КАФЕ ПАУЗА

Tag: доказ

  • Доказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

    Доказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

    Стареењето е природен животен процес низ кој поминува секое живо суштество. За некои луѓе тоа претставува доказ дека успеале максимално да ја искористат младоста, додека за други претставува нешто што би сакале да го спречат по секоја цена. Тимот на популарниот медиум „Daily Mail“ тврди дека кога станува збор за стареењето на жените, за ќерките, многу е веројатно дека кога ќе остарат тие ќе изгледаат како нивните мајки. За да ги докаже своите тврдења, тимот дигитално ги споил лицата на 5 парови мајки и ќерки, а резултатите биле многу интересни. Во продолжение погледнете ги овие фотографии кои докажуваат дека сите ќерки се всушност нивните мајки кога тие биле млади.rn

    1. Сара (62) и нејзината ќерка Клеми (30)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    2. Џоси (48) и нејзината ќерка Џоди (24)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    3. Ронда (45) и нејзината ќерка Дарси (15)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    4. Франсес (83) и нејзината ќерка Тинека (57)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    5. Естер (73) и нејзината ќерка Венди (43)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

  • Читај помеѓу редови: Ова се пораките кои ги испраќа заљубениот маж!

    Читај помеѓу редови: Ова се пораките кои ги испраќа заљубениот маж!

    Љубовта не може да ја разберете доколку не ја доживеете. Можеби мислите дека знаете што е вистинска љубов или пак дека вашата сегашната врска е она вистинското, а по неколку години ќе сфатите дека тоа било само страст. Бидете сигурни – кога е вистинската љубов во прашање, тоа е повеќе од страст. Знаците дека тој се грижи за вас и дека е заљубен во вас се тука, само треба да ги дешифрирате. Ако ги држите очите широко отворени, особено кога станува збор за СМС-пораките, може да наидете на одредени знаци кои покажуваат дека тој е заљубен во вас.rnrnchitaj-pomegju-redovi-ova-se-porakite-koi-gi-isprakja-zaljubeniot-mazh-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Многу сум горд на тебе.“

    rnГордоста е продукт на љубовта. Ако нешто нè прави горди, тогаш постои шанса таму да постои чувство на љубов. Размислете за тоа. Гордоста значи чувство на задоволство поради нечии (или сопствени) постигнувања. Затоа, ако мажот е горд поради достигнувањата на својата поубава половина, тој смета дека нејзините достигнувања се и негови.rn

    2. „Имам планови за совршен викенд со тебе.“

    rnДа бидеме реални тука. Неговите совршено испланирани активности (дневни и ноќни) се силен знак за љубов. Ако тој претходно смислувал совршен план за да ве види, тој маж сигурно не смислува стратегија како да ве однесе во кревет (или одеднаш да исчезне без трага).rnrnВо случај ако вашето момче има амбициозни планови, бидете сигурни дека тој има намера да остане долго со вас, во сериозна врска.rn

    3. Ненадејни „Ми недостигаш/Те сакам“ пораки

    rnЕдна ненадејна „ми недостигаш“ порака преку ден е вистински погодок. Овој вид порака покажува дека вашиот маж размислува за вас преку целиот ден, без разлика каде се наоѓа. Ако вашето момче постојано ви кажува дека му недостигате тоа е најверојатно бидејќи постојано сте му во мислите.rn

    4. „Дали јадеше?“

    rnЗа неискусните, ова ќе биде само обична порака. Но, погледнете подлабоко и ќе сфатите за што станува збор. Ако вашето момче постојано ви праќа вакви пораки, тоа може да биде знак на љубов. Мажот како посилен пол секогаш има потреба да ја заштити својата поубава половина. Токму затоа оваа порака е негов начин да покаже дека сака да обезбеди сè за вас – на истиот начин како што мајката ги храни своите мали.rn

    5. „Не мора да одиш во теретана!“

    rnСо оваа порака вашиот маж ви докажува дека ве посакува (и сака) таква каква што сте. Секако и двете страни треба да се грижат за своите физички активности, исхраната и животниот стил. Но, кога мажот е заљубен, сите тие работи стануваат потполно небитни.rnrn2-chitaj-pomegju-redovi-ova-se-porakite-koi-gi-isprakja-zaljubeniot-mazh-www.kafepauza.mk_rn

    6. „Го гледам овој филм/Ја читам оваа книга/ Ја слушам оваа песна – и тоа ме потсетува на тебе.“

    rnШтом ќе се заљубите, сите работи кои ќе ви се случуваат или кои ќе ги работите во текот на денот ќе ве потсетуваат на личноста која ја сакате. Ако вашиот маж ви праќа порака во текот на денот за да ве извести за разните работи кои го потсетуваат на вас, тука станува збор за љубов.rnrnОсобено ако добивате незадолжителни, смешни, искрени пораки, кои сака да ги сподели со вас (немојте да ги сметате за глупави, безвредни и досадни!).rn

    7. Пораките кои во себе го содржат зборот „гушкање“

    rnСите зборови кои се синоними за гушкање претставуваат универзален код за љубов, која не е поттикната само од желбата и страста. Ако вашето момче ве повикува да се гушкате, постои голема шанса да чувствува големи и силни емоции за вас и дека ужива во вашето друштво и средби, кои не вклучуваат само секс.rn

    8. „Ајде да останеме вечерва дома. Сами!“

    rnНишто не го открива мажот повеќе од оваа порака. Ако вам не ви смета што вашиот социјален живот и излегувања се намалуваат, најверојатно постои добра причина. Едноставно, ако вашиот маж сака да остане со вас дома во петок навечер, тоа значи дека сте станале негов приоритет. Тој го цени времето поминато со вас и тоа му е најважно.rn

    9. „Би сакал да си сега тука со мене.“

    rnАко добиете ваква порака од вашето момче, кое сака да помине време со вас (сега) најверојатно е заљубен во вас. Љубовта има моќ да го контролира умот кој вели „би сакал да си сега со мене“, што покажува дека неговите мисли се свртени кон вас.rn

    10. „Мојата мајка сака да те запознае.“

    rnКога мајките ќе се вклучат, тогаш бидете сигурни дека љубовта постои. Мажите никогаш непотребно не им ги кажуваат тие работи на своите мајки. Па, доколку дошло време за да се запознаат двете најважни жени во неговиот живот, тогаш тој маж гледа иднина во вашата врска.

  • Сакате рифреш или старт овер аген?

    Сакате рифреш или старт овер аген?

    Во последно време ме мачи прашањето, зошто луѓето толку очајно сакаат да ги повторат врските кои еднаш им пропаднале? Зошто би сакале да си ја повториме несреќата? Зошто повторно би го направиле истиот избор знаејќи дека е погрешен? И дали постои љубовна одмазда?rnrnВсушност, станува збор за ситуацијата, кога на пример, твојот бивши ќе ти заѕвони на телефон и ќе те повика на кафе. Како, зошто, од каде, која е целта, за што би правеле муабет? Работите завршиле така гадно помеѓу вас, повеќе од година дена збор не сте си рекле, еден ден телефонот ѕвони, бројот од негде ти е познат, ама не ти текнува од каде, слушаш познат глас и… „Кога си слободна да пиеме кафе?“ Да пиеме кафе? Во смисла да си направиме муабет? Шо прајш, како си, што има ново, како ти е животот откако во последниот разговор и двајцата се отеравме… на едно лошо место. Само прашалници ми се вртат во глава. Која е целта??Сакате рифреш или старт овер аген?Ама не е така сложено. Ако добро размислиш си има причина. Си го навраќам филмот. Многу разговори, дискусии за љубовните врски, со пријателки, познаници, раскажани случки… Чекај малку, па тоа е љубовна одмазда. Сега ќе ви објаснам, а откако ќе сфатите што мислам, ќе ви стане јасно како бел ден… дека и вие сте ја доживеале, секој ја доживеал!rnrnДвајца се во врска, едниот гадно го повредува другиот, егото на повредениот е фатено со рака, фрлено на улица и згазнато неколку пати. Што прави повредениот? Чека извесен период, крева слушалка, или наоѓа друг начин да ти се приближи, пробува некако да направи да се сретнете на само, па да започнете некаков однос, нешто можеби слично на врска, демек да пробаме пак, ама сè со цел за овој пат, тој/таа да биде онаа страна која остава и повредува. Да, остава и повредува, активен извршител, а не трпител на дејството.rnrnНема врска машко его или женско его, ваквиот нагон за одмазда еднакво го поседуваат и двете страни. И не е само во љубовта, туку речиси за сè во животот. Луѓето сакаат да го кажат последниот збор, да си ја олеснат душата, да го одмаздат повреденото срце, да кажат дека на крај тие се оние кои најслатко се смеат.rnrnНели е глупаво да губиме време планирајќи одмазда? Што докажуваме со кроењето план за одмазда? Дека сè уште не сме ја заборавиле и преболеле личноста и дека уште ни е главна тема на размислување. Љубовната одмазда се состои од две поенти: или пробува да ти се одмазди, или сака да ти докаже дека те преболел/ла и прекрасно му е/ѝ е во животот без тебе… а најверојатно и двете. Јасна да ни биде оваа вистина: Човек кој навистина е среќен и успешен, нема да се труди од петни жили да го докаже тоа. Така што, при секој обид за ваква одмазда, се докажува спротивното од она што сме сакале да го докажеме. Плус, таа одмазда, никогаш, ама НИКОГАШ не успева. Можеш само да завршиш поповреден/а од претходно.rnrnНели едноставно треба да ги оставиме работите да си течат онака како што си течат? Да си продолжиме со животот? Прво не ми беше ни на крај памет да пишувам на темава, си мислев оваа глупост не може да биде толку честа, сè додека не сфатив дека љубовната одмазда му се случила буквално секому. Или сте пробале да ја извршите, или некој пробал да ви се одмазди вам.rnrnНема рифреш опција во реалниот живот, не сме програмирани како компјутерите. Никогаш не сум верувала во поправањето на нешто што еднаш се скршило, секогаш ќе ја гледаш залепената пукнатина и ќе те потсеќа на едно нешто: ова еднаш се распука, кој гарантира дека нема да се случи пак? Затоа станав отпорна на такви глупости. Никогаш не сум гледала поента ни во одмаздувањето, ниту пак во пробувањето да успее пак нешто што еднаш дошло да степен за нигде.rnrnДа тапкаме во место и да повторуваме грешки? Да си го потрошиме животот во одмазда или во докажување некому нешто? Е не, не е баш некој сјаен избор!rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемите нерешени мистерии во светот

    Најголемите нерешени мистерии во светот

    Секојдневно се појавуваат милиони навидум мистериозни случувања за кои многу брзо се открива што точно стои зад нив. Но, постојат неколку добро познати нерешени мистерии кои и по многу години, сепак сè уште ги мачат и најголемите умови на светот. Никој не може со сигурност да тврди како точно биле градени пирамидите, зошто биле цртани линиите во Наска или пак, дали Неси навистина живее во езерото Лох Нес. Сè додека не се појават цврсти докази и факти за нивното (не)постоење, останува на вас да одлучите во која теорија ќе верувате.rn
    rn

    Бигфут (Големото стапало)

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотБигфут е најпознат по плашењето на планинарите и ловците во Северна Америка. Оние кои тврдат дека го виделе го опишуваат како суштество со висина од 2,3 метри кое многу наликува на мајмун, но оди исправено како човек. Научниците не веруваат дека нешто олку големо би можело да остане толку долго скриено, но сепак не можат со сигурност да тврдат во спротивното.rn
    rn

    Чудовиштето од Лох Нес

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотДобро познатата Неси е мистерија која за прв пат се појавила во 1933 година. Таа наводно живее во езерото Лох Нес кое се наоѓа во Шкотска. Се верува дека Неси е праисториско суштество. Научниците сè уште не успеале да најдат цврсти докази за нејзиното постоење, но поголемиот дел од населението околу езерото, тврди дека барем еднаш ја виделе со свои очи.rn
    rn

    Изгубениот град Атлантида

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотЗа изгубениот град Атлантида прв пат се дознало од Платон, кој пред 2.400 години тврдел дека е остров на кој живеело неверојатно напредно општество. Според легендата се верува дека целиот остров потонал после земјотрес и подоцна станал подводно кралство заштитено од сирените. Каде точно се наоѓал овој град и дали воопшто постоел е сè уште непознато.rn
    rn

    Пирамидите во Египет

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотПирамидите во Египет се можеби најголемата загатка со која досега човекот се сретнал. Тие се стари околу 5.000 години. Најголемата пирамида е висока колку зграда од 40 спрата и покрива површина на која би можеле да се сместат 10 фудбалски игралишта. За нејзина изградба биле употребени повеќе од 2 милиони камени блокови, а секој од нив тежи од 2 до 5 тона. Научниците сметаат дека за ваков вид на градба во тоа време би биле потребни околу 400.000 работници и 20 години за да се заврши.rn
    rn

    Храмот на Маите

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотМаите се цивилизација која ја следат многу мистерии кои можеби никогаш нема да можат да бидат откриени. Голем дел од нивната култура е изгубена со времето. Во последно време најактуелна мистерија е нивниот календар кој исплаши голем дел од археолозите. Дел од нив веруваат дека календарот го предвидува крајот на светот во 2012 година, додека пак останатите веруваат дека се работи за нецелосни записи и погрешно толкување на оние кои се пронајдени.rn
    rn

    Империјата на Инките

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотМоќната Империја на Инките владеела во периодот помеѓу 1200 и 1535 година во Јужна Америка. Нивниот модерен град се наоѓал на врвот на стрмна и тешко пристапна планина, денес познат како Мачу Пикчу, во Перу. Овој град бил единствен во тоа време кој имал одводни системи и канали низ кои се протегале нивните жита. Создавањето на градот како и исчезнување на цела цивилизација е сè уште мистерија.rn
    rn

    Линиите во Наска

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотОвие линии опфаќаат површина од околу 500 километри квадратни во јужната пустина на Перу. Мистериозните форми кои се исцртани на земјата се постари од 2.000 години. Некои научници сметаат дека народот од Наска цртал пораки за вонземјаните, додека пак друга теорија вели дека цртежите се сосема случајно произлезени од канали со кои се пренесувала вода.rn
    rn

    Бермудскиот триаголник

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотБермудскиот триаголник се смета како одговорен за многу исчезнувања. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе кои никогаш не биле пронајдени. Многу луѓе веруваат во натприродни објаснувања. Научниците немаат цврсти докази за мистериозните случувања во оваа област, но досега најмногу ветува теоријата за силното магнетно влијание која ги „збунува“ инструментите и создава необични временски појави.rn
    rn

    Експлозијата во Тунгуска

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотЕксплозијата во Тунгуска, Русија настанала во периодот околу 7:14 на 30 Јуни 1908 година. До ден денес сè уште не се знае што била причината за експлозијата која срамнила со земја 80 милиони дрвја распространети на површина од 2.150 километри квадратни. Дел од локалното население верува дека станува збор за црна дупка или НЛО. Но, голем број научници веруваат дека експлозијата настанала како последица од метеор кој паднал и покрај тоа што немало никаков запис за него.rn
    rn

    Стоунхенџ

    rnНајголемите нерешени мистерии во светотКако точно биле донесени овие камени блокови и со која цел биле поставени токму на тоа место сè уште е мистерија која можеби никогаш нема да биде откриена. Се верува дека оваа градба датира од пред 5.000 години и до сега најлогично објаснување според научниците е дека била употребувана за разни видови церемонии.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Напуштените бункери од Втора светска војна

    Напуштените бункери од Втора светска војна

    Оваа серија фотографии е направена од Џонатан Ендрју, кој патувал низ Европа за да документира напуштени воени бункери од Втората светска војна. Овие бункери се наоѓаат во Холандија, Франција и Белгија. Тие се обоени со графити и се оставени да скапуваат, но нивната бетонска основа останува како доказ за историјата која пополека избледува. Фотографиите истовремено создаваат чувства на опседнатост и спокојство, потсетувајќи на тешкиот период од минатиот век.rnНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војнаНапуштените бункери од Втора светска војна

  • Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rn

    Реагирање на вашиот неправеден шеф

    rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn

      rn011

    • Праќаат имејл со лични напади
    • rn011

    • Комуницираат со сарказам или задевање
    • rn011

    • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
    • rn011

    • Ги игнорираат вработените
    • rn

    rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn

      rn011

    • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
    • rn011

    • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
    • rn011

    • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
    • rn

    rnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rn

    Пријавување на неправеден шеф

    rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn

      rn011

    • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
    • rn011

    • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
    • rn011

    • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
    • rn011

    • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
    • rn

    rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrnСправете се со вашиот неправеден шеф