КАФЕ ПАУЗА

Tag: Адел

  • 12-те најдобри љубовни песни на Адел

    12-те најдобри љубовни песни на Адел

    Најдобрите љубовни песни на Адел се брутално искрени и ќе ве погодат веднаш. Таа ги отвора градите и остава да се истури содржината на срцето. Многу од нејзините љубовни песни се песни за врски што не функционирале, но таа не се плаши да ја открие болката и да ја кристализира со зборови и мелодија која ќе звучи убаво. Меѓутоа, Адел има и неколку среќни песни, а во продолжение можете да ги слушнете нејзините најдобри љубовни песни на сите времиња.rn

    1. „First Love“

    rnhttps://youtu.be/tS4wc-9pvLkrn

    2. „Someone Like You“

    rnhttps://youtu.be/hLQl3WQQoQ0rn

    3. „Chasing Pavements“

    rnhttps://youtu.be/08DjMT-qR9grn

    4. „If It Hadn’t Been For Love“

    rnhttps://youtu.be/LJQlL1lFWL8rn

    5. „Hello“

    rnhttps://youtu.be/YQHsXMglC9Arn

    6. „Rolling in the Deep“

    rnhttps://youtu.be/rYEDA3JcQqwrn

    7. „One and Only“

    rnhttps://youtu.be/wA4ppvp2IzYrn

    8. „When We Were Young“

    rnhttps://youtu.be/DDWKuo3gXMQrn

    9. „Set Fire to the Rain“

    rnhttps://youtu.be/Ri7-vnrJD3krn

    10. „He Won’t Go“

    rnhttps://youtu.be/Qgp7hlkfstIrn

    11. „Sweetest Devotion“

    rnhttps://youtu.be/oRgrnyW-aZUrn

    12. „Make You Feel My Love“

    rnhttps://youtu.be/0put0_a–NgrnrnПогледнете кои се најдобрите песни што можете да ги слушате кога се чувствувате вознемирено.

  • Личниот тренер на Адел откри 3 тајни со кои таа успеа да изгуби 50 килограми

    Личниот тренер на Адел откри 3 тајни со кои таа успеа да изгуби 50 килограми

    Познатата пеачка Адел го шокира светот со само една фотографија! Таа на нејзините социјални мрежи се пофали со својот нов изглед за роденденот, а очигледно беше дека успеала да изгуби дури 50 килограми.rnrnТаа е во процес на намалување на тежината повеќе од една година, а нејзиниот личен тренер откри 3 тајни со помош на кои Адел изгуби неверојатни 50 килограми.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Adele (@adele) el

    rnrn

    rnrn

    Исхрана

    rnСите тренери велат дека здравата исхрана е најважна во процесот на слабеење, вклучувајќи го и Пит Герасмо односно личниот тренер на Адел. Тој вели дека кога работи со клиенти, секогаш одлучува за вистинска и здрава храна, а не за додатоците во исхраната. За Адел вели дека таа пробала диета базирана на растенија како што се кељот и леќата. Овие намирници познати како активисти на сиртвин го потиснуваат апетитот и го активираат генот за намалување на тежината. Оваа исхрана ви овозможува да јадете темно чоколадо и да пиете црвено вино.rn

    Вежбање

    rnГерасимо вели дека најважно е да се забрза работата на срцето и да се излезе од удобната зона. Тој исто така вели дека додека вежбате треба да имате убави мисли. Адел вежба три пати неделно и тие комбинираат различни вежби.rn

    Квалитетен сон

    rnТретиот трик е добриот сон. Спиењето влијае на хормоните грелин и лептин кои се нарекуваат хормоните на гладот. Хормонот грелин се ослободува кога мозокот ќе сигнализира дека желудникот е празен, а хормонот лептин се ослободува од масните клетки за да го потисне гладот и мозокот вели дека стомакот е полн. Кога телото не спиете доволно, мозокот произведува повеќе грелин оставајќи ве гладни и со зголемен апетит. Најважно е да не брзате со процесот, туку да ја следите работата и можностите на вашето тело.rnrnПрочитајте и кои 4 здрави одлуки треба да ги направите.

  • Неверојатна музичка комбинација од „Hello“ на Адел и Реквиемот на Моцарт

    Неверојатна музичка комбинација од „Hello“ на Адел и Реквиемот на Моцарт

    Музичката композиција „Chello“ која ги комбинира „Hello“ и „Lacrimosa“ од познатиот Реквием на Моцарт е еден креативен, музички експеримент кој ги спојува духовноста на 18-от век и секуларизмот на 21-от век. Како што може да се забележи и двете композиции биле тежок предизвик за феноменалните музичари на групата „The Piano Guys“. Едната се развлекува во широк, минорен 12/8-ски такт, додека другата плови во едно поживо темпо. Едната композиција ја влече силата од исполнетоста на грандиозниот рефрен и оркестарот, а другата од изолацијата на едногласноста и пијаното. Заедно го делат истото фундаментално чувство – „Lacrimosa“ ја оплакува духовната смрт, а „Hello“ ги оплакува љубовните маки. Различни светови, различни векови, иста емоција.rnrnНеверојатна музичка комбинација на „Hello“ на Адел и Реквиемот на МоцартrnrnПри крајот на мелодијата може да се слушне обидот двете композиции да се сретнат во средината, каде што нивните текстурни ноти се спојуваат. Во своите посебни приказни, и двете мелодии го бараат помирувањето. Ниедна не може да го пронајде, но заедно имаат уште една шанса. Звуците кои ги слушаме биле создадени од 100 траки на акустично и електрично виолончело, додека видеото е снимено во познатиот Туакански амфитеатар и за него се употребени многу огледала, ладна магла и силно светло. Во продолжение слушнете ја мелодијата која ќе ви ги разигра сетилата.rnrn

  • 4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Адел

    4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Адел

    По 4-годишна пауза, конечно имавме можност да го чуеме новиот албум на британската пејачка која освои многу срца ширум светот. Таа е позната по својот глас кој ги поместува границите, искрените стихови и музиката која едноставно не може да не ве допре директно во душата. Нејзината музика има сè што ни е потребно за да ни се загрее срцето и да ни пробуди искрени емоции. Но, ние исто така можеме и многу да научиме од оваа поп икона…rnrn4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Аделrn

    1. Можете да ја изградите вашата кариера само врз основа на талентот

    rnНема дилема во тоа дека Адел е суперѕвезда. Со песната „Hello“, со која се врати на музичката сцена, таа повторно докажува дека го има во себе тоа што е потребно за да привлече големо внимание. Сепак, без разлика на огромниот успех, Адел нема потреба да се експонира и појавува премногу во медиумите. Единствените нешта кои го знаеме за нејзиниот приватен живот се оние кои самата таа ни ги открила на интервјуа, но тоа се само детали. Таа е доказ дека можете да имате здрава врска, семејство и скромност додека истовремено сте и многу познати.rn

    2. Сакајте го вашето тело и ум

    rnАдел е жена која зрачи со самодоверба. Таа е задоволна со себе и никогаш не сакала да привлече внимание со ништо друго освен со својот глас.rn

    „Никогаш не сум гледала во насловните на списанијата мислејќи дека мора да изгледам како модел со цел да бидам успешна“, изјавила таа.

    rnИсто така додала и дека не е потребно згодно тело и сексапил со цел да го продаде својот албум. Ние целосно се согласуваме со неа.rn

    3. Сосема е нормално да се биде повреден по раскинувањето

    rnКога врската завршува лошо, владее општо познато верување дека треба да бидеме силни и храбри и да не му покажеме на светот колку навистина ова раскинување нè повредило. Но, Адел ни го покажала сосема спротивното. Таа храбро и без никаков срам им кажала на сите бивши момчиња, како и на целиот свет колку навистина страдала по раскинувањата. Пред сè, ние сме луѓе и имаме право да патиме, како и да плачеме додека не преболиме некого.rn

    4. Смејте се често и гласно

    rnСосема е во ред и оправдано во некои ситуации да не бидете озбилни и да му покажете на светот колку ви е забавно. Без разлика дали е на интервју или на некој друг работен разговор, Адел не се плаши да го каже своето мислење додека гласно и заразно се смее. На прашањето дали би сакала да биде Бон девојка, пејачката гласно се изнасмеала и одговорила „НЕ“. Зарем можете да не ја сакате?

  • Современите родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел

    Современите родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел

    Современите родители сè повеќе се откажуваат од традиционалното успивање на нивните деца со пеење или пуштање на детски приспивни песнички. Наместо тоа, ги успиваат со популарните хит песни од топ-листите, вели новото британско истражување.rnrnСовремените родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел rnrnТрадиционалните песни како „Twinkle Twinkle Little Star“ (или нашиот еквивалент Нани, нани бебенце) се прогласени за старомодни и глупави и наместо нив, родителите ги пуштаат хитовите на Адел, Бруно Марс или Ријана.rnrnПоловина од 2.000 анкетирани родители, признаваат дека со поголемо задоволство им ги пеат на нивните деца познатите хитови, а само 15% од родителите, сè уште ги фаворизираат приспивните песнички.rn

    rnХитот на Бруно Марс „Just the Way You Are“ и на Адел „Someone Like You“ се најпопуларни песни за деца, а потоа следува „Umbrella“ на Ријана, покажала анкетата.rnrnСтручњаците истакнуваат дека секое пеење е добро за децата, без оглед дали станува збор за нов поп хит или песни стари 100 години. Децата изложени на музика, најверојатно ќе развијат добри говорни способности. Музиката воедно ги успокојува децата и им помага подобро да се справат со болка. Тоа е така бидејќи слушањето музика им го зголемува нивото на допамин, кој им помага да спијат поцврсто.rnrnМодерната музика сепак не е секогаш добар избор, бидејќи третина од родителите признаваат дека нивното дете попрво ќе се умири со традиционална приспивна песна, отколку со поп песна. Исто така, половина од родителите признаваат дека им дозволиле на нивните деца, намерно или ненамерно, да слушаат поп песни кои содржат несоодветен текст.rnrn[message_box title=”Топ 20 поп и рок песни кои родителите им ги пеат на децата:” color=”yellow”]rnrn1. Bruno Mars – Just the way you arernrn2. Adele – Someone Like yournrn3. Rihanna – Umbrellarnrn4. Robbie Williams – Angelsrnrn5. Rihanna – Diamondsrnrn6. Guns n Roses – Sweet Child O’ Minernrn7. Oasis – Wonderwallrnrn8. Taylor Swift – I knew you were Troublernrn9. Christina Aguilera – Beautifulrnrn10. McFly – It’s All About Yournrn11. Whitney Houston – I Will Always Love Yournrn12. Labyrinth feat Emeli Sande – Beneath your Beautifulrnrn13. Bryan Adams – Everything I Do, I Do it for Yournrn14. Emeli Sande – Next to Mernrn15. U2 – With or Without yournrn16. Adele – Skyfallrnrn17. Gotye – Somebody I Used to Knowrnrn18. Take That – Back for Goodrnrn19. Patience – Take Thatrnrn20. Professor Green feat Emilie Sande – Read all About it[/message_box]rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • И познатите прават смешни гримаси

    И познатите прават смешни гримаси

    Зад совршената маска од насмеано и совршено негувано лице којашто познатите мораат да ја носат секаде со себе, сепак зад неа тие се само луѓе, со човечки емоции, реакции и гримаси. Папараците ги уловиле на дело најсмешните фаци коишто ги направиле познатите пред камерите, кои со сигурност ќе ве расположат.rnrn

    Рајан Гослинг
    Рајан Гослинг
    rnrn
    Меган Фокс
    Меган Фокс
    rnrn
    Ема Стоун
    Ема Стоун
    rnrn
    Џорџ Клуни
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Адел
    Адел
    rnrn
    Кети Пери
    Кети Пери
    rnrn
    Никол Кидман
    Никол Кидман
    rnrn
    Аманда Сејфрид
    Аманда Сејфрид
    rnrn
    Бен Афлек
    Бен Афлек
    rnrn
    Блејк Лајвли
    Блејк Лајвли
    rnrn
    Мадона
    Мадона
    rnrn
    Кристен Стјуарт
    Кристен Стјуарт
    rnrn
    Зои Дешанел
    Зои Дешанел
    rnrn
    Кристина Агилера
    Кристина Агилера
    rnrn
    Леа Мишел
    Леа Мишел
    rnrn
    Сандра Булок
    Сандра Булок
    rnrn
    Пинк
    Пинк
    rnrn
    Рејчел МекАдамс
    Рејчел МекАдамс
    rnrn
    Ријана
    Ријана
    rnrn
    Селена Гомез
    Селена Гомез
    rnrn
    Џулија Стајлс
    Џулија Стајлс
    rnrn
    Џејсон Сигел
    Џејсон Сигел
    rnrn
    Џеси Џеј
    Џеси Џеј
    rnrn
    Џенифер Гарнер
    Џенифер Гарнер
    rnrn
    Џим Кери
    Џим Кери
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.rnrn

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?
    Излог во продавницата H&M во Шведска
    rn

    Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.

    rn
    rn

    Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“

    rnrnКуклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Останува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.rn
    rnrnrn


    rnrn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)

    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? 🙂

    Исклучително забавен сликовит приказ на познатите пејачи, споредени со нивните птици-двојници, со кој ќе сакате да ја стартувате седмицава :)rnrn

    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кети Пери – паун кој се перчи
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Бијонсе – безмилосен сокол
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Ријана – кардинал на кој не му е гајле што мислиш ти
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Бритни Спирс – американски орел
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Лејди Гага – папагал кој остава впечаток
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Мадона – премногу напнат пингвин
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Ники Минаж – откачено фламинго
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Адел – тажен був
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    One Direction – некои гласни и расплакани, но подеднакво неодоливи бебиња-птици
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Џастин Бибер – која и да е оваа тотално искулирана птица
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Тејлор Свифт – искрен лебед
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кели Кларксон – супер кул јастреб
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кајли Миног – прекрасен лебед
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кание Вест – несфатената птица
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Еминем – ној со кој не сакаш да си имаш работа
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Крис Браун – мивката којашто го направила ова
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи

    Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи

    Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, за која веќе имаме пишувано претходно, повторно изненадува со својот исклучителен талент. Овој пат, таа пронајде уште еден креативен начин да искаже почит и признание кон една од најголемите пејачки на оваа генерација, Адел. Таа досега има нацртано портрет со дно од шолја извалкана во кафе, од сончогледови семки, па дури и со тапкање на баскет врз платно. Овој пат таа ја нацрта Адел со свеќи, како дел од нејзиниот проект во 4 делови, секој изработен со користење на некој од 4-те основни елементи: оган, вода, ветер или земја.Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиrn
    rn

    Во врска со овој проект таа вели: „Песната на Адел „Set Fire to the Rain“ ме инспирираше да употребам свеќи и оган како материјал за сликање, бидејќи според мене, таа во песната најверојатно пее за болката која ја чувствува од некоја пропадната љубовна врска. Дождот е метафора за солзите кои таа ги проплакала и притоа таа го пали огнот, за да ја изгори и уништи болката којашто ја чувствува. Употребив сини свеќи, кои ги репрезентираат нејзините солзи и со нивно запалување, тие се топат и растекуваат, формирајќи портрет од Адел.“

    rnАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.

    rn
    rn

    Еминем  – „The Marshall Mathers LP“ (2000)

    rnДодека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ауткаст – „Stankonia“ (2000)

    rnИмагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)

    rn„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)

    rnОва дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)

    rnПреку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)

    rnОна што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)

    rnЕден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)

    rnЛејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Адел –  „21“ (2011)

    rnМоќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.