КАФЕ ПАУЗА

Tag: чанта

  • Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

    Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

    Моделите на чанти за оваа зима се шик, елегантни, функционални, но и необични. Тие се комбинација од сè што ни е потребно за да ги освежиме парчињата облека оваа сезона. Помина речиси повеќе од еден месец откако се збогувавме со плетените чанти и светлите бои што беа хит ова лето. Со доаѓањето на есента, а наскоро и на зимата, неизбежно е менувањето на гардеробата, а со тоа и на додатоците. Од нив, секако, најпотребна ни е чантата. Проверете кои модели ќе бидат во тренд оваа сезона.rn

    1. „Bucket“ (букет) чанта

    rnОвој модел на чанта е сè повеќе популарен, особено кај помладата популација, па затоа оваа сезона е задолжителен. Сите нијанси и големини се во мода и совршено се вклопуваат со речиси сите комбинации на облека.rnrnosvezhete-go-plakarot-so-nova-chanta-otkrijte-koi-modeli-na-chanti-kje-bidat-vo-trend-vo-sezonata-esen-zima-2021rn

    2. Кружна чанта

    rnОваа чанта се одликува со разиграна форма и е во мала предност оваа сезона во споредба со овалните чанти. Најдобро од сè е што може да се носи со деловна облека, а совршено одговара и за ноќно излегување.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    3. Чанта во облик на полумесечина

    rnОсобено популарна оваа сезона, чантата во облик на полумесечина ќе ви даде шик изглед. Овој модел е модерен и удобен, и за кратко време успеа да ги освои срцата на многу следбенички на модата како и инфлуенсерки.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    4. Овална чанта

    rnИако овој модел се карактеризира со необична форма, сепак остава впечаток на класика, а тоа е сосема доволно за да одговара на тековните трендови. Нема да се покаете доколку се одлучите за ваков модел затоа што подеднакво може да се вклопи во сите комбинации, без разлика дали станува збор за дневно или ноќно излегување.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    5. Преголеми чанти

    rnОвој модел на чанта е хит и оваа сезона. Како што кажува името, оваа чанта е доста практична затоа што може да собере буквално сè што ви е потребно што ја прави да биде вонвременска.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rnrnОткако откривте кои модели на чанти ќе бидат во тренд оваа сезона, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • 5 работи кои мора да ги имате во вашата чанта

    5 работи кои мора да ги имате во вашата чанта

    Поминати се повеќе од 5.000 години од првата чанта која ја носеле мажи, главно само за да ги чуваат парите во неа. Денес чантата е нешто без кое речиси ниедна жена не го напушта домот. Паричникот, клучот и личните документи се први на листата работи кои мора да ги има во секоја чанта, но што е со останатите нешта кои може да ви притребаат и едноставно мора да го имате при рака?rnrn5 работи кои мора да ги имате во вашата чантаrn

    1. Чадор или кабаница

    rnУтринското сонце многу често знае да претходни на попладневен дожд, но доколку во својата чанта имате мал чадор на склопување или кабаница, промената на временските услови нема да ви биде проблем.rn

    2. Мала ужинка

    rnАко имате многу обврски или пак постои можност да заглавите низ градскиот метеж, убаво е да си носите мала ужинка со себе која ќе ви го ублажи гладот до следниот оброк.rn

    3. Влажни марамчиња

    rnОна што најмалку посакуваме е дамка на облеката која не сме ја забележале, но многу често дамките може да ги отстраниме со влажни марамчиња, па затоа е добро да ги имаме во чанта.rnrn5 работи кои мора да ги имате во вашата чантаrn

    4. Крема за раце

    rnПостојаното миење и дезинфекција на рацете ја суши кожата и ги прави рацете рапави, а вас ве прави да се чувствувате непријатно. Затоа малечка крема за раце е секогаш добредојдена во вашата чанта.rn

    5. Аналгетик

    rnНапорните и стресни работни денови полни со обврски може да предизвикаат главоболка, замор или болки во коските и мускулите. Кој било аналгетик е одличен за справување со болка, па затоа е добро да го носите со себе.rnrn(3) 5-raboti-koi-mora-da-gi-imate-vo-vashata-chantarn

    Автор: Катерина Каланоска

  • Како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?

    Како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?

    Сè што имате во домот и сè што носите со вас може да привлече добри работи ако ги користите на вистинскиот начин. Со помош на овие три совети од фенг шуи, научете како да ја организирате чантата за да ви донесе успех и пари.rnrnКако треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?rn

    1. Чантата не треба да биде отворена

    rnЧувајте ја чантата секогаш затворена, тоа е добра навика и препорачан ритуал за парите да останат во неа. Заради безбедност, секогаш носете ја чантата до вашето тело. За дополнително да ја заштитите од кражба, ставете амајлија во мала преграда и чувајте ја таму.rn

    2. Посветете ѝ внимание

    rnЖенската навика да носите сè и сешто во чантата е многу лоша според принципите на фенг шуи. На крајот на секој ден, проверете што е излишно, извадете го и ако е потребно, избришете ги рачките или ременот. Никогаш не оставате ја чантата на подот бидејќи со оваа постапка ги „одбивате“ парите и ви се „исцрпува“ богатството.rn

    3. Изберете боја што носи просперитет

    rnЦрвената боја е за среќа и заштита, црната за покачување и успех во кариерата, златната и црвената заедно носат среќа и благослови, виолетовата и сребрата заедно создаваат луксуз и богатство, додека зелената носи повеќе пари и нови добивки.rnrnПрочитајте која облека создава лоша енергија.

  • 9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

    9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

    Чантите не се само убави или корисни, тие, исто така, може да влијаат на држењето на телото, па дури и на неговиот облик. Затоа, навистина е важно да знаете да изберете чанта која воопшто нема да му наштети на вашето тело. Можете да следите некои мали совети и трикови за да ја изберете правилно и да бидете сигурни дека таа е добра инвестиција на секој можен начин.rnrnСподелуваме неколку совети и трикови за да откриете дали вашата чанта е идеална и дали е потребно да одбегнувате одредени модели?rn

    1. Изберете чанта што останува близу до тело кога ќе ја ставите на рамото

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnКога ќе изберете ташна која ќе остане близу до вашето тело, тежината на истата ќе биде рамномерно распоредена и таа ќе биде поергономска. Носете ја „поштарски“, така што долгата рачка ќе ви стои на десното рамо, а чантата ќе ви виси на левата страна. Запомнете, се препорачува повремено да ја префрлате чантата од едното на другото рамо.rn

    2. Избегнувајте чанти кои немаат долги рачки

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnИзбегнувајте модели кои можете да ги носете само во рацете. Изберете чанта чија тежина може да биде поддржана од вашиот грб, рамената или другите посилни делови од вашето тело. Кога ја носите чантата само во рацете, тоа може да предизвика проблеми со лактите, рамото, зглобовите и вратот.rn

    3. Обратете внимание на тежината на чантата

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnНавистина е важно да се обрати внимание на тежината на чантата. Имајќи предвид дека носите многу работи внатре, треба да сте свесни дека нејзината тежина ќе расте. Чантата не треба да тежи повеќе од 10% од телесната тежина.rn

    4. Не избирајте чанта со рачки од синџири

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnИако синџирите се предмети кои ја прават ташната помодерна, тие не се најдобриот избор кога станува збор за вашето тело. Тие се тешки и имаат тенденција да вршат притисок врз вашата кожа. Барајте кратки и меки рачки, кои нема да ве повредат.rn

    5. Тестирајте ја чантата!

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnПонекогаш работите не се такви какви што изгледаат. Важно е да ја пробате и да ја тестирате ташната пред да ја купите. Може да ја почувствувате, да ја процените нејзината тежина, да видите дали ви се допаѓа начинот на кој таа стои на вашето тело, проверете дали рачката може да ви  предизвика болка, па на тој начин осигурете се дека таа е најдобриот модел за вас.rn

    6. Избирајте помали модели

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnИзбирајте помали модели, па на тој начин нема да му отежнете на вашето тело. Прво, тие ќе бидат полесни затоа што ќе имаат помалку материјал. Второ, нема да морате да носите многу нешта во нив, затоа што ќе знаете дека нема да ги собере.rn

    7. Избирајте модели кои се добро осмислени

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnДоколку чантата има добра форма, цврста подлога и внатрешни прегради. Таа ќе ја држи вашата тежина добро распоредена и вашата рамнотежа нема да биде нарушена. Изберете модел кој ги има овие карактеристики и нема да му наштетите на вашето тело. Големината на чантата не е важна, сè додека ви ја овозможува соодветната поддршка.rn

    8. Избирајте чанти што се потпираат на посилните делови од вашето тело

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnНајдобар избор секогаш се оние чанти кои можат да бидат поддржани од посилните делови од вашето тело. Чантичките кои се носат околу струк се одлична опција за складирање на нешта без да барате премногу од вашето тело. Грбот и долниот лумбален пршлен можат да носат поголема тежина од вратот, горниот дел од грбот и подлактиците.rn

    9. Избирајте подебели рачки

    rn9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грботrnrnРачките може многу да значат кога ја избирате вашата чанта. Ако се премногу тенки, тоа може да ѝ наштети на вашата кожа, плус ќе треба да внимавате на тежината на чантата. Значи, најдобро е ако изберете од оние чанти кои имаат подебели рачки.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те совети како секогаш да изгледате модерно.

  • Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

    Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

    Таа имаше идеја да ја промени женската мода, но не знаеше дека ќе остави белег засекогаш. Модна икона, модерна револуционерка и модна креаторка којашто не беше само жена, туку беше и неповторливата Коко Шанел!rnrnТри модни правила оставени во аманет од Коко ШанелrnrnТаа имаше таков карактер што реши да ја промени женската мода и да ја направи природно елегантна и софистицирана. И исполни сè што замисли: во модните кругови сè уште се зборува за неа, а многу познати дизајнери сè уште слепо ги следат нејзините правила затоа што дури и во 2019 година нејзиниот стил може да се нарече релевантен.rnrnЕве ги трите најважни модни правила што ни ги остави Коко Шанел:rn

    1. Без скапа облека

    rnКоко Шанел им објасни на модните гурмани дека воопшто не им е потребна скапа облека, бидејќи колку е поскапо, толку полошо изгледа. Таа креираше здолниште со рамен крој што едвај ги покриваше колена. Тоа беше бум! Нејзината креација ги нагласи половината на жената, колковите, колената и неверојатните нозе. Ова здолниште може да се комбинира само со чевли со високи потпетици.rnrnРаскошните и шарени женски вечерни фустани беа едноставно уништени од страна на елегантниот црн краток фустан што го дизајнираше Коко Шанел за да им даде поинаков вкус на модните гурмани. Овој фустан брзо стана класика и за младите модерни девојки и за повозрасните жени.rnrnКоко Шанел го доведе дневниот стил до совршенство.rn

    2. Правоаголна чанта

    rnКоко Шанел не гледаше елеганција во обичните чанти. Правоаголната чанта со прерамка за на рамо е нејзин изум. Се разбира, овие чанти не се воопшто невообичаени и ги има на секој чекор, но целокупниот шарм е во вклопувањето со стилот на Шанел. Оригинална Шанел чанта ги има следните карактеристики:rn

      rn 011

    • Боја што не свети
    • rn 011

    • Нема масивен сјај (ниту лого)
    • rn 011

    • Мала, правоаголна форма
    • rn 011

    • Прерамката мора да биде испреплетена со кожа и метал
    • rn 011

    • Мора да има таен џеб
    • rn 011

    • Квадратна тока
    • rn

    rnСпоред Коко, оваа чанта може да ја направи неодолива дури и најдосадната облека давајќи ѝ софистициран изглед.rn

    3. Парфем

    rnКоко Шанел, кога го преставуваше сега веќе познатиот парфем „бр. 5“, рече дека „така мириса душата на жената“. Префинетата арома со мирис на момина солза никого не остави рамнодушен.rnrnЗа време на едно интервју, кога ја прашале Мерлин Монро: „Што носите навечер?“, актерката одговорила: „Ништо, само 5 капки Шанел“.rnrnПрочитајте ги и овие есенски модни правила за да ги избегнете стилските грешки што ги правите за време на ладните денови.

  • Повторно во тренд: Чантата што нема да можете ја испуштите од раце летово!

    Повторно во тренд: Чантата што нема да можете ја испуштите од раце летово!

    Ви ја претставуваме чантата што жените ширум светот ја обожаваат годинава. Станува збор за плетената чанта што одамна не е резервирана само за на плажа. Во текот на летото, таа може да се комбинира на сите начини и за сите прилики, од лежерни, до работни и свечени.rnrn

    rnrnПлетената чанта доаѓа во разни облици и големини и веќе го освои Инстаграм. Познатите модни инфлуенсерки постојано ја носат, покажувајќи ни дека нема правила при нејзиното комбинирање. Таа се забележува во мали и големи димензии, како и во најразлични бои, со едноставни или колоритни дезени и впечатливи рачки. На нивните фотографии ќе пронајдете голем број модни инспирации за чик летни стилови со оваа хит торба.rnrn

    rnrnАко имате една од минатото лето, не грижете се, бидејќи ланските модели сè уште се во тренд. Вложете пари во нова само ако сакате друг модел, како на пример плик верзија за посвечени настани.rnrn

    rnrnАко допрва размислувате за плетена торба, тогаш ви препорачуваме да одберете неутрален модел со цел да можете да го комбинирате со сите облеки во вашиот шкаф. Верувајте ни, нема да згрешите со овој избор.rnrn

  • Одберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер

    Одберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер

    Секоја жена има свој единствен стил, особено кога се работи за мода. Тоа ги прави посебни и прекрасни истовремено. Чантата е задолжителен женски моден додаток кој може да открие многу интересни работи за вашиот карактер. Погледнете ја сликата, одберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе…rnrnОдберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактерrn

    Чанта под број 1

    rnВие сте одговорни и никогаш не изневерувате. Работодавците имаат доверба во вас, бидејќи сте добро организирани и знаете како да управувате со времето. Луѓето имаат само пофални зборови за вас. Вие сте верни пријатели на кои сите можат да сметаат.rn

    Чанта под број 2

    rnВие сте силни и независни. Постојано сте во движење и не ве интересираат потрагите по животен и деловен партнери. Сами ги преживувате тешките периоди. Момците ве обожуваат, но вие не им обрнувате премногу внимание. Не се брзате да стапите во брак.rn

    Чанта под број 3

    rnВие сте вистински лидери. Луѓето ве доживуваат како поединци со многу застрашувачки карактер. Но, тоа е така само однадвор. Однатре, вие сте многу урамнотежени водачи кои поседуваат огромна сила. Вложувате голем труд за да стигнете до лидерските позиции и секогаш сте успешни на работното место. Не ви е гајле за луѓето кои не ве сакаат, сѐ додека не го попречуваат извршувањето на вашите задачи.rn

    Чанта под број 4

    rnМногу сте елегантни, убави и модерни. Секогаш ги следите најновите модни трендови. Вие не се облекувате за да импресионирате некого, туку за да се изразите. Би требало да започнете свој моден блог!rn

    Чанта под број 5

    rnВие сте едноставни, но дружељубиви. Најважна ви е удобноста. Вашата облека, фризура и шминка се секогаш нежни, суптилни и пријатни. Луѓето ѝ се восхитуваат на вашата едноставност, но не можат да бидат како вас. Имате многу познаници благодарение на вашата друштвеност. Сепак, попрво би се дружеле во домашна атмосфера отколку во скап ресторан.rn

    Чанта под број 6

    rnВие сте многу женствени. Секогаш изгледате прекрасно без разлика дали носите модерен фустан или едноставна кошула со кратки панталончиња. Многу сте дружељубиви и сакате да го поминувате вашето слободно време во шопинг. Луѓето честопати ви завидуваат и понекогаш сте главна тема на нивните озборувања, но тоа не ви пречи бидејќи знаете како да го цените и задржите своето достоинство.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, одберете го највпечатливиот цвет и дознајте интересна тајна за вашиот карактер.rnrn1-odverete-go-najvpechatliviot-cvet-spored-vas-i-doznajte-interesna-tajna-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

  • Интересен тест што ќе ја открие вистината за вашиот карактер

    Интересен тест што ќе ја открие вистината за вашиот карактер

    Нашите секојдневни навики, како што е носењето чанта на пример, откриваат многу интересни работи за нас. Доколку сакате да дознаете повеќе за себе, направете го следниов едноставен тест што сигурно ќе ве изненади. Само одберете ја фигурата што ја носи чантата исто како вас и потоа прочитајте ги резултатите.rnrn(1) Интересен тест што ќе ја открие вистината за вашиот карактерrn

    1. На грб

    rnАко претпочитате ранец, вие сте подготвени за авантура во секој можен момент. Исто така, многу внимавате на работите и на другите луѓе, па затоа останатите со задоволство ве следат и ве сметаат за лидери.rn

    2. Во рака

    rnАко ја држите чантата цврсто во рака, вие сакате да имате контрола врз сѐ што се случува околу вас. Сакате да бидете информирани и секогаш имате свое мислење. Без проблем ја кажувате бруталната вистина кога другите ќе ја побараат од вас. Вашите пријатели секогаш можат да сметаат на вас и тоа ве прави омилени во друштвото.rn

    3. На рамо

    rnЛуѓето кои носат чанта на рамо обожуваат да читаат. Оваа позиција на чантата им дозволува да ја скријат нивната омилена книга, дури и кога делува како да нема место за неа. Тие се толку тактични што дури и да заспијат за време на вашиот монолог, ќе го сторат тоа со широко отворени очи и одвреме-навреме ќе кимнуваат со главата.rn

    4. Преку едно рамо

    rnАко ја носите чантата преку едно рамно, ниту еден крадец нема да може да ви украде нешто. Понекогаш сакате да се фалите со вашите богатства, но истовремено сте и многу дарежливи. Бидете внимателни, бидејќи некои луѓе можат да ја сметаат оваа ваша особина за слабост и да ја искористат во нивна полза.rn

    5. На стомак

    rnЛуѓето кои ја носат чантата напред на стомак постојано се во брзање. Нивната ексцентричност ги надминува сите граници, но тоа се должи на нивниот брз ум и бујна фантазија.rnrnВо продолжение одберете го омилениот десерт и откријте интересна вистина за себе.

  • 7 важни работи што секоја успешна жена ги носи во својата чанта

    7 важни работи што секоја успешна жена ги носи во својата чанта

    Во чантата на жената која гради своја кариера би требало да се наоѓаат само основните работи, но всушност, нема крај на она што можеме да го најдеме внатре. Ако се користи ефективно, чантата може да биде многу повеќе од моден додаток – таа се претвора во тајно оружје на секоја успешна жена. Иако во неа често се насобираат истуткани сметки и колекција од хартиени ливчиња, овие 7 работи мора да се најдат во секоја чанта.rnrn1-7-vazhni-raboti-koi-sekoja-uspeshna-zhena-gi-nosi-vo-svojata-chanta-www.kafepauza.mk_rn

    1. Визит-карта

    rnПриликите за создавање нови контакти се насекаде и никогаш не знаете кога може да се создаде некоја нова врска. Ако имате визит-карта при рака, тоа значи дека секогаш сте подготвени да импресионирате и да ја развиете вашата кариера при секоја дадена прилика.rn

    2. Телефон

    rnМобилниот телефон или таблет може да допринесат за развојот на вашата кариера. Тие се одлични „алатки“ за организација и создавање многу прилики, но немаат корист кога се празни. Затоа бидете сигурни секогаш да излегувате со наполнет телефон или пак, понесете полнач со себе.rnrn2-7-vazhni-raboti-koi-sekoja-uspeshna-zhena-gi-nosi-vo-svojata-chanta-www.kafepauza.mk_rn

    3. Нотес

    rnВо денешно време не можете да излезете без нотес и пенкало. Се прашувате зошто да ги носите кога вашиот мобилен телефон ја врши нивната работа? Едноставно е, морате да бидете подготвени за сите ситуации, па е неопходно да имате простор за запишување што не зависи од батерија. Притоа, запишувањето на идеите е многу поефективно и овозможува да бидете креативни во секој момент.rn

    4. Мал несесер за шминка

    rnКармин или сјај, дезодоранс и гел за дезинфекција се работи што задолжително мора да се најдат во чантата на една успешна жена. Ако сте подготвени за какви било вонредни ситуации, како што е размачкана шминка или валкани раце, вашиот ден ќе помине без непотребен стрес, бидејќи сте однапред опремени. Никогаш не знаете што може да се случи во текот на денот, а сигурно знаете дека е подобро да се спречи, отколку да се лечи.rn

    5. Здрава ужина

    rnГладот го буди најлошото во нас. Се чувствувате мрзливо, деконцентрирано и се подразбира дека ќе јадете што било. Кога имате подготвено здрава ужина во секоја доба од денот и ноќта, ќе ги избегнете негативните последици врз вашата работа и вашата исхрана. Јаткастите плодови се секогаш добар избор!rnrn3-7-vazhni-raboti-koi-sekoja-uspeshna-zhena-gi-nosi-vo-svojata-chanta-www.kafepauza.mk_rn

    6. Пари

    rnПарите ни се секогаш потребни за да бидеме подготвени за некои итни случаи. Користењето кредитна картичка е едноставно, но не треба секогаш да се потпирате исклучително на неа. Картичката може да не работи, може да ви ја украдат или едноставно да се случи таму каде што пазарувате да примаат само готовина. Ако имате пари при себе, ќе се поштедите од непријатни ситуации.rn

    7. Чадор

    rnВо пролетните, есенските, а често и во зимските месеци, временските прогнози може да бидат многу непредвидливи, а водениот изглед не е баш репрезентативен. Секогаш при рака во овој период имајте расклоплив чадор кој лесно го собира во чантата и непредвидливите врнежи никогаш нема да ве изненадат.rnrnУспешните и силни жени чекорат исправено и одлучно, а ова се правилата што секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот.

  • Нов летен тренд: Женски чанти што можете да ги носите и на плажа и во град

    Нов летен тренд: Женски чанти што можете да ги носите и на плажа и во град

    Торбите за плажа се неизоставен дел од летната гардероба, но оваа година нема да морате да ги носите само покрај море, туку за дневни прошетки, како и за вечерни излегувања. Моделите направени од слама се многу практичен и убав моден додаток што ќе ви ја надополни секоја модна комбинација. Важно е само да бидат пространи, за да можат да соберат сè што ви е потребно – од резервни бикини, до вода, овошје и книги.rn

    Бел фустан и бела чанта – совршена летна комбинација

    rnrn

    Бели панталони и сандали на платформа

    rn(2) nov-leten-trend-zhenski-chanti-shto-mozhete-da-gi-nosite-i-na-plazha-i-vo-grad-www.kafepauza.mkrn

    Чантата секогаш треба да биде во иста боја како папучите

    rn(3) nov-leten-trend-zhenski-chanti-shto-mozhete-da-gi-nosite-i-na-plazha-i-vo-grad-www.kafepauza.mkrn

    Без разлика на моделите или нијансите

    rn(4) nov-leten-trend-zhenski-chanti-shto-mozhete-da-gi-nosite-i-na-plazha-i-vo-grad-www.kafepauza.mkrn

    Совршена комбинација за прошетка низ градот

    rn(5) nov-leten-trend-zhenski-chanti-shto-mozhete-da-gi-nosite-i-na-plazha-i-vo-grad-www.kafepauza.mkrn

    Ретро чантите се повторно во мода!

    rn(6) nov-leten-trend-zhenski-chanti-shto-mozhete-da-gi-nosite-i-na-plazha-i-vo-grad-www.kafepauza.mk