КАФЕ ПАУЗА

Category: Забава и хумор

  • Љубовна приказна… со шишиња од млеко

    Љубовна приказна… со шишиња од млеко

    На прв поглед, сигурно ќе си помислите дека ова е чиста глупост. Но, погледнете го ова кратко видео и ќе се уверите во спротивното. Целото видео е своевидна рекламна кампања за да се поттикне свеста за рециклирање кај луѓето. Не двоумете се, погледнете го:rnrnЉубовна приказна ... со шишиња од млекоrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто пандата е црно-бела?

    Зошто пандата е црно-бела?

    Прекрасна колоритна анимација со оригинална приказна, која зборува за еден црно-бел свет, кој сосема се менува откако ќе се појави невидливата рака и почнува да го бои.rnrnЗошто пандата е црно-бела?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пингвин кој има скокот?

    Пингвин кој има скокот?

    Насловот кажува сè, нели? Ова видео е неверојатно интересно и истовремено и едукативно. Неверојатно, бидејќи и пингвините имале скокот, а едукативно бидејќи светот конечно има можност да чуе како пингвините се смеат. Малото животинче изгледа како да ќе експлодира од смеење во секој момент!rnrnПингвин кој има скокот?rnrnОние од вас кои се скокотливи по природа, сигурно ќе се поистоветат со малото слатко пингвинче Куки, кое панично пафта со крилцата од што не може да го издржи скокоткањето.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луди факти и занимливости

    Луди факти и занимливости

    1. Најмладите родители во светот имале 8 и 9 години и живееле во Кина.rnrn2. Најмладиот свештеник имал 11 години.rnrn3. Антарктикот е единствениот континент на кој нема рептили и змии.rnrn4. Орелот може да убие млад елен и да одлета заедно со него.rnrn5. Пропорционално, во однос на тежината, мажите се појаки од коњите.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn6. Во Исланд се пие најмногу Кока-кола во светот.rnrn7. Првите автомобили „Ford“ имале мотори изработени од „Dodge“rnrn8. Крт може да ископа тунел долг 90 метри во само една ноќ.rnrn9. Кикириките се една од состојките кои ги има во динамитот.rnrn10. Колибрите тежат колку едно пени.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn11. Со секое лижнување маркица за писмо, внесувате 1/10 калорија.rnrn12. Во просек, секој човек има околу 1.460 соништа годишно.rnrn13. Повеќе од 1.000 птици годишно умираат поради судир во прозорец.rnrn14. Во Исланд е противзаконски да имате куче како миленик.rnrn15. Томас Едисон, пронаоѓачот на сијалицата, се плашел од темнина.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn16. Делфините спијат со отворени очи.rnrn17. Најстарата гума за џвакање е стара 9.000 години.rnrn18. Ребрата на човекот се движат околу 5 милиони пати годишно, како резултат на дишењето.rnrn19. Во Белата куќа има точно 13.092 ножеви, виљушки и лажици.rnrn20. На Земјата паѓаат вкупно 6.000 громови во една минута.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn21. Бувовите се единствените птици кои можат да ја препознаат сината боја.rnrn22. Во Бангладеж, децата кои наполниле 15 години можат да завршат во затвор поради препишување на тест.rnrn23. Пингвините се единствените птици кои можат да пливаат, а не можат да летаат.rnrn24. Лилјаците секогаш вртат лево, кога излегуваат од пештера.rnrn25. Во САД има повеќе од 52,6 милиони кучиња.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Татко употребува обратна психологија врз синчето

    Татко употребува обратна психологија врз синчето

    Вербалната интеракција помеѓу родителите и малите деца секогаш е многу интересна. Ова смешно видео дефинитивно го прикажува тоа на дело. Видеото е на шпански со превод на англиски, а во него таткото употребува обратна психологија за да го разубеди своето дете. На крајот таткото си го постигнува своето, а кутрото ќе заборави што сакало…rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оптички илузии кои си поигруваат со мозокот

    Оптички илузии кои си поигруваат со мозокот

    Оптичките илузии се навистина интересна работа. Тие си поигруваат со нашиот мозок, на начин што мислиме дека гледаме нешто кое всушност реално не постои. Одвојте 5 минути од вашето време, внимателно проследете ги упатствата на овие 3 интересни илузии и забавата може да започне.rnrnОптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозокrn

    1. Искривена точкеста реалност

    rnУпатство: Ако вашите очи го следат движењето на ротирачката розова точка, на кругот ќе гледате само розова боја. Ако погледнете во црниот знак плус на средината, розовата ротирачка точка станува зелена. Вкочанете го погледот во црниот знак плус на средината и концентрирано гледајте во него 10-20 секунди и на сликата ќе гледате само зелена ротирачка точка, а сите розови точки ќе исчезнат.rnrnОптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозокrnrnОбразложение: На сликата всушност воопшто не постои зелена точка, а розовите точки не исчезнуваат. Навистина е неверојатно како нашиот мозок работи нели? Оваа илузија треба да биде доволен доказ, дека не секогаш го гледаме она што мислиме дека го гледаме.rnrn

    2. Духот на виножитото

    rnУпатство: почекајте на сликата да се појави виножито во боја (а не црно-белото), за да можете ја видите оптичката илузија со полн капацитет. Потоа зјапајте во црната точка на средината некое време и во еден момент анимацијата ќе се промени во црно-бела варијанта, но вие и понатаму не го тргајте погледот од црната точка. Го видовте ли третото виножито?rnrnОптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозокrnrnОбразложение: Ако правилно го следевте упатството, порано или подоцна ќе сфатите дека анимацијата се состои само од две слики на кои има слични виножита, а единствената разлика меѓу нив е дека едното е во боја, а другото црно-бело. После фиксираното гледање во црната точка на средината, негативните бои исчезнуваат во вашата очна мрежница, па затоа можевте да видите како црно-белото виножито станува виножито во боја.rnrn

    3. Ѕвезди кои исчезнуваат од небото

    rnУпатство: На сликата гледате една месечина, околу неа има 6 ѕвезди, а во позадината има точкеста површина, која се движи. Доколку успеете да го фиксирате вашиот поглед гледјаќи само во месечината (без да ја мрдате главата), ќе забележите дека ѕвездите ќе почнат да исчезнуваат. Зависно од концентрацијата може да исчезнат неколку или сите ѕвездички.rnrnОптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозокrnrnОбразложение: Мозокот и очите имаат специјална взаемна поврзаност, која е многу подлабока одошто мислиме и вообичаено го земаме предвид. Повеќето луѓе мислат дека она што го гледаме пред нас, е всушност она што очите го гледаат и тие испраќаат сигнал до мозокот, кој ни помага да го сфатиме значењето на сликата. Вистината е дека некои работи кои ги гледаме, се во суштина информации кои нашиот мозок ги измислува, а не нешто што очите го виделе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Снимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnСмешни грешки при снимањето на ТВ сериитеrnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rnrn

    Пријатели

    rnrnrnrn

    Два и пол мажи

    rnrnrnrn

    Теоријата за Биг Бенг

    rnrnrnrn

    Како ја запознав мајка ви

    rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бебе се плаши од секнење нос

    Бебе се плаши од секнење нос

    Пети и пол месечното бебенце Емерсон не знае како треба да се чувствува додека неговата мајка го секне нејзиниот нос. На моменти е преплашено, а неколку секунди подоцна не може да престане слатко да се смее.rnrnБебињата се навистина неверојатни мали човечиња. 🙂

    rnrn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Пубертетот на машките во една минута

    Пубертетот на машките во една минута

    Оваа приказна напишана и анимирана од страна на Александар Гелнер, со музичка подлога од Никлас а Крогер, на динамичен начин го прикажува периодот на пубертет кој го поминуваат момчињата. rnrnПубертетот на машките во една минутаrnrnОд првото мозолче, до лудувањето, пијанчењето и заљубувањето. rnrnПубертетот на машките во една минутаrnrnrnrnЌе се сложите дека е вака?rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Слатки мачиња со очила

    Слатки мачиња со очила

    На многумина најмилото и најинтересно домашно животно, сега можете да го видите во едно поинакво светло. Без разлика дали со „шик“ или со бабински очила, во оваа колекција мачињата изгледаат извонредно и крајно интересно. Едни наместени на спиење, други родени глумци, сепак тие повторно докажуваат дека се прави шоумени и едни од најинтересните миленичиња. Уживајте во овие нивни смешни фотографии.rnСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очила
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn