Експертите тврдат дека периодите во денот имаат големо влијание на нашето здравје. Со изминувањето на секој час, холестеролот, крвниот притисок, телесната температура и хормоните постигнуваат различни нивоа, а секој од тие фактори различно влијае на нашата емоционална, психичка и физичка состојба. Научете како функционира вашиот внатрешен часовник за да знаете што би требало да правите во одреден период од денот, а што да одбегнувате…rnrn
rn
6 часот
rnСпоред научниците од Универзитетот Раш во Чикаго, најголеми шанси за удар од каков било вид (срцев, мозочен) има во периодот помеѓу 6 часот наутро и пладне.rn
7 часот
rnОдбранбениот систем на нашето тело е најранлив во текот на првиот час по будењето. Нивото на антителата кои се наоѓаат во првите редови на нашиот имун систем е најниско во тој период. Освен тоа, нивото на кортизолот, стрес хормон кој го намалува имунитетот, е покачено. Научниците советуваат дека луѓето би требало да одбегнуваат вежбање наутро, бидејќи напорните физички активности во раните утрински часови ја намалуваат отпорноста на вируси и бактерии. За да го зајакнете имунитетот, се препорачува да изедете здрав појадок наутро и да пиете многу течности. На тој начин ќе ја обновите функцијата на црниот дроб кој цела ноќ ги обработувал маснотиите.rn
8 часот
rnШансите да се доживее срцев удар во периодот помеѓу 7 и 9 часот се 70% поголеми во споредба со другите периоди од денот. Тогаш крвниот притисок е највисок, што исто така го зголемува ризикот од срцев удар. Научниците многу прецизно го одредиле најризичниот момент, а тоа е 8 часот и 24 минути.rn
9 часот
rnДоколку сакате да забремените, најдобро е да водите љубов во овој период. Бројот на сперматозоидите е најголем наутро. Освен тоа, ова е најдобриот период за повторување на научениот материјал.rn
10 часот
rnПомеѓу 10 и 13 часот, нашиот мозок покажува најголема активност. Тогаш се зголемува и нивото на адреналин, па затоа овој период е идеален за извршување комплицирани задачи и донесување важни одлуки, додека, пак, проблемите најчесто се јавуваат помеѓу 15 и 17 часот.rn
12 часот
rnЛекарите препорачуваат дека луѓето кои страдаат од остеоартритис би требало да го испијат лекот околу пладне. Болката најмногу се чувствува во текот на попладневните часови и навечер, па затоа пладнето е идеалното време за земање лекови кои ќе почнат да делуваат точно во периодот кога болките ќе станат најсилни.rn
13 часот
rnНорвешките научници дознале дека мигрената најчесто се јавува во овој период од денот. Попладневниот пад на производството на хормони доведува и до пад на енергијата и концентрацијата.rnrn
rn
14 часот
rnНашата енергија е на најниско ниво во 14 часот и 16 минути. Внесувањето мала доза кофеин може да ви помогне полесно да го пребродите попладневниот умор.rn
15 часот
rnЛуѓето кои се занимаваат со механичка работа што бара многу мала концентрација се најпродуктивни помеѓу 15 и 17 часот. Освен тоа, ова е одлично време за секс, бидејќи овулацијата го достигнува врвот во околу 15 часот.rn
16 часот
rnНе е случајност тоа што најголем број од атлетските рекорди се поставени доцна попладне. Тогаш температурата на телото е највисока, а едно 5-годишно истражување докажало дека во тој период белите дробови функционираат на највисоко ниво.rn
19 часот
rnАко пиете лекови за снижување на нивото на холестерол, ова е најдоброто време за тоа, бидејќи во овој период се зголемува производството на холестерол. Идеално би било доколку го испиете лекот помеѓу 18 и 20 часот.rn
20 часот
rnСо заоѓањето на сонцето опаѓа и нивото на хормоните, па телото станува почувствително на алергени и на останатите иританти на имуниот систем. Во овој период се зголемени и нападите на астма, а нивната состојба се влошува уште повеќе околу полноќ. Дигестивниот систем се забавува, па затоа треба да одбегнувате тешка и мрсна храна.rn
21 часот
rnМајките кои дојат во овој период произведуваат најхранливо млеко кое е богато со маснотии и му помага на детето, но и на мајката помирно да спијат.rn
Полноќ
rnРизикот од мозочен и срцев удар е намал во периодот помеѓу полноќ и 6 часот наутро, бидејќи крвниот притисок се снижува додека спиеме. Ова е добро време за водење љубов, затоа што либидото е најголемо помеѓу 22 и 1 часот по полноќ.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за вашиот внатрешен часовник, прочитајте кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење.

rn
rn



rnrnВо одредени моменти од вашиот живот, сигурно сте се почувствувале како времето да ви запрело. Можеби тоа било кога првпат сте се искачиле на врвот од некоја планина во Македонија или пак, кога сте сфатиле дека сте заљубени. Овие искуства најчесто се проследени со восхит, чувство кое произлегува од перцепцијата за неизмерноста (во однос на значајноста или големината на нештата) и потребата да го промените начинот на којшто во тој момент гледате на светот за да можете да се прилагодите на оваа нова ситуација.rnrnВо својата 
rnrnНаучниците исто така откриле дека големината на роденото бебе, зависи и од тоа колку часови во текот на работниот ден, бремената жената поминува стоејќи. Така, кај оние жени кои почесто стојат, како што се учителките или оние кои работат во продажба, постои поголема веројатност да родат помали деца.rnrnЕдно од објаснувањата за оваа појава е фактот дека кај жените кои почесто мораат да стојат на нозе во текот на работниот ден, се намалува протокот на крв до плацентата, што од своја страна, го лимитира количеството на хранливи материи и кислород до фетусот. И покрај тоа што помало бебе не значи и нездраво бебе, сепак се смета дека кај вторите има поголем ризик од појава на проблеми со дишењето, срцеви дефекти, проблеми со дигестивниот систем, тешкотии со учењето и отежнат развој.rnrnЕкспертите не знаат зошто работењето повеќе од 25 работни часови во текот на неделата би можело да доведе до раѓање помали деца, но претпоставуваат дека тоа се случува како резултат на стресот. Авторите на истражувањето велат дека работодавачите треба да се потрудат што е можно повеќе да ја направат работата удобна за бремените жени кои работат таму.rnrnДруго истражување од Универзитетот во Осло, спроведено на 2.206 жени кои биле 32 седмици трудни, открило дека кај жените кои се нервозни додека се пораѓаат, породувањето трае подолго, односно час и половина плус во однос на оние жени кои не се уплашени од чинот.rnrnНервозните жени најчесто се пораѓаат околу 8 часа, а оние кои не се уплашени околу 6,5 часа. Се смета дека една петина од жените се уплашени од пораѓањето, појава позната како токофобија.rnrnОва истражување исто така открило дека на жените кои се исплашени поголема е веројатноста да им е потребна епидурална анестезија или царски рез. Тие исто така помалку комуницирале со бабиците за нивните проблеми, па не ја добиле потребната асистенција и помош за да се намали нивниот страв.rnrnЗатоа, доколку очекувате принова работете помалку, смејте се почесто и не плашете се од породувањето – тоа е сепак најприродната работа на светот, нели!?rnrn rnrn


















rnrn
rnСара Робинсон, која социолог е уредник на онлајн медиумот „Alter Net“ на оваа тема вели:rnrn
Прекувремената работа, меѓу другото, во последно време се практикува и со цел да си докажеме себеси дека можеме да постигнете сè, за краток временски период. Можеби првите неколку недели ќе успевате во своите намери, но набрзо после тоа ќе почнете да се чувствувате многу уморно, нервозно и раздразливо. Во таков случај вашата продуктивност значително ќе опадне и долгите временски часови нема да можат да го надокнадат веќе изгубеното време.rnrn
rn
Возраста не е важна, ниту пак, моменталната физичка состојба. Стриптизот е наменет за сите оние кои имаат желба за овој вид забава, за едно поинакво танцување во ритамот на музиката. Најтешкиот дел од вежбањето е моментот кога висите со главата надолу. Одржувањето рамнотежа на шипката, согорува многу калории и ги стега мускулите.rnrnОние кои се осмелиле да му се препуштат на овој спорт, велат дека после првите неколку часови, тој им го променил животот, начинот на движење, на танцување… Тврдат и дека стриптизот им ја зголемил женственоста и самодовербата.rn
rnrnАко имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.rnrn
rnrn rn
rn
rn
rn
rn
rn