КАФЕ ПАУЗА

Tag: цимер

  • Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет

    Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет

    Оваа есенска гранола е збогатена со парчиња јаболко и цимет, како неодолива комбинација за постудени денови. Гранолата е секогаш одличен избор за појадок, полн со хранливи состојки, секогаш подготвен за грицкање или јадење со јогурт, млеко или смуdи. Направете го тоа еднаш неделно и имајте домашна здрава гранола за цела недела. Не заборавајте дека секогаш можете да играте со додатоците. Наместо ореви ставете бадеми, наместо семе од коноп семе од тиква, додадете на крајот и сува брусница или некое друго суво овошје.rnrnРецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и циметrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 400 г овесни снегулки
    • rn 011

    • 130 г сушено јаболко
    • rn 011

    • 130 г сечкани ореви
    • rn 011

    • 2 лажички цимет
    • rn 011

    • 35 г семе од коноп
    • rn 011

    • малку сол
    • rn 011

    • 60 милилитри кокосово масло
    • rn 011

    • 75 г путер од бадем
    • rn 011

    • 70 милилитри јаворов сируп
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Загрејте ја рерната на 150 степени, а потоа поставете ја хартијата за печење во една голема тава.
    2. rn 011

    3. Ставете ги сите суви состојки во голема чинија, а сите влажни состојки (масло, путер, сируп) ставете ги во тенџере и загрејте гина среден оган, мешајќи постојано.
    4. rn 011

    5. Потоа додадете ванила и промешајте уште еднаш. Додадете ги влажните состојки во сувите и уште еднаш измешајте сè заедно додека не се комбинираат.
    6. rn 011

    7. Потоа пренесете ја смесата на хартијата за печење, израмнете со шпатула и ставете ја во рерната за 30 минути.
    8. rn 011

    9. После 15 минути промешајте. Кога ќе се испече, извадете ја гранолата и оставете ја да се излади целосно без да ја мешате.
    10. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате овој рецепт за кафе со сладолед и минерална вода.

  • Прирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?

    Прирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?

    Факултетот значи дека ќе пробате многу нови нешта. Можеби ова ќе биде прв пат да живеете настрана од родителите, прв пат да имате голема одговорност и прв пат самите да си го правите дневниот распоред. Во овие нови искуства може да спаѓа и живеењето со цимер.rnrnПрирачник за бруцоши: Што да очекувате од животот со цимер?rnrnАко сте навикнати да живеете сами во собата, можеби ќе треба малку да се прилагодите на студентскиот живот. Иако за ова прилагодување ќе биде потребно време, наскоро ќе сфатите дека овие години се едни од најдобрите во вашиот живот. Па, погледнете што можете да очекувате.rn

    1. Можно е да имате целосно различни распореди

    rnГолема е веројатноста секој од новите пријатели да има различен распоред, а тоа е сосема во ред. Вашиот цимер можеби ќе биде утринска личност што сака да оди во теретана и да појадува дома пред предавањата. Вие можеби сте ноќна птица која сака да спие до доцна. Додека се прилагодувате еден на друг, ќе најдете време и за вас двајцата.rn

    2. Ќе учите заедно до доцна, често со пица

    rnУчењето до доцна навечер е речиси неизбежно на факултет. Ќе го поминете времето или во читална или во вашата соба. Без разлика каде сте, пицата често ќе биде на вашето мени. И двајцата сте работеле напорно, па потребно е да се почестите.rn

    3. Подготвувањето за излегување ќе биде голема забава

    rnНа факултет нема да бидете соочени само со предавања и проекти. Ќе се дружите многу со вашите колеги. Потребно е да се опуштите за време на викендите, а цимерот ќе биде одличен партнер за тоа. Без разлика колку се забавни излегувањата, најзабавно ќе ви биде самото подготвување.rn

    4. Ќе се потсетувате за обврските

    rnЖивеењето сами може да биде најдобриот, но и најтешкиот дел од факултетот. Ќе сфатите дека навистина ви недостига мајка ви за да ве потсетува да ја средите вашата соба. За среќа вашиот цимер е овде да го прави ова. Заедно ќе ја перете облеката, ќе ја чистите собата, а сите овие здодевни обврски ќе станат многу позабавни кога ќе ги правите заедно.rn

    5. Ќе одите во мензата по пижами

    rnМензата во домот е одлично место за дружба. Со текот на времето ќе забележите дека е најдобро да ја посетувате по пижами. На факултет на сите им е јасно дека понекогаш имате потреба да појадувате додека сте удобно облечени.rn

    6. Ќе имате традиции што ќе ги разбирате само вие

    rnКога ќе живеете заедно ќе сфатите дека имате многу слични интереси, а од овде ќе произлезат многу забавни традиции. Можеби и двајцата сакате да готвите, па ќе пробувате нови рецепти секогаш кога ќе имате време.rn

    7. Цимерот може да ви стане најдобар пријател

    rnКога делите соба со некого, постои потенцијал да се роди навистина длабока поврзаност. Личноста со која сте немале ни разговарано може да стане вашиот најдобар пријател. Од заедничките традиции до заедничкото решавање проблеми, цимерот ќе ви стане најдобриот пријател од факултет.rnrnДознајте кои се предностите и недостатоците кога сте цимери со најдобриот пријател.

  • 16 работи со кои вашиот цимер ви оди на нерви

    16 работи со кои вашиот цимер ви оди на нерви

    Сите кои живеат или некогаш живееле со цимер, знаат дека мора да трпат многу работи за да функционира овој тип на заеднички живот. Отстапки, компромиси, попуштања, но и кавги, „пренкови“ и цимерски правилници се дел од нештата кои се нормални во цимерскиот живот. Сепак, некои работи едноставно одат по нерви. Еве 16 такви, со кои многу е можно да ве излудува/л вашиот/та цимер/ка.rn

    1. Го враќа празниот тетрапак од млеко или сок во фрижидер.

    rn1-16-raboti-so-koi-vashiot-cimer-vi-odi-na-nervi-kafepauza.mkrn

    2. Никогаш не менува тоалетна хартија или пак кога инцидентно ќе го направи тоа, не ја мести во држачот.

    rn2-16-raboti-so-koi-vashiot-cimer-vi-odi-na-nervi-kafepauza.mkrn

    3. Остава валкани алишта насекаде низ домот. Во ред е да бидеш неуреден сѐ додека живееш сам.

    rn3-16-raboti-so-koi-vashiot-cimer-vi-odi-na-nervi-kafepauza.mkrn

    4. Ви ја јаде вашата храна. Се збунил де, само што не се буни никогаш за да ја плати.

    rn4-16-raboti-so-koi-vashiot-cimer-vi-odi-na-nervi-kafepauza.mkrnrn

  • Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери

    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери

    Не е лесно да се дели домот со други луѓе, особено не со цимери кои секогаш прават лом и не се грижат за домаќинските работи. Колку и да сте блиски, секогаш ќе има некои работи кои ќе ви сметаат. Испровоцирани од таквите постапки, американските студенти го изразуваат револтот преку пресмешни, хистерични белешки, посветени на цимерот. :)rnrn

    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Драг Еван, моите родители доаѓаат денес. Ќе можеш ли, те молам, да носиш панталони цел ден? Фала – Рајан
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ако не ги измиеш твоите садови, тој ќе добие еден во главата. Бум!
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Крис, доколку ме разбудиш пред 9, ќе те претепам. Не се зезам. Врати се назад на спиење или гледај ТВ, МНОГУ тивко. Со љубов, Мишел.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Жал ми е што морав да ја ставам мојата урина во фрижидерот. Ја затворив во пластична кеса, потоа во оваа кутија и на крај ја залепив убаво со селотејп.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Дибек
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ијан, ако те фатам како јадеш од овие вкусни житарки, ќе те убијам на спиење. – Ден
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Драг цимеру, еден интересен факт: путерот е млечен производ, а млечните производи се расипуваат!! Освен доколку не планираш да не убиеш сите, те молам престани да го оставаш путерот надвор. Одговор на белешката: Драг цимеру, еден интересен факт: прочистениот путер од млечна маст, содржи конзерванси кои спречуваат да се расипе. И покрај тоа што уживав во твојата артистичка интерпретација на горенаведениот путер, морам да кажам дека луѓето од Скандинавија не би можеле да јадат путер уште во 12 век, доколку се расипуваше преку ноќ. Немаше потреба путерот на цртежот да изгледа толку тажно.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Доколку си го употребил последното парче хартија, фрли го ова и стави нова ролна.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Кога веќе виде дека оваа ролна е завршена, не пишувај порака. Едноставно замени ја ку*ко, е*аго. Го направи токму спротивното од она што си го напишал.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Исчисти го фрижидерот, те молам.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ерик, имав секс во твојот кревет. Извини за тоа. Не ја користи твојата перница. – Мет
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ешли е онесвестена гола на подот во купатилото. Те молам проверувај ја повремено. Фала ти.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Садовите не се мијат сами.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Напуштено кутре и маче, најдобри другари

    Напуштено кутре и маче, најдобри другари

    Во еден британски центар за спасување животни, пред извесен период човек донел малечко маче по име Кити за тоа да биде соодветно згрижено. Како негов цимер, било одбрано кученцето Батонс, кое е родено во центарот, но мајката го има отфрлено од леглото.Напуштено кутре и маче, најдобри другари Оттогаш двете животинчиња се неразделни, а од центарот се надеваат дека некој би ги присвоил како пар. Двете миленичиња се стари околу 4 недели.Напуштено кутре и маче, најдобри другариНапуштено кутре и маче, најдобри другариНапуштено кутре и маче, најдобри другариНапуштено кутре и маче, најдобри другариНапуштено кутре и маче, најдобри другариНапуштено кутре и маче, најдобри другари
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нова девојка (New Girl)

    Нова девојка (New Girl)

    Автор: Александар НиневскиrnrnНова девојка (New Girl)Главни улоги: Зои Дешанел, Џејк Џонсон, Макс Гринфилд, Ламорн Морис, Хана СимонrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Елизабет МериведрrnrnПремиера: 20 септември 2011rnrnОригинален канал: ФоксrnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 9rn rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Како што кажува насловот, серијата се врти околу новата девојка Џес. Таа е весела и насмеана девојка во нејзините доцни дваесетти, која се обидува да го преболи бившото момче откако тој ја измамил. Така таа наоѓа ново место за живеење и нови пријатели кога ќе се всели со тројца млади мажи: Ник кој работи како бармен; Шмит, кој работи некоја досадна работа во канцеларија и мисли дека е Казанова; и Винстон кој е поранешен кошаркар. Иако тројцата  нови цимери сметаат дека Џес се однесува по малку чудно, сепак ја подржуваат најголем дел од времето. Во оваа група на пријатели подоцна се вклопува и другарка ѝ на Џес, Сиси која е модел.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Голем број од интересните случки во серијата се причина на различните особини и карактери на сите ликови. Џес работи како наставничка во основно училиште која често влегува во чудни ситуации затоа што не сака да влегува во конфронтации. Исто така Џес често знае и да запее, притоа измислувајќи сопствени текстови кои одговараат на дадената ситуација.Нова девојка (New Girl)Нова девојка (New Girl)Ник е незавршен студент по право кој работи во еден локален бар. Тој нема среќа во љубовта и често сака да биде оставен на раат.Нова девојка (New Girl)Шмит е самопрогласен Казанова и верува дека е подарок за жените. Тој работи во канцеларија во една фирма каде што е единствениот маж и поради тоа е често исмејуван од своите колешки. Неговите цимери имаат тегла наменета за него, кога ќе каже некоја глупост – мора да стави пари во неа.Нова девојка (New Girl)Винстон е поранешен кошаркар кој играше во Латвија и моментално бара нова работа. Тој има голем натпреварувачки дух, но брзо му здосадуваат обичните работи и задачи.Нова девојка (New Girl)Сиси иако работи како манекенка, сепак има многу повеќе улично знаење и не се плаши од конфронтација за разлика од Џес. Тие две се најдобри другарки од детството. Иако на моменти не сака да признае, сепак постои некаква привлечност помеѓу Сиси и Шмит.rnrnКога и како да ја гледате: Кратка и слатка, по една епизода неделно е токму она што ви треба за си го подигнете расположението. Конзмирајте ја дозирано, но во кој било дел од денот, во друштво на неколку пријатели или со вашиот партнер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    На популарноста на јунаците од хит серијата „The Big Bang Theory“ ù нема крај. На интернет кружат нови модни комбинации инспирирани од нивните улоги. Наменети се исклучиво за девојките. Еве по збор-два за овие ултраинтересни ликови и за нивниот изглед во серијата…rnrnАрогантниот и параноичен гениј д-р Шелдон Купер (Џим Парсонс) ужива да ја истакнува својата интелектуална супериорност. Речиси во секоја епизода го потенцира фактот дека на факултет се запишал на шест годишна возраст, а доктор на науки станал на свои 16 години. Покрај науката, негова страст се и стриповите, видеоигрите, а огромен обожавател е и на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки“. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Шелдон воопшто не се грижи за модните трендови, но постојан е во љубовта кон маичките со суперхерои и кон карираните дезени. Неговите комбинации изгледаат смешно, но ако внимателно ја селектирате облеката, парче по парче, со малку креативност можете да добиете навистина кул изглед.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Леонард (Џони Галецки) е трпелив цимер и колега на Шелдон. Исто така е физичар и со слични хобија и интереси, но кога станува збор за љубовта, тие имаат дијаметрално спротивставени ставови. Шелдон е детинестиот цимер, а Леонард е во потрага по вистинска љубов и стабилна врска.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“За разлика од неговиот другар Шелдон, Леонард е умерен во облекувањето. Неговите парчиња облека се едноставни, но со добро искомбинирани бои. Препознатлив е по очилата со дебели рамки.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Пени (Кејлу Куоку) е типичен пример за девојка од соседството. Таа живее во станот спроти Шелдон и Леонард. Пени се надева дека еден ден ќе стане успешна актерка и сценограф, а додека ги гаи тие соништа работи како келнерка во ресторанот Чизкејк фактори. Таа одлично ги прифатила ексцентричните момци, кои повремено ја збунуваат. Но, кога станува збор за реалниот свет, тогаш на сцена стапува Пени. Тие знаат да затропаат на нејзината врата за совет, особено Шелдон со неговото специфично тропање.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот стил на облекување е едноставен и вообичаен за модерните и кул девојки. Таа е секси во град, но и обична, слатка и опуштена сосетка, која кај Шелдон и Леонард практикува да намине во своите удобни пижами.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард Воловиц (Сајмон Хелберг) е вселенски инженер и единствен во групата гении кој нема докторат. Тој живее со неговата луда мајка и себеси се класифицира во опасен женкар. На крајот љубовта ја наоѓа во колешката на Пени, Бернадет.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард има најоткачен стајлинг. Тој носи тесни, припиени панталони, ролки и карирани кошули. Ако нешто отфрлите од тоа, а нешто додадете, добивате конечен секојдневен изглед, погоден за на факултет или за на работа.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Раж (Кунал Најар) е астрофизичар и најдобриот пријател на Хауард. Доаѓа од богато семејство од Индија. Раж ја обожава американската храна и нивната поп-култура и е во постојан страв дека ќе го депортираат назад во Индија. Тој е екстремно срамежлив и има сериозен проблем во комуникацијата со девојките. Не може да изусти ниту збор пред нив, ако не е под дејство на алкохол. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Гардеробата на Раж главно се состои од елечиња во многу бои и дезени. Делуваат збунувачки. Такви парчиња облека, па и не можете баш да најдете во бутиците, но еве еден обид за „кежуал“ стајлинг кој потсетува на Раж.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Бернадет (Мелиса Раух). Таа има докторат по микробиологија и како што веќе напоменавме, работи заедно со Пени во ресторанот. Заљубена е во Хауард, го смета за нејзина сродна душа, иако многу често не ја разбира неговата чудна смисла за хумор. Бернадет е слатка и весела, но во нејзините „жолти минути“ прозвучува како мајка му на Хауард.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот изглед е по малку наивен, на парчињата облека што ги носи преовладуваат цветните дезени. Но, ако имате време и си поиграте со комбинациите, може да добиете класичен и секси изглед од 60-те години.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Па девојки, би облекле некоја од овие комбинации? Размислете за Ражовиот „аутфит“. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар цимер?

    Како да бидете добар цимер?

    Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn

    Бидете педантни

    rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Не ги чепкајте туѓите работи

    rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер

    rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Создадете правила на игра

    rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn

    Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер

    rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Чистење

    rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn

    Сепак…

    rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.