КАФЕ ПАУЗА

Tag: циклус

  • Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?

    Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?

    Астрологијата функционира со различни кругови или, подобро кажано, со циклуси кои го одредуваат ритамот на животот. Сигурно барем еднаш во животот со воздишка сте заклучиле дека се вртите во круг. Но, немате чувство дека тоа е добро, туку напротив, чувствувате дека постојано ги повторувате истите грешки. Понекогаш имате многу позитивно чувство дека кругот е затворен и сè е на своето место. Круговите го обележуваат животот на различен начин и објаснуваат зошто, на пример, постои она што се нарекува средновечна криза.rnrnЗошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?rn

    Дали верувате во премин на животните циклуси?

    rnДен и ноќ, промена на годишните времиња, минување на годините обележани со вашите родендени – сето тоа се циклуси со кои го мерите вашиот живот. Секој циклус е како патување на кое треба да тргнете. Иако постојано сте дел од некој циклус, добрата вест е дека постои излез од затворениот круг. Тој излез се отвора кога ќе ги стекнете сите потребни искуства од некоја животна ситуација, подготвени да ги решите истите или слични ситуации со поголема мудрост и со поголема свесност.rnrnНекои астролошки циклуси се долготрајни и многу значајни, други се краткотрајни, динамични и животворни. Еден од најважните циклуси го означува движењето на Сатурн. На Сатурн му требаат околу 28 години да направи целосен круг и да стигне до почетната точка (местото каде што оваа планета била за време на вашето раѓање). Понекогаш патува малку побрзо и се враќа на почетната точка за 28 години, а некогаш му требаат повеќе од 29 години.rnrnСатурн е господар на времето, симбол на процесот на созревање. Неговиот прв циклус ги симболизира детството и младоста, така што во очите на ѕвездите станувате полнолетни дури на 28 години. Во тој циклус, вие се запознавате себеси и ги градите своите вештини. Вториот циклус, кој започнува на возраст од 28 години и трае приближно до 56-тата година од животот е циклус на зрелост. Тоа е период во кој вашата личност цвета целосно. Ги користите вештините научени во првиот циклус и свесни сте за вашите цели и силни страни. Во тој циклус, можете да ги остварите своите желби и да стекнете мудрост доживувајќи различни искуства.rnrnТретиот циклус започнува на 56 години и трае приближно до 84-тата година. Во овој циклус, веќе не сте посветени на остварувањето на самите себеси и на постигнувањето материјални работи, туку со својата мудрост и со животното искуство го збогатувате сопствениот духовен живот и можете да бидете инспирација за другите. Ослободени сте од многу предрасуди и нагони, но сте доволно љубопитни за да се реализирате во сферата на интелектот и духот.rnrnСекој пат кога Сатурн ќе се врати на почетната точка, што во астрологијата буквално се нарекува враќање на Сатурн, чувствувате дека сте во пресвртна точка во вашиот развој. Враќањето на Сатурн е моментот кога ќе ги расчистите сметките и ќе ги проверите сите ваши достигнувања. Тоа е моментот кога јасно се соочувате со реалноста и можете да видите што точно направивте и што не успеавте да постигнете.rnrnУспесите ве прават посилни и посреќни, но на никого не му е лесно да се соочи со пропусти и грешки, а малкумина се поштедени од тоа. На возраст од приближно 28, 56 и 84 години, се случува тој чувствителен момент на личен развој. Тогаш најверојатно ќе бидете разочарани за пропуштените можности и за погрешните одлуки. Тоа се моменти во кои станувате свесни за минливоста на сè, за сопственото постоење, но и за непостојаноста на пријателствата, работните места, материјалните работи, здравјето и многу повеќе.rnrnВо тие моменти, многумина ќе доживеат некаква криза. Кризата произлегува од спознавањето на минливоста, од признавањето на она што сте го направиле погрешно, од немилосрдната реалност што рефлектира сè што сте создале сами. Тоа е момент во кој чувствувате дека сте одговорни за случувањата во вашиот живот. И не е лесно да се прифати таа одговорност.rnrnПрочитајте во што треба да вложи труд секој хороскопски знак во текот на октомври.

  • 10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

    10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

    Патеписецот Дејвид Милер е раководител на веб-проектот Nature Valley, кој има за цел да ни ја доближи природата и да ни покаже дека таа позади секој агол крие авантура и нѐ прави подобри. Тој самиот има поминато многу време во природа и често пишува за тоа. Веќе ви пренесовме зошто тој смета дека треба често да ги носите децата во природа, а сега ви пренесуваме и десет лекции за животот кои тој ги научил од природата.rn

    Животот се состои од циклуси

    rnВо природата не постојат прави линии. Постојат планини и долини, постојат реки кои имаат тек кој ги води малку напред, малку назад. Во животот постојат циклуси, така што понекогаш чувствувате дека се качувате на стрмна планина, а некогаш дека јавате на голем бран. Во каква фаза и да се наоѓате, тоа кога-тогаш ќе се смени. Тоа е природно.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Ние сме создадени да работиме

    rnВо моментите кога се чувствувате мрзливо и седите пред компјутерот, имајте на ум и дека вашето тело може секој ден да испешачи или истрча по неколку километри или да биде активно на друг начин. Во природата сѐ е во постојано движење. Дури и животните кои спијат зимски сон се активни на начин што собираат енергија за кога ќе се разбудат. Природата е во постојано движење и постојано работи.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Колку повеќе се трудиме, толку сме посилни

    rnМетузалемот е дрво кое на прв поглед делува деформирано и речиси мртво, а живее во суровите услови на Карпестите планини во Северна Америка. Сепак, доживува старост и до 5.000 години, затоа што се приспособило на условите и се труди да опстои во таа околина.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Неприродниот стрес го уништува животот

    rnХемикалиите кои се наоѓаат во водата и во почвата загадуваат и уништуваат сѐ околу себе, вклучувајќи ја и храната. Загадувањето уништува, без разлика дали се работи за загадена река или за загадени крвни садови поради неприродна и нездрава исхрана.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Природата има способност за заздравување

    rnШтом загадувањето на една област престане, природата веднаш започнува со регенерација. Тревата повторно расте, дрвјата повторно раззеленуваат, а и животните се враќаат во своите поранешни живеалишта. Исто е и со човековото тело. Престанете да се храните нездраво, започнете да вежбате и да практикувате здрав режим на исхрана, и вашето тело ќе почне да се регенерира и да се враќа во својата природна состојба.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Комуникацијата е важна

    rnСите живи суштества во природата се во постојана комуникација. Без оглед на тоа дали примаат информации како сончевата светлина или температурата, или пак испраќаат информации преку звуци или мириси, сите единки во природата комуницираат меѓу себе затоа што тоа им е неопходно. Само луѓето успеваат понекогаш да се изолираат благодарение на современите алатки за комуникација или пак работата.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Создавање на нова патека е потешко отколку одење по веќе изгазена

    rn„Ако некогаш сте поминале време на снег, било тоа да е пешачење или крос-кантри скијање, сигурно сте свесни дека создавање на нова патека секогаш е потешко од одење по веќе изгазена,“ вели Дејвид. „Постои позната метафора во врска со изборите што ги правиме во животот. Оригиналноста секогаш носи сомнеж, недоверба и тешкотии. Луѓето се плашат и не веруваат во она што не го виделе, слушнале, прочитале или искусиле порано. Само продолжете напред.“rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Природата секогаш има прогресивен пристап

    rnМалите рипчиња живеат во плитки води, а кога малку ќе пораснат веќе можат да пливаат и во подлабоко. Ова правило на природата може да се аплицира и на животот. Било да се работи за пливање, цртање, свирење музички инструмент или совладување на говорнички способности, не можете вештината да ја совладате наеднаш. Потребно е трпение затоа што природата има прогресивен пристап.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Природата е вечна

    rn„Кругот на животот навистина постои. Кога ќе станете родител и кога еден ден одново ќе ги истражувате шумите со вашето дете, ќе го почувствувате она необично двојство на емоции, како во исто време сте во улога на учител и заштитник, а чувствувате како воопшто да не поминало време откако вие како дете сте ги истражувале шумите. Природата е најдобриот стабилизатор. Таа може времето да го стави во круг,“ вели Дејвид.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

    Сѐ е природа

    rnПриродата не е само она нешто што е таму некаде надвор од градот каде што е зелено. Природата не е само во дивината, туку насекаде околу нас, почнувајќи од храната, преку материјалите од кои е изграден домот, музиката инспирирана од неа… Таа се пројавува постојано во најразлични форми.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

  • Подобрете си го сексуалниот живот според менструалниот циклус

    Подобрете си го сексуалниот живот според менструалниот циклус

    Менструалниот циклус силно влијае на животот на секоја жена, а благодарение на овие неколку сознанија, можете да извлечете најмногу од него со цел да си го подобрите сексуалниот живот.rnrnПодобрете си го сексуалниот живот според менструалниот циклусrn

    Возбудлив почеток на циклусот

    rnВо првите денови од циклусот се чувствувате заводливо и расположено бидејќи ви се покачува нивото на окситоцин, естроген и тестостерон. Клиторисот во овој период е поосетлив, па повеќе уживате и полесно се возбудувате. Благодарение на естрогенот, сите сетила во овој период ви се засилени, па и бакнежите ги доживувате поинтензивно. Дури и вашиот партнер ви делува попривлечно во овие денови од циклусот. Заради дејството на хормоните, во првите 5 дена од циклусот сте и покреативни во креветот, а таа креативност со себе носи и компетитивност, па може да добиете желба да го „покорите“ вашиот партнер.rn

    9-ти до 14-ти ден: Фокусирајте се на партнерот кога ќе посакате да флертувате

    rnВо овој период од циклусот посебно се зголемува нивото на естроген и тестостерон поради што сте расположени за флертување. Пробајте да се фокусирате на вашиот партнер бидејќи студиите покажуваат дека во овој период жените за дури 160% повеќе гледаат во други мажи одошто во останатите денови од циклусот. Во наредните неколку дена се чувствувате добро, но поради хормоните сте особено осетливи кога ќе забележите дека вашиот партнер гледа во друга девојка, макар и ако се работи за позната филмска актерка.rn

    Околу 21-виот ден: Најактивни сте во кујната

    rnКога ќе дојде 21-виот ден од циклусот, имате повеќе желба да го поминувате времето во кујната. Прогестеронот во тој период ви создава апетит и напамет ви паѓаат многу рецепти за слатки и вкусни јадења. Всушност, хормоните тоа го бараат од вас со цел да се подготвите за бременост ако сте се обидувале да зачнете во периодот на овулација. За да дојде до зачнување, телото мора да има масно ткиво, па хормоните се грижат тоа да биде обезбедено, за секој случај.rn

    23-ти до 28-ти ден: При сексот, тој се фокусира на вашето лице

    rnОд 23-тиот до 24-тиот ден неизбежно доаѓа до ПМС. До 28-миот ден, заради хормоните сте или многу тажни или многу раздразливи. Ако немате чувство дека не изгледате убаво или дека ви е подуен стомакот, извлечете ја вашата секси гардероба и отворете го деколтето. Ништо нема да ве ослободи од напнатоста како добриот секс. Не грижете се ако стомакот ви е малку надуен – според една студија, во овие денови мажите за време на сексот се фокусираат на лицето на партнерката. Исто така, истражувањата покажуваат дека во овој период од циклусот сте особено осетливи, па затоа на пример тогаш не закажувајте депилација бидејќи ќе ве боли повеќе од вообичаено.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате?

    Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате?

    Во текот на менструалниот циклус се случуваат хормонски промени кои влијаат на начинот на кој нашите тела функционираат. Жените кои редовно трчаат треба да го знаат ефектот на тренингот за време на менструалниот циклус.rnrnПрогестерон и естроген се двата главни хормони кои имаат најголемо влијание врз спортските капацитети на една жена.rnrnКако влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумиратеrnrnПрогестеронот е највисок за време на овулација, од 20-22 -от ден од 28 дневен циклус. Промените во нивото на прогестерон прават нашите тела полесно да задржуваат течности, па затоа се чувствуваме подуени. Овој хормон исто така предизвикува покачување на телесната температура. Ова е корисно да го знаат жените кои пробуваат да забременат, но за жените кои сакаат трчање овој период може да биде проблематичен особено ако времето е многу топло. Затоа, доколку трчате за време на овулација мора да бидете претпазливи и да внимавате да внесувате доволно течности. Најдобро би било да не трчате напладне кога е најтопло.rnrnЕстрогенот, од друга страна, носи повеќе бенефиции. Нивото на естроген е највисоко во периодот пред овулација, односно за време на 14-от или 15-от ден од 28 дневен циклус. Според истражувања направени во 2002 и 2006 година, во овој период естрогенот помага многу полесно да се топат мастите во нашиот организам. Ако полесно согоруваме јаглехидрати тогаш многу лесно ќе снемаме енергија за време на трчањето. Има многу помалку енергија во грам јаглехидрати отколку во грам масти, па затоа согорувате повеќе калории кога топите масти за разлика од јаглехидрати. Естрогенот е вистински пријател на жените кои сакаат да согоруваат масти, па затоа практикувајте да трчате непосредно пред овулација.rnrnКако влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумиратеrnrnМногу е важно да се напомене дека женското тело не е послабо од машкото туку е различно. Жените не се послаби и не би требало да тренираат помалку од мажите. Многу тренери и медицински лица потврдиле дека индивидуалните вежби се еднакви и за мажи и за жени, она што се менува е како тие вежби се поставени во програмата.rnrnЖените треба да бидат свесни дека за време на менструација нивото на железо во крвта е загрозено. Заедно со загубата на крв доаѓа и загубата на хемоглобин, што ја намалува способноста за транспорт на кислород и многу полесно доаѓа до замор. Доколку редовно тренирате, нивото на железо во крвта мора да биде проверувано од страна на вашиот лекар за да не дојде до анемичност.rnrnТестостеронот, естрогенот и прогестеронот се главните репродуктивни хормони чие ниво опаѓа во првите денови од менструацијата. Овој пад на хормоните резултира со опаѓање на серотонинот и допаминот, што би значело честа промена на расположението и желба за калорична храна и чоколадо.rnrnКако влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумиратеrnrnЗа време на менструација се препорачува да го започнете денот со обилен појадок кој содржи растителни влакна и протеини, како јогурт и житни култури кои ќе ве одржат сити подолго време и помала ќе биде шансата да посегнете по нешто благо. Не прескокнувајте оброци преку ден со цел да внесете помалку храна бидејќи телото ќе бара многу повеќе храна кога ќе дојде време за вечера. Кога ќе добиете желба за грицки, направете си пуканки или микс со комбинирање на зрна житарици, семки од сончоглед и сушено овошје.rnrnИсто така, конзумирајте ореви, семе од лен, мрсна риба како лосос или маслиново масло, бидејќи тие се големи извори на омега 3 масни киселини. На жените им се препорачува конзумирање храна која содржи железо (спанаќ, леќа, леблебија) со цел да се намали падот на железото во крвта за време на менструација, растителни протеини (ореви, семиња и соја) за да се стабилизира шеќерот, Б витамин (месо, туна, компири, банани, грав) за да се намалат промените во расположението и боровинки и малинки со цел да се покачи естрогенот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајната на животот… или беше кругот на животот!?

    Тајната на животот… или беше кругот на животот!?

    Автор: Високо ЦrnrnНе, нема да ви зборувам како да го живеете својот живот. И нема да ве учам што да правите кога не знаете што да направите. Имате доволно информации за тоа во книгите за подобрување на сопствената личност, за будењето на сопствениот ум, за тајните и моќта на потсвеста.rnrnДа бидам искрена, и јас сум горд сопственик на неколку вакви дела. Интересни, едукативни, применливи совети. Но кој да ги следи?rnrnТајната на животот... или беше кругот на животот!?rnrnПо дефиниција, кругот на животот е раѓањето, животот (со сите благодати) и смртта. Тајната на животот нема дефиниција. Оставена е на нас самите да ја најдеме. Токму во овој дел, илјадници книги се трудат да ни помогнат и не советуваат каде, кога и како да бараме и да најдеме одговор.rnrnЗа мене, одговорот на прашањето за тајната на животот е кругот на животот. Одговорот пак, на прашањето за кругот на животот е 4.rnrnЧетири дела на кругот: мисла, верба, акција, резултат. И потоа, повторно истото.rn.rn

      rn011

    • Вашите мисли одредуваат во што ќе верувате.
    • rn011

    • Тоа во што верувате ви помага да одлучите каква активност да преземете или да не преземете.
    • rn011

    • Акциите завршуваат со резултат (добивка или не).
    • rn011

    • А резултатите ја потврдуваат или поништуваат вашата мисла, што ви помага да одлучите дали ќе продолжите во истата насока или ќе направите промена.
    • rn

    rnЕдноставно, нели? И применливо во секој аспект на живеењето. И кога велам секој, навистина мислам секој.rnrnСепак, секој круг се разликува, иако се повторува. Ако првиот бил одличен, вториот може да биде екстремно лош. Вашиот е добар, кругот на вашиот пријател може да биде подобар. Ама затоа е круг, ви помага да се пренасочите, да се промените, да измените што не ви се допаѓа, да го задржите тоа што ви значи.rnrnСите книги кои ги имам, имаат заеднички теми и слични, ако не и исти совети. Најважниот, кој се повторува во секоја од нив е „Верувај во себе дека можеш.“ И исто како кругот, се повторува. Дури и кога нема да успеете, анализата на неуспехот ви дава насока како да се подобрите. Понатаму веќе знаете.rnrnЖивотот е комплексен, а овие неколку реченици се кратки. А ние, како најсложени од сите суштества, сме многу често себични и субјективни. Затоа и не можеме сами. И затоа ги имаме родителите, партнерот, децата, пријателите, колегите, тетката што седи до нас во автобусот, возачот на таксито кој не враќа дома, механичарот кој ни го одржува автомобилот. Сите тие се дел од вашиот живот и во некој момент од животот, можат да остават печат врз вашите одлуки и желби.rnrnСледниот пат кога ќе излезете на кафе некаде, погледнете околу себе и заблагодарете им се во вашите мисли. Јас го правам тоа постојано и признавам, без нив, многу нешта во мојот живот ќе беа поинакви. Сеедно дали ќе беа подобри или полоши.rnrnЗатоа, почитувани мои (знаете кои), ви благодарам за сѐ, а најмногу што знам дека сте тука за мене и кога не сте и кога молчите и кога ми кажувате нешта кои не ми се допаѓаат. Ви благодарам одново и одново за секој свртен круг во мојот живот, за секој крај и секој нов почеток!rnrnВе сакам!rnrnВисоко Ц