Нашите омилени Дизни цртани филмови секогаш завршуваат на ист начин: Херојот или хероината ги надминуваат сите пречки и потоа заедно со својата најголема љубов живеат среќно до крајот на животот. Но, сте се запрашале ли некогаш што подразбира тоа „Среќно до крајот на животот“?rnrnrnrnЗамислете си за момент дека за принцезите тоа значи основање на семејство. Погледнете ги следниве илустрации кои совршено прикажуваат како би изгледале тие кога би биле мајки.rnrn
Поголемиот дел од нас пораснале со цртаните филмови на Дизни. Тие имаат посебно место во нашите срца не само поради нивните прекрасни и трогателни приказни, туку и поради тоа што нѐ научиле на најважните животни лекции: Да ги следиме нашите соништа, да се соочиме со нашите стравови, никогаш да не забораваме од каде сме, да го сакаме нашето семејство и да веруваме во себе. Следуваат некои од најдобрите Дизни цитати кои докажуваат дека овие цртани филмови се многу подлабоки отколку што паметиме…rn
Пепелашка
rnrn
„Без оглед на тоа како вашето срце тагува, ако продолжите да верувате, сонот што го посакувате ќе стане реалност.“
rn
„Сонот е желба што ја посакува вашето срце.“
rn
„Дури и на чудата им е потребно малку време.“
rn
Кралот Лав
rnrn
„Погледни во ѕвездите. Големите кралеви од минатото нѐ гледаат од ѕвездите. Секогаш кога ќе се чувствуваш осамено, сети се дека тие кралеви секогаш ќе бидат тука за да те водат. Исто и јас.“
rn
„Никогаш не заборавај кој си.“
rn
„Сите ние сме поврзани во големиот Круг на животот.“
rn
„Сѐ што гледате постои заеднички во деликатна рамнотежа.“
rn
„Повторувај по мене: Хакуна Матата. Овие два збора ќе ти ги решат сите проблеми.“
rn
„Минатото знае да боли. Но, според мене, можеш или да бегаш од него или да учиш од него.“
rn
Покахонтас
rnrn
„Духовите се насекаде околу тебе, чедо. Тие живеат во земјата, водата, небото. Ако слушаш, тие ќе те водат.“
rn
„Попрво би умрел уште утре отколку да живеам сто години без да те знам.“
rn
„Она што го сакам кај реките е што не можеш два пати да стапнеш во истата река.“
rn
„Ако ги следиш стапките на некој странец, ќе научиш работи што никогаш не си ги знаел.“
rn
„Слушај со твоето срце и ќе разбереш.“
rn
„Понекогаш вистинскиот пат не е и најлесниот.“
rn
Мулан
rnrn
„Без разлика колку силно ветрот завива, планините не можат да му се поклонат.“
rn
„Цвеќето кое цути со тешкотија е најреткото и најубавото од сите.“
rn
„Еден човек може да биде разликата помеѓу победата и поразот.“
rn
„Најголемиот подарок и најголемата чест е што те имам тебе за ќерка.“
rn
Дамбо
rnrn
„Прифати го она што те прави различен.“
rn
„Токму оние работи што те влечат надолу, ќе те издигнат нагоре.“
rn
„Не летај само, издигни се високо!“
rn
Бамби
rnrn
„Ако не можеш да кажеш нешто убаво, не вели ништо.“
rn
„Онаму каде што ќе падне една работа, друга ќе израсне. Можеби тоа нема да биде истото што било претходно, но ќе биде ново и исто толку прекрасно.“
rn
„Ако се плашиш, биди пострашен од она што те плаши.“
rn
„Љубовта е песна која нема крај.“
rn
Пинокио
rnrn
„Животот е сон.“
rn
„Лошото однесување е забавно.“
rn
„Секогаш оставете ја совеста да биде вашиот водач.“
Дизниевите цртани филмови се како измислени светови во кои секој карактер има своја неверојатна приказна полна со авантури и магија. Не можете ни да замислите дека многу од овие приказни се неразделно поврзани меѓусебно на интересен начин. Погледнете ги следниве теории за поврзаноста помеѓу одредени ликови од светот на Дизни.rn
1. Херкулес и Ариел се први братучеди
rnrnrnСпоред приказната на овие цртани филмови, Ариел е ќерка на кралот Тритон, а Херкулес е син на Зевс. Кралот Тритон е син на Посејдон, кој според грчката митологија е брат на Зевс. Тоа ги прави Ариел и Херкулес први братучеди.rn
2. Омилената книга на Бел е „Аладин“
rnrnrn„Па, тоа ми е омилено: Далечни места, храбри борби со мечеви, магии и принц со скриен идентитет. Таму таа ќе го сретне шармантниот принц, но нема да дознае дека е тој сè до третото поглавје“, пееше Бел. Ова е слично на описот за Аладин: Најпрво тој ја спасува принцезата Јасмин од стражарот, а потоа со помош на магија, го крие своето сиромашно потекло преправајќи се дека е принц.rn
3. Мајката на Енди е вистинскиот сопственик на Џеси
rnrnrnКапата на Енди од првиот филм изгледа исто како капата од Џеси, каубојката од второто продолжение на „Приказна за играчките“. Уште повеќе, првиот сопственик на Џеси имал иста таква капа. Но, како Енди ја наоѓа оваа капа? Се чини дека мајката на Енди му ја дала на својот син. Тоа значи дека мајката на Енди е првиот сопственик на Џеси.rn
4. Капетан Кука ја убил мајката на Ариел
rnrnrnЕдна од сирените, пријателка на Петар Пан, изгледа како мајката на Ариел, Атена, која имала иста црвена коса и смарагдна опашка. Сирените во приказната за Петар Пан најмногу се плашеле од Капетан Кука. Во вториот филм за Ариел дознаваме дека токму злобниот пират ја убил Атена.rn
5. Џејн е бабата на убавицата од „Убавицата и ѕверот“
rnrnrnТие личат една на друга, двете сакаат жолта боја и можат да се снајдат покрај мажи без манири. Џејн му се заканува на Тарзан со истата љубезност и трпеливост која Бел ја покажува кон Ѕверот. Во експедицијата во џунглата, Џејн го имала истиот прибор за чај како тој од „Убавицата и ѕверот“.rn
6. Родителите на Елса и Ана починале кога оделе на свадбата на Рапанзел
rnrnrnРежисерот на „Ледено кралство“, Џенифер Ли, објавил дека кралот и кралицата од Арендел оделе на свадба во соседното царство. Рапанзел и нејзиниот сопруг Флин можат да се видат на денот на крунисувањето на Елса. Најверојатно владетелите на Арендел починале во бродолом на својот пат кон свадбата на Рапанзел.rn
7. Малата сирена го истражува бродот на кралот и кралицата од Арендел
rnrnrnКралството од Арендел, каде што бродот го започнал своето патување, е сместено во Норвешка. Кралството од Корона е некаде во Германија. Приказната за „Малата сирена“ е сместена на брегот од Данска, а тоа е на патот по кој бродот сигурно поминал.rn
8. Тарзан е брат на Ана и Елса
rnrnrnСпоред режисерот на „Тарзан“, кралот и кралицата на Арендел доживеале бродолом. Тие биле исфрлени на тропски остров. Таму изградиле куќа на дрво, а кралицата родила машко дете. Но, семејството било нападнато од леопард и само бебето преживеало. Што значи дека Елса и Ана имале брат, а тоа е Тарзан.rn
9. Карл умира на почетокот на филмот „Нагоре“
rnrnrnПрвите пет минути од филмот ни ја раскажуваат љубовната приказна за Карл и неговата жена, која не само што е трогателна, туку и реалистична. Токму затоа е чудно што остатокот од филмот е исполнет со магични елементи како кучиња кои зборуваат и куќа која лета. Во секој случај, ако претпоставиме дека дејството се случува во задгробниот живот, каде што Карл се обидува да ја најде својата сопруга, сѐ добива друга смисла.rn
10. Приказната за Аладин била измислена од продавачот кој само сакал да ја продаде својата ламба
rnrnrnИтриот продавач зборува со вас на почетокот од цртаниот филм и очаен е да ви продаде нешто. Вие сакате да си заминете, но тој го извлекува последниот адут за да ве привлече и ја покажува магичната ламба. Тој вели дека тоа не е обична ламба и почнува да ја раскажува приказната за Аладин.
Кога бевме мали, нешто на што најмногу се радувавме беа цртаните од Дизни. Но, тоа не значи дека сега сме ги надраснале. Баш напротив, во нив се кријат мудрости кои не се ограничени на годините. Овие цртани нè учеа за животот, љубовта, пријателството… Можеби сме биле деца кога прв пат сме ги чуле овие цитати и во тоа време не сме ги сфаќале во целост, но ако сега се навратиме на нив можеме да научиме големи животни лекции. Погледнете…
rn
rn
Покахонтас
rn
„Слушај го своето срце и ќе разбереш.“
rn
Потрага по Немо
rn
„Кога ќе те погледнам, се чувствувам како да сум дома.“
rn
Кралот на лавовите
rn
„О да, минатото умее да боли, но ваша е одлуката дали ќе избегате или ќе научите нешто од него.“
rn
Замрзнато
rn
„Некои луѓе вредат и да се стопиме за нив.“
rn
Бамби
rn
„Љубовта е песна која нема крај.“
rn
Херкул
rn
„Луѓето прават невидени нешта кога се заљубени.“
rn
Петар Пан
rn
„Сè што сега ни е потребно се верата и меѓусебната доверба.“
rn
Принцезата и жабата
rn
„Моите соништа не би биле целосни без тебе во нив.“
rn
Аладин
rn
„Дозволи да го поделам целиот нов свет со тебе.“
rn
Вини Пу
rn
„Ти си многу похрабар и попаметен одошто мислиш, а јас многу посилен одошто ти се чини.“
rn
Тарзан
rn
„Верувај му на своето срце и дозволи ѝ на судбината да одлучи.“
rn
Невидени
rn
„Ти си мојата најсјајна авантура.“
rn
Пепелашка
rn
„Значи ова е љубов! Ова чувство го прави животот божествен.“
rn
Златокоса
rn
„Кога сега те гледам, светот ми изгледа различно.“
rn
Заспаната убавица
rn
„Велат дека ако сонуваш нешто повеќе пати, тоа и ќе се случи. А јас сум го сретнала многу пати во соништата.“
Издвојуваме неколку нерешливи мистерии од малите екрани кои сигурно сте ги виделе и ве оставиле збунети.rnrnrnrn1.Како Твити ја одржува својата рамнотежа на нишалката во кафезот кога има толку голема глава?rnrn2.Ако Којотот од цртаниот филм „Брзата птица итрица“ имаше доволно пари за стотици бескорисни направи со кои се обидуваше да ја улови птицата, зошто едноставно никогаш не порача печено пилешко месо и сѐ друго што ќе посака?rnrn3. Зошто Супермен, Бетмен и останатите суперхерои носат гаќи врз пантолоните?rnrn4. Кога подобро ќе размислиме, какво дејство има спанаќот на Попај? Дали тоа е навистина спанаќ? Или можеби тоа е некоја мешавина од марихуана со кокаин и спид?rnrn5. Каква чудесна „напивка“ конзумираат седумте џуџиња, што после 20 саати работа од рудникот излегуваат пеејќи?rnrn6. Дали Пинк Пантер е првата геј икона што била масовно рекламирана? Дали Пинк Пантер е машко или женско? Зошто секогаш е без облека?rnrn7. Зошто Црвенкапа мораше да поставува толку прашања пред да сфати дека бабата е всушност лошиот волк? Дали Црвенкапа има проблеми со видот?rnrn8. Зошто сите Дизниеви јунаци имаат четири прсти и носат бели ракавици? Дали ни праќаат порака дека постојат вонземјани?rnrn9. Како дедото на Хајди успеваше да ја одржува колибата на швајцарските Алпи со својата мала пензија?rnrn10. Зошто Неверојатниот Хулк успева да го уништи секое парче облека, освен неговите пантолони? Или можеби пантолоните се направени од растеглив материјал?rnrn11.Зошто сите негативци сакаат да ја уништат Земјата? Каде планираат да живеат после тоа? Идиоти!rnrn12. И зошто семејството Каменковци слават Божиќ, иако живееле многу години пред раѓањето на Исус?rnrn13. Ако Попај и Олива никогаш немале секс… Од каде тогаш излезе малиот Кичо и зошто толку личи на Перо Ждеро?
Возрасните честопати знаат да кажат дека цртаните филмови се со детски и незрели содржини. Но, понекогаш може пријатно да ве изненадат колку многу мудрости за животот и неговата убавина имаат кажано токму овие цртани јунаци. Погледнете ги овие инспиративни цитати кои ќе ве замислат, расположат и ќе ви дадат нов поглед на животот.rnrnrn
„За некои луѓе вреди да се стопиш.“ – Олаф, „Замрзнато“
rn
„Нашата надеж живее во нас, треба само да бидете доволно храбри за да ја видите.“ – Мерида, „Храбра“
rn
„Љубовта е отворена врата.“ – Ана, „Замрзнато“
rn
„Вложувајте надвор од вашата удобна зона. Наградата е вредна за тоа.“ – Рапанзел, „Заплеткано“
rnrn
„Нека вашата совест секогаш биде вашиот водич.“ – Сината вила, „Пинокио“
rn
„Ние имаме многу заеднички работи, иста земја, ист воздух, исто небо… Можеби, ако почнеме да гледаме што имаме заедничко наместо секогаш да бараме што ни е поразлично… па, кој знае?“ – Мјау, „Покемон“
rn
„Колку прекрасни цветови имаме оваа година. Но види, ова задоцнило. Но, се обложувам дека кога ќе расцвета ќе биде најубаво од сите.“ – Фа Зоу, „Мулан“
rn
„Понекогаш треба да навлеземе длабоко во себе за да ги решиме своите проблеми.“ – Патрик, „Сунѓерот Боб“
rn
„Никогаш нема да бидете премногу стари за да сè чувствувате младо.“ Снежана, „Снежана и седумте џуџиња“
rnrn
„Неуспехот во нешто е првиот чекор за да станете многу добри во некоја работа.“ – Џејк, „Време за авантура“
rn
„Охана значи семејство. Семејство пак, значи никој да не биде оставен или пак заборавен.“ – Стич, „Лило и Стич“
rn
„Не можам да се вратам вчера, бидејќи тогаш бев поинаква личност.“ – Алиса, „Алиса во земјата на чудата“
rn
„Вистинскиот херој не сè мери со големината на неговата сила, туку во силата на неговото срце.“ – Зевс, „Херкулес“
rn
„Само затоа што не можам да го видам, не значи дека не можам да верувам во тоа.“ – Џек Скелингтон, „Кошмарот пред Божиќ“
rn
„Ох да, минатото може да боли. Но, ти може да бегаш од него или пак да научиш од него.“ – Рафики, „Кралот Лав“
rn
„Дури и за чудата е потребно малку време.“ – Добрата вила, „Пепелашка“
rnrn
„Бајките може да станат реалност. Мора да направите да се случат. Сè зависи од вас.“ – Тијана, „Принцезата и жабата“
rn
„Да се смееш на себе е да се сакаш себе.“ – Мики Маус, „Мики Маус“
rn
„Сè е возможно кога имате внатрешен мир.“ – Мастер Шифу, „Кунг фу Панда“
rn
„Во секоја работа што треба да сè направи има малку забава.“ – Мери Попинс, „Мери Попинс“
Се сеќавате на вашето детство? Помните колку многу ги сакавте цртаните филмови и колку често се поистоветувавте со главните ликови? Погледнете ги наредниве 9 причини зошто децата кои растеле со цртаните филмови од 80-тите и 90-тите имале многу подобро детство во споредба со оние кои денес растат со смартфони и екрани на допир…rnrnrn
1. Цртаните филмови беа причина за будење
rnСе сеќавате на времето кога не ви беше никаков проблем дури и за викенди да станете во 6 часот само за да можете од почеток да ги гледате цртаните филмови кои толку многу ги обожававте? Идејата дека ќе се гледаат цртани филмови беше она што ве одржуваше будни, мотивирани и желни за живот.rn
2. Тие ве инспирираа да цртате
rnЦртаните филмови нè инспирираа да ги цртаме нашите омилени ликови на последните страници од тетратките за училиште. Денес е многу тешко да се цртаат новите ликови од анимираните филмови бидејќи децата забораваат на својата креативност покрај сите можности кои ни ги нуди технологијата…rn
3. Со нивна помош учевте дека животот не секогаш е розов
rnПлановите се менуваат, личностите во кои имате целосна доверба изневеруваат, ништо не е онака како што изгледа… Овие цртани филмови на детски начин ни ја покажуваа вистинската боја на светот и нè подготвуваа за реалноста.rn
4. Секогаш постои лекција
rnИ покрај тоа што лекцијата не секогаш беше очигледна, секој цртан филм од 80-тите и 90-тите години успеваше да нè научи на нешто ново. Сè што беше потребно е да ги отворите вашите очи и ум и активно да ја следите приказната…rn
5. Добивавте сексуална едукација дури и ако не го забележувавте тоа
rnТокму тука и е убавината на цртаните филмови. Преку невина и детска игра тие ве научија на вредности кои и ден-денес ве водат безбедно низ животот…rn
6. Ви покажаа што точно значи одговорноста
rnРедовното следење на вашиот омилен цртан филм кој почнуваше по завршувањето на часовите е можеби првата обврска која сами сте решиле да ја почитувате. Децата на овој начин ја разбираа важноста на приоритетите, а тоа е една од најважните лекции кои можат да се научат.rn
7. Ве научија да заземете став и да се држите до него
rnЦртаните филмови беа можеби првото нешто во нашиот живот кое сме го бранеле. Без разлика дали станува збор за дебата со родителите или пријателите, вие секогаш знаевте како да го одбраните тоа што го сакате и да го поддржите со цврсти факти. Сигурни сме дека и денес се однесувате на истиот начин кон вашите ставови.rn
8. Научивте како да бидете трпеливи
rnПорано немаше можност онлајн да им пристапиме на сите епизоди од нашиот омилен цртан филм. Доколку сакавте да ги гледате, мораше да чекате од една до друга епизода. Но, токму таа возбуда од исчекувањето ја правеше и самата епизода да биде многу подобра во вашите очи.rn
9. Модели на однесување
rnСите ние имавме еден лик од цртаните филмови на кои бескрајно му се воодушевувавме. Тој беше нашиот модел на однесување и ние се обидувавме да бидеме колку што е можно послични на него. Кој можеше во тоа време да нè убеди дека суперхероите не постојат? Нашата цел беше да го направиме светот подобар и токму на тоа нè инспирираа ликовите од цртаните!
Итрите аниматори кои стојат зад некои од најпознатите анимирани филмови на Дизни долго време сокриваа слики и силуети на Мики Маус во нивната работа, а фановите се обидуваа да ги најдат.rnrnСнежана и седумте џуџињаrnrnПотрагата по скриениот Мики Маус започна во Дизниевите паркови каде што архитектите и дизајнерите го криеја Мики долго време, но една скорешна објава на блогот Oh My Disney открива неколку слики од цртаните и анимираните филмови каде Мики со сигурност се наоѓа.rnrnНекаде се работи само за обликот на неговата глава, некаде е видлив целиот, а некаде е умешно скриен во „сценографијата“. Колку Мики Мауси ќе успеете да најдете?rnrn
rnrn rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Решенија” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Автор: Зорица ТодороваrnrnТргнавте на факултет и покрај секојдневните обврски за учење, сепак најголемиот дел од неделата го поминувате на предавања со колегите. Запознавте еден куп нови лица и карактери, некои ви одговараат за дружење, некои не, а еве кои 10 типови момци сигурно ги има и меѓу вашите нови колеги.rn
1. Гастон – „Стереотипниот мачо-мен“
rnrnrnРазговорите на овој тип постојано се вртат околу неговото одење во теретана. Покрај најверните момци, околу него се моткаат и неколку други ликови, чисто заради поголем кредибилитет. Тој е вообразен до бескрај, иако реално нема зошто. Го посакуваат многу девојки, но самиот тој има многу ниско мислење за жените како поим; како и самиот Гастон, смета дека жените се добри само за една работа, а тоа не е читање книги.rn
2. Баз Лајтјир – „Нарцисот“
rnrnrnБаз едноставно е вклучен во сѐ – спортски активности, секции, висок просек. Секако, има само една маана која е очигледна за сите, но која се обидува да ја прикрие, а тоа е дека тој е совршен. Се крие позади фасадата дека може да постигне сѐ и ќе направи сѐ што е потребно за да го задржи тој изглед. Дури ќе се дружи и со луѓе кои не ѝ припаѓаат на неговата „висока класа“ само за да се почувствува дека е подобар од сите.rn
3. Мајло – „Генијот“
rnrnrnНе постои сомневање дека овој тип го чека светла иднина. Тој е надарен со мозок на гениј и едноставно нема време за ништо друго освен за учење. Се однесува малку чудно кога станува збор за девојки, но кому му е гајле? Тој ќе биде милионер за три години.rn
4. Херкулес – „Спортистот“
rnrnrnОва момче може да направи сѐ! Тој е силен, згоден и многу добар. Нормално ќе ви здосади од тип кој постојано се фали за своите спортски успеси, но овој е навистина добра личност. Сите девојки се луди по него, сепак тој има очи само за една. И замислете, и покрај таа суперчовечка сила, пак не може да ја освои, но барем има добри бицепси.rn
5. Џинот – „Училишниот кловн“
rnrnrnКој рече дека машките се веќе зрели само затоа што тргнале на факултет? Овој тип не пропушта ниту една прилика да биде центар на вниманието. Постојано имитира секакви гласови и раскажува шеги, но сите (дури и професорите) го сакаат. Секогаш знае здодевните предавања и тешки ситуации да ги направи забавни. Каде би биле без него?rn
6. Џон Смит – „Прекрасниот странец“
rnrnrnЏон е егзотичниот нов убавец кој ви доаѓа од друг факултет, или уште подобро, од странство. Тој е тука на краток период, доволно за да се вплетка во забранета љубовна авантура и да остави низа скршени срца, пред повторно да замине во непознат правец и да не знаете што повеќе се случило со него.rn
7. Ѕверот – „Непоправливиот романтичар“
rnrnrnИ покрај тоа што делува незаинтересирано, или дури речиси ладно и злобно, кога еднаш ќе го запознаете Ѕверот ќе увидите дека има многу добра душа и голема способност да сака и да стори сѐ за оние што му значат. Тој несебично ќе ви помага, само доколку не ја изневерите неговата доверба.rn
8. Тарзан – „Аутсајдерот“
rnrnrnОва момче отпрвин не може да се вклопи бидејќи новата средина најмногу го погодува неговиот карактер. Му треба повеќе време да се опушти и да стане дел од средината. Сигурно нема да го видите на студентска забава, опкружен со група луѓе, туку најверојатно ќе се спријатели со својата сродна душа.rn
9. Скар – „Главниот антагонист“
rnrnrnДобро, неговите негативни карактерни особини не се толку изразени како кај Скар, но сепак нешто кај овој тип едноставно не ви се допаѓа. Тој е обдарен со неодолив шарм и мудрост на лидер, но сепак тоа го искористува за да ви напакости. Во неговиот свет постои простор само за неговите амбиции.rn
10. Мачорот Скет – „Музичарот“
rnrnrnКога влегува во некоја просторија, овој тип мора на сите да им соопшти дека тој свири гитара. Има бенд со кој прават свирки низ градските кафулиња и постојано за нив ви испраќа покани на Фејсбук. Тој има свој посебен стил кој вие просто, не можете да го разберете.
Сигурно веќе сте слушнале дека со текот на годините, бајките од Браќата Грим се „модификувани“ со цел да бидат попријатни за малите деца. Но, до кој степен се променети овие приказни? Започнувајќи од силувањето на Заспаната убавица, па сè до крвавата одмазда на Пепелашка, погледнете ги 7-те најзастрашувачки и најужасни оригинални приказни на добро познатите ликови од Дизни.rn
1. Пепелашка
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Во цртаниот филм од Дизни кој бил направен во 1950 година, Пепелашка и Принцот се венчаат и живеат заедно до крајот на нивниот живот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во бајките на браќата Грим, Ашенпутел и нејзиниот принц го добиваат својот среќен крај, но нејзините полусестри имаат крвав и застрашувачки крај. Во цртаниот филм сестрите беа приморани да живеат со својата љубомора кон Пепелашка, но во вистинската приказна една од нив ги сече своите прсти за да може нејзиното стапало да го собере во златната чевла, додека пак нејзината сестра ја отсекува својата пета. Но, тоа не е најлошо од сè. За време на свадбата на Ашенпутел и нејзиниот принц, гулаби долетуваат од рајот и им ги откопуваат очите на сестрите. Ужасно.rn
2. Малата сирена
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Ариел засекогаш е претворена во човек од страна на својот татко и до крајот на својот живот е среќна со нејзиниот сопруг, принцот Ерик. Колку убаво.rnrnКако навистина завршува приказната: Во верзијата на Ханс Кристијан Андерсен, неговата сирена не посакала нозе само за да може да го добие момчето, туку поради тоа што сирените не одат во рајот како луѓето. Исто така, во неговата верзија од бајката, таа чувствувала како да оди врз ножеви секогаш кога ќе направела чекор. Но, тоа не е сè. Таа не успеала во својата мисија да го натера принцот да ја засака, кој доколку се заљубел во неа, неговиот бакнеж ќе префрлел дел од неговата душа во нејзиното тело и со тоа ќе ѝ овозможел задгробен живот. Токму затоа на денот на нивната венчавка, таа се фрлила во океанот и се удавила.rnrnНа страна од сè, оваа приказна на некој начин има среќен крај, бидејќи наместо да се претвори во морска пена, таа станала „ќерката на воздухот“, а со тоа добила втора шанса да ја заслужи својата душа. Сè што треба е да направи доволно добри дела.rn
3. Снежана
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната:Принцот со бакнеж ја буди Снежана и ја носи до својот замок. Исто така, Злобната кралица умира откако ќе падне од карпа.rnrnКако навистина завршува приказната: На истиот начин, но повторно во верзијата од браќата Грим имало посуров завршеток за негативниот лик. Кралицата била поканета на свадбата на Снежана и принцот, што изгледа како добар гест, но откако пристигнала на свадбената забава ѝ дале пар жешки чевли од железо во кои била присилена да танцува до својата смрт.rn
4. Заспаната убавица
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната:Принцот го победува змејот, ја бакнува заспаната девојка и потоа танцува со неа додека ѝ се менуваат боите на фустанот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во приказната „Сонце, Месечина и Талија“ од 17-ти век, напишана од страна на Џамбатиста Басил, принцот не ја бакнува Талија која ја нашол како спие. Тој всушност бил крал и ја силувал. Таа се разбудила неколку месеци подоцна, со 2 близнаци, Сонце и Месечина, па дури потоа се нашла со кралот кој бил веќе во брак. Таа го добила својот среќен крај, но дури откако актуелната кралица се обидела да го натера кралот да ги изеде своите бебиња, поради што тој ја фрлил во оган и се оженил со Талија за казна.rn
5. Пинокио
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Пинокио го спасува Џепето од китот и токму затоа е награден од страна на Сината самовила со човечки живот. Џимини штурецот добива работа како лиценцирана совест.rnrnКако навистина завршува приказната: Вистинската приказна од Карло Колоди е навистина ужасна. Тој го убива Џимини во првата сцена, а Џепето оди во затвор за немарност. Откако ќе излезе, кутриот Џепето го продава своето единствено палто за да му купи книга на Пинокио и да го испрати во училиште. Но, Пинокио ја продава својата книга за театарски билети и приказната од тука нагло се влошува. На крај, Фокс и Кет го обесуваат Пинокио за дрво, каде што ќе го остават да се загуши.rn
6. Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната:Квазимодо не го добива баш својот среќен крај со Есмералда, но го прифаќа фактот дека таа не го гледа него на тој начин. Исто така, тој повторно станува дел од општеството откако ќе го победи злобниот Фроло и луѓето го обожаваат!rnrnКако навистина завршува приказната: Бајката „Грбав“ била оригинално напишана од Виктор Иго, па можете да замислите како завршува оваа приказна. На кратко, Фроло ја обесува Есмералда, па Квазимодо го убива Фроло и на крај Квазимодо плаче покрај трупот на Есмералда кој се распаѓа и со тек на време умира од глад.rn
7. Лисицата и ловечкиот пес
rnrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната:Тод го живее својот живот надвор, како лисица, а Купер продолжува со својот живот како ловечко куче и никогаш нема да ги заборават оние години кога другаруваа.rnrnКако навистина завршува приказната: Дали седите? Добро. Затоа што во оригиналната приказна од страна на Даниел П. Маникс, Купер го брка Тод сè додека не умре од умор. Потоа сопственикот на Купер се преселува во дом за стари, но претходно го убива Купер со сачмарка. Толку од среќниот крај.