КАФЕ ПАУЗА

Tag: фокус

  • Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

    Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

    Лајтро е првиот кориснички фотоапарат со светлосно поле, кој ја фаќа целата достапна светлина, наместо само еден сноп. Тоа овозможува одредување на фокусот во фотографиите, откако ќе бидат сликани, па дури и повеќекратно рефокусирање.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаФаќајќи ја сцената, корисникот не е ограничен на моменталниот резултат кој го добил притоа. Напротив, за првпат досега, заедно со иницијалната фотографија се запишува уште цел сет со дополнителни податоци. Овие фотоапарати се карактеризираат со сензор за светлосно поле кој собира информации за боите, интензитетот, па дури и за правецот на секој зрак светлина кој доаѓа кон него, на тој начин фаќајќи ја сцената во 4 димензии. За да се процесираат овие дополнителни информации, апаратите Лајтро содржат енџин за светлосно поле кој оди заедно со секоја слика, така што подоцна секој може да манипулира со нив, и тоа на скоро секој уред, вклучително во веб прелистувач, на мобилен телефон, на таблет, без потреба од дополнителен софтвер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДизајнот на фотоапаратот се карактеризира со едноставност. Нема премногу непотребни модови и функции. Тој има само две копчиња, за вклучување/исклучување и за фотографирање. Затоа пак, има интуитивен стаклен екран осетлив на допир кој овозможува сликите да се прегледуваат и рефокусираат директно на апаратот.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаТехнологијата која ја користи Лајтро можеби е сложена, но начинот на работа овозможува едноставно користење од страна на секој, без разлика дали е професионалец или аматер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДоколку сакате да си набавите Лајтро фотоапарат, можете да си нарачате онлајн, а испораката ќе почне на почетокот на следната година. Постојат два модели, со 8 и со 16 ГБ, па зависно од ова и од бојата, цените се движат од 350 до 750 долари.

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

    12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

    Истражувањата укажуваат на 12 нешта кои среќните луѓе ги прават различно од другите за да го подигнат нивото на сопствената среќа. Ако почнете да ги практикувате овие нешта уште денес, ќе можете побрзо да ги почувствувате ефектите од повеќе среќа во вашиот живот.rn
    rn

    „Секогаш верував дека квалитетниот живот полн со уживање и мудрости е мое човеково право стекнато со раѓање и ќе ми биде автоматски доделено по некое време. Никогаш не се сомневав дека ќе морам да научам како да живеам, дека постојат специфични дисциплини и начини на гледање на светот кои ќе морам да ги усовршам пред да се разбудам во едноставен, среќен и некомплициран живот.“ – Ден Милмен

    rnБез разлика на каков животен пат се наоѓате, овие „среќни навики“ можете да ги примените во секое време.rnrn12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку1. Искажувајте благодарност – Кога го цените она што го имате, она што го имате добива поголема вредност. Па така, ако сте благодарни за добрите нешта кои веќе ви се случуваат во животот, ѝ давате подлабока смисла на среќата. Логично е, би ни било многу тешко да бидеме среќни ако не сме благодарни за она што веќе го имаме.rnrn2. Негувајте го оптимизмот – Луѓето кои се победници по природа имаат способност самите да создаваат оптимизам. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, ако сте успешна личност, ќе најдете начин да воведете оптимизам во неа. Оптимистите знаат дека неуспехот е само можност да се научи ново искуство во животот. Луѓето кои размислуваат оптимистички, го гледаат светот како место полно со можности.rnrn3. Избегнувајте споредби со други Споредувањето со други луѓе може да биде отровно за вас. Кога се споредуваме со луѓе на кои им оди полошо одошто нам, добиваме супериорно чувство кое го вади Канје Вест од дното на нашата внатрешност. Кога пак ни оди полошо одошто на некој друг, споредбата прави да го потценуваме трудот кој сме го вложиле и прогресот кој сме го имале. Во секој случај, споредбата со други луѓе скоро секогаш е нездрава работа, па ако веќе некогаш сакате да се споредувате, споредете се со постара верзија од себеси.rnrn4. Практикувајте акти на добрина – Кога правите добрина, во вашиот мозок се ослободува серотин (супстанца со огромни здравствени придобивки, меѓу кои и ефектот на блажено чувство). Несебичното помагање на другите е супермоќно оружје за раѓање на добри чувства. Ваквите акти се со двојна добивка бидејќи не само вие, туку и оние кои го гледаат тоа ќе се чувствуваат подобро. Набљудувачите ќе ослободуваат серотин само гледајќи што се случува. Па и работата на анти-депресивните лекарства се состои токму во тоа да ослободуваат повеќе серотин во мозокот.rnrn5. Негувајте ги социјалните врски – Најсреќните луѓе на светот се оние кои имаат длабоки, значајни врски со други луѓе. Дури и студиите покажуваат дека стапката на смртност е двојно поголема кај осамените луѓе. Има некое топло чувство кое не облева кога имаме активен круг од пријатели со кои можеме да ги споделува искуствата во животот. Така се чувствуваме како дел од нешто што има  подлабока смисла од нашето самостојно постоење.rnrn6. Развијте стратегија за совладување на работите – Како реагирате во моментите кога нешто неочекувано ќе ви ја уништи тековната активност? Ваквите реакции го обликуваат вашиот карактер, а лошите моменти секако се случуваат во сечиј живот. Затоа, добро е да имате спремни тактики за реагирање, кои ќе ги вадите од ракав во дадената ситуација.rnrn7. Научете да опростувате – Негувањето чувство на омраза е лошо по вашето здравје. Вашиот мозок не прави разлика помеѓу сегашните и минатите емоции. Кога мразите некого, вие постојано мислите на тоа, па овие негативни емоции го подјадуваат вашиот имун систем.rnrn8. Стремете се кон фокусирани активности – Постои состојба во која имате чувство дека времето мирува. Тоа се случува во оние моменти кога сте толку многу фокусирани што се соединувате со задачата на која работите. Активноста и свесноста се спојуваат. Не ви се јаде, не ви се спие, не сте емотивни. Само сте комплетно ангажирани во активноста која ја правите. Ништо не ви попречува, ниту ве одвлекува од вашиот фокус.rnrn9. Вкусете ја среќата во животот – Не можете да почувствувате длабока среќа доколку не го забавите темпото за да уживате во неа. Лесно е да заборавиме да уживаме во животните искуства бидејќи толку многу нешта ни се случуваат секојдневно. Но, ако не ги цениме нештата, ги заробуваме моментите на нивната магија. Наједноставните нешта во животот може да бидат највредни, само доколку не забораваме целосно да ги искусуваме.rnrn10. Посветете се на вашите цели – Ако се посветите на нешто со целото срце, ќе постигнете резултати со неописливо голема моќ. Посветувајќи се да направиме нешто по секоја цена, правиме да се случуваат магични нешта. Кога сте целосно посветени да постигнете нешто, немате друг избор освен да го постигнете тоа. Ако немате опција, не можете да се премислите, па потсвесно станувате посреќни бидејќи си ја знаете својата улога во остварувањето на целта.rnrn11. Практикувајте духовни работи – Кога практикуваме духовни работи, сфаќаме дека животот е поголем од нас. Се откажуваме од идејата дека сме најмоќните суштества кои постојат. Тоа ни овозможува да се поврземе со изворот на она од каде што сè е произлезено и да ја прифатиме поврзаноста со сè што постои.rnrn12. Грижете се за вашето тело – Грижата за сопственото тело е од клучно значење за да бидете најсреќната личност што можете да бидете. Ако не поседувате физичка енергија, тоа негативно ќе се одразува на вашата ментална енергија (фокусот), вашата емоционална енергија (чувствата) и на вашата духовна енергија (целта). Некои студии покажуваат дека клинички депресивните луѓе кои континуирано вежбале, го подигнале нивото на сопствената среќа, исто како што тоа го прават медикаментите. Згора на тоа, по 6 месеци, овие луѓе покажувале многу помали шанси повторно да ѝ подлегнат на болеста бидејќи имале зголемено задоволство од самостојното постигнување и чувство на поголема вредност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Денес можеме многу да си ја олесниме работата, ако ги користиме софтверските алатки кои ги имаме на располагање. Замислете си како имате онлајн презентација, им ги покажувате вашите идеи на колегите или подготвувате туторијал кој ќе се базира на слики. Нели би ви се нашло виртуелно моливче со кое ќе можете да цртате по екранот? Ние налетавме на алатка која го овозможува тоа, ни се најде, па ви ја предлагаме и вам. Се вика „Sketch It“.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnОва мало и бесплатно парче софтвер ќе ги направи вашите презентации поинтересни за публиката и ќе го задржи нивното внимание фокусирано на она што им го покажувате. Целата работа се сведува на неколку контроли од тастатурата и влечење со моливчето преку екранот. Sketch It е различен од другите софтвери од овој тип, бидејќи овозможува цртање преку прозорците од различните апликации кои се моментално отворени, односно не ја ограничува акцијата само во рамките на еден прозор.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnУште една одлична опција е што ви дозволува да го копирате или пренесете цртањето на друг монитор, па доколку се наоѓате пред поголема публика, присутните ќе се чудат како вашето глувче остава траги во боја врз екранот. Бојата секако можете да ја менувате, како и острината на моливчето. Останатото е на вашата креативност и способност за слободно движење на раката, онака како што тоа го замислувате во вашата глава.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itАлатката работи во позадина и додека работите нема да ви пречи нејзиниот прозорец. Доколку сакате да смените некоја опција, само повикајте го менито со магичните „зборови“: Ctrl + Shift + Z.

  • 5 начини да си ја подобрите концентрацијата

    5 начини да си ја подобрите концентрацијата

    Една од најважните работи кои треба да ги научиме за да ја задржиме концентрацијата е дека не постои замена за она што претставува обрнувањето внимание. Можеби сите едногласно ќе се согласиме со ова, но проблемот е во тоа како да си ја подобриме способноста за фокусирање и одржување на вниманието, без разлика на средината и условите.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПетте совети од Сем Хорн, авторка на книгата „POP! Stand Out in Any Crowd“ ќе ви помогнат подобро да се концентрирате, без разлика дали работите во канцеларија каде постојано нешто се случува, учите во училиште, седите на состанок или се обидувате да завршите некаков проект.rn
    rn

    1. Правилото +5

    rnСекогаш кога ќе се најдете во сред работа и се почувствувате како да сакате да се откажете, едноставно направте +5. Прочитајте +5 страници, решете уште 5 задачи, вежбајте уште 5 минути. Исто како што атлетичарите ја градат својата физичка издржливост додека не се исцрпат, така вие можете да ја изградите вашата ментална издржливост додека не дојдете до степен на фрустрација.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПродолжувајќи со концентрацијата кога вашиот мозок е изморен е клуч за проширување на опсегот на вниманието и градење на ментална истрајност.rn
    rn

    2. 1 мисла во 1 момент

    rnСемјуел Голдвин рекол: „Ако изгледам збунето, значи размислувам“. Се чувствувате расеано? – Понудете му договор на вашиот мозок кој тој нема да може да го одбие. Да, мозокот прима спогодби. Наместо да му кажете да не се грижи за други, помалку важни работи (што ќе го натера мозокот да мисли на сè што не треба), дадете му една задача со параметри за почеток и крај.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНа пример: во следните 30 минути, од 13 до 13.30 целосно ќе се посветам на мојата презентација, за да можам добро да се покажам со овој предлог пред нашите ВИП клиенти.rnrnАко сè уште не можете да ги отстраните сите грижи од главата, запишете ги на вашата to-do листа и ослободени сте. Забележувањето на обврските кои ве загрижуваат ќе ви овозможи да не го користите мозокот како табла со задачи, па така ќе можете да се фокусирате на вашиот најголем приоритет.rn
    rn

    3. Совладајте го одложувањето со 3 прашања

    rnНе се чувствувате концентрирано? Дали ги одложувате вашите задачи или проекти на кои би требало да работите? Р.Д. Клајд рекол: Зачудувачки е колку време ни треба да завршиме нешто на кое не работиме“.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаСледниот пат кога ќе сакате да одложите некое ваше задолжение, прашајте се:rn

      rn011

    • Дали мора да го правам ова?
    • rn011

    • Дали сакам да го тргнам од глава?
    • rn011

    • Ќе биде ли полесно подоцна?
    • rn

    rnОвие 3 прашања ќе ви дадат мотивација да се ангажирате ментално бидејќи трите факти ќе ве соочат со вистината дека задачата нема сама да исчезне и одложувањето само ќе ви ја зголеми грижата на совест и ќе направи оваа тешка задача да зема уште повеќе од вашето време и мисли.rn
    rn

    4. Вашите раце како објективи

    rn

    Замислете си го умот како фотоапарат, а вашите очи како негова леќа. Во најчест случај, нашите очи апсорбираат сè, а нашиот мозок има широко-аголен фокус. Можеме да размислуваме за многу работи истовремено, па дури и да функционираме прилично ефикасно на овој начин (на пр. често додека возиме, правиме неколку работи истовремено: ги следиме знаците, зборуваме со совозачот, бараме радиостаница итн.)5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНо, што ако треба да се подготвите за тестирање, за важна презентација или состанок и едноставно ви е потребна 100% концентрација? Поставете ги вашите дланки преку очите импровизирајќи телескоп и гледајте низ тунелот само во вашата книга, презентација или белешки за претстојниот состанок. На овој начин, она што е далеку од очите останува и далеку од умот.

    rnУште подобра техника би било да го применувате Павловиот експеримент и секогаш кога ќе треба да се концентрирате само покријте ги очите и сменете го фокусот од широко-аголен во телефото. На тој начин, ќе ја истренирате концентрацијата и ќе научите како самите да ја испровоцирате.rn
    rn

    5. Гледајте како да е прв и последен пат

    rnКако да бидете присутни тука и сега, наместо да се расфрлате на сè и сешто?5 начини да си ја подобрите концентрацијатаКога вашиот ум ќе одлета некаде далеку, погледнете околу себе и видете што ве опкружува. Проучете го цветот во вазната, набљудувајте ја сликата на ѕидот. Погледнете ги вашите најважни луѓе во животот кои често ги сфаќате здраво за готово. Вака ќе ги оживувате разните ситуации во вашиот ум и повеќе ќе ги цените работите кои се непосредно пред вас.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 4 чекори за ослободување од стрес

    4 чекори за ослободување од стрес

    Го живееме животот, секогаш со умот на друго место. Брзаме да стигнеме на работа. Кога ќе стигнеме, правиме to-do листи за сѐ што треба да завршиме дома. Кога веќе ќе стигнеме дома, најчесто сме преизморени за да ги завршиме нашите домашни обврски. И така, ни се слизнал низ прсти големиот проект на работа кој требало да биде одлучувачки за нашата кариера. Навиката секогаш да гледаме еден чекор напред, прераснува во циклус од грижи и стресови кои не спречуваат да го цениме единственото нешто врз кое може да имаме контрола – сегашноста.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnФокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.rn

    1. Ден по ден

    rnЧесто дозволуваме еден или неколку проблеми да ни го преплават целиот ум и да ни го контролираат животот. По некое време стануваме заглавени со нашите грижи. Решението е во живеење ден по ден. Секој може да преживее еден ден. Ако преземеме работа за повеќе, кога-тогаш ќе наидеме на проблем.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnОбидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.rn

    2. Фокусирајте се на она што функционира

    rnВашите мисли се моќни. На што и да се фокусирате, таквите мисли ќе имаат тенденција да се засилуваат. Ако размислувате на проблемите, тие ќе стануваат поголеми и поголеми. Спротивно, ако фокусот ви е на позитивните нешта, од секаде ќе наидувате на благослов. Вашиот живот можеби нема да се смени, но ќе се смени начинот на кој вие гледате на него и со тоа, начинот на кој го доживувате. Исто така, претскажувањето на она што ќе се оствари има позитивно влијание.rnrnХелен Килер вели:rn
    rn

    „Свртете го лицето кон сонцето и нема да ја гледате сенката.“

    rn4 чекори за ослободување од стресrnrnВо нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.rn

    3. Покажувајте благодарност

    rnЕдноставен начин да се фокусирате на позитивните работи е да направите листа на сѐ за што сте благодарни. Додека сте на работа, запишувајте на компјутер. Точките што ќе ги запишувате не треба да се некои широки елаборации. Едноставно, доколку си одвоите време да ги евидентирате сите работи кои ви одат добро, ќе сфатите колку сте среќни и вашите грижи полека ќе избледнат.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnИако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.rn

    4. Не верувајте во митот „тревата е позелена…“

    rnЈа знаете изреката „Тревата е секогаш позелена на другата страна“. Но, ние појдовме и видовме дека не е така. Така само изгледа оддалеку. Овој мит не спречува да согледаме колку добро сме поминале со работите што сме ги направиле. Наместо тоа, го поминуваме времето посакувајќи нешто подобро.rnrnПознато е дека во животот многу пати посакуваме да бидеме во некоја ситуација, што кога ќе се случи, веќе не ни изгледа толку привлечно. Можеби мислите дека животот ќе ви тргне кога ќе стапите во брак или кога ќе бидете унапредени или кога ќе родите дете. Иако овие цели не се за потценување, тоа не значи дека треба да дозволите да ве потиснуваат во согледувањето на она што се случува тука и сега.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnСтеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.