Фантастична компилација од клипови во кои луѓе изведуваат неверојатни нешта… Најчесто видеата се од луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови. Ќе останете подзинати кога ќе видите што сè може да сторат луѓето. Песната во видеото е „Mecha Love“ во изведба на Хадоукен. На официјалниот профил на Хадоукен на Јутјуб, веднаш под видеото можете да ја најдете целосната листа од видеата кои се употребени за креирање на оваа компилација.rnrnrnrnУживајте! Луѓето се неверојатни…rnrnrnrn rnrn
Очите можеби се прозорци на душата, но ако навистина сакате да го запознаете карактерот на некоја личност, загледајте се во нејзините стапала. Читањето на стапала се практикува во Кина и Индија повеќе од 5.000 години. Според ова учење, стапалата откриваат многу карактерни особини кај луѓето, како и разни здравствени проблеми.rnrnСе прашувате дали има вистина во ова? „Секако дека да“ – вели Џејн Шијан, рефлексолог и автор на три книги од оваа област. Таа се занимава со читање на стапала цела декада и е убедена дека тие кажуваат сè за луѓето – од работата на дигестивниот систем, до состојбата во која се наоѓа нашата љубовна врска.rnrn
„Собујте ги вашите чорапи и јас ќе можам да ви кажам дали сте темпераментен авантурист, кој сака да презема ризици или пак сте во потрага по стабилност, ред и хармонија во вашиот живот. Исто така, можам да видам дали претерувате со пиење вино или јадење чоколатца.“
rnПогледнете го нејзиниот водич за гледање на стапала, со помош на кој ќе откриете многу работи за вас, а можеби и некои здравствени проблеми.rnrnЗа да ја определите должината на вашите прсти, замислете си линија која поминува од средината на палецот до врвот на најмалиот прст. Прстите кои ја надминуваат линијата се сметаат за долги, а тие под неа за кратки.rn
Палец
rnАко вашиот ножен палец е значително поголем од останатите прсти, вие сте паметна и креативна личност, која секогаш има наплив на идеи и генијални решенија на проблемите. Никогаш не се збунувате кога треба да дадете некаков одговор и можете да ги погледнете работите од различни агли. Од друга страна, може да имате проблеми со концентрацијата и понекогаш не умеете да ги завршите започнатите работи до крај.rnrnАко вашиот палец на ногата е помал, тоа значи дека вие можете ефикасно да работите на повеќе работи истовремено. Го употребувате вашиот шарм за да ги убедите луѓето да ги прифатат вашите идеи.rn
Втор прст
rnКолку ви е подолг прстот до палецот, толку поголеми лидерски способности поседувате. Вие сте динамични, вешти и снаодливи, но сакате работите да се завршуваат онака како што вие ќе наумите, па затоа луѓето честопати сметаат дека имате шефовски нарав.rnrnОд друга страна, ако имате помал втор прст, не значи дека луѓето лесно можат да ве поразат и искористат, туку дека вие едноставно сте доволно трпеливи да почекате подобар развој на настаните. Вие ја цените хармонијата во односите кои ги имате со луѓето и не сакате да го форсирате само вашиот став и размислување.rn
Среден прст
rnДоколку средниот прст од вашите стапала е компаративно поголем, тоа значи дека вие сте енергична и снаодлива личност, особено на вашето работно место. Колку подолг ви е овој прст, толку имате поголем нагон да успеете во вашата кариера. Вие сте перфекционист, кој може да постигне многу во животот, благодарение на вашата посветеност и елан. Негативната страна на оваа особина, е вашата тенденција да дозволите работата да ве обземе и да заборавите на љубов, забава и односите во семејството.rnrnАко вашето средно прсте е пократко, вие уживате во задоволствата кои ви ги нуди животот. Сакате да се релаксирате и не сакате да се вознемирувате за некои глупави ситници кои редовно се случуваат во животот. Другите можеби ќе ве обвинат дека сте мрзливи, но вие ќе се браните со реченицата: „Животот е краток. Уживајте во него.“rn
Домал прст
rnДолг, прав четврти прст на ногата говори за тоа дека семејството ви е исклучително важно во животот. Ако овој прст ви е подвиткан, тоа може да индицира несреќа во вашите љубовни врски. Вие сте нежна личност и извонреден слушател, но многу ќе ве погодуваат непријатните моменти во вашето семејство. Вам не ви е лесно да се изолирате од проблемите на другите луѓе. Кинезите би ви рекле дека сте нежна душа, на која лесно може некој да ù ги повреди чувствата. Дури и здравјето може да ви биде загрозено од немирот кој владее во вашето семејство. Ако врвот од прстот ви е свиткан како канџа, тоа значи дека морате да научите како да се релаксирате и престанете да чувствувате товар од проблемите на другите луѓе.rnrnАко домалото прсте ви е кратко, тоа значи дека семејството и љубовните врски не ви се толку важни. Вашиот фокус е насочен кон сè останато.rn
Мал прст
rnПалаво, детско однесување е типично за луѓето кои имаат мало последно прсте на стапалата. Вие бегате од одговорност, лесно ви досадува што и да правите и константно сте во потрага по добра забава. Луѓето обожаваат да бидат околу вас, бидејќи сте интересна, социјална и шеговита личност. Сите овие карактеристики звучат совршено, но не во секоја ситуација – сите мораме да пораснеме некогаш.rnrnАко можете да го одвоите малото прсте од четвртиот прст, вие сте импулсивна, авантуристички настроена личност, која поседува голем шарм и умее да флертува. Овие луѓе, можат да ви овозможат луда ноќ, забава и авантура.rnrnАко не можете да го одвоите малото од домалото прсте вие го цените рутинскиот, предвидлив начин на живот и лојалноста. Па доколку сте во потрага по сериозна врска, одберете некој што не може да го одвои малото прсте.rnrnrn
Скалести прсти
rnАко прстите ви се скалесто поставени, односно ако палецот ви е најголем и секој нареден прст е малку помал од претходниот, тоа значи дека вие сте промислена, прецизна и екстремно практична личност. Имате способност за забележување детали и секогаш го завршувате она што ќе го започнете. Вие сте работник каков што секој шеф би посакал да има и лојален и безрезервен пријател, кој сите го почитуваат. Но, немојте да станете премногу критични и да им фаќате кусури на луѓето – не се сите толку балансирани како вас.rn
Широки стапала
rnВие сте одличен работник, кој е секогаш спремен да го сработи она што треба да се сработи и не сте човек кој може да седи во едно место, подолго од една минута. Вие сте најсреќни кога сте зафатени со некоја работа, но обидете се да пронајдете малку време за себе, за да внесете мир и хармонија во вашиот живот. Дозволете си одвреме-навреме да го забавите темпото и полека да размислите. Тоа не е мечтаење, туку само спојување на сите делчиња од мозаикот, по пат на долго, аналитички размислување.rn
Долгнавести тесни стапала
rnВие обожавате да бидете галени и не ви претставува никаков проблем да ги пренесете вашите обврски на некој друг. Зошто да се заморувате работејќи тешка работа, кога лесно можете да убедите некој да ја заврши место вас?! Вие имате изострен вкус и чувство за естетика и сакате да бидете опкружени со убави работи. Вашиот дом ќе биде убаво уреден без разлика колкава плата земате. Вие сте родени за некој да ве служи, но имајте милост и за останатите обични смртници.rn
Длабочина на сводот на стапалата
rnОние кои имаат стапала со длабок лак се независни и самостојни. Вие сакате да поминувате многу време сами со себе, поради што другите може да ве обвинат дека сте антисоцијални. Имате нескротлив темперамент и енергија, но според кинеската филозофија, оние со длабок свод на стапалата, се во суштина емотивно кршливи и крути луѓе.rnrnАко лакот на стапалото ви е мал или просечен, ја цените дружбата со вашите пријатели, социјални сте и отворени за разговор. Сакате убаво да си поминувате каде и да одите и ви е драго да се потрудите и другите кои се со вас, исто така да си поминат убаво.rnrnrn
Стапалата можат да бидат индикатори и на здравствени проблеми
rnКожа која се лупи– Според кинеската медицина, кожата на вашите стапала, покажува колку внимавате на себе. Ако кожата се лупи, тоа значи дека вие не се грижите доволно за себе и премногу се напрегате работејќи. Исто така, ваквата кожа е индикатор дека ви е потребна повеќе љубов во животот.rnrnПотемнета кожа на мекиот заден дел под прстите – Ова може да е знак за депресија. Депресивните луѓе имаат тенденција да чекорат на предниот дел од нивните стапала, каде што ја концентрираат целата телесна тежина.rnrnФормата на ноктите – Ако вашите ножни нокти се заоблени, вие можеби имате некаков проблем со дигестивниот систем. Треба да почнете да јадете поздраво. Ако формата на ноктите ви е хоризонтална, тоа може да индицира дека сте под голем стрес.rnrnМеури – Оние кои имаат меури на стапалата се личности кои премногу трчаат наоколу за да им помогнат на другите. Џејн Шијан препорачува да престанете да трчкате наоколу и да почнете да мислите малку на себе за промена.rnrnЗадебелена кожа на стапалата веднаш под прстите – Овој дел од стапалата е поврзан со рамената. Ако имате задебелена кожа на овој дел од стапалата, тоа може да е индикатор дека имате лошо држење на телото, преморени сте од работа или „носите“ премногу обврски на вашите рамена.rnrnТемно црвени или виолетови дамки – Потемнети делови на кожата на стапалата се индикатор на длабока болка. Виолетови или црвенкасти дамки посочуваат некаква емоционална болка. Ако вашите стапала се побледи во однос на останатиот дел од телото, тоа значи дека имате лоша циркулација.rnrnОтоци на мекиот заден дел под прстите – Овој дел од стапалата е индикатор за проблеми со стомакот и црниот дроб. Ако ова место е отечено, треба да намалите со консумација на алкохол и мрсна храна.rnrnМека сунѓереста област околу тетивите– Доколку овој дел од стапалата ви е многу мек, тоа може да индицира проблеми со плодноста. Ваквиот проблем можете да го редуцирате доколку намалите со внес на кофеин и почнете да пиете повеќе вода на дневна база.rnrn
Времево залади, па не само ние туку и животните почнаа да го чувствуваат тоа. Во ова кратко видео ќе видите однесување на куче, како никогаш досега. Ќе ве насмее и изненади со неговата постапка и со сигурност ќе го раскажувате на вашите пријатели.Кое е најлудото нешто, што го сторило вашето милениче?rn
„Боб“ е 3Д анимиран филм кој раскажува приказна за еден хрчак кој неуморно, со огромна брзина, патува низ целиот свет со цел да стигне до својата вистинска љубов. Дали ќе успее во тоа? Одговорот е на крајот од филмот, по одјавната шпица.rnrnrnrnФилмот е изработен од страна на тим од 9 луѓе во 2009 година, кои тогаш биле на студии на филмската академија во Баден-Виртемберг, Германија. Целата работа траела 6 месеци, од првиот цртеж до финалната реализација, а оттогаш до денес, филмот бил прикажан на многу фестивали и се здобил со мноштво награди.rnrnrnrnУживајте во комичната, но и жалосна приказна за страсниот хрчак.rnrnrnrnОвој хрчак не е единствениот лудо заљубен, кој би направил сè за да дојде до својата сакана. Се сеќавате на заљубениот хрчак Вил?rnrn rnrn
Додека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rnrnrnrnПогледнете и уживајте во ова смешно видео.rnrnrn rnrn
Психологијата на човечкиот ум, секогаш нè тера да го одбираме продуктот кој има најинтересна и најкреативна амбалажа. Па така, попрво би одбрале некој полош продукт бидејќи има интересна амбалажа, отколку лошо спакуван, со многу подобар квалитет.rnrnОва се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.rn
1. Јапонско колаче
rnrn
2. Слушалки „Нота“
rnrnrnОдлично спакуван продукт, кој ја отсликува фирмата која ги произведува. Забавно прикажаниот продукт со сигурност ќе му падне во очи на секој заинтересиран купувач.rn
3. Шпагети „Њујорк“
rnrnrnОригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.rn
4. Природен кујнски прибор
rnrnrn„Scanwood“ е најголемиот дански производител на кујнски прибор од дрво. Тие своите производи ги пласираат на пазарите ширум Европа и на Блискиот Исток. Преку овој дизајн, на нивната амбалажа тие сакаат да прикажат дека нивните продукти се направени од природни материјали и се направени преку процес кој не ја загрозува природата.rn
5. Отмено месо
rnrnrnВратоврската-пеперутка на дизајнот на „Parkinson“ ја претставува отменоста и високата класа на Англичаните.rn
6. Мед на познатиот производител „Klein Constantia“
rnrnrnБелата кутија претставува сандак за чување пчели. Од напред го има златното лого на компанијата, а може да се забележат и „шајките“ и „штиците“ од кои е направен сандакот. Кога ќе ја отворите кутијата, однатре паѓаат мали пчели направени од хартија, кои ги има и на внатрешниот дизајн на кутијата.rn
rnrnrnДизајн кој претставува вистинска овошка пресечена на половина. Едноставниот дизајн е надополнет со интересно лого, за кое е искористена буквата „Q“.rn
9. Путер со ноже
rnrnrnФеноменална замисла која воедно е и многу корисна и практична, бидејќи во многу ситуации може да се случи да не ни се наоѓа прибор при рака, па ова малечко ноже кое е составен дел од амбалажата може да заврши голема работа.rn
10. Секси кибрит
rnrn
11. Чаша вино
rnrnrnДизајнерите смислиле нов начин на пакување на виното. Оваа чаша е наречена „лале“ е направена од пластика, а преку неа со едноставно отстранување на заштитната фолија, виното веднаш може да биде послужено. Амбалажата овозможува виното да остане со врвен квалитет една година.rn
12. Гуми за џвакање
rnrn
13. Оригинален албум
rnrnrnДизајнот на ова це-де е нарачан од литванскиот бенд „SHIDLAS“ за нивниот албум наречен „Saliami Postmodern“. Неговиот омот е вакумиран и изгледа како да треба да го купите од месарница.rn
14. Апчиња за варење тешка храна
rnrnrnЦелта на овие апчиња е на купувачите да им докаже дека помагаат при варењето на тешката храна.rn
15. Енергетски пијалак
rnrnrnШишето во форма на сијалица ја симболизира енергијата која таа ја пренесува, исто како што пијалакот ќе дејствува врз вас.rn
16. Овесен појадок
rnrnrnПакување кое овозможува брзо истурање на овесните снегулки во чинија. Во него има доволна количина на овесни снегулки, шеќер и малку сол. Идејата на слоганот „BREAK FAST“ е да има двојно значење и да ја претставува брзата подготовка на оброкот, а преку спојување на двата збора да се добие зборот „појадок“ на англиски.rn
17. Овошни шамичиња
rnrn
18. Чајче со бродче
rnrnrnОвој дизајн е создаден за да се избегне несаканото пропаѓање на целата кесичка со сè кончето на дното од шолјата. Вака бродчето ќе плови на површината, а вие во секој момент ќе можете да го извлечете неговото „сидро“.rn
19. Кеси за патики
rnrn
20. Инвентивни маички
rnrnrnПакувањето на овие маички ја симболизира вистинската амбалажа на продуктот претставен на нив.rn
Кога ќе се присетиме на детството, на ограничените ТВ програми и на почетоците на нашето образование, неизбежно е низ сеќавањата да наидеме на „Бушавата азбука“. Со неа ги научивме буквите од нашето писмо, но што е поважно, научивме како нив да ги асоцираме со некои зборови. А – Авијатичар! :)rnrnrnrn„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи оваа идеја, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори. Создадено од мултидисциплинарното дизајн студио во Италија „n9ve“, ова видео ù доделува збор и значење на секоја буква, визуелно презентирајќи го на креативен, и секогаш различен начин. Она што недостасува е изговорот на буквите и зборовите.rnrnКако што се напредни новиве генерации, не е лошо да го зачувате видеово како 32-ра епизода од Бушава азбука.rnrnrnrnДа се потсетиме малку и на Бушава азбука… Кое видео е подобро?rnrnrnrn rnrn
Сте се запрашале ли некогаш како започнала да се создава митологијата? Пет неверојатно талентирани студенти од ESMA (уметничкото училиште во Монпелие, Франција) решиле да одговорат на тоа прашање во нивниот студентски проект.rnrnrnrnКраткиот анимиран филм „Mytho Logique“ на хумористичен начин и со познати митолошки ликови, се обидува да испрати порака до луѓето кои се премногу искрени и отворени со другите. Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш им ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито покажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.rnrnrnrnОва фантастично анимирано филмче е работено во периодот од септември 2009 до септември 2010, а е режирано од странана на J. Ambron, A. Aramini, A. Belbari, G. Poitel and Y. Vincent.rnrnrnrn rnrn
Ви се случило ли некогаш да напишете СМС-порака и дури откако ќе притиснете „испрати“ да сфатите дека сте направиле печатни грешки, поради кои можете да бидете тотално погрешно сфатени? Не знаеме за вас, но бидете сигурни дека илјадници американци имаат што да кажат на темава. Кога куцаат СМС-пораки, тие ја користат опцијата за автоматско коригирање на зборовите, па понекогаш наместо да им се олесни пишувањето, тие се ставаат себеси во чудна ситуација со нивните блиски луѓе и не сакајќи прават страшна семејна драма, започнуваат неочекувани кавги со љубовниот партнер, звучат ужасно безобразно и перверзно и што ли уште не!rnrnОва е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ќе ви го продолжат животот за неколку години. Ако оваа доза хумор, извлечена од реални ситуации на луѓе не ви е доволна, продолжете со читање комични СМС-пораки на сајтот DamnYouAutoCorrect.com. Уживајте. 😀 😀 :Drnrnrn
Вил е упорен хрчак кој се обидува да разработи своја машинерија со цел да го покрене „љубовното тркало“.rnrnrnrnКраткиот 3Д анимиран филм „Вил и тркалото“ (Will & the Wheel) е во продукција на Playstos Entertainment и ќе ви понуди 5-минутно опуштање со комични сцени во кои главниот лик неуморно се обидува да изгради некаква мистериозна машина.rn