Овој ексцентричен сет на симпатични минијатурни фигури е најновата креација на московската уметница Натасија Шулjак. Направени од волна, овие експресивни фигури се проткаени со волшебност и разиграност.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете ја оваа прекрасна уметност на ќесички чај.
Искористете ги сончевите есенски денови за да соберете костени во природата и да ги научите децата како да прават интересни фигури од нив. Набавете кибрит, лепак, лисја и други природни есенски реквизити, и нема шанси да ви биде здодевно.rnrnОставете ги вашите деца да бидат креативни и уживајте во забавата. Погледнете неколку предлози за симпатични фигури од костени кои ќе ве инспирираат.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете и како да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца.
Матео Стуки е слаткар од Монца, Италија, кој создава прекрасни светови користејќи само десерти и истите ги надополнува со интересни фигури.rn
„Изгледот на десертот е исто толку важен како и неговиот вкус“, вели Матео и ние би се согласиле со него.
rnНиз неговите десерти може да се сретнат мали градови, панорамско тркало и уште многу повеќе – неговата имагинација нема граници. Кај него до израз доаѓа неговото трпение, затоа што на секој дел посветува големо внимание. Но, неговите напори не остануваат незабележани. За само неколку месеци тој стигнал до околу 35.000 фанови и тој број постојано расте. Погледнете ја галеријата која ќе ви ги прикаже генијалните дела на овој неверојатен слаткар.rnrnrnrnrnrn
Доколку мислите дека облекувањето во различни костуми е скапо, тогаш време е да размислите повторно. Семба и нејзиното куче прават неверојатни костуми кои не чинат ниту еден денар. Имитирајќи различни карактери, не постои нешто што тие не може да го направат!rnrnrnrnПовеќето од нивните дизајни се базираат на анимирани и ликови од филмови. Кога Семба сака нејзиното куче да ја стави главата во внатрешноста на картонската фигура, таа едноставно извикува: „Оди си дома!“ и тоа ја послушува.rn
„Главниот лик е куче кое не се движи, а мојата уметничка вештина е на второ место“, објаснува Семба.
rnrnrnПогледнете ја галеријата и нивните прекрасни креации!rnrn
Жителите на Тексас биле изненадени кога играјќи ја омилената „Покемон гоу“, на местата означени за собирање на нивните виртуелни пријателчиња, наишле на вистински плетени фигури. Познатите ликови од овој цртан филм се сплетени од вештите раце на една мајка, која се претставува под псевдонимот „Плетачката Никол“. Таа се опишува себеси како „страстен играч на видео игри и самоука плетачка“.rnrnПрекрасни мали фигури ѕиркаат од тајните места и го чекаат среќниот пронаоѓачrnrnТокму оттаму, оваа жена можеби добила идеја општото „лудило“ познато како „Покемон гоу“ да го пренесе во една сосема нова димензија и да му вдахне еден креативен дух и енергија. Нејзините минијатурни плетени ликови се дел од проектот што таа го нарекува #CrochetGo. Доколку не живеете во Тексас не очајувајте, оваа вредна мајка ги изработува прекрасните фигури кои можат бесплатно да се добијат онлајн. Навистина прекрасна и инспиративна идеја.rnrn
Фустаните можат да направат секоја жена да се чувствува женствено и нежно и се идеални за летните периоди. Освен за носење, лесни се и за комбинирање, бидејќи не мора да се мачите со размислувањето која маичка да ја облечете со вашиот омилен пар фармерки. Но, пронаоѓањето на вистинскиот фустан кој совршено ја отсликува вашата фигура е малку потешко. Затоа, во продолжение прочитајте кои фустани одговараат на различните телесни форми и прават да изгледате одлично во секоја ситуација.rn
Форма на крушка: Фустани со полно здолниште
rnrnrnДве работи се важни кога имате форма на крушка: Да ги истакнете вашите најдобри делови и сѐ уште да се чувствувате пријатно и слободно. Доколку имате пошироки колкови, одлучете се за фустан со повеќе структура – здолништето нека почнува од струкот и нека се шири надолу.rn
Форма на јаболко: Фустани со фалти
rnrnrnДоколку имате форма на јаболко, тогаш избирајте фустани кои не се лепат на половината, но не се одлучувајте ниту за правите фустани кои наликуваат на вреќи. Идеално би било доколку пронајдете фустан кој има форма на труба за да дадете илузија на помал струк.rn
Форма на песочен часовник: Фустани кои ја оцртуваат фигурата
rnrnrnСилуетата е најдобриот пријател на жените кои имаат фигура на песочен часовник. Избирајте фустани кои го истакнуваат телото и кои се растегливи, но внимавајте да бидат и удобни. За уште повеќе да ја истакнете половината, доколку носите поспортски фустан, заврзете кошула или џемпер на струкот.rn
Помашка фигура: Фустани како кошули со колан
rnrnrnАко сакате да додадете облини на својата фигура, тогаш одлучете се за нешто што може да го дефинира вашиот струк. Совршениот избор би бил фустан кој е всушност подолга кошула и кој можете да го затегнете со каиш. Така ќе создадете илузија на фигура на песочен часовник и ќе ги покажете вашите тонирани, цврсти нозе.rn
Поситна фигура: Мини фустан
rnrnrnКлучот во истакнувањето на убавините на малата телесна фигура е да не ја претрупувате со материјали и ткаенини. Изберете фустан со пократка должина што ќе ја создаде илузијата на подолги нозе. Но, бидејќи е краток, немојте да изберете фустан кој е залепен на телото.rn
Повисока фигура: Миди фустани
rnrnrnЗа разлика од поситните жени, високите жени можат да избираат стилови со повеќе материјали и слоеви. Доколку можете, избегнувајте ги долгите фустани и држете се до средните должини. Така ќе ја истакнете и вашата половина и вашите долги нозе, а скратениот крој ќе спречи да се чувствувате превисоко.
Јапонскиот професионален артист кој користи Лего коцки за своите дела, по име Тари, ги примамува и привлекува погледите на многу корисници на популарните социјални мрежи како што се Твитер и Фликр со неговите интересни креации на храна. Тој исто така изработува и роботи и ликови од филмовите на „Војна на ѕвездите“, но храната е она што го прави Тари еден од ретките искусни професионални изработувачи на фигури со Лего коцки.rnrnrnrnПостојат само 40 експерти во оваа професија во светот и секој од нив е рачно избран од компанијата Лего. Избраниците започнуваат како помошници и постепено се искачуваат на работната скала – процес кој обично трае со години.rn
„Им велам на луѓето само да градат, градат и градат. Само продолжете да си играте со коцките. Немојте да правите куќа или вселенски брод. Направете го вашето домашно милениче. Семеен портрет. Одете чекор понатаму од она што луѓето обично го прават кога си играат со коцки. Бидејќи тоа е тоа што го правиме“ , вели Пол Чрзан, уште еден професионален изработувач на фигури со Лего коцки.
14 метри под Атлантскиот океан се наоѓа неверојатниот „Museo Atlantico“, односно првиот подводен музеј на модерна уметност во Европа каде артистот Џејсон ДеКаирес Тејлор ја создал првата серија скулптури кои стојат на океанското дно. Џејсон е познат по тоа што неговата работа често ги отсликува денешните општествени проблеми, па така овој негов проект ја опишува актуелната ситуација со бегалците.rnrnrnrnМузејот се наоѓа на островот Ланзарот и опфаќа две одделни, надреалистички скулптурни инсталации кои изгледаат како да застанале во времето. Во првата инсталација, наречена „Рубикон“, група од 35 луѓе полека чекорат кон една капија. Овие фигури непрекинато се движат кон непознатото и го претставуваат местото и моментот од кои нема враќање. Втората инсталација на Џејсон, насловена „Сплавот на Лампедуза“, ја претставува моменталната хуманитарна криза во Сирија. Морничаво реални, фигурите се претставени како чекаат помош и спас на брод.rnrnrn
„Делата не се наменети како меморијал за многуте луѓе кои ги загубија своите животи, туку како суров потсетник на колективната одговорност на нашата глобална заедница“, вели Џејсон.
rnТој црпи инспирација од историјата на уметноста која ја зема и како основа за неговата работа, посочувајќи на уметничките дела на францускиот сликар Теодор Жерико, поконкретно на неговата позната слика „Сплавот Медуза“.rnrn
Направивте снешко оваа година? Епа некој направил џиновска желка висока 3,5 метри. Остин, Конор и Тревор Брац се тројца браќа од Минесота кои дефинитивно знаат како да му се радуваат на снегот. Тие секоја година во нивните дворови со здружени сили прават големи фигури од снег.rnrnrnrnТие објаснуваат дека фигурите ги прават така што натрупуваат голема количина снег на еден куп, а потоа ја формираат саканата фигура. Ни најмалку не е едноставно бидејќи на една фигура работат со недели. На пример, за овогодишната желка им биле потребни цели 300 часа!rnrnrnrnВо рок од 4 години овие момчиња создале повеќе снежни фигури кои се навистина забавни. Она што е навистина кул е тоа што може да видите колку момчињата пораснале на секоја од фотографиите.rnrn
Артистката Кендал Мари гради минијатурни скулптури кои ги носат гледачите на разиграно и имагинативно патување. Со помош на мали фигури и предмети, Мари гради мали светови кои се преполни со креативни спомени, мечтаења и фантазии. Таа за својата работа вели:rnrn
„Идејата за креирање на овие минијатурни творби ми настана во сон, а инспирација ми беше и способноста да си играме со нашиот идентитет и со нашите улоги кои настануваат во соништата. Токму затоа мојата минијатурна работа служи како метафора за интуитивните мисли.“
rnrnrnЗа да ги конструира овие скулптури, Мари ги потопува фигурите во лепак и потоа со помош на пинцета ги сместува на своето место во сцените, кои се изградени од неочекувани предмети и места, како внатрешноста на сад за чај, врвот на мала чанта или пак, едната страна на огледало. Со помош на специфичните основи за секое нејзино дело, Мари ги дефинира границите на нејзината приказна и ги повикува гледачите да погледнат поблизу. Секоја работа е само еден момент во времето, па токму затоа приказната е оставена на самиот гледач да си ја конструира.rnrnrnrn rnrn