Пораснавме надевајќи се дека еден ден ќе го запознаеме принцот на бел коњ и замислувајќи ги сите машки ликови од бајките и сказните како вистински. Но, дали желбата навистина да сретнеме такво момче во реалниот живот сосема исчезнува кога ќе пораснеме? Момците од сказните прават буквално сè за девојката која ја сакаат, пеат, играат, се борат и прелетуваат планини само за да ја освојат. Еве дел од ликовите на Дизни кои би требало да бидат вистински.rnrn
rn
Џон Смит
rnОвој лик оди прв на листата бидејќи е вистински авантурист, бестрашно момче кое освојува со својата привлечност и шарм. Сигурно токму ова се причините поради кои Покахонтас му го подари своето срце.rnrn
rn
Тарзан
rnА Тарзан оди втор. Кому му требаат скапи и луксузни коли кога може да јази по дрва и да се бори со диви ѕверови? Можеби е израснат од мајмуни, но тој факт ќе го занемариме со оглед на тоа што е толку згоден. Плус, можеби изгледа грубо, но во душата е плишано мече. За среќа Тарзан постои и во вистинскиот живот.rnrn
rn
Ѕверот
rnУбавица со ѕвер покрај себе – во модерно време тоа е вистински сон за многу девојки. Најважно од сè е тоа што, настрана од моредното сфаќање за Убавицата и Ѕверот, сказната ни дава поука – не е сè до надворешниот изглед. Но, Ѕверот на Дизни открива колку всушност е убав, откако добро ќе го запознаете.rnrn
rn
Херкулес
rnМожеби на почетокот се однесува по малку арогантно, но да бидеме реални, Херкулес е полубог! Плус, би направил сè за девојката која ја сака, и целата таа негова храброст, прави најискрено да посакаме да беше вистински.rnrn
rn
Аладин
rnМожеби е уличар и не е вистински принц, но со сигурност знае како да шармира дама. Не јава на бел коњ, но има магичен килим! Која девојка не би сакала прв состанок на летечки килим за одблизу да ги гледа ѕвездите кои тој би ги дофатил за неа?rnrn
rn
Принцот Ерик
rnЕдинствениот од сите принцеви на Дизни кој не пееше за својата сакана, но неговите очи просто маѓепсуваат, така што ќе му го простиме тоа.rnrn
rn
Мајло
rnМожеби не е типичен Дизниев карактер, со впечатлив изглед и мажественост, но сепак излезе вистински херој во приказната. Впрочем, кој рече дека момче со гик изглед не може да ги освојува женските срца?rnrn
rn
Петар Пан
rnОк, носи хеланки, но знае како да го истакне детскиот дух и како да се забавува. Која девојка не би сакала момче кое ќе ја однесе во волшебен свет и ќе го разбуди детето во неа? И како капак на сè, дечкото го победи лошиот капетан Кука, така што, кому му е грижа што носи хеланки, сепак е јунак.rnrn
rn
Шенг
rnЛошото момче, лидер на армијата. Способен, трениран, згоден и добро граден… Веднаш ни ги освои срцата. Плус, не се плашеше да тргне по успешна и храбра девојка, нетипична за тогашното општество.rnrn
rn
Принцот од Пепелашка
rnМожеби ни е омилен бидејќи по малку го асоцираме со штикли, но сеедно, станува збор за класичен принц на бел коњ кој секоја девојка го посакува. И секако, секоја девојка заслужува да има свој принц на бел коњ.rnrn
rnrnКој принц вие би сакале да биде вистински? Кои се карактеристиките со кои би ве освоиле овие ликови? Дали и во денешно време постојат принцеви, само што се облечени поинаку за разлика од оние од цртаните и не јаваат на бели коњи, ниту летаат на магични килими?rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.