Ако барате нова инспирација на Инстаграм, имаме одличен предлог за вас! Лил и Дорис, познати како близначките Типтоп (Tipton Twins) имаат 95 години и се најстарите близначки во Велика Британија. Иако имаат само 2.000 следбеници досега, веруваме дека брзо ќе го достигнат статусот на инфлуенсерки поради нивниот сладок однос и одличните совети што ги споделуваат. Да не заборавиме и на фактот дека вистински уживаат во постарата доба.rn
rnrnrnБез разлика дали станува збор за јога, фудбал или гледање на најновите кино хитови, близначките сакаат сè да пробаат и да видат за да уживаат. Тие неодамна дури и земале смартфон за да можат подобро да ги уредуваат и следат своите социјални мрежи. И да, тие покрај Инстаграм, имаат и Фејсбук, Твитер… Никогаш не е предоцна за да ѝ се дозволи на технологијата да стане дел од нашиот живот.rn
rnrnrnШто се однесува до тајната за долг живот, ако ги прашате нив, тие би ви рекле: „Немаме секс, но затоа пиеме многу повеќе Гинис!“ Изгледа и хуморот подмладува! Овие британски старици треба да бидат пример за сите.rn
Близнаците се секогаш фасцинантни и убаво е кога гледате две копии од нешто толку исто, но сепак уникатно. Во Холивуд имаат играно повеќе близначки парови, посебно во 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога биле доста актуелни и сите сакале да ги гледаат на малите екрани. Некои од нив играле неколку улоги и изненадувачки ја завршиле нивната актерска кариера многу брзо откако ја почнале. Погледнете кои близначки парови биле познати порано, но денес повеќе не се занимаваат со актерство.rn
1. Мери Кејт и Ешли Олсен
rnrnrnОвие две сестри биле најпопуларните близначки во 1990-тите и раните 2000-ти години на минатиот век. Нивните кариери започнале со улогата на Мишел Танер во популарната комедија „Полна куќа“ (Full House).rnrnПосле тоа, тие глумеле во неколку филмови за близнаци. На 18 години тие прекинале со актерство, се преселиле во Њујорк и започнале кариера во модната индустрија како модни дизајнери.rn
2. Кол и Дилан Спраус
rnrnrnТие станале многу популарни со улогите на Зек и Коди во Дизниевата серија „Лудориите на Зек и Коди“ (Disney’s The Suite Life of Zack & Cody). После улогите во продолжението (The Suite Life on Deck), близнаците го прекинуваат актерството одреден период, но потоа се враќаат назад зад рефлекторите. Кол глуми во популарната ТВ серија „Ривердејл“ (Riverdale), а Дилан глуми во повеќе различни филмови.rn
3. Тиа и Тамера Моури
rnrnrnОвие близначки прво добиле популарност со глумењето во „Сестра“ (Sister), Подоцна се појавила во неколку ТВ проекти заедно и одвоено и ги освоиле срцата на сите ширум светот. Тие продолжиле со глумата, но и се омажиле и сега имаат по 2 деца – момче и девојче.rn
4. Блејк и Дилан Туоми Вилхот
rnrnrnНивните први и последни улоги биле на близнаците Алекс и Ники во популарната комедија „Полна куќа“ (Full House). Се појавуваат и во 2 епизоди од продолжението „Пополна куќа“ (Fuller House) во 2016. Дилан сега професионално се занимава со работа како човек што прави звуци за филмови, а еден од неговите проекти бил за „Игра на тронови“ (Game of Throne). Блејк работи како инженер за звук и додава звуци во филмови.rnrnПродолжува на следната страница…rn
Нештата не мора да бидат разнобојни за да бидат впечатливи. Тоа го докажуваат овие харизматични албино близначки кои целосно ќе ви го променат сфаќањето на поимот убавина.rnrnrnrnЗапознајте ги Лара и Мара Бавор. Тие се главните ѕвезди на проектот по име „Rare Flowers“ („Ретки цвеќиња“) во кој фотографот Винисиус Теранова ја открива целосната убавина на овие необични близначки.rnrnrnrnrnrnВеројатноста дека детето ќе биде родено со албинизам е 1 во 17.000. Според ова, навистина е неверојатно тоа што и двете близначки се албино.rnrnrnrnБлагодарение на нивниот волшебен изглед, овие 11-годишни девојчиња од обично бразилско семејство го привлекле вниманието на голем број познати фотографи.rnrnrnrnrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите фотографии од овие прекрасни близначки…rnrn
Камил и Кенерли се идентични близначки и најдобри пријателки. Тие веќе со години волонтираат во установи за деца, адолесценти и млади со посебни потреби, имаат трет степен црни појаси во теквондо и се експерти во ракување со пушка иако велат дека не ловат и се вегетаријанци. Но, и покрај сите овие нешта, тие најмногу се истакнуваат со своите музички способности.rnrnrnrnОвие две прекрасни девојки создаваат неверојатна музика со помош на нивните харфи. Во нивното најново видео, тие ја обработиле песната „One“ од Металика и за само неколку денови успееја да го освојат целиот свет. Вие не само што ќе се заљубите во нивната изведба, туку ќе се заљубите и во нив. Погледнете…rnrn
Хели и Брајтон се 6-годишни близначки, кои го привлекоа вниманието на јавноста на интернет со своите неверојатно слатки фотографии на Инстаграм за кои е одговорна нивната мајка Џил. Таа секојдневно поставува нови фотографии од русокосите глави на нејзините деца-близначки на сѐ поголемиот број следачи на нејзиниот профил. Пунџи, плетенчиња, опавчиња, машнички и разни креативни фризури ги красат нивните прекрасни светлоруси главчиња.rnrnrnrnХели и Брајтон учествувале во играта на Инстаграм наречена твининг во рамките на која две личности носат ист стил во текот на еден ден. Погледнете ја галеријата и обидете се да одлучите каде изгледаат најслатко.rnrn
ТВ серија за прикривање на криминалот со нов, користејќи ја физичката идентичност како бесплатна карта за впуштање во туѓ живот и напуштање на проблемите од својот поранешенrnrnГлавни улоги: Сара Мишел Гелар, Кристофер Полаха, Јоан Грифед, Нестор Карбонел, Мајк Колтер, Зои ДучrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 44 минутиrnrnПремиера: 13 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
Сите ние, кои немаме свој двојник во светот, имаме проблем да ги перципираме близнаците како различни личности. Но, покрај нивната физичка сличност, која понекогаш е импресивна, што дури и нивните родители не можат да ги разликуваат, тие се свои личности со свој живот, луѓе кои ги сакаат, луѓе кои ги мразат и сакаат да ги убијат, свои проблеми, тајни и желби за одмазда. Кога одмаздата ќе се сврти на еден од нив кон друг, најдобриот начин да се истера правдата е да се заменат идентитетите. rnrn
rnПриказна: Дејството во „Двојничка“ се врти околу двете сестри близначки Шавон Мартин и Бриџет Кели, кои од непознати причини, го изгубиле контактот и не се блиски како порано. Шавон живее луксузен живот во Њујорк, ги троши парите на нејзиниот сопруг Ендјру, организира скапи отмени забави и е постојано во круг на луѓе кои се како неа. За разлика од неа, сестра ѝ живее во Вајоминг, работи како стриптизета, а во слободно време е зависник од дрога и алкохол. Таа е и сведок на убиство извршено од страна на нејзиниот работодавач во клубот, за што ѝ е понудена заштита од агентот Мачедо, но знаејќи што може да ја снајде, решава да избега и да ја посети својата сестра во Њујорк.Шавон ја носи сестра си на брод, каде успешно ја исценира својата смрт, а Бриџет ова го користи како прилика да го напушти својот живот од порано. Таа одлучува да го промени својот идентитет и комплетно да го преземе животот на нејзината сестра. Ова вклучува глумење соодветен однос со „нејзиниот“ сопруг, прифаќање на арогантниот однос од неговата ќерка Џулиет, дружење со „нејзината“ најдобра пријателка Џема и соочување со фактот дека Шавон му е љубовница на нејзиниот сопруг. Во овие замрсени љубовни триаголници, дополнителна мистерија е сомнителниот бизнис на Ендјру, кој е партнер во фирмата со директната и дрска Оливија.Единствен кој ја знае тајната на Бриџит е Малком, нејзиниот „спонзор“ во процесот на апстиненција од алкохол и дрога. Но, приказната е замрсена и повеќе од ова, најмногу поради фактот дека Шавон не е вистински мртва.Глума: Се чини се појавува некој тренд, ТВ сериите да ги зачинуваат со улоги на двојнички („Лажливата игра“, „Вампирски дневници“), но глумата на Сара Мишел Гелар е навистина импресивна и претставува освежување на ТВ екраните. Нејзиниот лик, во двете улоги ѝ дава посебен сјај и длабочина на приказната. Нејзиниот израз, држење, нејзините реплики се толку соодветни на улогата што моментално ја игра, што по првата епизода, веќе ќе препознавате за која од сестрите се работи, дури и пред таа да изусти збор.Кога и како да ја гледате: Мистерија по дифолт не се гледа денски. Добра е за гледање во домашна интимна атмосфера, после работните обврски, значи попладне или навечер. Но, не гледајте ја сосема пред да си легнете, освен ако не сакате да ве копкаат деталите од следната епизода цела вечер. 🙂rnrn
ТВ серија за различните судбини на посвоените деца, неочекуваните животни пресврти, мистеријата и лагите од страна на децата и родителитеrnrnГлавни улоги: Александра Чендо, Али Гонино, Алис Грачин, Кристен Праут, Блер Редфорд, Енди Бакли, Шерон Пјер Луи, Хелен СлејтерrnrnЖанр: тинејџ-драма, мистерија, трилерrnrnПремиера: 15 август, 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатор: Сара ШепардrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rn Кога е вистинскиот момент да му кажете на вашето посвоено дете дека не сте негови биолошки родители? А дали некогаш би ù признале дека има сестра близначка, со која се одвоени уште како бебиња? Одговорот на ова прашање е многу тежок, бидејќи повеќето посвоени деца, без разлика кога ја дознале вистината за нивниот живот, инстантно се разочаруваат, фрустрираат и се чувствуваат отфрлено од нивните вистински родители, поради што тргнуваат во потрага по нив, за да ги добијат своите одговори. Токму тоа се случува и со младата девојка Сатон, која откако ќе слушне дека е посвоена, веднаш почнува да ги бара своите биолошки родители. Но, притоа останува шокирана – таа има сестра близначка, физички идентична на неа, за која никогаш не ни чула дека постои. ———————————————————————————————————————————————————————–rn
rnЗошто родителите кои ја посвоиле Сатон криеле толку голема, мрачна тајна од неа? Зошто не ги посвоиле двете близначки? Тоа се прашања на кои најверојатно нема да им го дознаеме одговорот во брзо време. Ако ги обожавате ТВ сериите „Озборувачка“ и „Убави мали лажливки“, со сигурност ќе ви се допаѓа и „Лажливата игра“ бидејќи на неа работи Лесли Моргенстеин, извршниот продуцент на горенаведените серии, а автор на истоимената книга „The Lying Game“ е Сара Шепард која го напиша и романот „Убави мали лажливки“. Мистерија, тајни, лаги и манипулации повторно се провлекуваат и во оваа серија, во комбинација со убави тинејџерки и згодни момци, во едно ново, поинакво пакување. Серијата е многу нова, но најверојатно ќе стане уште еден светски хит.Приказна: Ема е добродушно посвоено девојче, постојано задевано од страна на нејзиниот перверзен брат со кој не е во крвно сродство. Таа живее сиромашен и не баш среќен живот. Еден ден дознава дека има идентична сестра близначка, Сатон, која за разлика од неа, била посвоена од страна на богати родители и однадвор изгледа како да живее идеален живот.На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.Кога и како да ја гледате: „Лажливата игра“ е интересна ТВ серија, со многу сплетки и случувања, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот, сами или во друштво. За да ви биде повозбудливо, можете да си резервирате филмска вечер со пријателите или партнерот, секој вторник во неделата, бидејќи тогаш новата епизода станува достапна за гледање на интернет.rnrnСлични серии: Убави мали лажливки, Заменети при раѓање, Неочекуван живот, Деветте животи на Клои Кинг.rn
Андреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ѝ го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.rnrnРезултатите од ултразвукот направени во текот на бременоста, откриле дека едно од девојчињата, Кики, имало проблем со срцето, а воедно и плодовата течност истекувала од плацентата. Зачудувачки, нејзината сестра Нико се позиционирала себеси ниско во матката, при што заземала улога на затка, со што го спречила спонтаниот абортус и опасноста од инфекција.rnrnОд десната страна е Нико, ангелот-чувар на Кики (лево).rnrnrn
„Ние навистина веруваме дека таа била во улога на ангел-чувар на својата сестричка – вели триесет и девет годишната г-ѓа Гудрич од Суреј, Англија. Јас сум најсреќната мајка на светот! Според наведените причини и после сè што се случи, близначките не требаше да бидат на овој свет. Звучи неверојатно, но изгледа како Нико да почувствувала дека нешто не е во ред. Таа ѝ го спаси животот на Кики.“
rnГ-ѓа Гудрич и нејзинит сопруг Пол (46) кој е директор во компанија, веќе имаат четиригодишен син, кој се вика Лука и ќерка – Индија, која има две годинки.rnrnЦелата драма започнала кога г-ѓа Гудрич отишла на рутински преглед на 20 седмици од нејзината бременост и докторите забележале чуден обрач околу срцето на Кики.rnrn„Бев препратена на преглед во болница во Лондон за да ми направат понатамошни испитувања, но за два дена почнав да крвавам и докторите ни рекоа дека имам оштетување на плацентата, што значеше дека плодовата течност истекува.“rnrnДокторите објаснувале дека за само 20 седмици, бебињата немаат шанси да преживеат ако се родат. Сè што можел да направи болничкиот персонал, е да ја задржи Андреа на болнички кревет и да го чека, неизбежното пометнување.rnrn
„Јас и Пол се подготвувавме за најлошото“– вели г-ѓа Гудрич.
rnНо, докторите беа вчудоневидени кога направија ултразвук и ја видоа Нико како лежи под Кики во плацентата.rnrn
„Уште почудно е тоа што Нико останала во истата позиција. Многу ни олесна кога стигнавме до 24-тата седмица, бидејќи знаевме дека секој нареден ден што ќе го поминат во плацентата, значи големо зголемување на шансите за нивно преживување.“
rnПосле 30 недели бременост, Андреа се породила со царски рез. Прва се родила Нико и тежела 1,5 кг, а после 5 минути и Кики, која тежела 1,4 кг.rnrn
„Мене ми изгледаа дека се многу малечки, но докторите ми рекоа дека имаат добра телесна тежина, со оглед на фактот што Нико успеа да ги одржи да останат внатре цели 10 седмици“ – вели г-ѓа Гудрич.
rnДвете девојчиња биле дадени на специјална нега, при што Нико била само 6 недели, а Кики цели три месеци. Сите тестови од тогаш навака, велат дека срцето на Кики е во ред.rnrnДокторите не знаеле што е тоа што го виделе на ултразвукот. Но, сега срцето на Кики ѝ е совршено здраво. Сопружниците рекле дека забележале дека нивните двојајчани близнаци, кои сега имаа седум месеци, секој ден сè повеќе си личат меѓу себе.rnrn
„Тие сакаат секогаш да се гледаат лице в лице и секоја од нив веќе умее да ја насмее својата сестричка. Кога ќе пораснат, ќе им објасниме на двете, дека причината поради која што тие имаат толку цврста меѓусебна врска, не е бидејќи делеле иста матка, туку бидејќи пред да се родат, Нико ѝ го спасила животот на Кики“ – додава г-ѓа Гудрич.
rnСемејството Гудрич се поддржувачи на „Спаркс“, добротворна организација, која е посветена на истражување на состојбите кои негативно влијаат врз бременоста на идните мајки.rnrnrnrn