Одново и одново уметниците ја користат својата креативност за да ја покренат свеста за важни општествени прашања. Овој пат темата е тековната светска криза претставена преку имагинацијата на шпанскиот уметник Пејас. Тој дошол до идеја да изработи скулптура на мало дете во елек за спасување. Скулптурата е поставена високо на црквата на Светиот Крст во берлинската населба Кројцберг. Детето на скулптурата е претставено како со едната рака се држи за крстот на врвот од куполата, а во другата испружена рака држи светилник. Јасно може да се прочита пораката за помош пред неизбежната опасност.rnrnrnrnИнсталацијата е насловена како „Без земја“ и е поставена на врвот од берлинската црква со нејзина дозвола. Има за цел да им остави до знаење на гледачите за тешкотиите и предизвиците на бегалците од сите возрасти. Во текот на изградбата, нејзиниот скулптор соработувал со Sea-watch (германска невладина организација која спроведува хуманитарни мисии за спасување мигранти на Медитеранот) и DOJO Cares (агенција со канцеларии во црквата).rnrnrnrnСпроти црквата е поставен двоглед што им овозможува на гледачите да го погледнат делото одблизу. Двогледот им овозможува на гледачите на метафоричен начин да го премостат растојанието и да престанат да ги ословуваат бегалците како „тие“. Со оглед на тоа дека до крајот на 2020 година биле раселени околу 82 милиони луѓе поради прогон, насилство и кршење на човечките права, повеќе од јасно е дека овој проблем нè засега сите. Посетителите исто така имаат можност и да скенираат QR-код што ќе ги однесе до веб-страница каде можат да дознаат повеќе информации за добротворната кампања на црквата и организацијата Sea-watch.rnrnОткако прочитавте за оваа неверојатна скулптура со моќна порака, можеби ќе сакате да прочитате и за импресивната скулптура во Венеција што испраќа порака за единство.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Во малиот украински град Перејаслав кои многумина го пропуштаат за време на посетата на Украина, се кријат вистински чуда. Освен „типичните“ музеи (иако овде ништо не е типично) поради што го нарекуваат музејски град, вреди да се спомене и Музејот за вселенски истражувања. Музеј како и сите други, ќе си речете, но занимливо е тоа што тој е сместен во една мала, дрвена црква!rnrnrnrnМожеби додека поминувате покрај црквата, сепак, таа самата ќе ви го привлече вниманието без да знаете за вселенските мистерии што се кријат внатре во неа. Се работи за црква со тиркизна боја стара 130 години. Посветена е на Света Петка, заштитничка од болести и разни несреќи чиј култ е особено раширен кај православните народи.rnrnrnrnДенес просториите во црквата се пренаменети за друга цел. Наместо олтар, иконостаси и исповедалница, просторот изобилува со спомените од кога СССР доминирал во универзумот. Падобран со кој тренирал Јуриј Гагарин, модели на ракети и сателити, конзерви со храна што ги јаделе астронаутите во вселената се само дел од експонатите на музејот-црква.rnrnrnrnМузејот е основан во 1970 година и тоа во период кога наместо цркви се граделе музеи посветени на науката. Иако денес ситуацијата е поинаква, сепак овој музеј-црква не може да се пофали дека бил некогаш реновиран. Локалното население е загрижен за неговата судбина затоа што тој е единствениот таков музеј во светот, а ќе признаете дека изгледа феноменално.rnrnrnrnГрадот Перејаслав се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу час и половина возење од Киев. Освен музејската поставка посветена на вселенските откритија и истражувања, тука можете да најдете и вистински „славорум“ музеј на културното наследство затоа што изобилува со колекции од стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот… Вистинско богатство на навидум обично место!rnrnrnrnОткако прочитавте за малиот музеј-црква во Украина и неговите вселенски мистерии, можеби ќе ве интересира да прочитате и за приказната на поранешна црква претворена во ексклузивен ресторан.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Прекрасната градба што се издига над морето има прекрасно минато, но и покрај нереалната убавина, таа е скриена од туристите. Црквата „Света Марија“ се наоѓа на брегот на летното одморалиште Тропеа, во провинцијата Калабрија, на југот на Италија.rnrnrnrnИмпресивната градба со волшебен поглед кон плажата има античко потекло бидејќи се верува дека е изградена помеѓу 6-тиот и 9-тиот век. Црквата била оштетена од страшниот земјотрес во 1905 година.rnrnДенешниот импресивен изглед се должи на многуте реновирања по природните земјотреси на кои е склона оваа област. Се издига над морето на голема карпа и е поврзана со копното со тесен насип, па патот до оваа црква е прооден.rnrnСкалите се врежани во камен уште од 1810 година. Посетителите кои ќе стигнат до врвот на црквата можат да уживаат во волшебниот поглед од каде што се гледа погледот на плажата и овој крајбрежен град.rnrnrnrnКаменот на кој е изградено светилиштето се наоѓа на брегот на Тиренското Море, кое Италијанците го нарекуваат и Брегот на боговите. Импресивниот пејзаж се менува со текот на годините, а порано се стигнувало до ова место само со брод бидејќи насипот е изграден во поново време.rnrnИсто така, многу аџии го посетуваат манастирот за да го видат портретот на Богородица од 12 век. Тој се поврзува со едно пророштво од 1638 година, кога Богородица му се појавила на епископот во Калабрија, предупредувајќи го на земјотресот.rnrnПотоа, тој ја пренел пораката на жителите со цел да се избегне катастрофата што навистина се случила на 27 март истата година.rnrnПогледнете ги овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.
За многумина од нас, верувањето во духови остана во детството и заврши. Сепак, мистериите за животот и смртта предизвикуваат љубопитност, па дури и „најзрелите“ меѓу нас не можат да одолеат на морничавите приказни и мистичните дестинации. Доказ за тоа е малиот град Луково во Чешка.rnrnСтанува збор за старата напуштена црква Св. Џорџ од 14-тиот век која преживеала војни и многу пожари. Последен пат била во употреба во 1968 година, кога дел од таванот се расипал и паднал за време на погреб, плашејќи го локалното население до тој степен што тие престанале да одат во црква.rnrnrnrnОставена сама на себе и природата, црквата пропаднала и неколкупати многу вандали земале скапоцености од неа и оставиле графити зад себе. Навидум друга заборавена зграда со многу трева, трошна фасада и мрачен изглед. Меѓутоа, ако се искачите и погледнете низ прозорецот, ве чека уште пострашна сцена.rnrnЧовечките фигури облечени во бело платно седат неподвижни, но нивните лица не се видливи затоа што не постојат. Влегувањето во црквата придружено со крцкање на подовите и чувството како некој да ве гледа, остави многу посетители пред вратата кои се премногу исплашени да влезат.rnrnrnrnИако сцената е застрашувачка, таа е „само“ уметнички проект на Џејкоб Хадрава, кој ја постави својата изложба тука за да го врати животот на напуштената црква. Со цел подобро да ги имитираат човечките тела, силуетите ги користеа вистински луѓе, а специјалното слабо осветлување навечер дава дополнително страшна глетка.rnrnАвторот сакал да ги претстави душите на Германците кои живееле на овие простори пред Втората светска војна и на тој начин да ги потсети луѓето на историјата на местото и црквата.rnrnНеговата постојана изложба започна да привлекува се повеќе посетители и постои надеж дека донациите ќе помогнат во обновата на црквата. Единственото прашање што останува е дали потенцијалното обновување на црквата ќе го наруши тоа автентично, плашливо искуство.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПрочитајте за овој медитерански град кој е единственото место во светот каде што растат овие необични рози.
Зарем некогаш сте помислувале дека на местото на една поранешна црква може да изникне ваков ексклузивен ресторан? Ресторанот „The Jane“, се наоѓа во Антверп, Белгија и нуди навистина поинакво гастрономско искуство.rnrnrnrnОдличната храна не е единствениот аспект што местово го прави неодоливо. Тука е и впечатливиот и необичен ентериер. Забележителни се драматичните модерни дизајнерски елементи, како што се масивниот лустер, декорираниот под и совршено сочуваниот таван. Може да се каже дека во ресторанот, прекрасните современи елементи одлично се вклопуваат со старинскиот дизајн, при што се создава уникатен простор.rnrnrnrnОд материјали, најдоминантни се дабовото дрво, природниот камен и кожата, употребена кај елементите за седење. Сепак, она што е најинтересно е поставеноста на кујната. Стаклените врати им овозможуваат на гостите да уживаат во ритуалот на подготовка на јадењата, во пријатна и специфична атмосфера. После сѐ, се чини дека одличната храна е новата религија!rnrnrnrn
Неговата кариера започнала во 1990 година кога за првпат почнал да црта графити во неговата родена Атланта, а до 1999 година Хенс буквално го поседувал градот со својата уметност бидејќи не постоело маало или област каде што немал цртано. Секако, во меѓувреме својот талент го претставувал и во различни земји од САД, но и во земји како Шпанија, Франција, Јапонија и Мексико. А ова е неговото последно дело.rnrnrnrnПоследниот проект на Хенс вклучува сликање на црква во Вашингтон, и како што самиот вели, иако ја почитува класичната естетика на историските објекти, сепак и на нив понекогаш им е потребна драстична преобразба. За само неколку недели Хенс и неговиот тим целосно го измениле изгледот на белата фасада на црквата во виножито од бои и интересна графика. Она за што Хенс е особено почитуван е неговата умешност делата да ги претставува на објекти со огромни димензии, но сепак тие да не изгубат од прецизноста и убавината. Токму поради тоа, овој проект е навистина успешен и изгледа прекрасно.rnrn rnrnСамиот уметник вели дека наишол на огромен број позитивни реакции од локалните жители со исклучок на некои кои велеле дека на тој начин се искажува непочит кон црквата и религијата. За среќа Хенс успеал да им објасни дека станува збор за уметност изразена само преку позитивни мисли и им ветил дека на крајот проектот ќе изгледа одлично. И не излажал!rnrnrnrn
Ако почнете да размислувате за причините поради коишто ја сакате Македонија, сигурно ќе ви требаат денови за да сфатите што сè што е поврзано со нашата земја ви предизвикува чувство на топлина. Веројатно затоа нам, на целиот тим на Кафе пауза, ни требаше толку многу полемика и давање причини „за“ и „против“. На крајот сепак составивме листа од 25 причини кои, сакале или не, ќе ве потсетат на вашата татковина секогаш кога ќе се споменат.
rnrnrnНајубавото знаме на светотrnrnМакедонскиот јазик, затоа што кирилицата е реткаrnrnДенарите, кои е убаво да ги имаш в џебrnrnАјварот, македонскиот мирис на есентаrnrnОхридското Езеро, кое секогаш ќе биде „наше море“rnrn365 цркви во Охрид, по една за секој денrnrnМистичните македонски планиниrnrn…а колку се убави и Маврово, Пешна, Радика, Кораб, Малешевијата…rnrnТоше Проески, кому уште долго ќе му се слуша гласот иако веќе не е помеѓу насrnrnЗоран Маџиров, човекот кој пронајде музика таму каде што никој претходно не ја побаралrnrnГаличката свадбаrnrnКарневалите во Вевчани и СтрумицаrnrnНајубавите домати на светот од кои се прави прекрасна салата…rnrn…која многу добро оди со домашна жолта ракијаrnrnТетовското тавче гравчеrnrnРивалството меѓу градовите (кавадарчани и неготинци најдобро си знаат)rnrnНационалните репрезентации кои играат светски ракомет и кошаркаrnrnПреубавата македонска литератураrnrnФестивалите на пивото, кои си ги увезовме од странство, но си ги тераме по наша меркаrnrnМакедонските народни приказниrnrn„Голем град“ – единствениот остров кој го имамеrnrnКвалитетното вино кое го обожаваат и наши и странциrnrnДолгата традиција на куќната слава, ден кога чекаме гости на богата мрсна или посна трпезаrnrnПревкусните ресенски јаболка на кои никој не останал рамнодушенrnrnИ за крај… чичкото кој пее „старо купуем“ и со насмевка нѐ буди за време на викендитеrnrnСлободно надополнете ја нашата листа во коментари. 🙂 rnrn rnrn
Црквите и катедралите најчесто се наоѓаат во центарот на светските метрополи, иако има и такви кои се наоѓаат далеку од градскиот метеж. Но, независно од нивната локација, тие секогаш предизвикуваат стравопочит кај луѓето. Следуваат најспектакуларните цркви и катедрали во светот.rn
Базиликата Свети Марко во Венеција
rnНајпознатата црква во Венеција, базиликата Свети Марко, е одличен пример за византиската архитектура. Го зазема централното место на плоштадот Свети Марко. Со неверојатен дизајн, оваа црква некогаш се сметала за статусен симбол на венецијанското богатство и моќта, а заради позлатените мозаици во 11-от век била наречена „Црква од злато“. Од 1807 година, катедралата е седиште на Римокатоличката Архиепископијата на Венеција.rnrnrn
Катедралата Свети Василиј во Москва
rnКатедралата на Свети Василиј е препознатлива по автентичните шарени куполи. Се наоѓа на Црвениот плоштад уште од средината на 1500-те години, кога била изградена од Иван Грозни во чест на победата на Русите над Татарите. Девет од десетте куполи ги означуваат победите на руската армија, додека десеттата купола го означува погребот на Свети Василиј, познат како „светата будала“.rnrnrn
Катедралата Лас Лахас во Колумбија
rnСпоред легендата, двајца патници ги фатила бура кога здогледале привидение на Пресвета Богородица на карпата каде што удрил гром. Во таа чест биле изградени многубројни светилишта кои денес се обединети во катедрала Лас Лахас во Колумбија. Во составот на оваа неоготска катедрала, изградена во кањон на границата помеѓу Колумбија и Еквадор, се наоѓа и карпата на која се покажало привидението.rnrnrn
Катедралата Нотр Дам во Париз
rnЗа време на 19-от век, Нотр Дам била во толку очајна состојба што архитектите сметале дека ќе се сруши. Новелистот Виктор Иго, кој го обожавал францускиот готски стил, го напишал романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ со цел да го привлече вниманието кон лошата состојба во која се наоѓала катедралата. Успехот на неговиот роман предизвикал зголемен интерес за обновување на катедралата, со што во 1845 година таа веќе била целосно реставрирана.rnrnrn
Катедралата во Келн, Германија
rnЗа изградба на огромната готска катедрала во Келн биле потребни повеќе од 600 години; изградбата започнала во 1248, а завршила во 1880 година. Катедралата сè уште му пркоси на времето, иако издржала неколку напади за време на Втората светска војна. Во оваа катедрала се наоѓа златниот саркофаг во кој се моштите на тројцата Мудреци кои први го посетиле бебето Исус.rnrnrn
Капелата на Светиот Крст во Аризона
rnКапелата на Светиот Крст во југозападниот дел на Аризона, со децении ги привлекува верниците. Заради необичната поставеност на оваа капела, многу верници веруваат дека капелата на Светиот Крст „расте“ од подножјето на карпите кои се карактеристични за овој дел од Аризона.rnrnrn
Саграда Фамилија во Барселона
rnОгромната Саграда Фамилија е ремек-дело на Антонио Гауди, кој и самиот е погребан во оваа катедрала. Гауди го предводеше овој проект уште од 1883 година, го промени дизајнот според неговиот модернистички стил и продолжи да работи сè до неговата смрт во 1926 година. Според оригиналниот план на Гауди, катедралата треба да има 18 кули и да биде доволно голема за да собере 13.000 луѓе. Изградбата на Саграда Фамилија сè уште трае, а според некои проценки, ќе заврши во 2026 година.rnrnrn
Аја Софија во Истанбул
rnПозната по своите масовни куполи, Аја Софија е типичен пример за византиската архитектура. Околу 1000 години Аја Софија беше најголемата катедрала во светот, сè до 1520 година, кога беше изградена катедралата во Севиља, во Шпанија. Првично изградена како црква меѓу 532 и 537 година, Аја Софија подоцна станала патријархална базилика, потоа џамија, а сега е музеј со богат ентериер, вклучувајќи ги и сложените мозаици и мермерните декорации на подот и столбовите.rnrnrn
Вестминстерската опатија во Лондон
rnТрадиционалното место за крунисување и погребување на членовите од англиското кралско семејство, Вестминстерската опатија е дел од црквата Свети Петар во Лондон. Изградена е во готски стил и се наоѓа западно од Парламентот. Во 1998 година, кралицата Елизабета II претстави 10 статуи од христијанските маченици на 20-от век, меѓу кои се наоѓа и статуата на Мартин Лутер Кинг.rnrnrn
Базиликата Свети Петар во Рим
rnБазиликата Свети Петар, која се наоѓа во Ватикан, се смета за едно од најсветите христијански места. Според католичката традиција, оваа базилика е местото каде што се наоѓа гробот на Свети Петар, еден од 12-те апостоли и првиот епископ на Рим. Во текот на 16-от век, уметникот Микеланџело работел интензивно на базиликата и го дизајнирал нејзиниот врв Кампидољо. Во декември 2007 година, во архивата на базиликата е пронајден цртеж нацртан со црвена креда за кој се смета дека е дело на Микеланџело.rnrnrn
Катедралата Свети Исак во Санкт Петербург
rnИзградена во традиционален руско-византиски стил, катедралата Свети Исак во Санкт Петербург има една голема централна купола и четири помали куполи. Оваа катедрала е најголемата во Санкт Петербург. Посветена е на Свети Исак Далматински, светецот – заштитник на Петар Велики. Во текот на Втората светска војна, златната купола била обоена сива за да биде помалку воочлива за непријателските авиони.rnrnrn
Катедралата во Севиља, Шпанија
rnКатедралата во Севиља е најголемата римокатоличка средновековна готска градба во светот. На местото каде што се наоѓа оваа катедрала претходно се наоѓала џамија. Катедралата била изградена за да го прикаже богатството на Севиља преку раскошно украсениот ентериер во кој доминира златото. Во неа се наоѓа голема колекција на верски накит и уметнички слики, а тука е сместен и гробот на Кристофер Колумбо.rnrnrnrn rnrn
Свештеничката куќа на дрво е изградена од страна на свештеникот Хорас Бурџес. Таа се наоѓа во Кросвил, Тенеси, а достигнува висина од 30,5 метри. После 11 години интензивно градење, без спремање на никаков градежен план, оваа уникатна црква претставува неверојатна куќа на дрво изградена само од штици и шајки.Целата конструкција потсетува на некоја магична куќа од бајките. Низ неа има направено голем број соби и ходници, кои меѓусебно се поврзани една со друга. Навистина импресивно. rnrn
ТВ серија за животот на група христијанки и за новиот почеток на нивната поранешна соученичка…rn
Креатор: Роберт Харлинг
rnГлавни улоги: Лесли Биб, Ени Потс, Кристин Ченоувет, Дејвид Џејмс Елиот, Џенифер Аспен, Бред Бајер, Мириам Шор, Марк Деклин, Марисол Николс и Тајлер Џејкоб МурrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
Добредојдовте во Далас, Тексас каде што секој ден е „судниот“ ден. Од креаторот на „Сексот и градот“ доаѓа нова ТВ серија која ќе ви покаже што се случува доколку одлучите да си играте со Тексас. Работите никогаш не се такви како што изгледаат и оваа серија совршено го доловува тој момент. Непредвидливите ситуации проследени со хумористични пресврти целосно ќе го задржат вашето внимание и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие необични и добри христијанки-убавици.rn
rn
rnПриказна:Аманда Вон (Лесли Биб), поранешна „лоша девојка“ е приморана да се врати дома откако нејзиниот брак завршува со скандал. Нејзината мајка Џиџи (Ени Потс) е пресреќна бидејќи добива втора шанса со својата ќерка, но поранешните соученички на Аманда не го делат нејзиното мислење. Предводени од Карлин Кокбрн (Кристин Ченоувет), Крикет Карут-Рејли (Мириам Шор) и Шерон Пичам (Џенифер Аспен) се потсетуваат на старите лоши времиња и пробуваат да ги „израмнат сметките“ со Аманда. Но, тие полека ќе почнат да сфаќаат дека таа веќе не е тоа што била во средно училиште.Карлин и Рип Кокбрн (Дејвид Џејмс Елиот) имаат таканаречен „совршен“ христијански брак. Карлин постојано се води според Библијата и во некои ситуации кога ќе тргне во погрешна насока, Рип е тука да ја потсети на вистинскиот пат. И покрај тоа што таа воопшто не ја сака Аманда, нејзините верувања ја спречуваат да ја мрази и да ù наштети на кој било начин, па затоа постојано смислува креативни и „легални“ начини за да ù се спротистави.Шерон и Зек Пичам (Бред Бајер) биле кралот и кралицата на матурската вечер, најубавиот пар во училиштето. Тие имале големи планови за иднината, но некако работите не им испаднале баш така како што си ги замислувале. Враќањето на Аманда ќе предизвика низа настани кои ќе ги потсети на оние работи кои тие навистина ги сакаат. Што се однесува до Крикет и Блејк Рејли (Марк Деклин), тие имаат малку специфичен брак кој се темели на длабоко пријателство, но не и на љубов. И двајцата имаат партнери надвор од нивната врска – Крикет најчесто излегува со нејзините инструктори (таеквондо, јога…), додека пак Блејк е повеќе заинтересиран за личности од машкиот пол.Заедничко кај сите овие ликови е неделната посета на црквата. Пастор Џон Тудор (Тајлер Џејкоб Мур) e проповедник во таа црква и покрај неговата редовна работа многу често има улога и на брачен советник, како и на официјален психолог во предградието. Најтешката задача му е да се справува со групата на христијанките-убавици и поради тоа ќе ја вработи Аманда како негова секретарка за да му помага во одредени „тешки“ ситуации. Оваа нова позиција на моќ нема многу да им се допадне на девојките, но Аманда одлично ќе ја искористи за да докаже дека е сменета, како и за да поправи некои сфаќања за жените кои владеат во нивното предградие.Кога да ја гледате: Оваа ТВ серија е одлична за време на паузата за кафе. Непредвидливите ситуации целосно ќе го задржат вашето внимание, а хумористичните пресврти ќе ве насмеат до солзи и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие девојки кои секојдневно дознаваат нешто повеќе за себе и за нивните најблиски.rnrn