КАФЕ ПАУЗА

Tag: Берлин

  • Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?

    Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?

    Никој не е љубител на градскиот превоз, но кога патуваме во друга земја, очекуваме сè да функционира како што треба, а се чини дека тоа навистина е така во овој европски град.rnrnКој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?rnrnПорталот Time Out спровел анкета меѓу своите читатели за да открие кои градови имаат најдобар јавен превоз и врз основа на тие гласови и коментари ја креирал оваа топ листа од 19 градови.rnrnНа прво место се наоѓа Берлин поради неговиот сигурен, безбеден и удобен јавен превоз. Дури 97% од жителите на градот дале позитивни критики за метро системот U-Bahn со 9 линии и 175 станици, како и S-Bahn, метрото кое ги поврзува предградијата со центарот.rnrnВторото место го зазеде Прага, а дури 96% од жителите на овој град се изјасниле позитивно за неговиот градски превоз.rnrnТокио е на третото место, а сигурно знаете дека нивното метро сообраќа точно до секунда и носи огромен број луѓе секој ден, па е сосема нормално што жителите позитивно се изјасниле за него. Ова важи и за туристите.rnrnЦелата листа изгледа вака:rnrn1. Берлинrnrn2. Прагаrnrn3. Токиоrnrn4. Копенхагенrnrn5. Стокхолмrnrn6. Сингапурrnrn7. Хонгконгrnrn8. Тајпејrnrn9. Шангајrnrn10. Амстердамrnrn11. Лондонrnrn12. Мадридrnrn13. Единбургrnrn14. Паризrnrn15. Њујоркrnrn16. Монтреалrnrn17. Чикагоrnrn18. Пекингrnrn19. МумбајrnrnОткако прочитавте за најдобриот градски превоз во целиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и за тоа како една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз.rnrnИзвор: timeout.com

  • Моќна скулптура на врвот на берлинска црква како потсетник за глобалната бегалска криза

    Моќна скулптура на врвот на берлинска црква како потсетник за глобалната бегалска криза

    Одново и одново уметниците ја користат својата креативност за да ја покренат свеста за важни општествени прашања. Овој пат темата е тековната светска криза претставена преку имагинацијата на шпанскиот уметник Пејас. Тој дошол до идеја да изработи скулптура на мало дете во елек за спасување. Скулптурата е поставена високо на црквата на Светиот Крст во берлинската населба Кројцберг. Детето на скулптурата е претставено како со едната рака се држи за крстот на врвот од куполата, а во другата испружена рака држи светилник. Јасно може да се прочита пораката за помош пред неизбежната опасност.rnrnМоќна скулптура на врвот на берлинска црква како потсетник за глобалната бегалска кризаrnrnИнсталацијата е насловена како „Без земја“ и е поставена на врвот од берлинската црква со нејзина дозвола. Има за цел да им остави до знаење на гледачите за тешкотиите и предизвиците на бегалците од сите возрасти. Во текот на изградбата, нејзиниот скулптор соработувал со Sea-watch (германска невладина организација која спроведува хуманитарни мисии за спасување мигранти на Медитеранот) и DOJO Cares (агенција со канцеларии во црквата).rnrnМоќна скулптура на врвот на берлинска црква како потсетник за глобалната бегалска кризаrnrnСпроти црквата е поставен двоглед што им овозможува на гледачите да го погледнат делото одблизу. Двогледот им овозможува на гледачите на метафоричен начин да го премостат растојанието и да престанат да ги ословуваат бегалците како „тие“. Со оглед на тоа дека до крајот на 2020 година биле раселени околу 82 милиони луѓе поради прогон, насилство и кршење на човечките права, повеќе од јасно е дека овој проблем нè засега сите. Посетителите исто така имаат можност и да скенираат QR-код што ќе ги однесе до веб-страница каде можат да дознаат повеќе информации за добротворната кампања на црквата и организацијата Sea-watch.rnrnОткако прочитавте за оваа неверојатна скулптура со моќна порака, можеби ќе сакате да прочитате и за импресивната скулптура во Венеција што испраќа порака за единство.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Прекрасни фотографии од шарените згради на градот Берлин

    Прекрасни фотографии од шарените згради на градот Берлин

    Кејт Фрагола е фотографка од Берлин која обожава да патува и да прави фотографии од шарени згради. Таа поминала две години барајќи шарени згради низ Берлин од кои направила навистина прекрасни фотографии.rnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПрекрасни фотографии од шарените згради на градот БерлинrnrnПогледнете ги и овие фотографии што покажуваат како изгледа пролетта низ целиот свет.

  • Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

    Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

    Фотографот познат како ReFilm.io, веќе половина година секој ден излегувал надвор и одново правел стари фотографии од Берлин. Започнал да го прави ова со цел подобро да ја разбере баналноста на секојдневниот живот, и покрај екстремните историски периоди. Многу „сидрa“ во пејзажот, како куќи и дрва, помагаат да направите мост до друго време и полесно да се поврзете со луѓето кои живееле тогаш.rn

    „Наоѓањето на точната позиција, каде што друга личност ја направила фотографијата пред многу години е вистинска страст за мене. Се надевам дека ќе уживате во резултатите исто колку и мене!“

    rn

    1. Музејот „Алтес“ (1936/2019)

    rnФотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годинитеrnrnФотографијата од 1936-та година го прикажува Адолф Хитлер како држи говор на 1-ви мај. Денот на трудот бил преименуван во „Национален празник на Германците“, од страна на нацистите. Иако многу се сменило оттогаш, можете да ги забележите дамките на столбовите и на двете фотографии, што кажува дека сепак и не поминало толку многу време.rn

    2. Возење велосипед (1986/2018)

    rnФотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годинитеrnrnОваа локација е десно на североисточниот излез од станицата Moritzplatz. Старата фотографија ја прикажува западната страна од Берлинскиот ѕид.rn

    3. Повторно обединување (1979/2018)

    rnФотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годинитеrnrnКранот, оградата и преносливите тоалети на фотографијата од 2018-та година се остатоци од прославите на 3-ти октомври за повторното обединување на Германија. Фотографијата од 1979-та е направена 10 години пред ова обединување.rn

    4. Воена штета во 80-тите (1984/2019)

    rnФотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годинитеrnrnОгромни делови од Берлин останале во поствоена состојба речиси 50 години. Оваа фотографија ја прикажува една од најпопуларните локации за туристи. Убавиот плоштад во срцето на Берлин бил оштетен за време на Втората светска војна. Бил реконструиран помеѓу 1976 и 1993 година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 причини зошто треба да го посетите Берлин

    5 причини зошто треба да го посетите Берлин

    Патувањето е секогаш добра идеја, а доколку го изберете Берлин, тогаш со сигурност нема да погрешите. Во овој прекрасен град има многу неверојатни локации што можете да ги посетите, а таа ваша авантура нема да ве чини цело богатство, затоа што Берлин има прилично евтини места. Се прашувате кои главни причини треба да ве импресионираат за да го посетите? Погледнете ги овие 5 кои ќе бидат доволни за уште веднаш да размислите да го ставите овој град на листата на вашето патување.rn

    Чудни музеи

    rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnБерлин најверојатно има најголем број музеи во Европа. Дури и оние кои не сакаат да посетуваат вакви места, не треба да ја пропуштаат оваа шанса додека се во овој прекрасен град, затоа што Берлин има дел од најчудните музеи на светот кои дефинитивно не може да бидат игнорирани. Тука ќе го видите „Deutsche Currywurst Museum Berlin“ – музеј посветен на најпопуларната улица за храна во Германија. Во кафулето на музејот можете да пробате оригинални јадења и тоа не звучи лошо. Овде спаѓа и музеј кој ги опфаќа работите од модерниот живот. Од барбики, па сѐ до чудни иновации.rn

    Евтина храна

    rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnДодека повеќето европски градови имаат скапи менија за храна, Берлин ќе ве изненади и од овој поглед. Таму можете да јадете во мали, но прекрасни ресторани, а ќе најдете и најразлична кујна, од популарната индиска, па сè до јадења од Виетнам – изборите се бескрајни. Во овој град нема да потрошите цело богатство, но ќе искусите многу!rn

    Прекрасни фрески

    rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnСигурно имате слушнато за галеријата Источна страна (East Side Gallery) и за нејзините шарени графити. Но, тоа не е сѐ. Градот е богат со интересни фрески кои ќе ги видите на елегантни згради, хотели и трговски центри. Се чини дека германскиот народ дише во боите.rn

    Оригинална уметност и иновации

    rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnПрошетајте во некој случаен трговски центар во Берлин и ќе бидете воведени во светот на оригиналните инсталации. Продолжете во некој парк и ќе ве заболи главата од мислење за значењето на многуте поставени скулптури. Во Берлин ќе можете да го видите и водениот часовник кој со капки вода ги покажува часовите, минутите и секундите. Таму буквално можете да видите како тече времето!rn

    Пријатно локално население

    rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnМожеби ќе ви биде чудно, но во Берлин ќе сретнете луѓе кои учтиво ќе ви ја понудат својата помош, ќе ви ги покажат потребните насоки и ќе ви ги дадат потребните информации. Не треба да се изненадите и доколку тие поминат повеќе време со вас, обидувајќи се да ви помогнат, а понекогаш може и да добиете нешто гратис!rnrnСекако, покрај овие постојат уште многу други причини, како што е слободен влез на некои изложби, места каде што ќе можете да преспиете без да потрошите многу пари и слично. Вреди да искусите!

  • Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

    Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

    Спас во последен момент! Погледнете ги најдобрите дестинации за дочек на новата година доколку во овој момент сте одлучиле да ги пакувате вашите куфери. Новата година е на само неколку дена од нас, па доколку сакате да ја дочекате во друг град, погледнете ги следниве 5 дестинации каде без сомнение би си поминале најдобро.rnrnНајдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата годинаrn

    1. Амстердам

    rnВо Холандија, новата година се дочекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел се отвораат токму на полноќ.rn

    2. Барселона

    rnТипично во шпански стил, новогодишната прослава во Барселона почнува подоцна одошто би очекувале. Тие имаат традиција на полноќ да изедат 12 зрна грозје, а потоа да почнат вистински да се забавуваат. Вие можете да посетите кафуле или бар, па дури и некоја од локалните плажи за незаборавно искуство. Зарем има подобар начин да ја дочекате новата година од изгрејсонце на плажа?rn

    3. Берлин

    rnБерлинците имаат посебна страст кога се работи за петарди и ракети кои често ги лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја дочекуваат новата година на отворено со цел да можат да уживаат во огнометот ширум градот.rn

    4. Будимпешта

    rnАтмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја дочекаат новата година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна започнува да свири и насекаде се точи шампањ, се прават здравици, луѓето се бакнуваат и потоа уживаат во огнометот.rn

    5. Истанбул

    rnНа кое друго место во светот би можеле да ја дочекате новата година на два континента… истовремено? Без разлика дали прославувате на европската или азиската страна, вие ќе си поминете феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.

  • Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок

    Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок

    Доколку некогаш се решите да го посетите Слободниот Универзитет во Берлин, тогаш задолжително појдете во неговата ултрамодерна филолошка библиотека. Дизајнирана е од страна на познатиот британски архитект Норман Фостер и неговите партнери.rnrnБиблиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозокrnrnОднадвор библиотеката личи на човечки мозок, што е одличен и многу паметен дизајн за една библиотека. Во библиотеката влегува многу дневна светлина, благодарение на големите прозори, а сето тоа е потпомогнато и од светлиот ентериер.rnrnБиблиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозок Библиотека во Берлин дизајнирана како човечки мозокrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот

    Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот

    Во Германија живее еден постар џентлемен, Турчин по име Али. Тој ѝ го привлекол вниманието на австралиската фотографка Зои Спотен, која го забележала низ берлинските улици, поради неговите фантастично искомбинирани модни комбинации.Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотФотографката работи во кафуле покрај кое Али секојдневно поминува кога оди накај работа, па така таа секое утро го гледала и го поздравувала, сѐ додека еден ден не решила да започне и да го фотографира, за цел свет да го види одличниот вкус за облекување кој го има овој интересен чичко. Така настанал нивниот блогерски проект т.н. „What Ali Wore“ (Што носеше Али).Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотБлогот се состои од секојдневни фотографии од Али, на кои се гледа неговиот одличен стил. Дотеран со модерни кул вратоврски, елечиња, одела, војничка шара или тексас од глава до пети, Али е едноставно човек полн со елан, кој знае како да се носи. Интересно е да се видат многуте личности кои се спакувани во овој човек, преку неговото модно експериментирање.Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотИ покрај тоа што помеѓу младата фотографка и овој Турчин постои голема јазична бариера, сепак нивната комуникација е на одлично ниво. Спотен знае многу малку германски, а Али зборува минимално англиски, но сепак овие двајца секое утро одржуваат мини фотосесија на улиците. Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотИ покрај нивните кратки средби наутро, фотографката сепак успеала да дознае нешто повеќе за овој кул човек, освен дека има добро чувство за стил. Открила дека Али е пензиониран доктор кој сега работи како шивач. Живее во Берлин 44 години и е татко на 18 деца! Колку фасцинантен човек е ова!Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непознат (Unknown)

    Непознат (Unknown)

    Динамичен трилер за потрагата по сопствениот загубен идентитет, во буквална смисла на зборотrnrnНепознат (Unknown)Режија: Џаума Колет-СераrnrnУлоги: Лијам Нисон, Дајан Кругер, Ејдан Квин, Џенуери ЏонсrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англиски, германскиrnrnПремиера: 18 февруари 2011rnrnЖанр: трилер, мистеријаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnДа ги немаше сите тие изненадувања, новиот трилер „Непознат” многу брзо ќе потонеше во заборав. Трилер како милиони пред него и како милиони по него. Но, единственото нешто што го прави овој филм поинаков од другите, се постојаните неочекувани случувања кои те држат „на штрек“. Искрено, можеби и на моменти не е претерано реалистичен, нормално доколку сакаш да гледаш во ситници и да чепкаш во детали. Сепак, ако едноставно сакаш да се изрелаксираш со приказна која ќе те „вози” и на чиј крај нема ни да се понадеваш, тогаш „Непознат” е сосема добар избор.rn ————————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Мартин и Елизабет Харис се брачен пар кои доаѓаат во Берлин поради конференција за биотехнологија. За да не ве заморувам со серијата на причинско-последични настани, скокам пет минути напред до моментот кога Мартин (Лијам Нисон) има сообраќајка и паѓа во кома од која се буди по четири дена. Оттогаш неговиот живот е свртен наопаку. Неговата жена не е крај него, а кога почнува да се обидува да се врати во нормала, сè е поинаку. Елизабет е со друг Мартин Харис крај себе и воопшто не го познава, додека тој не може да го докаже својот идентитет поради што влегува од една во друга ситуација во потрага по тоа кој е и што е. Филмот е преполн со изненадувања и ситуации поради кои и вие како гледач веќе не знаете што да мислите. Како долгогодишен следач на трилери, по дифолт, со секоја нова информација може да си поставите своја приказна, но таа најчесто се покажува како неточна. Токму во тоа е и убавина на овој филм, што се базира на неочекуваното.Непознат (Unknown)Актерските остварувања се сосема солидни, тргнувајќи, пред сè, од Лијам Нисон кој одлично портретира човек што ја бара вистината за себе и на кој сите сеќавања за сопствениот живот му се покажуваат како неточни. А рамо до рамо со него е и неговата филмска партнерка, Дајан Кругер („Неславни копилиња“ и „Национално богатство“), која ја игра улогата на партнер во злосторството, односно таа е таксистката која го вози Мартин кога се случува несреќата, а потоа станува негов соработник против лошите момци.Непознат (Unknown)Кинематографија: Комплетното дејство се случува во Берлин кој е студен, снежен, темен и некако мачен. Иако фотографијата е добра, останува чувството дека, сепак, не е доволно искористен градот за да го долови чувството дека дејството се случува токму таму. Сосема слободно можеше да биде во Париз, Лондон или некој друг европски град и да се добие сосема истиот ефект.Непознат (Unknown)Кога да го гледате? Погледнете го во трилер-периодот, навечер. Филмот сепак подобро си легнува во друштво за да можете и да си прокоментирате некоја од можните опции за развој на дејството, сè додека не ве изненади нешто ново.Непознат (Unkonwn)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Масовна тепачка со перници

    Масовна тепачка со перници

    Илјадници млади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта во Берлин во неделата напладне, со цел да го соборат рекордот за најмасовна тепачка со перници.  Акцијата започнала наеднаш околу 16 часот, а во неа учествувале туристи, случајни минувачи, па дури и полицајци кои биле изненадени од бурата од пердуви.Масовна тепачка со перници.

    rnrn

    „Ова е комплетен хаос, многу ми се допаѓа!“ – објаснува Тајчи Нагаи, посетител од Јапонија, која случајно влетала во оваа акција.

    rn

    Масовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициОвој настан бил организиран за да се сруши рекордот за најголемата тепачка со перници во историјата, кој дотогаш го држеше група од 3.707 учесници, поставен во Сомерсет, Англија во 2008 година. Засега нема официјални бројки за тоа колку луѓе учествуваа во неделата во Берлин, но на настанот креиран од организаторите на Фејсбук, присуството го потврдиле повеќе од 12.000 луѓе.rnМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициНастанот брзо започнал, но и брзо завршил. Повеќето учесници биле на возраст под 30 години, а местото на случувањето го напуштиле по еден час, оставајќи бела прекривка од пердуви насекаде околу портата.rnМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со перници