Би сакале ли вашите работни задачи да ги извршувате во длабочините на шумската колоритна убавина, надополнета со разнообразните птичји песни?
Оваа необична канцеларија, која има облик на долга стаклена туба е изградена од страна на шпанската архитектонска фирма Сеглас Кано, за потребите на нивната фирма. Креативните архитекти, решиле нејзината локација да биде во прекрасен шумски дол во Мадрид. Тубата е делумно зариена под земја, што од своја страна ја овозможува изолацијата на објектот. Таа има голем прозорец од едната страна, кој продолжува накај покривот. Вградениот под додатно создава чувство како да се наоѓате на сред шума. Капаците кои се прикачени на стаклениот покрив се дигаат нагоре (слика 4 и 8).
Според резултатите од едно американско истражување за влијанието на внатрешниот дизајн врз нашата продуктивност, креативност и расположение, ниските тавани го потпомагаат деталното, фокусирано работење, додека високите тавани го одвлекуваат вниманието. Истражувањето покажало и дека канцелариите кои имаат поглед кон природа, ја поттикнуваат креативноста, концентрацијата и меморијата кај вработените.
Овој објект ги нуди сите овие предности: поглед кон фантастична природа низ огромно транспарентно акрилно стакло дебело 20 мм и низок таван. Непроѕирниот дел од објектот кој е насочен кој јужната страна е направен од 110 мм дебело фибер-стакло и конструкција од полиестер, кои прават сенка, притоа штитејќи од директната сончева светлина, која удира во објектот. Прекрасни услови за работа имаат овие архитекти нели?








rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: архитектура
-

Канцеларија лоцирана во фантастичен шумски предел
-

Шарено училиште за подобрување на расположението на учениците
Автор: Ивана Лазороска
rn
При изградбата на училиштата, главна движечка сила е благосостојбата која ќе ја чувствуваат учениците додека престојуваат во просторот. Имајќи го ова предвид, дизајнерите кои биле одговорни за дизајнот и ентериерот на ова училиште, не се плашеле од јаките и живи бои со кои експериментирале. Напротив, дошле до одлично решение.
Станува збор за основното училиште „St Mary’s“, кое се наоѓа во Greensborough, предградие на Мелбурн, Викторија, во Австралија. Виновници за ваквиот изглед се тимот архитекти од smith + tracey.rn
Овие простории се прилагодливи и интересни. Употребата на разни бои го дели просторот во различни зони за работа во групи, односно на разни студиски области.
Бојата не се користи само на ѕидовите, туку се забележува и на мебелот, па дури и на таваните. Сета таа хармонија на бои, кои секако се неутрализирани со бела и сива, придонесува за поведро и посвежо расположение на учениците.
Архитектите се инспирирани од самата природна околина на училиштето. Како што дрвото расте и цвета во природата, така децата растат, се развиваат и стекнуваат знаење во едно училиште. Самите геометриски форми на предметите поттикнуваат чувство на возбуда и авантура кај учениците.

Изгледа дека во Австралија учениците имаат среќа да учат во прекрасно дизајнирани средини. Се сеќавате на средното училиште Фитзрој?rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Бесконечната соба
Преку својата извонредна архитектонска инсталација, францускиот уметник Serge Salat ги повикува посетителите на едно до сега невидено тридимензионално патување, низ бескрајни просторни слоеви, украсени со разни коцкести форми, огледала поделени на панели, како и промена на светлината и музиката. „Beyond Infinity“ претставува едно фантастично мултисензорско, мултимедијално доживување, во кое се помешани источно-кинеската и западната ренесанса. За да ја создаде ваквата оптичка илузија, Serge Salat ги користи огледалата, претворајќи една соба во експлодирачка просторна бесконечност.
Оваа несекојдневна инсталација е спонзорирана од автомобилската компанија „Бјуик“, која ја користела како изложбен салон за своите автомобили. Архитектонското чудо било инсталирано во трговскиот центар Вестгејт во Шангај, од 16 до 18 септември 2011 година.
Со должина од 10,8 метри, широчина од 12,45 метри и 3,8 метри во висина, оваа структура е целосно затворена. Со челична инфраструктура и алуминиумски панели во форма на саке кои се прекриени со огледала, оваа просторна изманипулирана инсталација има за цел да ги одведе нејзините посетители на едно „мистично патување“.
Додека посетителите се шетаат внатре во инсталацијата, музиката свири, осветлувањето „пулсира“ и се менува кога луѓето ќе поминат во некое друго ниво во „бесконечниот“ простор. Боите на светлата варираат од виолетово-сина кон бела, а нивното менување, на секоја минута ги имитира ефектите на зората, изгрејсонцето и ноќта.
После Шангај, инсталацијата „Beyond infinity“ ќе патува во Пекинг, Ченгду, Далиен, Шијан, Женгжу и Женшен.


rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Топ 15 најубави замоци во светот
Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rn
1. Замокот Хоенцолерн, Германија
rnОвој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.rnrn
rn2. Замокот Хауард, Англија
rnИако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.rnrn
rn3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија
rnОвој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.rnrn
rn4. Замокот Химеџи, Јапонија
rnЗамокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.rnrn
rn5. Замокот во Прага, Чешка
rnПрашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.rnrn
rn6. Замокот Пелеш, Романија
rnСместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:rn.rn
„Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“
rn
rn7. Замокот Шамбор, Франција
rnСо оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.rnrn
rn8. Замокот Нојшванштајн, Германија
rnИзградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.rnrn
rn9. Замокот Корфе, Англија
rnИако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.rnrn
rn10. Замокот во Мацумото, Јапонија
rnОва е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.rnrn
rn11. Замокот Елц, Германија
rnЕлц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.rnrn
rn12. Ејлен Донан, Шкотска
rnЗамокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.rnrn
rn13. Тврдината Нешател, Швајцарија
rnЗамокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.rnrn
rn14. Тврдината Гуаита, Сан Марино
rnОваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор. Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.rnrn
rn15. Замокот Конви, Велс
rnКонви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Музеј на Исламската уметност
Сместен во Доха, Катар, ова е музеј во кој традиционалната Исламска архитектура го пресретнува 21-от век. Извонредно и спектакуларно… Ова е објект кој е совршено изграден од страна на И. М. Пеи и е отворен за посетители пред околу 2 години.
Зградата, како што може да се очекува, е под големо влијание на традиционалната муслиманска архитектура, меѓутоа спојот со модерното е тоа што ја прави уникатна.
Овој музеј е прв од ваков вид во Персискиот Залив, расположен на 45.000 километри квадратни и сведочи за големите амбиции на неговите дизајнери.
Сабија Ал Кемир е основачкиот директор на овој прекрасен музеј од 2006 година. Таа е реномиран писател од Тунис, која е исто така, експерт за Исламската уметност и е позната по своите познавања во полето на културните разлики меѓу народите.
И. М. Пеи е одбран за главен архитект при проектирањето на овој музеј поради неговите огромни достигнувања во полето на архитектурата. Тој е, исто така, познат по изградбата на стаклената пирамида пред Лувр.
Една од првите работи што Пеи ја направил при проектирање на овој музеј, е тоа што учтиво ги отфрлил предложените локации за неговата изградба. Во Доха скоро сите поголеми објекти се наоѓаат многу блиску до улиците, а според него градба од ваков тип морала да биде самостојна. Па така, музејот е изграден на остров од 60 хектари, подалеку од метежот.
Но, што има внатре? Обично се вели: во толку грандиозни објекти однадвор, се наидува на разочарување одвнатре. Но, тоа не е случај со овој музеј. Всушност, зборот разочарување е последниот што би ви паднал на ум.
Фоајето, само по себе, е грандиозна мешавина од мермер, челик и стакло. Како и надворешните работи, така и внатрешноста е модерна со благи кривини на Исламската традиција. Сега, погледнете нагоре…
Погледот од еден од погорните катови, надолу е запрепастувачки. Како што е архитектурата традиционална и прогресивна, така се и идеите кои лежат зад овој музеј. Целта на овој музеј е да ги едуцира луѓето за вредностите на муслиманската религија и уметност, како и за исламското наследство воопшто. На тој начин, со помош на историјата може да се разбере сегашноста во која се живее. Всушност, целиот објект е како сон на секој математичар. Идејата на музејот е да му даде на посетителот, не само пристап до прекрасни експонати, туку и да му овозможи патување низ времето, културите, религиите и епохите. Дури и кафетеријата е уникатна…
Откако ќе завршите восхитувајќи ù се на архитектурата, на ред се експонатите. Музејот располага со предмети кои датираат од 600-тата година п.н.е, па сè до 19 век. Има по нешто за сечиј вкус, од благородни метали и каменоделство, до стакла, текстил и многу други предмети. Има важни колекции на ракописи кои се важен дел од Исламската култура.
Тука се прикажани периоди на војна и на мир. Ова е музеј кој има многу што да каже, а е малку познат надвор од Исламскиот свет. Можеби треба да помогнеме да се расчуе и подалеку?
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Храмовите на љубовта во Кхајурахо
Второто место по посетеност во Индија, по Таџ Махал, е малиот град Кхајурахо, познат по неговите храмови кои датираат од периодот помеѓу 9-тиот и 11-тиот век. Некогаш на времето биле изградени 85 храмови, од кои денеска се останати само 25.rnrn
rnrnТие постојано биле уништувани од страна на муслиманското население заради еротските скулптури кои се наоѓаат на нив. Името на градот потекнува од индискиот збор за урмино дрво, бидејќи некогаш целиот регион околу храмовите бил преплавен со нив. Ова место претставува одличен пример за комбинација од архитектура и фантастични скулптури.rnrn












rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја
Руската архитектонска фирма Атриум го дизајнирала овој прекрасен, модерен дом, лоциран во близина на Москва, Русија, за семејство со едно дете.
Позиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. 
Куќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.

Исто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.


rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Раскошна куќа во облик на лист
На брегот од јужниот дел на Рио де Жанеиро, од бразилскиот пејзаж произлегува куќа во форма на шест листови, како да е составен дел од природата.


„Casa Folha“ (куќата лист), која е дело на архитектите Мареинес и Паталано, е големо тропско прибежиште, чиј покрив изгледа како шест ливчиња во облик на цвет, кои во суштина штитат од жешкото сонце, а под нив се крие најрелаксирачкиот двор на светот, романтична спална соба, гостопримлива трпезарија која отвора апетит и други приватни и гостински простории.
Наместо стандардни врати, просторот го делат стаклени шибер врати, што му дава на домот широчина и топлина и овозможува да се оствари интеракцијата помеѓу човекот и природата. Ако ги отворите вратите, мирисот на морето ќе навлезе насекаде низ просторот.
Во овој дом сè е во знакот на природата и летниот период, кога сите грижи собрани во текот на годината, одеднаш исчезнуваат.
Ентериерот, исто како и листовите, е инспириран од природата. Мебелот, ѕидовите, подот, завесите и сè останато е искомбинирано во различни нијанси на земјени тонови, кои создаваат чувство како да живеете на некоја тропска плажа.





Осветлувањето во „Casa Folha“ е многу интересно, бидејќи сокриените светилки, успеваат да му дадат вистински карактер на овој дом, во вечерните часови.
Во секој случај, оваа куќа не изгледа ни малку полошо и во текот на денот, кога нејзиниот природен акцент, блеска со највисок сјај. 
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Совршена дестинација за одмор од соништата
Времето веќе си го прави своето. Полека се олабавуваме од обврските, размислуваме за жешки плажи, бистри води, длабоки сенки… Истовремено, ги трошиме последните сили да ја избереме најдобрата дестинација за да се наградиме за трудот што сме го вложиле од претходниот одмор па наваму. Изборот секако зависи од многу работи, но кога парите, не би биле пречка, вака би изгледал сечиј одмор од соништата.
Ова маестрално архитектонско дело е составено од шест делови, поврзани во низа, опколени со природна вегетација, драматични карпи, колоритни градини и поглед кон плажа. Вилата Мандаринас е лоцирана во Пуерто Валарта, Мексико. На располагање има 7 соби за изнајмување во кои комотно можат да се сместат до 14 возрасни луѓе. Единствениот проблем со ова место е што ако еднаш отидете, ќе ви биде многу тешко да се вратите назад. Но, ако веќе сте таму, не заборавајте да ја посетите и неверојатна вила во Коста Карејес. 🙂















rnrn——————————————————————————————————————————————————————-rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Куќа од камен покрај море на Мајорка
„Десет години сонував за тоа, пет години го барав совршеното место, две години работев на тоа, уште две години ја градев и сега конечно е готова, “ вели Александре де Бетак во едно од неговите интервјуа за неговата нова куќа која е сместена во мало крајбрежно село во регионот Трамуната, во Мајорка.
Тој е инспириран од архитектурата во седумдесетите години, најверојатно затоа што растел баш во тој период. Бетак е познат организатор на настани, уметнички директор и дизајнер, чија работа вклучува модни спектакли за клиентите од Диор и Тифани.





rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn