КАФЕ ПАУЗА

Tag: цртани филмови

  • Интересни факти за филмовите

    Интересни факти за филмовите

    Дали знаевте зошто сериите уште се нарекуваат „сапуници“ и кој е најгледаниот сериски филм? Интересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Во оригиналната верзија, чевличката на Пепелашка не била направена од стакло, туку од крзно.
    • rn011

    • Мапет шоуто било забрането во Саудиска Арабија затоа што еден од ликовите бил свиња.
    • rn011

    • Во серијата „Симпсонови“, Хомер, Марџ, Лиса и Маги ги добиле имињата според мајката, таткото и двете сестри на творецот на оваа серија.
    • rn011

    • Душко Долгоушко за првпат се појавил во 1935 година. Тогаш се викал Среќниот Зајак.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Дизниленд за првпат бил отворен во 1955 година.
    • rn011

    • Во периодот помеѓу 1931 и 1969 година, Волт Дизни освоил 35 Оскари.
    • rn011

    • Првиот долгометражен цртан филм кој излегол од студиото на Дизни бил „Снежана и седумте џуџиња“ (1937 година).
    • rn011

    • Мики Маус во Италија е познат како Тополино.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Бендот „Дјуран Дјуран“ го добил своето име според астронаутот во филмот на Џејн Фонда од 1968 година, „Барбарела“.
    • rn011

    • Песната „Среќен роденден“ била првата песна изведена во вселената од страна на екипажот на Аполо 9, на 8 март 1969 година.
    • rn011

    • Мајката на актерката Мелани Грифит, Типи Хендрен, се прослави играјќи ја главната улога во филмот на Алфред Хичкок, „Птици“.
    • rn011

    • Во филмот на Хичкок, „Психо“, наместо крв бил користен чоколаден сируп. Фамозната сцена со тушот трае 45 секунди, а била снимана 7 дена.
    • rn011

    • Најчестата историска личност портретирана во филмовите е ликот на Наполеон Бонапарта, за кој се снимени 194 филма. По него следуваат Исус Христос со 152 и Абрахам Линколн со 137 филма.
    • rn011

    • Најдолгиот говор за доделувањето на Оскарите траел 5 минути и 30 секунди. Го држел Грир Гарсон за филмот од 1942 „Госпоѓа Минивер“.
    • rn011

    • Првата холивудска актерка која добила 1 милион долари за една слика била Елизабет Тејлор за сликата на Клеопатра.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Сериите познати како „сапунски опери“ или „сапуници“ биле наречени така затоа што биле наменети за рекламирање сапун во вид на прашок.
    • rn011

    • Најпопуларната телевизиска серија е „Чувари на плажата“.
    • rn011

    • Првобитно, Кортни Кокс била предвидена да го глуми ликот на Рејчел во серијата „Пријатели“, но откако го прочитала сценариото, таа сама побарала да ја глуми Моника.
    • rn011

    • Освен „Пријатели“, други можни наслови за оваа серија биле „Пријатели како нас“, „Шест како еден“ и „Преку ходникот“.
    • rn011

    • Пред да започне снимањето на „Пријатели“, било предвидено централниот настан да биде љубовта меѓу Џои и Моника.
    • rn011

    • Гантер, келнерот од кафулето Central Perk, немал име сè до средината на втората сезона.
    • rn011

    • Најавната шпица во која актерите танцуваат во фонтаната била снимена во 4 часот наутро.
    • rn011

    • Последната епизода на „Пријатели“ била снимена на 6 мај 2004 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Првиот филмски бакнеж се случил помеѓу Меј Ирвин и Џон Ројс во 1896 година, во филмот „Вдовицата Џоунс“.
    • rn011

    • Кинг Конг“ е единствениот филм кој добил продолжение истата година (1933), кога првпат се нашол на репертоарот на светските кино-сали. Продолжението на „Кинг Конг“ се вика „Синот на Конг“.
    • rn011

    • Филмот „Убава жена“ е снимен според операта „Травијата“ во која проститутка се вљубува во богат човек.
    • rn011

    • Во филмот „Убиј го Бил“, Ума Турман носи жолт костум ист како оној на Брус Ли во филмот „Игра на смртта“.
    • rn011

    • За потребите на „Убиј го Бил“ биле потрошени 65.000 долари за мечеви.
    • rn011

    • Сценариото на овој филм било пишувано 6 години, пред да биде поделено на два дела.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

    Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

    Автор: Петар Џајковски

    rnФанови на цртаните на „Картун нетворк“ од 90-тите години, овој пост е посветен на вас и на вашите омилени херои!Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Ако до пред нешто повеќе од 10-тина години занесено зјапавте во вашите телевизори, а пак на нив во горниот агол стоеше добро познатото црно-бело лого со буквите „C“ и „N“, тогаш сигурно уживавте во авантурите на вашиот омилен „Картун нетворк“ јунак. Без многу должење, кој ги гледал знае колку беа добри и колку ни фали барем уште по една сезона од „Декстер“, „Авантурите на Били и Менди“…rn
    rn

    1. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

    rn
    rn

    „Omelette du Fromage“ – „Омлет со сирење“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Супергенијот од детe – Декстер смета дека хранењето на својата риба е побитно од учење француски, па наоѓа начин како да го научи преку ноќ. „Omlette du Fromage“ е единствената реченица која ќе успее да ја научи на француски, е воедно и онаа која ќе го претвори во „локал-селебрити“.rn
    rn

    2. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

    rn
    rn

    „The things I do for love“ – „Што сè не правам за љубов“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Кариџ, кој со помош на својот компјутер ги прави најневеројатните подвизи за да ги спаси од опасност своите многу сакани стопани, пред сè Мјуриел (Muriel). Често запаѓајќи во екстремно тешки и крајно непријатни ситуации, знае да си ги каже овие зборови како утеха.rn
    rn

    3. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

    rn
    rn

    „Mааan, I’m pretty“ – „Човече, ама сум убав“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Џони Браво изгледа како Џејмс Дин и звучи како Елвис. Тој е огромен нарцис со замаглен тек на мисли, карактеристики кои го водат во бескрајната мисија на вечна потрага, полна со неуспешни обиди, да се привлече и заведе припадничка на понежниот пол.rn

    rn
    rn

    4. Ед, Едд и Еди (Ed, Edd n’ Eddy, 1999)

    rn
    rn

    „GRAVY!“*

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Ед, Едд и Еди се чудни момци кои донесоа многу новини и глупава забава (во нејзиното најдобро светло) во нашиот телевизиски свет, но и во светот на цртаните филмови. Тие се тројца другари кои ги поминуваат деновите смислувајќи планови како да станат богати со тоа што ќе извлечат пари од нивните врсници. Секојдневните чудни авантури низ кои поминуваат најчесто се испреплетени со најголемата љубов на Ед – Gravy. Тој чува бескрајни залихи од овој сос во својата јакна, термос кој го носи секаде, па дури и во своите патики.rn

    rn*Gravy – сос кој се добива од соковите кои природно ги испуштаат месото и зеленчукот при готвење. Постојат многу врсти а во цртаниот се спомнуваат следниве: Мексикански лут Тамале, Артички рибји, Јапонски Теријаки, Шкотски Хагис, сос од Швајцарско сирење и Италијански пица сос.rn
    rn

    5. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

    rn
    rn

    „Ooooh, mama!“ – „Оооу, мама!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Уште еднаш, несфатениот Дон Жуан, неуспешниот Ромео, самобендисаниот Казанова или со други зборови глупавиот гениј Џони Браво…rn
    rn

    6. Драгон бол З (Dragon Ball Z, 1996)

    rn
    rn

    „OVER 9000!“ – „Преку 9.000!“

    rn

    rnЕден од најпознатите интернет цитати: „Преку 9000!“ – кажан за време на легендарната битка во која Гоку го брани човештвото од лошите Сајонци.rnrnИако овој цртан филм не е од продукцијата на „Картун нетворк“, сепак светската премиера на англиски јазик се случи токму на оваа ТВ програма.rn
    rn

    7. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

    rn
    rn

    „Stupid Dog!“ – „Глупаво куче!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“И повторно Кариџ, кој иако е херој во сите епизоди, не е ликот кој стои зад оваа реплика. Овие зборови се „трејдмарк“ на Јустис (Eustace – какво име :)): „YOU STUPID DOG!“rn
    rn

    8. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

    rn
    rn

    „Prepare to meet your doom Dexter!“ – „Припреми се за твојата пропаст Декстер!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Мендарк, како што се нарекува самиот, или Сузан како што го викаат неговите хипи-родители е заколнатиот непријател на Декстер и е во состојба да направи сè за да ги саботира неговите планови и да ја уништи неговата лабораторија. Реченицава погоре е проследена со единственото заразно Мендарк-смеење: хахаха ха-ха-ха хахахаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    И по 80 години, анимираните генијални дела на Волт Дизни се уште се едни од најгледаните во светот. Почнувајќи од 1937 година, па сè до денес снимени се околу 50 неверојатни филмови, секој на свој начин посебен и забавен. И покрај големиот избор на анимирани Дизни филмови, има неколку од детството на многу генерации кои едноставно не можат да се заборават. Кога случајно ќе налетаме на нив, без разлика на годините, се потсетуваме на времето кога сме ги гледале и веднаш се појавува насмевка на нашето лице.rnrn12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавимеrn

    Снежана и седумте џуџиња – Snow White and the Seven Dwarfs (1937)

    rnСнежана и седумте џуџиња е првиот анимиран долгометражен филм во историјата, првиот кој бил целосно во боја и првиот филм на продукцијата на Волт Дизни. Базиран е според германската бајка на браќата Грим. Незаборавни песни од овој филм е „Heigh Ho“, „Whistle while you work“ и „Some day my prince will come“.rnrnrnrn

    Пинокио – Pinocchio (1940)

    rnПинокио е вториот анимиран филм на Дизни. Базиран е според „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди. Најпознатите песни од Пинокио се „When you wish upon a star“, „Give a little whistle“ и „Hi-Diddle-Dee-Dee (An Actor’s Life for Me )“.rnrnrnrn

    Пепелашка – Cinderella (1950)

    rnПепелашка е 12от Дизни филм и е базиран според бајката „Cendrillon“ од Чарлс Перолт. Песните кои се издвојуваат од овој филм се „Тhe Work Song“ и „Bibbidi-Bobbidi-Boo“.rnrnrnrn

    Петар Пан – Peter Pan (1953)

    rnБазиран според драмата Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне од Џ. М. Бери е 14от анимиран филм на Дизни. Петар Пан бил дел и од Филмскиот Фестивал на Кан во 1953 година. Најпознатите песни од филмот се „A Pirate’s Life“, „Following the Leader“ и „You can fly“.rnrnrnrn

    Сто и еден далматинец – One hundred and one dalmatians (1961)

    rnОвој анимиран филм е базиран според новелата на Дуди Смит. Сто и еден далматинец е 17от на листата на Дизни. Песната која посебно се издвојува во овој филм е „Cruella De Vil“.rnrnrnrn

    Мечот во каменот – The sword in the stone (1963)

    rnОвој анимиран фантазија-комедија филм е 18от на листата од Дизни. Базиран е според книгата „The sword in the stone“ на Т. Х. Вајт. Незаборавни песни од овој филм се „Higitus Figitus“, „That’s What Makes the World Go Round“ и „Mad Madame Mim“.rnrnrnrn

    Книгата на џунглата – The jungle book (1967)

    rnОвој анимиран филм е 19от по ред на Дизни. Инспириран е од приказните за дивото дете Могли од  Рудјард Киплинг. Песни кои се издвојуваат во овој филм се „The Bare Necessities“ и „I wanna be like you“.rnrnrnrn

    Малата сирена – The little mermaid (1989)

    rnДизни за време на 70те и 80те има неколку анимирани филмови кои добиле строги критики и со појавата на Малата сирена тие повторно се вратиле на добар пат. Овој анимиран филм е базиран според бајката со исто име и го одбележал почетокот на нова ера, наречена Дизни Ренесанса. „Under the Sea“ и „Kiss the Girl“ се песни од овој филм кои нема никогаш да бидат заборавени.rnrnrnrn

    Убавицата и ѕверот – Beauty and the Beast (1991)

    rnБазиран според бајката „La Belle et la Bête“ од Жон-Мари, ова е 30от анимиран филм на Дизни. Песните кои долго ќе се паметат од овој филм се „Be our guest“, „Something there“ и „Beauty and the Beast“.rnrnrnrn

    Аладин – Aladdin (1992)

    rnАладин е 31от анимиран филм на Дизни. Базиран е според Арапската фолк-приказна „Аладин и магичната ламба“ од 1001 Ноќ. Незаборавни песни од Аладин се „A friend like me“, „Prince Ali“ и „A whole new world“.rnrnrnrn

    Кралот лав – The Lion King (1994)

    rnКралот лав е анимиран музички-авантуристички филм кој се наоѓа на 32то место на листата од Дизни. Дејството се одвива во Африка и била инспирирана од библиските приказни за Јосиф и Мојсеј, како и од Хамлет на Шекспир. Овој филм е еден од најуспешните на Дизни. Најпознатите песни се „Hakuna Matata“, „Circle of Life“, „I can’t wait to be king“ и „Can you feel the love tonight“.rnrnrn

    Покахонтас – Pocahontas (1995)

    rnПокахонтас е 33от по ред анимиран филм на Дизни. Овој анимиран филм е првиот кој е базиран според реален историски лик. „Colors of the wind“ е песната по која ќе се памети овој анимиран филм.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Суштества кои ги засакавме поради цртаните

    Суштества кои ги засакавме поради цртаните

    Ретко кој би рекол дека бубашвабите или глувците спаѓаат во слатки, мали животинки. Всушност, да бидеме искрени, поголем дел од  луѓето преферираат да бидат што подалеку од нив. Пајаците, подобро и да не ги споменуваме. Исто така, тешко дека некој би сакал скоро проѕирен дух да му биде најдобар другар. Но можеби, само можеби, за некои од ваквите суштества имаме погрешно мислење. Барем луѓето кои стојат зад цртаните филмови кои ќе ги погледнете подолу, веруваат во тоа и дури некои од нив ни ги прикажаа доста неодоливо и слатко.rnrnСуштества кои ги засакавме поради цртанитеrn

    Стаорци

    rnГенијалците од „Пиксар“ освен што постигнаа неверојатен успех со анимираниот филм „Рататуј“ (Ratatouille), одлично поминаа и со обидот да ги натераат гледачите барем за момент да престанат да мислат на стаорците како за штетници. Стаорецот Реми, освен што е мил и сладок, замислете умее и да готви храна за луѓето. Кој не би сакал такво милениче?rnrnrn

    Пајаци

    rnСите сме ја читале „Пајажината на Клeментина“ како деца. И покрај сите обиди, не успеавте да го засакате пајакот додека ја читавте книгата? Епа тоа е едноставно неизбежно кога ќе го гледате филмот. Мора да признаеме, многу е мудар!rnrnrn

    Гасеници

    rnДа, да, од нив доаѓаат пеперутките, ама гасеница си е гасеница и не спаѓа баш во омилено домашно милениче. Или пак не? Оние кои го гледале „Животот на бубачката“ (A Bug’s Life) не го делат истото мислење. Гасеницата Хејмлих во цртаниот, ќе успее да ве натера многу да ја засакате пред да се претвори во прекрасна пеперутка. Тука мора да се спомене и мравката Дот, која е приказна сама за себе.rnrnrn

    Пчели

    rnПриказната за обичната, работлива пчела која завршила колеџ и чека вработување, а сонува да излезе од кошницата за да го види светот надвор од неа, е едноставно прекрасна. И смешна. Едно е сигурно, после цртаниот многу повеќе ќе ја цените работата на вредните пчели.rnrnrn

    Творови

    rnВечниот романтичар Pepé le Pew на „Loonеy Tunes“, можеби е смрдливко, но е навистина голем фраер. Чудно, но ете, за многу луѓе овој твор е баш многу шармантен!rnrnrn

    Огри

    rnДобро, не дека се реални ама доста често ги има во фиктивниот свет и не се баш најпријатни за гледање. Особено после „Господар на прстените“. Но затоа, „DreamWorks“ одлично си ја завршија работата со најомилениот огар на сите времиња – Шрек. Кај овој лик, убавината и шармот навистина доаѓаат однатре.rnrnrn

    Духови

    rnЗа делот дали се реални или не нема да дискутираме, но после Каспер, ништо не е исто. На крајот на краиштата, навистина нема ништо лошо во дружба со пријателски расположен дух. А за тоа како всушност станал дух, „Famous Studios“ смислија супер начин за да не ги вадат децата од памет. Каспер се родил како дух затоа што неговите родители веќе биле духови кога го направиле. Барем во некои од верзиите на приказната стои така. И да, си има презиме, Мекфејден.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?

    Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?

    Сте се запрашале ли некогаш како би изгледале популарните цртани ликови Бивис и Батхед во реалниот живот? Можност да дознаете ви нуди професионалниот филмски шминкер, Кевин Киркпатрик. Тој одлучил да направи нивни 3Д модели, кои се далеку од смешни. Повеќе би рекле дека се страшни. Се согласувате?Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Доколку сакате одблизу да видите какви би биле овие тексашки тинејџери во реалниот свет, повелете уште некоја фотографија:Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Како би изгледале Бивис и Батхед во реалниот живот?Да потсетиме дека во цртаните серии, гласот на овие неверојатни ликови им го позајмува лично нивниот креатор, Мајк Џаџ. Кусо по нивното појавување на ТВ-екраните, Бивис и Батхед добија милионска публика и огромна популарност. Со нивниот подбивачки хумор кој ги надминува границите, тие врвот на популарноста го достигнаа во средината на 90-те години. Досега се снимени вкупно 222 серии. Во 1996 година пак, глупавите и мрзливи тинејџери од Тексас добија и долгометражен анимиран филм.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слаткарница како од цртаните филмови

    Слаткарница како од цртаните филмови

    Следен пат кога ќе појдете во Мелбурн, Австралија, не заборавајте да поминете во оваа неверојатна слаткарница. „Candy Room“ е официјално отворена при крајот на минатата година, а е направена врз база на идејата, дека во секој од нас сè уште се наоѓа палаво дете. Концептот е направен од страна на компанијата „Red Design Group“. Тие најпрво нашле мал простор од 42 метри квадратни, го обоиле со бела боја, а потоа со црна цртале по ѕидовите. Така тие преку цртежи направиле продавницата за слатки да зрачи со позитивна домашна атмосфера.Слаткарница како од цртаните филмовиСопствениците на оваа куќа на слатки, Кристина Велардо и Леони Швецер, сакале нивната продавница да биде посебна. Тие имале желба секој купувач кој ќе дојде да доживее ново искуство. Па така, кога луѓето влегуваат во продавницата се чувствуваат како да влегле во сладок свет од цртаните филмови.Слаткарница како од цртаните филмовиСлаткарница како од цртаните филмовиСлаткарница како од цртаните филмовиСлаткарница како од цртаните филмовиСлаткарница како од цртаните филмовиСлаткарница како од цртаните филмови

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.