КАФЕ ПАУЗА

Tag: еднаквост

  • Феминизмот пред многу години и денес

    Феминизмот пред многу години и денес

    Феминизмот е идеологија насочена кон дефинирање, воспоставување и одбрана на еднакви политички, економски, културни и социјални права на жените. Се залага за ослободување на жените од насилство, сексизам и традиционалните женски улоги (домаќинка, сопруга, мајка, сексуален предмет) и прифаќање на жените како целокупна личност.rnrnФеминизмот пред многу години и сегаrn

    Право на глас

    rnСè е политика, што значи дека таа е составен дел од нашите животи. Замислете дека дури на крајот од 19-ти век жените добиле право на глас! Во Русија, жените добиле право на глас во 1917 година. Саудиска Арабија била една од последните земји кои дозволиле жените да учествуваат на изборите. Дури во 2011 година, власта објавила дека жените ќе имаат право на глас од 2015 година.rn

    Право на образование

    rnВо врска со образованието, работите не се толку страшни како со правото на глас, но феминистите и понатаму гледаат корени на злобната и модерна „нееднаквост“ на половите во различни области на машкото и женското образование. На пример, до крајот на 19-ти век, се верувало дека жената е првенствено мајка и чувар на семејното огниште, што значи дека би требало да добие соодветно образование. Домаќинството, занаетчиството, танцот и музиката (да ги забавуваат гостите) биле главни активности во „распоредот“ на типичните „идни сопруги“. Меѓутоа, на крајот од 19-тиот век, жените добиле право да одат на универзитет, па сега, рамноправни со мажите можат да имаат скоро секаква професија.rn

    Право на имот и сопствени финансии

    rnИнтересен факт: во почетокот на 19-тиот век, во Америка, сите пари кои жената ги заработувала, автоматски станувале сопствеништво на нејзиниот сопруг. Оваа ситуација изгледа многу неправедно, зарем не? Секако, ние сме свесни дека постои семеен буџет, но вашите пари според законот ви припаѓаат вам, и само вие одлучувате како ќе ги потрошите.rn

    Еднакви права во бракот

    rnРадикалните феминистки кои ги демонизираат мажите ја негираат институцијата за брак, тврдејќи дека тоа е „ропство“ на жените. Навистина, пред двесте години, жената всушност била сопственост на нејзиниот сопруг, а концептот за „развод“ не постоел. Децата исто така се сметале за сопственост на татковата фамилија, а доколку жената била „виновна“ за нешто, можела да ја изгуби можноста да комуницира со нив. Меѓутоа, проблемот не е целосно во бракот, туку во патријархалната структура на општеството: жената најпрво припаѓала на нејзиниот татко, а потоа на сопругот. Така цело време била „надгледувана“ бидејќи не ја сметале за полноправна личност. Сега во развиените земји, бракот во главно е само формалност, бидејќи партнерите можат да живеат заедно и да одгледуваат деца без да стапат во брак.rn

    Право на располагање со сопственото тело

    rnФеминизмот традиционално е поделен на неколку бранши, а последната бранша на претставници ги бранеа правата на жените за сопственото тело. Правото на абортус и еднаквиот пристап на контрацепција, подеднакво се важни како што е политичката еднаквост. Тоа вклучува и право на физички интегритет и заштита од семејно насилство (кое за жал, досега функционира само во поразвиените земји).rnrnФеминистите сè уште имаат многу работа. Се надеваме дека со текот на времето, ситуацијата ќе се подобри, но сега засега, им посакуваме еднаквост на сите!rnrnДознајте и дали денешните мажи се поголеми феминисти од оние во минатото.

  • 5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

    5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

    На денешниот свет многу повеќе му треба праведност отколку еднаквост. Иако овие два збора често се користат во ист контекст, сепак се разликуваат. Додека еднаквоста е исто третирање на сите, праведноста значи секој да го добие она што му е потребно за успех. Погледнете како всушност се разликуваат овие поими.rn

    1. Секој има свои предности и недостатоци5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

    rnАко натерате професионален шахист да се натпреварува со планинар во искачување, можеби натпреварот ќе ви изгледа фер бидејќи и двајцата треба да го направат истото. Но во реалноста овој натпревар е далеку од фер. Додека планинарот ќе има предност во натпревар каде што се тестира физичката издржливост, шахистот би дал подобри резултати ако се тестира логиката. Токсично е да споредувате нечии недостатоци со вашите предности и обратно.rn

    2. Поважно е да ги третирате луѓето праведно отколку еднакво

    rn5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквостrnrnВо општество каде што никој не е еднаков, давањето сосема исти можности на сите не е од корист. Силните и слабите треба да бидат поддржувани во зависност од нивните способности. На пример, болната личност ќе има многу поразлични потреби од здравата. Еднаквото третирање на сите е далеку од праведно. Овој концепт го поддржувал и Карл Маркс кој сметал дека секој треба да работи колку што е способен и да добива колку што му треба. Односно, на луѓето им се потребни разни работи во разни пропорции со цел да напредуваат.rn

    3. Еднаквоста не може да се постигне дури ни во утопија

    rn5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквостrnrnУтопија за сите, без разлика колку убаво звучи, е нешто невозможно. Не затоа што е невозможно на сите да им е се даде ист старт, туку затоа што ова не гарантира еднаков исход. Од друга страна, обидот да ги направите сите еднакви сигурно ќе предизвика незадоволство.rnrnПрофесорите Лис Бордо Лепаж и Жан Mари Уриот сметаат дека утопијата не може да постигне социјална правда. Тие сметаат дека правилата кои го поддржуваат создавањето на утопијата ќе го спречат патот до праведноста.rn

    4. Праведноста ги мотивира луѓето, а не еднаквоста

    rn5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквостrnrnЗамислете си фабрика за светилки. Ако сите работници ги третирате еднакво, тоа значи дека ќе добиваат иста плата без разлика на количината и квалитетот на светилките што ги направиле. Ова значи дека работникот не може да го изгуби работното место ако произведе премалку светилки со добар квалитет. Во овој систем работниците би го изгубиле интересот за работата бидејќи никој нема да го цени нивниот труд.rnrnМарк Шешкин, научник од Универзитетот Јејл, истакнал дека иако на протестите и социјалните мрежи доминираат слогани за еднаквост, повеќето луѓе всушност сакаат малку нееднаквост. Како што изјавил самиот:rn

    „Треба да целите кон праведна нееднаквост, а не кон неправедна еднаквост.“

    rn

    5. Луѓето ја сакаат нееднаквоста, сè додека е праведна

    rn5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквостrnrnПсихолозите Алекс Шо и Кристина Олсон направиле експеримент за да ја тестираат ова хипотеза. Собрале група деца на возраст од 6 до 8 години. Им кажале за две момчиња, Дени Марк, кои ги исчистиле нивните соби. Како награда, момчињата добиле гуми за бришење. Тие добиле 5 гуми, па било невозможно да ги поделат еднакво. Децата од истражувањето едногласно ја поддржале идејата да се фрли петтата гума наместо да си ги поделат нееднакво. Тие се согласувале со ова дури и откако им кажале дека Ден и Марк нема да знаат колку гуми добил другиот.rnrnИзгледа како овие одговори да рефлектираат желба за еднаквост, но всушност покажуваат желба за праведност. Децата претпоставиле дека Ден и Марк вложиле ист труд за да ја исчистат собата. Кога Шо и Олсон им кажале на децата дека Ден работел повеќе од Марк, тие се согласиле Ден да добие три, а Марк две гуми. Со други зборови, се согласиле со нееднаквоста бидејќи била праведна.

  • Силвија Митевска и нејзината борба за родова еднаквост во спортот:  Секоја од нас има моќ да си го исполни сонот!

    Силвија Митевска и нејзината борба за родова еднаквост во спортот: Секоја од нас има моќ да си го исполни сонот!

    Жените се соочувале со многу неправди во минатото. Немале можност да се образуваат, се верувало дека треба само да чуваат деца и да се грижат за домот, не биле сфаќани сериозно, не можеле да излезат од сенката на мажот и да изградат своја професионална кариера. Денес голем дел од нештата се сменети. Секојдневно гледаме како се појавуваат храбри и успешни жени кои не се плашат да преземаат ризици и да го освојуваат светот. Жените стануваат претседателки на држави, директорки на големи фирми и моќни лидери во деловниот свет кој порано се сметал за машки.rnrnСилвија Митевска и нејзината борба за родова еднаквост во спортот:  Секоја од нас има моќ да си го исполни сонот!rnrnНо, и покрај сиот напор и напредок, жените сѐ уште мораат да се борат против неправдите кои владеат во повеќе области од животот. Една од тие области е спортот. Не е никаква тајна тоа дека спортистките не ги уживаат истите права како спортистите. За среќа, постојат силни и упорни дами кои се обидуваат да ја подигнат свеста за овој проблем и да ги променат работите. Пример за тоа е инспиративната Силвија Митевска.rnrnСилвија Митевска е параглајдеристка, авторка на збирката раскази „Додека Данте спие“ и претседателка на граѓанската организација ТАКТ. Станува збор водечка организација која се залага за унапредување на родовата еднаквост во спортот.rn

    „Тоа е фокусот на нашата работа и речиси сите активности ни се насочени кон афирмација на жените спортистки и нивните спортски резултати. Полето на делување е широко затоа што досега женскиот спорт беше маргинализиран и предизвиците со кои се соочуваа спортистките, без разлика дали станува збор за рекреативен или врвен спорт, не беа адресирани во јавноста“, изјави Силвија.

    rnТАКТ минатиот јуни ја организирал првата Национална конференција ,,Жени во спорт’’ каде јавно се дискутирало за родовата дискриминација во спортот и заеднички биле извлечени препораки како тоа да се надмине. Но, ТАКТ не се залага само за постигнување родова еднаквост.rn

    „ТАКТ го користи спортот како платформа за промоција на социјална инклузија, солидарност и градење мир преку ненасилна комуникација. Спортот исто така претставува моќна алатка за зајакнување на младите, особено девојките и ние за таа цел организираме обуки, семинари и работилници ширум Македонија“, открива Силвија.

    rnСилвија Митевска и нејзината борба за родова еднаквост во спортот: Секоја од нас има моќ да си го исполни сонот!rnrnИако постојат само 3 години, ТАКТ успеале да реализираат неколку важни проекти на национално ниво, како што се воспоставување национална мрежа на спортски лидери кои промовираат спортски вредности, креирање спортско видео со име ,,Девојки како нас’’ во кое протагонистки се 8 спортистки од различни спортски дисциплини, подготвување серија интервјуа со искусни спортистки кои можат да се најдат на нивната веб страница и многу други активности.rn

    „Секако, дека борбата тука не е завршена и полето за работа ќе станува сѐ поголемо и поголемо. Ние би сакале да видиме уште повеќе постигнати резултати кои ќе ја приближат Македонија до посакуваните стандарди“, објаснува Митевска.

    rnПоттикнати од многубројните активности на ТАКТ и нивната мисија, ние поразговаравме со Силвија Митевска за некои од најважните прашања што се однесуваат на родовата еднаквост во македонскиот спорт.rn

    Дали во Македонија постои поделба на машки и женски спортови?

    rnКако би реагирале кога вашата ќерка би ви кажала дека сака да се запише на фудбал? Дали би ја поддржале нејзината идеја или пак би ѝ објасниле дека тоа е машки спорт? Што ако вашиот син пројави желба за балет? Како би ја прифатиле оваа вест? Дали би се загрижиле за мажественоста на синот или пак би се воодушевиле од идејата? Според Силвија, девојчињата и момчињата уште од рана возраст се жртви на родовите стереотипи.rn

    „Девојчињата се охрабруваат да се запишат на таканаречени ’женски спортови’ кои нашето општество на некој начин ги поврзува со девојчињата, како што се танцување, балет, додека пак момчињата се охрабруваат да се запишат на фудбал, кошарка и други тимски спортови. Во малите средини овие родови стереотипи се уште понагласени, додека во градските средини полека се надминуваат, но сепак, сѐ уште постојат“, објаснува Силвија.

    rnВистина е дека многу малку девојчиња се одлучуваат за „погруби“ спортови, бидејќи родителите се плашат да не се повредат. Момчињата, пак, кои покажуваат интерес за „понежни“ активности, се честопати изложени на потсмев од страна на нивните врсници. Време е да се надминат стереотипите што постојат во спортот и да се разбере дека децата имаат право да ја одберат активноста што ним најмногу им се допаѓа, а не таа со којашто „би требало“ да се занимаваат според општествените стандарди.rnrnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn

  • Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Станува збор за проблем кој се случува насекаде. На работното место, во баровите, во училниците… Прекинувањата од страна на мажите се толку чести, што жените дури и не ги забележуваат. Но, сега постои една нова алатка која може да смени сѐ! Станува збор за апликацијата Woman Interrupted која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на секојдневните разговори.rnrnНајнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговоритеrnrnАпликацијата стана достапна за симнување на iOS и Android уредите, вечерта на 8-ми март кога жените низ целиот свет протестираа за да се чуе нивниот глас. Главната цел на апликацијата е да го потенцира фактот дека честопати жените мораат да се борат за да го искажат нивното мислење во секојдневниот живот.rnrnАпликацијата е креација на маркетинг агенцијата BETC која се надева дека ќе ја разбуди свеста за машките прекинувања на жените и притоа ќе ја промовира идејата за полова еднаквост.rn

    „На прв поглед, ова делува како мал проблем, но тој е голем показател на половата нееднаквост на работните места и во општеството. Апликацијата ќе покаже дека прекинувањето е вистинско и алармантно“, изјавила Гал Барадас, основач на BETC.

    rnПа, како функционира ова најново откритие? Апликацијата го користи микрофонот од телефонот за да ги слуша секојдневните разговори и притоа ги анализира гласовите за да одреди колку пати мажите ги прекинале жените. Вистина е дека овој принцип на работа малку ја загризува приватноста на паметните уреди, така што нормално е ако не сакате да ѝ овозможите на апликацијата да ве набљудува преку микрофонот на телефонот. Меѓутоа, BETC потенцира дека апликацијата нема да ги задржи добиените информации по извршената анализа.rn

    „Ниту еден разговор нема да биде снимен и зачуван, сите информации автоматски преминуваат од глас во податоци“, гарантира апликацијата.

    rnЗа да можете да ја користите, симнете ја апликацијата на вашиот мобилен телефон и пријавете се преку Фејсбук, Твитер или имејл. Апликацијата ќе побара информации поврзани со вашиот пол, земја на потекло и име. Потоа ќе треба да поминете низ тест за препознавање на гласот за да може микрофонот да ги распознава машките од женските гласовни фреквенции. BETC изјавил дека сите податоци што ќе бидат собрани од корисниците на апликацијата ќе бидат објавени онлајн со цел да се информираат луѓето за оваа негативна појава.rnrnМора да се признае дека припадниците на двата пола ги прекинуваат жените, но оваа апликација брои колку пати жените биле прекинати и колку пати биле прекинати од страна на мажи. Луѓето што ќе ја користат оваа апликација може да дојдат до шокантни откритија кои несомнено ќе ги поттикнат на размислување.rnrnПогледнете го следново видео за да дознаете повеќе за апликацијата Woman Interrupted…rnrn

  • 5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

    5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

    Според многу независни жени, 2016-та година не беше многу успешна кога станува збор за женскиот напредок во машкиот свет. Но, ова не е вистина со оглед на тоа што оваа година беше постигнат голем успех во однос на половата еднаквост во бизнисот. Темелите се поставени за уште поголем прогрес во 2017 година, а за тоа сведочат и следниве 5 работи…rnrn5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светотrn

    1. Мери Бара

    rnНајамбициозниот и најдинамичниот извршен директор на јавна компанија во денешно време е жена. Станува збор за Мери Бара, извршен директор на компанијата „General Motors“. Бара е инженер по струка која максимално го зголеми профитот на оваа компанија и притоа ги сруши сите рекорди. Таа сака одново да ја изгради корпоративната култура која е веќе со децении стара, за да може да се натпреварува со иновациите на Силициумската долина. 2016-та беше нејзината најамбициозна година поради тоа што таа вложи огромна инвестиција во апликацијата „Lyft“. Бара е навистина незапирлива и покрај тоа што е мајка со кариера, таа наоѓа време да се залага за тоа повеќе да се образуваат девојчињата од областа на науката, технологијата, инженерингот и математиката (СТЕМ). Бара е жив доказ дека една жена успешно може да води индустриска компанија за производство и притоа да го прави тоа грациозно и елегантно без никакви скандали.rn

    2. Промените во правото на породилно отсуство

    rnУште во 2015 година компаниите од различни сектори ги променија законите за породилно отсуство и во 2016-та тие повеќе ги земаа предвид потребите на вработените мајки и татковци, како и промените во составот и динамиката на едно семејство. Така на пример, компанијата „Fidelity“ изјавила дека ќе даде 26 недели отсуство на секој вработен што ќе стане родител, без оглед на полот или семејните услови. Сличен чекор направија и „American Express“ и Твитер кои понудија по 20-неделно отсуство за жените и мажите кои станале родители. Овој месец ИКЕА направија голем подвиг со тоа што понудија 16-неделно платено отсуство за сите нови родители, дури и за вработените кои се платени по работни часови. И покрај тоа што породилното отсуство е само еден од многуте елементи што водат кон полова еднаквост на работното место, поддршката и дарежливоста на овие компании поставуваат нови стандарди за другите компании и поттикнуваат дебата за овој проблем од еден сосема нов поразумен аспект.rnrn5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светотrn

    3. Многу компании почнаа да ја земаат предвид флексибилноста на работното место

    rnПодатоците собрани од страна на „Fairygodboss“ покажуваат дека покрај платата, флексибилноста е вториот најважен фактор што влијае на изборот на работа кај жените. Флексибилноста е многу значајна не само за жените со семејства, туку и за тие кои немаат деца. Добрите вести се дека компаниите како „GE“, „ American Express“ и Гугл почнуваат да ги намалуваат нивните очекувања дека работниот ден треба да трае од 9 до 17 часот. Компанијата „Dell“ се стреми кон тоа 50% од нејзината работна сила да има флексибилен работен распоред до 2020 година. „Dropbox“ и „Square“ исто така вовеле правила кои им дозволуваат на сите вработени самите да си го контролираат распоредот. Компаниите сакаат да ги вработуваат најспособните и најталентираните луѓе, па така тие смислуваат нови начини на кои би можеле да понудат поголема флексибилност со што би можеле да ја зголемат продуктивноста и задоволството на нивните вработени.rn

    4. Јавно говорење

    rnПоловата еднаквост на работното место најдобро може да биде постигната благодарение на компаниите кои не се плашат да ја споделат нивната визија и достигнувања. На пример, оваа година три големи компании како што се „HP“, „Verizon“ и „General Mills“ преземале иницијатива и јавно изјавиле дека бараат поголема полова разновидност од нивните маркетинг агенции. Со тоа што сѐ повеќе корпорации јавно инсистираат на полова разновидност, половата еднаквост преминува од замаглена визија во конкретен приоритет. „General Motors“ први изјавиле дека нивниот главен совет е составен од 50% мажи и 50% жени. Постоеле големи дебати по ова прашање, но колку повеќе компании ја постигнуваат оваа цел, толку поголеми се очекувањата од оние кои не го прават истото.rnrn5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светотrnrnТука вреди да се спомене и Марк Бенјоф, извршен директор на компанијата „Salesforce“. Имено, тој вложил 3 милиони долари за да ја поправи нееднаквоста во платите на неговите вработени. Еднаквата плата е најголемиот проблем за жените, особено затоа што многу работодавци тврдат дека е навистина тешко да се одреди нееднаквоста кога вработените имаат различни улоги, искуства, образование и слично. Иницијативата на Марк Бенјоф ги отфрла сите овие претпоставки и претставува пример за сите компании кои размислуваат да преземат сличен чекор.rn

    5. Јавни податоци за половата разновидност во компаниите

    rnТранспарентноста и јавното поставување на целите се едни од главните чекори што треба да се преземат за да се постигне вистинска промена. Во текот на минатите години, неколку компании од Силициумската долина храбро изјавиле дека целат кон полова разновидност. Оваа недела, Пинтерест ја оствариле нивната цел од 2015 година и ја зголемиле половата и етничката разновидност во рамките на нивните инженерски тимови. „Accenture“ е првата голема компанија за советување која јавно ги објавила демографијата на нејзиното работно место и изјавила дека главен приоритет е да се постигне полова разновидност.rnrnСо сите овие инвестиции и иновации, можеме да очекуваме дека 2017 година ќе биде навистина возбудлива за сите жени кои сакаат да успеат во деловниот свет.

  • 12-годишно девојче ни раскажува инспиративна приказна со помош на компири

    12-годишно девојче ни раскажува инспиративна приказна со помош на компири

    Ако се обидуваме да ги согледаме работите подетално, во сè што постои можеме да најдеме подлабоко значење. Треба само да се трудиме да се разбираме едни со други и како човечки суштества да покажуваме љубов и почит. Секогаш постојат начини што може да ни покажат како да ја видиме љубовта и како на сите луѓе да гледаме како на еднакви суштества. Токму тоа го направило едно младо девојче, преку објавувањето фотографии на Снепчет.rnrnrnrnТаа не ни очекувала дека ќе биде забележана од светот. Станува збор за 12-годишната Нур Кан, којашто додека подготвувала вечера со нејзината сестра, испратила фотографија. Всушност, имало две фотографии, од компири.rn

    „Само помислив ‘Ќе ги ставам на Снепчет’“, објаснува Нур.

    rnСестрата на Нур, Марија, побарала од неа да ѝ помогне со подготовката на оброкот, но не го очекувала она што се случило. Кога Нур ги лупела компирите, таа фотографирала неизлупен компир и го објавила со објаснување:rn

    „Луѓето се како компири. Бојата на кожата или ознаките не се важни.“

    rnПотоа ја објавила и втората фотографија, овој пат со излупен компир, објаснувајќи:rn

    „Затоа што сите се исти откако ќе им се отстрани кожата.“

    rnПостарата сестра, Марија, го споделила ова на Твитер, каде што сликите достигнале до голем број луѓе. Таа вели дека е горда на нејзината сестра и на нејзиното длабоко размислување – дури и кога станува збор за компири.rnrnОваа убава порака е универзална. Сите треба да размислуваме дека бојата на кожата воопшто не е важна и да погледнеме подлабоко во секое човечко битие. Најчесто децата се оние коишто умеат да ја согледаат убавината и еднаквоста во луѓето, па, зошто да не ни бидат пример и нам?

  • Дали денешните мажи се поголеми феминисти од оние во минатото?

    Дали денешните мажи се поголеми феминисти од оние во минатото?

    Во денешно време, со борбата за полова еднаквост и со порастот на феминистичкото влијание, можеби ќе си помислите дека современите мажи се поотворени кога станува збор за поделбата на родовите улоги во општеството за разлика од нашите предци. Меѓутоа, неодамнешни истражувања откриле дека денешните мажи не се толку големи феминисти колку што си мислиме. Прогресот сѐ уште го нема достигнато она ниво на кое сите се надеваме.rnrnДали денешните мажи се поголеми феминисти од мажите во минатото?rnrnИ покрај фактот што кога директно ќе ги прашате денешните мажи каков е нивниот став во однос на половите разлики тие делуваат феминистички настроени, повеќето не ги спроведуваат зборовите во дела.rnrnНа пример, според едно истражување машките ученици по биологија постојано ги преценувале способностите на нивните машки соученици и ги потценувале нивните соученички. Друго истражување открило дека младите мажи потешко ја прифаќаат идејата да имаат женски лидер за разлика од нивните татковци. Повеќе од половина од современите мажи не се согласуваат дека е потребна поголема полова еднаквост на работното место. Уште позагрижувачки е фактот што половина од денешните мажи сметаат дека ќе постигнат поголем успех во кариерата од нивните сопруги.rnrnПокрај тоа, едно истражување дошло до заклучок дека иако современите мажи повеќе помагаат во домашните обврски, жените сепак го завршуваат поголемиот дел од домашната работа и повеќе се грижат за децата, дури и кога жените се тие што го носат лебот во куќата. 35% од мажите денес сметаат дека тие треба да се одговорни за заработување пари, а жените за грижата на домот.rnrnУште пострашно е тоа што бројот на сексуални напади, улична злоупотреба и домашно насилство, каде воглавно жените се жртви, речиси воопшто не е намален. Тоа покажува дека веројатноста современите мажи да покажат непочитување или да извршат криминал врз жените, не се променила во однос на минатото. Доколку мажите навистина се борат против сексистичките и женомразечките ставови, а ја негуваат почитта спрема жените, процентот на криминални акти од ваков тип би требало да биде намален.rnrnДали денешните мажи се поголеми феминисти од мажите во минатото?rnrnШто може да се заклучи од сето ова?rnrnКраткиот одговор би бил дека на многу мажи им се допаѓа идејата за полова еднаквост, но не се подготвени да се ослободат од сексистичкото однесување кое им доаѓа толку природно. Полесно е да се препознае дека половата еднаквост е фер, отколку да се отфрлат сите привилегии и предрасуди кои се земаат здраво за готово. Најлесно од сѐ е да се преправа човек дека тие воопшто не ни постојат.rnrnСекако дека постојат многу современи мажи кои навистина го прифаќаат феминизмот, ги почитуваат жените и чии зборови преминуваат во дела. Не може да се стави во ист ќош една цела генерација. Но, исто така не може само да седиме со вкрстени раце и да очекуваме дека половата еднаквост магично ќе стане дел од нашето секојдневие сега кога повеќето мажи се согласуваат дека тоа е добра идеја. Реалноста е многу покомплицирана.rnrnМногу луѓе погрешно го разбираат и применуваат феминизмот. Феминизмот не промовира само убави идеи за еднаквост. Феминизмот се залага за создавање и одржување позитивни промени. Иако е супер тоа што кај современите мажи се јавуваат некои феминистички сфаќања, би било многу позначајно кога тие самите би биле промената што тврдат дека ја посакуваат и поддржуваат.

  • 10 мудри животни лекции од Ема Вотсон

    10 мудри животни лекции од Ема Вотсон

    Актерката која ја започна својата кариера со познатиот филмски серијал „Хари Потер“, денес е активен борец за еднаквоста и човековите права. Таа смета дека и жените и мажите треба да уживаат еднакви социјални и политички можности и дека секој ја мери својата вредност само по достигнувањата и делата кои ги прави во својот живот. Во продолжение, неколку мудри животни лекции од незаменливата Ема Вотсон.rnrn10 мудри животни лекции од Ема Вотсонrn

    „На младите девојки им се вели дека мораат да бидат чувствителни принцези. Хермиона ги научи дека можат да бидат воини.“

    rn

    „Ако сакате да се кандидирате за функцијата премиер, вие можете. Ако не можете, и тоа е убаво. Бричете ги пазувите, не бричете ги, носете балетанки денес и високи потпетици утре. Овие работи се толку нерелевантни и површни и би било убаво кога луѓето не би се преокупирале со нив. Сакаме да ги поттикнеме жените да го прават тоа што сакаат да го прават, да бидат свои и да имаат шанса да се развиваат.“

    rn

    „Најтажната работа која девојката може да ја направи е да се направи поглупава за момчето.“

    rn

    „Немојте никому да дозволите да ви кажува што можете или што не можете да направите и постигнете. Правете го тоа што сакате и бидете тоа што сакате да бидете.“

    rn

    „И мажите и жените треба да бидат слободни да бидат чувствителни. И мажите и жените треба да бидат слободни да бидат силни. Време е сите да почнеме полот да го гледаме како спектар, наместо како две спротивни идеали.“

    rn

    „Возбудена сум за стареењето. Повеќе ме интересираат жените кои не се совршени. Тие се многу понеодоливи.“

    rn

    „Не сакам другите луѓе да одлучат која сум. Таа одлука сакам да ја донесам сама за себеси.“

    rn

    „Немојте да се чувствувате глупаво ако не сакате нешто за што сите се преправаат дека го сакаат.“

    rn

    „Целиот концепт на идејата ‘да се биде секси’ за мене е срамотен и конфузен. Кога ќе имам снимање, луѓето очајно сакаат да ме променат: Да ми ја осветлат косата, да ми ги средат веѓите, да ми ги поправат шишките. Потоа тука е и изборот на облеката. Знам дека сите сакаат фотографија од мене во мини здолниште. Но, тоа не сум јас.“

    rn

    „Мислам дека е во ред да бидам платена исто толку колку и моите машки колеги. Мислам дека е во ред сама да донесувам одлуки за своето тело. Мислам дека е во ред кога жените се вклучени во политиката и одлуките кои ќе влијаат врз мојот живот. Мислам дека е во ред ако социјално уживам еднаква почит како и мажите.“

  • 3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмот

    3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмот

    Дефиницијата на феминизмот како обид да се достигне политичка и социјална еднаквост на мажите и жените не треба да се менува, туку треба малку поопширно да се анализира. Во последниов период, Интернетот е преплавен со феминистички икони и ставови, од познатиот говор на Ема Вотсон насловен „He For She“ (Тој за Таа), до феминистичката дискографија на Бијонсе. Токму затоа и се јавуваат низа дискусии за улогата која ја игра полот во нашето општество.rnrn3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмотrnrnНо, и покрај континуираниот позитивен активизам кој се случува денес, сепак постојат неколку сфери кои можат да претрпат неколку клучни промени. Социјалните идеи често можат да бидат развлечени до самите екстреми, па затоа понекогаш изгледа како феминистичкото движење да се носи предалеку, и тоа во контекст на следине 3 елементи:rn

    1. Феминизмот треба да претставува различни женски карактеристики и атрибути

    rnПостојат периоди кога феминизмот поддржува само една тесна, плитка дефиниција за тоа што и каква треба да биде жената. Ова е всушност спротивно од тоа што феминизмот треба да го претставува и може слободно да се нарече контрафеминизам. Во тој контекст, се извојуваат неколку примери каде што познатите женски ѕвезди кои во своите интервјуа често посочуваат на разликата помеѓу прашањата поставени на женските изведувачи и прашањата поставени на машките, како и оние кои посочуваат на тешкотиите со кои се соочуваат за да станат успешни во одредени индустрии.rnrnПроблемот тука е фактот што овие жени посочуваат само на одредени женски карактеристики. Тие развиваат една сингуларна слика за тоа како треба да изгледа феминистот. Можеби ќе користат погрдни зборови или ќе покажат некаква грубост со цел да докажат дека и тие можат да бидат „силни“. Ќе се обидат да покажат едно „машко“ однесување бидејќи сметаат дека само така можат да бидат моќни, а како резултат исчезнува женственоста бидејќи на неа се гледа како покажување слабост.rnrnФеминизмот не треба да ги охрабрува жените да бидат како мажите, туку да ги делат истите права и да ја уживаат природата која им е дадена. Феминизмот треба да ја претставува слободата на жените да имаат најразлични особини и амбиции, независно дали се „типични жени“, поспортски типови, поконзервативни, послободни или ориентирани повеќе на семејството или кариерата.rn

    2. Феминизмот треба да го стави крајот на објективизирањето на жените во медиумите

    rnМногу феминисти ќе речат дека дел од вреднувањето на жените во општеството е препознавањето и прифаќањето на нивното право да прават што сакаат со нивните животи и тела. Сепак, постои разлика помеѓу начинот на кој мажите и жените се портретирани во современиот медиумски свет. Жените кои продолжуваат да бидат сексуално и навредливо објективизирани во текстовите на песните на познатите музичари или жените на кои постојано им се доделувани улоги и сцени во кои нивниот пол е стереотипно злоупотребен затоа што така бара општеството, само дополнително ја зајакнуваат патријархалноста. Тоа што се кажува за вредноста на жената нема никакво значење кога медиумската слика за неа повеќе се концентрира на нејзиниот изглед и тело, наместо на нејзиниот ум, талент, карактер и способност.rn

    3. Феминизмот е ограничен од активизмот и дебатите за абортус

    rnФеминистичките цели, покрај адвокатирањето и поддржувањето на абортусот, треба да го вклучат и охрабрувањето на општеството и политичките страни кои ги поддржуваат сите жени кои се бремени, независно од сценариото. Ако на бремените жени им се дадени сите потребни ресурси за да ги имаат животите од кои сметаат дека ќе треба да се откажат со тоа што ќе имаат деца, како што е образованието и можностите за кариера, тогаш тие можеби нема да ја чувствуваат потребата од абортус. Ако на жените им е дозволено да абортираат, без никакви опресии и препреки, тогаш можеби ќе постојат многу посилни семејни и општествени вредности и ќе се намалат агресивните и насилните семејни средини. Феминизмот треба да ја поддржува и почитува секоја одлука на жената, независно дали таа ќе одлучи да го задржи својот плод или не.

  • 4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

    4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

    Како што полека се приближуваме на третата декада од 21-ви век, луѓето низ светот постепено стануваат свесни за интолеранцијата, опресијата и поделеноста. Сепак, жално е што сѐ уште постојат места каде човечките и граѓански права секојдневно се прекршуваат на најнеподнослив начин и ниедна земја не е имуна на тоа.rnrn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnИмаме уште многу да учиме за промовирањето на солидарноста и толеранцијата на глобално ниво, како и борбата за праведни и инклузивни општества. Не смееме да дозволиме дискриминацијата да се шири ако сакаме да опстанеме како човечки вид. Во продолжение прочитајте за најчестите примери на дискриминација во светот која зазема многу форми и против која треба да продолжиме секојдневно да се бориме.rn

    1. Полова дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnЖените и девојките низ светот континуирано се соочуваат со полова дискриминација скоро секој ден. Ова се преведува во различни форми на насилство, во лимитации и ограничувања во можностите како на приватен, така и професионален план (како образованието и вработувањето), па дури и преку стереотипните говори и говорот на омраза. Според Обединетите нации, се проценува дека 35% од жените глобално искусиле физичко насилство од своите партнери или други лица, а повеќето од нив го доживеале тоа пред да наполнат 5 години. Понатаму, околу 70% од сите жртви на трговијата со луѓе се женски лица. Ова се само дел од статистиките на посериозните случаи на дискриминација кои ги покажуваат насилствата со кои жените се соочуваат. Во зборовите на добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзеи :rn

    „Не можеме сите да успееме ако половина од нас се воздржани и ограничени.“

    rnЖенските права се човечки права и сите заслужуваат еднакви можности.rn

    2. Расна дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnМилиони луѓе низ светот секојдневно се соочуваат со расна дискриминација. Системскиот расизам продолжува да влијае врз малцинствата. Ова посебно се забележува во правниот систем на САД, каде афро-американците се 6 пати повеќе апсени од белите луѓе. Во 2014-тата година, податоците од извештаите на ФБИ покажуваат дека 6.727 луѓе биле жртви на насилство и криминал од омраза и 48.3% од нив биле цел на напаѓачите само поради нивната раса. Но, Америка е само мал дел од целокупната расна дискриминација, но добар пример дека треба да се направи, прифати и прослави различноста.rn

    3. Дискриминација по сексуална ориентација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnЛГБТ заедницата е постојано изложена на најразлични форми на опресија. Дури 80 држави од светот имаат закони кои ги забрануваат истополовите бракови или дискусиите за правата на геј популацијата. Во некои од нив, хомосексуалноста е казнувана со смрт и дури и во оние земји каде таа е легална, постојат многу други рестрикции. Никој не треба да се суди или прогонува по нивната сексуална ориентација. Тоа е основната дефиниција на апсурдот.rn

    4. Религиозна дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnКако и со векови наназад, така и денес религиозната дискриминација претставува глобален проблем од толкав размер, што често е причина за најразлични конфликти. Со минатогодишните терористички напади во Сан Бернандино и Париз, процентот на криминал и насилство од омраза против муслиманите тројно се зголемил. Според истражувањата, една четвртина од светските религиозни групи се соочуваат со непријателства и неприфаќање во своите држави. Понекогаш, ова се јавува во форма на социјално неприфаќање, но многу влади ставаат забрани и рестрикции на одредени религиозни групи. Општо гледано на сите лимитации на религијата, истражувањата покажале дека околу 39% од земјите имаат високи или многу високи религиозни рестрикции. Тоа значи дека 5,5 милијарди луѓе живеат во општества со овие рестрикции. Религиозната слобода е стандард кој треба да се држи во секое модерно општество и секој треба да има право да биде она што ќе го избере и да живее според она во кое верува или не верува.