде повредено многу повеќе отколку што можете да замислите. Треба да одите напред и да работите на границите, во спротивно ќе се соочите со многу полоши последици.rnrnПрестанете да им дозволувате на луѓето да ве газат. Само затоа што сакате некого не значи дека треба да ѝ дозволите таа личност да се однесува лошо со вас.rn

    Риби

    rnОвој период ќе ви даде многу храброст. Дозволете ѝ на вашата интуиција да ве води до местото каде што треба да бидете.rnrnНе заборавајте дека сте креативна личност и можете да направите големи работи. Но, предизвиците што ве очекуваат ќе бидат тешки за надминување. Треба да работите на позитивен говор упатен кон себе.rnrnПрочитајте што ќе му даде сила на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година.

  • Која слика прва ви го привлече вниманието? Таа укажува на што треба да се фокусирате

    Која слика прва ви го привлече вниманието? Таа укажува на што треба да се фокусирате

    Погледнете ги овие слики и одберете ја онаа што најмногу ве привлекува. Сликата што ја одбравте открива на што треба да се фокусирате.rnrnКоја слика прва ви го привлече вниманието? Таа укажува на што треба да се фокусиратеrn

    1. Отпуштање

    rnОваа слика ја претставува потребата да се преселите во сосема нова фаза, но пред тоа е потребно да умре сè што е старо и што веќе не ви треба.rnrnТоа може да биде долг и болен процес за вас, но запомнете дека новото не може да дојде сè додека не умрат сите стари работи што ве спречуваат во создавањето нови потези во вашиот живот.rnrnКолку побрзо ќе му се препуштите на тоа и свесно ќе прифатите дека тоа е дел од животот, толку побрзо ќе започнете со нешто ново и позитивно.rn

    2. Соочување

    rnОваа слика претставува сè што е внатрешно, скриено и темно во вас. Може да укажува на самозалажување, илузии и конфузија во животот.rnrnВреме е да се справите со вашата внатрешност, со вашето рането емоционално поле и со вашите стравови.rnВо моментов не сте во поволна фаза од животот.rnrnКога сè е тешко и кога сè боли, едноставно нема смисла да бегате од себе.rnrnВажно е да работите на себе. Не е пријатно да се справувате со сопствените демони, но сега сте во таа фаза и важно е да се справите со тоа.rnrnОва е важен циклус на чистење и немојте да ја игнорирате оваа порака. Сè што треба да направите е храбро да се соочите со темната страна на вашата личност.rn

    3. Движење

    rnОваа слика претставува патување, движење и фокус. Вие сте во фаза на движење кон вашата цел.rnrnВажно е да ги зачувате волјата и одлучноста за да ги остварите вашите планови.rnrnДисциплината е вашиот единствен клуч.rnrnПодготвени сте за големи промени и за позитивни новини во вашиот живот.rnrnНе предавајте се – целта е поблиску отколку што мислите!rnrn[message_box title=”Изберете слика и откријте кој е вашиот најголем страв” color=”yellow”]Тест: Изберете слика и откријте кој е вашиот најголем страв[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • На што треба да се фокусира секој хороскопски знак во текот на јуни?

    На што треба да се фокусира секој хороскопски знак во текот на јуни?

    Ако се чувствувате изгубено и не знаете што да правите во оваа неизвесна ситуација, астрологијата ќе ви открие на што треба да се фокусирате во текот на следниот месец.rnrnНа што треба да се фокусира секој хороскопски знак во текот на јуни?rn

    Овен

    rnФокусирајте се на дишењето и обидете се да не се изложувате премногу на стрес.rn

    Бик

    rnФокусирајте се на благословот што го имате и бидете благодарни за сите убави работи што ги имате во вашиот живот.rn

    Близнаци

    rnФокусирајте се на задравувањето. Не можете да се движите напред сè додека не го оставите своето минато зад себе.rn

    Рак

    rnФокусирајте се на среќата. Престанете да се обидувате да ги задоволувате другите и откријте што предизвикува насмевка на вашето лице.rn

    Лав

    rnФокусирајте се на вашите предности и не им обрнувајте внимание на негативните работи.rn

    Девица

    rnФокусирајте се на иднината. Одвојте време за да размислите што е она што навистина го сакате и што ќе ве натера да се чувствувате исполнето.rn

    Вага

    rnВие треба да се фокусирате на вашето тело. Негувајте го и однесувајте се кон него со почит.rn

    Скорпија

    rnФокусирајте се вашата кариера. Поставете краткорочни и долгорочни цели и придржувајте се до нив колку што е можно повеќе.rn

    Стрелец

    rnФокусирајте се на себе. Постојано се грижите за другите и понекогаш заборавате на себе.rn

    Јарец

    rnФокусирајте се на вашиот развој. Наместо да се споредувате со другите луѓе, споредете се со она што бевте вчера.rn

    Водолија

    rnФокусирајте се на луѓето што ги сметате за семејство. Не губете ја поврзаноста со нив. Останете во контакт.rn

    Риби

    rnФокусирајте се на вашите соништа. Престанете да кажувате дека се невозможни и потрудете се да ги направите реалност.rnrnПрочитајте за што треба секој хороскопски знак да почне да вложува повеќе труд.

  • На што треба да се фокусирате во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?

    На што треба да се фокусирате во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?

    Секој треба да си поставува цели во текот на годината, но понекогаш не успеваме во ова. Иако би требало да биде лесно да откриеме што понатаму, всушност ова е навистина комплицирано. Доколку ви е потребна насока за оваа година, погледнете на што треба да се фокусирате според вашиот хороскопски знак.rnrnНа што треба да се фокусирате во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rn2019-та е годината во која треба да престанете да се затворате. Престанете да го трошите целото ваше време на работа и изградете вистински врски. Се разбира кариерата е важна, но ако се фокусирате само на неа ќе заборавите кои сте и што сакате да бидете. Вие сте многу повеќе од парите на вашата сметка.rn

    Бик

    rnОваа година конечно ќе научите како да преземете контрола над вашиот живот. Предолго сте им дозволувале на другите околу вас да ве водат онаму каде што тие мислат дека треба да бидете. Вашата цел е да ја вратите контролата во ваши раце. Ова е ваш живот и само вие можете да одберете како ќе го живеете.rn

    Близнаци

    rnВо 2019-та година ќе созреете. Со текот на времето ќе чувствувате конфликти и обидите да направите промена ќе бидат единственото нешто што ќе ве одвои од другите. Немојте да останете во кутијата во којашто ве ставил светот. Ослободете се и дозволете си да заблескате.rn

    Рак

    rnОваа година ќе ви биде тешка, но треба да довршите некои работи. Време е да им ставите крај на врските со луѓето коишто ве користат. Важно е да престанете да го одложувате ова. Во вашиот живот има многу луѓе кои не заслужуваат да бидат таму. Престанете да ги барате нивните добри страни и направете го она што знаете дека е потребно.rn

    Лав

    rn2019-та година ќе ви биде бавна и ќе се чувствувате навистина изгубено. Во текот на оваа година треба да го започнете духовното трагање. Веројатно ви здодеало да го слушате ова, но испуштате нешто навистина важно. Престанете да го правите ова и дозволете си да се помирите со сè што сте криеле.rn

    Девица

    rnВо 2019-та година ќе почнете да се прашувате за многу работи. Престанете да се опседнувате со луѓето од вашето минато и оставете ги зад вас. Запознајте нови пријатели и забавувајте се. Почнете да го градите животот што вреди да го живеете. Колку повеќе го правите ова, толку посреќни ќе бидете. Прифатете го тоа.rn

    Вага

    rnОваа година ќе ве натера да престанете да живеете во лага. На луѓето околу вас ќе им го покажете вашето вистинско лице, а тоа ќе биде неверојатно. Иако нема да го добиете одговорот што сте го посакувале, начинот на којшто ќе се одвиваат работите е цел која сте ја посакувале долго време. Верувајте во себе.rn

    Скорпија

    rnВие можеби ќе ја имате најтешката година од сите хороскопски знаци. Во текот на 2019-та година мора да научите да си простувате и да се ослободите од негативните емоции. Не можете да го промените минатото и не можете да ја контролирате иднината. Она што треба да се случи ќе се случи, а тоа не значи дека сте направиле нешто лошо. Сè се случува со причина – повторувајте си го ова секој ден.rn

    Стрелец

    rn2019-та ќе биде година на заборавање. Ќе поминете многу време обидувајќи се да продолжите понатаму и обидувајќи се да го преболите минатото. Иако мислите дека сте се ослободиле, не залажувате никого. Имате уште малку работа пред да стигнете онаму каде што треба да бидете.rn

    Јарец

    rn2019-та година ќе ви донесе поголем фокус во животот. Иако ова е добро има и лоша страна, во зависност од тоа кон што ќе се насочите. Направете сè во ваша моќ за добро да го искористите ова и за да ги решите финансиските проблеми. Моментално сте во дупка од која морате да излезете.rn

    Водолија

    rn2019-та година ќе го скрши вашето срце многу повеќе отколку што можете да замислите. Морате да се движите напред и да си поставите граници, во спротивно последиците ќе бидат многу лоши. Престанете да им дозволувате на другите да ве газат. Само затоа што сакате некого не значи дека може да ве третира без почит.rn

    Риби

    rnОваа година ќе имате многу храброст. Нека вашата интуиција ве одведе онаму каде што треба да бидете. Не заборавајте дека сте неверојатен креатор и дека ќе направите големи нешта. Годинава можно е да ве очекуваат и навистина тешки предизвици. Би требало да работите на позитивното размислување.rnrnДознајте и како ќе ви се промени љубовниот живот според вашиот хороскопски знак.