КАФЕ ПАУЗА

Tag: фен

  • Едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

    Едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

    Марта Стјуард е кралицата на рачните изработки. Без разлика дали се работи за совршен рецепт или за рачно изработена креација за домот, Марта е вистинскиот ментор. Господарката на кујната е позната по нејзините трикови, но последниот трик кој го сподели неодамна, навистина нè воодушеви, а станува збор за отстранување на досадните налепници со цена.rnrnТрик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушевиrnrnДоколку сте како нас, сигурно се радувате на некој нов апарат или кујнски прибор, но кога доаѓа моментот за одлепување на налепницата на која е напишана цената, тогаш работите стануваат незгодни. Но за среќа, Марта на својот Инстаграм профил, ја сподели својата тајна за отстранување на ваквите налепници. Единственото нешто што ви е потребно за изведба на овој трик е фен за сушење коса!rnrnВо видеото Марта држи тава која изгледа дека е од нерѓосувачки челик. Во внатрешноста на тавата има бела налепница со бар-код и Марта со помош на фенот нанесува топол воздух на неа. Таа го држи фенот на околу 1,5 сантиметри оддалеченост во времетраење од 30-тина секунди. Потоа, со леснотија ја одлепува налепницата. Според неа, топлиот воздух од фенот помага во омекнување на лепилото, при што налепницата лесно се отстранува. Таа вели дека овој трик успева за налепници на метал, стакло, дрво, камен… на сè!rnrnВо продолжение погледнете го и видеото:rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48) on

    rnrn

    rnrnrnОние што премногу долго се мачеле во одлепување вакви налепници, со сигурност би сакале овој трик да го знаеле порано. Се надеваме дека овој трик ќе ви помогне и вам!rnrnПробајте го и овој трик со цедалка и фен за фантастична и женствена фризура.

  • 5 изненадувачки употреби на фенот за коса за кои веројатно не сте знаеле

    5 изненадувачки употреби на фенот за коса за кои веројатно не сте знаеле

    Фенот за коса е повеќенаменски куќен апарат, а повеќето од нас не се ни свесни за тоа. Фенот може да ви биде од голема помош во домаќинството на следниве 5 начини…rnrn5 изненадувачки употреби на фенот за коса за кои веројатно не сте знаелеrn

    1. Одлепете ги фотографиите од албумот за слики

    rnАко имате албум со лепливи страници, можете да ја извадите фотографијата без да ја оштетите така што ќе го пуштите топлиот воздух од фенот на позадината, додека вие полека ја одлепувате фотографијата.rn

    2. Исчистете ја прашината од тешко достапните места

    rnВклучете го фенот на ладно дување и насочете го на местото од коешто сакате да ја исчистите прашината. Ако сакате да ја „издувате“ прашината од полиците, почнете од највисоката кон најниската.rn

    3. Израмнете ги пластичните завеси за туш и чаршави за маса

    rnНовите, изгужвани пластични завеси за туш и пластични чаршави можете да ги израмните ако кон нив насочите топол воздух. Држете го фенот на 30 центиметри оддалеченост од површината за да не се стопи пластиката.rn

    4. Стврднете ја шеќерната глазура на колачите

    rnШеќерната глазура на колачите побрзо ќе се стврдне, доколку ладниот воздух од фенот го насочите директно во неа. Ако сакате да ѝ додадете малку сјај на глазурата, во тоа ќе ви помогне сосема малку топол воздух од фенот.rn

    5. Отстранете ги остатоците од восок

    rnСтавете го фенот за коса на највисока температура и дувајте во дамката сѐ додека восокот не се стопи, а потоа едноставно отстранете го со помош на сунѓер и малку сапун.

  • Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

    Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

    Постојат големи шанси дека вашата рутина за сушење на косата е следнава: Исушете ја што побрзо и излезете. Но, има еден дел кој веројатно го заборавате и кој може драстично да го подобри изгледот на вашата коса и квалитетот на влакната, како и да го спречи делењето и оштетувањето на врвовите. Во продолжение прочитајте за што станува збор и зошто е важно да ги потрошите тие дополнителни 30 секунди.rnrnШто пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?rnrnШто треба да направите: Исушете ја косата како што го правите тоа вообичаено. Во оној момент кога ќе забележите дека косата е околу 90% сува, префрлете се на опцијата за сушење со ладен воздух и така досушете ја. За да имате повеќе волумен на темето, подигнете неколку прамени коса од тој дел и насочете го ладниот воздух кон корените.rnrnКако функционира: Топлиот воздух го забрзува процесот на сушење на влакната и ви овозможува да дадете која било форма на косата која што ја посакувате, независно дали е права, виткана, раздвижена или префрлена наназад. Ладниот воздух пак од друга страна, ги затвора кутикулите од косата и на тој начин го зацврстува избраниот изглед и додава дополнителен сјај.

  • Дали знаевте дека може да го искористите фенот за коса на овие начини? Ќе се воодушевите!

    Дали знаевте дека може да го искористите фенот за коса на овие начини? Ќе се воодушевите!

    Фенот за коса е предмет кој секој го има во својот дом. Секако, тој е незаменлив во секојдневниот живот на секоја жена. Многумина од нас го користат само за неговата универзална намена, сушење на косата, без да знаат какво универзално средство може тој да биде. Ви предлагаме да ги запознаете овие 10 начини на којшто може да го искористите вашиот фен. Можеби некои ќе ги препознаете, но поголем дел од нив ќе ги сретнете за прв пат. Се надеваме дека овој обичен апарат ќе се претвори во најдобар помошник во вашето домаќинство.rnrn1-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    1. За отстранување на трагите од дрвени бои од ѕидот

    rnДетските ремек-дела може лесно да ги отстраните со помош на фенот. Загрејте го со фенот местото каде што е направена штетата, а потоa пребришете со крпа. Лесно и ефикасно.rnrn2-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    2. За отстранување на самолепливите сликички

    rnКај оние кои имаат мали деца, секогаш се појавуваaт самолепливи сликички по мебелот. Во овој случај, топлиот воздух насочете го кој несаканата сликичка, а потоа лесно одлепете ја.rnrn3-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_4-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    3. За корекција на очилата

    rnАко новите очила ви се малку лабави, вклучете го фенот на најјакиот степeн и дувајте во рачките. Тие ќе станат меки и лесни за виткање, па ќе може да ги коригирате.rnrn5-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    4. За експресно сушење на ноктите

    rnМногумина знаат за оваа метода, но малкумина ја испробале. Но, навистина делува! Ако се брзате, исушете го лакот за нокти со помош на фен. Воздухот не треба да биде топол.rnrn6-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    5. За отстранување на стврднатиот восок

    rnВосокот од работната површина може лесно да го отстраните со помош на фен.rnrn7-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_8-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    6. За чистење на огледалото во бањата

    rnАко огледалото во бањата се замаглува или пак е покриено со дамки, насочете го топлиот воздух од фенот кон него. Сите дамки постепено ќе исчезнат.rnrn9-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    7. За безболно отстранување на фластерот

    rnЗа да го отстраните фластерот од кожата, загрејте го со топол воздух од фенот, и потоа тој лесно ќе се одлепи од неа.rnrn10-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    8. За облоги

    rnАко сте нанеле топли облоги, многу е важно да ја одржувате температурата, а за тоа ќе ви помогне фенот.rnrn11-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    9. За одлепување на загорениот колач

    rnАко колачот малку загорел, загрејте го дното на тепсијата со фен, па потоа полесно ќе го извадите.rnrn12-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rnrnАко пак глазурата не се распоредува рамномерно, загрејте ја со топол воздух. Потоа користете ладен воздух за таа да стане мазна.rnrn13-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_rn

    10. За необична уметност со најмалите

    rnЗа децата да нацртаат креативна слика, може да користат мрсни бои. Фиксирајте ги боите на хартија и загревајте ги со фен. Погледнете го прекрасното виножито!rnrn14-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

  • Заштитете ја вашата коса од топлина така што ќе ја обликувате без употреба на фен

    Заштитете ја вашата коса од топлина така што ќе ја обликувате без употреба на фен

    Едноставно измијте ја вашата коса, протријте ја со пешкир и оставете ја да се исуши. Во зависност од формата на вашата коса, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да имате привлечна фризура без притоа да ја горите со фен, пегла или фигаро. Погледнете како…rn

    Права коса

    rn(1) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фенrnrnПо миењето, избришете ја вашата коса со пешкир од микрофибер кој брзо ќе ја впие водата. Откако вашата коса ќе биде половина сува, земете широк чешел и исчешлајте ја. Доколку сакате таа да биде повеќе структурирана, употребете гел од алое вера. Нанесувајте од крајот кон корените на влакното со цел да создадете текстура.rn

    Брановидна коса

    rn(2) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фенrnrnИзбришете ја косата со микрофибер пешкир. Тие имаат навистина силна моќ на впивање. Откако вашата коса ќе се засуши, со помош на вашите прсти или чешел исчешлајте ја. Кога таа ќе биде околу 70% сува, нанесете малку спреј од морска сол со цел да добиете изглед како да сте биле на плажа. Доколку сакате поголеми бранови, земајте мали делови од вашата коса и нанесувајте врз нив повеќе од спрејот со морска сол.rn

    Виткана коса

    rn(3) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фенrnrnНе употребувајте четка за чешлање бидејќи на тој начин ќе завршите со бушава фризура. Едноставно користете ги вашите прсти додека ја сушите косата, а паралелно поминувајте ја и со микрофибер пешкир за да го отстраните вишокот вода. Подигнете ја косата нагоре, а потоа фрлете ја наназад. На овој начин ќе ѝ дадете волумен. Ако сакате повеќе да ги дефинирате локните, користете малку крема или масло за коса.

  • Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

    Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

    Секој пат кога ќе ви потпорасне косата и ќе отидете на фризер да ја скратите, вашата фризерка ги отстранува испуканите врвови, но тоа повторно ве враќа на истата должина од претходно, па сонот за долги прамени кои паѓаат на вашиот грб и гради одново станува далечен. Ова е случај со повеќето девојки и жени кои сакаат да ја пуштат косата, но не можат бидејќи постојано настануваат распукани врвови.rnrnkako-da-se-oslobodite-od-ispukanite-vrvovi-ednash-zasekogash-kafepauza.mkrnrnДобра вест е што постојат начини овој ефект значително да го намалите, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога станува за грижата за вашата коса. Постојат работи кои не треба да ги правите, како и такви кои доколку ги применувате, ќе направат чуда за вашата неиспукана коса.rn

    Најпрво скратете ја косата, а потоа барем еден месец не правете го ова:

    rn

      rn011

    • Немојте да користите фигаро или пегла за коса повеќе од еднаш неделно
    • rn011

    • Немојте да спиете со фатена коса
    • rn011

    • Не вртете прамени помеѓу прстите во текот на денот
    • rn011

    • Не сушете ја косата со фен од блиску
    • rn011

    • Не користете чешли и четки кои го кршат влакното
    • rn011

    • Не чешлајте ја косата кога ви е мокра
    • rn011

    • Не тријте ја грубо косата со пешкирот после миење
    • rn

    rn

    Затоа  пак, ова се релативно евтини производи кои многу ќе ви помогнат:

    rn

      rn011

    • Кокосово масло
    • rn011

    • Маска од мед и маслиново масло
    • rn011

    • Маска од авокадо, јајце и маслиново масло
    • rn

  • Како да ги направите вашите чевли водоотпорни?

    Како да ги направите вашите чевли водоотпорни?

    Нема причина зошто да не ги носите омилените есенски чевли зимно време. Но, обувките кои пропуштаат не се за во влажни услови, па кога нè очекува дожд или снег, сè што треба да направиме е да ги подготвиме платнените чевли за таквата промена на временската состојба.rnrnПотребни ќе ви бидат свеќа и фен, како и чаша вода, доколку сакате да ја тестирате ефикасноста. Погледнете го видеото за деталите.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како побрзо да ви се исуши лакот на ноктите?

    Како побрзо да ви се исуши лакот на ноктите?

    Дамата се познава по нејзините средени и убави нокти, зарем не? Но не секогаш имаме време и нерви да дочекаме да ни се исуши лакот на ноктите. Обично почнуваме со некоја работа и ги упропастуваме ако не сите, барем неколку нокти. Кога човек е зафатен наоѓа начини да добие што е можно повеќе време, дури и ако станува збор за најобични (но потребни) нешта како маникирот. Драги дами со обврски, еве неколку трикови кои ќе ви помогнат вашите нокти многу побрзо да се исушат без да трошите пари на скапи продукти.rn

    Како побрзо да ви се исуши лакот на ноктите?

    rnrn

    Фен за коса

    rnНаједноставната и најефективната работа која секогаш ја имаме при рака во домот – фенот за коса. Обичен и стандарден фен ќе ви заврши работа кога станува збор за сушење на ноктите. Само прилагодете го на најниското ниво или пак пуштете го да дува ладно и внимавајте да не е поставен премногу блиску до ноктите.rn

    Ладна вода

    rnОвој трик е стар и секогаш успева. Откако ќе се излакирате ставете ги дланките под млаз студена вода или оставете ги некое време во сад со вода. Самите ќе забележите дека вашите нокти многу побрзо ќе се исушат.rn

    Капки за брзо сушење на ноктите

    rnНе мора да трошите голема сума пари, ваков продукт ќе најдете по сосема прифатлива цена. Откако ќе се излакирате капнете по една капка на секој нокт. Доколку сакате поголема ефикасност може да го употребите фенот за коса и во оваа постапка.rn

    Спреј за готвење

    rnДоколку дома имате спреј за готвење (оној кој се распрскува по површината на тавата за да не се лепи храната во текот на печењето), зошто да не го искористите во вашиот маникир? Внимавајте да не распрскувате многу блиску до ноктите и прснете по малку на секој нокт.rnrnКога станува збор за заштеда на време, постојат многу начини како да бидеме креативни. Кога времето е топло, а вие одите негде со автомобил, и ако спаѓате во групата девојки кои знаат да се лакираат во последен момент, само испружете ги дланките низ прозорецот. Додека да стигнете на вашата дестинација, вашиот маникир ќе биде готов. Или пак, побарајте лакови на чија амбалажа е назначено дека бргу се сушат.rnrnИмате ли вие трикови за побрзо сушење на ноктите во домашни услови? Споделете ги со нас!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.