КАФЕ ПАУЗА

Tag: ајфон

  • Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

    Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

    Apple работи на нова технологија која би можела да помогне при дијагностицирање на проблеми со менталното здравје и когнитивниот пад.rnrnДали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија? rnrnКако што објави The Wall Street Journal, технолошкиот гигант работи на нова функција на ајфон која може да открие дали корисникот е депресивен или страда од когнитивно нарушување. Технологијата ќе користи сензорни податоци, вклучувајќи ја физичката активност на корисникот, шемата на спиење, начинот на куцање, за да ги забележи дигиталните сигнали поврзани со различните ментални или невролошки проблеми.rnrnApple ја усовршува оваа технологија во соработка со Универзитетот во Калифорнија како и фармацевтската компанија Biogen. Истражувачите од универзитетот ги проучуваат стресот, анксиозноста и депресијата, додека фармацевтската компанија работи на истражување на случаите со благо когнитивно нарушување.rnrnВо текот на истражувањето кое започна претходната година, Apple ги следи податоците на околу 30.000 испитаници. Истражувачите ги следат податоците од камерата на телефонот, тастатурата и аудио сензорите. Податоците кои се собрани на тој начин, можат да алудираат на менталната состојба на испитаникот, земајќи ги предвид неговите изрази на лицето, тонот со кој зборува, колку често оди на прошетка, шемата на спиење, отчукувањата на срцето и дишењето, како и брзината со која куца на тастатурата и содржината на тоа што го пишува.rnrnИ покрај најавата дека ваквиот тип технологија може значително да придонесе за превенција на одредени здравствени проблеми, сепак сè уште нема конкретни резултати. Како и да е, нема да биде чудно доколку вашиот телефон се претвори во ваш мал, џебен лекар.rnrnОткако дознавте кои технолошки достигнувања на ајфонот се во тек, можеби ќе сакате да откриете и 11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат.rnrnИзвор: dazeddigital.com

  • Ова се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфон

    Ова се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфон

    Овој натпревар започнал во 2007 година, па така секоја година учесници од целиот свет праќаат слики направени со Ајфон. Во продолжение погледнете ги победничките фотографии и имињата на фотографите.rn

    1. Артиом Баришау

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    2. Гели Зао

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    3. Саиф Хусеин

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    4. Лиу Ден

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    5. Нико Бронс

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    6. Доминик Данке

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    7. Жоао Кобако

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со Ајфонrn

    8. Димпи Балотиа

    rnОва се победничките фотографии од годинашниот натпревар за фотографии направени со АјфонrnrnПогледнете ги и овие 12 фотографии од природата што ќе ве остават вчудоневидени.

  • Објавени се 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со ајфон

    Објавени се 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со ајфон

    Новата година значи нови натпревари во фотографија и нови победници. Овој пат, од Епл ја објавија нивната листа со победници во натпреварот „Фотографирано со ајфон“ за 2019-та година. Натпреварот се одржуваше од 22-ри јануари до 7-ми февруари и целта е да се слават фотографиите направени со ајфон.rnrnУчесниците се пријавуваа преку социјалните мрежи со хаштагот #ShotOniPhone. Жирито се состоело од 11 членови одбрани од компанијата кои биле од уметници, па сè до техничка поддршка на Епл. На 26-ти февруари, Епл ги објави 10-те победници чии фотографии ќе се најдат на билборди во одредени градови, во продавници на Епл, како и онлајн.rn

    „Фотографиите доаѓаат од разни модели, од ајфон XS Max до ајфон 7, покажувајќи го квалитетот на камерата низ линијата“, објавиле на сајтот на Епл.

    rnПа, погледнете кои се најдобрите фотографи направени со ајфон.rn

    1. Дерен Сох, Сингапур (iPhone Xs Max)

    rn

    Објавени 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со Ајфон
    @darrensohphoto
    rn

    2. Елизабет Скарот, САД (iPhone 8 Plus)

    rn

    Објавени 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со Ајфон
    @liz.scarrott
    rn

    3. Блејк Марвин, САД (iPhone Xs Max)

    rn

    Објавени 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со Ајфон
    @blakemarvin
    rn

    4. Алекс Џианг, САД (iPhone Xs Max)

    rn

    Објавени 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со Ајфон
    @justphotons
    rn

    5. Ендру Грисволд, САД (iPhone Xs)

    rn

    Објавени 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со Ајфон
    @andrewgriswold
    rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата во реалниот свет

    Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата во реалниот свет

    Како и многу фотографи, и Франсоа Дурлен наоѓа инспирација во секојдневниот живот. Но, она што ги прави неговите фотографии поразлични се познатите измислени ликови кои се појавуваат на нив. Во неговиот серијал smARTphone, Дурлен го користи неговиот Ајфон за да вметне ликови од поп културата во ситуации од реалниот живот.rnrnУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светrnrnВо неговата паметна колекција фотографии, Дурлен ги оживува познатите суперхерои, ликови од цртани филмови и други карактери што сигурно ќе ги препознаете. Со стратегиско поставување на фотоапаратот од телефонот, тој создава интересни нови реалности.rnrnУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светrnrnОвој проект е одличен пример за тоа како модерните уметници ја вметнуваат популарната култура во нивните дела.rnrnУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот свет Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот свет Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот свет Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот свет Уметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светУметник користи Ајфон за да вметне ликови од поп културата реалниот светrnrnПогледнете ги и овие топли илустрации што покажуваат како изгледа животот со куче.

  • Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

    Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

    Иако основачот на Епл повеќе не е жив, овој технолошки гигант продолжува да биде лидер во индустријата за мобилни телефони. Со ајфонот, Епл го промени начинот на кои луѓето комуницираат со технологијата и едни со други. Но, да го имате најновиот и најдобриот ајфон не е толку неопходно. Погледнете зошто не треба да ја купувате најновата верзија на ајфон.rn

    1. Најголемиот настан на векот, повторно

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnЕпл направи вистински бран кога го објави последниот ајфон во септември 2017-та година, исто како што направи и во 2016, 2014 и 2013 година. Брзата стапка на развојот на Епл е речиси негативна. Додека да се навикнете на најновиот ајфон, постојат големи шанси Епл да ја најави новата генерација. Ако сте од фановите кои мора да ги имаат најновите и најдобрите производи, имајте на ум дека овој циклус ќе се повторува секоја година.rn

    2. Квалитет

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnВажно е да знаете нешто за имањето на најновата технологија. На производителите, дури и на оние што се големи како Епл, потребно им е време да ги решат проблемите, да го средат софтверот, како и хардверот. Но, репутацијата на Епл за квалитетен хардвер и софтвер обично е негативна. Ако имате ајфон кој е постар 1 или 2 генерации, најверојатно функционира одлично. Можеби не толку добро како кога бил нов, но ова не е причина да фрлите неколку стотици евра за нов телефон.rn

    3. Разочарување

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnМожеби сте чекале со денови да пристигне новиот ајфон. Сте го платиле, сте го вклучиле, сте се пофалиле на пријателите и потоа што? Најверојатно сте провериле Инстаграм или сте отвориле Фејсбук. Истото што сте го правеле и со стариот телефон. Да го имате најновиот модел можеби ќе ве радува за кратко, но речиси ништо нема да се промени.rn

    4. Хранење на чудовиштето

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrn„Чудовиштето“ во овој случај е Епл, најпрофитабилната корпорација во САД. Но во оваа трансакција спаѓа многу повеќе отколку цената на телефонот. Многу често на ризик е и финансиската стабилност на личноста која го купува телефонот. Многу луѓе живеат од плата за плата, па овде доаѓа до судир помеѓу желбата за новата технологија и способноста да се плати за неа.rn

    5. Кој ве гледа на вашиот ајфон?

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnСо ајфон Х, од Епл го најавија софтверот за препознавање лице кој наводно е подобра заштита од отпечаток од прст или внесување лозинка. Веројатно овој систем на заштита е бранот на иднината. Но, хакерите успешно „влегуваат“ во облакот на Епл и имаат пристап до фотографии и други информации. Па што ќе се случи кога ќе имаат пристап до вашето лице?rnrnМат Шулц, аналитичар за CreditCards.com изјавил:rn

    „Ова е ризичен потег за Епл. Овој дебакл ја стави безбедноста во главата на луѓето. Ако се покаже дека софтверот за препознавање на Епл има грешки, луѓето нема да го купуваат ако сметаат дека не е безбеден.“

    rn

    6. Ајфонот не е навистина иновативен

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnКога од Епл го најавија ајфон Х, покажаа телефон со голем екран. OLED екранот е нешто ново за Епл, но не и во светот на мобилните телефони. Самсунг галакси 6S Edge од 2015-та година има OLED екран кој се протега до самиот раб на направата. Овој тренд продолжи и за S7, S7 Edge како и S8 и S8 Edge. Па, на некој начин Самсунг, кој ги произведува OLED екраните за најновите ајфони е понапред од Епл кога станува збор за технологија кај телефони.rn

    7. Колку долго ќе постојат Епл и ајфонот?

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnУспехот на ајфонот и новите верзии го направија најважниот производ на Епл. Некои финансиски анализи сметаат дека две третини од приходот на Епл доаѓа од ајфонот. Ова значи дека доволно е само една грешка за да се загрози иднината на компанијата.rn

    8. Подготвување за незамисливото

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnНаводно Епл се справува со намалена побарувачка на ајфони. Иако постојат големи шанси ајфонот да не исчезне целосно, неговото присуство со сигурност ќе се намали. Посветените фанови секогаш ќе бидат дел од пазарот, но ако нема иновација, потрошувачите ќе се изморат од следењето на трендовите на Епл и може да одберат производи од други компании. Многу корисници веќе се откажале од ајфонот. Нормално, корисниците кои не купуваат бренд ќе пробаат и некои андроид телефони. Но што ќе се случи ако се одлучат да не се вратат на ајфон?rnrnДоколку имате ајфон, погледнете неколку корисни опции кои сигурно не сте знаеле дека постојат на него.

  • Дали можете да видите човек кој држи ајфон на овој мурал од 1937 година?

    Дали можете да видите човек кој држи ајфон на овој мурал од 1937 година?

    Станува збор за муралот познат како „Господин Пинчон и намирувањето на Спрингфилд“ (Mr. Pynchon and the Settling of Springfield) насликан од страна на италијанскиот муралист Умберто Романо во 1937 година. На прв поглед, на сликата нема ништо невообичаено, но човекот долу во десниот дел од сликата малку ги комплицира работите. Можете да го видите човекот кој зјапа во неговиот „ајфон“?rnrnДали можете да видите човек кој држи ајфон во овој мурал од 1937 година?rnrnТој држи мал, темен предмет во форма на смартфон и гледа во него. Човекот личи на многу од луѓето денес кои редовно ја користат технологијата, но нема никакви шанси тој навистина да држи ајфон, се согласувате? Па, зависи во што верувате.rnrnНе се знае кој е човекот и што прави, но многумина дебатирале на оваа тема низ годините. Со оглед на тоа што муралот е насликан неколку децении пред да се појават мобилните телефони, невозможно е да станува збор за ајфон. Тие се појавиле дури во 1973 година, така што освен ако сликарот не патувал низ времето, не би можел да знае за постоењето на овие уреди.rnrnПа, што би можел да биде овој „ајфон“ ако не е вистински ајфон? Со оглед на тоа што уметничкото дело се фокусира на човекот во розово, Вилијам Пинчон и тргувањето, можно е да се работи за огледало или нешто слично. Можеби човекот е шокиран од тоа колку јасно може да си го види сопствениот одраз, па затоа така втренчено гледа во предметот.rnrnДали можете да видите човек кој држи ајфон во овој мурал од 1937 година?rnrnЦелото дело е толку збунувачко што тешко е да се открие неговото вистински значење. Ја забележавте вештерката што лета на метла во позадина? Навистина чудна слика! Колку подолго ја гледате толку повеќе работи ќе откриете.rnrnЕкспертите исто така имаат свои толкувања:rn

    „Со оглед на тоа што сцената се фокусира на основањето на Спрингфилд, Романо, на едноставен начин, се обидел да му ја претстави современоста на љубопитното, но технолошки неразвиеното општество, кое веднаш било маѓепсано од страна блескавите предмети што ги донел Пинчон. Постоеле такви предмети во тоа време и имале правоаголна форма“, објасниле експертите.

    rnШто мислите вие? Што претставува овој правоаголник? Дали Романо имал временска машина или пак се работи само за случајност?rnrnДоколку сте љубители на уметноста и мистеријата, прочитајте ги овие неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот.

  • 11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат

    11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат

    До неодамна мобилните телефони служеа само за јавување. Но, веќе живееме во иднината и телефоните се многу повеќе од тоа. Постојат многу трикови кои веројатно не сте ги знаеле, а речиси секој ден се појавуваат и нови. Па, доколку имате ајфон, погледнете неколку од триковите за коишто можеби не сте слушнале, а кои со сигурност ќе ви помогнат во секојдневниот живот.rnrn11-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vashiot-ajfon-kafepauza.mrn

    1. Можете да ја видите секоја фотографија што сте ја испратиле или добиле

    rnВсушност, можете да ги видите сите фотографии, видеа и линкови со тоа што ќе притиснете на Details на разговорот.rn

    2. Можете да одговарате на пораките без да го отклучите телефонот

    rnКога ќе добиете порака, само спуштете го надолу прозорецот за нотификации и повлечете ја пораката кон лево. Потоа изберете ја опцијата Reply.rn

    3. Праќајте аудио и видео пораки кои сами се бришат

    rnОдете во Settings, па во Messages и одберете ја опцијата Expire, а потоа селектирајте After 2 Minutes.rn

    4. Погледнете кои апликации најмногу ја трошат батеријата

    rnОдете во Settings, па во General, од каде што треба да изберете Usage, па Battery Usage и ќе добиете листа со апликации кои најмногу ја трошат вашата батерија.rn

    5. Продолжете го траењето на батеријата

    rnАко вашата батерија брзо се празни, а не сте во можност да ја наполните, продолжете ѝ го „животот“ користејќи помалку моќ. Во менито Settings одберете Battery, a потоа вклучете го Low Power Mode.rn

    6. Отворете апликација за музика со вашите слушалки

    rnАко често слушате музика во ист период од денот, вашиот ајфон автоматски ќе ја вклучува апликацијата за музика штом ќе ги приклучите слушалките.rn

    7. Променете го изговарањето на одредени зборови на Сири

    rnКога Сири погрешно ќе изговори некое име, само кажете ѝ „That’s not how you say that“. Тогаш таа ќе ви понуди неколку опции за изговарање, а вие можете да одберете една.rn

    8. Откријте каде сте биле

    rnАјфоните одлично го следат секој ваш чекор. Одете во Settings, одберете Privacy, па Location Services и на крај System Services. На дното на листата одберете ја опцијата Frequent Locations и разгледајте ја вашата историја.rn

    9. Откријте го непознатиот јавувач

    rnВашиот ајфон ќе се обиде да ги идентификува непознатите јавувачи. Ако сте му пратиле имејл на некого, но го немате неговиот број во телефонот, ајфонот ќе генерира претпоставка според тој имејл. Се разбира, не може да претпостави кога ќе ви ѕвони некој целосен странец, но оваа опција е корисна за колеги, семејство или бизнис контакти.rn

    10. Пребарувајте ги старите фотографии со датум или локација

    rnНема потреба да барате низ големиот број фотографии за да пронајдете некоја од минатата година. Едноставно кажете ѝ на Сири да го направи тоа за вас со фраза како „Show me photos from 2013 taken in Italy“.rn

    11. Засилете го звукот на песните

    rnАко сметате дека вашиот ајфон не е доволно гласен, одете во Settings, па Music, па ЕQ и на крај одберете ја опцијата Late Night. Нема да звучи како да сте на концерт, но телефонот сигурно ќе биде погласен.rnrnПогледнете и неколку совети за продолжување на траењето на вашата батерија.

  • Надреални светови создадени со помош на ајфон

    Надреални светови создадени со помош на ајфон

    Артистот Чарли Даволи вели дека парадоксите и мешањето на вистинските околини со надреалните е најзабавниот дел од неговиот обичен и секојдневен живот. Кога тој чекори по улица, фотографира сѐ што ќе му падне во очи, создавајќи огромна архива од фотографии.rnrn

    Читање бајки со неговата внука, Делиа
    rnrnСоздавањето пејзажи кои имаат луцидни, мистериозни и чудни елементи од соништата се случува во подоцнежните фази. Благодарејќи на многуте фотографии, процесот на уредување е моментален со помош на апликации за ајфон како што се PsTouch, iDesign, Superimpose, MatterApp и Mextures.rnrn
    Мостот се прилагодува кон водата, нивото внатре ќе се издигне, а таму паднат споменик лежи
    rnrnДаволи црпи инспирација од хемиската мешавина која го следи метафизичкото сликарство на Де Чирико, со љубов кон геометријата Баухаус како и поп културата на Енди Ворхол и Лихтенштајн. Сето тоа комбинирано со малку ретро научна фантастика ни овозможува неверојатни пејзажи. Погледнете дел од неговата работа и подгответе се да бидете воодушевени.rnrn

  • Немате поим дека слушалките на вашиот ајфон можат да прават вакви трикови

    Немате поим дека слушалките на вашиот ајфон можат да прават вакви трикови

    Имате ајфон. И сега што? Ако веќе сте платиле неколку стотици долари за оваа симпатична играчка, подобро да ги искористите нејзините функционалности докрај. Слушалките кои доаѓаат во комплет со телефонот кријат неколку интересни трикови кои е практично да ги знаете.rnrnnemate-poim-deka-slushalkite-na-vashiot-ajfon-mozhat-da-pravat-vakvi-trikovi-kafepauza.mkrnrn1. Притиснете го еднаш средното копче за да пуштите песна од вашата апликација за музика.rnrn2. Притиснете го уште еднаш за да ја паузирате песната што свири.rnrn3. За да прејдете на следната песна, притиснете го средното копче двапати.rnrn4. Ако го притиснете средното копче трипати, ќе ве врати на почетокот на песната или на претходната песна.rnrn5. За да ја премотате песната напред, двојно кликнете и задржете го средното копче на вториот клик.rnrn6. За да премотате назад, кликнете го средното копче трипати и задржете на последниот клик.rnrn7. За да примите повик само притиснете го средното копче еднаш.rnrn8. При повеќе дојдовни повици, можете лесно да се префрлите на другиот и да го ставите првиот јавувач на чекање со притискање на средното копче еднаш.rnrn9. Ако не сакате да го примите вториот повик само притиснете го средното копче и задржете 2 секунди.rnrn10. За да завршите повик, само пристигнете го еднаш средното копче.rnrn11. Ако сакате да го игнорирате повикот, притиснете го и задржете го средното копче што ќе го пренасочи повикот на вашата говорна пошта.rnrn12. Ако ви треба помош од Сири, активирајте ја со притискање и задржување на средното копче.rnrn13. Направете фотографија од себеси со притискање на кое било од копчињата за контрола на гласноста.rnrnПогледнете го видеото за да ги видите овие трикови во акција.rnrn

  • Мајка креира надреални пејзажи со силуети од нејзините деца со помош на ајфон

    Мајка креира надреални пејзажи со силуети од нејзините деца со помош на ајфон

    Мајката Али Џардин привлекла огромно внимание на Инстаграм со нејзините неверојатни надреални фотографии кои ги прави со ајфон. Таа во моментов има 511.000 следачи на оваа социјална мрежа чиј број постојано се зголемува. Али по професија е сликар, но откако почнала да се занимава со Инстаграм сфатила дека токму тоа е нејзината страст.rnrn(1) Мајка креира надреални пејзажи со силуети од нејзините деца со помош на ајфонrnrnПоголемиот дел од фотографиите кои таа ги прави се фамилијарни, кои вклучуваат прекрасни силуети од нејзините деца, Пипин и Гејб. Таа вели дека скоро сите фотографии ги прави со ајфон, а потоа дополнително ги обработува во апликации како „Juxtaposer“, „Tiny Planets“, „VSCO“, „Image Blender“, „Pro HDR“ и „Mextures“. Таа се надева дека нејзината работа ќе ве оттргне на момент од реалноста и дека ќе ве одведе на место кое е исполнето со магија, слобода и среќа.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.