КАФЕ ПАУЗА

Category: Дом и семејство

  • Топла постела за ладни зимски ноќи

    Топла постела за ладни зимски ноќи

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПостелнина или „облека за креветот“ се однесува на материјалите со кои го покриваме нашиот кревет, душек и перници заради одржување на хигиената, топлината и секако, заради декоративен ефект. Изборот на права постелнина е важна за човекот. Добриот сон е неопходен за функционирањето на човекот, а топлата и мека постела има голем придонес за тоа. Лесна памучна, подебела фротирска или пак свилена постелнина, изборот е голем. Зависно од временскиот период, дали е лето или зима, се бира видот на постелнина, подебела за зима и постелнина од полесни материјали за лето. Дали постелнината ќе биде во нежни неутрални бои, јаки пастелни нијанси, разни шари, форми и дезени зависи од вкусот и стилот кој го негуваме.rnrnТопла постела за ладни зимски ноќиrnrnЗимата е период од годината кога најголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории. Ладното време е најголемиот демотиватор за излегувања надвор од домот. Дружбата со креветот кај повеќето луѓе е една од поомилените зимски активности. Сами или во друштво, во тишина, со добар филм или со омилената музика, одберете сами. Удобната и топла постела нека биде во служба на вашите зимски активности. Може подолу прикажаните слики ќе ја разбудат вашата желба за нова декорација во спалната соба, за нова постелнина за вашиот кревет. Нека ладните зимски ноќи и вообичаената „досадана“ постела не бидат причина за лош сон. Разбудете ја вашата фантазија и создадете мало царство од вашиот кревет, удобно место за пријатни сни.rnrnТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

    Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

    Сите нови родители се среќни што создале толку совршено мало, екстра слатко бебенце. Но, додека да трепнете, тоа ќе порасне и нема веќе никогаш да биде малечко. Затоа, дур е сѐ уште време, направете фотоалбум кој во секој момент од вашите животи ќе предизвика смеа, солзи, радости и навраќање на семејните спомени. Прочитајте ги 14-те начини како да го сликате вашето новородено бебе, за да ги документирате најсреќните моменти од вашето новоформирано семејство.rn

    1. Стапалата на целото семејство

    rnНавистина е тешко да се збере целото семејство на куп, да седат сите мирно, да гледаат во апаратот и да се смешкаат. Затоа, не се ни обидувајте! Легнете сите на кревет и дозволете им на вашите стапала да ја играат главната улога во фотографијата.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    2. Сите стуткани во еден кревет

    rnНајсмешните и најинтересните семејни моменти се случуваат кога целото „гнездо“ се излежува во кревет. Не трудете се да гледате во фотоапаратот или да изгледате совршено. Само легнете, при што некои од вас нека лежат со телото свртени кон перницата, а другите во обратна насока. Замолете некој ваш пријател да ве слика од птичја перспектива.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    3. Пред и по бременоста

    rnОва е многу интересна фотографија. Првиот дел се прави во третото тримесечје од бременоста, кога мешето на идната мајка е најголемо, а вториот дел откако бебето ќе се роди. Плус, испраќањето на оваа фотографија до вашите пријатели, е идеален начин да им кажете дека бебето е родено и ги чекате на мекици.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    4. Допир со носињата

    rnСпоредбата на малото бебешко лице со големото лице на родителот, е навистина слатка и прекрасна.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    5. Слатки соништа

    rnПред бебињата да почнат да се смеат, тие се смешкаат додека спијат. Тоа е навистина глетка која го топи срцето.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    6. Татино бебенце

    rnСилните машки раце кои држат мало слатко бебе, е слика доволно впечатлива сама по себе. Дури нема потреба ни да им се гледаат главите.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    7. Спој на две генерации

    rnЗнаете што ќе придонесе вашето ново, прекрасно бебе, да изгледа уште поневеројатно? Моментот кога него ќе го држи в раце, најстариот член од вашето семејство. Овековечете го овој момент во незаборавна фотографија.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    8. Пенлива фотосесија во бањата

    rnКолку е само сладок спојот од бебе и меури од сапун. Ставете меко и нежно пешкирче под главата на бебенцето, за тоа да се чувствува удобно и среќно. Немојте да очекувате дека првото капење на вашето бебе ќе биде толку слатко. Дадете му шанса прво да се навикне на чувството во вода, но имајте го фотоапаратот при рака, кога тоа ќе се случи.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    9. Мамина маза

    rnИма нешто специјално во начинот на кој новата мајка го набљудува своето бебенце. Фотографирајте го и овој момент.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    10. Фотка со постарото братче/сестриче

    rnПостанувањето постар брат или сестра е голема вест. Фотнете го моментот кога вашите две деца првпат ќе се видат. Едноставно сместете ги на некое удобно и безбедно место и дозволете им да почнат да се зближуваат.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    11. Смешна бебешка фаца

    rnНамигнување, лигавење, смешкање, правење гримаси… Бебињата прават неограничен број смешни фаци, кои вреди да се овековечат.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    12. Оставете го да јаде торта

    rnПрвите неколку родендени на вашето детенце не треба да бидат уредни и отмени. Ставете ја тортата пред славеникот, тргнете се настрана, насочете ја камерата кон него и оставете го да ја направи пуздер.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    13. Бебето и домашното милениче

    rnДве убави нешта можат да креираат само нешто уште поубаво. Здружете го бебенцето со вашето домашно милениче и направете незаборавни фотографии.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrn

    14. Утринско протегнување

    rnСе прашувате која е најсмешната фаца која може да ја направи вашето бебе? Почекајте додека да го видите како се тегне.rnrnФотографии кои морате да ги направите со вашето бебеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до добар сон за време на бременоста?

    Како до добар сон за време на бременоста?

    Автор: Вера МартиноскаrnrnБременоста честопати со себе носи разни проблеми со спиењето како што се мачнините, киселините, ’рчењето и грчевите во нозете. Нездравите навики во врска со спиењето стекнати уште пред бременоста, само ја влошуваат ситуацијата. Но, еве неколку совети како да си го подобрите сонот, не само во бременоста, туку и понатаму.rnrnКако до добар сон за време на бременоста?rn

    Внимавајте што и кога јадете

    rnКажете им „не“ на пушењето и алкохолотПовеќе од јасно е дека никотинот и алкохолот можат да му наштетат на вашето бебе, а исто така можат да го отежнат добивањето квалитетен сон. Никотинот е стимулант. Истражувањата покажуваат дека пушачите имаат пократок длабок сон и се чувствуваат помалку одморени од непушачите. За разлика од никотинот, алкохолот пак ве прави поспани и може да направи полесно да заспиете. Но ова е заблуда, затоа што алкохолот има тенденција да го прекинува сонот и да предизвика зачестено да се будите во втората половина на ноќта.rnrnНамалете го кофеинот (колку и да е тешко ова)Намалете го внесувањето на пијалаци и храна кои содржат кофеин, како кафето, чајот, газираните пијалаци и чоколадото (а и кафето без кофеин е секогаш опција). Попладне и навечер избегнувајте ги сосем.rnrnПијте помалку доцна попладне и навечерПијте повеќе течности порано во денот, а помалу вечерта. Ова помага поретко да го посетувате тоалетот во текот на ноќта. Сепак, осигурајте се дека добивате доволно хранливи состојки и течности во текот на денот, на пример, за вода генерално се препорачуваат по 8 чаши на ден.rnrnИзбегнувајте тешки обилни оброци пред спиењеЗачинетата храна како чили и кисели јадења како домати може да ви предизвика киселини и проблеми со варењето. Истото се случува и со обилните оброци кои ги земате непосредно пред спиење. Ако киселините ви се проблем, јадете полесни оброци и јадете ги порано (доколку и понатаму киселините се причина да не можете да заспиете, изедете неколку бадеми). Дајте си два до три часа за да се свари храната пред да одите во кревет.rnrnУжина пред спиење за да ја избегнете утринската мачнинаАко имате мачнини, може да си помогнете со тоа што ќе спречите стомакот комплетно да ви се испразни. Обидете се да грицкате едноставни ужини како крекери, особено пред спиење.rnrnКако до добар сон за време на бременоста?rn

    Научете како да се опуштите

    rnДремнувајтеДремка од 30 до 60 минути ве прави посвежи, го изострува помнењето и генерално го намалuва чувството на замор. Една студија открива дека повеќе од половината бремени жени дремнуват барем еднаш во текот на работната недела, а 60 проценти за време на викендот.rnrnСепак, темпирајте ги внимателно вашите дремки. Ако дремнете премногу доцна во текот на денот или премногу долго, ќе си го нарушите ноќниот сон.rnrnНе вежбајте до доцнаВежбањето завршете го порано за да му дадете време на телото да се опушти. Вежбањето пред спиење може да ве расони и дури да ви го земе сонот, нарушувајќи го природниот циклус на спиење. Обидете се да завршите со вежбањето барем три часа пред легнување.rnrnПрaктикувајте техники за релаксацијаЗапознајте се со техниките за предизвикување сон како што се создавање позитивни ментални слики, длабоко дишење и прогресивна мускулна релаксација.rnrnНе дозволувајте вашата „листа на грижи“ да ве загрижува Чувањето лист хартија и пенкало покрај креветот може да ги олесни вашите ноќни нервози. Кога ќе се разбудите и помислите на сите работи кои треба да ги направите наредниот ден, запишете ги. Ако запишувањето на мислите ве прави уште позагрижени, завршете го правењето листа со прашања, грижи и работи кои треба да ги направите барем еден час пред легнување. Потоа обидете се да не мислите на нив до утрото.rnrnЗапишете се на курсАко сте вознемирени во врска со бременоста и раѓањето, грижата околу бебето или доењето, запишете се на курс. Фактот дека знаете што да очекувате може да ве опушти. Исто така, ќе ви годи друштвото на други бремени жени.rnrnКако до добар сон за време на бременоста?rn

    Практикувајте „педантен“ сон

    rnДржете се до распоредот за спиењеОбидете се да го регулирате вашиот распоред на спиење и будење така што ќе си легнувате и станувате во истото време секој ден.rnrnВоспоставете редовна рутина за релаксација пред легнувањеНаправете ритуал за опуштање пред да си легнете како читање, капење, пиење топол напиток (без кофеин) како млеко со мед или чај, 20 до 30 минути пред да одите в кревет.rnrnНаправете си ја спалната прибежиште за сонВо текот на бременоста, може да ви биде потопло од обично, затоа одржувајте ја вашата соба нешто поладна. Исто така, изолирајте ја светлината и вревата, тие можат да ве рзбудат од лесниот сон.rnrnКористете го креветот само за спиење и сексАко сте навикнале да ги плаќате сметките или да гледате телевизија во кревет, престанете. Резервирајте го креветот за активности во кои уживате, како спиење, секс и лесно читање.rnrnСпијте на вашата лева странаИстренирајте се да спиете на вашата лева страна. Оваа позиција им помага на крвта и хранливите состојки да стигнат до вашето бебе и матката и му помага на телото да ги елиминира непотребните материи и течности. Привикнувањето на оваа позиција во раната бременост ќе ви помогне да спиете подобро кога стомачето ќе ви биде поголемо.rnrnОбидете се да експериментирате со перници за да откриете удобна позиција за спиење. На некои жени им помага да стават перница под стомакот или помеѓу нозете. Исто така, користењето свиткано ќебе под грбот може да помогне да го олесни притисокот (сепак, консултирајте се и со вашиот гинеколог за ова).rnrnКако до добар сон за време на бременоста?rn

    Ако едноставно не можете да заспиете

    rnСтанете од креветАко сте сè уште будни по 20 или 30 минути, станете и отидете во друга соба. Слушајте релаксирачка музика, читајте списание или напијте се малку чај од камилица. Кога ќе се почувствувате поспани, вратете се во кревет. Не заборавајте дека седењето пред компјутер нема да ви помогне. Светлината која ја емитира мониторот има ефект на расонување.rnrnНе грижете сеАко се разбудите сред ноќ, не вознемирувајте се! Прекинатиот сон за време на бременоста, сепак е сосем нормален.rnrnКако до добар сон за време на бременоста?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 трикови за чистење со памук

    3 трикови за чистење со памук

    Убавината е во тоа кога на обичното ќе му најдеме необична примена, нели? Еве како да ги примените топчињата од памук за одржување на свежината и чистотата во вашиот дом:rnrn3 трикови за чистење со памукrn

    Освежувач на воздухот

    rnЗемете едно топче памук и натопете го во омилениот парфем, ваш или на партнерот. Памукчето ставете го во ќесата од правосмукалката. Така, како што ќе чистите ќе се испушта пријатен мирис од парфемот и ќе се распространува низ просторот.rn

    Освежувач во фрижидерот

    rnФрижидерот честопати мириса на некои силни ароми од јадења. Натопете едно топче памук во екстракт од ванила и ставете го на вратата од фрижидерот. Така, тој ќе врши улога на дезодоранс и ќе шири пријатна миризба во фрижидерот.rn

    Со памук против мувлата

    rnВо бањата секогаш има тешко достапни ќошиња кои не се чистат така лесно. Натопете неколку топчиња памук во избелувач и поставете ги на тешко достапните места за чистење. Оставете го белилото да делува неколку часа и потоа поминете со топла вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи што не помислувате да ги исчистите

    Работи што не помислувате да ги исчистите

    Честопати ги занемаруваме, а на нив треба редовно да им се обрнува внимание. Бацилите се појавуваат на места кои често забораваме да ги исчистиме. Но, хигиената треба да се запази во секое делче од домот.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Телефони

    rnСтатични или мобилни, овие апарати се често на нашето уво или во раце, па затоа се и број еден пренесувачи на бактерии и вируси. Исчистете ги со меко крпче и алкохол, внимателно на сите ќошиња и дупчиња.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Завеси во када

    rnСекој ден стануваат влажни, што ги прави одлична подлога за создавање мувла. Кога ќе ги видиме нечисти, ги заменуваме со нови, наместо да ги сочуваме и да ги чистиме редовно.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Канти за ѓубре

    rn

    …особено оние кои се во бањата и кујната. Испразнувањето на ќесите со ѓубре не е и чистење на кантата. Откако ќе ги отстраните ќесите, измијте ги кантите со средство за чистење.

    rn

    Работи што не помислувате да ги исчистите

    rnrn

    Машина за миење садови

    rnАко одблизу погледнете во вашата машина за миење садови, ќе видите црни дамки, а во некои случаи и мувла. Истото важи и за гумените делови од вратата на фрижидерот.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

    rnЗемете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

    rnОдберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

    rnЕлектрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

    rnЗемете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

    rnИсчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrnrnОва не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 домаќински трикови за блескав дом

    15 домаќински трикови за блескав дом

    Навистина е тешко да се одржува еден дом беспрекорно чист и уреден. Уште потешко е ако не сте домаќин/ка и не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не. Следуваат 15 совети кои ќе ви го олеснат домаќинскиот живот.rn
    rn

    Како да ги исчистите жолтите дирки на вашето пијано?

    rnМожеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како едноставно да го кренете јајцето кое ви паднало на подот?

    rnАко не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

    rnНа секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги дезинфицирате детските играчки?

    rnДецата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го спречите капењето восок од свеќите?

    rnСите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода  неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што да го чистите вашиот мебел за да блеска?

    rnПромешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да отстраните лепенки и етикети со цена?

    rnПотопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на вашите бакарни садови?

    rnБакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.15 домаќински трикови за блескав домЗа да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.rn
    rn

    Како да ја отстраните рѓата од славината на чешмата?

    rnПотопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го отстраните бигорот кој се насобрал на вашиот туш?

    rnВодата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што најубаво ќе ги исчистите вашите прозорци?

    rnИзмешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на алуминиумските садови?

    rnЗапочнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него. 🙂15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните масните дамки?

    rnИмате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го неутрализирате чудниот мирис во машината за миење садови?

    rnНајпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?

    rnАко столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични.rn15 домаќински трикови за блескав дом
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn