КАФЕ ПАУЗА

Tag: домаќинство

  • 7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa замена

    7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa замена

    Понекогаш, кога купувате некои производи, се прашувате дали нивното пакување може да се рециклира, дали производот може да се користи повторно и што е најважно, дали има замена изработена од природни материјали. Ова е важно затоа што многу работи што сте навикнати да ги користите во секојдневниот живот може да се заменат со производи што имаат слични својства, а понекогаш се и покорисни.rn

    1. Чепкалки за уши за повеќекратна употреба наместо за еднократна употреба

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОвие чепкалки за чистење на ушите изгледаат исто како оние за еднократна употреба на кои сте навикнати, но една чепкалка може да се користи околу илјада пати. Врвовите на чепкалките за повеќекратна употреба се изработени од медицински силикон. По употребата, сè што треба да направите е да ги измиете со вода и сапун, а потоа може да ги користите повторно. Силиконските чепкалки не може да ја отстранат водата од увото како памучните чепкалки, но вршат одлична работа кога станува збор за чистењето на ушите.rn

    2. Метални сламки за пијалаци наместо сламки за еднократна употреба

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЛуѓето се навикнати да користат сламки за пијалаци насекаде – и во кафулињата и дома бидејќи се практични и евтини. Но, тие се штетни за животната средина. Сламките од не’рѓосувачки челик може да бидат алтернатива. Тие ќе траат со години и придонесуваат да се намали отпадот од пластика.rn

    3. Забен конец од бамбус наместо конец од вештачки влакна

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЗа разлика од забниот конец од најлон или тефлон, конецот од бамбус почнува да се разградува по 60 до 90 дена. Доволно е само да направите мала дупка во земјата и да го ставите искористениот конец таму. Исто така, бамбусот расте многу брзо и не се потребни многу вода и енергија за да се одгледува и да се направи забен конец од него, отколку што е потребно за производство на истиот конец што е направен од пластика.rn

    4. Кристален дезодоранс наместо обичен дезодоранс

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОва е одлична опција за оние кои бараат еколошка замена за обичниот антиперспирант. Кристалните дезодоранси не ја покриваат кожата со тенок слој и не ги затнуваат потните жлезди бидејќи не треба целосно да го елиминираат производството на пот затоа што тоа е природен процес. Овие производи имаат антимикробно својство и ги убиваат бактериите што предизвикуваат непријатен мирис. Тоа значи дека ќе се потите, но нема да се грижите за мирисот.rn

    5. Метални стапчиња за јадење наместо дрвени

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnАзиската кујна навлегува во нашиот живот и многу луѓе имаат дрвени стапчиња за јадење. Но, секоја година, само во Кина се сечат 3,8 милиони дрвја за да се направат стапчиња за јадење. А, металните стапчиња ќе ви служат многу години без да бараат замена.rn

    6. Природен сапун и шампон во хартиена амбалажа

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЗа да не купувате производи за убавина во пластично пакување, можете да преминете на употреба на цврст сапун и шампон. Разновидноста на опциите драматично се зголеми во последниве години и сега лесно можете да најдете цврст шампон што ќе ви одговара и со неговите состојки и со неговата цена.rn

    7. Ореви за сапуница наместо прашок за перење

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОревите за сапуница се плодови од дрвото Sapindus mukorossi и содржат сапонини (супстанции што формираат пена). Тоа е сосема природна и еколошка замена за прашокот за перење. Тие се хипоалергени (во суштина, тие не се ореви и се погодни дури и за луѓе со алергија на ореви). Една орев може да се користи до 6 пати. Тие немаат мирис и функционираат на која било температура, и во топла и во ладна вода.rnrnПрочитајте колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството.

  • 10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

    10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

    Според едно истражување, највалканото место во домот е кујната, а најлошиот дел е „безопасниот“ сунѓер за садови. Додека се грижите за вашиот удобен дом, најчесто го правите тоа интуитивно, како што се чистењето на прозорците на сончев ден или поставувањето на тоалетната хартија така што хартијата да доаѓа одоздола. Но, некои постапки резултираат со залудно вложен труд или со некои сериозни хигиенски грешки. Во продолжение погледнете кои работи низ куќата ги правите на погрешен начин.rn

    1. Пластични рачки на вратите

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnДенес постојат разновидни импресивни рачки за врати, така што секој може да избере според својот вкус. Но, кога станува збор за материјалите од кои се направени рачките на вратите, навистина е важно да се избере оној што ќе биде најхигиенски.rnrnОние што се изработени од месинг се сметаат за најбезбедни бидејќи овој материјал е добро познат по својата способност за самодезинфекција и ги убива бактериите и вирусите. Не’рѓосувачкиот челик и пластиката се сметаат за најдобриот дом за бактерии.rn

    2. Чистење прозорци на сончев ден

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnЧистењето на прозорците на сончев ден не е многу добра идеја. Подобро е да ја одложите оваа задача за некој мрачен и облачен ден.rnrnИсто како и миењето на вашиот автомобил, чистењето на прозорците најверојатно ќе се претвори во хаос затоа што топлината од сонцето ќе ги исуши прозорците брзо и ќе се појават дамки, па целата ваша напорна работа ќе буде залудна.rn

    3. Ставање на тоалетната хартија „под“ наместо „над“

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnЛуѓето многупати дебатираа за правилното поставување на тоалетната хартија. Анкетите покажуваат дека бројот на обожаватели на позицијата „над“ е поголем од оние на „под“, па дури и пронаоѓачот на ролната тоалетна хартија отсекогаш сугерирал да се поставува така што хартијата ќе се движи над ролната отколку под неа.rnrnОбразложението за ова е дека внатрешната страна на хартијата не доаѓа во контакт со ѕидовите кои се плодна почва за бактерии.rn

    4. Соблекување на чевлите во вашиот дом

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnВообичаено е во многу култури да ги соблечете чевлите пред да влезете во домот. Хигиенската позадина на традицијата да се отстранат чевлите надвор пред да влезете во вашиот дом е едноставна: не ги пренесувате нечистотијата и калта на подовите и на килимите во вашиот дом. Исто така, чевлите се совршен дом за заразни бактерии и со соблекување на чевлите пред да влезете во вашиот дом, вие всушност се заштитувате себеси и членовите на вашето семејство од разни болести.rn

    5. Бришете прашите откако ќе изметете со правосмукалка

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnЗа некои луѓе, ова е логичен редослед. Сепак, подобро е да ја избришете прашината пред да метете со правосмукалка за да можете подоцна да ги исчистите со правосмукалка честичките што лебдат и што паѓаат на подот. Покрај тоа, самото бришење прашина треба да се изврши правилно: почнувате од повисоките површини и се движите надолу кон пониските. На овој начин, прво ќе го отстраните најголемиот дел од прашината и потоа ќе можете да ја соберете останатата прашина со правосмукалка.rn

    6. Движење на четката на правосмукалката само во една насока

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnГлавната грешка што ја правите со правосмукалката е движењето само во една насока или брзото движење напред-назад. Ниту едно од овие движења нема да ви помогне да постигнете најдобри резултати додека чистите.rnrnПрофесионалците за чистење сугерираат да ја движите четката во двете насоки, но со ред: прво, ја движите четката напред и со неа стигнувате до крајот на редот. Потоа се враќате во истиот ред собирајќи ја преостанатата прашина. Користејќи ја оваа техника, можете лесно и ефикасно да ја исчистите целата просторија со правосмукалка.rn

    7. Ги тргате завесите кога надвор е сончево

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnСончевата светлина во вашиот дом може да придонесе да се чувствувате пријатно. Но, УВ-зраците и сончевата светлина ги оштетуваат теписите и мебелот и тие избледуваат. Најлесен начин да го заштитите мебелот е да не биде изложен на директна сончева светлина во вашата куќа. Ако не сакате да го преуредувате вашиот мебел, не тргајте ги завесите или не подигнувајте ги ролетните кога надвор е сончево.rn

    8. Поставување на чергичето пред вратата во погрешна положба

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnЧергичето пред вратата служи како дополнителна бариера што ја спречува нечистотијата да влезе во вашиот дом. Додека го преминувате прагот, многу нечистотија останува на него од вашите чевли. Ако го поставите чергичето по должина, а не по ширина, ќе мора да направите повеќе чекори по него за да стигнете до влезот и на него ќе остане поголемиот дел од нечистотијата.rn

    9. Бришење прашина под вештачки светлина

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnЧестичките прашина полесно се гледаат на природна светлина и веројатно сте го забележале тоа додека гледате во зракот светлина со честички од прашина што „танцуваат“ во него. За да можете да ги видите нечистите области и прецизно да ги исчистите, треба да го правите тоа на природна светлина. Вештачката светлина нема да ви обезбеди јасна слика за валканите површини и можеби ќе треба повторно да бришете прашината откако ќе ги видите резултатите следното утро.rn

    10. Чистење на рамките на прозорецот откако ќе ги исчистите стаклата

    rn10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобенrnrnДодека ги чистите прозорците, треба да знаете дека стаклата на прозорците содржат најмногу нечистотија. Првиот чекор не е чистење на прозорецот, туку отстранување на целата прашина и нечистотија од рамките на прозорецот, а потоа следува чистење на стаклото со средство за чистење. Ако ги направите постапките по обратен редослед, нечистотијата од рамката ќе се залепи на свежо исчистеното стакло и ќе мора да го чистите повторно.rnrnПрочитајте како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи.

  • Со помош на кафето можете да се ослободите од комарците, а откријте и за што друго може да ви помогне

    Со помош на кафето можете да се ослободите од комарците, а откријте и за што друго може да ви помогне

    Љубителите на кафето имаат помал ризик од развој на рак и срцеви заболувања. Некои истражувања сугерираат и дека консумирањето кафе го намалува ризикот од депресија. Сепак, покрај добриот вкус, кафето е исто така корисно во домаќинството.rnrnКафето содржи дитерпени кои можат да бидат токсични за инсектите. Затоа, можете слободно да го користите против комарци, муви и други штетници во вашиот дом. Оставете неколку зрна близу до местото каде што се собираат и по некое време тие повеќе нема да бидат околу вас.rnrnСо помош на кафето можете да се ослободите од комарците, а откријте и за што друго може да ви помогнеrnrnОсвен ова, можете да им дадете живот и на цвеќињата. Кога ќе ставите букет свежи цвеќиња во вашиот дом за да траат подолго, ставете кафе во водата. На некои растенија ова им доаѓа многу добро поради магнезиумот и калиумот што се наоѓа во приготвуваното кафе.rnrnКафето може да го освежи мирисот на вашиот тепих исто како и содата бикарбона. Ставете кафе на тепихот и оставете го преку ноќ. Наутро исчистете го со правосмукалка.rnrnСо кафето исто така можете да ги чистите и вашите садови. Ставете една лажичка кафе на сунѓерот, тријте ги садовите, а потоа измијте ги нормално.rnrnАко имате проблеми со мирисот во чевлите, тогаш ставете кафе, бидејќи тоа содржи азот кој помага да се ослободите од лошите мириси.rnrnВо зима, кафето може да биде одлична замена за солта, па слободно ставејте го на замрзнатата патека.rnrnМожеби ќе сакате да го пробате овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.

  • 8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун

    8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун

    Освен за миење раце, сапунот може да се користи и за други цели во домаќинството. На пример, може да послужи за пополнување на дупките во ѕидот или за полирање на стаклото за да го спречите замаглувањето.rnrn8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун rn

    1. Вметнете магнет во сапунот за да го прицврстите на славината

    rnАко немате сад за сапун, овој трик е идеален за вас. Можете да го прикачите на која било железна површина во бањата со помош на магнет. Направете дупка во средината на сапунот и ставете го магнетот внатре.rn

    2. Исчистете го скршеното стакло

    rnСкршено стакло лесно се собира, но често остануваат мали парчиња што е тешко да се соберат со метла. Овие ситни парчиња може да бидат опасни. Во тој случај, натопете го сапунот и со лизгавиот дел поминете преку површината за да ги соберете остатоците.rn

    3. Подмачкајте ја вратата

    rnЧкрипењето на вратата можете да го решите со обичен тврд сапун. Намачкајте ги деловите што чкрипат со сапун. Отворете ја и затворете ја вратата неколку пати за да го раширите сапунот низ металната површина.rn

    4. Ги брка штетниците што ги уништуваат растенијата

    rnСапунот може да ви помогне да ги спречите штетниците да ги напаѓаат растенијата. Методот е многу едноставен. Користете сапун направен од органски состојки за да не им наштети на растенијата.rnrnВо 1 литар вода измешајте 1 лажица течен сапун и 1 лажица растително масло. Измешајте и испрскајте ги растенијата.rn

    5. Исполирајте го огледалото во бањата за да го спречите замаглувањето

    rnЗемете сапун и внимателно истријте го на огледалото. Не треба да биде дебел слој. Кога ќе завршите, земете мека памучна или микрофибер крпа и полирајте го огледалото додека повторно не стане сјајно.rn

    6. Сапун во плакарот за поубав мирис

    rnИзберете сапун со мирис што ви се допаѓа и оставете го на полицата. Можете и да го завиткате во чиста тенка крпа.rn

    7. Исполирајте ги очилата

    rnАко сакате вашите очила да престанат да се замаглуваат, сапунот е идеално решение. Навлажнете ги очилата со млака вода. Не треба да користите премногу топла вода затоа што стаклото е многу чувствително. Ставете малку сапун на прстите и тријте нежно од двете страни на стаклото. Потоа, добро избришете ги со памучна крпа.rn

    8. Скријте ги дупките во ѕидот

    rnДупките во ѕидот може да бидат многу иритирачки, особено ако ги гледате секој ден. Не ви требаат некои специјални алатки, туку само сапун. Тријте сув сапун преку рабовите на дупките. Потоа, поминете со крпа преку површината за да го отстраните вишокот сапун.rnrnПогледнете ги овие 10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови.

  • Таа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!

    Таа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!

    Еве некои од најдобрите трикови за перење и пеглање што некогаш сте ги чуле, вклучувајќи и трик за поправање на искривениот шешир или враќање на неговата оригинална форма, како и обновување на бојата на избледена облека!rnrnТаа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!rnrnЕден експерт открива 7 одлични трикови кои може да ги примените при перење!rn

    1. Како алиштата да не се гужваат

    rnСтавете неколку коцки мраз во сушарата за облека и вклучете ја на средна програма околу 15 минути. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа што ќе ги неутрализира сите набори на облеката.rn

    2. Вратете ја формата на деформираниот шешир

    rnСтавете водата да зоврие во помало тенџере, а потоа намалете ја температурата и ставете го шеширот како капак. Пареата ќе ја врати неговата првобитна форма! Се разбира, внимавајте рабовите на шеширот да не ја допираат ринглата и шеширот да не пропадне во водата. Проверете дали дијаметарот на шеширот одговара на дијаметарот на тенџерето.rn

    3. Солта ја враќа избледената боја

    rnДодајте 150 г сол во машината и исперете ги алиштата на вообичаен начин. Овој метод ѝ ја враќа бојата на избледената облека, но исто така, спречува и другите алишта да ја изгубат својата оригинална боја.rnrnОва е сосема безбеден метод и можете да го користите секојпат кога перете, но не користете крупна морска сол. Покрај бојата, солта ќе се погрижи и за дамките, особено од пот, слуз или крв.rnrnДамки од крв се отстрануваат со хидроген, а дамките од пенкало со млеко.rn

    4. Јаката од кошулата испеглана како под конец

    rnДури и кога е убаво пеглана, јаката на кошулата не секогаш изгледа совршено. Пеглата за коса тогаш може да ви дојде при рака во овој случај. Само внимавајте кошулата да не ја изложувате предолго на топлината од пеглата за коса за да не ја запалите ткаенината.rn

    5. Вратете ѝ ја оригиналната големина на памучната облека што е смалена

    rnПамукот е најлесно да се врати во првобитната големина, а сè што ви треба е шампон за бебиња. Потопете ја смалената облека во сад во млака вода и додадете 2 лажици шампон за бебиња. Оставете ја облеката да отстои половина час.rnrnСтавете го секое парче облека директно на пешкир, а потоа завиткајте го додека облеката е сè уште влажна. Потоа, внимателно одвиткајте го парчето облека и оставете ја да отстои додека не се исуши. Така би требало да се врати во првобитната големина.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?rn

  • 10 трикови за употреба на брашното

    10 трикови за употреба на брашното

    Покрај за приготвување леб и колачи, брашното ќе ви послужи и за задебелување на кремастите сосови и чорби. Секогаш е корисно да ја имате оваа намирница дома, не само за готвење, туку и затоа што може да ви го олесни чистењето. Погледнете за што можете да го користите брашното.rnrn10 трикови за употреба на брашното rn

    1. Служи како сув шампон

    rnМожете да искористите малку брашно за да го апсорбирате вишокот мрснотии од косата. Пред тоа, важно е да го просеете брашното бидејќи тоа ќе ви помогне да го нанесете рамномерно. Ставете брашно во коренот на косата со мека четка за шминка и оставете го да отстои 30 минути, а потоа истресете го или исчешлајте ја косата. Најдобро е овој третман да го правите во када за да не направите хаос во бањата. Брашното ќе ги апсорбира мрснотиите од косата и таа ќе изгледа многу посвежо.rn

    2. Помош против мозолчиња

    rnЗа побрзо да се ослободите од мозолчињата, измешајте малку брашно и мед. Ставете ја смесата на мозолчето, покријте ја со фластер и оставете да дејствува преку ноќ. Наутро мозолчето треба да биде многу помало благодарение на смирувачкото дејство на медот и на брашното.rn

    3. За зрело авокадо

    rnАко имате авокадо кое сè уште не е зрело, можете да користите брашно за да го забрзате процесот на зреење. Ставете го авокадото во хартиена кеса, покријте го со брашно и оставете го да отстои еден ден. Потоа авокадото треба да биде зрело за јадење.rn

    4. Против мравки

    rnПознато е дека солта ги одвраќа мравките, а сличен ефект има и брашното. Ако забележите мравки низ домот, посипете ја таа областа со брашно. Мравките не ја сакаат прашкастата структура, ниту вкусот на брашното, така што тие ќе го избегнуваат тој дел од домот.rn

    5. Против мрснотии

    rnПосипете брашно над истуреното масло и ќе ви биде полесно да го отстраните. Само внимавајте да не го правите тоа со голи раце ако маслото е сè уште жешко.rn

    6. Одлично за обликување

    rnБрашното не е само практично, туку може да биде и забавно. За да добиете тесто за обликување слично на пластелин, измешајте осум чаши брашно со една чаша бебешко масло. Можеби ќе се забележува дека смесата е од брашно, но можете да ја обликувате како што сакате.rn

    7. Направете домашен лепак

    rnИзмешајте брашно и вода во еднакви размери и мешајте додека не се изедначи. Смесата треба да биде како за палачинки. Турете ја во тенџере и загревајте на средна температура. Постојано мешајте додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето и оставете ја смесата да се излади. Чувајте ја во херметички затворен сад и нанесувајте ја со четка.rn

    8. Исчистете го бакарот

    rnИзмешајте брашно и сол во еднакви размери и додајте доволно оцет за да формирате паста. Нанесете ја пастата на површината на бакарот и оставете ја да отстои додека не се исуши. Измијте го предметот со топла вода и тој ќе биде сјаен и чист.rn

    9. Освежете ги картите

    rnСтариот шпил карти можете да ги освежите со брашно. Ставете ги картите во торба полна со брашно, затворете ги и добро протресете за да ги покриете сите карти. Брашното ќе ги апсорбира нечистотиите како што се влагата и мрснотиите и потоа ќе ви биде полесно да ги отстраните со чиста и сува крпа.rn

    10. За сјај на садовите

    rnОткако ќе ги исчистите уредите од нерѓосувачки челик, можете да употребите малку брашно за да ги исполирате. Посипете малку брашно на чиста сува крпа и исчистете ги уредите за да заблескаат.rnrnПрочитајте и кои се 12-те необични примени на активниот јаглен.

  • Во кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?

    Во кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?

    Можеби сте го намалиле внесот на шеќер или целосно сте се откажале со надеж дека ќе имате поздраво срце или дека ќе го намалите ризикот од дијабетес. Но, не исфрлајте го целосно од домаќинството бидејќи можете да го користите на многу начини.rnrnВо кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?rn

    Пилинг за тело

    rnОвој пилинг не може да биде поедноставен, а резултатот е мазна кожа. Само измешајте малку кокосово масло со грст шеќер и истријте го телото.rn

    Испукани усни

    rnИстиот пилинг можете да го користите и за усните. Само немојте да триете многу силно, а по пилингот нанесете балсам за усни.rn

    Груби лакти

    rnСтавете малку шеќер на половина лимон и истријте ги грубите делови како што се лактите. Шеќерот е природен ексфолијант поради неговата грануларна форма, но е и извор на гликолна киселина која го изедначува тенот на кожата и ги отстранува мртвите клетки.rn

    Отстранете ја мрснотијата

    rnШеќерот е одличен сојузник во борбата против мрснотиите. Ако работевте во градината, во гаражата или во кујната, измијте ги рацете со сапун и со малку шеќер за да ја отстраните мрснотијата од вашите дланки.rn

    Нахранете ги растенијата

    rnРастенијата сакаат глукоза исто како и ние. Измешајте три лажички шеќер со две лажички оцет и додајте ги во вазната со вода. Оцетот ќе го спречи развојот на бактериите, а шеќерот ќе го зацврсти растението и ќе им помогне на цвеќињата да останат живи подолго.rn

    Смирете го пожарот во устата

    rnЈадевте нешто луто и сега се каете. Млекото не е единствениот начин за ублажување на пожарот во устата. Ставете малку шеќер на јазикот за да ја ублажите лутината.rn

    Дамки од кармин

    rnАко дамката од кармин не исчезнала при перењето, следниот пат нанесете паста од шеќер и вода. Оставете ја пастата да стои еден час и потоа исплакнете со вода.rn

    Исчистете ја мелницата за кафе

    rnНе можете да се откажете од добрата, стара мелница за кафе. Ако ја исчистите со шеќер, таа ќе работи подолго и подобро. Исто така, шеќерот ќе го апсорбира мирисот од остатоците од зрната кафе и од зачините што сте ги мелете.rn

    Спречува мувлосување на сирењето

    rnЧувајте го сирењето во херметички затворен сад во кој ќе ставите коцка шеќер.rnrnАко сте се откажале од белиот шеќер и како замена користите кафеав, тогаш прочитајте ги овие вистини и митови за кафеавиот шеќер.

  • 13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаеле

    13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаеле

    Ако имате старо вино дома, постојат многу начини на коишто можете да го искористите. Можете да го употребите за одржување на хигиената во домот, или за разни изработки. Погледнете некои од најизненадувачките примени на виното.rn

    1. Направете си водени бои

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnСите знаеме дека црвеното вино може да остави навистина лоши дамки, па зошто да не го употребите ова во ваша корист? Виното можете да го користите како водена боја. Интересно е што со текот на времето, во зависност од количеството вино што сте го употребиле, тоа ќе почне да ја менува бојата. Вашата слика може да се менува пред вашите очи.rn

    2. Оживејте го акумулаторот на автомобилот

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnАко имате проблеми со вашиот акумулатор, малку црвено вино ќе ви помогне да го наполните. Бидејќи виното е кисело, им дозволува на електроните да се движат слободно помеѓу позитивните и негативните терминали, со ова давајќи му енергија на автомобилот.rn

    3. Маринирајте го месото

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnСтарото вино можете да го употребите за да го омекнете или да го маринирате месото. Сè што треба да направите е да го поставите месото во затворена кеса, и зготвеното месо ќе има сочна и мека текстура.rn

    4. Направете боја за платно

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnЗамислете си дека ви се истурила чаша вино. Можете да направите сè за да ја исчистите дамката, или да ја прифатите и целото парче да го направите таква боја.rn

    5. Омекнете ја кожата

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnВиното може да ѝ помогне на вашата кожа доколку го нанесете надворешно. Можете да нанесете само вино, или да направите некаква маска. Антиоксидансите во овој пијалак ќе ја зголемат еластичноста на вашата кожа.rn

    6. Исчистете ги овошјето и зеленчукот

    rn13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаелеrnrnЦрвеното вино можете да го употребувате и за чистење овошје и зеленчук. Една состојка во него ги убива бактериите кои предизвикуваат болести, како салмонела и ешерихија коли.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?

    Колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?

    Како и сè останато во светот, така и апаратите за домаќинство и белата техника имаат свој одреден „животен век“, после кој се расипуваат или губат од квалитетот. Сигурно во текот на животот сте сведочеле на расипување на стар шпорет или фрижидер, а можеби и сте се запрашале дали овие апарати може да се користат додека целосно не откажат или пак треба на одреден временски период да се заменуваат со нови и помодерни.rnrnКолкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?rnrnТака, во просек, фрижидерите траат меѓу 14 и 27 години, замрзнувачите меѓу 12 и 20 години, шпоретите од 12 до 17 години, машината за садови околу 11 години, а микробрановата печка меѓу 7 и 9 години.rn

    Зошто старите апарати треба да се заменуваат со нови?

    rnНовите технологии често носат и сосема нови еколошки и штедливи стандарди. Можеби вашиот стар шпорет добро ве служи, но помислете на заштедата на енергија доколку купите нов, произведен според актуелните стандарди. Истото можете да го направите и со стариот фрижидер кој работи на фреон, со понов штедлив модел.rnrnКолкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?rn

    Како да го извадите максимумот од нивниот „животен век“?

    rnЗа фрижидерите и замрзнувачите најважно е секогаш да се добро затворени и што поисполнети, за да може да се одржува ниската температура без загуба на енергија. Рерната и ринглите мора да се одржуваат чисти, а машината за садови треба да ја пуштате почесто, на секои 2-3 дена, инаку би се расипала сама по себе. Микробрановите печки користете ги само за загревање, но не и за готвење. На овој начин можете подолг период да ги користите апаратите и да ги одржите во исправна состојба.rnrnПогледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да ги имате.

  • 19 работи од домаќинството за кои не знаевте дека имаат рок на траење

    19 работи од домаќинството за кои не знаевте дека имаат рок на траење

    Ние секогаш се сеќаваме да го провериме датумот на истекување на млекото, и знаеме колку долго можеме да ги користиме нашите производи за убавина. За жал, воопшто не обрнуваме внимание на предметите во нашата куќа кои нè опкружуваат повеќе отколку што треба. Токму поради тоа, ве советуваме да започнете да ги проверувате датумите на истекување на одредени работи… и не само на работите од вашиот фрижидер!rnrnrn

    СПАЛНА СОБА

    rn

    Перници (од 2 до 3 години)

    rnСо текот на времето, перниците од кој било вид започнуваат да стануваат дом на прашина и паразити и може да предизвикаат голем број проблеми, започнувајќи од болки во вратот, па сè до неизбежно губење на формата.rn

    Домашни папучи (6 месеци)

    rnДомашните папучи се совршена животна средина за ширење габични инфекции. Затоа, тие треба соодветно да се чистат и перат, што е можно повеќе или пак, да се менуваат на секои 6 месеци.rn

    БАЊА

    rn

    Сунѓер (2 месеци) и луфа (6 месеци)

    rnВо сунѓерите и луфите за капење со тек на време започнуваат да растат габички и мувла. Природните и синтетичките луфи можете да ги вриете во жешка вода за да ги убиете бактериите кои би можеле да растат со цел да се заштитите себеси од несакани инфекции.rn

    Пешкири (од 1 до 3 години)

    rnМокрите пешкири се совршена животна средина за растење на бактериите. Дури и константното перење не е решение за овој проблем, па најдобро би било да ги смените во истиот момент кога ќе забележите дека нивната текстура се менува.rn

    Четка за заби (3 месеци)

    rnСекако, четката за заби треба да се промени кога влакната ќе започнат да паѓаат. Но, исто така треба да купите нова четка за заби откако сте имале настинка или грип, инаку ризикувате да се заразите повторно.rn

    Хидроген пероксид (од 2 до 12 месеци)

    rnОткако ќе го отворите шишето, хидрогенот пероксид се претвора во регуларна вода во текот на 2 месеци. Неотворено шише со хидроген пероксид не би требало да го чувате подолго од година дена.rnrnWoman using sponge in bubble bathrn

    БИРО ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ

    rn

    Чешел (1 година)

    rnЧешелот и четката за коса би требало да се чистат еднаш неделно и да се менуваат секоја година. Доколку е четка за коса со природни животински влакна, тогаш би требало да се менува на секои 7 до 10 месеци.rn

    Парфеми, колонска вода, тоалетна вода (од 1 до 4 години)

    rnПарфемите и колонската вода кои содржат есенцијални масла траат до 3 години кога се чуваат затворени и до 2 години кога се чуваат отворени. Тоалетната вода може да се чува до 4 години кога се чува затворена и до 2 години кога се чува отворена.rn

    ПРОИЗВОДИ ЗА БЕБИЊА

    rn

    Цуцла за бебе (од 2 до 5 недели)

    rnЦуцлите направени од латекс треба да бидат менувани без разлика на тоа колку долго се користени или кому припаѓаат. Латексот многу лесно се крши и пука и може да започнат да растат габички.rn

    Детски седишта за во автомобил

    rnСо тек на време пластиката и пената се влошуваат, односно седиштето го губи својот облик и не е во состојба да го штити детето. Секогаш е подобро да купите ново седиште за деца за во автомобилот отколку да земете на старо.rnrn3-19-raboti-od-domakjinstvoto-za-koi-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-www.kafepauza.mk_rn

    ОБЛЕКА

    rn

    Градник (од 1 до 2 години)

    rnОткако вашиот градник ќе ја изгуби формата, еластичноста, ќе стане голем или мал, или пак неудобен, фрлете го во ѓубре без никакво каење.rn

    Патики за трчање (1 година)

    rnОткако ќе истрчате 400-450 километри, вашите патики започнуваат да ја губат удобноста, што значи повеќе стрес на вашите зглобови.rn

    КУЈНА

    rn

    Зачини (од 1 до 3 години)

    rnЗачините го губат својот вкус и мирис со текот на времето. Теренските зачини не треба да се чуваат подолго од 6 месеци.rn

    Брашно (од 6 до 12 месеци)

    rnБрашното со основен квалитет може да се чува до 6 месеци. Брашното со висок квалитет може да се чува до 12 месеци.rnrn4-19-raboti-od-domakjinstvoto-za-koi-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-www.kafepauza.mk_rn

    ПОДРУМ

    rn

    Противпожарен апарат (15 години)

    rnАко има некоја штета на вашиот противпожарен апарат, како што е пукнатина на цревото, најдобро би било да го однесете на сервис што е можно побрзо.rn

    Штекери за струја (од 1 до 2 години)

    rnСекој штекер има одреден капацитет. Ако го надминете, тој ќе започне да се однесува лошо и може да предизвика сериозни проблеми.rn

    Средства за дезинфекција (3 месеци)

    rnПо овој период, средствата за дезинфекција започнуваат да ја губат својата ефикасност.rn

    Спреј против комарци (2 години)

    rnПо 2 години, спрејот против комарци станува бескорисен.