Колку пати сте помислиле дека тој крие во себе нешто што го мачи, а сепак не сака да го сподели тоа со вас? Веројатно одговорот е многупати, затоа што поголемиот дел од мажите не сакаат да ги делат своите слабости и проблеми со никого.rnrn
rnrnОдговорот со кој мора да се задоволите и кој често го слушате е: „Сѐ е во ред.“ Доколку партнерот не сака да разговара, отсутен е, ги одлага средбите, тогаш можеби не се работи за афера. Можеби се работи за следниве нешта:rn
1. Недостаток на секс
rnКако што врската станува посериозна и колку сте поинтимни со партнерот, страста во некои мигови попушта и некогашниот редовен секс станува сѐ поредок и воглавно жените се тие кои не гледаат проблем во ова.rnrnМожеби тој ќе заборави на годишнината или на ветениот состанок, но ќе запомни колку пати сте одбиле милување или сте му го скратиле сексуалното уживање. Голем дел од мажите ќе го премолчат ова, но верувајте дека длабоко во себе ги мачи овој проблем. Мажот и сексот претставуваат нераскинлива врска која не треба да се прекине.rn
2. Финансиски проблеми
rnИако во денешно време улогата на мажите и жените е скоро изедначена – па сосема е нормално да заработувате исто или да имате повеќе пари од него, но сепак неговото его не размислува така. Недостатокот на пари или долгови е нешто што тој ќе го крие од вас сѐ додека ситуацијата не стане сериозна и веќе не постои начин да го скрие тоа. Мажите и понатаму мислат дека е нивна обврска да обезбедат убав живот и дека недостатокот на финансиски средства ќе ги направи одбивни или послаби во очите на саканата.rn
3. Професионален неуспех
rnЛесно ни е нам жените – ќе се исплачеме на рамото на нашите пријателки или на неговото и продолжуваме понатака. Момците неуспехот го доживуваат како напад на нивната гордост и полесно ќе ги преживеат таквите мигови сами, отколку да признаат дека имаат момент на слабост.rn
4. Здравствени проблеми
rnЗа разлика од жените, кои секој проблем прво го пребаруваат на интернет, а подоцна и на доктор, мажите тоа ќе го премолчат или игнорираат. Единственото нешто што може да ги исплаши и да ги натера да побараат помош е ако имаат проблеми во спалната соба. Затоа немојте да бидете досадни и да инсистирате да сподели што го мачи. Подобро пробајте со нежно, а ако не успеете, подобро е да го оставите. Тој знае сам најдобро да се снајде.






rnrnНекој ѕвони на вратата – братот на бившата жена на Бредли, прв сигнал за неволја. Додека се труди да го откачи, некој ѕвони на телефон – неговиот долгогодишен пријател и ривал, Арнолд Бафин мисли дека си ја убил жената. Патувањето е одложено, Бредли мора да му помогне на својот пријател и тука започнува хаотичниот вртлог на проблеми од кој Бредли не може да се извлече.rnrnКнигата има шест главни лика чиишто животи се испреплетуваат и на крајот кулминираат на најдобриот можен начин на којшто еден генијален трилер може да заврши – со убиство.rnrnНесогласувањата во брачниот живот на Арнол и Рејчел, нивната наивна, дваесетгодишна ќерка Џулиан која започнува афера со Бредли, неговата депресивна сестра Присила која го напушта својот сопруг, неговата бивша жена Кристијан која се враќа за да му го загорчи животот и нејзиниот брат Френсис се сосема добра основа за проблеми.rnrnНо, „Црниот принц“ не е само трилер. Морам да признаам дека, љубовната афера помеѓу Бредли и Џулиан иако бизарна, изобилува со романтика и чувства и во голема мера книгата е всушност приказ на неверојатниот ефект на љубовта и начинот на кој може да нè измени. Дури и намќорест старец кој не се грижи за никој во неговиот живот и е опседнат со тоа да биде признат и запомнет.rnrnМожеби најинтересниот дел е фактот дека меѓу нив нема лажго, ликовите му се обраќаат на читателот со сопствената визија за настаните и начинот на кој ги доживуваат. Тие се комплексни, интересни, но Ајрис не се труди да ги направи особено привлечни за читателот. Обични луѓе, средна класа, секојдневни проблеми кои се испреплетуваат на тој начин што се сè само не обични и секојдневни, само поради одлуките на самите ликови.rnrnДа бидам искрена, никогаш не сум била фан на Шекспир па ми требаше време да ја сфатам поврзаноста со Хамлет и начинот на кој Ајрис преработува некои делови во контекст на книгата. Во секој случај, книгата бара време и посветеност, но нуди вистинско уживање. Овој прекрасен доказ за генијалноста на Ајрис Мердок не смеете да го пропуштите.rnrn

rn

rn
rnrnКога би се сконцентрирале само на мажите, би набројале многу работи и причини поради кои им се неверни на своите жени и девојки. Како на пример: сексуално незадоволство, емоционална нестабилност, проблеми во бракот, финансиски кризи… Но, како што постојат причини за неверство, така постојат и причини поради кои одредени мажи се верни.rn