Болката во стапалата предизвикана од носењето штикли веќе може да биде минато, со помош на овие чевли дизајнирани од германската компанија „Mime et moi“.rnrn
rnrnТие може да ѝ овозможат на секоја жена да стигне до канцеларијата носејќи рамни чевли, кога ќе биде таму да ги претвори во штикли, додека пак вечерта повторно да ги промени. Имено, оваа компанија создала серија чевли со различни големини на потпетици, што значи дека никогаш повеќе со вас нема да треба да носите резервен пар.rnrn
rnrnТие може да се пронајдат во повеќе бои, а менувањето на потпетицата е многу лесно. Сѐ што треба е да го повлечете чкрапалото, да ја извадите монтираната потпетица и да ја ставите посакуваната големина, при што потоа треба само да згазнете на задниот дел од стапалото, па ќе бидете спремни за претстојната прилика.rnrn
rnrnДодека рамните чевли се со висина од три сантиметри, што се однесува до другите видови штикли, корисниците може да изберат помеѓу три, седум или десет сантиметри.rnrn
rnrnОваа уникатна комбинација ќе ви биде совршен придружник во кој било дел од денот или во која било прилика.rnrnПогледнете го видеото и видете како изгледаат чевлите од соништата на многу жени!rnrn
Tag: чевли
-

Остварување на соништата: Штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли
-

3 пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есен
Во чевлите, исто како и во врските, вложуваме доколку сме сигурни дека ќе траат. Меѓутоа, многу е тешко да се најдат удобни, модерни и финансиски прифатливи обувки кои истовремено ќе бидат и квалитетни. Денес ви предложуваме три пара кои со сигурност ќе ви траат, а можете да ги носите со различни комбинации…rn
1. Кратки чизми во неутрална боја
rnОвие чизми со сигурност ќе ви прилегаат со секоја модна комбинација. За да изгледате поелегантно, можете да изберете чизми на штикла, но таа не мора да биде тенка и неудобна. Одлучете се за штикли кои ќе ви одговараат на ногата и во кои ќе ви биде пријатно.rnrn
rn2. Балетанки
rnБалетанките се совршен избор за на работа, затоа што ви ја нудат потребната удобност, додека истовремено со нив можете и лесно да одите и да ги извршувате напорните задачи. Исто така ако по завршувањето на работното време сакате да се наградите себеси со одење во некое кафуле, балетанките совршено ќе се вклопат во таа весела атмосфера!rnrn
rn3. Штикли со каиш
rnДоколку вложите пари во штикли со каиш, ќе бидете сигурни дека секогаш ќе сте стабилни. На овој начин ќе го избегнете лизгањето на стапалата што е особено важно доколку не сте вешти во одењето на високи потпетици.rnrn

-

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли
Без разлика дали сте маж или жена, кога треба да носите нов пар чевли, вашите нозе секогаш страдаат. Сепак, постојат неколку трикови со чија помош ќе го решите проблемот и ќе им ставите крај на страдањата и болката и ќе уживате во новите обувки кои како да се создадени специјално за вас. Во продолжение погледнете некои од нив.rnrn
rn1. Ханзапласт
rnОва е најчесто користен стар трик кој ќе го спречи триењето на кожата и чевлите, при што ќе ги избегнете плускавиците, особено кога носите високи потпетици. Препорачливо е да изберете малку поширок ханзапласт од местото каде што се појавува триењето.rnrn
rn2. Пудра во прав
rnПудрата во прав може да го намали триењето на површината на стапалото. Ставете малку од неа пред да ги облечете чевлите, а ако не носите чорапи, осигурете се дека нозете не ви се влажни.rnrn
rn3. Дебели чорапи и топлина
rnСтавете еден пар дебели чорапи, а потоа облечете ги вашите чевли. Вклучете го фенот за коса и насочете го кон тесните делови на чевлите. Прошетајте се наоколу сѐ додека не се изладат, а доколку е потребно повторете ја постапката. Материјалот од кој се направени чевлите се шири од топлината и станува сѐ повеќе флексибилен. Имајте на ум дека овој трик е ефикасен само на природен материјал, како што е кожата.rnrn
rn4. Рол-он или стик
rnСтраничната страна од вашето стапало, коската на петата и прстите се најпогодените зони. За да го отстраните триењето помеѓу чевлите и вашите стапала, нанесете рол-он или стик на проблематичните области.rnrn
rn5. Силиконски влошки
rnСиликонските влошки се достапни во аптеките, ортопедските продавници, а можете да ги најдете и на Интернет. Ги има во различни форми (влошка со целосна големина на стапалото, само за петите и слично), така што лесно можете да ги прилагодите на проблематичните области.rnrn
rn6. Лед
rnНаполнете кеса со вода, ставете ја во чевлите а потоа заедно ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат така во текот на ноќта. Кога ќе ги извадите утредента ќе забележите дека чевлите се пошироки благодарејќи на водата којашто се замрзнала.rnrn
rn7. Алкохол и хартија
rnПрснете доволно алкохол во тесните области на чевлите, така што тие ќе се намократ. Ставете внатре стуткана хартија и оставете ги да стојат преку ноќта. Колку повеќе хартија користите, толку подобри резултати ќе добиете. Наредното утро отстранете ја хартијата и облечете ги чевлите, така што тие ќе може да се прилагодат на формата на вашето стапало.rnrn
rn8. Хидратантна крема
rnОвој метод е ефикасен само на чевлите од вистинска кожа. Нанесете малку хидратантна крема во внатрешноста, а особено обрнете внимание на петата и областа околу прстите. Кремата ќе ја омекне кожата на чевлите, па кога ќе ги облечете наредниот ден тие ќе се прилагодат на вашето стапало.rnrn
rn9. Компири
rnОвој трик може да ги прошири вашите нови спортски обувки или мокасини. Ставете чисти компири во внатрешноста на чевлите и оставете ги да стојат преку ноќта. Најчесто компирите не оставаат мирис, но за да се осигурите дека немате остатоци од нив во вашите чевли, избришете ги со влажна крпа.rnrn
rn10. Посетете чевлар
rnОва е најверојатно најсигурната опција за вас. Повеќето од нив имаат посебни алатки со кои ги менуваат обувките според ваше барање при што повеќе нема да ви нанесуваат болка.rnrn

-

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама
Многу мажи ќе се согласат дека нема ништо посмешно од жена која носи чевли со високи потпетици, а не знае да оди со нив. Но, жените знаат дека понекогаш едноставно не можат да одолеат на тие прекрасни чевли кои прават да се чувствуваат како вистински топ модели. Доколку ви е тешко да одите во вашите нови потпетици, не очајувајте бидејќи има решение. Ова се 10-те трика кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и самоуверено кога ќе чекорите во вашите омилени обувки…rn
1. Правете мали чекори
rn
rnrnЗа да изгледате елегантно треба да правите мали и бавни чекори без да ги виткате колената повеќе од вообичаено. Ако се обидете да правите големи чекори, како што го правиме тоа во секојдневните чевли, вашиот од ќе изгледа неприродно. Така што, ако сте одлучиле да ги освојувате височините, не смеете да брзате.rn2. Чекорете од петици кон прсти
rn
rnrnЗа вашето темпо на одење да делува природно, треба прво да стапнете со петиците на земја и потоа полека да го придвижите стапалото кон прстите. Кога вашата тежина ќе падне на табанот од стапалото, наведнете го нанапред, како да одите на прсти, и почнете да го преземате следниот чекор.rn3. Одете исправени
rn
rnrnНема убава жена без беспрекорно држење. Исправете ги рамената и брадата нека ви биде паралелна со подот. На овој начин вашите стомачни мускули ќе се зацврстат, стомакот ќе ви се израмни и ќе изгледате послаби и полесни.rn4. Чекорете во права линија
rn
rnrnЗа да одите како модел, замислете си права линија пред вас и чекорете строго по неа. Движете ги стапалата точно едно пред друго и ширете ги прстите по малку, за да ви се нишаат колковите. Ќе ви треба малку вежбање, но трудот ќе се исплати. Несомнено е дека ќе привлечете голем број погледи.rn5. Подгответе се од дома
rn
rn- rn011
- Доколку ве очекува некој голем настан, како на пример свадба, треба да се припремите однапред за да изгледате совршено. Вежбајте го вашиот од за вечерта помината во високи потпетици да не се претвори во кошмар, туку во сон. Можете и да ги изгребете малку ѓоновите на чевлите за да не се лизгаат.
- Носете ги чевлите за да свикнете на нив. Новите обувки во комбинација со цела вечер помината во стоење, не даваат добри резултати. Можете да ги направите вашите чевли помеки, доколку облечете волнени чорапи и ги носите со чевлите секој ден по 10 минути.
- Научете да одите по скали. Стапнувајте со цело стапало кога се симнувате, а кога се качувате стапнувајте само со прстите.
- Користете удобни влошки и подлоги. Кога ќе ги пробате новите потпетици, ако стапалата ви се лизгаат, влошките можат да ви помогнат да ви биде попријатно во чевлите. На овој начин вашите стапала и чевли ќе бидат заштитени.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
6. Научете како да стоите на високи потпетици
rn
rnrnНе е сѐ до одењето, треба да знаете и како да стоите. Поставете ја петата на едното стапало во средината на другото под прав агол. Потоа пренесете ја тежината на второто стапало и кога ќе се уморите, префрлете ја тежината на другото.rn7. Одморајте ги стапалата
rn
rnrnАко сакате цел ден да носите високи потпетици, а да не ве болат стапалата, одморајте се одвреме-навреме. Но, не ги соблекувајте чевлите. Уморните стапала отекуваат и вистински предизвик ќе биде повторното облекување на потпетиците.rn8. Не носете високи потпетици премногу често
rn
rnrnНосете чевли со различна висина на потпетицата, но нека доминираат ниските и удобни чевли. Постојаното носење високи потпетици може да му нанесе многу штета на вашето здравје.rn9. Одберете ги вистинските обувки
rn
rnrnДоколку целиот ваш живот сте носеле патики, не брзајте веднаш да купите чевли со потпетица висока 15 центиметри. Почнете со нешто понеутрално и стабилно, како што се потпетиците од 8 или 10 центиметри. Можете да се обидете со чевли со ремчиња. Тие се поудобни бидејќи стапалото помалку се лизга во нив и полесно е да се одржи рамнотежа.rn10. Одберете ја вистинската величина
rn
rnrnНишто нема да ве спаси доколку носите премногу тесни чевли. Никогаш не смеете да купувате високи потпетици ако почувствувате дека ви се малку тесни. Ако мора да одберете помеѓу премногу големи и премногу тесни чевли, одберете ги првите затоа што ќе можете да ги носите со влошка, а со вторите нема да можете ништо да направите освен да се каете што сте ги купиле. -

Практичен трик кој ќе ви ги скрати маките: Како да ги проширите тесните чевли со вода?
Секоја жена барем еднаш во животот се соочила со проблемот тесни чевли. Ова е посебно случај со новите чевли кои треба најпрвин да се разгазат, а доколку се изработени од поцврста кожа, тогаш тоа може да предизвика непријатна болка и рани на стапалата. За среќа, постои решение за овој проблем, особено ако чевлите се изработени од природни материјали.rnrn
rnrnСѐ што ви е потребно е вода и две пластични кеси кои можат да се затворат. Во нив ставете ¼ вода, наместете ги во чевлите и потоа ставете ги во фрижидер. Кога водата ќе замрзне, извадете ги чевлите од фрижидерот и почекајте околу 20 минути, додека да се стопи мразот. Извадете ги кесичките и доколку е потребно, исушете ги чевлите со фен.rnrnОсвен за чевли, овој трик е одличен и за кожната облека и може да ја рашири за 1 конфекциски број. Се разбира, може да се примени и на вештачка кожа, но таа има тенденција повторно да се враќа во првобитната состојба, така што ќе мора неколку пати да го повторите процесот, на одредено време. -

Како да препознаете кои чевли се удобни без да ги пробате?
Изгледот понекогаш знае да излаже. Дури и најубавите летни сандали може да ви предизвикаат најболни плускавци само по неколку часа носење. И најниските штикли може да направат да кривите од болка. Овие неколку трикови ќе ви помогнат веднаш да ги препознаете удобните чевли кои со сигурност нема да ве разочараат подоцна…rnrn
rnБарајте чевли со дебела штикла
rnКолку што е подебела штиклата толку подобро ќе биде распределен притисокот на вашите стапала и ќе се чувствувате постабилно.rn
Обидете се да најдете чевли со пошироки ремчиња
rnТие буквално ќе ги залепат вашите стапала во чевлите и ќе имате поголема стабилност додека одите или танцувате. Уште подобро е ако чевлите имаат ремче кај глуждот.rn
Одберете чевли со мек ѓон
rnКога станува збор за високи потпетици, мекиот ѓон го намалува притисокот што инаку би го чувствувале на предниот дел од стапалото. Што се однесува до ниските чевли, мекиот ѓон ја дава потребната стабилност и удобност на табаните.rn
Секогаш одбирајте природни материјали
rnАнтилоп кожата и обичната кожа ќе се обликува според формата на вашето стапало, што ќе ги намали шансите тоа да се лизга или да излегува од чевелот. Синтетичките материјали, од друга страна, пак, не се воопшто флексибилни и ги предизвикуваат најболните плускавци.rn
Проверете ја стабилноста
rnСтавете го чевелот на рамна површина и нежно турнете го со прстот. Ако се заклати или падне, тоа значи дека веројатно не е доволно цврст за да ви ја даде потребната рамнотежа.
-

Обојте ја пролетта во најразлични бои: Како да ги носите чевлите оваа сезона?
Со сигурност секоја нова сезона посакувате во својот секојдневен изглед да внесете некоја новина. Промената на фризурата и бојата на косата можат да бидат одличен избор, но само за оние дами кои се сигурни во тоа, а ние веруваме дека многу од вас попрво би се одлучиле за промени во стилот и воведување нови трендови кои доаѓаат токму со новата сезона. Сепак, најдобриот начин да го освежите вашиот стајлинг, а да не правите никакви драстични промени, ниту во стилот, ниту во изгледот е да изберете обувки во некоја весела боја.rnrn
rnrnОва би можело да биде одлична идеја за сите оние жени кои ги сакаат боите, ги сакаат оригиналните аутфити и не им е грижа да ја покажат својата оригиналност. Затоа оваа пролет можете да видите како тротоарите се шарени со лесни и брзи женски чекори.rnrnДоколку досега сте биле приврзани само за класичните бои на чевли како што се црната и кремот, тогаш во почетокот можеби би ви било тешко да се одлучите за некоја друга боја која би можеле да ја носите на вашите чевли. Можеби ќе ви делува чудно за на работа или некоја друг формална прилика да облечете вакви обувки, но навистина нема потреба да чувствувате никаков притисок, бидејќи чевлите во боја стануваат задолжителни исто како пар црни или крем чевли.rnrn
rnrnКога ја избирате бојата на чевлите започнете од тоа избраната боја да биде најблиска до јачината која најмногу ви пријае. Доколку имате некоја омилена боја, тогаш првиот пар нека биде токму во таа боја. Така најлесно ќе се одлучите, но и ќе ги комбинирате со гардеробата која веќе ја имате.rnrn
rnrnЦрвените чевли или сандали се секогаш совршен избор, бидејќи секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво. Дури и кога немате ниту еден друг црвен детаљ на себе, секогаш можете да ги споите со црвен лак или кармин. Тие сами по себе се толку ефективни и елегантни што воопшто нема потреба да барате каков било неопходен спој. Црвената облека доаѓа во обѕир во секаков облик. Чевлите можете секогаш да ги носите, во текот на целата година, а лесно се комбинираат со фармерки и бела блуза, но и со елегантни фустани и костими.rnrn
rnrnКога избирате сини чевли, тогаш не би било лошо да ги изберете оние во кралско сина боја или индиго, бидејќи тие нијанси даваат доза елеганција. И оваа боја на чевли можете да ја комбинирате со сите останати бои, бидејќи сината сама по себе е лесна за комбинирање, дури и покрај тоа што оваа нијанса припаѓа на оние поинтензивните. Сјајно се комбинира и со различни дезени и затоа не плашете се креативно да си поиграте со шарите и принтовите.rnrn
rnrnЖолтите чевли се можеби поретка појава и поредок избор на жените, но кога ќе погледнете колку добро се комбинираат со другите бои ќе признаете дека и вие би сакале да ги носите. Можете да ги комбинирате како и сите останати бои со фармерки и сите еднобојни материјали, но и со интересни дезени кои во спој со жолтите чевли секогаш даваат весели комбинации.rnrn
rnrnЗелените, розовите или виолетовите чевли, како и сите останати бои коишто можете да ги замислите се идеални за оваа пролет да ја направите повесела и да внесете новини во својот стил, без притоа да преземате драстични мерки.rnrn
-

Едноставен начин да ги претворите старите чевли во свечени и модерни со помош на неколку детали
Ако имате еднобојни чевли кои одамна ви досадиле, а потребно ви е нешто ново, убаво и интересно за некоја свечена прилика, тогаш сте на вистинското место. Особено ако ги сакате „направи сам“ проектите, задолжително погледнете го овој едноставен начин за кој ви е потребна мала сума пари, а ќе добиете нешто што сите останати го немаат.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Лента чипка
- Сребрени, пластични каменчиња
- Златни, ситни, пластични каменчиња
- Супер лепило
- Ножички
- Чепкалки за заби
- Чевли, по можност во беж боја.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrn1. Исечете ја чипката со соодветна должина за да ја прекрие целата пета и штикла, па со помош на лепило залепете ја.rnrn
rnrn2. Кога ќе се исуши лепилото, на ред доаѓаат каменчињата.rnrn
rnrn3. Со помош на чепкалките за заби, нанесете лепило на секое од каменчињата, па залепете ги на чипката.rnrn
rnrn4. Каменчињата наредете ги по сопствена желба, но не заборавајте дека малку е повеќе и дека чевлите треба да изгледаат елегантно, а не да бидат кич.rnrn
rnrnРаботата е завршена.rnrn
rnrnВашите стари нови чевли сега се идеални за приликите во кои сакате да изгледате елегантно, но и уникатно.rnrn
rnrnДоколку барате чевли за венчавка, а немате ништо што ви се допаѓа, сега знаете како можете самите да ги направите.rnrn
-

Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате
Благодарение на храбрите и колоритни дизајни, овие чевли изгледаат совршено за Дизни. Започнувајќи од големите потпетици со карактери и светлите бои, па сè светлото кое свети во чевлите со Чеширската мачка, деталите на овие модели се едноставно импресивни. Токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека тие скршиле рекорди во областа на обувки инспирирани од анимираните филмови на Дизни. Погледнете…rnrn
rnrn -

Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли
Најчесто пред да влеземе во нашиот дом си ги собуваме чевлите затоа што нашите мајки воспоставиле таков ред и дисциплина. Тоа најчесто го правиме за да се одржува хигиената во домот. Но, сега и научниците советуваат дека никогаш не треба да влегуваме пред да ги соблечеме чевлите. Еве зошто…rnrn
rnНа вашите чевли живеат бактерии
rnСпоред научниците, се работи за нешто повеќе од само чисти подови. Всушност, носењето чевли внатре го зголемува ризикот од внесување некоја бактерија од надворешниот свет. Истражувањата покажуваат дека на надворешноста на чевлите има 421.000 бактерии од 9 различни видови. Тука спаѓаат ешерихија коли и клебсиела пневмонија која може да предизвика инфекции на мочниот тракт, како и serratia ficaria, која предизвикува респираторни инфекции.rnrnОвие бактерии можат да се закачат на нашите чевли бидејќи поминуваме низ места кои претставуваат легла на бактерии како што се јавните тоалети, нечистата вода, животинскиот измет и така натака. Органските остатоци по кои газиме всушност им помагаат на бактериите да живеат на вашите чевли, што значи дека на нив сега сигурно има бактериски колонии.rnrnИстражувањата откриле дури 77.000 различни видови бактерии и вируси во јавните тоалети, а од земените примероци најзастапени биле стафилококите.rn
Но, има и други опасности освен бактериите
rnПреку чевлите дома може да внесете отрови од вештачки ѓубрива и инсектициди со кои се прскаат тревниците. Тоа е навистина играње со вашето здравје. Да не ги заборавиме и валканите вирови во кои сте стапнале, а кои покрај вода, содржат остатоци од бензин, нафта, моторни масла и што ли уште не, кое лесно може да се најде на вашиот под во дневната соба.rn
Што треба да правите?
rnЕдноставно е. Соблекувајте ги чевлите кога влегувате дома. И не јадете храна од подот, иако вам ви се чини дека е чиста. Или послушајте ги научниците и перете ги чевлите со детергент во машина за перење. Можеби затоа се верува дека научниците не знаат ништо за модата.














