КАФЕ ПАУЗА

Tag: чешање

  • Што значи кога ве чеша левата или десната дланка?

    Што значи кога ве чеша левата или десната дланка?

    Секој од нас верува дека доколку го чеша левата дланка ќе добие пари. Но, што значи кога нè чеша десната дланка? Дали за сето ова постои медицинско објаснување или тоа е само едно обично суеверие. Во продолжение прочитајте каква вистина се крие зад оваа појава…rnrnШто значи кога ве чеша левата или десната дланка?rnrnСуеверието вели дека чешањето е поврзано со пари и во зависност од тоа која дланка ве чеша, дали левата или десната, вие ќе добиете или ќе изгубите пари. Доколку ве чеша левата дланка, тогаш ќе добиете пари, додека пак, чешањето на десната дланка претставува трошок.rnrnПостои и медицинско објаснување кое вели дека чешањето е поврзано со енергијата во вашите раце.rnrnОпшто земено, левата рака претставува можност, додека десната претставува активност. Па според ова, чешањето на левата дланка значи дека нешто ќе ви се појави во животот и дека поради тоа ќе треба да дадете пари.rnrnБидејќи десната рака кај поголемиот дел од луѓето е активна, доколку ве чеша, тоа значи дека енергијата од вашата работа излегува од вас и ви носи парична добивка. Чешањето на десната дланка значи дека енергијата излегува и се заменува со парите кои доаѓаат.rnrnЗа да го намалите чешањето на дланките, сè што треба да направите е да ги потриете од дрвена површина. Според едно народно верување ова ќе го намали чешањето бидејќи на тој начин енергијата од дланките ќе се пренесе на дрвото.rnrnСуеверието е прилично старо и додека некои веруваат дека е точно, други сметаат дека е само теорија. Кој од нив е во право?rnrnДоколку побарате нешто на Интернет за овој феномен, ќе откриете дека постојат многу луѓе кои доживеале слични случајности поврзани со пари, без разлика дали се работело за добивка или загуба.rnrnЗа ова не постои научно објаснување, но многу кои ја испитувале оваа појава, тврдат дека не треба да верувате во неа, туку да се осврнете на својот труд и напорна работа – и секако да не чекате да ве зачеша раката за да добиете пари.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за суеверијата: Дали тие се резултат на потсвеста, желбите или чиста имагинација?

  • Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лакотот или прстите?

    Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лакотот или прстите?

    Народните верувања се многу интересни и необични. Иако не постојат никакви научни докази за нив, многу луѓе сѐ уште веруваат во знаците што ни ги праќа нашето тело. Без разлика дали и вие сте дел од нив или пак мислите дека станува збор за измислици, убаво е да бидете запознаени со народната мудрост.rnrnНародни верувања: Што значи ако ве зачеша лактот или прстите?rnrnВеројатно сте слушнале за верувањето дека ако ве зачеша десната дланка, ќе дадете пари, а ако ве зачеша левата дланка, ќе добиете пари. Меѓутоа постојат уште верувања за слични ситуации! Ако ве зачеша десната дланка тоа може да значи дека наскоро ќе се ракувате со позната личност.rnrnДоколку ве чеша левото уво, некој ве озборува. Ако ве зачеша десното, тогаш некој ве фали. Ако ве зачешаат табаните, ќе одите некаде. Ако ве зачеша левиот табан, ќе патувате некаде, а ако ве зачеша десниот, ништо од патувањето.rnrnЈадежот во левиот лакот означува дека ве очекуваат возбудливи вести, а јадежот во десниот лакот предвидува тажни вести. Доколку ве зачешаат прстите, почнете да се подготвувате, бидејќи наскоро ќе се свршите или венчате.rnrnШто мислите за овие верувања? Дали сметате дека постои некаква вистина во нив или пак служат само за забава?rnrnДоколку ве интересираат овие работи, прочитајте ги следниве 10 народни верувања за привлекување пари.

  • 8 интересни факти за комарците кои можеби досега не сте ги знаеле

    8 интересни факти за комарците кои можеби досега не сте ги знаеле

    Летото полека се приближува, а со него почува и сезоната на комарците. Познати ли ви се летните вечери кога не можете целосно да уживате во нив затоа што тука се овие мали, досадни инсекти? Иако на секаков начин се обидувате да се ослободите од нив, тие повторно наоѓаат начин да ви се приближат и да ви досадуваат. Покрај тоа што знаете дека се неподносливи, во продолжение дознајте уште неколку факти за овие инсекти.rnrnrnrn1. Комарците се најсмртоносните суштества на светот. Секоја година тие предизвикуваат смрт кај преку еден милион луѓе ширум светот (ширејќи маларија). Тоа е повеќе смрт отколку што предизвикува кое било друго животно.rnrn2. Само женските комарци цицаат крв. Ним им треба крвта како извор на протеини со цел да произведат здрави поколенија. Но, исто како и нивните машки партнери, тие исто така мораат да јадат цвет и растителен нектар како хранливи материи.rnrn3. Комарците може да цицаат 3 пати повеќе отколку што е тежината на нивната крв. А таа зависи од видот на комарците и може да изнесува некаде помеѓу 0,001 и 0,01 милилитри.rnrn4. Она што прави убодот да ве чеша е нивната плунка. Тие ја внесуваат плунката кога каснуваат, затоа што содржи агенси коишто ја разредуваат крвта и ја ублажуваат раната (така што понекогаш не знаете ниту дека сте каснати). Но, повеќето луѓе се алергични на оваа плунка, па затоа потоа чувствуваат потреба од чешање.rnrn5. Тие живеат подолго од останатите инсекти. Од ларви, па до целосно развиени комарци, нивниот животен век е од 2 до 3 недели.rnrn6. Комарците сакаат бремени жени. Идните мајки ослободуваат повеќе јаглерод диоксид и топлина од телото, па затоа им се попривлечни на комарците. Инсектите исто така се забележуваат повеќе и крај луѓето коишто носат темна облека.rnrn7. Пиењето пиво ве изложува на поголем ризик од комарци. Една студија направена со 25 здрави мажи покажала дека оние коишто пиеле пиво биле изложени на поголем ризик од каснување од комарци.rnrn8. Комарците летаат од 1,5 до 2,5 километри на час. Тие замавнуваат со нивните крила од 300 до 600 пати во секунда, што е причина ние да го слушнеме нивното зуење уште пред да слетаат на нашето тело.

  • Обична настинка или само алергија?

    Обична настинка или само алергија?

    Пролетните денови знаат да бидат ужасни за оние кои се борат со различни алергии. За оние, пак, со послаб имунитет, можеби се и повеќе од тешки со оглед на тоа што настинуваат дури и при најмала промена на времето. Топло, ладно, прашина, полен… Верувале или не, многу луѓе имаат проблем при разликување на симптомите кои се јавуваат поради алергии и/или настинка. Тоа понатаму води кон погрешно третирање на истите, па наместо да им биде подобро, ситуацијата само им се влошува.rnrnyoung female having a coldrnrnВо основа, настинките се предизвикани од некој вирус, додека алергиите се одговор на имунолошкиот систем кога организмот е изложен на одредени алергени како полен, прашина, првут од домашни миленичиња и сл.rnrnДоколку поубаво ја погледнете следната табела, може да забележите зошто овие две состојби толку често се мешаат. Без разлика дали се работи за алергија или настинка, неминовно е да чувствувате замор, да почнете да кивате и кашлате, да ви тече носот и постојано да чувствувате притисок во делот кај синусите бидејќи носот ви е затнат.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Алергија Настинка Заеднички симптомиrn
    иритација кај очите температура замор
    иритација кај ушите грозница кивање
    иритација кај грлото суво и зарипнато грло кашлање
    отежнато дишење болки по телото затнат нос
    црвенило (опционално) омалаксаност растечен нос

    rnДодека сличностите се оние кои нè бунат, различните симптоми се оние по кои можеме да препознаеме дали сме настинати или алергични на нешто. Така, доколку станува збор за алергија, покрај веќе набројаните симптоми, ќе се појави и иритација кај очите, ушите и грлото, како и отежнато дишење. Ако се работи за настинка, тогаш е многу веројатно дека ќе качите температура, можно е да ве тресе грозница, да имате суво и зарипнато грло, да се чувствувате омалаксани и да имате болки по целото тело.rnrnНаједноставен начин за препознавање на непријателот со кој си имаме работа е според времетрањето. Класичната настинка најчесто не трае подолго од 10-тина дена и претежно се јавува при преод од едно во друго годишно време. За разлика од настинката, алергиите знаат да бидат огромни гњаватори кои не си заминуваат дури и по неколку месеци. Но од друга страна, најчесто се јавуваат во еден ист период од годината, што го олеснува процесот на преземање превентивни мерки доколку е можно.rnrnКако еден од најефективните начини за справување и со настинката и со алергиите е користење на капките за нос, секако само доколку се препорачани од доктор. Нивната ефикасност и во двете ситуации се состои во тоа што го отпуштаат затнатиот нос со што се олеснува дишењето, додека истовремено ги третираат потечените и блокирани дишни патишта.rnrnБез разлика дали станува збор за алергии или настинка, многу е важно да ја имате точната дијагноза поставена од доктор, за да можете правилно и соодветно да се лечите. Иако превентивните мерки не се никогаш на одмет, факт е дека не секогаш можете навреме да забележите што ви се случува и да го спречите тоа. Но затоа, пак, правилниот третман на брз и едноставен начин ќе ви помогне да се справите со симптомите и да си го олесните секојдневието.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трик: Ослободете се од чешањето по убод од комарец

    Трик: Ослободете се од чешањето по убод од комарец

    Со почетокот на летото и топлото време, започнува и сезоната на комарците и другите слични инсекти. Овој трик ќе ви помогне многу лесно да се ослободите од досадното чешање предизвикано од убодот на инсектите.rnrnТрик: Ослободете се од чешањето по убод од комарецrnrnЗа овој трик ви е потребна една метална лажица и топла вода. Ставете ја лажицата под млаз со жешка вода, околу една минута, и потоа притиснете директно врз местото каде што сте каснати од инсект. Држете ја лажицата притисната неколку минути и откако ќе ја тргнете чешањето ќе прекине засекогаш.rnrnКога ќе ве касне комарец, тој остава протеин под кожата за да го спречи засирувањето на крвта на местото на убодот. Протеинот е тој што ве тера да го чешате местото, но тој не може да ја издржи топлината која ќе ја пренесе жешката лажица, па токму затоа и престанува чешањето. Црвенилото и подуеното место може ќе потраат уште некој ден, но иритирачкото чешање ќе го снема засекогаш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни мексикански суеверија

    10 интересни мексикански суеверија

    Дали се сметате себеси за суеверни? Или пак верувањата дека предметите и постапките на луѓето ја определуваат (не)среќата за вас, е исто како да верувате во духови или други глупави нешта? Верувале или не, интересно е да се прочитаат овие 10 мексикански суеверија, во кои овој народ силно верува.rn

    1. Лошо око

    rnДоколку некој зјапа во бебе и не го допира, се верува дека може не само да го урочи, туку и да го повреди. Тоа се нарекува „Лошо око“ или на шпански „Mal de Ojo“. Доколку некој го урочи бебето тоа почнува да се разболува, да крева висока температура, силно да плаче и никој не може да го утеши. За да се излекува од „лошото око“, на бебето му прават ритуал со живо јајце, кое се тркала по неговото тело, со цел во него да се апсорбира негативната енергија на личноста којашто го урочила. Потоа, јајцето се крши на половина и се става во чаша со вода којашто се позиционира под креветчето, во близина на главата на бебето.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrnrnНабрзо или утрината се проверува дали јајцето во чашата личи како да се зготвило. Доколку тоа се случило, според нивното верување значи дека бебето имало „Mal de Ojo“ и во истиот момент, тоа ќе почне да се чувствува подобро и набргу болеста ќе му исчезне. Воедно, се верува дека доколку знаат која е личноста којашто го зјапала бебето и ја повикаат истата да дојде и овој пат да го допре бебето, неговата болест ќе се излечи.rn

    2. Ќе ми ја подадеш солта или не?

    rnДоколку во Мексико побарате некој да ви ја подаде солта од масата в рака, тоа е повикување на несреќата. На шпански „La Mal Sal“ значи лоша сол, што е сленг кој се користи за „лоша среќа“. Оние коишто веруваат во ова суеверие, мораат да побараат солта прво да биде спуштена на масата, пред да ја земат во својата рака.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    3. Чантата никогаш не смее да биде на подот

    rnИсто како и во македонската култура, така и во Мексико, оставањето на чантата на земја се смета дека носи лоша среќа, односно дека на тој начин ги фрлате вашите пари. Најдобро е чантата секогаш да биде близу вас и да ја придржувате.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    4. Забрането чистење на нозете со метла

    rnСе верува дека чистењето на нозете со метла на некој којшто не е во брак, ќе му/ѝ донесе лоша среќа. Тоа значи дека таа личност ќе искуси лоши љубовни врски или никогаш нема да направи свадба. Со други зборови, со метлата се брише сета среќа и можност за брак на таа личност.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    5. Ѕунење на ушите

    rnДоколку ви ѕунат или одѕвонуваат ушите, тоа значи дека некој ве збори. Некои веруваат дека доколку ви ѕвони десното уво тоа значи дека личноста зборува нешто убаво за вас, а доколку е левото, тогаш значи дека ве озборува. Доколку ви ѕвони левото уво, тогаш треба да си го гризнете јазикот, со надеж дека и личноста која ве озборува ќе си го гризне јазикот како казна заради тоа што зборува лоши работи за вас.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    6. Споделете ги вашите кошмари

    rnДоколку имате кошмар мора да го раскажете, особено доколку во него се вклучени луѓе коишто ги познавате. Доколку го споделите кошмарот, тоа ги уништува сите шанси сонот да се претвори во реалност. Кошмарот треба да се раскаже гласно, слободно и без чувство на страв, а не само да се сподели.rn

    7. Поврзаноста помеѓу безопасните игли и полната Месечина

    rnКога жената е бремена, таа треба да го заштити нејзиното дете од полната месечина која може да предизвика болести, смрт или деформација на бебето. За да го заштити своето неродено дете, мајката треба да закачи безопасна игла на облеката, колку што може поблиску до стомачето.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    8. Не чешајте ја дланката кога ве чеша

    rnУште едно слично суеверие делиме со Мексиканците. Кога раката чеша, тоа значи дека наскоро ќе добиете некои пари. Но, доколку ја почешате, тоа ќе ви го оттргне богатството од вашите раце. Па затоа, наместо да ја почешате дланката, во неа треба да ставите метална или хартиена пара и да ја протриете, сѐ додека потребата за чешање сосема не исчезне.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

    9. Лижење паричка

    rnСе верува дека брзо решение за да престане да ви тече крв од нос, е со лижење на метална паричка и потоа нејзино ставање на вашето чело. Кога паричката ќе се исуши, можете да ја тргнете од челото и течењето на крвта ќе престане.rn

    10. Бремените не смеат да ја фарбаат или кастрат косата

    rnОчигледно, бремените жени во Мексико немаат некој голем избор кога станува збор за средувањето на косата. Во овие краишта се верува дека бремената жена доколку ја поткастри или бојадиса косата, е исто како таа да ја пресекла папочната врвца и му предизвикува некаква штета на нејзиното неродено дете.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrnrnЗнаете некое интересно македонско или странско суеверие? Споделете го во коментари!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Потполно природни начини за лечење убод од комарец

    Потполно природни начини за лечење убод од комарец

    Иако комарците можат да пренесат и некои смртоносни болести, сепак за повеќето луѓе тие се досадни инсекти чиј убод може да донесе само чешање. Сепак, со чешање само го зголемуваме проблемот, бидејќи тогаш кожата пука и местото на убодот се изложува на поголем ризик за инфекција. Чешањето предизвикува и поголема иритација, што може да води и кон болка. Постојат неколку сосема природни начини за ублажување на чешањето кое се појавува по убодот од комарец.rnrnПотполно природни начини за лечење на убод од комарецrn

    Ладна терапија со мраз

    rnОваа терапија носи моментално олеснување. Ледот ги умртвува нервните завршетоци и помага да не чувствуваме болка или чешање.rn

    Оцет и мед

    rnОцетот поради својата киселост и медот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства, исто така можат да придонесат да се намали чешањето.rn

    Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната е алкално соединение кое може да го неутрализира pH балансот на кожата. Благодарение на тоа се намалува и воспалението на површината на кожата.rn

    Листови од босилек

    rnЛистовите на босилекот содржат камфор и тимол, две хемиски соединенија кои го ублажуваат чешањето.rn

    Кора од банана

    rnХемиските соединенија и супстанции во кората на бананата исто така можат да ви помогнат. Со внатрешниот дел од кората, мачкајте го делот каде што сте убодени од комарец.rn

    Алое вера

    rnИако примарно се користи како лек за изгореници, алое верата е одлична и кога станува збор за убод од комарец, бидејќи го намалува чешањето и воспалението.rn

    Мешавина од вода и млеко

    rnМешавината од вода и млеко нанесена на местото на убодот, исто така го намалува отокот,чешањето и воспалението.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки булдози танцуваат твист

    Слатки булдози танцуваат твист

    Не знаеме точно дали на овие булдози рокенролот им влегол во сржта, па не можат, а да не танцуваат твист или едноставно станува збор за убаво чешкање од подот. Сепак едно е сигурно, неодоливи се.Слатки булдози танцуваат твистТанцувале или се чешкале, воопшто не е важно, бидејќи секој што ќе го види видеото убаво ќе се насмее.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чекори до совршено бричење

    Неколку чекори до совршено бричење

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Подготовка

    rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rn
    rn

    Измијте го лицето

    rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rn
    rn

    Отстранете ги мртвите клетки

    rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Употребувајте квалитетен гел за бричење

    rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rn
    rn

    Употребете квалитетен брич

    rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rn
    rn

    Внимавајте на техниката на бричење

    rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rn
    rn

    Исплакнете го лицето

    rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rn
    rn

    Не употребувајте крпа

    rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Нанесете балсам за после бричење

    rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rn
    Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.