КАФЕ ПАУЗА

Category: Дом и семејство

  • Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrnКуќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабетеrn

    Чистење на купатилото

    rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn

    Чистење на подовите

    rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn

    Готвење

    rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn

    Местење кревет

    rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn

    Бришење прозори и огледала

    rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn

    Собирање и фрлање ѓубре

    rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn

    Миење садови

    rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Внесете го новогодишниот дух и во вашиот дом

    Внесете го новогодишниот дух и во вашиот дом

    Новогодишните декорации би требало да бидат магични. И дали воопшто има подобар начин да го пречекате новогодишниот дух од заборавање на сите проблеми и фокусирајќи се на тоа да го претворите вашиот дом во минијатурен фестивал од радост и среќа? Поради тоа ние решивме да ви составиме колекција од прекрасно декорирани соби со кои се надеваме дека ќе ви го приближиме новогодишното распололожение. Претворете го вашиот дом во удобно и разнобојно место и дозволете ѝ на новогодишната магија да навлезе и во вашиот живот.Внесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот домВнесете го новогодишниот дух и во вашиот дом
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 клучни особини на добрите родители

    10 клучни особини на добрите родители

    Многу од проблемите со кои се соочуваме денес, се резултат на одредени пропусти во нашето воспитување, а тие пак настанале од проблемите во воспитувањето на нашите родители. Психологот Лион Селцер го воочил ова во неговата долгогодишна практика и издвоил 10 клучни особини кои треба да ги поседува секој родител, за да успее да го изведе детето на прав пат.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnВреме и внимание – Родителите се должни да го стават детето на прво место во животот. Со тоа што редовно ќе му го укажуваат потребното внимание, ќе му покажат дека тоа им е важно и дека е сакано.rnrnЕмпатија и разбирање – За да имаат среќно детство, а подоцна и среќни зрели години од животот, децата треба да се почувствуваат разбрани. Родителот треба постојано да се обидува да го разбере детето што тоа сака да му каже, дури и кога тоа има тешкотии со изразувањето на мислите и чувствата.rnrnПрифаќање – Добриот родител секогаш го прифаќа тоа што детето му го кажува, без разлика дали се сложува со тоа. Личноста на детето мора да биде почитувана. Родителот мора да прифати дека неговото дете има свои мисли, кои во неговиот детски свет имаат своја логика, иако од аспект на возрасен човек тоа може да изгледа поинаку.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnДоверба – На детето му е потребно да му биде укажана доверба да ги изврши задачите кои одговараат на неговата возраст. Кога родителот прекумерно се обидува да му угоди, така што тој за него ќе врши одредени задачи, детето ќе се почувствува неспособно и ќе има проблем со исполнување на задачите во зрелите години.rn

    Охрабрување – Кога детето ќе покаже знаци на страв од неуспех во одреденa задача која реално му е достижна, добриот родител ќе го охрабри детето да стигне до успехот.

    rn

    Признание и пофалба – Добриот родител секогаш ќе го пофали детето кога ќе успее во нешто и ќе му оддаде признание за искрените напори тогаш кога нема да успее.

    rnДопири и прегратки – Еден од најбинтите фактори за постигнување на топла емоционална клима во која детето ќе ја развива својата личност, е во квалитетниот физички контакт. Редовните прегратки му ја покажуваат љубовта и поддршката која му се нуди.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnПочит – Детето ќе се однесува и ќе размислува детски, затоа што тоа е соодветно на неговата зрелост и познавање на светот. Родителот не смее неговите чувства и мисли да не ги сфаќа сериозно, да ги исмејува или омаловажува. Тоа ќе нанесе тешки ненадоместливи последици.rnrnНасочување – Има многу родители кои грешат кога се обидуваат целосно да ги контролираат децата, со цел да им овозможат добра иднина. Така нанесуваат само штета. Тие треба да го насочуваат детето и да му го пренесат своето искуство во врска со она што тоа самото сака да го постигне.rnrnСлобода – Добриот родител овозможува физичка, ментална и емоционална слобода за своето дете. Мајката и таткото му овозможуваат да има сопствен простор и приватност и му дозволуваат слободно да си ги искаже мислите и чувствата. Детето не смее да се плаши од скратување на овие слободи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што откриваат детските цртежи?

    Што откриваат детските цртежи?

    Дел од психолозите и педагозите советуваат, родителите да обрнат поголемо внимание на цртежите на нивните деца. Иако не треба да се генерализира, бидејќи секое дете е посебно, сепак, следните укажувања можеби ќе ви помогнат да откриете што се случува во моментот со вашето дете…rnrnrn

      rn011

    • Жолтата, портокаловата, зелената и сината боја, децата ја користат за да прикажат среќни моменти, а кафеавата, црвената и црната за тажни.
    • rn011

    • Децата кои користат топли бои се најчесто импулсивни, енергични и пријателски настроени кон другите. Ладните бои пак, се карактеристични за мирните и нежни деца, кои се емотивно воздржани и многу често играат сами.
    • rn011

    • Доколку цртежот е на левата страна од листот, тоа значи дека детето е повеќе приврзано за мајката, а ако е на десната тоа е понаклонето кон таткото. Среќно и задоволно дете е она кое црта на средина на листот.
    • rn011

    • Недостатокот на боја во цртежите може да значи проблем во социјализацијата на детето, а претераната употреба на одредени бои, може да биде индикатор за пречки и нарушувања во неговиот развој.
    • rn011

    • Премногу црвена боја во цртежите води кон заклучок дека детето е раздразливо. Доколку пак, одбива да ја користи, тоа може да биде аларм дека детето е под стрес.  Треба да се открие причината за стресот и да се создаде мирна атмосфера за одмор за детето.
    • rn011

    • Зелената боја покажува емоционална стабилност, но ако е пренагласена може да значи несигурност. Таквите деца треба да се охрабруваат и да им се овозможи поголема слобода.
    • rn

    rnrn

      rn011

    • Премногу кафена боја користат децата во чии семејства се бара висока хигиена.
    • rn011

    • Доминантната црна боја пак, е знак за депресија, страв и несигурност, кои детето не може само да ги надмине, па затоа му е потребна голема поддршка и помош од родителите.
    • rn011

    • Тенки и испрекинати линии цртаат срамежливите и несигурни деца. Тие ги кријат своите цртежи и обично цртаат премногу мали фигури во аглите на хартијата. На овие деца им е потребно големо внимание, љубов и пофалби.
    • rn011

    • Долгите, прави и темни линии се карактеристични за агресивните, каприциозни и самоуверени деца.
    • rn011

    • Емоционално стабилните деца никогаш не повторуваат фигури во своите цртежи, додека пак, децата кои не можат да се прилагодат на новонастанати ситуации, ги копираат своите цртежи. Со тоа сакаат да избегнат соочување со проблеми, кои ги носи новата ситуација. Повторувањето детали и ликови може да значи и недоволна ментална зрелост на детето.
    • rn011

    • Детето кое е емотивно приврзано за своите родители и тие му се премногу важни, нивните фигури ги црта големи и блиску до себе. Во неговите цртежи членовите на семејството се држат за раце. Посебно внимание во цртежите треба да се обрне на нозете од родителите. Доколку ги црта боси, без стапала или без нозе, тоа може да значи дека нема доверба во нив.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Практични начини да го организирате домот

    Практични начини да го организирате домот

    Ви нудиме интересни идеи кои ќе ви помогнат хаосот во вашиот дом да го претворите во беспрекорен ред.rnrnВашите ножеви ќе бидат подобро организирани и видливи доколку ги наредите на магнетна плоча. На ваков начин, ќе ослободите простор за безброј други кујнски работи.rnrnrnrnНесесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да заалепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.rnrnrnrnСите дома имаме многу кабли кои се потребни за уредите што секојдневно ги користиме. Во случај да се само приклучени и оставени, оддаваат слика на неуреден дом. Мора да се согласите дека оваа кутија е уникатна во тоа на каков начин ги собира и ги прави невидливи сите кабли.rnrnrnrnТолку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња. Иако првично е наменета за чевли, во ваквиот случај би била одлично решение.rnrnrnrnСкала закачена на ѕид наменета за сушење алишта. Одлично решение за сите домови со мал простор.rnrnrnrnДоколку сте љубители на чизми, веројатно имате многу во вашиот плакар за чевли. За да не барате која со која си одговара пред секое излегување, организирајте ги закачувајќи ги на закачалки за пантолони.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnПочнете да ги вртите обратно закачалките кога ќе ја враќате назад носената облека. За неколку месеци оние закачалки што останале непревртени се сигурен знак дека имате вишок облека која не ви е потребна.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnКога станува збор за постелата, најдобар начин да ја организирате е доколку ги чувате сите чаршафи во една навлака од истиот комплет.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnОбичните тегли се идеални за складирање на сите ситници кои се присутни во секој дом. Во нив можете да сместите железни пари, копчиња и разни ситни дреболии.rnrnrnrnДоколку сте љубители на зачинета храна и поседувате многу зачини дома, ви нудиме уникатно решение за нивно складирање. Купете мали магнетни стаклени садови, ставете ги зачините во нив и залепете ги на фрижидерот.rnrnrnrnКупете метален држач на кој ќе ги закачете сите ремени. Така ќе бидат прегледни и убаво организирани.rnrnrnrnИ за многуте пара очила имаме решение. Потребно е само да земете голема закачалка и да ги наредите сите пара.rnrnrnrnСите ситни работи од бањата можете да ги организирате во засебни стаклени тегли. Тие ќе бидат подобро организирани, а и вашата бања ќе изгледа чисто и уредно.rnrnrnrnРазните декоративни алки можете да ги наредите на стаклени шишиња. Освен подобра прегледност на вашиот накит, ќе добиете плус креативен украс.rnrnrnrnКога сме веќе кај накитот, добра идеја е долгите ланчиња и ѓердани да ги чувате закачени на метални боцки на дрвена подлога која можете да ја обложите со интересна ткаенина која дополнително и ќе го декорира просторот.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnВаква табуретка е одлична идеја набрзина да го сокриете сé она што ве нервира, а не сакате да се гледа. Најдобар начин да се искористи е на брз начин да се сокријат детските играчки.rnrnrnrnОсвен добро складирање на разните состојки во тегли со капаци што вакумираат, важно е да ги обележите. Направете налепница за секоја тегла и залепете ги. Така никогаш нема да погрешите во врска со состојката што ви е потребна.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

    Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

    Во летните горештини, ги затвораме ролетните, пуштаме клима, се разладуваме со освежителни пијалаци, но забораваме дека можеби и на милениците им е топло. За да ги заштитиме милениците од големите горештини, важно е најпрво да ги препознаваме симптомите за непријатност кои тие ги покажуваат, па потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.rnrnКако да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?rnrnВо својата книга „Extreme Weather“ (Екстремно време), Бони Шнајдер пренесува совети кои ѝ ги дале ветеринарите Шарлот Круглер и Адам Еичелбергер од Јужна Каролина. Кај кучињата и мачките, најчест симптом е гласното дишење со отворена уста и исплазен јазик, дури и кога лежат. Уште еден знак дека им е топло е потењето на перничињата на шепите. Додатни знаци можат да бидат недостаток на апетит и збунетост.rnrnЗа време на горештините, тие не смеат да бидат изложени на напорни физички активности, бидејќи тоа може да допринесе до прегревање на нивниот организам. Во случај да ги приметите овие симптоми, најубаво ќе биде да го однесете вашиот миленик на ветеринар, каде што ќе му пружат соодветна нега.rnrnДоколку ги чувате вашите миленици надвор, треба да внимавате во текот на денот да имаат сенка, како и секогаш да им менувате свежа вода и да имаат проток на свеж воздух. На овој начин ќе го заштитите вашето милениче од топлотен удар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Богато детство за малку пари

    Богато детство за малку пари

    Ние што сме родени во осумдесеттите и деведесеттите години, сме израснале во период на мачна економска ситуација. Без разлика колку напорно и да работеле нашите родители, никако не можеле да стигнат до приход со кој било возможно да се задоволи и по некоја луксузна потреба.rnrnМногумина не одеа на море секое лето, малкумина знаат како изгледа зимување, автомобил или мотор како подарок за матура беше незамисливо, а немавме ниту скапи играчки на кои го симулиравме реалниот живот. Па сепак, постојат еден куп работи од нашето детство кои со задоволство ќе ги паметиме додека сме живи.rnrnБогато детство за малку париrnrnПовеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.rnrnНајубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.rnrnБогато детство за малку париrnrnСекако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.rnrnОвозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.rnrnЗапознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.rnrnЧитајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.rnrnБогато детство за малку париrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кратки лекции за подобри родители

    Кратки лекции за подобри родители

    Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца. Сепак, во трката наречена „живот“, забораваме да им се посветиме доволно и да им го понудиме потребното внимание. А верувајте, тие мали ангелчиња повеќе од кој било го заслужуваат тоа! Ние сме тука да ве потсетиме на неколку едноставни лекции кои сите идни и сегашни родители треба секогаш да ги имаат предвид.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Прегрнувајте

    rnПрегратката е најдобриот лек да го утешите вашето дете кога плаче, кога е исплашено или едноставно да му кажете дека секогаш ќе бидете тука за него.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Научете да слушате

    rnКога зборуваат и раскажуваат нешто, внимателно слушајте. Детето ќе почувствува дека има свој соговорник, а со тоа ќе ја поттикнете неговата фантазија да раскажува за уште пошарени и волшебни светови.rn

    Одговорете на секое прашање

    rnДецата знаат да бидат „досадни“ и да поставуваат прашања за кои и ние возрасните немаме одговори: зошто паѓа дождот, зошто е небото плаво, колку е тешка земјата… Сепак, бидете креативни и смислете одговор за секое прашање. „Не знам“, никако не се прифаќа за одговор.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Дозволете им да истражуваат

    rnДецата сакаат да го истражуваат светот, а со тоа осознаваат за работите коишто ги опкружуваат. Дозволете им да шлапнат во кал, да се извалкаат со песок, да се намократ. Облеката секогаш може да се испере, но изгубената детска радост не можете да ја надоместите.rn

    Научете ги да бидат културни

    rnДецата учат од своите родители и затоа бидете добар пример. Ако вие им се обраќате со зборовите „те молам“, и „благодарам“, тогаш и тие ќе ги користат во својот речник.rn

    Забавувајте се заедно

    rnНема ништо поубаво од тоа кога сите дома сте заедно. Друштвените игри се одлична идеја  за забава и докажување кој е подобар во играта. Доколку пак имате вишок енергија, одлична би била борбата со перници. :)rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Смејте се

    rnСмислата за хумор се развива уште од мали нозе, а смеењето има позитивни ефекти како на децата, така и на родителите. Затоа, не морате да имате посебна причина за смеа. Ставете стар шешир на главата, обојте го лицето и насмејте го своето дете.rn

    Несебично бакнувајте

    rnДецата се многу посигурни кога се сакани. Имаат поголема самодоверба, среќни се и ја чувствуваат покажаната љубов. Оние деца што се сакани, понатаму како возрасни личности можат многу полесно да ги искажат и контролираат своите чувства и емоции.rnrnКратки лекции за подобри родителиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Во обидот да го изведат своето дете на прав пат, родителите речиси секогаш наидуваат на ѕид поставен од адолесцентот кој е резултат на одредени разидувања во нивните ставови. Кои се оние работи кои родителите треба да ги имаат предвид кога го градат односот со детето-адолесцент?rnrnShto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Адолесцентите си ги сакаат родителите

    rnВо периодот на адолесценција детето има потреба да се дистанцира од родителите со цел да изгради свој сопствен идентитет. Тоа родителите го сфаќаат премногу лично и се обидуваат да го решат со рестриктивност. Сепак, дури и кога се чини дека тие не слушаат и само ги превртуваат очите, родителите мораат да продолжат со внимание да ги воспитуваат децата затоа што тоа е единствениот начин да израснат во здрави личности.rn

    Времињата се променети

    rnРодителите често напаѓаат со аргументот дека и тие некогаш биле млади, знаат како е, па денес не можат да се изначудат на однесувањето на младите. Сепак, треба да бидат свесни дека времињата се променети и дека да се биде млад во осумдесеттите години и денес не е исто. Моралот и целокупниот систем на правила за однесување драстично е променет, а адолесцентите не сакаат ниту да помислат да бидат неприфатени од средината.rnrn2-Shto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Неопходна им е поддршка да се справат со стресот

    rnНа децата им е потребен таков однос од страна на родителите којшто ќе им овозможи да си ги задоволат сите емоционални потреби, а притоа да научат каде се поставени границите за нивното однесување. Особено на тинејџерите им е неопходна помош да се справат со стресот кој го носат настаните на нивна возраст. Можеби ќе се изненадите, но тие сакаат понекогаш да им се каже „не“. Кога родителите им дозволуваат сешто, децата тоа го сфаќаат како негрижа и ќе се обидат преку лошо однесување да проверат дали родителите сè уште се грижат за нив.rn

    Сакаат повеќе одговорност

    rnВо брзањето да пораснат, адолесцентите се обидуваат да преземат одредени одговорности. Нивното исполнување и задоволството кое доаѓа од тоа се клучни за правилниот развој на личноста на адолесцентот. Затоа, родителите би требало да им даваат достижни задачи на нивните деца и да имаат целосна доверба во нивното исполнување. Сомнежот во нивните способности ќе ја разјаде нивната самодоверба.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    Дури и „добрите“ деца грешат

    rnАдолесцентите сакаат да ги проверуваат границите до каде може да се толерира нивното однесување. Тоа е еден од начините на којшто учат. Во ваква ситуација, родителите не треба веднаш на детето да му залепат „лоша“ етикета, со што и неговото поранешно добро однесување би го оцениле како лошо, туку со мирен разговор да откријат зошто тоа постапило токму така.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    На децата, мислењето на родителите им е најважно на светот

    rnАдолесцентите сакаат родителите да бидат горди на нив и да ги прифатат онакви какви што се. Иако родителите често ги споредуваат нив со другите деца, тоа не дава ефект затоа што тие го мразат тоа. Тие и онака по цел ден се споредуваат со другите и најчесто се чувствуваат несигурни поради тоа. Затоа родителот треба да го прифати своето дете и да му биде најголем поддржувач. Тоа ќе води до многу намален ризик да покаже негативно однесување.rn

    Тинејџерите не сакаат да гледаат како родителите се караат

    rnВо годините кога осознаваат како изгледа една љубовна врска, родителите им го даваат најсилниот пример на своите деца. Не е пожелно тие да гледаат како родителите се во конфликт, затоа што тоа може подоцна да го пресликаат и во своите врски.

  • Подгответе го дворот за ова лето

    Подгответе го дворот за ова лето

    Убаво уредениот двор го привлекува вниманието и создава чувство на удобност и просторност, правејќи ја сè помалку јасна границата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.rn

    Мини-бар во дворот

    rnКако што на готвачите им е потребно место за нивниот прибор, така и на бармените им е потребно место каде што ќе ги сместат своите алатки. Но кога се работи за големо и отворено место како што е дворот, најсоодветна е мала и функционална бифе-маса, доволно голема да го собере целиот прибор, а сепак лесна за преместување.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Дворот како спа-центар

    rnИако звучи необично, дворот може да го претворите во вистински спа-центар кој ќе ве доближи поблиску до природата. За оваа интересна идеја не ви е потребен целиот двор. Најдобро е својот мини-спа центар да го сместите во некој агол од дворот или во некое поинтимно место опкружено со повеќе зеленило.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Поблиску до природата

    rnДоколку во дворот имате дрвена платформа, тоа е одлична шанса да ја почувствувате природата со сите сетила. Заборавете на мебелот, земете само неколку перници и опуштете се на платформата. Дополнително, опкружите ја платформата со цвеќиња, а во вечерните часови загрејте ја атмосферата со свеќи во различни бои.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Изнесете го домот надвор

    rnЗа оваа идеја не е потребно да имате двор голем исто колку и вашата куќа. Својот дом можете буквално да го изнесете надвор, така што ќе пренесете еден дел од мебелот во дворот. Тоа може да го направите со одреден мебел (на пример, само мебелот од дневната или од спалната соба), но може да направите и комбинација од повеќе соби со што ќе добиете дом под отворено небо и шанса да ги гледате ѕвездите додека да заспиете.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Вечера во дворот

    rnДоколку сакате да организирате вечера во дворот, внимавајте на неговата големина. Без разлика дали планирате поголема прослава или интимна вечера, просторот треба да е доволно голем за да собере десетина луѓе. Дури и да се работи за вечера за двајца, целиот двор може да биде декориран со интересни украси, светлото да биде интимно, а мебелот да биде изработен од дрво.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Во задниот дел од куќата

    rnОва е идеално решение за помалите домови. Уредете го предниот дел од дворот, но не заборавајте го и задниот. Дворното место зад куќата треба да е поинтимно и со помалку елементи, отколку делот пред куќата. Доколку малата спална соба се наоѓа во задниот дел од куќата, со минимално уредување на задниот дел од дворот визуелно ќе се зголеми собата и ќе изгледа како таа да продолжува и надвор од домот.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Внимавајте на влезот

    rnОсвен дворот, подеднакво е важно како ќе биде уреден и самиот влез на куќата. Скалите се најчест избор, но доколку дозволува големината на дворното место, наместо скали, пред влезот поставете платформа на три нивоа. Во овој случај, скалите нема да се забележуваат многу и ќе служат само за да ги поврзат платформите.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Опкружување со вода

    rnПрисуството на вода во дворот, без разлика дали се работи за фонтана или мало езерце, го зголемува чувството на смиреност. Езерцата се погодни за одгледување риби и желки, што може да го направи дворот уште поинтересно место, посебно ако сред езерцето се наоѓа мал остров каде што може да се релаксирате во секое време.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Неколку нивоа на дворот

    rnОдлично решение за куќа која се наоѓа на повисоко и пострмно место е дворот на неколку нивоа. Бидејќи просторот околу куќата не дозволува хоризонатална поставеност на дворот, тој ќе мора да биде вертикално поставен на неколку нивоа. За да се долови вистинскиот изглед и удобноста на дворот, нивоата треба да бидат широки, уредени со удобен мебел, а меѓусебно да бидат поврзани со скали.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Поиграјте си со боите

    rnУредувањето на дворот не значи дека треба да доминира само една боја. Напротив, ако е застапена само една боја, тоа може да го направи дворот здодевно место. Бидете храбри и поиграјте си со боите. Ако сакате инстант промена, направете го тоа преку мебел и декорации за дворот во различни бои. Но, доколку сакате промена на боите на подолг рок, засадете растенија во различни бои, на пример сончоглед за да добиете жолта боја, или лаванда за виолетова.rnrnПодгответе го дворот за ова лето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.