КАФЕ ПАУЗА

Tag: челик

  • За исплатливоста на издржливоста…

    За исплатливоста на издржливоста…

    „Најдобриот челик мора да помине низ најжешкиот оган.“ – Ричард Никсон, поранешен претседател на САД

    rn

    За исплатливоста на издржливоста...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2560×1600)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Популарноста на Фејсбук отиде дотаму што палецот нагоре се појави и на манжетни. Ви се допаѓаат, нели? Па, во случајов немате друга опција. 🙂Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“„Лајк“ модните додатоци се изработени од нерѓосувачки челик, со димензи 1,9 x 1,27 сантиметри. Можете да ги нарачате тука, по цена од 9,99 американски долари.Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“За профит или заради забава, не е првпат да се искористи сегмент од социјалните мрежи за изработка на моден додаток, најразлични парчиња облека, патики и што уште не. Досега сите беа одлично прифатени.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Транспарентна метална црква

    Транспарентна метална црква

    Архитектите Pieterjan Gijs и Arnout Van Vaerenbergh, се партнери кои заеднички инсталираат нови креации насекаде низ Холандија. Овој пат станува збор за серија од метални цркви, секоја од нив изработена од по 100 слоја метални плочки во висина од 10,3 метри.Транспарентна метална цркваИнтересното кај оваа црква е тоа што зависно од кој агол ќе биде погледната се менува нејзината видливост, па така доколку ја гледате под прав агол, може и да не ја забележите. Кога сонцето заоѓа, низ отворите на црквата влегуваат сончевите зраци и создаваат спиритуално чувство.Транспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваУпотребата на челик како главен материјал за изработката на оваа црква е во директна релација помеѓу религијата и државата. Како што минуваат годините, црквите во Холандија имаат сè помалку посетители, па дел од нив повеќе и не функционираат. Преку градењето на овие цркви од челик, тие ја нагласуваат важноста и потребата од трајноста на овие згради. Нивната идеја со транспарентноста на градбата е да се пренесе пораката дека иако понекогаш нешто не може да биде јасно видено, не значи дека не постои.Транспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оладете си го штотуку свареното кафе

    Оладете си го штотуку свареното кафе

    Никој не ужива да го пие своето кафе врело, штотуку тргнато од рингла. Очигледно на Дејв и Дејв многу им пречело да чекаат да се олади нивното кафе, па решиле да преземат нешто околу тоа. По неколку месеци интензивна работа, овие двајца момци ги создадоа разладувачите за кафе Coffee Joulies. Овие разладувачи имаат облик на зрна кафе и се направени од нетоксичен материјал и од нерѓосувачки челик.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеНивната задача е да го оладат кафето и потоа полека и рамномерно да ја испуштаат топлината која ја заробиле во нив. Овие разладувачи овозможуваат веднаш да почнете да го пиете топлото кафе, а по некое време кога во нормални услови треба да биде ладно, разладувачите ќе ја испуштат топлината во кафето и ќе овозможат тоа да биде идеално за пиење.Оладете си го штотуку свареното кафеОвие волшебни кафе-џули доаѓаат во неколку различни пакувања, а основното, 5 џули во едно торбиче, чини 50 американски долари. Но, добрата работа е што ги купувате еднаш, а траат доживотно.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафе

  • Безвремен луксуз во вашиот џеб

    Безвремен луксуз во вашиот џеб

    Луксузниот телефон од Aesir Copenhagen е нов воодушевувачки модел, дизајниран од страна на Ив Беар. Во време кога мобилните телефони вклучуваат толку многу функции и претставуваат сè што ни треба спакувано во еден уред, моделот на Беар може да делува малку „еднодимензионално“. Од почеток до крај, ова е само телефон, без GPS, без камера, без интернет и заразни игри. Ова е уред кој е едноставен и практичен за држење в рака, но истовремено сензационален, со луксузен дизајн.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебИдејата на Ив Беар се базира на ставот дека уредите за комуникација треба да се одликуваат со долготрајност и уникатност, со оглед на големите количини пластиката кои завршуваат во отпадот. Како што постојано излегуваат нови, подобрени верзии од паметните мобилни телефони и со оглед на тоа што договорите со мобилните оператори ни овозможуваат поволни услови за редовно заменување на старите уреди со нови, она што го нуди Баер е луксузен уред од безвремен карактер, но сепак, со основна комуникациска функционалност. Исто како што љубителите на скапи, уникатни часовници, носат еден модел на својот зглоб со децении, така и овој мобилен телефон им е наменет на оние кои сакаат да покажат едноставност и стил преку предметот што го носат во својот џеб.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебТелефонот на Ив Беар е достапен во варијанта со 18-каратно жолто злато и со преработен не’рѓосувачки челик во комбинација со керамика. Но, безвремениот телефон бара инвестирање на безвремена сума. Имено, за златната верзија ќе треба да платите 59.000 американски долари. Па, иако идејата на Беар е за почит, можеби сепак полесно ќе ни биде да размислуваме што да направиме со стариот уред откако ќе го замениме со нов, барем додека не го заработиме првиот милион. А потоа, нема проблем, би се луксузирале.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џеб