КАФЕ ПАУЗА

Tag: чевли

  • Поучна приказна: Мудар одговор од дворскиот шут на разгалениот крал!

    Поучна приказна: Мудар одговор од дворскиот шут на разгалениот крал!

    Си беше еднаш во едно кралство еден разгален крал кој на сѐ наоѓал маана. Но, особено го лутеле нерамнините на патот кон неговиот замок. Секогаш кога тргнувал и кога се враќал од патување, неговите стапала го болеле, па решил да го промени тоа и издал наредба секоја патека во неговото кралство да се прекрие со животинско крзно.rnrnПоучна приказна: Мудар одговор од дворските луѓе на разгалениот крал!rnrnКога дворскиот шут ја слушнал кралската наредба, веднаш почнал да се смее. Без никаков страв, одлучил да му објасни на кралот зошто неговата идеја е бесмислена.rnrn„Драг кралу, па тоа е лудо! Зошто да го трошите вашето богатство? Зошто да убиете толку животни? Зарем не е подобро ако земете две парчиња крзно и ги заврзете на стапалата?“, предложил дворскиот шут.rnrnНа кралот му се допаднал советот на неговиот дворски шут, па така и сторил. На тој начин се појавиле и првиот пар чевли во неговото кралство.rnrnПоука: За да го промениме светот, треба да почнеме од себе. Не можеме да ги прилагодиме природата и светот на нас, туку треба да најдеме начин да се вклопиме во нив. Всушност, единственото нешто што треба да се промени е нашиот поглед кон светот, проблемот и можното решение.

  • Математички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?

    Математички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?

    Бројките можат да бидат многу интересни, особено кога си играте со нив. Токму затоа и ви го претставуваме овој математички трик кој веќе некое време кружи по социјалните мрежи.rnrnМатематички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?rnrnСтанува збор за математичка постапка која ќе ви открие кој број чевли носите и точно колку години имате. Единственото нешто кое е потребно за да ги добиете точните броеви е уште да го немате прославено роденденот од оваа година. Со оглед на тоа што 2016-та само што почна, постојат мали шанси за тоа да се случи.rnrnПрвото нешто што треба да го направите е да го внесете бројот на чевлите кои ги носите во калкулатор. Потоа помножете ги со 5 и на тој износ додајте 50. Добиениот резултат помножете го со 20, а потоа додајте го и бројот 1015. Од добиената вредност одземете ја годината кога сте родени и во резултатот ќе го најдете бројот на вашите чевли (првите 2 бројки) и точниот број години (вторите 2 бројки од добиениот број).rnrnПишете ни дали овој трик успеал и со вас.

  • Девојките на Дизни во чевли на познатите модни дизајнери

    Девојките на Дизни во чевли на познатите модни дизајнери

    Артистот на оваа колекција илустрации, Гризелда, вели дека ја наоѓа својата инспирација во комбинирањето на нејзините омилени Дизни бајки и нејзините омилени модни дизајнери кои, покрај облека, дизајнираат и чевли. За неа, чевлите се уметност или скулптури кои можат да се носат. Кога се добро изработени, тие го дополнуваат карактерот и стилот на личноста која ги носи. Самата вештина и изработката на чевлите се одраз на вкусот на дизајнерот и неговото забележување на малите детали. За неа, добар пар чевли се и добар заклучок на целиот изглед.rnrn

    Елса - Кристијан Лобутин
    Елса – Кристијан Лубутин
    rnrnВрз основа на карактерите на нејзините омилени принцези, Гризелда анализира кој дизајнер најмногу им прилега и соодветствува на овие девојки. На пример, Елса е самоуверена и луксузна жена, па неа ја комбинира со Кристијан Лубутин, според неа најлуксузниот и најсофистицираниот дизајнер на чевли, како и нејзин миленик. Инаку, Гризелда и нејзиниот сопруг Норман, познати на социјалните мрежи како grizandnorm, се артисти кои работат во студиото на Волт Дизни како аниматори. Погледнете ја нивната колекција од чевли за принцезите од Дизни.rnrn

  • Прв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас

    Прв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас

    Кога планирате да одите на интервју за работа, бизнис состанок или на некоја друга средба каде што треба да оставите добар впечаток, размислете малку и за својот изглед и однесување бидејќи тие можат многу да откријат за вашиот карактер уште пред да почнете да зборувате.rnrnПрв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас rnrnОва се 5-те ситници кои можат да дадат негативна слика за вас:rn

    1. Згужвана облека

    rnФизичкиот изглед го дава првиот впечаток за личноста која ја запознавате, а згужваната кошула, здолниште или пантолони никако не одат во ваша корист. Имено, експертите објаснуваат дека овој изглед дава слика на незаинтересираност, несмасност и мрзливост.rn

    2. Валкани чевли

    rnЧевлите се многу важни кога сакате да оставите добар прв впечаток. Тие не мора да бидат нови, но пожелно е да се уредни и уште поважно, чисти. Валканите и запуштени чевли даваат слика на индиферентност и недостаток на ентузијазам.rn

    3. Џвакање

    rnГумите за џвакање за едни претставуваат навика, за други ослободување од стресот, додека трети сакаат да ја задржат свежината на здивот. Иако причините се наивни и не го откриваат вашиот вистински карактер, експертите за невербална комуникација џвакањето го сметаат за многу несериозно, а во некои случаи и за непристојно.rn

    4. Мирис

    rnИако сите ги сакаме своите омилени парфеми, докажано е дека тие можат да предизвикаат мачнина, па дури и главоболка кај чувствителните луѓе. Токму поради тоа, интензивните и слатки парфеми можат да ве опишат како неодговорна личност која не се грижи за другите. Истото важи и за облеката која ја примила миризбата на влага или чадот од цигари.rn

    5. Шминка и фризура

    rnДа се дотерате за состанок од каква било природа е одличен потег доколку сакате да оставите добар впечаток. Но, како и со сѐ друго во животот така и со дотерувањето треба да се биде умерен. Нападната и тешка шминка, како и свечената и нагласена фризура, никако не се добар избор, бидејќи можат да остават впечаток на несигурност и дволичност.

  • Најбараните модели: 4 бренда на обувки по кои сите лудуваат на социјалните мрежи

    Најбараните модели: 4 бренда на обувки по кои сите лудуваат на социјалните мрежи

    Да ве праша некој кои брендови имаат најјака армија од фанови на социјалните мрежи, би биле сигурни дека знаете кои дизајнери се во прашање. Веднаш би ви паднале на памет Маноло, Стјуард, Кристијан, Џими.. Но, тогаш би погрешиле уште во стартот, бидејќи, неодамнешното истражување спроведено на мрежите како Твитер, Фејсбук и Инстаграм покажа дека помалку познатите дизајнери на обувки имаат попристапни цени и се поголем магнет од скапите брендови. Не земајќи ги во обѕир супер популарните брендови како Најк и Адидас, кои во својата понуда имаат патики, но и голема понуда на спортска облека, истражувањето се сконцентрирало на оние брендови кои во својата понуда имаат само обувки.rnrn1-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnЗа овие брендови, покрај атрактивните модели на обувки, својствен е и високо развиен имиџ, како и естетски привлечни фотографии кои се темел за популарност на социјалните мрежи.rn

    1. Steve Madden

    rn2-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_ 4-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_ 3-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    2. Sam Edelman

    rn5-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_7-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_6-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Keds

    rn8-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_9-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_ 10-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ugg Australia

    rn11-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_12-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_ 13-najbaranite-modeli-4-brenda-na-obuvki-po-koi-site-luduvaat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

  • 5 најголеми грешки кои сите ние ги правиме со патиките и штиклите

    5 најголеми грешки кои сите ние ги правиме со патиките и штиклите

    Скапи или евтини, без разлика какви чевли имаме, сите ние сакаме тие подолго време да можат да се носат. Секако, за тоа да се случи мора правилно да се грижиме за нив и да ги одржуваме, но сепак се провлекуваат неколку грешки кои можат да го скратат нивниот рок. Чевларите откриваат кои се најчестите и најголемите грешки кои сите ние ги правиме со нашите чевли.rnrn5 најголеми грешки кои сите ние ги правиме со патиките и чевлитеrnrn1. Ги перете патиките во машина за алишта. Не само што со тоа го нарушувате квалитетот на патиките, бидејќи тие не се „отпорни“ на машината за алишта, туку го уништувате и лепилото во базата поради кои ѓонот ќе почне да се одвојува.rnrn2. Носите превртена кожа за време на дождливо време. Чевлите од превртена кожа никогаш не треба да бидат носени кога е мокро, бидејќи неповратно ќе се оштетат. Чевларите велат дека штетата која настанува по нивниот контакт со вода најчесто е трајна и не може да биде поправена.rnrn3. Не ги штитите чевлите. Без разлика на материјалот, вие треба да ги заштитите чевлите пред носење. За секој вид чевли постои посебно средство за одржување кое мора да се користи. Тоа не е само трик на трговците со цел да ве натераат да потрошите повеќе пари од планираното, туку еден начин на кој можете да го продолжите рокот на траење на вашите чевли.rnrn4. Претерано носење на омилените чевли. Можеби вие не сакате да ги собуете од вас, но на тој начин многу побрзо ќе ги истрошите. Чевларите можат да ја поправат штетата како излижан или одлепен ѓон, но оние чевли кои ја промениле својата форма од газење, не можат да се вратат во првобитната состојба.rnrn5. Им го скратувате воздухот. Исто како и човечката кожа, така и чевлите имаат пори на кои им е потребен воздух. Токму затоа не ги чувајте во шкаф подолго време. Исто така не ги чувајте во пластични кеси и обидувајте се одвреме-навреме да ги проветрите.

  • Дознајте која боја на чевли одговара на вашата дневна комбинација

    Дознајте која боја на чевли одговара на вашата дневна комбинација

    Секоја жена, додека ја избира дневната комбинација која планира да ја носи, во истиот тој момент веќе има замислено кој модел и боја на чевли ќе ги искомбинира со неа. Но, многумина жени во овие прилики ги избираат веќе проверените варијанти, па се одлучуваат за чевли во црна, тегет и кафеава боја. Тие не размислуваат многу за преземање моден ризик, токму поради стравот да не погрешат. Затоа погледнете која боја на чевли најдобро ќе одговара на вашата дневна комбинација, за ќе ги избегнете дилемите во иднина.rnrn1-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Црвени чевли

    rnЦрвените чевли претставуваат одличен избор ако сакате вашата дневна комбинација да ја направите впечатлива. Вклопете ги во дневни комбинации на розова, портокалова, црна или бела боја, но и ако се одлучите да ги вклопите со тегет или неутрални бои, дефинитивно нема да погрешите.rnrn2-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Зелени чевли

    rnДоколку се одлучите да носите чевли во зелена боја, ќе забележите дека тие, потполно неочекувано, претставуваат голем стилски избор за секоја дама. Најдобро е да ги носите со комбинации во кафеава, црна, сина или жолта боја, но и со дневни комбинации во неутрални бои.rnrn3-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Сини чевли

    rnЗалепени фармерки во светла боја и чевли во темна сина боја може да изгледаат феноменално кога ќе се вклопат заедно. Меѓутоа, покрај со овие светли нијанси на сино, овие чевли може да ги комбинирате и со жолта, кафеава или бела боја, како и со неутрални дневни комбинации.rnrn4-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Жолти чевли

    rnИако жолтата и виолетовата боја се комплементарни бои, оваа комбинација во некои ситуации може да биде неславен избор. Затоа подобро би било, ако посакате да носите жолти чевли, да ги комбинирате со дневни комбинации во различни нијанси на сина боја, но и со црно-бели и зелени комбинации.rnrn5-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Портокалови чевли

    rnДоколку се одлучите за портокалови чевли, тогаш избегнувајте ја гардеробата во зелена и виолетова боја, бидејќи тие ќе стојат многу подобро во дневни комбинации во сина, бела, црвена и жолта боја, како и во комбинации со земјени тонови.rnrn6-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Металик чевли

    rnАко се одлучите за чевли во сребрена боја, тогаш одлучете се за дневни комбинации во бела, црвена, виолетова и црна боја, како и во неутрални тонови. Златните чевли пак, може да ги прилагодите во комбинации во црна, црвена, бела, кралско сина и темноцрвена боја.rnrn7-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rn

    Виолетови чевли

    rnВиолетовите чевли одлично стојат на дневни комбинации во неутрални бои, но и на тегет, розова и зелена боја.rnrn8-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

  • Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

    Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

    Жените обожаваат мода. Чевлите и дијамантскиот накит се сметаат за најдобрите модни додатоци, па токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека кога тие се споени во еден продукт, на секоја жена би ѝ било скоро невозможно да им одолее. Дури и покрај цената. Погледнете ги 10-те најскапи штикли моментално во светот, кои целосно ќе ве остават без зборови.rn

    10. Дијамантски високи потпетици од соништата (500.00 долари)

    rn(1) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnСтјуарт Вајцман ги создал овие штикли за Аника Нони Роуз со цел да ги носи за доделувањето на Оскарите во 2007 година. Тие се покриени со 1.420 дијаманти, кои се поставени во кружна форма на врвот.rn

    9. Оригиналните чевли со рубин од филмот „Волшебникот од Оз“ (612.000 долари)

    rn(2) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnПостојат само 3 пара од овие чевли во светот. Тие се помеѓу најскапите филмски сувенири од постоењето на филмската индустрија. Еден од овие 3 пара се наоѓа во музејот Смитсониан во Вашингтон.rn

    8. Мерлин Монро (1.000.000 долари)

    rn(3) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnОвој елегантен пар чевли бил дизајниран од страна на Стјуарт Вајцман за Реџина Кинг, додека оди по црвениот тепих во 2005 година. Дијамантите кои се вметнати во дизајнот доаѓаат од обетки кои самата Мерлин ги носела, па токму затоа и го добиле нејзиното име.rn

    7. Ретро Ружа (1.000.000 долари)

    rn(4) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnСтјуарт Вајцман се наоѓа и зад овие чевли чиј дизајн нè навраќа во 40-тите години. Ружите на овие штикли се направени со 1.800 дијаманти „Kwiat“, додека пак уште 400 дополнителни дијаманти се инкорпорирани во самите чевли.rn

    6. Високи потпетици од платина (1.100.000)

    rn(5) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnОвие чевли биле првиот милионски пар со поголем број кој некогаш се нашол на црвениот тепих. Тие во себе содржат 464 дијаманти „Kwiat“, а биле направени за актерката Лора Харинг.rn

    5. Чевли од рубин, дизајнирани од Стјуарт Вајцман (1.600.000)

    rn(6) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnШтиклите инспирирани од филмот „Волшебникот од Оз“, овој пат направени од страна на Стјуарт Вајцман, се обвиени со 640 рубини „Burma“. Тие се наоѓаат врз елегантен црвен сатен.rn

    4. Сини високи потпетици (2.000.000 долари)

    rn(7) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnВајцман, во соработка со дизајнерот за накит Еди Левиан, создале неверојатни штикли чиј надворешен слој има 26-каратни дијаманти.rn

    3. Пепелашка (2.200.000 долари)

    rn(8) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnОвие чевли се направени од платина. Стаклените чевли инспирирани од бајката за Пепелашка се декорирани со 565 дијаманти „Kwiat“, додека пак десната чевла има и редок 5-каратен амарето дијамант, кој вреди повеќе од 1 милион долари.rn

    2. Рита Хејворт (скоро 3.000.000 долари)

    rn(9) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnСатенските штикли со отворени прсти и „ружа“ која крие рубини, сафири и дијаманти, во моментов се најскапите чевли во светот. Но, тие не се за продажба. Во јавноста прв пат ги носела актерката Катлин Јорк на доделувањето Оскари во 2006 година, додека пак, денес се во сопственост на ќерката на Рита Хејворт, принцезата Јасмин Ага Кан.rn

    1. Чевли од рубин, дизајнирани од Хари Винстон (3.000.000 долари)

    rn(10) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светотrnrnОвој дизајн на Хари Винстон моментално е најскапиот пар женски чевли кои можете да го најдете во светот. Биле потребни 2 месеца секојдневна работа за да се состави овој пар, кој има 4.600 рубини во него.

  • Внимание: Ова е најопасната несакана последица од носењето чевли со високи потпетици

    Внимание: Ова е најопасната несакана последица од носењето чевли со високи потпетици

    Носењето штикли бара огромна пракса, но што повеќе ги носите толку полесно и ќе ви биде одењето со нив. Но, овој размер не се однесува и на вашето здравје. Едно неодамнешно истражување кое било спроведено на голем број жени ни покажало дека со носењето вискои штикли вие сериозно го загрозувате вашето здравје во постарата животна доба.rnrnВнимание: Ова е најопасната несакана последица од носењето штикли со високи потпетициrnrnИ покрај тоа што на почетокот високите потпетици ги зајакнуваат мускулите на листовите и глуждовите, станува збор за краткотраен ефект. Секоја жена која има чевли со потпетици од 10 сантиметри и која ги носи до 3 пати неделно, значително ја зголемува шансата за деформација на сите зглобни мускули. Овие негативни промени на мускулите водат кон бројни хронични болести, како воспаление на зглобовите и артритис. Исто така, тие имаат негативен ефект и врз вашиот ‘рбет.rnrnНо, доколку не сте подготвени да ги напуштите штиклите, постои трајно решение со кое можете да се заштитите од овој проблем. Вие треба да правите вежби за зајакнување на мускулите и зглобните врски. Редовните вежби со колената, листовите и зглобовите ќе ги зајакнат вашите нозе, правејќи ги да изгледаат поубави, но истовремено ќе ви помогнат и да бидете поздрави во постарата животна доба.rn

    Вежба #1

    rn

      rn011

    • Застанете покрај ѕид, исправете се и направете благ расчекор.
    • rn011

    • Подигнете се на прстите колку што можете повеќе и потоа спуштете се во првобитната положба.
    • rn011

    • Повторувајте ја оваа вежба секој втор ден, во три серии од 15 до 20 подигнувања и спуштања.
    • rn

    rn

    Вежба #2

    rn

      rn011

    • Застанете на висок праг, скала, или ниско столче, но држете се само на предниот дел од стапалата, додека вашите пети се слободни.
    • rn011

    • Подигнете се најмногу што можете на прстите, а потоа спуштете ги петите до најниската точка.
    • rn011

    • Повторувајте ја оваа вежба секој втор ден, во серија од 15 до 20 подигнувања и спуштања.
    • rn

  • Совладајте го одењето на штикли – лесно и едноставно

    Совладајте го одењето на штикли – лесно и едноставно

    Одењето на штикли знае да биде напорно и ужасно болно, посебно ако сте на нив со часови. Сепак, кога веќе сте одлучиле да носите штикли, погрижете се да одите правилно и убаво, во спротивно вашето движење ќе изгледа по малку смешно и сигурно нема да се чувствувате добро.rnrn1.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrn

    1. Секогаш бидете исправени

    rnЕден од клучните елементи за одење во чевли со високи потпетици е правилното држење на телото. Бидете исправени, погледот напред и храбро чекорете, но притоа немојте да изгледате како да имате метла на грбот. Опуштете се и погрижете се рацете да ви бидат „лесни“ за да си помогнете да одржувате рамнотежа.rn

    2. Вежбајте пред огледало

    rnОблечете штикли, застанете пред огледало и пробајте да направите неколку чекори налево и надесно. На тој начин ќе видите дали ви одговараат и дали со нив можете да одржувате рамнотежа. Светот изгледа поинаку кога го гледате од височина, навикнете се на тоа чувство.rn

    3. На штикли не смеете да се лизгате

    rnАко ви е штиклата лабава и не ви „лежи“ убаво на стапалото, обидете се тоа да го поправите со силиконски влошки. Тие ќе ви ги направат чевлите поудобни и ќе го спречат лизгањето на стапалото. Задолжително проверете го и ѓонот, ако е лизгав веднаш однесе ги штиклите на поправка.rn

    4. Чекорете бавно и одмерено

    rnНемојте цврсто и енергично да ги забивате петите во земја, па да ве слушаат по цела улица. Исто така внимавајте на движењето на рацете, не е убаво да изгледате како да довикувате помош. Кога сте на штикли, не брзајте! Опуштете го телото и полека, со ситни чекори движете се напред. Следете го ритамот на колковите и правилно распоредете ја тежината на телото.rn

    5. Седнете кога можете

    rn2.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrnrnПланирате цела ноќ да ја поминете на штикли? Тоа звучи напорно. Затоа независно од местото и времето, седнете и одморете се. На секои 30 минути наоѓајте интересно друштво, сместете се удобно, прекрстете ги нозете и на сите покажете им ги прекрасните штикли.rn

    6. Секогаш изобилувајте со самодоверба

    rnГлавната причина поради која жената која носи штикли изгледа убаво е самодовербата. Ако немате превисоко мислење за себе, глумете дека го имате. Замислете си дека сте најубавата жена на светот и во никој случај не симнувајте ја насмевката од вашето лице.rn

    7. Вежбање, вежбање и повторно вежбање

    rnИако се чувствувате удобно додека се движите на штикли, продолжете со вежбање. Одењето на штикли можеби изгледа едноставно, но не го земајте здраво за готово. Последната работа која сакате да ви се случи е да се посрамотите пред друштвото или уште полошо – да повредите зглоб.rn

    8. Гледајте каде одите

    rnДури и на професионалните жени со високи потпетици може да им се случи незгода. Поради тоа секогаш треба да имате предвид по каква површина чекорите. Пред да зачекорите храбро, проверете дали одите по површина која е лизгава, полна со камчиња или дупки. Затоа, гледајте каде одите!rn

    9. Не одбирајте превисока штикла

    rn3.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrnrnБез разлика колку многу ви се допаѓаат некои чевли, ако во нив изгледате како Бамби на мраз, тие не се вистински избор за вас. Немојте да бидете премногу амбициозни и веднаш да ги зграбите штиклите од 10 сантиметри. Пред да излезете надвор со нив, прво поносете ги дома за убаво да ги разгазите.rn

    10. Прво пета, потоа прсти

    rnВнимавајте на мекоста на чекорот. За да изгледате грациозно, прво на тлото спуштете ја петата, па потоа лесно спуштете ги прстите. Кога стапалото е цело на површина, прво подигнете ја петата, за да останете на прсти и потоа нежно зачекорете. Дури го правите тоа, замислете дека летате два метри над земја и дека никоја друга девојка не ви е на исто ниво.