Дефинитивно нема место во домот што содржи повеќе мрснотии од филтерот од кујнскиот аспиратор. Покрај вентилацијата на просторот и вшмукување на непријатните мириси, кујнскиот аспиратор неизбежно собира голема количина мрсни честички затоа што се наоѓа во непосредна близина на шпоретот.rnrn
rnrnПотребно е да го чистите филтерот често и темелно за вашиот аспиратор да трае подолго. Но, не е лесна работа ниту отстранувањето на филтерот, ниту чистењето на тврдокорните дамки.rnrnАко често го миете филтерот од кујнскиот аспиратор, тогаш можеби сте се нашле во ситуација да можете да го ставите во машина за миење садови и да го измиете како останатите садови, под услов неговата големина да одговара на вашата машина за миење садови и да нема премногу мрснотии на себе.rnrnАко го испробавте овој едноставен трик и сепак не успеавте да го исчистите филтерот, време е да пробате нешто уште поедноставно. Одете во првата продавница каде што има производи за заштита и нега на автомобили и купете одмрснувач за автомобили на база на вода. Кога ќе се вратите дома, наполнете ја кадата со топла вода или некој поголем сад што е доволно голем за да го собере целиот филтер и ставете го одмрснувачот внатре, а потоа натопете го филтерот и оставете го неколку минути. На крајот, само исплакнете со чиста вода и уверете се во ефикасноста на овој трик.rnrnПогледнете ги овие 4 врвни начини за чистење на мрснотиите од решетката од рерната.
Tag: филтер
-

Како да го исчистите филтерот од кујнскиот аспиратор?
-

Одличен трик како да го исчистите филтерот од машината за перење
Алис Констејбл од Америка го сподели на Фејсбук начинот на кој најефикасно ја чисти машината за перење. Овој трик е особено корисен за да спречите протекување вода од филтерот до подот.rnrn
rn„Ако сакате да го исчистите филтерот од машината за перење, мојот совет е да ставите крпа или пелена под филтерот. Пелената ќе ја апсорбира целата вода што истекува од филтерот и потоа можете веднаш да ја фрлите во ѓубре“, напишала Алис на социјалните мрежи.
rnСе препорачува да се чисти филтерот на секои три до четири месеци за да не се затне.rnrnНејзината идеја им се допадна на многумина и рекоа дека ќе ја испробаат, а имаше и такви кои подолго време користеле пелени за да ги избришат истурените течности. Една жена додаде дека ги користи пелените кога ќе се истури нешто на тепихот.rnrnПогледнете го овој трик што го споделила една мајка која го спасила кадифениот тросед откако нејзиното дете го „украсило“ со траен маркер.
-

Евтино и лесно: Како да направите апарат за филтрирање вода во само 3 чекори?
Апаратот за филтрирање на водата добро би дошол во вашиот дом, но неговата цена може да ви ја уништи идејата за негово купување. Решението сепак постои, бидејќи водата за пиење можете да ја прочистите и користејќи апарат за филтрирање кој лесно ќе го направите и сами. Во продолжение погледнете како.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Пластично шише со потесен горен дел
- Нож
- Шило
- Памук
- 20 капсули активен јаглен
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на изработка:
rn1. Со помош на ножот исечете го дното на пластичното шише по ширина.rnrn2. На капачето издупчете колку што можете повеќе мали дупчиња, а потоа вратете го на шишето.rnrn3. Парчињата памук напикајте ги во потесниот горен дел од шишето. Земете 10 капсули активен јаглен и издробете ги во прав, а потоа ставете ги во шишето. Издробете ги и преостанатите 10 капсули и нив ставете ги во шишето. Ставете уште памук во грлото на шишето и добро притиснете го.rnrn
rnrnФилтерот е подготвен за употреба, а користете го така што ќе налевате вода во него која прочистена потоа ќе тече во чист сад поставен под шишето.rnrnАктивниот јаглен често се користи во медицината и е познат по своето својство за впивање на органските и неоргански отрови, боја, микроорганизми и токсини, па така ги задржува и штетните состојки од водата за пиење која на тој начин станува поздрава.rnrnВо следното видео погледнете ја деталната постапка за изработка на апаратот за филтрирање на водата од пластично шише.rnrnrnrnБидете паметни и економични, односно погледнете неколку начини како да заштедите вода. -

Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?
Кога станува збор за социјалните мрежи, она што е најпопуларно и за кое најмногу се зборува се фотографиите. А, кога веќе сме на тема фотографии, тогаш не можеме да го изоставиме Инстаграм. Бидејќи 2016 веќе ја оставивме зад себе, време е да видиме кои филтри беа најпопуларни и најмногу користени на оваа социјална мрежа.rn
1. Clarendon
rn
rnrnМногу често се заборува за светлината и нејзината важност во моментот кога се создава фотографијата, бидејќи таа треба да биде добра, доколку сакате она што го фотографирате да изгледа квалитетно и да биде убаво на изглед. Овој филтер овозможува поголема осветленост на фотографијата, но и нагласување на самите предмети кои се наоѓаат на неа.rn2. Gingham
rn
rnrnОвој филтер беше еден од најмногу користените за оваа година. Тој овозможува сива нијанса, но сето тоа зависи од самата природа на фотографијата, бидејќи понекогаш ја нагласува и во некои жолти тонови. Без разлика за кој од тие два тона се работи, сепак ја истакнува „мрачната страна“ на самата фотографија.rn3. Juno
rn
rnrnОвој филтер е одличен кога ќе посакате да ја нагласите светлината на вашата фотографија, но и да ѝ додадете портокалов, црвен и жолт отсјај. Токму тоа е и предноста поради која овој филтер се најде на листата со 5-те најупотребувани филтри за обработка на фотографиите на социјалните мрежи.rn4. Lark
rn
rnrnУште еден филтер кој ја нагласува фотографијата низ потемни тонови е овој филтер, кој се наоѓа на четвртото место на листата од најмногу користени Инстаграм филтри за 2016-та година.rn5. Moon
rn
rnrnПоследниот, но не и помалку важен, е месечевиот филтерот кој е петтиот по ред од најмногу користените и првиот кога се во прашање црно-белите фотографии. Доколку сакате фотографии од овој тип, тогаш со сигурност сте го искористиле повеќепати. -

Поучна приказна: 3 филтри за чисти зборови
Во древна Грција, Сократ (469-399) бил многу познат по својата мудрост. Еден ден го посетил познаник кој бил многу вознемирен…rnrn
rnrn„Сократ, знаеш ли што дознав за Диоген?“rnrn„Само момент“, одговорил Сократ. „Пред да ми кажеш што си чул, прво ќе направиме еден мал тест кој се вика Троен филтер тест.“rnrn„Троен филтер?“rnrn„Точно. Пред да ми кажеш за Диоген, прво ќе ги поминеме твоите зборови низ филтри. Ајде да почнеме. Првиот филтер е вистината. Дали си апсолутно сигурен дека она што имаш намера да ми го кажеш е вистинито?“rnrn„Не, јас само слушнав за тоа.“rnrn„Добро, значи не знаеме дали е вистина или не. Ајде да се обидеме со вториот филтер, оној за добрината. Дали имаше намера да ми кажеш нешто добро за Диоген?“rnrn„Не, баш напротив…“rnrn„Значи сакаш да ми кажеш за Диоген нешто што можеби е лошо, а не си ни сигурен дека е вистина?rnrnЧовекот ги подигнал рамената, малку збунет. Сократ продолжил:rnrn„Веста сè уште може да помине, па ајде да преминеме на третиот и последен филтер – корисноста. Дали она што сакаш да ми го кажеш за Диоген може да биде корисно за мене?“rnrn„Не, мислам дека нема.“rnrn„Па“, заклучил Сократ. „Ако она што сакаш да ми го кажеш не е вистина, ниту пак добро ни корисно, зошто би сакал да го пренесеш на кој било друг?rnrnЧовекот останал збунет и посрамотен. -

20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот
Понекогаш навистина не е едноставно да се нема филтер и да се каже сè она што ви паѓа на памет, но вистинските луѓе знаат како да ја ценат оваа ваша карактеристика. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве 20 нешта кои можат да ги разберат само оние девојки кои се без влакна на јазикот…rnrn
rn1. Луѓето пред сè ве познаваат по вашиот јазик
rnВие не сте сигурни дали ова е добро или лошо, но верувате дека сигурно е подобро од пасивно-агресивното однесување.rn
2. Кога луѓето сакаат да ја слушнат најискрената вистина, веднаш се упатуваат кај вас
rnВие сте првиот избор кога станува збор за студената и сурова вистина. Ова всушност е неверојатен комплимент бидејќи постојат премногу луѓе кои не можат да ја разликуваат вистината од лагата.rn
3. Вие откривате премногу, пребрзо
rnИ покрај тоа што луѓето можеби веруваат во спротивното, вие сакате тие да знаат повеќе за вас отколку помалку. Времето е бесценето, па зошто би го трошеле на луѓе кои не ве ценат целосно?rn
4. Знаете кои се вашите вистински пријатели
rnКој друг би го толерирал вашето постојано необично и по малку напорно однесување? Па, вашите вистински пријатели секако.rn
5. Вашето мото е „сè или ништо“
rnНе постои златна средина кога станува збор за она што го размислувате и она што го кажувате. Вие го живеете животот во екстреми и не сакате да се промените, дури ни кога правите вашите пријатели да се чувствуваат непријатно.rnrn
rn6. Не верувате во кажување лаги
rnКој има време да кажува лаги и потоа постојано да се обидува да не ги заборави? Токму затоа вие сте секогаш директни и искрени.rn
7. Станувате авторитет во секоја ситуација
rnПоради некоја причина вашите вештини за говорење ве претвораат во лидер каде и да одите.rn
8. Од вас истовремено се плашат, но и ве сакаат
rnНакратко, вие можете да направите сè што сакате и повторно да го добиете тоа што ви е потребно без притоа да налутите никого.rn
9. Не разбирате какво е чувството да се премолчи нешто
rnВам едноставно навистина не ви е јасно како можат луѓето во одредени ситуации да се воздржат и да не го кажат тоа што им паднало на памет.rn
10. Луѓето се плашат да западнат во непријатни ситуации кога сте вие во нивна близина
rnБидејќи вие никогаш нема да дозволите да се заборави тоа.rnrn
rn11. Вие сте личност од доверба, која е многу отворена за себе
rnДури и покрај тоа што немате филтер и ретко кога можете да премолчите нешто поврзано со вас, вие немате проблем при чувањето на тајните на вашите пријатели, па токму затоа и тие ви се доверуваат.rn
12. Успевате да се справите со непријатните ситуации на сите околу вас
rnВие сте буквално гласот на разумот. Доколку некој доживее непријатна ситуација, вие секогаш сте тука да ја преземете одговорноста и да ја „спасите“ оваа личност.rn
13. Понекогаш вашата страст е помешана со суровост
rnВо денешно време многу е лесно да се навреди некој, па токму затоа вие често се наоѓате во такви ситуации.rn
14. Ги вадите на виделина екстремите на сите околу вас
rnВие сте онаа пријателка покрај која сите прават луди глупости. Поради некоја причина, вие сте оние кои ја подобруваат самодовербата на другите.rn
15. Единствените филтри кои ги користите се на вашиот Инстаграм профил
rnНо, дури и тогаш користите хаштаг „без филтер“!rnrn
rn16. Вашите пријатели не мора да размислуваат два пати пред да кажат нешто пред вас
rnНишто што другите можат да го кажат не може да ве изненади. Вие сте ги слушнале дури и најлошите нешта и дефинитивно сте ги кажале, па токму затоа и сте рамнодушни на таа тема.rn
17. Вие го имате последниот збор за партнерите на вашите пријателки
rnДоколку вашите пријателки сакаат искрено размслување за момчето со кое се состануваат, тие ќе ве прашаат за вашето мислење и со сигурност ќе го послушаат вашиот совет.rn
18. Вие сте секогаш таа која порачува пијачки во бар
rnКој друг е подобро опремен да се истурка низ гужвата и да го привлече вниманието на шанкерот?rn
19. Вие доаѓате со упатство за употреба
rnПред вашите пријатели да ве запознаат со нова личност, тие прво мора да го/ја предупредат за вашата голема уста со цел да не го/ја изненадите.rn
20. Вие не се согласувате добро со авторитетите
rnОва е еден од вашите најголеми проблеми со кој се соочувате дури од основно училиште кога постојано ве бркале од час и ве праќале кај директорката за несоодветно однесување во училиштето.
-

Корисни примени на филтерот за кафе
За што друго може да се искористи филтерот за кафе? Ќе се изненадите кога ќе видите дека покрај примарната улога, има и уште многу други практични примени. Па, доколку не знаете што да правите со неискористениот филтер за кафе, прочитајте ги следните интересни предлози.rnrn
rnrnСад за еднократна употреба
rnrnЕден од најдобрите начини да се искористи филтерот за кафе е како хартиен сад за еднократна употреба. Тој е одличен за сервирање јаткасти плодови, пуканки или бонбони, кога немате или пак кога не сакате да користите чинии.rnrn
Впивање на маснотиите
rnrnПокрај тоа што филтерот за кафе се користи за впивање на вишокот маснотии од лицето, може да се користи и за впивање на маснотиите при готвењето. Филтрите за кафе се особено добри за впивање на маснотии од пица, парчиња пржена сланина, помфрит или друга пржена храна. Исто така, со филтерот за кафе може да ја покриете чинијата кога нешто загревате во микробранова, со што би се спречило прскање.rnrn
Креативни проекти
rnrnДоколку имате креативен дух, тогаш филтерот за кафе може да го искористите и за такви проекти. Со нив може да направите ќесички за чај, освежувачи за воздух или миризливи торбички. За да направите ќесичка за чај, во филтерот за кафе ставете листови од чај, сода бикарбона и само заврзете го. Ќесичката за чај е готова.rnrn
rnrnЧистење
rnrnФилтерот за кафе е одличен за чистење на прозори, стакло, компјутерски и телевизиски екрани. Исто така, може да се користи и за чистење на кожни чевли, но со претходно нанесено соодветно средство.rnrn
Градинарство
rnrnФилтерот за кафе може да го поставите на дното на саксиите за цвеќе. Така, земјата нема да излегува од дупките на саксијата, а сѐ уште ќе има доволен доток на вода. Исто така, може да го употребите и за расцветување на семе. Навлажнетото семе ставете го во навлажнетиот филтер и свиткајте го. Потоа, ставете го во ќеса и оставете го сѐ додека семето не расцвета.rnrn
Третмани за убавина
rnrnДоколку си правите домашен третман за нокти и ви се случи да снемате памук, не грижете се. Земете филтер за кафе, на него ставете ацетон и исчистете го лакот од ноктите. Исто така, филтерот за кафе е совршен како лента за депилација во домашни услови. Интересно, зар не?rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да бидете опкружени со личности кои позитивно влијаат на вас?
„Бидете опкружени со луѓе кои ве прават среќни. Луѓе кои ве засмејуваат и ви помагаат кога имате потреба. Луѓе кои навистина се грижат. Тие се оние кои вреди да ги зачувате во животот. Сите останати се само на минување“. – Карл Маркс
rn
Луѓето со кои сме опкружени влијаат на нас и повеќе отколку што мислиме. Нивните сфаќања и ставови за животот, нивните размислувања и перспективи, нивното расположение и енергијата која ја пренесуваат, влијаат на нашата среќа, но и на нашата целокупна благосостојба. Луѓето околу нас може да нè мотивираат, да нè поттикнат да создадеме повеќе, да нè насочат кон вистинскиот пат, или да го направат токму спротивното. Затоа е многу важно како ги одбирате луѓето со кои сте опкружени.
rn

rnrn
„Пролетно чистење“
rnКога одвојувате време да го средите својот плакар, сфаќате дека дел од облеката која ја поседувате веќе не ве собира, не ви стои добро или излегла од мода. Како што не е логично да задржувате облека која веќе не е во употреба, не треба во вашиот живот да ги задржите ни оние личности во чие друштво не се чувствувате пријатно или кои на каков било начин ве онерасположуваат и покрај тоа што некогаш ви биле добро друштво. За да направите место во вашиот живот за позитивни личности кои ќе донесат промена кон подобро, треба да се ослободите од оние кои влијаат негативно на вас.rnrnВремињата се менуваат, сфаќањата на луѓето се менуваат, а и нашите потреби во животот не остануваат исти, затоа понекогаш е потребно да се тргнеме настрана од одредени личности. За пријателството, како и за многу други работи во животот, важи добро познатата вистина дека квалитетот е поважен од квантитетот. Не е битна бројката на блиски луѓе со кои сте речиси секојдневно опкружени, битен е квалитетот и нивното влијание врз вас.rn
Колку пати ви се случило да го задржите фустанот кој ви се смалил, мислејќи дека еден ден ќе ослабете и ќе го облечете повторно, но тоа не се случило? Не заборавајте, ако упорно се држите до старите алишта во кои веќе не се чувствувате удобно и самоуверено, ќе заборавите на оние кои придонесуваат да се чувствувате убаво и привлечно.
rn

rnrn
Креирајте филтер
rnОткако ќе се ослободите од негативните личности, време е да создадете еден замислен филтер. Какви биле сите оние луѓе од кои решивте да се ослободите? Дали правеле да се чувствувате дека не вредите доволно, дали штетно влијаеле на вашата самодоверба, дали влијаеле премногу депресивно на вас? Сега од искуство ќе знаете да ги детектирате таквите личности и да не им дозволите да влезат во вашиот круг на блиски личности.rnrnПовторно да се навратиме на метафората со плакарот. Веќе со години носите црвена боја за конечно да сфатите дека не ви стои добро. Од тоа искуство ќе знаете да одбегнувате црвени парчиња во иднина. Не мора да значи дека нешто не е во ред со црвената боја, едноставно вам не ви одговара.rn
Привлечете ги вистинските личности
rnЗа да привлечете околу себе позитивни луѓе кои позитивно ќе влијаат на вас, треба да бидете свои. Можеби е милион пати полесно да се рече отколку да се направи, но штом еднаш ја извежбате техниката, нема да бидете принудени постојано да се преправате дека сте нешто што не сте. Слушајте онаква музика каква што сакате, облекувајте се како што сакате, правете го она за што имате желба, кажете го она што навистина го мислите. Наскоро ќе забележите како луѓето кои се привлечени од вашата оригиналност се исто така свои и лесно ќе најдете заеднички јазик.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да подготвите еспресо во мока-ѓезве?
Автор: Александар НиневскиrnrnСите вистински љубители на кафе уживаат во аромата и вкусот на италијанското еспресо. Тоа е во основата на сите добри кафиња. Доколку сакате дома да приготвите еспресо, а не сакате да купувате скапа машина за еспресо, тогаш одговорот е во мока-ѓезвето.rnrn
rnrnМока ѓезвето доаѓа во различни големини, од најмалите во кои можете да направите само една шолја кафе, па сè до огромни кои можат да направат 18 шолји, доколку ви дојдат многу гости. Најмалите и најосновните модели чинат од 3 евра па нагоре што е многу евтино во споредба со професионална машина.rnrnМока-ѓезвето функционира на следниот начин. Во најдолниот дел се полни вода, потоа се става филтерот кој се полни со кафе. Над него со вртење се прицврстува горниот дел во кој се собира кафето. Потоа се става на обична рингла или на плинско и кога ќе зоврие водата, таа се претвора во пареа. При сипувањето во шолјата поминува преку филтерот низ кафето и истекува низ горниот дел во вид на вкусно и ароматично еспресо.rnrnНа следното видео детално е опишана постапката на правење еспресо со мока-ѓезве:rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кафе-позадина за вашиот десктоп #10
Чисто филтер кафе, елегантно послужено, придружено со есенско ливче… Сосема соодветно за сезонава и вистински избор за љубителите на филтер кафе, без додатоци.rn
Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Не сте љубители на филтер кафе? – Изберете некоја друга позадина со вашето омилено кафе.